ОВИЕ ЛИ СЕ БУГАРСКИТЕ АДМИНИСТРАТОРИ И ПРОСВЕТИТЕЛИ?

Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

КОЈ Е ИДНИОТ ЧЕКОР НА ЗОРАН ЗАЕВ?

27 декември 2020

Сега кога Бугарите си добија тоа што си бараа,   Зоран Заев си го покажа сето незнаење на  сопствената историја. Што треба да очекуваме од овој превртливец и високо квалифициран лажго, арамија, криминалец и велепредавник  на својата држава и својот народ? Да се однесува државнички и да не ги моли   Бугарите да му ја "отворат" вратата за влез во ЕУ, а на своите слуги во заедничката комисија за историја и образование да им нареди да  ги напуштат јаловите и нечесни разговори за она што не се  преговара! Дополнително,   на Македонците да им се извинат за своето недостоинство да се нарекуваат историчари и заштитници на македонските национални интереси!

Да си дојдат дома и остатокот од животот да си го поминат со својот срам, зошто доброволно прифатија на Зоран Заев  да му бидат измеќари, за постигнување на неговите нечесни работи!

А пак, нивниот наредбодавец  да си го земе куферчето и мирно да си ја напушти работата за која ниту бил роден, ниту пак доволно образован да си ја заврши  како државник и со бел образ да си замине каде сите успешни владатели си го најдоа местото во македонската историја. 

Но, изгледа тоа нема наскоро да се случи, па затоа кога на Македонците еднаш ќе им пукне филмот и ќе им дојде неговиот јавашлук преку глава, Бог знае што ќе се случи.

Најверојатно спрема неговите работни резултати и неговата лојалност кон својот народ ќе му се додели заслужена награда и потоа ќе  си замине таму, каде вистински припаѓа: Кај губитниците и штеточините! И тоа што побргу, тоа поарно, пред да го снајде судбината на Бенито Мусолини кој до крајот веруваше дека е во право и дека се' што правел како тежок фашистички злосторник, правел во интерес на своите сограѓани, од кои и добил  заслужена награда : Да виси со главата надолу, а со нозете нагоре! 

Што се однесува до бугарската блокада, се докажа дека не ни се сите членки во ЕУ непријатели и верни слуги на европските бирократи. Чешка и Словачка им  докажаа на Бугарите дека со средновековната историја, Самуил,  светите Кирил и Методиј и нивните ученици светите Климент и Наум немаат таква врска како што би сакале светот да ги прифати. Бугарските апетити за се' што не е само нивно е преголем залак, вклучувајќи го сесловенското духовно наследство и кирилското писмо кое има длабоки корени во македонската почва. 

Со овој  мудар  гест на Чешка и Словачка, светот ја дозна вистината дека и словенскиот свет си има свој заеднички историски корен и центар на своето духовно и културно наследство и дека не се дрво без корен. Без разлика што  една заскитана овца, која би сакала цела трева да ја присвои само за себе. 

Но, не се само Чешка и Словачка словенски земји. Тука се Русија, Украина, Полска, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија... покрај Македонија како извор на писменоста и духовното сесловенско наследство на светите Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум.

Па затоа е за жалење  што  свеста кај другите словенски земји и народи се' уште не е на висина да го почитуваат својот корен и изворот од кои и денес се напојуваат со словенската култура и писменост, дело на светите Кирил и Методиј и нивните ученици, Климент и Наум Oхридски. 

Како што е центар на Западната цивилизација Античка Грција, така е Македонија и Охрид центарот на Словенската цивилизација.

Народ кој не си го знае својот корен и скита околу вреднувајќи ја цивилизацијата на другите народи на штета на својата,  секогаш ќе биде понижуван, експлоатиран и еден по еден елиминиран или асимилиран на својата сопствена територија.

Затоа можеме само да жалиме, што  сесловенските духовни и културни просветители, светите Кирил и Методиј Солунски и нивните ученици Климент и Наум Охридски,  не добија заслужена чест и почит  од другите припадници на сесловенската заедница! 

Но сепак, Чешка и Словачка докажаа дека се лидери на Словенството и заедно со Македонскиот народ чувари на изворот од кои црпат енергија сите словенски народи, вклучувајќи ја и Бугарија. И дека центарот на сесловенската култура и писменост е во Охрид. А Охрид не е Бугарија, туку Македонија. (Секогаш Ваш Сотир!) 

 WE WISH YOU HAPPY NEW 2021 YEAR,  PEACE IN THE WORLD AND LOVE IN YOUR FAMILY

*************************************

 

Митко Б. Панов

 Митко Б.Панов

УТЕШЕНИЕ ГРЕШНИМ: ЗА ПОЛИТИЧКОТО СУДЕЊЕ НА ИСТОРИЈАТА НА НАРОДОТ И НАЦИЈАТА!

 

20 декември 2020

Политичкиот и научен естаблишмент во Бугарија во целиот свој порив за промовирање на новиот историски ексклузивитет на бугарската нација за описменувањето на половина Европа и Русија, очигледно не пресмета дека нејзиниот политички третман на историјата ќе се сврти како политички бумеранг и тоа на ниво на ЕУ.

Софија не го зема предвид фактот дека не сите европски лидери се подготвени да толерираат грубо политичко мешање во корегирањето на историјата, ниту, пак, ќе дозволат ЕУ во 21 век да биде ставена во улога да пресудува која нација има "погрешна" историја.

Да бидеме на јасно, со блокадата на заклучоците Словачка и Чешка не истапија во заштита на Република Македонија per se, што може да се види од реакциите на македонската дипломатија, која беше исто толку изненадена и затечена, колку и бугарската.

Словачка и Чешка всушност се спротивставија на самоволието на Бугарија, која со политичко ревидирање на историското дефинирање на сесловенскиот карактер на дејноста на светите Кирил и Методиј, ги загрози општоевропските цивилизациски вредности и придобивки.

Го спасија угледот на ЕУ, бидејќи со веќе усогласените заклучоци по терк на Бугарија, земјите-членки на ЕУ ќе се ставеа во улога на судии на нациите-"грешници", наметнувајќи им ја веќе пресудената историска "вистина", доколку сакаат да започнат преговори со привилегираниот клуб на авропските нации.

Независно што прифаќањето на присилната пресуда со јавното покајување на понижената нација поради "погрешното" интерпретирање на сопствената историја, ќе подразбира нејзино себе-бришење како нација, со обезличен народ, безимен јазик и новоконструиран идентитет произлезен од деноминираната држава.

По блокирњето на заклучоците, Бугарија е таа која сега е јавно посочена за погрешното политичко интерпретирање на делото на светите Кирил и Методиј. Бугарското политичко раководство ќе треба да си признае дека пред да се става во улога на обвинител на македонската нација за "грешник", треба да ја согледа неодржливоста на политички наметнотото интерпретирање и коригирање на историјата.

Софија треба да увиди дека нема ништо научно во политичките одлуки за редефинирање на историскиот контекст на сесловенското дело на светите Кирил и Методиј, а кои како единствена цел го имаа нивното присвојување (Митко Б. Панов, Апсурдите на политичкото читање на историјата: Дали Бугарија идната година на 24 мај ќе ги прославува Кирил и Методиј, Exores, 4.10.2020?

Да разбере дека нејзиниот политички конструиран обид за историско редефинирање во функција на себе-портретирање како единствена нација која дала цивилизациски придонес за словенска Европа и тоа преку присвојувањето на словенската димензија на традициите на Кирил и Методиј и "бугаризирањето" на словенската азбука и писменост, е однапред осуден на неуспех.

Словачка и Чешка демонстрираа дека постојат суверени нации во Европа, кои нема да дозволат државните празници во чест на св. Кирил и методиј да ги прославуваат во согласност со новата полититчки конструирана интерпретација на Бугарија, позната иденствено во Софија.

Притоа, демонстрираа дека политичките наметнувања и условувања за корегирање на некаква "погрешна" историја на било која нација, се во целосна спротивност со демократските принципи на кои почива Европа и се рефлексија на некои дамнешни времиња на безвредност на човековите права и слободи.

Ветото на Чешка и Словачка на блокадата на Бугарија, подржано и од Австрија, треба да влијае отрезнувачки и тоа не само за Софија и за земјите членки на ЕУ кои се солидализираа со политичко-судскиот третман на историјата на недолжно обвинетата македонска нација.

Мора да влијае отрезнувачки за македонскиот народ и за сите граѓани на Република Македонија, кои треба да разберат дека гордоста и лојалноста кон нацијата нема цена. Дека влезот во ЕУ не подразбира откажување од историјата и националното достоинство. Тоа мошне јасно и силно го порачаа Прага и Братислава, заштитувајќи ја не само сопствената национална историја, култура и традиции, туку и на сите словенски народи кои ги негуваат и почитуваат светите Кирил и Методиј.

Друго е прашањето што светите Кирил и Методиј немале никаква врска со средновековна Бугарија. Во време кога во нивниот роден град Солун, на Брегалница, на иницијатива на Византија се реализирале христијанските мисии и се создавала азбуката врз основа на говорот на словените во Македонија, бугарските владетели се уште биле пагани.

Биле пагани и кога Кирил и Методиј ја отпочнале мисијата во моравија во 863 година преку која словенската азбука се проширила во Европа. Но за тоа во друга прилика!

Чекорот на Прага и Братислава мора да влијае отрезнувачки и за македонската интелигенција. Особено што ваквиот политички развој, целосно ги дискредитираше оние македонски интелектуалци, кои постојано му порачува на македонскиот народ дека треба да ја следи левичарската идеологија на еманципираната нација, да се покае и самоуверено се соочи со своето "погрешно" историско минато доколку сака да се справи со вистинските предизвици на неолибералното милје на ЕУ.

Интелектуалците кои ги уверува граѓаните дека во нивни интерес е да се стави образот под чевлите на светските моќници, дека не треба да се противи и кога се објект на плукање, залажувајќи се притоа дека паѓа дожд. Истите оние кои без да сочекаат блокадата на Прага и Братислава на усогласените заклучоци, побрзаа да ги осудат македонските историчари за "грешници"и ги повикаат да се покајат поради "грешната" македонска национална историја и да ја прифатат пресудата на Бугарија и нивната "правилна" историска вистина.

Со единствено образложение дека така тврдела Бугарија, а во тоа била подржана од ЕУ. Не сочекаа, да видат дека така не мислат сите во ЕУ. Помалите, но горди нации ги заштитија вредностите на ЕУ, а со тоа демонстрираа пример како македонските интелектуалци треба да се однесуваат кон сопствената држава и историјата на народот и нацијата, која отсекогаш го дефинирала идентитетот!

Чекорот на Прага и Братислава треба сериозно да ги замисли и членовите на македонскиот дел од мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, посебно за последиците од нивното лесно откажување од националниот наратив во однос на средновековието.

Да согледаат дека нивниот приод за "денационализација" на македонската национална историја, всушност значи нејзина бугаризација. Особено што самите јавно признаа дека комисијата е политички инструмент, што се рефлектира и во оспорувањето на придавката македонски од бугарските колеги, како и самото историско дефинирање на Македонија - "која е Македонија, каква Македонија, постојат различни претстави за тоа која е Македонија и што е Македонија во историјата и во историските традиции" (ТВ 21, 8.12.2020). Истото се однесува и на македонскиот дел од комисијата со Грција, кои де-факто го легитимираат тврдењето на Грција дека поседуваат историски монопол на имињата Македонија/Македонци, ставајќи се во улога на егзекутори на политички договор, кој (како и бугарскиот) во крајна линија има за цел историски да ја делегитимира македонската нација и да ја сведе на вештачки конструкт на Тито со обезличен идентитет.

(https://www.expres.mk

Аљоша Симјановски

 

Аљоша Симјановски

МАКЕДОНСКИ ТАЈНОПИС - РЕСКИ, ЦРТКИ, КНИГА, ДРАМА...ВЕЧНОСТ

 

23 декември 2020

Порано Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа,  исто како и многубошците. А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое посебно правило. Но како може добро да се пишува со грчки букви: бог, или живот, или sелов или црква, или человек, или широта, или штедроти, или јуност, или јаду, или јазил или јад и слични на овие?...Вака напишал умниот, аналитичен Црноризец Храбар пред десетина века. И така се продолжуваше многу години.

Ноември (по старо декември) 1900 година во задграничниот македонски културен кружок во Софија, вриеж, возбуда. Подготовка за преизведба на драмското произведение "Македонска крвава свадба" од Војдан Поп Георгиев-Чернодрински, Македонец емигрант, доселеник од поробена Македонија. Во партерот возбуда, исчекување, многу народ, Македонци од сите страни на Балканот, дојдени да присуствуваат на "таа крвава свадба македонска", величествен миг, собитие за незаборав.

"Нека се чуе за никогаш да не се заборави јазикот на којшто зборувале нашите прадедовци, зборуваме ние денес и ќе зборуваат сите идни поколенија на нашата света земја Македонија", ќе проговорат со оружје в раце Славчо Ковачев и Борис Сарафов, комити и дејци што ја обезбедувале праизведбата на пиесата "Македонска крвава свадба", од Војдан Поп Георгиев-Чернодрински, во салонот на Славјанска беседа пред 120 години.

Година две подоцна Гоце Делчев, во едно писмо од 1902 со блага доза на резигнација, ќе напише: "Толку ли нема кој да напише барем една книга на македонски?" Тоа заедно со легендарната мисла за "светот како поле за културен натпревар меѓу народите" преставува сведоштво за духовните хоризонти и ставови за апостолот на македонска борба и за прашања надвор од чисто организациски, револуционерен и војнички карактер. Во 1903 година Мисирков ќе му ја исполни желбата на Делчев. Напиша не обична книга, туку таква каква што замислувал Делчев: Програма на македонското обособување - епохално дело, знаменита книга "За македонцките работи", објавена во Софија во 1903 година како резултат и сублимат на долготрајната борба на македонские творечки сили, дело што ги "потзатекна лабавите струни на македонскиот роб", "писание-патоказ за понатамошна акција, показ на светот да чуе и да разбере дека во Македонија има сили што имаат јасно изградени ставови за македонскиот самостоен национален и државен развиток". 

Делчев не ја дочека книгата, но Мисирков го дочека нејзиното запленување. Јазикот, писменоста и верата не' одржале како народ и тогаш кога не сме имале наша сопствена држава и тогаш кога сме биле поделени, покорени и прогонувани. Во такви тешки услови, македонскиот јазик бил нашата единствена комплетна татковина.

А меѓите на таа татковина што отпрво ги втемелија светите Кирил и Методиј ги зацврстија нивните ученици, светите Климент и Наум, а ги продолжија и раширија на македонски јазик, светиот тајнопис, многу духовни и световни дејци, поети, писатели, уметници. Денес во светот се зборуваат над 6.500 јазици, а само неколку стотини од нив се во официјална, службена употреба.

Македонскиот јазик со донесувањето на македонската азбука на 5 мај и на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година, се вброи во јазиците што имаат свој правопис, своја официјална, службена употреба во една држава и кај една нација.

Македонскиот јазик изоди голем пат, помина низ историски сцили и харибди, премрежиња и преобразби и денес се наоѓа високо на листата на современи светски јазици. Создавањето литературен јазик е духовна потреба. Многу од народите без писменост неповратно исчезнале во историјата, а македонскиот народ е еден од народите што опстанале и опстојуваат. Македонскиот јазик е еден од избраните јазици во светот што имал своја кодификација. Денес како одговор на заветот на Гоце Делчев, имаме илјадници книги напишани со оваа азбука и овој правопис. Преведени се и помакедончени значајни многубројни светски класици, вредни публикации и книги од областа на науката.

Благородност од македонскиот народ кон сесловенските просветители и светители Кирил и Методиј, со кирилско писмо е впишано на плочата во чест на свети Кирил и Методиј, која е поставена во базиликата "Санта Марија Маџоре" во Рим. Нивното дело е вградено во секоја буква што ќе ја напишеме и во секој македонски збор што ќе го изговориме, во секој стих, песна, поема, расказ, роман, драма...

Македонскиот јазик е најголемиот жив споменик што ние сме должни да го штитиме, да го чуваме, негуваме, унапредуваме за овие и за идните поколенија. Македонците се народ што имал и има и свој оригинален етнички карактер, свои традиции, свои стремежи, специфики и неоспорна етничка оригиналност, со свој посебен јазик и сили што имаат јасно изградени ставови за самостојниот македонски национален идентитет и државен развој. И имаат право да се наречат Македонци. (https://www.novamakedonija.com.mk

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

ВЕНКО МАРКОВСКИ

 АЈДУШКО ЛИБЕ

- Проштавај, либе, елен-Еленко,
утре ке тргнам в гори пред зори,
не можам либе црн да црнеам,
ни в машка младост роб да робуам!

Ако ти, либе грешка прегрешив
не реди, леле, клетви проклети
и млада в младост вени по мене-
друга ке најдеш лика прилика.

Се живо либе пушка фанало,
старо и младо на нож станало;
ни в земја црни мртви мртвеат,
ни в ропство срамно живи живеат.

Јунаци бујни в гора светнале,
за народ на нож ене летнале;
на рамо носат глави пргави
а в гради срце пламен пламнало!

Сред нив ке бидам елен-Еленко,
очи ке полнам в младос от радос,
среце ке топам машко-јунашко,
ке носам, леле, пушка ајдушка!-

- Не зборуј, либе, изгор-изгоро,
тргна ли-тргам и јас со тебе.
Не ке те, либе, в борба посрамам:
в јунашко време сум се родила!

Проклет ме куршум, либе, не факја,
две глави носам, леле на рамо,
две срца биат вгради ранети:
едно за народ, друго за тебе!
*************
Венко Марковски 

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 329 (31 декември 2020)