СУДБИНАТА НА СТРУМИЧКИТЕ МЛАДИНЦИ - НИКОГАШ ПОВЕЌЕ

Сотир Гроздановски-Македонски

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ШТО ЈА ЧЕКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОВАА ГОДИНА

 

18 јануари 2021

 

Грешките направени во последните две три години се толку големи и болни за иднината на Македонија, да се сметаат скоро за непоправливи. Но, доколку на македонското кормило, евентуално, станат чесни и способни политичари, се' е можно, ама, ќе помине време, труд и материјални средства за да се исправат и потоа животот на македонскиот народ да тргне во права насока.

Плановите на сегашната влада на Зоран Заев и неговите политички сосветници не ни ветуваат ништо добро. Албанските партнери ја водат Македонија во насока зацртана со нивната етничка агенда, а таа е федерализација на македонската држава и понатамошно поткопување на нејзините темели. 

Албанизацијата на Република Македонија се засилува со физичка застапеност на албански кадри секаде каде нивното влијание  е без контрола на централната власт во државата. Скоро сите политички советници на Зоран Заев, министерството за надворешни работи и повеќе други високи положаи во стопанството, образованието, здравството, безбедносните сили и армијата се во рацете на Албанците. 

Затоа се прашуваме, до кога  македонскиот народ ќе  поднесува  понижувањa кои очигледно водaт    кон туѓо измеќарство? Ќе сознаеме ли во текот на оваа изборна година?

Велепредавничките планови на Зоран Заев продолжуваат. Изгледите   се мали  некој појунак да му се спротистави во неговите намери. Се' помалку се споменуваат штетните договори со соседите на Македонија. Но затоа, пак, милитантните Албанци скриени во нивните политички партии, кои делуваат легално и отворено непријателски спрема македонските национални интереси, се' повеќе се солидаризираат со ставовите на Грците и Бугарите. Зошто? Па затоа што Македонија не ја сметаат за своја држава и не им е гајле дали Бугарите или Грците ќе го добијат или не тоа што го бараат.  Дури се сложуваат со оспорувањето на македонскиот јазик, националноста на Македонците и ред други работи кои  министерот за надворешни работи, Османи, и јавно го потврди.

Има ли некоја друга земја на светот, како Македонија, која своите непријатели ги третира како пријатели и им ја остава државата во нивните раце да чинат што сакаат? Има ли друга држава во светот која на терористи кои со оружје во раце тргнаа против државата во која живеат, а не ја признаваат за своја, да ги сместува во најчувствителните сегменти во државата за полесно, кога тие сметаат за погодно, одново да ја нападнат Македонија одвнатре? И тоа со оружјето на македонските вооружени и безбедносни сили, во кои заземаат важни положаи? Има ли друга држава во светот во која терористите, претворени во политичари, добиваат државни објекти за  нивните чисто албански агенции несметано да ги развиваат своите агенди надвор од владата чии  дел  се и во свои исклучиво етнички интереси? Не е ли тоа двовластие Зоране Заев?

Ево што пишува на оваа тема и Роберт Димитриевски во expres.mk., под наслов: ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ ОД 5 јануари 2021 година.

"Толку се  внатрепартиски интегрирани што често не можат да одолеат на искушението да го споделат тоа со јавноста, како во случајот со роденденската прослава на лидерот   Али Ахмети. Со неа покажаа и нов вид интегрирање: приватно-партиска забава во државен објект.

ГОЗБА НА ДУИ ВО ДРЖАВЕН ОБЈЕКТ.

Тоа што едно од основните демократски начела во секоја нормална земја е одвојувањето на партијата од државата и обратно, не се однесува на ДУИ и на Македонија. Од проста причина што таа веќе подолг период не е нормална земја, посебно откога почна да ги интегрира во своите структури демократскиве унионисти. Затоа и заедничкото фотографирање без маски среде епидемија на смртоносна болест, додека стотици граѓани секојдневно плаќаат казни за тоа, е сосема нормално за држава во која одамна - паднаа маските.

Злобниците не заборавија да забележат и дека зградата е на десната страна од Вардар. Било што и да им значи тоа... 

Премиерот им дојде на отворањето, а тие не го почестија ни со парче торта од таа со клучот што ја сечеше почесниот доктор на Државниот универзитет во Тетово.

Срам да им е! Човекот глумеше како Марлон Брандо во "Кум" пред изборите дека божем многу им е лут, за веднаш по нив саноќ и севезден да им симнува sвезди од небото. Пола држава им даде да управуваат и од уста не го вади она "едно општество за сите", а тие да ти сакале - по едно општество за секого".

Вакви настани се случуваат, драг мој народе, во општества со кои не управува државотворниот народ, туку коалициски партнери на владејачките партии, во овој случај албанската партија ДУИ и новопечениот доктор на науки командантот Али Ахмети. И сето тоа со меѓупартиски договори зад плеќите на Македонците, кои и покрај нивното обезличување и понижување, одново ги бираат на секои парламентарни или локални избори. Албанците за свое богатење,  македонците за свое, а за народот, што остане. И така секои четири години, за  да се играат мајтап со него. 

Во Македонија е баш така, а главната причина е во неединството и раздробеноста на македонското мнозинско ткиво и негрижата за квалитетот и способноста на највисоките раководни личност кои ја сочинуваат владата и раководат со виталните национална интереси на народот и на македонската држава. И дополнително, што најголемите македонски политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ,  зависат од гласовите на Албанците,  бидејќи   самите поединечно не се способни да состават функционална национална Влада која ќе ги штити интересите на Република Македонија и интересите на народот во неа.

Денешната положба во Република Македонија не му служи на чест на мнозинскиот македонски народ. Имаме Влада со која раководи полуписмен примитивец и квази политичар, изрод и велепредавник без чест и човечко достоинство, без и малку одговорност за своите постапки спрема  народот и државата која му е доверена да ја штити од домашни и надворешни непријатели, спрема Уставот на Република Македонија.

Секогаш се измислуваат нови маглени завеси, за да не се видат злата направени од порано. Па така сега на македонско-албанската агенда се разработува долгоочекуваниот ПОПИС на населението, кој со своите  контраверзии ни донесе и нови оправдани сомнежи, дека ништо добро нема да ни донесе. Најверојатно, зголемување на албанското население, со новата методологија на попишување, по теркот на Албанците. Доколку Зоран Заев  очекува и на идните парламентарни и локални избори да ја добие нивната подршка.

И дури расправиите околу пописот ја загреваат политичката сцена во Македонија, на исток од Република Македонија, во Бугарија, се водат разговори за "добрососедски и пријателски" односи за разнебитување на тоа што остана од Република Македонија, доколку Заев сака да седне на иста маса со најголемите и најмоќните лидери во светот. 

Ќе успее ли специјалниот посредник на Зоран Заев, Владо Бучковски, да ги надмудри Бугарите за да му попуштат во нивните небулозни барања? Ќе му ја кренат ли рампата   на патот  кон Европа или Зоран Заев ќе мора да ја отвори торбата по последен пат и да истресе на маса се' што е во неа? Да истресе се' и Македонија со Македонците конечно да исчезнaт, како што од западот е пред многу години и предвидено? 

А што ќе се случи со велепредавникот Зоран Заев, се' уште никој не може да претпостави, доколку не ги земеме во обsир неговите болни хирови и одлуките на надворешните наредбодавци. Одлуките, кои му висат над неговата уценета глава и му ги бројат извршените задачи кои си ги презел самоволно и против волјата на народот, кој го претставува. ( За секогаш, Ваш Сотир!) 

Професор Звонимир Јанкулоски

 

 

 

Професор Звонимир Јанкуловски

КОГА МОЖЕА ДА ГО ЗАМОЛЧАТ ТРАМП, МОЖАТ СЕКОГО И МОЖАТ ГЛОБАЛНО

 

15 јануари 2021

Додека забраната на Доналд Трамп на Твитер предизвика глобална политичка дебата за загришеноста за цензурата и обидот да се замолчи  слободната мисла на интернет-платформите, ние, гледам, не сме загрижени. Ние си имаме свои фабрики на цензура на слободата на говорот, кои се "грижат" за тоа чии гласови треба да се слушаат на социјалните платформи.

************

Добре дојдовте во новиот "слободен" свет, во кој легитимно избран претседател на најмоќната држава во светот и милитантен лидер се се обединети во цензурата. Рамзан Кадирев, милитантниот лидер на Чеченија ќе забележи дека тој и г. Трамп сега биле "обединети во цензурата, откако бил блокиран на Фејсбук и на Инстаграм. Ова е показател за силата на дигиталните платформи денес и колу брзо тие успеаја да го редизајнираат целиот наш политички систем и нивната моќ на глобално ниво.

Може да го сакате или мразите Доналд Трамп, но неговата цензура на интернетот создаде застрашувачки преседан на глобално ниво. Слободниот говор е на удар. Цензурата се случува како никогаш порано. Кога претседателот Трамп е замолчен, едноставно нема крај на она што може да се цензурира на интернет, а последиците од ова може да бидат поголеми од оние од упадот во Капитол на приврзениците на американскиот претседател.

Интернетот е достапен за сите повеќе од четвртина век и владите не се вклучиле, не се мешале и не наметнале регулативи на содржината на социјалните мрежи. Оригиналниот интернет се засноваше на премисата "ако не сакаш, не гледај". Големите технолошки компании изградија платформи на кои функционираат меѓународната комуникација и размената на идеи во 21 век. Тие го имаат прекинувачот со кои непречени од никого решаваат дали поединец (или група) може да учествува на глобалниот пазар на идеи. Велат дека за нив не важи првиот амандман на американскиот устав што се однесува на слободата на говорот, зашто не можел да се примени на организаците во приватниот сектор. Што би значело дека цензурата  од страна на компаниите како Твитер, Фејсбук, Амазон и Епл не ја нарушува слободата на говорот. Заборавија дека слободата на говорот има политички и етички граници и дека замолчувањето на Трамп ја откри оваа вистинска суштина на слободниот говор.

За нив нема дилема дали е дозволено приватните компании да создаваат зони ослободени од американскиот устав. Но забораваат дека ова што се случува не е само приказна за Трамп. Можеби ваквите забрани би биле во ред доколку се резултат на дигитална регулација што не ја прави самата дигитална олигархија, туку е работа на суверените луѓе што не ги познаваме, во согласност со постапка што не ја познаваме, што остава простор за сомнеж дека истите тие се засновани на емоции и лични политички преференции. Наместо социјалните платформи да функционираат во рамките на нивната основна деловна активност и да бидат отворена комуникација помеѓу над 2,7 милијарди членови, со морална и правна одговорност да дозволат органски разговори да течат без цензура, оставајќи на учесниците да решат дали се согласни или навредени од нив, задржувајќи го правото едноставно да го затворат прозорецот, дигиталните платформи се претворија во цензори и манипулатори што си приграбија право да влијаат на политичките процеси за свои лични политички цели.

Да не беше судирот личен и раководен од омраза и одмазда, големите тех-компании ќе беа свесни дека ваквиот преседан ќе го искористат непријателите на слободата на говорот низ целиот свет. Секојпат кога ќе треба некој да биде замолчен, тие ќе речат: "Ова е обична практика, дури и Трамп беше блокиран на Твитер". Најдобрата потврда за ова дојде од  Алексеј Навални, истакнат руски блогер и дисидент, кој блокирањето на претседателот Трамп на социјалните мрежи го нарече "неприфатлив чин на цензура", што Кремлин ќе го искористи за да ја оправда сопствената црна листа на државните медиуми. "Се разбира, 'Твитер' е приватна компанија, но видовме многу примери во Русија и во Кина како вакви приватни компании стануваат најдобри пријатели на државата и соработуваат со државата кога станува збор за цензура".

Искрено, имам аверзија кон каков бил вид цензура. Мислам дека ако на луѓето не им се допаѓ тоа што го гледаат и читаат на социјалните мрежи не треба да се логираат и да бидат дел од нив. Социјалните медиуми треба да се третираат како алатка што им дава глас на луѓето, исто како микрофонот или пенкалото и најдобро ќе им служат ако останат само како платформа за изразување мислења, без да судат за содржината на објавите. Луѓето треба да бидат оставени да го кажат она што го мислат, без разлика дали е вистина, ллага, без да се обидува некој да се наметне во канализирањето на мислењето и говорот од позиција на моќ, затоа што гледаме дека тоа се прави неконзистентно. И мора конечно овие интернет-платформи да престанат да се кријат зад добрите намери, цензурирајќи ја слободата.

Каде сме ние во приказната? Додека забраната на Доналд Трамп на Твитер предизвика глобална политичка дебата на загриженоста за цензурата и обидот да се замолчи слободната мисла на интернет-платформите, ние, гледам, не сме загрижени. А и зашто би биле. Ние си имамме свои фабрики на цензура на слободата на говорот, кои се "грижи" за тоа треб чии гласови треба да се слушаат на социјалните платформи.

Само "злонамерните" може да тврдат недобронамерно дека кај нас се манипулира и цензурира за лични политички цели. За жал, не гледам дека некој сериозно се загрижи за ова и за потребата од воведување законодавство што ќе ја затвори ерата на нерегулирани монополистички дигитални платформи и ќе обезбеди Твитер, Фејсбук, Јутјуб и други платформи за социјални медиуми да не можат повеќе да ги забрануваат, цензурираат или "проверуваат фактите" на корисниците за објавување содржина што е законска. Вака, имам впечаток дека живееме во пасторална македонска приказна со цензурата. Додека фабриките за цензура работаат турбо. (https://www.novamakedonija.com.mk).

Виктор Грозданов

Виктор Грозданов

ОВАА ДИЛЕТАНСКА ВЛАДА НЕМА ДА ЈА ОДБРАНИ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

15 јануари 2021

"Како тоа ние со Ангел Димитров да разговараме за заедничка историја или заеднички работи. За што со него ќе разговараме за Ванчо Михајлов? Тоа се луѓе кои апсолутно сметаат дека ние не сме Македонци. Тие нас не негираат комплетно. Тие не сакаат да слушнат дека ние сме Македонци. И ако сме Македонци тоа е поради тоа што Србите не излажале во 1944 година, така велат од Бугарија", истакна Виктор Грозданов, медиумски експерт при своето гостување во "Лидер ФМ", (Радио ФМ 107.4).

Грозданов појасни дека Захариева остри тонови упати кон Македонија, посебно кон македонскиот народ. Таа граѓаните од Македонија ги смета за македонисти, таа смета дека тука нема Македонци.

"Кажете ми три заеднички работи од Илинденското Востание до ден денеска, освен нивната окупација од 1941 до 1943-44 година, каде што тие велат дека тие се ослободители. Кои ослободители се тие? Тие тука имаат убивано луѓе. Што заедничко ние имаме со нив. Балканските војни? Тогаш Бугарите се тепаа за да ја поделат Македонија и да добијат дел. После тоа што друго", запраша Грозданов.

Грозданов додаде дека е внук на Македонец кој што бил кмет во Пиринска Бугарија, град Мелник.

"Мислам дека со оваа влада нема да дојдеме до ниедно решение што е прифатливо за Македонија, освен она што ние го знаеме како наша историја, како наш начин на живеење итн. Како тоа за Гоце Делчев ќе се согласиме дека бил Бугарин, баш ме интересира? Тоа знаете како нашите 5780 херои и нивните  тројца херои  и заедно да имаме 5783 херои, тоа не оди така!, рече Грозданов.

Грозданов посочи дека оваа дилетанска Влада нема да ја одбрани македонската историја. Владата мислеше ќе пружи рака со Бугарите и завршена работа.

"Во делот на изјавите од страна на Заев не може да ја фатиш логиката и не можеш да ја фатиш сериозноста", смета Грозданов. (https://vecer.mk)

Професорка Јасна Котеска

Јасна Котеска-професорка

МИЛА ЦАРОВСКА ПЛАНИРАЛА ДА ЈА УКИНЕ И ГРУПАТА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ

 

"ТАЕН ДРЖАВЕН УДАР"

14 јануари 2021

Професорката Јасна Котеска на социјалните мрежи открива скриен план што го нарекува "Таен државен удар".

Во својата информација професорката објавува дека концептот на министерката за образование Мила Царовска требало да купи време додека да бидат изработени учебници по бугарски терк, но и дека со новата стратегија за образованието на Филолошкиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје требало да се воведат две научни гранки, а да се укине предметот македонски јазик.

Министерката за образование Мила Царовска.

"Да сумирам.

1. Мила смислила 10-то летка без науки додека дојдат бугарските учебници по историја;

2. На Филолошки без писмен допис се планирале две научни гранки: лингвистика и литература, ама македонскиот да бил тек дел од гранките.

Ова е тоа што го викаат таен државен удар?", пишува професорката Јасна Котеска во врска со активностите на министерката Мила Царовска за реформи на образованието. 

Предходно МОН најави дека  идната јавна дебата трае до 20 јануари, а во неа нема да бидат прифатени сугестиите од стручната јавност кои се критички настроени кон концепцијата на министерката Царовска.

(Republika.mk)

Споменикот Илинден во Крушево

Бурлијовски Петко, Битола

КАДЕ ГИ НОСАТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

13 јануари 2021

На 4 јануари 2021 година премиерот на РМ  на измислената функција прв вицепремиер, г. Груби, и' предаде зграда, во која се сместени измисленото и уникатно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, во кое се вработени околу 1500 луѓе, а на работа одат четириесетина (односите во државите се уредуваат со закон, а не со министерства) и агенции за контрола на спроведување на Законот за употреба на јазиците. Значи, во тоа министерство ќе бидат вработени исклучиво Албанци. Ако ги анализираме сите активности што оваа влада и овој премиер ги преземаат и носат важни одлуки за државата ја претвораат во федерална држава помеѓу македонскиот мнозински народ и албанското малцинство, со тенденција на крај за распад како  нефункционална држава. Имено, потпишаа неповолни - предавнички договори со Грција и со Бугарија, преку кои го сменија името на државата, се откажаа од македонското малцинство  во тие држави, се откажаа од македонската историја и култура и од македонските великани, кои се бореа и изгинаа за независна Македонија. Од Уставот го исфрлија АСНОМ, за кој загинаа 40.000 Македонци и по некј од другите националности, а го вметнаа рамковниот договор. Македонија со тие договори ја доведоа во потчинета положба под Грција и Бугарија, што претставува и кривично дело, Македонците дополнително ќе ги гледаат уценети од тие држави. Македонија ја претворија во двонационална држава, со тоа што албанскиот јазик го воведоа како службен јазик на цела територија на Република Македонија и онаму каде што не живее ниту еден Албанец. Владата ја поделија на два дела, македонска и албанска, иако македонскиот народ е мнозински народ, кој во НОБ ја создаде РМ.

Со доделување зграда на измислена функција како прв вицепремиер и на измислено Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, а во која се сместија сите албански агенции, притоа доделувањето го изврши токму на роденденот на Али Ахмети, всушност на албанското малцинство во РМ му направи Влада во РМ. Најавува попис во кој не се прецизирани методологијата и техниката на попишување и нема одговорност за попишувачите, а ќе се попишуваат сите со матичен број, без разлика дали живеат во РМ или не, оправдано се очекува пописот да биде фалсификуван. Македонската држава економски ја опустоши и енормно ја задолжи и македонскиот народ го направи од втор ред во сопствената држава.

Македонскиот народ треба што побрзо да се освести и разбуди од длабокиот сон во кој се наоѓа, да ги заборави личните побарувања и заедно со опозициските партии и сите патриотски сили во државата и надвор да најде демократски начин човекот што работи за туѓи агенди и кој едно зборува, а друго прави итно го смени, бидејќи државата ќе оди во неповрат, а ние Македонците ќе им слугуваме на туѓи власти. (https://www.novamakedonija.com.mk).

Марија Воденска

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО 

*** 

Марија Воденска

 

ЦУТ ВО МИСЛА

Кај да се скрие мисла што цути?
Патека скришна крај sидини
стенка.
Крај алеја цветна и зелено поле
Сред патека виси прошарена
сенка
Под синото небо сал сонцето
топли.

Кај да се скрие мисла што цути?
Цвеќиња росни во поглед збрани
Крај патека шумна во мисла кани
Лудничаво време пркосно мами.
На планетава Земја останавме
сами.

Кај да се скрие мисла што цути?
Во ноќите снежни со меќави
лути.
Наутро плодна, напладне зборна
Ко' бушава надеж навечер
плодна
Жуборлива, течна за Татковина
вечна!

Кај да се скрие мисла што пали?
Душата чезне светлина кани
Цвеќиња росни во поглед збрани
Низ патека глува со извор ко'
лава
И болка стара здиплена во тага.

Кај да се скрие мисла што
молчи?
Од небото матно сал солзи се
леат
Глувонеми птици песни
изветвени пеат
За минато време во борби и
страв
За преселби светски сторени во
прав.

Кај да се скрие мисла што цути?
Низ патека глува со чекори лути.
Со извор од тага, во мислите
крвни
Во хаосот гнијат глутници стрвни
Се слуша ли клетва молкум што цути?
***************
Василица-Стара Нова Година-Сурова, Њутон, МА, 14 јануари, среда 2021 г. 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 332 (20 јануари 2021)