БЕЗ СИЛА НЕМА ПРАВДИНА

Сотир Гроздановски-Македонски

 

 Сотир Гроздановски-Македонски

СО НЕДОВЕТНИ И ЃАВОЛОТ НЕ ТРГУВА

 

 

14 декември 2020

Лагите на Зоран Заев не се европски вредности. И секој кој сака да го испроба неговиот пат,  ќе ја доживее истата судбина. Повредениот дух на македонскиот народ ќе му ја врати тупаницата. Можеби ќе му дозволи уште малку време да се собере и да побегне дури може, како и неговиот предходник. Но било  каде да се скрие, нема мирно да спие. Осветата на вториот македонски Андон-Ќосето ќе го смести таму, каде лежат квислинзите, предавниците, изродите. Ќе го смести да служи за  пример, дека со достоинството и честа на Македонците не треба никој да се поигрува и да ги предизвикува на двобој, зошто, верувале неговите следбеници или не, сепак, тие се свет народ, а нивната Татковина е Библиска земја. 

Тоа го знаат и сите други па и Бугарите, па затоа, да не си ги валкаат своите раце, најдоа недоветни платеници, како Зоран Заев, да им ги довршат нивните недовршени злосторства над судбината на македонскиот народ. Но и тоа не им успева така лесно да не кутнат на колена за да просиме за милост. Ние сме ФЕНИКС кој се препородува, бидејќи корените ни се длабоки и затоа сме вечни и неуништиви.

Последното вето на Република Бугарија со кое ја попречува македонската интеграција во Европската заедница на народите докажува, колку се плаши  нашиот источен сосед од присуството на Македонија и Македонците таму, каде, откако ќе ја слушнат македонската вистина, ќе мораат да се засрамат и да се покријат со своите сопствени уши, за секогаш. Или, можеби, и тоа е уште една игра на Зоран Заев за да го испита реагирањето на Македонците. Инаку, зошто би го испратил Бучковски во Софија, кога знае дека тој е бугарски шпијун и дека работи за Бугарите, а не за Македонците?

Обраќањето на Зоран Заев до "неговиот народ", после  фијаското со Бугарите од пред неколку дена, потполно го оголи и покажа каква  нестабилна  и несигуна личност тој бил. Бил камелеон, ама и тоа повеќе нема да помине кај Македонците.

Стравот од  иднината која го чека за сите неправди, лаги и срамотења на "својот народ" дома и пред светската јавност го втера в ќош и како уплашен зајак се обидува да докаже дека тој не бил тој кој народот го знае како велепредавник и злосторник, туку патриот кој ќе ја продолжи борбата за остварување на неговите стратешки цели. При тоа не заборава да го спомене и својот до вчерашен сојузник во растурањето и распродавањето на македонските вредности Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, дека за се'  тие  биле криви. Биле од почетокот на велепредавствата "против" евроатланските интеграции и за обновување на македонскиот национализам. Тие, по неговите зборови, не се ни удостоиле да му честитаат на големиот успех: влезот во НАТО!

Зоран Заев освен негативни, нема никакви други особини со кои Македонците би биле горди. Си продолжува, човекот, со тоа што најдобро го знае, лагата и глупостите кои ги тресе секој ден дома и надвор,  верувајќи дека тој е единиот пат по кој би требало македонската држава и Македонците да се движат кон светлата иднина.

И покрај тоа што одново ни се претставува како патриот и Македонец кои нема никогаш да преговара и договара за нешто што на Македонците им е свето, одма после ветото на Бугарија како специјален олеснувач го испрати Владо Бучковски, да преговара и договара решенија Бугарија да го повлече ветото и на Зоран Заев да му гo обели образот. За што Бучковски ќе разговара со своите пријатели меѓу кои се чувствува како дома? Има ли овластувања  во името на својот газда, Зоран Заев, да  им даде на Бугарите се' што е потребно за да му се сожалат  и го повлечат ветото? Ќе го видиме и тоа, наскоро.

А сега да видиме што има да ни каже во своето видео со кое ни се обраќа нас, Македонците, кои се неговите идни планови кои би требало, сепак, еден ден да не пикнат и во Европската Унија и така да не направат среќни, како никогаш до сега.

"На сите ни е јасно, вели премиерот, дека во овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачка рамка за нашата земја. Ова е неодговорна грешка и горчлива вест за целата наша нација. На овој ден се слуша кај нас големо разочарување во една издишка. Бугарија стави вето! Го прекрши договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција, за која во повеќе наврати институциите на Европската Унија и земјите членки потврдија, дека целосно ги исполнуваме условите. И продолжува. Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собрала сила да се однесува европски. Бугарија дозволи да испорача гест кој непокажува ни пријателство ни братство.

Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21-от век не е европски ниту демократски да му кажете на друг како да се чувствува и како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.

За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови. Затоа ние застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Недозволивме да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот. А тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик. Нема да дозволиме ниту антифашистичкиот идентитет на нашата земја да биде загрозен и да биде доведен во прашање. Темелите на нашата државност се во антифашизмот и во АСНОМ. Како што темелите на нашиот идентитет се во нашиот народ и македонскиот јазик. Тоа се нашите столбови за иднината. Ние сме свои на своето, чисти пред себе и пред светот. Знаеме кои сме и точно знаеме каде одиме. И точно знаеме  зошто се смее, а зошто не смее ниту да се преговара, ниту да се разговара".

Па "господине" Зоран Заев, да се поставевте спрема Грција така, немаше со радост да го потпишувате Преспанскиот договор  од кои произлегоа сите проблеми кои денес ги имаме, во голема мера, и со Бугарите. И Бугарите не се помалку наивни и поглупи од вас. Со вашиот интервју за бугарската ТВ од пред нешто околу две-три недели на Бугарите им беше јасно со кого имаат работа. Дури и тие видоа дека од вас може да се добие се', ако и вие добиете некоја трошка и ветер во грбот. Да ви дозволат да влезете во ЕУ и да ја изгубат шансата да не побугарчите и да им признаете дека  нивната фашистичка окупација на Македонија во Втората светска војна  беше чин на братско ослободување, а многуте sверства над Македонците  само измислени лаги и клевети од непријателите на Бугарија.

Сега се уверивте "господине" Заев дека со недоветните и ѓаволот не тргува? А до колку, сепак, ја свиете кичмата на Македонците, во тој случај невозможно ќе биде да го дишете македонскиот воздух, да го јадете македонскиот леб и да ја пиете македонската вода за долго.

Не ли вие барем малку срам, до колку имате човечко достоинство, кога велите дека, цитирам: "Во 21-от век не е европски ниту демократски да му кажете на друг како да се чувствува и како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишуваш историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати. А и без големи уцени и закани вие од прво им потпишавте се' што Грците ви побараа, дури и им признавте дека Македонците им ја краделе историјата и затоа треба се' да им се врати. И им го дадовте дури и македонското вековно име на една гангстерска нација родена во 1830 година. Зошто тогаш не им го свртивте грбот на Грците и ако за возврат ништо не ви дадоа, дури в очи ви рекоа и напишаа дека Договорот не е гаранција за влез во НАТО и Европската Унија? Се откажавте од спомениците и ги стружевте македонските сонца по македонските шахти на секаде по македонските улици и плоштади. Наместо името на македонската нација ја означивте со коса цртичка и граѓани на Северна Македонија. Исто така и на личните документи и патните документи. Нели вие срам  Македонците родени и пред да е создадена Република Македонија да ги регистрирате како родени во вашата фикција Северна Македонија? Дали Македонците со дадениот, како што велите, мандат ве овластија така да им ги менувате имињата и датумите и местото на раѓање, умирање, женење и т.н за граѓани на Северна Македонија која нема никаква историја, ниту свој јазик, ниту култура, а ниту свои гробишта. Против уставно и' го конфискувавте севкупниот имот на Република Македонија и правите со него се' што сакате? Тоа ли е вашиот 21-ви век?"

Мене ми е срам да продолжам со вашите глупости изречени во вашето обраќање до нацијата, зошто мислите излезени од вашата изветреана глава не се достојни да се споменуваат во Македонски Збор повеќе од колку е нужно читателите да се разуверат дека секој ваш изречен збор е лага и невистина, верувајќи дека Македонците имаат кратко памтење, па ќе се поиграте мајтап со нив. 

"Господине" Зоран Заев вашето време истече и најдобро ќе биде ако вашите членови ве симнат од власта што побргу, тоа поарно и за Македонија и за СДСМ. И ако тоа не го сакате да се случи на таков начин, тогаш земете си го куферчето и одете во Муртино да си ја продолжите својата работа која ја знаете најдобро. Тоа, можеби, ќе биде олеснувачка околност кога ќе дојде времето да одговарате за се' што досега и' направивте на Република Македонија и на Македонците.

Сега би требало да ви е јасно, зошто со недоветните дури и ѓаволот не тргува.

За секогаш Ваш, Сотир!

Панде Колемишевски

БУГАРСКОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО БОЛОНСКАТА ШУМА

03 декември 2020

И по 78 години не е познато каде се гробовите на народните херои Мите Богоевски и Стив Наумов, загинати во борба со бугарски војници и полицајци.

***************

Во македонската историја има повеќе сведоштва за злосторствата на бугарската окупациска војска во Македонија. Речиси сите се опишани низ разни лични искази на свидетели, напишани се многубројни статии, книги, монографии за такви настани и биографии на настрадани цивили или борци од македонска страна. Најчесто се спомнува масакрот кај селото Ваташа, Кавадаречко, кога во јуни 1943 година биле стрелани 12 младинци. Но, сепак, во тие спомени влегува и погибијата на Мите Богоевски и на Стив Наумов, двајца народни херои од Македонија. Споменот за нив што ќе биде преточен низ овој текст не може никој да го впише во новопоставената евиденција за тоа кој шири омраза против Бугарија. Кажувањето на вистината, како и да ја наречеме, не е омраза, ширење омраза создаваат лагите, искривоколчувањата или фалсификатите. И лошите луѓе од кај и да се. На 10-11 септември 1942 година е извршена провала во комунистичко-партизанската организација на Преспа и на Ресен. Во два дена дваесетина лица беа накодошени, предадени, уапсени и ставени во затвор. На дедо ми Ташку во една вечер му беа уапсени четирите сина. Стрико ми Димитар (Тени), како секретар на СКОЈ, бил осуден на 101 година, другите помалку. Само дедо ми знаеше со колку наполеони, со колку мито платено во злато, ја купи нивната слобода. Ретко кога го спомнуваше тој стрес, таа ноќ кога останал без коса. Но никогаш не кажа лош збор ни за турско во кое беше роден, ниту против Бугари, ниту Срби, беше еден космополит и човек што со молчење си ги тргаше своите маки.

Димитар (Мите) Богоевски и Стефан (Стив) Наумов.

Не е тоа главниот настан. Голема драма се случила во селото Болно, пет километри оддалечено од Ресен. На 12 септември, по дојава на селски кодоши, од бугарски полицајци и војници е оспсадено селото. На началството му било кажано дека таму се кријат двајца опасни шумкари Димитар (Мите) Богоевски и Стефан (Стив) Наумов. Мите е роден во Болно, Стив е таму по задача, бил битолски партиски активист задолжен за соработка со преспанските партизани. Среќавајќи се за договор како да се засилат акциите за натамошна борба за ослободување заноќиле во колиба на самиот крај на селото, кај бонската шума. Колибата била опколена од полицајците, како што бил воениот ред, ги повикале да се предадат. Но не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот започнале борба, а кога им снемало муниција со последната бомба се разнеле, извршиле самоубиство. Не го ставиле образот под нозе не рекоа Бугари сме биле, Бугари ќе останеме, туку ги жртвуваа животите за светла иднина на својот македонски народ што и преку нивните жртви дојде до слобода и создавање на своја држава. Беа двајца против дваесет. Што се случува понатаму? Телата на загинатите биле донесени и изложени сретсело, биле викнати домашните за да ги препознаат, биле официјално фотографирани, а потоа закопани во блиската болонска корија, секој засебно. По две недели местото го нашол некој овчар и им кажал на најблиските роднини.

Тие скришно отишле да ги откопаат за да ги погребат како што носи редот. Но шпионите повторно не спиеле. Некој им јавил на началниците, експресно стигнале во шумата. Како што плачеле роднините, ги претепале со кундаци, удриле и по сопругата со едногодишниот син на Богоевски. Ги откопале телата, некаде ги однеле и досега не им се знае гробнината. Една верзија е дека повторно ги закопале во шумата, одвоени главите од телата, другата дека ги однеле кај селото Ѓавато што е на половина пат меѓу Битола и Ресен и таму ги запалиле да изгорат, да се сторат пепел, никаква трага од нив да не остане.

Така кажувале селаните, така кажуваа оние што биле живи сведоци, како што е запишано така ја раскажувам и јас оваа преспанска партизанска крвава сторија. Никој не го споменувал администраторот, сите го споменувале окупаторот, кој имаше национална ознака - бугарски фашизам. Сведоците ја правеле националната разлика. Самите велеле: ги предадоа Македонците, ги погубија Бугарите. Така било, така останало, речиси се' се знае само гробот не им се знае.

Мите имал 23 години, Стив нецели 22. По ослободувањето на Македонија, двајцата се пргласени за народни херои. Имињата на Мите Богоевски и Стив Наумов во чест кон нивното херојско дело ги носат денес  училишта и улици во Ресен, Битола и во Скопје. Мите Богоевски, освен како револуционер се изучува и на часовите по мајчин јазик како поет вброен меѓу значајните поети во македонската литература меѓу двете светски војни. Во Македонија зачувани, познати и рецитирани се само четири песни, поеми и тоа: "Спроти Илинден" напишана во 1938, "Стојанка млада партизанка", "Разделвачка" (објавена во весникот "Наша реч" во 1940 година) и "Триесет и девет минаја". Песната спроти Илинден се смета за една од најубавите во македонската литература напишани на илинденска теме. Тоа е онаа песна што почнува со стиховите "Гумно е, под копитата тешки на којни, се рони клас по клас. По гумејната жешки горат селаните, скап е секој час..."

За песната "Разделвачка", иако во литературата пишува дека е создадена во 1940 година, дел од семејството на Богоевци сметаше дека се родила по последната средба на поетот со сопругата Љуба, неколку дена пред да загине. Богоевски во песната напишал "ти оставам младо чедо, радуј се и теши се со него, немој да жалиш по мене, барај си лика прилика." Во тоа време нивниот син имал само една година.

Синот на Мите, Богомил Богоевски, има изјавувано дека во Бугарија неверојатно се наоѓаат над педесетина патриотски, необјавени песни, раскази и дел од незавршен роман од татко му. Во неколку наврати му се јавувале лица од Бугарија повикувајќи го да оди лично и да ги земе тие ракописи, но тоа не се случило. Претпоставка е дека песните ги зеле бугарски војници при претресите во родниот дом во Болно и не се знае дали се чуваат во некои државни архиви или во некој приватен дом. Во тие архиви сигурно се чуваат и ракописите и фотографиите што биле направени на денот на злосторството, во нив сигурно се опишани и настанот и местото каде што се закопани останките на Стив и на Мите.

Стив Наумов бил класичен бунтовник и револуционер. Поради отворен отпор кон властите бил апсен и од српската и од бугарската полиција, лежел затвор во Белград каде што тој почнал да студира техника, а Богоевски економија. По враќањето во Битола бил еден од раководителите на Народноослободителната борба во тој регион. Во Преспа се засолнил откако на 6 мај 1942 година во Битола го убил полицискиот бугарски началник Александар Ќурчиев. Насред чаршија, лице в лице, со еден истрел од пиштол. Во Битола бил секретар на Месниот комитет на Комунистичката партија. Се спротивставил на решението на Методија Шаторов-Шарло кога сакал да ја припои македонската партиска организација кон Бугарската комунистичка партија. Го организирал и раководел при формирањето на битолскиот партизански одред Пелистер. Во јуни 1942 година станал член и политички комесар на Оперативниот штаб на Народноослободителните и партизански одреди на Македонија.

По војната на партизанските гробишта во Битола бил подигнат гроб на Стив Наумов, во надеж дека југословенските и бугарските власти ќе направат некој договор во кој ќе се каже каде се наоѓаат неговите останки. До такво нешто не дошло. Гробот остана празен, иако има надгробна плоча со име (Стив) презиме и датум на раѓање и на загинување. Во алејата почива и неговиот брат Ѓорѓи Наумов (1914 - 1942), кој бил обесен во скопскиот затвор, "администриран" од бугарските џандари.

Во архивите на македонската влада и администрација се регистрирани неколку барања од властите во Бугарија, не само сегашните, туку и од времето на комунизмот, Македонија да покаже добра волја и да направи евиденција на локациите каде што се закопани бугарски војници и полицајци загинати за периодот од 1941 до 1944 година. Тој број не е многу познат, но сигурно не е мал штом има такви барања.

Авторот на овие редови нема податок или сознание дали е такво нешто реципрочно побарано од бугарските власти, да проверат во нивните архиви каде се незнајните гробови на настрадани македонски партизани или цивили. Таа размена на документи сигурно ќе води кон простување, а не заборавање, кон зближување не кон оддалечување меѓу двата народа, меѓу двете држави. Добрите традиции на современа Европа бараат државите, кои дури и војувале една против друга, заедно да ги почитуваат своите мртви, испраќајќи порака за помирување и единство.

novamakedonija.com.mk

 Аљоша Симјановски

МАКЕДОНСКАТА ПАЛИНГЕНЕЗА - МИСТИЧНИ БЕЗДНИ НА СВЕСТА

 10 декември 2020

Нашиот сегашен, вистински, идентитет останува ист, непроменет во текот на историјата и секогаш достоинствено испливува од под малтерот и од под густите идентитетски наслаги, премачкувања, прекрстувања, илузии, притисоци, промени на личниот опис во кафезот на геополитичките и историските неправди.

Палингенеза, според западното толкување, е преселба на душата...Но, за нас современите Македонци, таа е интересна и актуелна како техника на промена на идентитетот за време на земскиот живот, не на она мистичното, оностраното... Не постојат Македонци во Македонија, тоа место секогаш историски било населено со некои други. Словенскиот карактер на современата македонска нација и јазик од некои внатрешни и надворешни кругови упорно се нуди како претпоставена рамка и главната основа за појдовна рамка за решение на многубројни историски, лингвистички спорови и недоразбирања меѓу Република Македонија, "фантомската, коминтеровска, Титова творба" и соседите. Истата бајата епска реторика и стари приказни и оваа есен.

А што се однесува на приказните, за нив некогаш се веруваше дека стигнуваат по реалното искуство и како постапка ретроактивна ја уредуваат нашата сетилност и и' даваат смисла на животната и историска бркотница. Но тоа ни денес ништо не внесуваат и не осмислуваат, туку скоковито стигнуваат од секаде и се главно погодни за нормализирање на нашето трауматско доживување од "грабнатата" и вековно празнета македонска историска стварност.

Во педесеттите години од минатиот век, на музичката сцена во тогашната ФНРЈ, покрај инструменталните, се појавуваат и вокални џез интерпретатори. Една од водечките фигури на таквите трендови е извесната Ирма Флис, Словенка по потекло од Фурланија, место близу до Венеција. Говорела на тешко разбирлив словенечки јазик, за кој, според Бојан Адамич, композитор, аранжер и диригент, се претпоставуваше дека е конзервиран прасловенски стар јазик. Имено, во Фурланија луѓето зборувале на прасловенски јазик стар неколку илјади години, што е уште една потврда дека освен Антички Македонци, ете, постојат и Антички Словенци, или дека Словените се народи што живееле на овие простори неколку илјади години, а не како што не' учеше официјалната "заткарпатска" историја.

Инаку, првпат, службено името Словен го спомнал во своето писмо византискиот цар и "историчар" Пеофирогенит. А тоа е време кога Германите и Норманите, кои се најблизок род со Словените, можеле да ја приспособуваат историјата и да ги кријат трагите на вистината дека првото цивилизирано население на европскиот континент биле словенските предци во науката познати како Венети.  Винчанското писмо е најстаро писмо во светот досега откриено и дешифрирано од врвни авторитети - археолози.

Па, така, голем број наоди, размисли, приказни се' повеќе не ' упатуваат и водат кон вистината дека Античките Македонци биле Словени пред да се ородат, со сила или со согласност, со Античките Хелени и дека Словените не се доселиле на Балканот во шестиот век, туку се прв цивилизиран народ во Европа. Забуна сториле и дискретно продолжуваат во таа насока одредени академски и интелектуални кругови во Македонија и на Балканот пошироко, кои пишуваат и зборуваат за Античките Македонци како да не биле Словени. Не ја знаат научната вистина, или се во прашање некои "повисоки цели и интереси" поради кои упорно опстојуваат во своите "научни вистини и убедувања".

Ова го знаат сите релевантни научни институции во христијанските земји, освен академиците и "извесни" интелектуалци во Македонија и во Србија, а веројатно и во Грција и во Бугарија.

Античкото наследство, тоа си беше безбедно, длабоко закопано во земјените архиви, под карпите и под македонскиот плоден и животороден алувиум. Таму не смееше ниту да се чепка, а камо ли проучува, истражува. Тоа беше мајдан резервиран за многубројни историски фалсификатори, диви копачи и трагачи по богатства и возбуди, кои немилосрдно откопуваа, распарчуваа артефакти, им ги продаваа на белосветските колекционери во пакет со фалшиви нарачани приказни за багателни цени, при што систематски го дробеа македонското ткиво. Можеби тоа е една од причините што нашата држава и народ често во минатото, па и денес од некои места и кругови, се нарекувани вештачка коминтернова творба, измислена нација со ограничен и оспоруван идентитет.

Во последниве триесетина години се подотворија вратите на долгата и неверојатна историја на Македонија и нејзината многу често бездушна употреба за најразлични цели и интереси. Од историското депо изминативе неколку плурални лета, некако срамежливо и скромно започнува да извира една малку поинаква и тивка историја. Од подземните пребогати архиви и историски депоа почна да се откопува и наsира една скриена и со векови премолчувана цивилизација, која до пред извесно време беше  настрана словена изговарана со шепот. А историјата колку трезвено и дасе пишува и со волја за објективност, секогаш останува книжевна измислица и ја претставува третата димензија на фикцијата.

Животот без приказни е невозможен и бесмислен и се претвора во состојба на тегобна неизвесност и несовршеност. Тие се исцелителна капка за телото и духот, јазол и вруток од кои внатрешниот порив и говор станува пламен и усвитено јадро.

Нашиот сегашен, вистински, идентитет  останува ист, непроменет во текот на историјата и секогаш достоинствено испливува од под малтерот и од под густите идентитетски наслаги, премачкувања, прекрстувања, илузии, притисоци, промени на личниот опис во кафезот на геополитичарите и историските неправди. Македонскиот народ е горд на своето славно минато, чувствува огромна љубов за својата родна земја, која го инспирира и поттикнува во континуитетот на борбата за заслуженото место под сонцето на светските народи.

novamakedonija.com.mk

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

* - * 

ВЕНКО МАРКОВСКИ

 

 

ОГИНОТ

На борба, машко племе,
за радост светнал ден!
Пред нас е ново време,
зад нас е народ дрен!
Се' живо в огин гори -
се крева ропски мрак;
за слобода се бори -
ке светне мајкин праг!
У дим се пусти села,
се лее крв низ град...
Еј светат бујни чела...
На нож е стар и млад!
Со песни борци гинат
се свива тиран клет,
низ дим и огин минат -
на сегде вивнал свет!
На борба, силно племе,
над ропство грее ден!
Пред нас е ново време,
зад нас е народ-дрен!
*************
Венко Марковски

 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 326, 15 декември 2020