КАВКАСКИ АЛБАНЦИ - ЛАЖНИ ИЛИРИ

Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗОРАН ЗАЕВ НИ СЕ ЗАКАНУВА СО КОНЕЧНА ПРЕСМЕТКА, ЌЕ МУ СЕ ПРЕДАДЕМЕ БЕЗ ОПШТОНАРОДЕН ОТПОР?

 

23 ноември 2020

Времето не работи повеќе за нас, драги мој народе.  И Господ не напушти, зошто не сме способни сами да се чуваме од зла со умот кој ни го втурнал во нашите празни черепи. Дојдоа нашите последни пет минути сами да си го повратиме националното достоинство и честа,  кои секој ден ни ги загрозува  криминалецот од Муртино!

Зарем дојдовме и до тоа  македонскиот јазик да исчезнува со сите национални македонски белези за да му отстапи примат на еден стран јазик, албанскиот? Прославата на една туѓа азбука врз која се темели туѓ јазик, јазикот на нашите душмани и негатори на македонското постоење е чин за осуда. Не само затоа што е туѓ и јазик на малцинство кое негира се' што е македонско,  туку  затоа што Зоран Заев во неговата честитка до лидерите на политичките партии го подигнува на ниво на македонски државен празник. Зарем Македонија постана трета албанска држава така брзо?

Е, тоа сигурно нема да пројде така лесно, освен доколку "македонскиот народ" така  одлучи. Во тој случај, можно е се' и сешто да се случи, бидејќи тоа би било сечење на последната македонска црвена линија.

Овој потез на Зоран Заев за да ја задржи власта во државата и си ја сочува својата кожа би требало да се третира како полна чаша со отров и повик на  узбуна, а не начин за зближување на две културни традиции залиени со македонска крв. 

Кој е тој кој одлучува за бришење на македонскиот јазик од официјалната употреба во македонската држава? Кој е тој кој одлучува личните документи на Македонците да не содржат македонско обележје? Кој е тој кој одлучува Македонците надвор од нивната татковина да се сметаат за туѓ народ? И ние сепак не реагираме  адекватно, докажувајќи ја нашата слабост која се граничи со национална срамота. Дојдовме до тоа Зоран Заев, криминалец  и Али Ахмети, терорист, да се играат со мнозинскиот македонски народ мајтап и од нас да создаваат неидентификувана маса во државата за која не дарувале ни влакно од главите за нејзиното создавање? И тоа со таква леснотија си ја вршат својата злосторничко-велепредавничка работа,  човек да гледа и да се прашува дали е и ова можно во времето на "демократијата" во 21 век кога цел народ  е нападнат и продаван за лична корист од криминалци и терористи, кои имаат своја армија и полиција, а помош од никаде. А најмалку од таканаречената Меѓународна заедница со одобрување на "демократската и слободољубива" Европа.

Зоран Заев и Али Ахмети

Имаме ли барем еден јунак да се издигне над Зоран Заев и Али Ахмети, да ги повика Македонците од внатре и нас од надвор против нивната тиранија и злосторничка крв?  Имаме ли таков јунак? Се сомневам! И длабоко се срамам  што и такви мисли ми доаѓаат на памет. 

Ох, да! Имаме сто политички партии кои се борат да постанат парламентарни, ама немаме ниту еден лидер кого би го следеле како овците од СДСМ, својот  Зоран Заев.

По некогаш, кога ќе се занесам со разни мисли и ја барам причината  за нашата инертност и незаинтересираност за самите себеси, за нашата денешнина и нашата утрешнина и на крајот колку ни значи зборот татковина која ни ја подарија нашите предци без прст да мрднеме да ја сочуваме, останувам без одговор. Но враќајќи се назад во мислите сепак заклучувам, со јанsа во душата и се прашувам самиот себеси: Има ли Македонци во Македонија, воопшто, кои секој пет дена Македонски Збор ги потсетува дека времето за спиење помина одамна? Или ни останаа уште неколку уметници и музичари кои со своите дела не потсетуваат на изгинатите македонски јунаци во борбите со истите тие  непријатели со кои Зоран Заев води политики, од сите области, за некои добрососедски и пријателски односи, за кои појма нема? 

Има ли некои од високообразованите македонски кадри во таборот на овој изветреан и недоветен трговец со тикви, пиперки и краставици по Србија и некои други места во поранешна Југославија кој умрел од срам? Или сите се на исто интелигентно рамниште со него па затоа и слепо го следат до својата идна пропаст?

"Денот на создавањето на албанската азбука има голема важност за сите Албанци и овој датум се смета за еден од клучните настани во историјата на Албанците и во нашата заедничка историја"! Ова го напиша Зоран Заев во честитката по повод Денот на албанската азбука, известува весникот денешен.мк!

Бидејќи колумната во овај македонски патриотски весник е од голема важност за разбирање на искривеното и примитивно размислување на "универзалниот македонски политичар и државник " Зоран Заев, ќе пренесеме уште  некои значајни делови од него во целост. Се надевам дека нема да ни се замери за тоа, бидејќи Македонски Збор е гласило на иселениците од целиот свет кое им донесува, покрај  некои други иселенички гласила, информации директно од нашата татковина на едноставен и разбирлив начин, со што се гордееме. Се гордееме и затоа, што сме дел од борбата  за ослободување на Македонија од злосторници како Зоран Заев, но и други како  што е главата на некогашниот столб на безбедноста на македонскиот народ Христијан Мицкоски, десна рака на Зоран Заев во уништување на Република Македонија. Па да тргнеме напред:

"Јазикот и неговата соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ и се произлезени од униварзалното право на само определување. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој. Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа не' повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на нашата интеграција во Европската Унија", вели Зоран Заев во честитката.

Понатака, Зоран Заев посочува дека со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и за унапредување на етничката и културната разноликост, односно богатството на Македонија.

Треба ли и  понатака да набројуваме "мудри" изреки од празна глава или да прекинеме, зошто да не ви се сврти стомакот наопаку, како и мојот.

Па дали овој човек зборува за некоја друга држава во која малцинствата немаат никакви човекови права, како што е Бугарија, Грција и Албанија? Или за Македонија на која и направи такви злосторства, да ниту една казна, па и смртна нема да биде доволна.

Богатството на Македонија, "господине" Заев, е во сакање на својот народ и почитување на правата на малцинствата. Бидејќи вие го избришавте македонскиот народ, се откажавте од македонското иселеништво а го кревате албанското малцинство над сите други малцинства притоа  не споменувајќи ги безимените Македонци, со кои Албанците би требало да имаат некој соживот како волкот со јагнето, е тоа е понижувачко и навредливо. Вие Зоране Заев млатите празна слама и им ги замаглувате очите и умовите на вашите следбеници. Но до кога?

На крајот, драги мој народе морам да констатирам дека Македонија нема поголеми непријатели од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со  нивните водачи. Тие,  или со добро или со сила мора да се истребат од Македонија, доколку не сакаме ние да исченеме како никогаш да не сме биле дел од нашата окупирана Татковина. А за Албанците, најдобро би им било да имаат вистински соживот со Македонците и другите лојални малцинства, бидејќи каде да одат, нема да им биде како што им е во Македонија.

Никогаш не се знае што носи денот, а што ноќта!

За секогаш Ваш Сотир!

Проф. Јани Бојаџи

 Јани Бојаџи режисер и универзитетски професор

МЕАНА "МАКЕДОНИЈА"!

 

16 ноември 2020 

Од 13 јуни до 13 јули 1878 година во Берлин, под патронат на патријархот на обединета Германија, Ото фон Бизмарк, се одржал таканаречениот Берлински конгрес, на кој е укинат договорот од Сан Стефано, каде што четири месеци порано, во таа бања на отоманската смрдеа, била конституирана таканаречената голема Бугарија. Знаете веќе, да не ве одвлекувам со тие приказни. Тоа се тие славни три - четири месеци национален романтизам, кој денес во европска Бугарија се прославува како официјален празник и момент на најголемото национално достигнување на бугарскиот народ. Во картата на таа неостварена санстефанска империја влегуваат Македонија сосе северот, центарот, истокот, западот и "Пирино Северниот" дел, цела јужна Србија, половина денешна Албанија и делови од западна Турција и нешто од Тракија во Грција денес. Фино едно пространство, које секоја година е предмет на државни прослави, како дел од историското наследство на современата бугарска држава, која со зачленувањето во ЕУ ова достигнување го има трансформирано и како заедничко општоевропско. И толку за тоа.

Го напишав ова за Берлинскиот конгрес, колку толку да ве пренесам во едно време и еден процес што траел цел месец, како што гледате, па логично е да биде наречен процес, нели, и некако да повлечам линија не како политичка аксиома, туку повеќе како една линија во современа смисла, како линија од популарната песна "Кокаин", која вообичаено се повлекува кога денесс се прават такви процеси што се нарекуваат забава, журка, купон, вради, ивиент, парти или некако поинаку, сосема неважно како или на кој балкански или европски јазик ќе го кажете, освен на македонскиот јазик, затоа што сите јазици освен македонскиот се признаени и дозволени во Европа.

Е, таква една забава, во политичка смисла трае околу две години и сега, наместо Берлинскиот конгрес, се нарекува Берлински процес. Главен спонзор на таа забава, логично е од насловот да се заклучи дека по примерот на онаа првата, и на оваа втората пак е Германија, повторно со патрон што во многу нешта го нарекуваат современ Бизмарк, а тоа е  денешната канцеларка на сојузната германска  република госпоѓата Меркел Ангела и, како што е обичајот, таа забава се одржува во кафеаната Македонија. Нема подобро место за вакви собири, верувајте ми. Широко е, има место за сите, се свири различна музика, се јаде богата храна, се пие убаво вино и се лумпува до сабајле. Местенцето е супер за опуштање, особено ако доаѓате од Европа, каде што "бирцусите" им се, брате, здодевно место. Седат сите воспитано на клупа, во редица, културно, со по една кригличка во рака, и здружено, речиси во еден глас и во еден ритам лево-десно, се клатат и пеат, да бидеме искрени, здодевни песни во кои се слават планини, реки, езера и по некоја убава русокоса девојка со долги плетенки. И тоа е се'.

А во меаната Македонија нема правила, па во согласност со владеењето на обичаите (како прво тоа е утврдено со римското право многу порано, молам убаво!), кои разбирливо е дека се различни, па секој, брате мили, може да си се однесува според своите си "обичајности", па е дозволено се' што не е забрането. Па, така, сосема по законот (и тоа е утврдено со римското право, ве молам да не го забораваме тоа како европска вредност!), во кафеаната Македонија се одвива Берлинскиот процес, мора да бидам искрен, здодевно и сосема, ама сосема, без оној дух на вистинска балканска крчма. И долго време се прашувам каде е прроблемот.

Што се случува? Зошто го нема оној вистински штимунг, дами и господа? И како бе не забележавте дека ги нема Србија и Србите?! Не знам јас што се случува со тој братски северен народ (сега тоа со страните на светот е малку  збунувачко, оти ние цело време бевме југот, а сега сме северот!), ама навистина се плашам дека како што тргнала работава во меана Македонија, веќе е безмалку полноќ, а Србија и Србите ги нема! Музиката е летаргична, завршија сите парчиња што традиционално се свират на баклама, бузуки, чифтелија и гусли, па на сцената се истопорени бугарски пејачки, на кои, извинете ама мора да го забележам ова, повеќе им се загледуваме во облините отколку да им се заслушуваме во песните, кои онака се препеви на грчки турбофолк-рефрени сосила интерпретирани, со оној српски назален амбажур. Ја нема бре, брате мил, и онаа српска жестина на моментот кога од појас се вадат револвери, се креваат здравици, се пука бре од радост и се кршат шишиња и чаши од главите на гостите, бре! Да бидам најискрен, забавата драга Ангела, ти е никаква и навистина не знам како ти се доседува докрај?! Искрено, ти ја видов  јас киселата фаца, а знаете како се вели: уна фаца уна раца, кога кажа дека иднината на Европа и Балканот е во правење забава во меана Македонија, за негување на заедничките вредности, достигнувања и европерспективи, кои сите нас ќе не обединат во рамките на Берлинскиот процес, кој ќе започне и заврши со општа љубов, братство, еднаквост и слобода, по примерот на германо-француската ресторанска романса и идила што во хотел Европа, во цивилизиран дух, со валцери и полки се прославува, ете, од педесетите години на минатиот век, па до денешен ден.

Но, да се вратам јас кај нашава приказна и да утврдиме што е тоа што браќата Срби ги задржало по пат, па по примерот на Македонците што патувале на заседанието на АВНОЈ во четириесет и третата година се изгубиле "негде око Босне", па не можеле да стигнат навреме за да бидат дел од онаа историска забава во таа сега веќе непостојна кафеана Југославија?! Се плашам да не ви ме измакедончиле овие германиве бре, браќа Срби, па затоа така летаргично и невешто се однесуваат во овој историски кафеански момент! Ми недостига бре онаа српска самоувереност, која ќе поттикне еден друг кафеански ритам, па на виделина ќе излезат сите традиционални вредности од средниот век преку "Цара Душана, Краљевиќа Марка и Битци на Марици", па потоа на битката на Брегалница, па Солунскиот фронт, а тука си е богами и оној славен период на стара Србија и вардарска бановина! Кај сте "бре брачо Срби" да испратите ако треба и попови (не знам кај се изгубија оние владики и панагирици на архиепископот Јован Вранишковски?!) и да ги запеете оние стари добри рефрени што морам да ве предупредам, доколку што поскоро не се појавите во меаната Македонија, бугарскиот оркестар ќе ги отсвири како свои народни стихови, а за што, кај и да е, ќе добие и признание со тапија од Зоран (српско име!), кој јавно призна дека својот историски поход го почнал на пазарот во Горњи Милановац, каде шт продавал "парадајз, паприка, бели лук и црни лук"! Бадијала таму сте дале, кога оној бугарскиот Бојковиќ, Борисов Бојко, веќе се таксал и сфатосал невестата Македонија богато да ја венчава со Бугарија! Да не испадне, браќа Срби, после дека не сме ви кажале и не сте знаеле, па да ми се правдате во иднината за минатото со флоскулата "касно стиже Марко на Косово Поље"! Ете, за последен пат апелирам, да се отрезнете и веднаш да се појавите на забавата во меана Македонија, затоа што сте повторно на прагот на уште една историска грешка, која во учебниците по историја и хрестоматија добрите српчиња ќе ја учат како второ историско доцнење и во умните глави на академиците од САНУ ќе претставува ново и неоткриено пространство за идни меморандуми и повици за национално трезнење.

Но, ве молам господо српски академици, имајте предвид: не може да се биде трезен ако претходно не се биде пијан! Тие причинско-последични врски се и другпат утврдени, па ве молам, да се закаже и одржи голема и трезвена академска расправа на која ќе се дебатира зошто сега сосем е јавно претседателот Вучиќ, по примерот на неговиот идол Милошевиќ, ги игнорира српските претензии за активна партиципација во утврдувањето на историското мени и музичкиот репертоар на кафеаната Македонија?! Молам убаво, еве ќе ви речами на српски: "мољим љепо" да не испадне после не сте знаеле дека Бугарија ви се распашала низ бановината како да е ова триесет и четвртата година од минатиот век, па оној Александар (ко да е крал Александар, богати!) се плаши да дојде во Скопје, безбели тука го очекува некое ВМРО и некој нов Марсеј! Не бре, тука власт се вашите, децата на УДБА, и ве гледам чудни како ви избегала командата?! И еве сосема за крај на ова, сега претпоставувам, на секому му е јасно мој отворен и јасен повик да ни "учините дужно поштовање" со вашето присуство на нашава прослава, ви го испраќам овој чокалиски поздрав од кафеаната Македонија: "Фалите, бре будале"!

П.С. Се мислам само дали со поздравот да ја нарачам песната "И тебе сам сит кафано" од Харис Џиновиќ или, пак  "Кукавица" од Цеца Ражњатовиќ? Ете, во духот на европските демократски вредности оставам публиката да реши сама, па своите гласови може да ги праќа на следната адреса: "Амбасада Република Србије у Северној Македонии, улица Питу Гули број 8, Скопље, Северна Македонија" или на електронска пошта: konzularno@srbija.com.mk.

P.P.S. Да не имате некоја информација дека и овој лумперај на Бугариве во "Механа Македонија" ќе трае три-четири месеци по примерот на оној замислен бугарски лумперај во "Механа Сан Стефано", па вие Србите мудро чекате да заврши забавата, на која "освободителите" по обичај ќе се напијат и расположат непримерно, ќе направат пир на кој ќе ги навредат домаќините и ќе искршат се' околу себе, па ќе се појавите вие на готово како "ослободитељи" од оваа сега веќе сосема е јасно "трета бугарска кафеанска окупација?! Да му се сневиди, знам, историјата се повторува, особено на оние што не ја паметат. И се' си мислам, да не е вистина Македонците и Бугарите се еден народ? Оти, ај што не паметат Македонците, гледам оти не паметат и Бугарите како завршија прославите во балканските кафеански лумпераи во "Меана Македонија" од Балканските до Првата и Втората светска војна, кога бугарските воени оркестри од меаната Македонија двапати заминувале збегом, со пцости и омраза што се памети со децении?! Нејсе, само прашувам. Ако некој има одговор, во духот на европските демократски вредности, може да го испрати на следната адреса: Република Северна Македонија, Скопие, Посолство на Република Блгарија, улица Златко Шнајдер 2, Скопие, Република Северна Македонија" или на електронска пошта: embasy.skopje@mfa.bg.

novamakedonija.com.mk

Проф. Звонимир Јанкулоски

 Проф. Звонимир Јанкулоски

НАЦИОНАЛНО СЛЕПИЛО

 20 ноември 2020

Кога се пазарите со националното, кога ги сечете корените на своето постоење, кога ја бришете колективната меморија на својот народ, кога го жртвувате своето национално малцинство во соседните држави, ќе се разбудите со бугарско малцинство во нашата западна граница, во Албанија. Но затоа ќе ве наградат за човекови права.

**************

Македонија полека исчезнува. Прво беше името на државата, па историјата, па нацијата. Дојде време и за македонското малцинство во соседните држави. Поточно, тоа не исчезна. Државата се откажа од него. За "мало сутра" Европска Унија.

Во глобализираниот свет денес националните малцинства претставуваат спој на културите, интересите и менталитетите стари и нови татковини. Феноменот на малцинствата е продолжение на феноменот на нацијата. Очекувано е националните малцинства да ги зачуваат, или се очекува да зачуваат силна врска со нивната татковина и нејзиниот национален идентитет. Нивната асимилација е можна до одреден степен во земјата домаќин, но оваа асимилација никогаш не е доволно силна или ексклузивна за да се отстранат културните црти и етничката идентификација со оригиналната татковина.

Со оглед дека историјата со малцинствата во Европа е историја на конфликти и поделби. Европската Унија се обидува да постигне високо ниво на заштита на малцинствата преку унапредување на добрососедските односи, како и на регионалната соработка и зајакнување на демократските институции преку аранжмани за соработка што треба да се воспостават на различни полиња за да придонесат за ваквата цел. Државите на Европа во своите устави чувствуваат одговорност за судбината на нивното малцинство надвор од нивните граници и сите тие ја преземаат обврската да им помогнат на своите малцинства за да ги одржат своите врски со националното културно наследство на своите татковини.

Дури и нашиот Устав предвидува ваква обврска. Но очигледно власта не чувствува одговорност за судбината на македонското малцинство, откажувајќи се од него и од својата уставна обврска за негова заштита. Во име на некое имагинарно посакувано добрососедство во регион каде што тешко се залекуваат раните од минатото, а лузните остануваат засекогаш, ние лесно се откажавме од нашето национално малцинство, доведувајќи го под сомневање својот национален идентитет. Како да им објасниш на луѓе без чувство на национална припадност дека нашето самообезличување како нација оди и по линија на непризнавањето на постоењето на македонското национално малцинство во соседните држави. Толку посакувано од нашите соседи. И тоа во време кога Европа смета дека е потребно да се зајакне признавањето на врските на секој европски граѓанин со неговиот идентитет, култура, традиции и историја, за да може да се дефинира себеси како член на одредена нација. Патетичната и вазалска власт се самопонижи до таа мера што го загрози опстанокот на македонското малцинство надвор и создаде негова хибридност што го разликува од автетичната етнички и национално татковина и нејзините национални жители.

Активизмот на матичната држава станува нужен тогаш кога е загрожено изразувањето малцински идентитет и е ограничена слободата на малцинствата да ги репродуцираат своите култури. Кога ваквите политики се дизајнирани за да воспостават доминација на единствена етничка група над некоја територија, матичната држава служи како сигурен извор на подршка на своето население надвор од нејзините граници секогаш кога  пред ваквата состојба остатокот од светот замижува пред ваквата состојба на таа популација. Подршката од ваков вид особено е важна кога знаете дека меѓународните организации не секогаш дејствуваат во најдобар интерес на малцинствата, и покрај признавањето на нивната глобална одговорност за промовирање на малцинските права. Ако Европа во моментов се соочува со типизиран тренд во кој владите построго претпоставуваат право на заштита, советување, претставување, политичко организирање, индоктринирање, натуларизирање, финаниска подршка, застапување, па дури и управување со население надвор од државните надлежности врз основа на етничка концепција на заеднички идентитет, Македонија сама се исклучи од ваквите европски текови, откажувајќи се од своето население надвор од нејзините граници.

"Националното слепило" ги претвори Македонците во Грција и во Бугарија во невидливо малцинство, бришејќи го нивното национално и културно наследство преку засилување на нивната присилна асимилација. Наместо Македонија да биде гласот на невидливото македонско малцинство во Грција и Бугарија демонстрирајќи посветеност на заштитата на нивните права, таа се откажа од него. За жал, македонската држава се откажа од своето природно право да зборува во име на заштитата на своето национално малцинство во овие држави, повикувајќи се на верување во заедничко територијално, културно, па дури и биолошко потекло како морална основа за тоа право. Патерналистичката улога на Македонија како матична држава на македонското малцинство се изгуби на патот кон НАТО и Европската Унија, оставајќи ги Македонците надвор сираци без можност да имаат корист од матичната држава за своите интереси и прекинувајќи ја националната папочна врска со нив.

Ние сме на добар пат да бидеме уникатен пример во Европа на држава без малцинство.

Кога се пазарите со националното, кога ги сечете корените на своето постоење, кога ја бришете колективната меморија на својот народ, кога го жртвувате своето национално малцинство во соседните држави, ќе се разбудите со бугарско малцинство на вашата западна граница во Албанија. Но затоа ќе ве наградат за човекови права. Оние што не' ставија на тест за демократијата и човековите права низ оваа награда го купија молкот на оваа влада пред загрижувачкото непочитување на човековите права на нашето малцинство во соседните држави. Лицемерството во акција. А европскиот со е се' подалеку.

novamakedonija.com.mk

 

ОПАСЕН ИСТОРИСКИ РЕВИЗИОНИЗАМ ОД БУГАРИЈА ПРЕДУПРЕДУВААТ ИСТОРИЧАРИ ОД РЕГИОНОВ

19 ноември 2020

Поголема група историчари од регионов денеска со остро писмо се спротивставија на барањата на Бугарија за историски ревизионизам при блокадата на Македонија за усвојување на преговарачката рамка за  членство во ЕУ. "Бараме од европските институции и земји да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија што се загрозени на Балканот и во Европа овие денови, како што се различноста, антифашизмот и демократијата", пишува во писмото.

Потписници на писмото се некои од најпознатите историчари и професори од универзитетите во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево...

Еве го писмото на истирчарите во целост:

"Судирите околу историјата и истирските симболи се повторно важно политичко прашање во Југоисточна Европа. Во последните месеци владата на Република Бугарија се закани дека ќе го блокира почетокот на преговорите меѓи Брисел и Скопје, барајќи од Северна Македонија да ја прифати 'историската вистина' дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени и дека македонската нација е создадена од Тито и Коминтерната.

Поаѓајќи од ставовите изразени во Декларацијата 'Да ја одбраниме историјата', ние, потписниците на ова писмо, изразуваме протест и осуда за овој случај на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели. Ние веруваме дека ваквиот пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и простеритетот  на регионот, но исто така и на  самата Европска унија. Наметнувањето 'историски вистини' е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создадени сите други народи, а правото на самоопределување е основно човеково право.

Затоа бараме историчарите во Северна Македонија и Бугарија, но и во сите земји во регионот да бидат професионални и да се спротистават на злоупотребите на нивната дисциплина. Бараме од политичарите да водат одговорна политика, да не подржуваат историчари што ги разгоруваат националистичките конфликти и да не вршат притисоци што доведуваат до фалсификување на минатото. Бараме од европските институции и земји да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија што се загрозени на Балканот и во Европа овие денови, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа не смееме да дозволиме искривувањата на историјата да ги уништат принципите врз кои се темели идејата за обединета Европа.

Ние, потписниците на ова писмо, им даваме подршка на интелектуалците и историчарите на Северна Македонија и Бугарија кои отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат за заштита на својата професија и професионалните стандарди. Само солидарно можеме да ги надминеме сериозните пречки што стојат пред нас!"

Проф. д-р Дубравка Стојановиќ, Универзитет во Белград

Проф. д-р Хусија Камберовиќ, Универзитет во Сараево

Проф. д-р Твртко Јаковина, Универзитет во Загреб

Проф. д-р Божо Репе, Универзитет во Љубљана

доц. д-р Аднан Прекиќ, Универзитет на Црна Гора

Д-р Миливој Белин, Универзитет во Белград

Проф. д-р Дамир Агичиќ, Универзитет во Загреб

Доц. д-р Бранимир Јанковиќ, Универзитет во Загреб

Проф. д-р Момир Самарџиќ, Универзитет во Нови Сад

Д-р Олга Манојловиќ-Пинтар, Институт за понова историја на Србија, Белград

Проф. д-р Хрвоје Класиќ, Универзитет во Загреб

проф. д-р  Радина Вучиќ, Универзитет во Белград

Д-р Срџан Милошевиќ, историчар Белград

Д-р Александар Р. Милетиќ, историчар, Институт за понова историја на Србија, Центар за историски студии и дијалог, Белград

Вељко Станиќ, историчар, Белград

Петар Жарковиќ, историчар, Белград

 

 

 ОД РУСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

ВЛАДИМИР МАЈАКОВСКИ

 19 јуни 1893 - 14 април 1930

 ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА НЕВОЗВРАТЕНА ЉУБОВ

 

 

"ЦВЕЌЕ ОД МАЈАКОВСКИ"

Најтрогателната приказна во животот на Мајаковски се случила во Париз кога се заљубил во Татјана Јаковлева. Ништо не ги поврзува. Софистицираниот руски имигрант, образован со Пушкин и Тобутчев, не сфатил ниту збор од агресивните стихови на модниот советски поет, "мразокршец". Не сфатил ниту еден негов збор од реалниот живот - ја исплашил со незапирливата страст.

Не била допрена од неговата кучешка посветеност, не била поткупена од неговата слава. Нејзиното срце остана рамнодушно и Мајаковски сам се вратил во Москва. Од ова инстантно испукана  и невозвратена љубов, неговата тајна тага ни ја остави  волшебната поема: "Писмо до Татјана Јаковлева". А за неа цвеќињата. 

Целиот надомест за неговите париски настапи Владимир Мајаковски го депонирал в' банка на сметка на познатата париска цвеќарница, со услов неколку пати неделно на Татјана Јаковлева да и' бидат испорачани букети од најубавите и необични цвеќиња - хидрангеи, пармални темјанушки, црни лалиња, чак и рози орхидеи, астра или кризантеми.

Париската фирма строго ги следела упатствата на неурамнотежениот клиент и оттогаш, од година во година, и во секое време од годината на вратата на Татјана Јаковлева тропаат доставувачи со прекрасни букети и единствената порака: "Од Мајаковски".

Во 1930 година него веќе го немаше. Оваа вест Татјана ја почувствува вознемирена и како вест на голема загуба. Беше навикната да го критикува животот, верувајќи дека тој не отиде никаде. Дека е се' уште тука и и' ги испраќа цвеќињата.  Годините минаа брзо, без ниту една средба, ама неговата страсна љубов, сепак, остави незаборавни траги во нејзиниот живот.  Навикната на неговата платонска силна љубов преточена во прекрасни букети цвеќиња, одеднаш се почувствува осамена и тажна и уплашена од животот пред неа.

Но постоеше и клаузула во договорот со цветната компанија во врска со неговата смрт.  Вообичаено одново следниот ден се појавил доставувачот со невидлив букет  цвеќе и со  истата порака: "Од Мајаковски".

Владимир Мајаковски 1914 година и Татјана Јаковлева - Париз.

Велат, дека големата љубов е посилна и од смртта, но, не' секој ужива во духот на вистинскиот живот содржан во овие зборови. Владимир Мајаковски успеа.

Цветните букети пристигнале во 1930-та година, кога Мајаковски починал и во 1940-та, кога го заборавиле.

Во годините на Втората светска војна, за време на германската окупација на Париз, Татјана преживеала благодарејќи им на цветните букети, продавајќи ги на парискиот булевард. И ако секој цветен букет ја имаше пораката "Од Мајаковски" и "Те сакам", неговите љубовни изливи во текот на неколкуте   години ја чуваа од глад и сиромаштија.

Со текот на годините и доставувачите на цветните букети старееа пред нејзините очи. На нивно место доаѓаа нови кои беа свесни дека и тие постанаа дел од историјата на една голема љубов. Љубов, меѓу Мајаковски и Татјана Јаковлева. И како лозинка што им дава премин во вечноста, повторуваа со загонетна насмевка: "Од Мајаковски".

Цветните букети на големиот руски поет Владимир Мајаковски, со тек на времето создадоа и убава париска приказна.

Во 70-те години советски инженер, кој во младоста слушал историја од мајка си и сонувал да го сознае продолжението. Па така успеал да го посети Париз, да ја посети Татјана Јаковлева. Таа го дочекала својот сонародник со задоволство и ако ги пренасочила прашањата за Мајаковски, нејзиниот дом беше жив доказ за вистината на легендата. Цвеќиња на секаде. И додека пиеше чај, некој тропна на влезната врата, држејќи во рацете прекрасен цветен букет од златни јапонски кризантеми каков никогаш во  животот  не видел. И зад оваа убавина што блешти под зраците на сонцето, доставувачот ги изговорил познатите зборови: "ОД МАЈАКОВСКИ".

Татјана Јаковлева почина во 1991 година!

(Преземено од "НЕЖНА", бугарски магазин.) 

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards

Број 322, 25 ноември 2020