ИЛИ ИДРИЗОВО ИЛИ МОЈ ИЗМЕЌАР, МАЛО МОЕ Б'ЛГАРЧЕ, ИЗБОРОТ Е ТВОЈ !

Сотир Гроздановски-Македонски

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗОРАН ЗАЕВ БИЛ ТРГОВЕЦ СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, АМА БРЗО СЕ УНАПРЕДИЛ ВО ВЕЛЕТРГОВЕЦ СО МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

 

27 ноември 2020

Така е тоа драг мој народе, кога секој си ја гледа својата куќичка и својата мала слободичка, а за заедницата и државата во која живее ич не му е гајле. Ама народе мој, кога арамијата му ја пљачка куќата на комшијата, биди сигурен дека следниот си ти и твоето семејство. Ете тоа денес ни се случува во Македонија зошто постанавме себични и не ни е гајле што прави владата и нејзиниот поглавар, Зоран Заев, со Македонија. Со нашиот заеднички  чадор над  главите и безбедноста на нашите животи.

Стравот од иднината за се' што досега и' сторил на Македонија, на народот македонски (на Македонците) дома и на нас иселениците во светот, го втера во ќоше и не знае повеќе што мисли, што зборува, што покренува за обезбедување на последно   засолниште. Доколку на некој му е потребен! 

Европа одамна крена раце од него и  од Никола Димитров, бидејќи тоа што бараа добија. Добија без патрон да испукаат, а не во своите господски клубови да примат примитивци и истрошени велепредавници. Им ги оставија   на народот да се погрижи за нивната судбина.

Нивната еуфорија дека ја надмудриле Европа, исчезна, ама тие се' уште мрдаат пред својата неизбежна смрт, верувајќи дека и Грција и Бугарија, а богами и Албанците ќе им помогнат да испливаат од мочуриштетото во кое пливаат, без било каква надеж дека ќе излезат чисти и без лузни.

Сега, херојот на СДСМ плачe пред вратите на Бугарија за помош, како би била милостива спрема него и го примила за свој измеќар. Но, и за таа служба треба да плати! Ќе мора уште нешто да им потпише со новиот Договор, верувајќи дека Бугарите се поглупи од него, па ќе му поверуваат на неговите велепредавнички договори, кои наскоро ќе паднат во вода. Ќе паднат,  зошто и тие знаат дека се' што договара и преговара нема законска подлога и дека за се' што потпишува, Зоран Заев не е овластен да прави  без дозвола на Македонците, кои веќе му стојат над неговата глава, за да си го вратат своето.

СДСМ одамна требаше да се ослободи од  овој sвер, бидејќи тој е веќе подготвен за психијатриска болница, а не за премиер на држава со така стара традиција и античка историја зад себе која им ја такса на Грците со Преспанскиот договор, верувајќи дека  ќе му помогнат да се пикне во Европската унија, меѓу европските лавови , како рамноправен член.

Ај, добро ако тој е тежок болник и нечесен човек, ама што е со неговите следбеници кои се претставуваат за умни и разумни зошто имале некои и било какви универзитетски имиња и им е дозволено да ги подучуваат младите во своето искривено гледање на светот?

Размислуваат ли воопшто дека без свој народ и своја држава се никои и ништо   во овој див свет? Див свет, ама затоа пак никој друг, освен Заев, не размислува  да си ја растури државата, да си ја продаде својата историја, да откаже од своите сонародници растурени по светот од разни причини, од својот јазик, култура, традиции, туку спротивно, крадат туѓо, да  би ја збогатиле и својата култура и својата историја, традициите, како би биле  тоа што никогаш не биле? И плус згора на тоа, им се нуди да биде измеќар!

Кога зборуваме за злоделата на СДСМ и неговото велепредавничко водство, мораме да го споменеме и тоа дека во Македонија, како и во секоја друга повеќепартиска држава постои и опозиција, како коректив на Извршната власт. Но каква е и што можеме за неа да речеме? Па, богами, ништо добро. Сите гледаат да си ги задржат своите партиски позиции, од време на време  критикувајќи го Зоран Заев и неговата велепредавничка работа, притоа очекувајќи самиот да  се симне и  му ја предаде власта на некого, ама и тој не знае на кого. Затоа си ја продолжува својата работа без отпор од опозицијата, олицетворена во ВМРО-ДПМНЕ и неговото, исто така, велепредавничко раководство.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мртви ладни ги чекаат следните парламентарни избори да ја преземеле власта откако на Зоран Заев ќе му истечел 4-ри годишниот нелегален мандат и си ја заврши работата доверена од неговите надворешни наредбодавци. Или чекаат Зоран Заев  сам да се одрекне од патот кој си го зацртал до конечно елиминирање на се' македонско на Балканот, како би избегал од правдата и од губење на сопствената шугава криминална кожа.

Оваа дива ујдурма со народот и државата беше очекувана за оние кои ја препознаа антимакедонската политика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Но веруваа дека ќе помине како грип; а тој се претвори во КОВИД 19, кој убива се и секого и прави пустош низ Македонија.

Некогашната народна партија која, и ако без сопствена држава, беше вистински столб на одбраната на македонските национални интереси и безбедноста на македонскиот народ ја нема повеќе, исчезна и се изедначи со СДСМ, постана дури и поопасна, зошто  работи зад грбот на Македонците и своите членови и му е десна рака на Зоран Заев. 

Но што е за срам и жалење, се' уште е следена од огромен број Македонци, што значи доброволно учествување во уништувањето на својата сопствена држава. Не е ли и тоа масовно велепредавство, без преседан?

За секогаш Ваш Сотир!

 

Перчо Божиновски - професор по македонски јазик

"НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ИМЕ НА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА"

 

25 ноември 2020

Перчо Божиновски, професор по македонски јазик и литература напиша колумна под наслов: "Никој нема право да се откаже од македонскиот јазик во име на европската иднина".

****************

Нападите и нафрлувањата против македонскиот јазик и македонската литература, а со тоа и против македонскиот народ, против нивното право да постојат и да се развиваат ниту е новина, ниту нешто поразлични од претходно. Истите гледишта на хегемонистите за македонскиот јазик, коишто потоа се одразени најповеќе во бугарскиот печат преку статии објавени во бугарските весници "Време", "Работническо дело", "Труд", па потоа засилени преку бугарската "научна" политика, воскреснуваат и денес. Конкретно преку Анекс-декларацијата од март и Меморандумот до земјите-членки на ЕУ од септември надоврзувајќи се на Договорот за добрососедство со што претставуваат класична уцена од страна на Република Бугарија кон Република Македонија, ново вето за македонските интеграции.

Најпоследно со т.н. "бугарски компромис" се предлага Бугарија да ги признае македонскиот идентитет и македонскиот јазик, како еден од официјалните јазици во земјата, а за возврат Македонија да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корени. Крајно навредливо, дрско и безобразно за нас како Македонци. Целта е кристално јасна, а тоа е самоуништување на македонската нација, македонската автентична историја и посебноста на македонскиот јазик. Великобугарската теза е јасна: нема македонска нација, нема македонски јазик и сето тоа е измислица, па затоа се оди само на формулацијата "официјален јазик".

Но дали е навистина тоа така и дали нешто што еднаш историски е докажано може да се побие со лажни факти и аргументи? Секако дека не! Па уште и Партенија Зографски во 12 точки ги издиференцира основните карактеристики на македонскиот наспрам бугарскиот јазик.

Дали Кочо Рацин ја напиша својата стихозбирка "Бели мугри" по нечија наредба или на јазик измислен и создаден по диктат? Секако дека не!

Дали можеби јазикот во двете стихозбирки од Коле Неделковски е исто така измислен и создаден по диктат? Секако дека не!

Или јазикот во песните на Ацо Шопов? Секако дека не!

Зарем случајно Константин Миладинов пишуваше на македонски јазик?

Секако дека не!

Зошто Војдан Чернодрински ја нарече својата драма "Македонска крвава свадба" или пак Крсте Петков Мисирков своето дело "За македонските работи"? Зошто МАКЕДОНСКИ, а не поинаку?

Не, секако дека македонскиот јазик не е измислен и создаден јазик по диктат, туку жив јазик на македонскиот народ кој подоцна ќе се оформи во современ стандарден јазик.

Да, и затоа ќе биде македонски јазик, а не друг јазик. Оформувањето на македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту случајна појава, ниту измислена појава. Тоа е природен резултат како типичен израз на животот на македонскиот народ и оформување на мкедонска нација. Токму во македонскиот јазик е содржано целокупно постоење и колективната меморија на македонскиот народ.

Не случајно тоа одекнува и во зборовите на Крсте Петков Мисирков:

"Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува се' што имаат тие направено за своето потомство.

Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже тој и од народниот дух. Да се откаже од својот народен дух, пак, значи да се откаже од својата народност и припадност, со еден збор да се откаже од самиот себе".

Никој нема право да се откаже од македонскиот јазик во име на европската иднина, тоа е аманет од нашите предци и завет за идните генерации. За да станеме дел од ЕУ, треба да го направиме тоа достоинствено а не понижени.

Лицемерно е нашиот патриотизам да се квалификува како национализам.

Македонија не смее да го прифати т.н. "бугарски компромис" затоа што со тоа Македонија и македонскиот народ ќе бидат како народ без корен, без своја историја и посебна традиција.

Многу е жално што македонските институции претпочитаат понизно да молчат. Немањето македонски црвени линии на власта е спротивно на македонските национални интереси. Негрижата кон јазикот од страна на власта е поткопување на темелите на државата. Нападите кон македонскиот народ и македонскиот јазик на сите ќе им се удрат од глава. Воопшто нема да не' поколебаат. Со уште поголема енергија ќе се залагаме да ги афирмираме македонскиот јазик, македонската литература, македонската култура како нераскинливо неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ и држава.

kurir.mk  

Зоран Заев

 ЗАЕВ СЕ ОБВРЗА ДЕКА ЌЕ И' СЛУЖИ НА БУГАРИЈА - ЌЕ СЕ ПОТПИШУВА НОВ ДОГОВОР  СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД МАЛЦИНСТВОТО И ИСТОРИЈАТА

 

26 ноемви 2020

БГНЕС: Да се вратиме на прашањето на Договорот. Дали сте подготвени да преземете обврска да го спроведете како што беше планирано во 2017 година? Бидејќи ова е моментално пречката за Македонија.

З.ЗАЕВ: Ние сме целосно подготвени да ги исполниме нашите обврски, а Бугарија се обврзува да ги исполни своите обврски. Само спроведувањето на Договорот е начин да се изгради уште поголемо пријателство и соработка меѓу двете земји. 

БГНЕС: Не , не мислам само на историјата, туку на сите точки на Договорот.

З.ЗАЕВ: Зборувам за сите точки. Овде давам пример колку е направено, велам дека државата зеде 1 милијарда евра заеми за коридорите, што се многу пари за Македонија. Станува збор за патишта, железници, линија и гасна врска, Интернет комуникација, енергетски коридори кои треба да се зајакнат бидејќи имаат мал капацитет. Ние сакаме да се приклучиме на бугарската берза за да можеме да учествуваме директно. Имаме соработка и во областа на одбраната - пред неколку дена Владата на Северна Македонија ја потврди својата доверба во Бугарија да го заштити нашето небо во согласност со стандардите на НАТО. Имаше голем притисок од Турција и Италија затоа што Италија ги опфаќа Црна Гора и Албанија, Турција има специфичен пријателски однос  кон Северна Македонија. Рековме: Извинете, нашиот прв сосед е Бугарија, така што Грција и Бугарија ќе бидат двете земји што ќе го штитат нашето небо. Во однос на долгото и краткото име, проблемот е решен.

Спроведувањето на Договорот ќе биде закон!

БГХЕС: Дали се обврзувате дека нема да имате никакви малцински претензии кон Бугарија?

З.ЗАЕАВ: Испративме документ што не е за премиерот Борисов или за министер за надворешни работи Захариева, туку за граѓаните - за Бугарите и Македонците, за да знаат што се случува. Во него напишавме дека немаме територијални претензии и дека нема да се мешаме во внатрешните работи. Во овој документ, јасно ставивме до знаење дека немаме претензии за малцинства. Овој меморандум мора да биде одобрен од двете меѓувладини комисии. Владата на Република Северна Македонија ќе го објави во Службен весник со цел да има законски обврски за нивно спроведување. Ние исто така понудивме патоказ до Договорот, во кој сме заемно посветени на исполнување на сето ова.

БГНЕС: Зоран Заев и владата преземаат одговорност за иднината на Македонија да не ја напушта оваа работа на време?

З.ЗАЕВ: Пред мене е 4-годишен мандат. Имаме доволно време и не само Република Северна Македонија, туку и македонскиот народ, тоа го гарантираме. Како шеф на владата, јас сум посветен, во име на целиот македонски народ, за примена на Договорот како пример. Како прво, затоа што на овој начин најдобро ќе му служам на својот народ, но, се разбира, и на пријателска Бугарија, со која имаме големи можности, главно економски, што ќе го подигне стандардот на граѓаните. Разговаравме со премиерот Борисов и другите: Ако се обединиме и излеземе заедно, и Западна и Северна Европа ќе не почитуваат повеќе. Имаме предност и можеме да го возиме ова пријателство и да ја реализираме соработката на сите можни начини. Верувам дека во текот на овој 4-годишен период, граѓаните ќе можат да кажат: Ова е она што ни требаше! Ќе можам лесно да го стартувам автомобилот, да доаѓам еден час и 15 минути од еден до друг главен град.

kurir.mk

 Роберт Димитриевски

НЕПОДНОСЛИВАТА ЛЕСНОТИЈА НА ДЕФЕТИЗМОТ ЗА ИМЕТО

 

 01 ноември 2020

Какво антологиско салто мортале за еден професор по меѓународно право. Од застапник на Македонија во добиениот спор против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Тони Дескоски стана застапник на тезата дека името Северна Македонија ни било за навек. Од еден од најзаслужните за уверливо добиената битка за правда по прекршувањето на Привремената спогодба од јужниот сосед до повикувач за помирување со неправдата во вид на државно име неодобрено од над две третини од граѓаните на референдум.

Тони Дескоски

Прво и основно, ништо на "дуњава" не е вечно, освен интересите. И за Римската империја, и за Ототоманското царство, и за СССР и Варшавскиот пакт се верувало дека се за навек, па човештвото се уверило во спротивното, а камоли име на држава. Дури и некогашните колонии, ден денес зависни од своите колонизатори, си го вратија името, па зошто да не може европска држава, згора и членка на НАТО? 

"Цел свет ќе се струполи на нас" ако сме пробале да го сториме тоа, тврди понатаму Дескоски, бидејќи "западниот свет вложи многу голем напор за да ни го смени името". Голем напор вложија и САД за да ја сменат власта во Боливија, за да на неодамнешните избори народот уште поубедливо да си ги врати своите насилно тргнати избраници претходно. И влакно не му фали, не па да му се струполи нешто.

Професорот "баш го интересирало" и кој суд ќе ја поништел "Преспа". Уставен не може? Самото игнорирање на заклучокот на Државната изборна комисија дека референдумот е неуспешен поради неисполнувањето на цензусот од 50 проценти излезност плус еден глас не е ли доволно за покренување на процедурата? Со недонесувањето закон за спроведување на резултатот од референдумот во рок од шест месеци дополнително е повредено уставно загарантираното право на граѓаните за плебисцит како највисока форма на непосредна демократија. Плус, договорот го потпиша неовластен потписник, а претседателот не ги аминува ни уставните промени за негова имплементација. Тука се и "балканските методи" што ги побара Хан, а ги спроведоа овдешните подизведувачи со поткуп и со заплашувањето на осумтемина одметници од опозицијата, вклучувајќи го и вадењето пратеници од притвор само да гласаат.

И врвот на дефетизмот на сопругот на бившата министерка за правда Рената Дескоска: "Не е фер да ги лажеме луѓето дека имало надеж да се смени (новото име - н.з.) Може ли некој да замисли ваков став да имале македонските комити или партизаните? Ако Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, Никола Карев не ги "лажеле луѓето дека има надеж да се смени" отоманското ропство, а  Ченто, Пинџур, Ацев, Наумов, Јосифовски, Дуња не го повториле тоа против фашистичката окупација, ќе имаа ли Македонците денес слобода и независна држава?

Се' е во главите. Прво настанува идејата, па следува (или не) нејзината реализација. Народ што не се откажува од идејата да биде свој на своето, да се самоидентификува како што се чувствува и да ја именува својата татковина по сопствена желба, а не на некој однадвор, ќе го оствари тоа кога-тогаш. Обратно, со губитнички менталитет и со дефетистички пристап, секој однапред е осуден на неуспех и во спортот, а камоли во меѓународните односи.

Историјата е полна со примери кога и (многу) помали народи од македонскиот се избориле за своите правдини. Но, таму не ги учат дека работите се такви какви што се и оти нема надеж да се променат, бидејќи противникот е пресилен, а целта недостижна. НАПРОТИВ!

expres.mk

 Горан Момироски

ЗА Б'ЛГАРСКИТЕ РАБОТИ И ТАЊА МАНГАЛАКОВА

 

 24 октомври 2020

Да се разговара и преговара под притисок во 2020 година за тоа дали Гоце и Македонците се Бугари е само уште една од низата неправди со кои се соочуваме како народ низ историјата.

**************

И како што и претходно сме ги надминале и одбиле другите напади така ќе го одбиеме и овој завиткан во европската обланда агресивен изблик на балканско добрососедство од најдолен вид.

Веќе нема никаква смисла ни потреба да се зборува за тоа како Македонците се чувствуваат или какви аргументи имаат во битката со Каракачановци.

Поважни од нашите позиции се две работи кои ги соголуваат сите бугарски позиции а за кои никој во Софија не сака да се говори.

Вчерашниот празник 23 октомври Ден на револуционерната борба или роденденот на ВМРО се слави само во Македонија. Во Бугарија овој ден не е празник, нема ниту неформална прослава, нема поклон и венци пред спомениците на основачите на ВМРО, нема ниту вести на бугарските медиуми

За бугарската наука основачите на ВМРО плус Гоце, Јане, Ѓорче...се недвосмислено Бугари но речиси никој од Бугарите не ги слави нивните дела. Друга е приказната за Македонците во Бугарија кои ги слават своите великани, но тоа е сосема друга емоција, и чувство за национална припадност. Со тоа станува јасно дека не и е на Бугарија дојдено толку многу до Груев, Делчев, Сандански туку примарно е тие што се бореле и загинале за Македонија да се одвојат од македонската државна приказна. За да може македонскиот народ да се врзе за бугарската држава.

Бугарија си има свои историски фигури со кои сите македонски херои немаат никаква шанса за иста почит ако еден ден некоја налудничава власт во Скопје се откаже од своите револуционери. Ако тоа се случи тогаш сите великани од Пулески преку Чупоски и Мисирков се' до Ченто можат да станат ескими, односно целосно неважни за Бугарија. Формално тие ќе станат  бугарски историски ликови а реално ќе станат дел од шарените страници на бугарската историја скриени во локалната библиотека во Габрово или Ловеч.

За да немате дилеми дали авторот на овие редови лаже видете ги вчерашните постови на бугарските политички елити во врска со денот на ВМРО. Ниту Радев ниту Борисов ниту лидерот на опозицијата Станишев го спомнаа ВМРО или Дамјан Груев со другарите. Единствен кој честиташе на Фејсбук беше вицепремиерот Каракачанов како професионален "вмровец" кој го наследи имотот на ВМРО во центарот на Софија вреден десетици милиони евра по падот на комунизмот.

Вториот бугарски самоуништувачки аргумент на бугарската држава се однесува македонскиот јазик поради кој блокираат европски проекти и почеток на преговори.

Некогашната колешка од згаснатата А1ТВ Тања Мангалакова која беше долгогодишен дописник од Софија не ја споменувам случајно. Мангалакова е најдобар пример колку бугарските тези за македонскиот јазик како западен дијалект се лажни и погрешни. Мангалакова со години ги информираше гледачите на А1ТВ за настани во Бугарија но секогаш беше преведувана на македонски јазик. Не заради политиката туку затоа што извештаите на Мангалакова беа тотално неразбирливи за македонските гледачи. Тезата за македонски јазик како западнобугарско наречје го урна самиот бугарски јазик преку својата различност.

Во овој правец уште еден самоубиствени аргумент на Бугарија е фактот што ниту еден бугарски медиум нема свој дописник од Македонија што зборува на "западнобугарски дијалект". Практично бугарските гледачи не можат да ги разберат Македонците иако науката тврди дека се работи за ист јазик.

Авторот на овие редови некаде во 2008 година во неколку наврати испраќаше извештаи за бугарската телевизија во сопственост на газдата на СИ-ен-ен но соработката заврши затоа што гледачите на телевизијата не можеа да го разберат македонскиот јазик на кој беа испраќани извештаите.

На овие факти немаат одговор ни Каракачанов ниту целиот оддел за јазични прашања при БАН. За некои работи џабе е целата впрегната бугарска наука со се тајните служби и нивните испостави во Македонија. Црното не може да биде бело, како што Македонците не можат за 20 денови да станат Бугари.

Тази народ не е Б'лгарски народ! Точка.

 expres.mk

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

ГЕОРГИ ПУЛЕВСКИ

 

 

 

ЧУИТЕ ЖИТЕЛИ МАКЕДОНСКИ

Назе нишчо не ни чекат
от азиатци насиле,
а в туѓина укорство.
Туѓа страна е непријатна
в туѓина све напорки гледаат.
И несносни прешебоци
свием ни велјает.
Ем во туѓина кому
како да му текнет,
Све намуртено,
све лош ни називает.
Дал' сте чуле, Македонци,
стари лјуди оту говорат:
Од Македонци појунаци
над них не било -
Цар Александар Македонски
тристо лета пред Христа
Македонци сву вселену повладал.
Наш краљ Филип - Славјанин је, Цар Александар - Славјанин Наши баби Славјанки ги родиле.
Македонци, сетите се за јунакство македонско,
та спроти старих вије сега да следува.

***********

Георги Пулевски

 

Мери Ен Вебстер

ОД АНГЛИСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

 

НЕВЕРОЈАТНАТА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА ЗА УБАВИЦАТА КОЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО "ЧУДОВИШТЕ"

 

26 ноември 2020

Мери Ен Вебстер е родена во текот на 70-те години на 19-от век, во сиромашно многудетно семејство. Покрај неа, во семејството имаше уште 7 деца. Познатое е дека Мери уште како млада девојка започна да работи како медицинска сестра во една лондонска болница.

Пред да стапи во брак, Мери живееше сосема нормално, а како и многу нејзини врснички, исто така и таа важела за една привлечна и прекрасна девојка. Во 1903-та година, на 29 годишна возраст, таа стапи во брак со Томас Беван, кој по професија беше цвеќар и оттогаш нејзиниот живот започна да се влошува.

Томас Беван и Мери Ен Вебстер

Со текот на годините, младата жена се' почесто започна да се соочува со болки во мускулите и зглобовите, а честите мигрени придонесоа за нагли промени во расположението. Но, и покрај овие загрижувачки симптоми, Мери Ен воопшто не обраќаше внимание на нејзиното здравје, бидејќи мораше да се грижи за нејзините четири деца.

Како што времето минуваше, нејзината болест се влошуваше, а промените во надворешниот изглед само дополнително придонесоа за влошување на симптомите. Лицето на Мери започна да добива груби црти, што најмногу се манифестираше преку изгледот на носот, брадата и ушите. Нејзиниот череп започна да се издолжува, рацете и нозете започнаа да растат непропорционално. По извесно време лекарите утврдија дека Мери страда од акромегалија.

Иако денес болеста може да се лекува, во тогашно време, медицината се' уште не била толку развиена да се бори со болеста, а како резултат на тоа, не останало ниту траг од убавината на Мери. Иако случајните минувачи веќе започнале често да ја исмеваат, Мери Ен добила огромна подршка од нејзиниот сопруг, кој ниту еднаш не помислил да се разведе од неа.

Мери Ен Вебстер трансформирана во друга особа

Во 1914-та година Томас починал, што дополнително го отежна животот на Мери, која сега сама мораше да се грижи за четирите деца. Првично, Таа прифаќаше било каква работа, се' до моментот кога дозна дека во Англија започнал конкурс за титулата "Најгрда жена". Мери веднаш се пријавила и не било никакво изненадување што веднаш ја освоила главната награда.

По бројни успешни и добро платени настапи, Мери успеа да го привлече вниманието на Американецот Сем Гемпец, сопственк на циркус, за кој набрзо Мери започна да работи, а со самото тоа  се пресели и да живее со семејството во Америка, поточно во Њујорк.

На  59-годишна возраст Мери починала, поради компликации со болеста. Многумина се едногласни дека и покрај болеста и надворешниот изглед, Мери била една неверојатно силна жена, која и покрај сите потешкотии никогаш не се откажала од животот.

kurir.mk

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 323, 30 ноември 2020