САКАМЕ ЛИ И ПОНАТАКА ТАТКОВИНАТА ДА НИ КРВАРИ?

Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗОРАНЕ БЕГАЈ ДУРИ ИМАШ ВРЕМЕ

 

11 јануари 2021

Искрено зборувајќи не би сакал пораката на насловов да те уплаши до таа мера, па да  навистина те наведе да побегнеш без пријателско збогување. Но, сепак, си помислив со умов, може би било добро и пријателски  да те потсетам, дека си го закомплицирал својот и животите на своето семејство со премногу ветувања од она што не е твое и на  Заеви. И не само тоа, Зоране Заев, туку да те потсетам и на  твојата длабока неискреност и нелојалност спрема народот кој те кренал на таква висока положба во власта на Република Македонија, а ти ги изневери и не ги одведе во рајот и благосостојбата која со светлата иднина ни ги ветуваше.  

Да те потсетам и на  нешто друго, премиеру на Северна Македонија: Твоето време кое требаше рационално да го искористиш во полза на  македонскиот народ и неговите интереси, ти го злоупотреби до мерка несфатлива за нормален ум! И, наместо да ја штитиш државата и Македонците во неа, како ти наложува Уставот на кој срамно плукна со помош на твоите "опозиционери", ти  го обезличи во согласност со барањата на твоите коалициони партнерии. Точно така, за  од внатре да ја дестабилизираат и на крајот федерализираат Република Македонија, што е неприфатливо за големото македонско мнозинство и неговите национални интереси.

Твоите брзоплети и аматерски потези со цел да ја пикнеш Македонија така обезглавена и обезимена во НАТО и Европската Унија те доведоа во ќор сокак, од каде сега со политички маневри не е можно да се извлечкаш. Зошто? Затоа што нема добро и неозледен да поминеш, а главата да ти остане нескалпирана. А, тоа е страшно да се поднесе. Нели? Е, затоа на мојот текст му го дадов насловот да бегаш дури имаш време Зоране. Да бегаш Зоране со тоа, што ќе си дадеш неповратна оставка од премиерскиот положај и со себе да си ги поведеш сите лигуши и неранимајковци кои ти помогнаа да седнеш на таа комфорна фотелја. Ама, се разбира, не и бесплатно!

Таквиот твој потег, можеби, ќе ти послужи како олеснувачка околност пред   народниот суд, од кој за сигурно нема да побегнеш.

Би било вистински погрешно и непромислено да си ја изгубиш својата последна шанса која Македонците ти ја нудат за полесно да си ги искупиш гревовите кои досега  и' ги имаш направено на Татковината и народот македонски. Во спротивно, Зоране, верувањата дека твоите надворешни "пријатели" ќе ти помогнат вистински да побегнеш и угодно да се сместиш во ветената земја на дембелиите ќе ти биде како што би рекле нашите северни комшии: "Празна обеќања, лудом радовања"! 

Претпоставувам дека  ја познаваш светската историја како што не ја познаваш сопствената, па затоа ја продаваш за мали пари и за празни ветувања. 

Послушај го чичко Сотир и побрзај, дури не ти биде предоцна.

Еве, дури и твојата десна рака кој прв ја крена и го потпиша  Преспанскиот нелегален договор со Грција размислува да се "одмори" од проблемот со Бугарија, од кој на светот и на Европската Унија им е преку глава.

Како причина за одмор на "уморениот" поранешен министер за надворешни работи и сегашен вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, во новогодишното интервју за МИА  изјави дека "нашиот пат кон Европската Унија е многу тежок, тесен и многу стрмен. Процесот е во криза, вели Никола, проширувањето истотака и мислам дека неуспехот  на Европската Унија да ја спроведе сопствената одлука испрати негативен сигнал за еден регион што е опкружен географски од земји - членки на Европската Унија".

Но најчудно од се' е што Никола Димитров, инаку преку вода жеден преведен и намагарчен од својот грчки колега Никос Коцијаs,  има храброст да зборува дека "оваа битка не е само битка за македонскиот идентитет, туку е битка и за европскиот идентитет".

За кој македонски идентитет зборува овој арогантен дипломатски аналфабет? За онај  кој заедно со својот шеф, Зоран Заев, го обележаа со три цртички (///) наместо националност за Македонците? 

Знаат ли овие неуки квази политичари, од највисок ранг, во владата на Зоран Заев за историските цели на Грција, Бугарија, ама и  геостратешките на Западот? Да  знаат, немаше толку наивно да потпишуваат договори со овие најголеми непријатели на македонскиот народ. Капитулантски договори за македонската античка историја и културното наследство за тој временски период кога Грција  не постоеше како држава? Ако пак тоа го знаеа и пак ја развластија Македонија од најголемиот дел од македонската територија и ги предадоа Македонците  во рацете на  грчките џелати без заштита од македонската држава, извршија велепредавство, казниво  во сите организирани општества во светот.

Ниту сегашната министерка за народна одбрана, Радмила Шеќеринска, не е ништо помудра од своите другари. Таа, неодамнешните настани во САД ги спореди со македонските, од 27 април 2017 година, кога се бранеше уставниот поредок во Република Македонија и во македонското Собрание се пееше албанската химна.

Еве што пренесува весникот (denesen.mk) за нејзиното пишување на  Фејсбук за немилите настани од сосема друг карактер, во американскиот Конгрес и Сенат.

Нејзината порака гласи: "Случувањата во Вашингтон се предупредување дека непријателите на демократијата не смееме да ги потцениме, ова е лекција за цел свет".

Сегашната министерка за одбрана и Зоран Заев во "одбрана на демократијата" во Република Македонија за време на деструктивната шарена револуција (лево)

"Не ми се веруваше додека ги гледав снимките на насилството и хаосот од Вашингтон. Како што на 27 април 2017 година не ми се веруваше дека тоа е возможно да ни се случи и во нашиот највисок законодавен дом. Се покажа дека демократијата може да биде сериозно загрозена кога политичката моќ е во рацете на луѓе за кои функцијата е поважна од државата и кои стимулираат поделби, омраза и насилство само за да ја задржат власта", напиша на својот Фејсбук профил министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и продолжи во истиот стил со незрело размислување и ако многу добро знае дека на 27 април 2017 година народот ја бранеше демократијата и Уставот на Република Македонија, со што подоцна се покажа дека тоа беше борба против фашизмот од 18 јуни 2018 година за време на потпишувањето на договорот со Грција. И зошто? Па пак прашањето беше како услов за влез во НАТО и Европската Унија, чии порти нема да ни се отворат се' дури македонскиот народ не исчезне и Македонија не постане територија под окупација на соседите, во прв ред на Грција и на Бугарија.

"Тоа се случи и кај нас, посочува министерката и беше шок, но, кога се случува во една стара демократија после стотина мирни транзиции на власта, тоа е предупредување: дека непријателите на демократијата не смееме да ги потцениме и дека тие се хранат од поделби, лаги и полувистини, манипулации и огромни дози на стимулирана омраза. - Ова е лекција за цел свет", потенцира Шекеринска.

Браво министерке. Добро речено! Ама за каква демократија вие зборувате во Република Македонија? За "демократија" во која мнозинскиот народ е манипулиран, обезличен, понижен, обезвреден, и наместо националност му кладовте три цртички (///) за идентификација?  За таква демократија зборувате во која се обезвреднува се' што е македонско? Се продава државата, јазикот, културата, традициите, историјата од антиката до денес? Демократија во која се газат правата на обичниот Македонец во полза на Албанците, Грците и Бугарите? Тоа ли е демократија "другарке"? Па тоа е чист фашизам полош и од италијанскиот и германскиот. Тие не ги продаваа, барем, своите народи, држави, култури, традиции, историја и се' друго поврзано со нивните идентитети. Но затоа, пак, со уништување на други нации и масовни ликвидации, си ја заслужија и казната. Германија и Италија не исчезнаа. Спротивно, постанаа уште посилни и денес владеат со Европската Унија во која со сила го туркате и македонскиот народ по секоја цена. По секоја цена и со помош на едно надувено малцинство без кое неможете да составите ни солидна Влада. Влада, која нее македонска туку Албанска. За таква демократија зборувате министерке на одбраната? Чија одбрана? Зар е тоа македонска армија со која вие "командувате" без ознаки на државата?

Насловот на текстов ќе го повторам и ќе завршам секоја дебата со неуки примитивци,  квази политичари, велепредавници и изроди од најлоша врста во историјата на македонскиот народ. Затоа ви поновувам: БЕГАЈТЕ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ШТО ПОБРЗО, ТОА ПОАРНО. КРАЈОТ НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА Е ДЕНЕС, УТРЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ВЕЌЕ ДОЦНА! (За секогаш мој народе, Ваш Сотир!)

Владата на Р.Македонија

Infomax.mk

ВЛАДАТА ЦЕЛИ ДВА МЕСЕЦИ ГО КРИЕ БУГАРСКИОТ АНЕКС СО 12 ТОЧКИ

 

10 јануари 2021

Телевизијата 24 објави дека македонскиот владин врв и претседателот Пендаровски од ноември го имаат но го кријат анексот од 12 точки кој бугарската страна бара да биде прифатен од Македонија.

Деновиве повторно се крена врева околу информацијата дека постои Бугарски анекс од 12 точки, кој во вид на ултиматум за старт на преговори со ЕУ е доставен до македонската Влада. Ова го тврди бугарскиот вицепремиер Каракачанов, иако се' уште нема прецизен одговор од македонската влада дали воопшто постои ваков Анекс.

"Во кратка порака, велејќи дека е премногу зафатен, Каракачанов за 24 ТВ објаснува дека Владата во Скопје го има документот уште од месец ноември и според него, од тој документ зависат македонските преговори со ЕУ.

Но, што содржи Бугарскиот анекс, дали ги допира идентитетските прашања и зошто досега не е објавен, се одговорите на прашањата кои Телевизија 24 ги побара од македонската Влада и МНР.

Оттаму, практично не добивме никаков одговор, туку дипломатски се насочуваат на фактот дека постои комуникација и то е се', објави телевизијата денеска. (https://infomax.mk

Рампо Левката

 Денешен.мк 

РАМПО ЛЕВКАТА УБИЕН ОД БУГАРСКАТА ОКУПАТОРСКА ПОЛИЦИЈА И ФРЛЕН ВО ВАРНИЦА

 

9 јануари 1909

 

На 9 јануари 1909 година во Прилеп е роден Рампо Левков - Левката, македонски херој, адвокат и поет, прогонуван и од српската, подоцна и од бугарската окупаторска полиција во Македонија.

*****************

Левката поради својот револуционерен дух често бил затворан, а од есента 1941 година живеел и дејствувал полулегално и со голем успех работел на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ.

Левката е автор на поемата "Бабуна". Тој по тешка тортура од бугарската окупаторска полиција бил убиен и фрлен во варница во Прилепско, на 19 септември 1942 година.

Дедо му држел кафеџилница и берберница, а татко му имал грнчарница во Прилеп. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а во 1929 година се запишал на Правниот факултет во Белград, каде студирал вонредно. И покрај материјалните тешкотии, го завршил навреме, а во 1935 година заминал на отслужување на воениот рок во Ваљево во војската на Кралството Југославија, под чија окупација тогаш била Македонија.

Откако се вратил во Прилеп, работел како волонтер во Прилепскиот суд. Левката планирал да се кандидира за ретседател на општината, но според законските прописи, не го исполнувал условот за старост, односно, имал помалку од 30 години. Сепак, активно учествувал во составување на списокот на кандидати од граѓанската независна лист, а помагал и на сограѓаните со правни совети при тужби и жалби во спорови со тогашните окупаторскаи власти. Но, пред денот на гласањето, српската полиција го уапсила него како и Трајко Бошковски - Тарцанот.

По изборите полицијата често му упаѓала дома, барајќи причини за да го уапси. Во 1940 година, Рампо Левков бил испратен во Ужице, во Србија, во неофицијален логор за сомнителните. Таму ја дочекал капитулацијата на Кралството Југославија, по што се вратил дома.

Но и потоа, поради својот револуционерен дух, често бил затворан. Од есента 1941 година, живеел и дејствувал полулегално и работел на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ против новата бугарска окупација. Во меѓувреме полагал адвокатски испит, а потоа отворил и адвокатска канцеларија.

Во декември 1941 година, на барање на Пенко Здравковски, кој  раководел со партиската ќелија во која членувал Левката, побарал  од тој да напише нешто во  стих. Тогаш Рампо Левков ја составил баладата од 170 стиха "Бабуна", која наредниот ден била размножена и делена меѓу народот, а во мајскиот број во 1942 година на "Народен глас", песната била ставена на насловната страница.

На 14 септември 1942 година, по разбивањето на партизанскиот одред на планината Мукос, бугарската војска го уапсила Рампо Левката, заедно со уште дваесетмина. По долго мачење, осумнаесетмина биле стрелани од страна на бугарскиот окупатор, кај прилепското село Дабница, на 19 септември 1942 година, настан кој е познат како Дабнички масакар. Левката за народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година. Во негова чест, едно основно училиште во Прилеп го носи неговот име. (Подготвил Д.Г.) 

Страшо Ангеловски

 Страшо Ангеловски - претседател на МААК

КОЈ, КАКО И ЗОШТО СЕ' УШТЕ ГО ОДРЖУВА ЗАЕВ НА ВЛАСТ?

 2 јануари 2021

 

За да го објасниме она што ни се случува во Република Македонија последниве години, најкратко сведено на распад на системот што води кон распад на државата, а што е речиси целосно неприфатливо за секој нормален ум, ќе искористиме поими од една егзактна наука - физиката.

Тоа се поимите за центрипеталната и центрифугалната сила.

Центрипеталната сила, Исак Њутон ја опишал како сила oд која телата се присилени, или на кој било начин тежнеат кон една точка во центарот, а доаѓа од латинските зборови: centrum - центар и petere - да бара.

Центрифугалната сила, пак, претставува инерцијална сила која што се појавува во вртење во круг и е насочена радиално од оската на ротација, кон надвор.

Па така, според физичките законитости, "центрипетален" е оној кој тежнее кон средината или центарот, додека "центрифугален" е оној кој се поместува или бега од средината или центарот.

Преведено на јазикот на политиката, "центрипеталната" сила е сила која го обединува населението на една држава и тоа на кој било начин тежнее кон една точка во центарот. Тоа ќе рече, дека тоа е сила која граѓаните на една држава ги обединува околу точката на постоење на државата, на народот и на неговите заеднички интереси во однос на надворешните случувања, притисоци и сили кои се обидуваат да извршат каква било промена во суштествувањето на една држава. Тоа, може да се претстави и како сила која го згаснува јадрото во средината, а ги елиминира или сведува на минимум силите кои влечат кон распад на "телото" (во случајов, "телото" е државата).

"Центрифугалната" сила, пак, според јазикот на политиката е онаа сила која е насочена кон надвор и која, доколку не биде сопрена или ограничена, ќе доведе до распад на една држава, како што, на пример, алиштата во машината за перење би се разлетале на сите страни при користење на центрифугалната сила, доколку не се ограничени со "добошот" во кој се вртат. Тоа може да се претстави како сила која го разретчува јадрото на телото, го атомизира и го расфрла наоколу во парчиња (повторно во случајов "телото" е државата).

"Центрифугалната сила", во случајов со Македонија, е, за жал, збир од сили кои се' позабрзано влечат кон "надвор", односно, кон распад на државата. Тоа се: збирштината од криминалци, меѓу кои и терористи со ветувањата од Заев дека ќе бидат слободни (дел од нив се веќе ослободени и ја растураат државата); синовите и внуците на припадниците на УДБА, на комунистичките функционери, директори и високи офицери на ЈНА (црвената буржуазија), со нивниот недосонуван сон за СФРЈ, со ветување од Заев за високи позиции иако се целосно некадарни; еден мал дел санстефански сонувачи во државата, кои веруваат во ветувањата на Заев дадени на Борисов; "шарените револуционери" гладни за малку привилегии, ЛГБТ права и слободен пазар на марихуана, на кои Заев им го вети сето тоа; дел поранешни високи функционери од ВМРО ДПМНЕ, фатени со рацете во медот на кои лесно им се ветува или лесно се уценуваат; политичките партии на Албанците во Македонија на кои им е ветено и повеќе отколку што очекуваа; Тирана, Атина и Софија кои имаат добиено ветувања од Заев и сега, кој потрпеливо кој помалку трпеливо, ги чекаат нивните остварувања.

На сите овие, постоењето на македонската држава им значи колку и ланскиот снег, додека дел од нив во своите агенди нејзиното непостоење го имаат запишано со големи букви. Затоа, во моментов, ветувањата на Заев дадени на сите нив се додатната енергија на "цнтрифугалната" сила која води кон распад на државата. Токму сите тие се одговорот на прашањето - "Кој, како и зошто го одржува Заев на власт?"

Од другата страна се наоѓа огромното мнозинство од македонскиот народ, кое веќе докажа дека не се согласува со ветеното и стореното од Заев и, наспроти мноштвото "енергии" од внатре и од надвор содржани во уништувачката "центифугална" сила, е единствената "центрипетална" сила која се' уште може да го сопре погубното дејство што води кон распад на државата. Се разбира, народ, пообединет од кога било.

И, доколку е повеќе од јасно дека дадените ветувања на Заев, дел реализирани, а дел во подготовка да бидат реализирани водат кон уништување на државата, повеќе од јасно е дека денес, тој, Зоран Заев, се' додека е премиер, токму и да сака, не може да ја сочува Македонија. Зашто, лесно дадените ветувања на сите страни, само за да се дојде на власт, денес чекаат за наплата со лихварска камата.

Токму затоа, доколку сакаме да ја сочуваме татковината како функционална држава, повеќе од неопходно е заминувањето на Заев од премиерската функција, зашто со неговото заминување ќе заминат и неговите ветувања, односно, ќе се намали притисокот на "лихварите" кои во редица чекаат да си ги наплатат долгувањата лично од него.

Доколку тој, Заев, чувствува барем еден промил потреба да се сочува државата, редно е час поскоро да се повлече од функцијата за да и' ја тргне јамката од вратот на државата, на македонскиот народ и сите граѓани што сакаат оваа држава да опстане. За да почне да дише слободно и да успее да се организира во односот кон оние кои го чекаат ветеното.

Доколку не, тогаш сите ние заедно, како дел од "центрипеталната" сила, мораме да ја вдвоиме нејзината енергија и, како што би рекол Исак Њутон, да ја претвориме во сила доволно моќна од која "телата се присилени, или на било кој начин ќе тежнеат кон една точка во центарот". А таа една и единствена точка за нас Македонците, е опстанокот на македонската држава.

За нас Македонците, не постои ниту друга точка, ниту друг центар, освен Македонија и нејзиниот опстанок и, без разлика на партиската припадност, мораме "центрипетално" да се "згустиме" обединети околу неа. Додека не биде предоцна.(https://denesen.mk

Билјана Ванковска

 

Билјана Ванковска

ДРУГАРИ, ДОАЃА ВРЕМЕТО ЗА...

 

4 јануари 2021

Да го напишев насловот на оригиналниот јазик на познатата фраза на филмскиот лик (Шоиќ) веднаш ќе се сетевте на што мислам. Го мислам тоа, но и друго: понатаму вака не може, дошол нож до коска, притиснати до sид, мора да се одговори. Жестоко. Без ракавици. Ќе речете, не е сега време за вакви муабети, празници се, доаѓа Божиќ, време за милост и добрина. Не, не, од многу добрина и трпење, од многу вртење и на другиот образ (па пак на првиот и се' така во круг), животот ни мина. Морам да признам дека е ова втора верзија на колумната што почна исто вака, ама во зборовите на моите блиски завршила со "циле-миле, во ракавици". Ми рекоа: првата во новата година мора да е појасна, како манифест! Во ред, тргнувам со се' по список, без заобиколување.

Да почнам од третманот на "обичниот народ" (стоката, како што порано велеше сегашниот фикус): аналитичари и политичари еднакво зборуваат "овие гласови се преземени/прелеани од овде или онде". Тие сериозно мислат дека располагаат со нас, дека сме некој контингент, некоја каца со масло од која можат да црпат колку им треба или колку ќе заграбат! Клековски "едокативно" оцени дека Левица одзела една третина подршка од СДСМ, а две третини од ДПМНЕ. А ние, преостанатите? Левичарите? Неопределените? Луѓето со слободна волја, чии симпатии не стојат во некој резервоар? Кировски од ТВ Телма, кој како Кербер го чува клучот од студиото, кажува дека тоа се фашисти и екстремисти. Героски видел пораст на подршката за радикализмот како политичко поведение. Ха ха, вели и дека гледа "простор за појава на нова политичка понуда и за формирање нови политички партии во пресрет на претстојните локални избори". При очи, политички слеп! Буревесникот е тука, одамна, за само пет години се раскрили. Накратко, преплашени се! Сеништето на левица/Левица кружи над Македонија-и тоа е добра вест! Во паника се судираат тезите за тоа кој повеќе ја платил Левицата. Како што вели еден твитераш: Апасиев е цар и ако е вистина и ако не е, бидејќи двете најголеми партии работаат за Левица. Извртената логика на Шродингерова Левица, нели? Мицкоски му нуди на Апасиев 40 пратеници (како да е Алибаба), небаре се негова сопственост (а заборава дека токму од неговата партија беа купени осум пратеници за промена на Уставот - а членството молчи на ваквите непристојни понуди на лидерот!

Уште поважно, не се само политичката и идеолошката страна на приказната што одат кон својата катарза! Македонското општество доаѓа до точка на пресврт, соочување со својата хамлетовска дилема. Во темнината како светилници се издигаат и препознаваат не само поединци, туку и цели институции што собраа храброст да кажат ЌЕ НЕ БИДЕ! Кажуваат нешто што само во понижена земја како Македонија звучат радикално, да не речам еретички! Велат НЕ за демакедонизацијата на сите нивоа и низ сите канали. Велат НЕ за поданството, велат НЕ за медиумското и интелектуалното перење мозоци од страна на "кафените сахиби" (прочитајте ја уште еднаш таа брилијантна колумна на Радев, која ласерски точно ја деконструираше лажната и зашеќерена приказна што ни ја продаваат со години првосвештениците на светиот Запад). Во сета темнина и несреќа, 2020-та ни донесе неколку зраци на надеж дека конечно ќе се радикализирааме. Се создава (чудно, ама спонтано) критична маса, која не е едноличен хор, туку чудна синергија и симфонија на гласови на личности со интегритет, кои одбиваат да користат политички коректен јазик и нештата ги именуваат со вистинското име. Кажувањето на вистината во време на општа измама е (би рекла, првиот) револуционерен чин (Орвел). Чинот е тука, треба само малку верба и самодоверба за да го чуеме и видиме и да го прифатиме без страв и комплекси дека ќе не наречат радикали, фашисти, екстремисти и (уау) националисти. Вистината е дека веќе нема ни време ни место за отстапување: доаѓа време да се засукаат ракавите, да се тресне на маса (или на говорницата).

Нам не ни теба нивното сваќање на толеранцијата и демократската политичка култура како покорување пред игра во која само нивните (променливи и непринципиелни) правила и вредности се важат. Треба да кажеме СТОП за конвенционалноста во говорењето, на конформизмот и лицемерството. Ако нешто ги плаши, тоа е разбудениот народ што од различни страни го слуша она што нему му лежи на срцето и што го мачи. Во речникот на Кембриџ ќе го најдете ова објаснување на зборот "радикален": да се верува или изразува уверување дека треба да дојде до голема општествена или политичка промена или (во медицинска смисла) постапка за отстранување на заболеното ткиво. И што има тука лошо за нас (лошо е само за оние кои се плашат дека ќе ги изгубат привилегиите што ги уживаат благодарение на гнилежот и сегашниот однос на силите меѓу неранимајковците и марионетите)? Радикализмот е единствената работа што не сме ја пробале, а само таа е спасот за ова гангренозно политичко тело. Сениште кружи низ Македонија и внесува страв во коски. И тоа е добра вест. Духовите во овој жабурник се неповратно разбранувани и веќе се препознаваме и без да се именуваме. Етикетите со кои сакаат да не' замолчат не се нови, а ни страшни. Тоа е нивен стар рефрен, секогаш кога некој одоздола ќе каже "се бунтувам, значи постојам" или во подолгата верзија "единствениот начин да се справиш со неслободниот свет е да станеш апсолутно слободен така што самото твое постоење е чин на побуна" (Албер Ками).

Нивното побожно сфаќање на западната демократија почива на овие тези: страдај и трпи - тоа е толеранција; молчи пред отворен криминал и скандалозни зделки во парламентот-сето тоа е со европско знаменеце, за твое добро е;  биди конструктивен пред небулозни предлози за образовни или други реформи (тој волшебен збор реформи што создава привид на менување на нештата, а благословува статус кво за вечни времиња, амин) инаку си деструктивец; дозволи Талат да ти биде мерка за домашно воспитание, бидејќи тој пали и гаси (микрофони, меѓу другото). Најмногу молчи за она на М - зашто тоа е европеизам. Се закануваат дека со екстремистите (од македонески тип) нема да се разговара; тие треба да се згазат и уништат, тие се рак-раната на (инаку идеалната) политичка сцена. За овие фини кругови, масите невредни и инфантилни. Ако се послушни, ќе ги наречат граѓани (што е всушност апсурд, бидејќи да има вистински граѓани, тие не би го трпеле  овој башибозук), а ако се гласни тешко се артикулираат и за нив ќе се најде опис. Кировски, на пример, споделува илустрација (т.н. меме) на човек од очигледно низок социјален слој, со шишето в рака, целиот несреден, на чија заднина пишува: "Нема четири одделенија основно, а пред задругата е доктор на науки за сите области". Тоа е таква одвратна стереотипизација на сиромашните, па и на оние што залутале во алкохолизам или друг порок, што зборува романи. Едвај и да има работници, бидејќи мнозинството е во посебен вид наемно ропство, а таа нова класа се вика прекаријат. Живее во неизвесност, без социјална и егзистанционална сигурност, а генерално претставува или гласачка машина (кој лесно може да се купи и дисциплинира) или е во редот на "потрошни животи". Настрана ГАМА и марихуана, ама видете го односот на елитата кон сопственото и нашето здравје: тие си обезбедуваат од буџетот платен пристап до услугите на приватните здравствени установи, а за сите други - како ќе се снајдат! Видете ја онаа концепција за основното образование што ја бранат тезгаџии (на кои им е ветено дека ќе обучуваат наставници или ќе пишуваат дидактички материјали): се борат со нокти и гризат од бес на сите страни бранејќи си го  лукративниот интерес. Па, таа е измислена за богати деца и урбани средини, таа во почеток ги елиминира или бетонира социјалните судбини на сиромашните. Во време како ова, кога не само што сме во рецесија туку сме и во колапс и дебтократија (да, тука сме исти како Грците), да се одделиш од суровата реалност во име на некакви божем европски реформи, треба да си бесчувствителен и да живееш во социјален меур на недопирливост. Ќе ги учеле децата на емпатија и на разбирање, а самите се дистанцираат во одделни т.н. чувани заедници/населби, се лекуваат во приватни болници, а децата им одат во скапи приватни училишта. Народот рекол одамна, ситиот на гладниот не му верува. Овде не само што не верува туку и го присилува сиромавиот да верува дека неговата беда е случајна или дури и негова сопствена грешка, а и не е толку страшна (еве, ќе смислат уште некој "пакет мерки").

Ако нешто посакувам за оваа година, цврсто стоејќи на земја без нивни соништа, тоа е крик! Сакам да бидам прскот, јасна артикулација на гневот на сиромашните, заборавените, искористените, понижените. Глас за фрустрацијата и од сите други што можеби имале среќа да се стекнат со знаења и скуства, ама елитата ги третира како закана. Но сето тоа нема да има ефект ако молчиме за "слонот во собата". Време е за крик на Македонците! Она што ги вади од памет не е само сеништето на комунизмот туку и на македонизмот. Велат, кроткичко, пополека. Не, нема да може ни кротко ни полека, бидејќи другата алтернатива е смрт. (https://www.novamakedonija.com.mk

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 Блаже Конески

ПОЧИНКА
Есенва е мирна, просветлена сета,
Човек сака негде далеку да шета.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.

Се' ќе минам кое со возбуда мами.
Има такви места каде што сме сами.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.

Смирноста е мудра, страсноста е глупа.
Ќе седнам во паркот на некоја клупа.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.

И долго ќе седам, со цигара во рака.
Вечерта што иде ќе ја чекам така.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.
**************
Блаже Конески 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 331 (14 јануари 2021))