БЕЗ ПРАВДА И СЛОБОДА НЕМА  ИДНИНА

Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗОРАН ЗАЕВ САМ ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ

 

22 Декември 2020

Драг мој народе! Дојде вистинското време за пресметка со најголемиот непријател на Македонците, Зоран Заев. Безобразлукот, примитивизмот и болната ароганција на овој тиранин и велепредавник, крај нема.

Патувајќи низ Македонија, насекаде тресе лаги, ветувања и закани. Ни се заканува со бришење на  македонската Историја  и  уништување на сите паметници низ Република Македонија, кои ги чуваат спомените на  бугарските злосторства над македонскиот народ за време на Втората светска војна и порано. И тоа не е се'! Како резултат на ова негово непречено лудило, кое тој го нарекува "реформа" на македонското образование, им се заканува и на наставниот македонски кадар и на нивната положба во македонското општество. И сето тоа, да се задоволат бугарските бесрамни барања,  како услов за влез во ЕУ. 

Веќе пишувавме за неговата нездрава психа и длабока желба да биде  власт по секоја цена и ако неговите интелектуални способности му се само: да лаже, краде, распродава се' што носи белег македонски и на секој начин да ја уништи Македонија. Егејскиот дел  веќе му го поклони на Грците и ги стави тамошните Македонци во незавидна положба, да бидат потполно асимилирани и денационализирани, или во спротивно, одново егзодус и чистење на македонската територија од нејзиното население, сметајќи ги за луѓе без корен.

Деновиве стигна и во Битола, градот на револуционери и борци за слобода на Македонија од такви како него кои ништо друго не знаеа, освен да убиваат, крадат и силуваат во секоја форма и начин. Претставувајќи се за ослободители и браќа, вршеа злосторнички рации по  битолските села, не би ли нашле "шумкари" (партизани), вршејќи притоа невидени  и нечовечки sверства над нивните полумртви тела, влечкајќи ги низ буковските  улици  за да ги заплашат  селаните и оние кои со оружје во рака се бореа за слобода од "ослободителите" на Македонија и од своите "браќа". Со други зборови, за слобода од бугарскиот фашистички окупатор, со кои малцинскиот премиер на Северна Македонија тргува и распродава по примерот со Грците, бесрамно и зад грбот на Македонците. 

Доколку има храброст, јас би му препорачал да ги посети Буково и Лавци и нека на селаните  им одржи мотивирачки говор и ги потсети дека и таму ќе им ги избрише спомениците на кои пишува: во спомен на паднатите борци убиени од рацете на Бугарите, па нека види како ќе реагираат луѓето чии синови и ќерки беа затварани, измачувани и на крајот фрлани од прозорци како кукли. 

Еве што им порача овој велепредавник и обичен sвер на битолчани: "Почитувани граѓани на Северна Македонија, подготвен сум од сите спомен плочи на кои пишува 'бугарски фашистички окупатори' да се избрише 'бугарски'!"

Која е таа храброст и безобразлук, да ти дојде дома и да ги брише спомениците на синовите и ќерките убиени од бугарските фашистички злосторници, пред кои сега кукавички клечи молејќи ги да го повлечат  ветото, а за возврат  ќе им дадел се' што ќе побараат. Ама баш се'!

Само пред три недели од неговиот силен "патриотски" говор испратен до нацијата, со солзи во очите им вети дека нема да дозволи чепкање во македонскиот идентитет и бришење на македонската историја и македонскиот јазик. А сега, тој ист Зоран Заев излезе пред тој ист народ и порекна се' што тогаш му вети. И се' уште има некои кои го слушаат и дури му ракоплескаат.

Еве што им кажа на малубројните следбеници и за чудо, не доби камен по главата: "И покрај критиките што ги добивам, јас сум подготвен од сите спомен-плочи од Втората светска војна на кои пишува 'бугарски фашистички окупатори' да се брише 'бугарски' и да остане само 'фашистички окупатори',  ама кои окупатори, никој не слушна да ги спомене".

"Верувам дека треба да продолжиме со Бугарија да правиме напори како што ме охрабрија неколку земји во ЕУ, продолжи Зоран Заев, зборувам како Зоран Заев, предводник во македонското општество со сето тоа што го направив во изминатиот период, одржувајќи европски лекции овде во душата и срцето на Балканскиот Полуостров. Среќен сум што се' уште останало европско во ЕУ преку овие чекори што се преземаат во последните денови. За нас ЕУ е "светост", им се пофали на присутните следбеници, кои не се ништо попаметни од него.

Па Зоране, глупане,  чиj си ти премиер? - на тие неколку земји од ЕУ што те советуваат да си го продадеш својот народ, неговиот идентитет и јазикот кој го зборуваат многу векови пред Бугарите да стигнат на овие наши простори или на народот кој те плаќа да ги браниш неговите, македонски, национални интереси? Имаш ли одговор на ова прашање?

За време на посетата на Битола, малцинскиот премиер на Северна Македонија присуствуваше и на промоцијата на 6 еколошки автобуси во РЕК за транспорт на вработените, платени 1,4 милиони народни евра. Чесно ли е ти, велепредавник, криминалец и изрод  да собираш политички поени и да го лажеш народот дека сето тоа што го правиш е во негова полза?

Претходно, како известува denesen.mk, тој го посети и Офицерскиот дом, а во Битола беше пречекан со повеќе пароли, меѓу кои и една на која пишува: "Предавник"!

На конференцијата за новинарите од пред два три дена, Зоран Заев погази се' што во својот предходен "патриотски" говор упатен до нацијата   им порача на Македонците. Им порача, дека Бугарија со ветото за блокирање на преговорите за влез во ЕУ се покажа дека не ни е пријател, ниту добар сосед бидејќи го прекрши договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји.

Каде ти е и дали воопшто имаш некое човечко достоинство што наеднаш ја сврти капата и ги обнови преговорите за задоволување на сите нечесни барања на Бугарија, вклучувајќи го и целиот македонски образовен систем,  за кој велиш дека е дел од реформите на твојата влада?

Дел од содржината на последниот говор пред новинарите се однесуваше на многу лажни и празни ветувања, дека со неговиот план 21 ќе ја препородел државата и ќе им го направел животот на граѓаните подобар од било кога пред тоа. Ама вториот и завршниот му го посвети на Канабисот, за "медицински" потреби и за лична употреба во "мали количини". Покрај големите приходи за производителите на оваа корисна билка, таа  на граѓаните ќе им обезбедела високо платени работни места.

А што  друго би очекувале од ваков премиер? Дрога и уште повеќе дрога и распродажба на се' што Грците, Бугарите и Албанците ќе побараат  како дополнителни услови за влез во ЕУ. До каде ќе одиш несреќен Зоране?

Ќе може ли Македонија да оди напред со лидер криминалец, арамија, изрод и велепредавник  кој на цел македонски народ му фрла пепел во очите и се игра мајтап, а уште да не добие заслужена "награда" и ниту едно влакно од главата да му падне?

Интересно е да се спомене, дека   мајката на Зорана чувствувала несреќа која може наскоро да го снајде нејзиниот  син, премиер на Северна Македонија. Спрема зборовите на нејзиниот друг  син Вице, ништо помал криминалец од брата си Зорана, длабоко била повредена и секој ден плачела, заради навредите што му биле упатувани на Зорана преку ТВ и други медиуми. Е, секој си ја крои својата судбина, па и Зоран Заев. Затоа, никакви мајчини солзи нема да го извлечкаат од мочуриштето во кое е навлезен до гуша. Неговите гревови се преголеми, а тој не е вреден да ги согледа. Поарно ќе биде и за него и за неговото семејство да си го земе куферчето и да си замине во Софија или Атина, дури има шанса некој да го прими како гостин. Доколку му е уште потребен на некого ваков истрошен и безвреден криминалец и велепредавник на својот сопствен народ за личен интерес.

И за крај  пред Божиќните празници би и' изразил сочувство на Зорановата мајка што не успеа да изгледа човек, како што  за сигурно секој ден му се молеше на Бога детето кое го носеше 9 месеци да биде здраво, живо и барем со малку ум и разум во главата. А најповеќе, да биде чесно, достоинствено и лојално дете на својот народ. 

За спротивните од желбите мајчински, секогаш следеле "награди", особено за оние кои како Зоран Заев успеале да се качат високо во власта на Македонија, и ја злоупотребиле довербата на народот.

Такви како Зоран Заев, секогаш виселе со главите надолу и за многу помали штети по нивните национални интереси. Еден од нив бил Бенито Мусолини, италијански диктатор од Втората светска војна! Па...!

 За секогаш Ваш, Сотир!

АСНОМ

Асоцијација на наставници по Историја на Македонија

ЗАД СПОЈУВАЊЕТО НА ИСТОРИЈАТА СО ДРУГИ ПРЕДМЕТИ СЕ КРИЈАТ ПОЛИТИЧКИ, А НЕ ОБРАЗОВНИ ПРИЧИНИ!

 

23 декември 2020

Асоцијација на наставници по Историја на Македонија, како невладина организација во која членуваат голем број на наставници по историја од државата, едногласно го отфрла планот за реформа на образовниот систем претставен како концепт програма за реформа на основното образование.

Воедно, како одговорни наставници и професори по историја, силно загрижени за дигнитетот на нашата благородна професија, која опфаќа и одбрана на националниот идентитет, упатуваме соопштение до јавноста со кое го отфрламе понудениот концепт, укажувајќи на бројните недостатоци:

Изработка на програмата која треба да е од највисок интерес за државата и нашето општество, се случува во тајности далеку од очите на стручната јавност, што не е во духот на јавност и транспарентност како основен принцип на делување во едно демократско општество.

Најавената програма се предвидува да биде имплементирана во најверојатно краток рок (септември 2021) што гарантира принцип на импровизација и оправдан страв во сериозноста на пристапот.

Промоторите на т.н. концепт програма за реформа на основното образование, се повикуваат на лажни и неточни искуства во западноевропските земји, кои се лесно проверливи. Изобилството на висококвалитетни наставни и научни институции и кадри кои ги поседува нашата држава, иако меѓународно високо етаблирани и стручни во областа на своето делување, се заобиколени во изработката на програмата. Останува отворено прашањето од каде ја црпат компетентноста креаторите на т.н. концепт програма за реформа на основното образование, но и кои се тие?

Промоторите на програмата се повикуваат на транспарентност и конзултации со наставниците преку спроведување на незадолжителни и преопшти електронски анкети?! Нешто непознато во академскиот и демократски свет. Воедно, во анкетата недостига и клучното прашање:

"Какво е вашето мислење за спојувањето на предметите Историја, Географија и Граѓанско образование во еден единствен наставен предмет"? Веројатно одговорот е однапред познат!

Воедно, промоторите на програмата, најавуваат јавна расправа, на за нас нејасен начин, оставајќи не без одговор на прашањата кои поттикнуваат критично размислување: КОЈ?, КОГА?, КАДЕ?, и КАКО? ќе ја организира и учествува? И за критичко размислување се потребни информации!

Од сето наведенето, но и поради уште многу конкретни забелешки, искажуваме висока загриженост за квалитетот на процесот, неговиот краен резултат, а зошто да не и во неговата добронамерност. Воедно, нудиме и решенија!

Моментот и начинот на спроведување на вакви реформи може да предизвика сомнеж дали за концептот се кријат политички, а не образовни причини. Ваквиот сомнеж може да предизвика отпор кон спроведувањето на предложените реформи, што на крај би резултирало со штета врз целокупниот образовен процес.

Нашата силна и гласна порака до креаторите на споменатите реформи е следната: ТРГНЕТЕ ВО РЕФОРМИ ОД САМИТЕ СЕБЕ!

https://denesen.mk

Стефчо Јакимовски

Стефчо Јакимовски

МАКЕДОНИЈА БИЛА КОМИНТЕРНОВСКА ТВОРБА

21 декември 2020

Македонија била коминтерновска творба?! Е ајде да видиме дали Сталин дал предлог да се признае македонската нација или самите Бугари? Што кажува историјата?

Историјата вели кога Бугарите се во тесно ќе си го дадат и задникот, а кога си ти во тесно, е, тогаш ќе го бараат твојот. По капитулацијата на Бугарија 9-ти септември 1944 година, власта во Бугарија ја презема комунистичката партија и Отечествениот фронт. Тогаш им горело под нозе за да се исперат од соработката со фашизмот и да не и' плаќаат репарации на Југославија заради окупацијата во Македонија и јужна Србија.

Бугарите испраќаат писмо до командантот на Народнослободителната војска, маршалот Јосип Броз Тито. Како мачиња што се умилкуваат, покрај другото во писмото ги наведуваат следните три точки и се обврзуваат дека ќе дејствуваат по нив:

1. Бугарија се обврзува дека ќе работи на создавање на националната свест во Пиринска Македонија;

2. Бугарија се обврзува да го реши македонското прашање;

3. Бугарија ветува дека ќе се пресмета со великобугарските шовинисти од кои очекуваат да се противат на првите две точки;

Потоа Бугарија пристапува кон реализација на овие точки. Апси или како што тие велат (арестуваат) околу 300 великобугарски националшовинисти, 60-тина од нив набрзо се егзекутирани, дел пратени во работни логори и нормално голем број од нив таму и починале. На некои од нив им се губи секаква трага. За нивното исчезнување има две верзии: по едната, овие луѓе се предадени на Сталин, а оттаму завршуваат во гулазите ширум Советскиот Сојуз. Втората верзија вели дека дел од нив се предадени на југословенската тајна полиција УДБА и од нив егзекутирани. Но да се вратиме на македонскиот "впрос".

Значи не Сталин, туку Бугарите сами за да се додворат на Тито му предлагаат да ја признаат македонската нација. Остварувањето на првите две точки од писмото започнува со заклучоците на ЦК на КПБ на пленумот кој се одржал 1946 година каде на предлог на Георги Димитров се откажуваат од  Цар Самуил, одлучуваат да ги дадат моштите на Гоце делчев во главниот град на слободна Македонија и започнуваат со пребројување на Македонците во Пиринска Македонија како и подготовка на предавање на Благоеградскиот округ да се припои кон Југославија. На овој попис 160.000 луѓе се изјасниле како Македонци од вкупно 250.000 во Пиринска Македонија. Како Бугари се изјасниле 53.000 и околу 40.000 Помаци. И тоа не е се'! Дури потоа одат кај Сталин во 1946 година на средба на која од југословенска страна присуствуваат Тито и Ранковиќ, а од бугарска Георги Димитров, Коларов и уште еден член на кого во моментов не му го паметам името. На состанок Сталин вели на Македонците прво да им се даде културна автономија, а потоа Пиринска Македонија да се припои кон Југославија. И тоа не е се'! Знаете ли кој ги кажува овие факти? Главом и брадом, убав на мајка, кој би можел освен Красимир Каракачанов.  

Красимир Каракачанов.

Овие факти тој ги изнесува пред 8 години во една емисија која самиот ја води сакајќи што е можнно повеќе да ја оцрни комунистичката партија на Бугарија и Георги Димитров несфаќајќи дека денеска ни прави само услуга со кој самиот потврдува дека предлог за признавање на македонската нација во Пиринска Македонија не дала ниту Коминтерната ниту Сталин, туку самата Комунистичка партија на Бугарија во обид што е можно повеќе да влезе под кожа и да се умилкува на југословенските власти за да се спаси од плќање на репарации.

Значи Каракачанче, прав Бугарин си! Историјата си ја користиш кога како ти треба и притоа покажуваш невидена храброст, но таа храброст не ти е зашто од ништо не се плашиш, туку затоа што од ништо не се срамиш.

Затоа господа од власта малку прикочете! Дур не дошол нож под грло. Бугарите функционираат под принципот "АПП" - ако проџе-проџе.

Епа во Mакедонија сите немаме путер на главата, не сме сите уценети, сите не се плашиме и ќе се бориме до крај за мајка Македонија! (www.facebook.com

Ранци, Егејска Македонија.

 ТАТЈАНА ТАЊА

МАКЕДОНСКИ ЧУВАРИ НА ВИСТИНАТА

20 декември 2020

Селото Ранци, е родното место на дедо ми и баба ми. За неговата судбина и  за страдањето, палењето и нивното протерување, лично сум слушала од нив. Раскажувајќи ми со солзи во очите, ми ја кажуваа вистината за вековното постоење на македонците во тој дел од Македонија. 

*******************

Ранци е село  во Егејскиот дел на Македонија, Кајларско. Тоа се наоѓа на 20 километри источно од Кајлари, во југозападното подножје на планината Каракамен. Ранци или Франци, Франковица, Франкоч е многу старо село. Месната легенда кажува дека селото е основано од крстоносците, од таму и името Френско село. Ранци е чиста македонска населба ( на географските карти е обележана со античкото македонско име Вермион), на надморска височина од 1057 метри. Ранци е расположено на еден широк карпест рид, со вкупна површина на селското подрачје од 68 квадратни милометри. Неговото постоење, според некои пишани документи од османлискиот период датира уште од 15-от век. Во политичките и географските карти на завојувачите селото е запишано со различни туѓи имиња. Но, сепак, жителите на селото успеале да го сочуваат и пренесат на своите поколенија домашното име, дадено од првите предци, основачи на селото Ранци, а заедно со тоа, да ги пренесат народните преданија за неговиот постанок и вековен останок на ранчанскиот род. Од тука и денес, во секојдневниот говор, не само месното население туку и поширок, во кајљарското подрачје, селото е именувано со Ранци, а неговите жители - Ранчани. Еден од најкарактеристичните белези на селото е неговиот прекрасен антитеатрален изглед, поради што прилега на мала паланка. Карактеристичен белег е и земјиштето врз кое се простира атарот на селото. Тоа е ридесто-планинско земјиште, разделено на многубројни пространи висорамнини и зарамнини, појаси и шуми, тревни површини погодни за пасишта, но и оплеменето  со обилно водно богатство, со подземен истек на Каракамен Планина. Покрај природните богатства, планинската област на Каракамен Планина предначела и со стратегиската положба. Во прилог на ова говори и фактот   на нејзината населеност уште од античко време. 

Каракамен Планина всушност ја претставува источната граница на античката населба Еордеа, формирана со старомакедонското племе Еордајци или Аргеади, при нивното продирање од Горна кон Долна Македонија. Интересен е и податокот дека низ неа поминувал и патот кој од Пелагонија (Битола) и Линкестида (Охрид) водел за Елимеја (најстаро седиште на македонските племиња) и Тесалија, како и римската Виа Игнација која од Линкестида (Охрид) се движела по северниот дел на Еордеја во правец на Едеса (Воден) и Тесалоника (Солун). Се' до римскиот период, под Еордеја се подразбирала племенската територија, односно комплекс од населби обединети са заедничка организација и управа.

Историските траги на Еордеја и' се губат уште во визнатискиот период, така што во словенската колонизација на Балканскиот полуостров, поточно во Македонија, која тогаш била под визанстиска власт, таа станува составен дел на македонската Склавинија-Драговитија, која се простирала западно од Солун се' до Бер. Со паѓањето на Македонија под турска власт, Еордеја станува чисто турска населба, позната под името Кајљари.

Во 1820-та година Ранци е чифлик на Али Паша Јанински. Во 1822 година, за време на Негушкото востание, селото е до темел изгорено од османлиите, а месното население многу настрадало. Со потпаѓање на дел од Македонија под грчка власт, Кајљари и понатаму го задржува статусот на седиште на околија и административен центар, познат под името Птолемаида.

Областа Еордеја, археолошки е малку истражена, но постојните археолошки наоѓалишта со антички остатоци покажуваат дека во таа област постоеле помали или поголеми населби, по левата страна на патот Кожани-Бер. Во овој простор се наоѓа и населбата Ранци, што не' упатува на претпоставка дека под земјиштето врз кое се простира неговото подрачје, лежат остатоци од некогашната античка населба. На таква претпоставка не упатуваат и микротопонимите што означуваат населби од некогашни градби, како и легендите за името и постанокот на селото Ранци.

Најголем доказ за постоење на археолошки докази е тврдењето на месното население дека на нив се наидувало, речиси секојдневно, дека се обработувало земјиштето, особено во локалитетите Градишче, Новоградишче и Грамуради. Посебно најубедлив доказ за постоење на остатоци од некогашна античка градба, според месното население биле остатоците од некогашни гробишта (надгробни плочи, коски од човечки скелети, златници) на кои наидувале при обработка на земјиштето, во непосредна близина на локалитетот Градишче, поради што и месноста со  овие гробни остатоци ја нарекувале грубувајче (вадење на гробови). Овие податоци ги потврдува и тогашниот селски учител. 

Што се однесува до остатоците од другите населби на просторот на селото Ранци, грчката власт веднаш по нејзиното воспоставување се погрижи да ги отстрани. Така на пример ги урна и ги збриша сите споменици од османлискиот период, џамијата, кулата, конаците, турските гробишта, одкако го отстрани турското (муслиманското) население што живеело во селото. Меѓутоа задолжителната размена-како  што беше наречена Лозанската конференција, која и' ја наметна Турција на Грција на 24 јули 1924 година, а со која се предвидуваше принудно иселување на сите муслимани од Грција во Турција, како и на сите христијани од Турција во Грција, не ги даде очекуваните резултати за грчката држава: промена на етничкиот состав на селото, како еден од методите за денационализација и асимилација на македонското население. Напротив, таквата мерка уште повеќе ја зацврсти македонската етничка заедница како и пред пет века, пред колонизацијата на турското население на селото, кое, ранчанските жители, а и целото македонско население ги нарекува Маџири, дојденци, бегалско население, а не грчко. Од податоците што ги дава грчката власт во своите статистики за составот на населението во селото, во ниеден случај не регистрира доселеничко население, а населението од селото го именува како "ендопско", во смисла на тукашно, староседелско население.

Грчката власт во рушевини ги претворила и спомениците на ранчанското население: црквите, манастирите, за да подигне повторно од нив, но се разбира, со грчки белези и писмо на нивниот влез. И покрај новото именување на црквите и манастирите, месното население и понатаму продолжува да ги именува со своите месни називи: "Ста.Петка" (Св. Петка) , наместо Агија Параскевија, "Сти Никола" (Св. Никола), наместо Агиос Николаос, "Ста Мина" (СВ.Мина), наместо Агиос Минас. Старото именување го задржува и срушениот манастир "Сти Илија" (Св. Илија), како и месноста каде што бил изграден манастирот. Грчката власт им забранила да вршат богослужби во црквите што ги изградило месното население. За таа цел грчката држава во 1874 година ја изградила црквата Агиос Анастасиос, во која месното население ги вршело богослужбите. Меѓутоа и овој црковрн објект во живиот говор месното население го именувало како "црквата", а не со грчкиот атрибут "агиос", за да го разликува од останатите црквовни што самите ги изградиле пред да биде изградена оваа црква.

Фактот за рушењето на сите материјални докази за населбите, посебно за македонските населби, сам за себе зборува за стравот што го чувствувала грчката власт од постоењето на историско-етнички траги на териториите што ги имаше приграбено.

Паралелно со овој процес течеше и процесот за преименување на населените места што ги имаше озаконето уште од 1918 година, па се' до 1970 година. Со забраната на македонските имиња на населените места, се забрани и употребата на македонскиот јазик. Ако го земеме предвид кажувањето на еден голем мислител Спиридон Ламбас "имињата на местата ја откриваат нивната скриена историја", со други зборови, тие се извори за историјата на еден народ, јасна е намерата на грчката власт со донесувањето на вакви закони. 

За името и постанокот на селото Ранци сочувани се две преданија. Паралелно со името Ранци постоело и друго име од туѓо јазично потекло: Франци, Франкоч, Франкофча и др.  Според преданијата населбата Ранци е формирана од родот ранчани и тоа во месноста Брза, во подножјето на планинскиот предел Шапкара, која се наоѓа на 4-5км оддалеченост од денешната населба. Тоа било привремено престојувалиште каде се чувале ранетите од борбите за да се населат во месноста Градишче (име дадено од месното население). По неуспехот да се населат во постојната населба, се вратиле во месноста Брза и тука формирале своја населба. Подоцна и неа ја напуштиле за што говори второто предание. Тоа се случило за време на крстоносните војни, кога една единица од крстоносните војници, именувана од народот како Франци или Франки, во својот поход за Цариград, поминувале односно логорувале во месноста каде што е денешната населба. По нивното заминување, жителите од првобитната населба Брза, се населиле во напуштената месност од Франците, бидејќи била по на југ и позаветна од видикот на минувачите, затоа што било време на војни и походи. Од тука произлегло и второто име на селото-Франци, како основачи на таа населба. Меѓутоа, на ранчанското население не им сметало тоа име, бидејќи го содржело и името на нивното село Ранци. Подоцна кога османлиите ги завзеле овие простори, нивната населба ја нарекле Франкоч, а грците ја изговарале како Франгоци.

Ранчани, својата прва населба ја нарекувале Новоградишче, за да ја разликуваат од постојаната Градишче. Семантичкото име на Ранци, народниот етимолог го доведува во врска со раното доселување на првите доселеници (раноранци како што вели), во споредба на подоцнежното доселување на други доселеници.

Според грчката легенда, денешното село Ранци е изградено врз урнатините на стариот антички град  Франгосија (од времето на Александар Македонски), од каде го добиле и името Франгоци. Контрадикторноста на оваа легенда е воочлива уште на прв  поглед. Името Франг не е ниту грчко, ниту старомакедонско, туку германско, односно името Франг означува човек од германско племе, кој ја освоил Франција. Подоцна ова име се употребува за човек туѓинец, од западна Европа, европеец, небалканец. Можеби има врска и со крстоносните војници Франките. Најпосле, ако името на селото Франгосија (Ранци), беше од грчко потекло, тогаш грчката власт не ќе имаше потреба тоа "грчко" име да го замени со ново - "Ермаќа", особено затоа што зборот "еримос" во превод значи "пусто" - израз кој најчесто се употребува како апелатив за клетва (пустелија да фатиш).

Законскиот акт со кој селото се преименува беше донесен на 20 јануари 1927 година. Интересен е и податокот дека при преименувањето на селото имало вистинска караница. Неговите жители не сакале да го сменат името Ранци и дека името   Франгоци е само грчки изговор. Државниот службеник тврдел дека името на селото е грчко и дека добиено по некој роднина на Александар Македонски Франгосија. Тогаш најстариот од жителите, кмет на селото, рекол "па нели и ние сме потомци на Александар Македонски?". Во тој момент државниот службеник толку многу се изнервирал што почнал да вика "охи македонас" (не е македонец), ("Александрос мегалос"  "Александар Велики), "вие сте без корен, пусто да остане вашето село и вашето варварско племе, затоа вашето село ќе се вика Ермаќа". Се добило впечаток дека ова име баш во тој момент му паднало на памет на државниот службеник.

Вистинитост на кажувањата на жителите на селото Ранци се потврдуваат и со фактот што грчкото Министерство за внатрешни работи во 1926 година издава "Упатство за преименување на општините и населбите кои имаат турско или словенско потекло". Покрај сите закони донесени со цел да се изврши притисок на населението да се откажат од својот национален идентитет и својот јазик, не успеале. Напротив, чувството дека тие не се ни Грци, ни Срби ни Бугари, туку Македонци со својот јазик, култура, традиција, се' повеќе се зацврстувал и се пренесувал на своите потомци.

Жителите на селото Ранци учествувале во сите војни кои ги водела Грција, секогаш како лојални граѓани, надевајќи се дека по завршувањето на истите, ќе ги остварат своите основни човекови права. За жал, тоа не успеале да го остварат ни со Балканските војни, ни со Првата и Втората светска војна, ниту со граѓанската војна 1946-1949 година. Сите тие војни придонеле Грција да ја оствари својата цел: денационализација, асимилација, а за оние непокорните-масовно иселување од родното место, забрана за повторно враќање и одземање на нивните имоти. Се разбира, за ова Грција беше силно помогната од Големите Сили.

Денеска, повеќе од две третини од жителите на селото Ранци се раселени низ целиот свет, не земајќи ги во предвид жртвите дадени во војните. (www.facebook.co)

Селото Ранци, Егејскиот дел на Македонија.

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

***

БИСТРА КУМБАРОСКА

 КОЈА Е?

Која е таа песна
која не е ни пријатна ни непријатна
која те голицка секое утро на биро,
се користи како плочка за играње куцанка,
или се меша со нес кафе и со ладна вода?

Која е таа песна
која те смешка секоја вечер во сон,
која те буди посилно од комшиите,
која е ситна, а лична
и не фаќа место во ташна,
а sвечи како клуч на привезок?

Која е таа песна која би била достојна за тебе,
која би била доволна за мене,
и која ќе те допира кога јас не можам,
и која ќе ме гушне кога ти не сакаш?

Која е таа песна
која не е величи љубовта,
а те сака колку јас тебе?

Не,
не е оваа.
************
Бистра Кумбароска

 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

**************

MERRY CHRISTMAS FROM

OUR TO YOUR FAMILY

****************

SOTIR & ANA

 

 

Kind regards : Sotir Grozdanovski - Makedonski

Број 328, (25 декември 2020)