Ефтим Клетников

ПАТРИОТОТ ОД МУРТИНО

 

24 март 2021

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

Матеја Матевски

 

ЗАЛЕЗ
Румено.Румено.Румено

Како занесена песна
во синото море
на горите
тоне
залезот.
Од тревите до кавалот
од стадото до облакот
се' е бујно
запалено.
Од градите до песната
од чекорот до чешмата
се' е чудно
разгалено.
Стадо в кавал заљубено
sвоно впесна изгубено
око во божур
залудено.
Румено. Румено. Румено.
***********
Матеја Матевски

 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 336 (01 април 2021)