ИМАМЕ ЛИ ТАКОВ ЈУНАК? ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ!

 

Сотир Гроздановски-Македонски

КОИ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ ФАРИСЕИ И КАКОВ ИМ Е КРАЈОТ

 

19 ноември 2020 

Ние, Македонците, од добрина страдавме и се' уште страдаме. Има многу меѓу нас кои безумно лажат, крадат, ја злоупотребуваат власта во државата на најсуров и нечесен начин а ние, и понатака трпиме, трпиме и чекаме друг да им рече: ДОСТА Е!

Изминаа, скоро, четири години од сменувањето на едната Влада во Македонија, водена од ВМРО-ДПМНЕ, и седнување во нивните  фотељи друга гарнитура од СДСМ со Зоран Заев. Влада, која набрзина и "успешно" го решила, со Преспанскиот договор, вековното "македонско прашање" иницирано од европските големи сили, во полза на Грците, и од друга страна во полза на Бугарија со таканаречениот договор за "пријателски и добрососедски односи". И сето тоа, за доброто на народот и државата, не убедуваат  македонските Фарисеи Никола Димитров, Зоран Заев, Христијан Мицкоски и редица други слични на нив, како јајце со јајце.

Морам да споменам, исто така,  дека ниту една Влада од осамостојувањето на Република Македонија, после крвавото распаѓање на поранешната заедничка  држава СФРЈ, не му донесе добро на македонскиот народ, ниту се постави како одбранбен столб на македонската држава и македонските национални интереси. Се' што  за време на заедничкиот соживот  со тешки маки и саможртви изгради, за кусо време исчезна, а тој бил  истеран на улица без работа и без средства за одржување на основните животни потреби. И така, се' до денешни дни, кога исчезна и државата. Обезимената и опустошена македонска држава Република Македонија, заедно со славната античка македонска историја, ризница на сите  прекрасни македонски антички градби, споменици, имиња на најславните македонски државници и дипломати и постана "власништво" на Грците.

Грците, народ без "национален" континуитет и име, исчезнат пред векови заради неговата лажна демократија, традиционална леност, агресивност,  ароганција, како впрочем и денес, кога живее  од фондовите на  Европската Унија и од анексираните плодни македонски територии, без кои не би имале ниту парче леб.

Верувам дека многу, од разни причини, не се запознати со фактите од погоре, па затоа на кусо ќе ве информирам толку колку мене, лаик, ми е познато  за таа старогрчка трагедија и за секогаш исчезнатата слава на градовите-државички со чии културни достигања и денес западниот свет се кити.  Се кити, и ја темели својата цивилизација  врз туѓи исчезнати корени. 

Познато е, дека во старогрчките градови-државички физичката работа била недостојна за господата и политичарите кои освен  долго ораторство и тепање меѓу себе, не знаеле   ништо  друго. Па со зголемувањето на нивните животни потреби и потреби за пљачкашки походи, брзо го зголемувале бројот на робови. Нешто слично како и нашите политичари што ги користат Албанците за да  ја задржат власта.

Но, испаднало дека и робовите имале ум и разум, па  ги надмудриле своите газди. Брзо се множеле и во еден погоден историски момент, го измениле  демографскиот состав на домашното население,  со што го прекинале континуитетот заедно  со "националниот идентитет" што траело со векови, се' до 1830-те години, до Револуцијата за ослободување од Османлиите.

Тие биле времињата и годините кога европските сили, кои и денес владеат со Европската Унија, се обидоа да ги состават разните племиња и  делови од соседните народи населени на тие запуштени и осиромашени простори во една целина, како би го создале  грчкиот Франкештајн. Вештачка творба без заеднички јазик и историја како кохезивни средства кои би го држало заедно новосоздаденото грчко општество. Но и тој проблем набрзо го решиле политичарите и западните лингвисти со креирање на  јазик  не  разбирлив за сите и фалсификована историја со делови украдени од соседните народи, во прв ред Македонците. 

Сето тоа  го докажуваат прекрасните градови на секаде по Азија и Египет изградени од Александар Трети Македонски. Но за жал,  тие македонски чуда од архетуктурата градени од Александар Македонски, некои светски злобни и недоволно учени историчари упорно ги прикажуваат како грчки, што е апсурд.

Гледајќи го филмот за градбата и изгледот на Александрија со најголемата библиотека во тогашниот свет е прикажана како грчко дело, а Македонците потполно игнорирани, како никогаш да не постоеле или биле Грци, по нивните искривени толкувања на историјата. Но и тоа ќе го проголтаат Македонците и одново ќе се вивнат во висините на науката, културата, дипломатијата, и со своите  вистински креации и високи стандарди, на лажниот свет ќе му докажат дека постоеле со векови  и со векови  ќе постојат и даваат придонеси во светската цивилизација и вистинската историја. Ќе докажат, што вели една поговорка дека: "СО ЛАГА НЕ СЕ БИДУВА АГА"!

Со воспоставувањето на Монархијата со која владеела германската династија  на   Лудвиг Први и малолетниот му син Ото, како прв  монарх на тогашната опустошена и безперспективна територија населена со разни народи од кои биле најмногубројни Албанците, забрзано отпочнала обновата на  земјата и нејзините институции.

И да скратам, така започнала макотрпната реставрација на старите антички споменици составувани од делови кои биле на секаде  расфрлени и од чии украсни преостанати парчиња сиромасите си правеле кров над главите.

Тоа беше и времето на обновата и поврзувањето на исчезнатиот историски континуитет со фалсификати и кражби на македонската античка историја, заедно со славата и достигнувањата на  македонските великани Филип Втори и Александар Трети Македонски. Зошто? - па затоа бидејќи до колку успејат да им ги прикажат македонските великани како производ на грчката раса, и исчезне името Македонија, во тој случај и вредноста на западната цивилизација би била на цврсти и значајни темели. И ако срамотно украдени, фалсификувани од таканаречени западни познати историчари кои подоцна во нивните зрели години одкако совеста ги запекла заради фалсификување и разубавување на денешната грчка историја јавnо ја признале својата погрешка неверувајќи дека нивната злосторничка работа ќе отиде толку далеку, но за џабе. Светот го преплавија со книги, "документи" и лаги, кои западната и грчката пропаганда ги држи за вистини!?)

И сето тоа не им беше  доволно да ги држат своите лаги и невистини под контрола и ги легализираат своите кражби и фалсификати, се' до  времињава кога Република Македонија сите волци, заедно, не ја кутнаа на колена и ја принудија да се одрекне, официјално, од сето македонско античко наследство во нивна полза, доколку сакаат грчка подржка за влез во НАТО и ЕУ. Дали се исплаќа таква голема жртва за почнување на нешто што нема шанси да заврши за време на нашите животи и некои нови македонски генерации? Секој паметен би одговорил со големо НЕ! Преговорите имаат за цел да ја држат Македонија и македонскиот народ надвор од нивните интеграции толку долго, колку е потребно македонската држава да се распадне и Македонците исчезнат. Тоа го очекуваат и македонските Фарисеи, ако не ги симнеме од нивните фотељи и ги сместиме во Идризово или негде на друго место да кршат камење, дури на изгнијат.

Приказната За Зоран Заев и Никола Димитров, потписници на погубниот Преспански договор со Грција  ни е позната, но без активна соработка со  лажната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините врвни лидери со Христијан Мицкоски, велепредавничката мисија   за уништување на Република Македонија не ќе  беше можна.  

И покрај сите  откриени факти за вплетеноста на Христијан Мицкоски во обезличувањето на Република Македонија и разнебитувањето на Македонците тој упорно опстојува на чело на таа голема организација која, наводно, е столб на одбраната на државата и националните интереси од политиките на Зоран Заев. Очито не е способен да ги согледа своите грешки во водењето на Организацијата или оди до крај да ја избрише од меморијата на Македонците и со тоа ги исполни обврските спрема своите надворешни ментори и потоа да му ја клизне негде во некое дувло однапред одредено како засолниште, или како награда за успешно извршената работа. Тој и понатака ветува магла насред бел и сончев ден и некоја обнова на веќе предадената Република Македонија во рацете на Грците, Бугарите и Албанците. Со своите импровизирани "народни" протести против штетните политики на СДСМ и Зоран Заев ја докажува својата недостојност за положај во кој се наоѓа, се уште. Дури му се "заканува" на својот партнер во злото, Зоран Заев, дека ќе му се случел НАРОД до колку не дал оставка, со што ја потврдува својата паника и безизлесност од ситуацијата во која се наоѓа. Има ли НАРОД кој масовно би  следел неспособен и нелојален лидер? Се сомневам. Затоа единствени излез му е хитно напуштање на должноста за кој не е дораснат, доколку сака да си го сочува, барем, делумно чист, извалканиот образ. Можеби тоа ќе биде доволна награда за  дел од вината за злосторствата врз Република Македонија и македонските национални интереси, кои упорно настојува да ги префрли врз  грбот на  пратениците во македонското собрание, а не врз својот.

Но таква е улогата на македонските ФАРИСЕИ: да лажат, да крадат и пред вистината да не умрат од срам!

За секога, Ваш Сотир!

 Ицо Најдовски-Перин

ПРОФЕСОР ЧЕПРЕГАНОВ ДО ЗАХАРИЕВА: НЕ ЌЕ ДА ВИ ОДГОВАРА ОВА, НЕЛИ?

 

21 септември 2020

 

ПОЧИТУВАНА ЗАХАРИЕВА,

Проследувајќи ги вашите изјави последните денови на ТВ, човек не може, а да не се запраша дали се работи за хумористичка програма или трагикомедија. Во една од вашите изјави во врска со македонскиот идентитет ќе истакнете "никојне им оспорува да се самоопределат како што сакаат". Е баш ви благодариме, небаре од Вас чекавме дозвола и од Вас зависи тоа. Нејсе, токму горенаведениот факт е всушност вашата болка, ВАШ проблем. Не наш. Не македонски. И секако, вашиот комплекс тука не завршува, напротив тука почнува.

Веднаш потоа, во стилот на брза птица тркачица или итрица во истоимениот цртан филм, со брзина на светлината и самата веднаш се демантирате, па ќе истакнете дека тоа право ВИЕ им го признавате и го додзволувате, само од 1944 година натаму. Хаха, смешно, нема што. А кој ве праша? Македонскиот народ сигурно не. Не му е грижа за вашите фантазии. Кои сте па вие да одредувате туѓи истории, туѓи колективни мемории и национални чувства? Небаре имате монопол врз историските факти, па вие ќе диктирате новокомпонирана политичка лажна историја, па уште не за себе туку и за други? Нема да дозволиме. Сеуште ја повторувате истата грешка, не учите од историјата, туку настојувате да ја измените, сакајќи да ги скриете своите историски грешки. Секогаш на погрешна страна на историјата. Историјата ви се повторува.

Г-ѓо Захариева, за нас историчарите, па и за македонскиот народ, вие сте само уште една жална фигура која ја повторува истата матрица, и која не може да излезе од бугарската матрица за негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Добро би било да се надраснете. При очи се правите слепи. Вашето негирање на вековното постоење на еден народ, со свој јазик, своја уникатна култура прифатена во целиот свет, со сопствена и засебна историја, за нас не е ништо ново. Напротив, да сте ја проучиле подобро македонската историја, ќе сте заклучиле дека не сте ни први ни последни во вековната низа на негатори, а сепак македонскиот народ, јазик, култура, традиција, колективна меморија и национално чувство опстанале и опстојуваат до денес. И тоа вашиот комплекс и вашиот проблем. Но, повторувам, тоа е Ваш, не наш, не македонски. Ние нашите проблеми во вид на предавници и политички квинслинзи, како и во минатото, така и сега, ќе ги пребродиме, македонскиот народ ќе ги надживее и повторно, како и секогаш, сам без никаква странска помош од некоја од големите сили, сами ќе си се избориме за нашите правдини. Впрочем, слушнете ја македонската химна, токму тоа и се пее во неа.

Со изјавата дека го признавате самоопределувањето на македонскиот народ од 1944 година, дали сакате да кажете дека во Македонија се водела ГРАЃАНСКА ВОЈНА? Се бореле Бугари против Бугари? Хаха, каков хумор. Тоа не поминува. Сакате како "браќа" да не ставите на страната на силите на Оската? Не, не, тоа не може. Колку и да сакате тоа и да го направите, не ќе можете, бидејќи вистината е сосема спротивна. Македонија и македонскиот народ во Втората светска војна ја одбраа вистинската страна, страната на Антифашистиката коалиција, а не како Вас погрешната страна и, пак, само поради САН СТЕФАНСКИОТ СОН. Македонската војска сама ја ослободи Македонија.

Вие бевте тие со сите административни, полициски, воени и редавнички сили настојувавте тоа да го спречите. Ако бевме "браќа" зошто така sверски ги убивте : Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Васил Антевски Дрен, Вера Јоциќ, Кире Бајрамчевски, Ваташките деца, Кузман Јосифовски-Питу, Дабничкото клање и др. и стотина други ги испративте во затвори и интернации само поради што беа Македонци. Нивниот идеал беше самостојна, независна и обединета македонска држава, со Македонци, македонски јазик, македонска култура. Вашите административни, полициски, воени сили требаше сето тоа да го оневозможат. Но, не успеја во тоа. Дали тоа е "братски" почитувана Захариева? Или по умесна би била онаа народната: "Кој ти ги извади очите? Брат ми. Се гледа по дупките. Многу се длабоки". Благодарам за такво братство, почитува Захариева.

Зарем според Вас, членка на ЕУ, во 21-от век, неоснованото и политички диктирано негирање на факти, аргументи и научни докази и трудови (домашни и меѓународни) за историскиот континуитет на македонскиот народ, особено пред 1944 година се европски стандарди? Што промовираат европските стандарди, негација или афирмација на различностите? Сметам дека е второто. И сум сигурен дека тоа лежи во основата на европските стандарди. Но тука, за жал, се наоѓаме во период во кој се' почесто се доведувани во прашање "европските принципи". Несомнено дека во прашање е кризата на идентитетот на ЕУ и нејзините цели и вредности. Во моментов, политичка предност ви дава членството во ЕУ - "блудницата Вавилонска" - која е само бледа сенка од некогашните европски стандарди и наместо еднаквост и соработка, ја злоупотребувате за уцени и закани.

Треба да Ви биде јасно, што побрзо ја прифатите реалноста, дека за сосед имате повеќе вековен народ, МАКЕДОНСКИ , кој зборува милозвучен македонски јазик и има своја уникатна историја и култура, ќе Ви биде полесно и на Вас и на Вашатат политичка гарнитура која сеуште мечтае за неизживеаниот со за Сан стефанска Бугарија. Но, тоа е завршена приказна. Си го имате како државен празник за да Ве потсетува на Вашите неуспеси кои дури и во 21-от век не можете  да ги пребродите. Па така, доаѓаме до политичкиот "Договор за пријателство и добрососедство" (ако е тоа!?), а кој во суштина, е сосема спротивното. Велите "основата на нашиот договор е историјата"?!?! и дека истиот требал да ги реши историските работи, а преку тотално идентитетско, јазично и историско обезличување на македонскиот народ.

Почитувана Захариева, до денес не ми е познат договор за добрососедство и пријателство меѓу две држави во кој како основа за негово реализирање се става историјата. Со ова само се потврдува она што го зборувам од потпишувањето на договорот, дека е асиметричен на штета на Македонија. Повеќе од јасно е дека комисиите се продолжена рака на политичарите и нивната улога е саамо "про-форма" со цел да го легитимираат и да му дадат привид на научна тежина на веќе договореното меѓу политичарите, што во јавноста, неодамна, го потврдија и поранешниот премиер З. Заев, кога изјави дека решение ќе се најде, Бујар Османи кој истакна дека договорот е потпишан и мора да се реализира, а исто така и на бугарскиот премиер Борисов кој изјави дека за нив работата е решена со потпишувањето на договорот и Македонија е таа која треба да го реализира како услов/уцена за почеток на преговорите. Многу итро, нема што. Ниту е "добрососедски" ниту е "пријателски" нту е договор. Само една ништовна уцена дадена од позиција на сила, завиена во украсна хартија. Никого не излажавте, свесен е македонскиот народ, со векови го градел имунитетот на ваквите итроштини.

Еве еден предлог. Пријателски и добрососедски, подржете го патот и влезот на Македонија во ЕУ без услови и уцени, па откако станеме членка, тогаш како еднакви и без можност и механизам да поставувате уцени и услови со цел да наметнувате решенија, нека седнат историчарите од двете земји, на научни собири, конференции и нека работат врз основа на научна методологија. Не ќе да ви одговара така, нели? Вие најдобро си знаете дека аргументите не се на Ваша страна и затоа со крајни сили и ултимативни барања ги злоупотребувате механизмите на ЕУ од позиција на надмоќ, со цел да спречите објективно и научно толкување на историјата и прифаќање на истата, колку и да е болна за вас. Е, ама и ние го знаеме истото. Поради тоа, вашиот ултиматум да се делегитимираат и обезличат македонските историски факти и аргументи, е осуден на пропаст.

Самите кажавте, дека договорот (читај:уцената) е поради историјата. Испорачаните решенија барате да бидат политички, а не решенија на комисии донесени врз основа на научна методологија и ослободени од политички притисок, уцени рокови. Истите треба да ви послужат за добивање на легитимитет на вашите наметнати аспирации преку политичкиот доктат. Следствено, сметам дека комисијата треба ан блок да се повлече и да ги прекине преговорите. Ова е уште една причина за неизбежниот неуспешен крај на уште една ваша историска грешка и неправда. Политички договори се склучуваат, но и се раскинуваат.

Политички сојузи и унии се формираат, но и се распаѓаат, идентитетот и јазикот остануваат. Па така, македонскиот народ во некои подобри и поповолни времиња, ќе и пресуди и на оваа неправда и ќе си дјде во своето. Македонија имала, има и ќе има синови и ќерки кои ќе се изборат против неправдите. И тие ќе бидат повторно дел од нашата историја, колективна меморија и национална свест. Тие ќе бидат наши херои кои  ние ќе си ги славиме и сеќаваме. А вие? Веројатно повторно ќе се обидувате на секој начин да ја измените историјата, срамејќи се од своите предходни постапки и историски грешки.

За крај, почитувана Захариева, ние не сме "един народ", напротив ние сме два многу различни народи со испреплетени, но дијаметрално спротивн истории. Вие нацфашисти, ние антифашисти. Вие окупатори, ние борци за слобода и самостојност. Вие уцени и услови, ние почит и разбирање. Ниту нашите предци, ниту ние, ниту нашите потомци ќе прифатат. поистоветување или изедначување со вашиот или било кој друг народ и нација. Ние знаеме кои сме и што сме, какви сме такви сме, Македонци сме. Никогаш друго и поинаку.

Само со меѓусобно респектирање и почитување на различностите, без било каква уццена и негирање, со меѓусебно прифаќање на историјата како два посебни и засебни народи, можеме пријателски и добрососедски да чекориме кон и во Европа. Европската унија и нејзините стандарди Ви се постојано во уста, но за жал, европските стандарди, кај Вас, сеуште не успеале да надвладеат и се' уште не сте излегле од матрицата на вашите предходниви. Со еден збор: СТАРА МАТРИЦА, СТАРА ПЕСНА!

П.С.

Вам можеме само да ви бидеме благодарни поради фактот што со постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура го постигнувате спротивното: САМИТЕ ВИЕ ИСТИТЕ СИЛНО ГИ ЗАЦВРСТУВАТЕ!

 

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЗАЕВ И ДИМИТРОВ:

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ САКААТ ВЛЕЗ ВО ЕУ ОБЕЗЛИЧЕНИ

TVVESTI.COM

14 ноември 2020

Да не доаѓаа вестите однадвор и да не беа електронските медиуми, особено оние во Австрија, македонскиот народ не ќе знаеше ништо за вашите "преговори" со Бугарија. Не ќе дознаевме ни дека во Загреб, во февруари ова година, Република Бугарија додала анекс во кој македонскиот јазик останал без свое име. Не ќе дознаевме ни што сте договориле пред некој ден во Берлин! Зошто?

Зашто за разлика од некои други европски лидери, не излеговте во Собранието да го кажете исходот од вашата средба. Исто како што не сакавте преку народните пратеници во Собранието да го слушнете гласот на мнозинскиот македонски народ во земјава. И тргнавте во преговори по ист начин како со Преспанскиот - ставајќи ги Македонците пред свршен чин. Господине Димитров, бадијала бевте во јуни оваа година на промоцијата на МАНУ на која добивте примерок од книгата со наслов: "Македонскиот јазик - континуитет во простор и време". Доволно ќе беше само насловот да го прочитате за да сфатите дека МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК,  се простира подалеку од државните граници на Република Македонија, таков каков што нашите јужни и источни соседи не сакаат да го видат, па затоа толку упорно инсистираат на додавката "според Уставот на РМ". Бугарија го сака истотот што го доби Грција во Егејска Македонија - а кое вие здушно го подржавте обезименувајќи го и нарекувајќи го македонскиот јазик - јазик различен од грчкиот што го зборуваат категорија граѓани во Грција!

Никола Димитров потписник на Преспанскиот договор со Грција.

Сте се согласиле дека сте подготвени да потпишете оти кодификацијата на македонскиот јазик се случила во 1945. Зошто ви била потребна подготовка за потпишување на ноторен факт? Или со ваквата "согласност" сте се согласиле дека историјата на македонскиот јазик започнала од 1945 година без да земете предвид два факта познати во славистиката: дека во основата на старословенскиот јазик, тој јазик на кој светите браќа Кирил и Методиј ги превеле првите книги почива на македонски, а не на бугарски говори од околината на Солун. Кога двајца големи слависти ја поставуваа оваа македонска теорија за основата на старословенскиот јазик, едниот од нив, Ватрослав Облак, својата студија ја наслови како "Македонски студии", а не бугарски.

Подготвени сте исто како и со Преспанскиот да го потврдите членот 11 од "добрососедскиот" Договор со Бугарија кој е тотално асиметричен и на штета на Македонците и на македонското малцинство во Пиринска Македонија. Вие великодушно се откажувате и од него и од македонскиот јазик што се говори во овој дел од Бугарија. За потсетување: тоа е она малцинство за кое неодамна во Софија и самиот Бојко Борисов пред министерот Бујар Османи рече: "-Многу сум загрижен за вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во политичката резолуција во Европскиот парламент!"

Господине Заев, кажете му на вашиот пријател Бојко Борисов, дека по 75 години постоење на државата Македонија и македонски јазик ние Бугари не стануваме! Ако ова му било јасно пред повеќе од еден век (1903 г.) на бугарскиот академик и професор Иван Шишманов, тогашен министиер на Кнежевството Бугарија, кој рекол дека "Македонија ако стане автономна, по десет години таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат сама Македонци", тогаш - во 2020 година - на Борисов би требало да му биде уште појасно!

Да се потсетиме: - Зоран Заев заедно со своите празноглавци од шарената револуција го започна уништувањето на македонскиот имот.(2016 г.) Скопје.

Затоа престанете и повлечете се од преговарања за кои немате знаење, и со кои му правите огромна штета на македонскиот народ, на кој се повикувате! Доста со вашите погубни преговори за Македонија и Македонците. Ако не знаете, имате национални институции на кои основна задача им е чувањето на македонските национални интереси. За почеток прочитајте ја реакцијата на македонските лингвисти од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков", закачена на неговата веб-локација, а по повод оној памфлет што Бугарската академија на науките го рашири по Европа под наслов за "Официјалниот јазик во Република  Северна Македонија". Угледајте се  во нешто на нашите соседи! Преведете ја и пуштете ја  до сите меѓународни институции! Вратете се дома и зборувајте со народните пратеници! Така постапуваат државниците кои ги штитат интересите на својата земја и на својот народ!

Обидете се, барем, малку да му го зачувате достоинството на овој намачен, осиромашен и понижен народ и кажете и' НЕ на ЕУ во која еден голем дел од Македонците не сакаат да влезат тотално обезличени! Во спротивно - не сте нешто друго освен предавници на своите предци и своето потомство со запустен корен поради вашите погубни политики!

****************

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

МАРИЈА ВОДЕНСКА

Бостон МА. 18 октомври 2020

 

 ПО РАЗДЕЛБА

Поздрави ми праќаш оддалеку
Додека дишам и ти пишувам
Не ми се љути, Татковино моја!
Снагата се стопи, годините превртеа.
И никаде бел ден не видов!
Ниту при тебе, дома на југот
Ниту овде, однесена со ветрот.
Не ми се љути, што останав далеку.
Оти погрешно те разбрав.
Солзи пијам, кога на тебе мислам
Откако се вратив од патот заоден
Со слика оставена за спомен.
Не ми се љути, Татковино моја!
Те оставив чистотна за крадец
Те оставив, или ти ме испади?
Се' едно! Останавме оставени,
Недопрени, со забрана да дојдам.
За кафето наутро да ми горчи,
Оти солзите во него ми капат.
Не секој зборува гласно
Зар молкот не е посилен
Од зборот што не се слуша.
Од зборот задушен во молк?
Прости ми, Татковино моја!
Што те оставив, што ме завеа
Во снегови и луњи, недопрена
По белосветските сокаци
Заскитана да немеам и тагувам
По тебе, Татковино моја!
Дали има мерка за болка
За тага по тебе, пат неизоден
По кал и трње, а зад себе
Гола слика во маглина оставена
Со забрана без враќање назад
И свртување по разделба.
Прости ми, не љути се на мене,
Татковино моја, Македонијо!
*************

Марија Воденска

ЗА ЕГЕЈСКИТЕ ГОВОРИ

Воденски - дијалект во с. Цакони

Редно е да се напише авторството на аудио касетата, која ја снимив за дипломска работа пред Божидар Видоески, снимена во 1981 година во село Три Чешми, Штипско, Република Македонија со говорителот Атанас Велигденов, во присуство на моите родители Сава и Ване Делови. Дипломирав на Воденските говори и дијалект во село Цакони, со презимето од мажот ми Дургутова, на универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје. Правилно би било овие податоци да бидат заедно со аудио касетата и неизоставно изворот на авторот Марија Воденска (Дургутова-Делова) родена во село Цакони, Воденско, Егејска Македонија, односно, Македонија под Грција.

***********

Овој аудио запис е откриен со помош на Љубомир Трповски, за кое сум му благодарна.

 

ВИДЕОТЕКА -VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Broj 321, 20 ноември 2020