ШТО СИ БАРАВМЕ, ТОА СИ ДОБИВМЕ

Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗОРАН ЗАЕВ ВО НОВАТА 2021 ГОДИНА

 

 

05 јануари 2021

Со секоја нова година доаѓаат и промени, поарни или полоши од предходните. Во оваа 2021  не знаеме што не чека, зошто се' уште е рано. Ама во секој случај  ќе си имаме работа, пак, со Зоран Заев и со неговите лудории. Дали сето тоа ќе го доживееме,  ќе видиме наскоро.

Но сепак  и во овој текст ќе имаме работа со случувањата од минатата година, која ништо добро не ни донесе. Напротив! Распродажбата на македонскиот имот ќе продолжи, а ние се' уште очекуваме внатрешните проблеми  некој друг да ни ги решава. 

Сите ветувања и крстења во Бога и сопственото семејство на Заеви, беа само фарса и нечесна игра на СДСМ и Зоран Заев. Потценувањето и понижувањето на Македонците во земјата и надвор од неа продолжува, неказнето. Велепредавничката мисија со рапидно продолжување и имплементација на двата договори, Преспанскиот и Бугарскиот, тешко ќе престане сама од себе,  со некоја добра волја на СДСМ или нејзиниот креатор, Зоран Заев!

Стравот од  неизвесноста на неговата политичка  кариера е преголем, па затоа  Зоран Заев засилено  и бесрамно  ќе продолжи  да клечи пред Бојко Борисов, Катерина Захариева и Каракачанов, молејќи за спас. 

Само едно е важно и овој пат да нагласиме, дека не е мудро со поранешниот непријател да се потпишуваат договори за добрососедство и пријателство, штетни по македонските национални интереси. Треба да се биде внимателен, за секој случај. Па што испадне, нека испадне. И тие и ние имаме по неколку литри крв. Секое попуштање во интерес на мирот во куќата, има граници, кои се викаат, во цивилизираниот свет: Црвени линии кои не смеат да се газат!

Ниту една меѓународна организација, било тоа НАТО или Европската Унија не заслужуваат македонски компромиси  со елиминирање на македонската држава и македонската нација, зошто тие се вековни светињи  за секој Македонец. Се  е минливо, само нацијата има посебно место во животите на секој народ, па и на македонскиот!

Драг мој народе! Како завршница на старата и почетокот на новата 2021 година, во Собранието зборуваа пратеници од позицијата и опозицијата, но зборуваше и премиерот Зоран Заев. Секој од своја страна ги толкуваше успесите и неуспесите на власта на Северна Македонија и лично на Зоран Заев. 

Опозицијата изнесуваше факти кои не можат да се негираат или со розови бои да се бојадисуваат, а пак Зоран Заев со своите слепи следбеници државата со безимен народ ја представија како место во кое би секој живеел во духот на сегашноста, а не минатото.  Северна Македонија,  држава вештачки создадена врз историските темели на Република Македонија од надворешни наредбодавци, со свои посебни интереси. Интереси, кои водат кон конечното решавање на "македонското прашање", во полза на соседите. 

Држава  конгломерат од делови на соседните народи со свои задржани национални имиња и идентитети и еден безимен, обележан со три цртички (///). Поранешниот државотворен народ, македонскиот.

Зоран Заев, зборувајќи за се' и сешто, никако да ги спомене Преспанскиот договор со Грција, договорот за добрососедство и таканареченото пријателство со Бугарија и на крајот Тиранската платформа со Албанците со која ја федерализира македонската држава и ги инфилтрира државните институции со разни терористи кои веќе еднаш кренаа раце со оружје против државата и ни се закануваат и уценуваат и сега, со нов и посилен удар, доколку не им се исполнат нивните незаслужени барања.

Фактите се факти, втемелени во вистината, која е само една и непобитна. Се разбира, зависи кој на која страна застанува да ги анализира.

Зоран Заев е познат како слаткоречив оратор кој ништо вредно и не кажува што би било  синкронизирано со желбите на мнозинскиот народ, Македонците, и нивните национални интереси.

Секое изедначување на националните малцинства со државотворниот народ и носителот на државноста, Македонците, е штетно и разорнувачко. Се знае кој е сопственик, а кој е сосед. Тоа што од разни причини делови од соседите ја преминувале македонската државна граница барајќи поарно место за живеење, не ги изедначува со домородното македонско население, но само стекнуваат права и обврски регулирани со закони од правниот  систем на Република Македонија и меѓународните  акти за заштита на човековите и малцинските права.

Но, со политиките на Зоран Заев, овој баланс е нарушен, во полза на поедини малцински групи со непријателски однос спрема матичниот македонски народ и македонската држава. Тоа се, во овој случај Албанците, кои и покрај сите права загарантирани со домашните и меѓународнитe правни акти, делуваат во македонското општество како масло и вода. Тоа е недопустливо не само во Македонија, туку и во секоја друга организирана држава која во својот состав има туѓи национални малцинства. Особено,  кои бараат  покрај лебот  и погача.

Па драг мој народе, ако е се' досега речено вистина и доколку по тој погрешен пат продолжиме и понатака, до каде ќе стигнеме? Одговорот секогаш лежи во нашата волја да му ставиме крај и да трасираме нов и поарен пат. Но, имаме ли јунак доволно мудар, чесен, одлучен, интелигентен и образован кој ќе ни го трасира новиот пат што  би водел кон ветената ни светла иднина и вечна благосостјба?  За сигурно би било ВМРО-ДПМНЕ, ама со водач зад кој ќе стои народот. Таков водач нема на дуњава, за сега, зошто Христијан Мицкоски ги  нема потребните особини и способности да му се спротивстави на Зоран Заев од неколку клучни причини: Прво, зошто и самиот е сплеткан во уривањето на македонската држава и обезличувањето на Македонците; Второ, неговите обврски кон надворешните наредбодавци се исти како и за Зоран Заев и трето и неговиот поглед е фокусиран кон Европската Унија, по секоја цена. Таков лидер е добар за на пикник да подготвува скара и да очекува на некои идни избори да биде избран за претседател на некоја црковна општина.   А за такви и многу поарни  од него, имаме цел куп. 

Па драги мои ВМОРовци, ако немате такви кадрови кои ќе го средат СДСМ и Зоран Заев, побарајте од надвор. Од пратениците во Собранието који знаат што прават, што можат и имаат доволно храброст да станат и пред некои надворешни бирократи и хохштаплери, кои не мислат на ништо друго, освен како да станат богати за кога ќе им престане мандатот. 

Но, ајде да кажеме уште нешто за Зоран Заев и потоа  да се збогуваме до идниот број на Македонски Збор.

Зоран Заев го знаеме како психопата и тоа тежок и неизлечив. Но и покрај сето тоа, тој вегетира како камелеон и за некое време се претвора во најголем патриот во Македонија, а потоа пак  се враќа на истиот пат да се одрекне од се' што рекол пред некое време. Па така, тоа што го рече некогаш дека за него и неговите следбеници кои го доведоа на власт во Република Македонија  ПАТРИОТИЗМОТ не бил за него, тој постана најголем ПАТРИОТ и голем Македонец кој зборува на македонски, дури и во европскиот Парламент. Но, Бугарите го удрија со крпа по главата и му ги побркаа сите надежи за почеток на предпристапните разговори со ЕУ. Набрзина, северномакедонскиот херој  ги нарече непријатели на Македонија, бидејќи го прекршиле Договорот за добрососедство и пријателство. Но во исто време, дури ронеше магарешки солзи и ги нарече јавно Бугарите како непријатели, зошто го прекршиле нивниот Договор за добрососедство и пријателство, поранешниот премиер Владо Бучковски веќе беше гостин на Бојко Борисов во Софија, молејќи ги  истите непријатели да го повлечат ветото, а за возврат ќе им даделе се' што бараат.

Но, не е само тоа што ја докажува неговата психичка нестабилност. Во последниот негов говор се одрече уште еднаш самиот од себеси, без срам и никакво човечко достоинство. Бугарите не биле фашисти кои ја окупирале Македонија во Втората светска војна и ги тероризирале Македонците. Бугарите ни се големи пријатели и не било европски да се нарекуваат фашисти.  Да, тое е точно, имало и такви кои убивале и го злоставувале македонскиот народ, ама другите не биле фашисти. Истакна Зоран Заев,  големиот северномакедонски државен поглавар. Ние мораме да градиме пријателство, а не омраза.  Секогаш сме биле мирољубив народ и сме се бореле за добрососедски односи со нашите комшии. Тоа го правиме и сега,  зошто добиваме пофалби и награди од нашите европски "пријатели". 

Зоран Заев направи и споредба помеѓу Полјаците и Германците и Французите и Германците. И нагласи: Па како тие можеа да си ги опростат гревовите и да постанат најдобри пријатели во Европската Унија, зошто ние неможеме да се спријателиме со нашите соседи на ист начин?

Е, мој забеган премиеру, не е во прашање само простувањето  на гревовите, туку   во прашање е твоето неразбирање  на положбата во која ти, со своите надворешни наредбодавци не доведовте. За празни ветувања дека ќе ни помогнеле и Грците и Бугарите полесно да се зачлениме во НАТО и Европската Унија, ти господине, ја продаде Македонија со Македонците и' го промени името во Северна Македонија, се одрекна од нас Македонците надвор од Татковината и создаде туѓинци на начин незапамтен во светот. Потоа се одрекна од нашите  корени длабоко вкопани во повеќе илјадно минато и ги исплука сите наши предци и јунаци врз чии грб беше создадена и Република Македонија. Го избриша од Уставот коренот на таа АСНОМСКА Македонија и како замена ги впиша балистите и модерните албански терористи за државотворен субјект во Република Македонија, на исто рамниште со Македонците. Такво изедначување е понижувачко и служи за обезвреднување на еден народ со повеќе илјадно минато, господине премиеру.

Но џабе е да се зборува за такви комплицирани работи со еден тешко болен и неук  човек, случајно забеган во власта на македонската држава. Затоа уште  еднаш ќе ве прашам мој драг народе: Ќе чекаме ли на овој криминалец, изрод, квислинг и велепредавник да му помине  мандатот и да ја допродаде Македонија па да реагираме? Не чекам на одговор, зошто сите го знаеме. Доколку на чело на ВМРО-ДПМНЕ и понатака остане Христијан Мицкоски, нема ништо да остане од нас и од нашата Татковина. Ќе чекаме ли и тоа да ни се случи за да му докажеме на  светот дека не заслужуваме држава? 

По се изгледа, таа е вистината. Затоа и го ставив насловот како што гласи: ШТО БАРАВМЕ, ТОА И ДОБИВМЕ! (За секогаш Ваш Сотир) 

******

ЧЕСТИТИ ДА НИ СЕ ПРАВОСЛАВНИТЕ БОЖИЌНИ И НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ ДОАЃААТ!

****************************

Жаклина Михајлова

 

Жаклина Михајлова

СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА!

 

04 јануари 2021

Почитувани роднини, пријатели, мои Македонци, нека ние добредојдена, слободна, успешна исполнета Пандемија од насмевки, со срца исполнети со љубов, со неизмерна лична среќа и радост, со надеж и храброст за човечкото, за нормалното, за своето!

Животот да ни биде посветол од илјадници светли sвезди и да ставиме точка само на нашите исполнети цели. Да не' опсипува огномет од сопствен успех, напредок и гордост за постигнатото!

Да имаме здравје, мир и спокојство во семејствата, полесни ридови за искачување и ентузијазам за чекорење до крајот на годината.

Најмногу од се', ви посакувам во вашите срца да ја пронајдете љубовта за дедовината, за корените, за Македонија и да ја извадите на виделина. Вашата љубов да ја здружите со нашата, та да ја направиме голема, победничка, вековна! Мислите ни да се преточат во глас кој ќе ги разбуди нашите ни по род и ќе им ги отвори очите на човештвото.

Првиот чекор е Ваш и направете го уште денеска!

Да живее МАКЕДОНИЈА! (преземено од Facebook) 

ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ СЕЌАВААТ: ЗОШТО ЈУГОСЛАВИЈА БЕШЕ СТАБИЛНА И СИЛНА ДРЖАВА?

21 декември 2020

Југославија беше држава која се распадна од внатрешни причини со голема странска помош и поттикнување. Најголема воена сила во регионот, една од ретките кои произведуваат воени авиони и тенкови, економски стабилна, безбедна, со исклучително мала невработеност под 10%, на ниво на сегашната европска просечна стапка на невработеност од 6-7%, со бесплатно здравство и школување, со институции за градење и одржување на културниот и национален идентитет и со граѓански слободи кои беа средина помеѓу комунизмот на исток и демократијата на запад.

Југославија беше сојуз на држави, републики, во која за прв пат се формираше современата држава Македонија, како и самостојните држави Република Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а Црна Гора ја поврати својата државност загубена во 1918 година. Практично, пред СФРЈугославија, од шесте Републики само Србија и Црна Гора имале независни држави и тоа во последните 500 години. Сите Републики од Југославија станаа самостојни држави, но Косово кое немаше статус на Република, по воениот конфликт во 1999 година и бомбардирањето на НАТО прогласи самостојна држава иако не беше Република.

Распадот на Југославија се поттикнуваше преку верски поделби и судири водени од 1991 во Словенија, па се до 2001 година во Македонија, а дури потоа национални причини за распадот. Факт е дека од Југославија, со своја еднострана одлука, први излегоа католичките држави Словенија и Хрватска кои денес се единствени примени во Европската Унија. Војни помеѓу исти верски заедници, немаше.

Но, она по што се памети Југославија со генерации е нејзината безбедност, наука и култура, економска сила и потенцијал. Силна држава и одговорна во која речиси и да немаше невработени, а од платата се купуваше стан и се одеше семејно на одмор. Со фабриките и големите компании стопанисуваа и управуваа работниците.

Оние кои сакаат да зборуваат против таа Југославија често пати споменуваат дека сето тоа е создадено со големи долгови кон странство. Но, фактите не зборуваат така. Последниот југословенски премиер, Хрватот Анте Марковиќ, го заврши својот мандат со 22 милијарди американски долари надворешен долг. За споредба, денес Македонија има долг кој е 60% од нејзиниот БДП.

Денес, во 2020-та година шесте републики од СФРЈ заедно имаат долг кон странство од неверојатни 150 милијарди долари! За разлика од Југославија, денес ниту една самостојна држава од бившите југословенски Републики нема издадотоци за војска, полиција, инфраструктура и социјални фондови како Југославија и има три или пет пати поголеми долгови. Прашањето е, каде отидоа парите што ги имаат овие, демократски власти?

Денес Словенија, сама, има долг околу 48 милијарди долари! Ако се пресмета инфлацијата и куповната моќ во 1990 и во 2020 година, каде тогашната и сегашната вредност на доларот се помалку од 1:2, излегува дека Словенија сама денес има поголеми долгови отколку десет пати поголемата Југославија до 1990 година! Србија има надворешен долг околу 30 милијарди долари, Македонија околу 9 милијарди, Црна Гора  околу 8, Босна и Херцеговина околу 5 милијарди, а Хрватска како и Словенија има околу 49 милијарди долари долг.

Денес, освен Словенија, ниту една држава од Хрватска до Македонија нема подобар стандард, поголема безбедност, стабилно и бесплатно здравство, а особено нема инвестиции и економски капитал поголем отколку во времето на Југославија. Невработеноста кај сите нив, освен во Словенија (8%), е поголема од југословенското време.

Во поранешна Југославија се произведуваше скоро се'  "од игла до локомотива", буквално, Југословенските фабрики правеле авиони, бродови, автомобили, камиони, оружје, дури и компјутери во тоа време. Секако имаше и регионално значајни компании кои произведуваа храна, облека и секакви други потреби, но најмногу од нив веќе непостојат, најчесто беа намерно фрлани во банкрот за новосоздадените олигархи во демократијата да ги купат за мали пари и да ги избркаат работниците. Олигарсите потоа и денес станаа власт, а политичарите нивни соработници

Со цел да се потсетиме на тие времиња, направена е мапа на сите поголеми компании што постоеја во денешна Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Црна Гора. Мапата наскоро стана вирална, па е објавена на социјалните мрежи и од граѓани и од разни медиуми.

За денешни услови и економски развој таа мапа на големи југословенски компании со регионално значење, а и пошироко, изгледа како сон за властите на сегашните демократски држави кои произлегоа од распадот на Југославија. Сите тие гиганти вработуваа од 1.000 до 30.000 вработени во некои од тие фабрики и компании! Денес, вест на месецот е ако се отвори фабрика со 500-1.000 вработени.

Во Босна и Херцеговина, ТАС го произведуваше популарниот ГОЛФ на Фолксваген, но и Фолксваген Буба во тогашниот УНИС. Фабриката за мотори во Сараево е уште еден од гигантите која беше украдена и уништена за време на војната. Во Вогошќа, покрај ТАС, имаше и фирма Претис, лидер на наменската воена индустрија во Босна, каде што се произведуваше муниција.

ФАС 11 Октомври од Скопје произведуваше автобуси, како и ИКАРУС од Панчево. ФАП од Прибој и ТАМ од Марибор произведуваа тешки и стандардни камиони, а лесни транспортери излегуваа од ЗАСТАВА во Крагуевац. ЗАСТАВА произведуваше приближно 200.000 автомобили годишно. Автомобили произведуваа и ИМВ од Ново Место од каде излегуваа Рено модели, како и ЦИМОС кои произведуваше за Цитроен и Опел во ИДА Кикинда.

Само 9 држави, во светот, во тоа време, имаа производство на свои воени авиони и тенкови, Југославија беше една од тие девет.

СОКО Мостар беше гордост на воената авиоиндустрија, чие производство беше исто така во БиХ, а имаше и државна фабрика за авиони во Краљево. Фабриката за вагони беше во Славонски Брод, а во Хрватска, со оглед на пристапот до морето, имаше најмногу бродоградилишта. Уште едно бродоградилиште беше во Црна Гора, но и во Србија. Бродоградилиштата во Хрватска-Уљаник во Пула и 3 мај во Риека беа на светско ниво и произведуваа најголеми прекуокеански бродови за странски клиенти.

Југославија беше една од само петте земји во Европа која имаше свои компјутери, најпознат веројатно беше ГАЛАКСИ, а првиот компјутер произведен беше ЦЕР-10. Искра во Словенија и Дигитрон во Истра (во Бује) започнаа да призведуваат компјутери паралелно со светските почетоци, во раните осумдесетти години.

Фабриката ОБОД, Цер, словенечките Горење и Искра, Руди Чајевац, ЕИ Ниш произведуваа електрични уреди, телевизори, радија, грамофони, касети и фрижидери..., а БОРЕЦ од Белград произведуваше и машини за еспресо. Во Македонија, во Битола, се произведувааа Фрижидери Кончар, делови за автомобили, а  со Астибо, Тетекс, Битолатекс, Готекс, Македонка Штип, ОТЕКС...беше трета во Југославија според капацитети на производство во текстилната индустрија. Само во најголемите македонски текстилни фабрики беа вработени околу 30.000 луѓе, дополнително во уште десетина помали фирми.

Југословенските текстилци работеа за Леви Штраус (Вартекс), за Адидас (Метлика), Бос (Крагуевац), Пума (Борово), Вранглер се произведуваше во Македонија... Подравка, со својата Вегета, покриваше дури 20' од вкупното светско производство на тој зачин.

Југославија ги имаше најдобрите и најголеми градежни компании од Истанбул до Виена, кои имаа од 5 до 20.000 вработени и градеа низ Европа, во СССР, на Блискиот исток, во Африка... Македонските градежници од Пелагонија, Бетон, Илинден, Гранит...вработуваа заедно над 20.000 луѓе и беа битен дел од тој југословенски градежен гигант.

ЕИ Ниш беше еден од најдобрите светски производители на лампи за радио и ТВ приемници (ги инсталираше и Филипс) и започна со производство на ТВ приемници во боја пред јапонскиот Сони...А ова се само некои од битните фабрики што постоеја во Југославија и тоа мал дел, а беа од светски ранг.

За да знаат денешните генерации како Југославија се грижеше за своите работници: големите фирми, секако и во Македонија, имаа свои амбуланти, библиотеки и градинки за грижа на вработените и нивните деца. Солидарни фондови од кои се плаќаше за сложени лекувања, стипендии, помош од пожари или несреќи кои се случиле на некој од нивните работници. Ефтин одмор на море, бања, езеро или планина беше достапен за најголем дел од работниците затоа што големите фирми имаа свои одмаралишта или закупи за таа намена.  

Долг е списокот за макар површен опис на економскиот и социјален потенцијал на Југославија и за една книга, а уште помалку можен во новинарска тема. Но и ова е доволно да се добие претстава за состојбите. Накусо, шесте Републики создадоа нови шест (плус Косово) класи политичка елита која за себе обезбеди богат живот и привилегии, но за жал, но не успеа да создаде и остави зад себе ни четвртина од она што беше изградено, произведувано, обезбедено за децата, болните, пензионерите, работниците, селаните, учениците и студентите... што го можеше Југославија. А од 1990 до сега поминаа 30 години.

Југославија имаше нобеловци, светски и европски шампиони во низа спортови, научни институти од европски ранг... Денес, некогашните Југословени се славни само во црната хроника.

Што ќе напише некоја идна генерација за економските, безбедносни и социјални успеси на државите кои произлегоа од распадот на Југославија? Списокот, за овие 30 години, ќе биде мал.

Правевме војни, убиства, уривавме, крадевме и препродававме  цели фабрики, делевме милиони откази, уништивме институции за култура, уметност и наука...затоа да не се носеле одлуките во Белград каде имавме, сите шест, свои равноправни претставници. Која важна државна одлука, денес, се носи самостојно во Скопје, Белград, Загреб, Подгорица, Сарајево или Љубљана? (Vecer.mk).

Далибор Станковиќ

Далибор Станковиќ

НО ПОЛИТИЧКИ И ЕТНИЧКИ ГРАНИЦИ НЕ Е ИСТО

 31 декември 2020

Со години слушаме за македонското прашање, но многумина заборавија да не' потсетат дека тоа не е решено, ниту затворено. Ова прашање со создавањето на македонската држава во рамките на Југославија беше само "конзервирано", а со прогласувањето македонска независна држава во 1991 година, Пандорината кутија повторно се отвори. Суштината на целиот проблем лежи во фактот што во грчката и во бугарската држава од памтивек живеат Македонци и нашите соседи не сакаат да ги признаат. Бугарите и Грците се плашат дека доколку еден ден го признаат нивното постоење, ќе се создадат услови за појава на македонски сепаратистички движења, кои би можеле да го нарушат територијалниот суверенитет на нивните држави.

Според образложенијата што можевме да ги слушнеме или прочитаме, досегашниот модел на наставата ги учел учениците само на факти и не им овозможувал да ги поврзуваат знаењата од различните дисциплини во основното образование. Затоа се препорачува нов концепт за основното образование. Но не може да се тврди дека е нов затоа што се децении имаме интегриран пристап помеѓу историјата и географијата, барем јас имав такво искуство.

Во основното училиште мојот наставник по географија имаше сличен пристап и историските теми беа неизбежни. Овој начин на настава ми овозможи да научам неколку факти и да поврзам неколку работи. Во училницата се наоѓаше една стара географска карта и наставникот со раката покажуваше кон неа велејќи: "Ова се политичките граници на Македонија" - посочувајќи ги границите на Република Македонија. Потоа настапуваше "Бекетова пауза" ( ова пауза може да трае бесконечно и е асоцијација за страдање), по која можевме да ги слушнеме следните зборови: "Но политички и етнички не е исто"! Следното негово движење со раката беше околу границите на историската Македонија, велејќи: "Ова се етничките граници на Македонија, ова се етничките граници на Македонците. Надвор од политичките граници на денешна Македонија живеат Македонци. Треба да правите разграничување помеѓу политичките и етничките граници".

Некој може да го обвини дека е македонски екстремен националшовинист што има територијални претензии кон соседните држави, но почекајте го заклучокот. Споменатиот професор е Македонец и не е роден во современата македонска држава, туку во Грција. Тој е еден од децата бегалци што најдоа прибежиште во македонската држава. Но неговиот став е одраз и на реалноста, надвор од границите на нашата држава живеат Македонци и тоа е вистината. И тука е суштината на проблемот за прашањето за новиот концепт во основното образование, барем јас така го разбирам. Некој сака да ги отстрани географските и историските факти од наставата затоа што децата можат многу да научат. Некој одлучил дека македонските учебници треба да разграничуваат помеѓу географско-историска област на Македонија и Република Македонија. Точно е дека треба да се прави разграничување, но тоа не значи дека ние немаме ништо со таа Македонија, дека таа етнички, културно и историски има припаѓа на Грците и на Бугарите. Значи не станува збор за подобрување на образованието во основното училиште, туку за задоволување на апсурдните барања на нашите соседи, кои се во правец за конечно решавање на македонското прашање! 

Со години слушаме за македонското прашање, но многумина заборавија да не' потсетат дека не е решено, ниту затворено. Ова прашање со создавањето на македонската држава во рамките на Југославија беше само "конзервирано", а со прогласувањето македонска независна држава во 1991 година, Пандорината кутија повторно се отвори. Суштината на целиот проблем лежи во фактот што во грчката и во бугарската држава од памтивек живеат Македонци и нашите соседи не сакаат да ги признаат. Бугарите и Грците се плашат дека доколку еден ден го признаат нивното постоење, ќе се создадат услови за појава на македонски сепаратистички движења, кои би можеле да го нарушат територијалниот суверенитет на нивните држави.

Затоа три децении имаме спор за името и сме сведоци на негирањата на македонскиот јазик, историја, култура итн. Не смее да се заборави дека Преспанскиот договор е во правец на конечно решавање на македонското прашање од грчка призма, а во тој дух е и Договорот за пријателство и добрососедство што треба да го реши од бугарската  гледна точка. Затоа потпишувањето на овој договор, каков што е, се покажа како избрзан. Врз основа на овој договор за "пријателство" бугарската политичко-општествена елита бара да се откажеме од македонските национални особености и да прифатиме дека сме нација од 1944 година, што е далеку од вистината. Очигледно е дека нашите соседи настојуваат да го решат македонското прашање како што тие сакаат и како што ним им одговара. Затоа Коsијас говори дека Македонија стана мултинационална држава што создаде нова "нација на етникуми" (како шпанската), која ја сочинуваат славомакедонци, Албанци, Власи и други. Но оваа формулација не им одговара на бугарските екстремни националисти, тие би сакале оваа нова нација да биде составена од Бугари, а не од Македонци.

Сите ние сме сведоци на еден процес во текот на кој се создава една северномакедонска нација, што би рекол Русјаков - три црти и "новото" во образованието е токму во тој правец. Јас така гледам на тоа, а ако грешам, можете слободно да ме поправите.

Колумната да ја завршиме со професорот по географија со кого и ја започнавме. Кога почина неговиот татко, професорот се соочи со еден апсурден проблем. Доколку сакате да пријавите починато лице, меѓу другото потребно е приложување извод од матичната книга на родените на починатиот. Но неговиот татко беше роден во рамките на политичките граници на Грција. Професорот замина во родното место и од грчката администрација побара да му биде издаден изводот од матичната книга на родените. Притоа многу јасно им образложи дека не станува збор за политика, дека нема намера со издавањето на изводот да отвори некое политичко прашање, туку едноставно му треба за да го пријави сопствениот татко како починато лице. Го добил следниот одговор од надлежното лице: "Тука е книгата на родени и во неа е запишан вашиот татко. Го разбирам вашиот проблем и сочуствувам, но не смеам да ви го издадам документот затоа што ќе бидам избркан од работа". 

Е господа, ова е Европската Унија во која сакате да не' внесете? (https://novamakedonija.com.mk)

Марија Воденска

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 Марија Воденска  

 

 

ПОЕЗИЈА ВО СОНОТ

Сонцето грее
светлина сее
преку прозор
топли
вас да ве згрее,
Поздрав од
далечина
Како ноќ со
месечина
Низ планини
шумни
Низ мориња
бурни
Мисла ме влече,
таму
Кај што умот ми
сече
Родина ме влече,
За љубовта вечна
Ко' понорница
течна
Од висини шумна
Секогаш будна!
Поздрав ви
праќам
Со душата се
враќам!
Божиќ е празен
Од туѓинци згазен,
Со домашни
волци
Скриени ко' молци
Душа ко' чорап се
пара
За Татковина
стара.
Душман изигрува
паша
За Македонија
наша!
************
Марија Воденска
Бостон, 22 декември 2020.

 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 330 (07 јануари 2021)