НИЕ СМЕ НЕПОБЕДЛИВИ! НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ!

 Сотир Гроздановски-Македонски

 ЦРКВАТА И ИСЕЛЕНИШТВОТО СЕ  ПОСЛЕДНИTE  ОДБРАНБЕНИ СТОЛБOВИ  НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСТВОТО

 

24 октомври 2020

Никој разумен Македонец не веруваше дека психопати ќе не водат нас и нашата Татковина, но ето и тоа го доживеавме по сопствена неопростива вина! Не' да немавме искуства со злото  поднесувано со векови, имавме и премногу, ама искуствата не ни беа доволни  претпазливоста и одговорноста за самоодбрана да  ги подигнеме на највисоко ниво. И баш тоа беше причината да бидеме фатени во длабок сон уплашени од брзината на изненадувањата кои следеа едно по друго, до ден денешен, кога се бориме не за нашата безбедност, туку за чистиот опстанок како народ. Всушност, ние сме безимени и сега, бидејќи македонската нација не е повеќе македонска, туку сега сме преименувани во ТРИЦРТИЧКИ, а утре ќе не снема и физички. И никого тоа не го загрижува, чекајќи некоја надворешна сила да не спаси од понатамошното тонење.

Што доведе до тоа да бидеме фатени неподготвени  за против удар?  Па дури сега сфативме дека непријателите добро ги проучија нашите слабости и врз нив изградија своја нова стратегија  за нашето уништување. И тоа без  рацете да си ги извалкаат со македонската крв како што го правеа во Егејска Македонија за време на таканаречената Граѓанска војна. Најдоа внатрешни упоришта и извршители на нивните планови во политичките партии, и нивните корумпирани лидери. Тие партии, покрај албанските во чии злосторнички умови ги разбудија апетитите за грабење уште повеќе  од македонската земја од она што им беше подарено во 1913 година, беа СДСМ со Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски, последните гробари на  Република Македонија, и креатори на сите злосторства, кои  можат да се истребат од Македонија,  само со сила.

За многу Македонци,  СДСМ  е злосторничка организација насочена кон ликвидирање на Македонците за лично богатење, ВМРО-ДПМНЕ, пак, заедно со Христијан Мицкоски во заднина, за држење на своите членови под контрола, дури Зоран Заев ги извршува  злосторничките задачи под контрола  на надворешните наредбодавци за "грст жолтици" и евентуална слобода од прогонот на властите кои после него неминовно ќе ја преземат власта во Република Македонија.

Ваквата распределба на лошите сили за поефикасно уништување на Република Македонија заедно со државотворниот македонски народ доведе до промена на одбранбената улога на ВМРО-ДПМНЕ во квинслиншка, со главна стратешка цел, НАТО и Европската Унија, по секоја цена. Што значи без двоумење, од  столб на македонството, во партнер на Зоран Заев и неговиот фашистички систем на управување со Република Македонија.

Па затоа, верниците во Гоцевата ВМРО, како икона во која се крстеше поробениот македонски народ и бараше засолниште и заштита од тиранијата и злосторствата од секоја врста, ја нема повеќе. Додавката ДПМНЕ, ненародните програми и погрешното владеење на нејзините лидери внесоа неред и пустош во целата Организација. Таа не е повеќе Македонска Внатрешна Револуционерна Организација, така потребна за времињата  во кои живееме.

И следствено на сето горе реченото, дури Заевизмот прави пустош во македонската држава, ја обезличува и ги уништува институциите без кои нема право ни правда, ја преименува Република Македонија, ги распродава сите национални вредности вклучувајќи ја националната историја, потоа срамотејќи ги и понижувајќи ги спомените на најголемите македонски национални херои и просветители, како би ги задоволил барањата  на соседите, во прв ред на Грците, Христијан Мицкоски не престанува да го замајува своето членство и другите Македонци со своите ненадејни протести за се' и сешто, само не за тоа што е битно за иднината на Македонија.

Па народе мој, ако Зоран Заев со својата злосторничка организација се игра мајтап со нас, зарем мораме и задкулисните игри на Христијан Мицкоски да ги толерираме и понатака и го сметаме за лидер на опозицијата и наш заштитник?

Зоран Заев е во паника! Бугарските "пријатели" бараат нов договор по урнекот на Преспанскиот, за да му ја кренеле рампата на патот кон среќата и благосостојбата, инаку нема да ја видел Европа, која и така одамна ги изгубила своите вредности и во очите, дури, и на  Македонците, кои всушност одамна им се трн  во очите, дури не ги сотрат за секогаш. Ако им успее!

Ево што вели весникот "Република" за изјавите на Зоран Заев, до коски уплашен од досегашните неуспеси во односите со ЕУ и соседите, кои имаат тенденции уште повеќе да се влошуваат ако Зоран Заев не пристане на се' што Бугарите бараат од него со што неговите европски "пријатели" би го затвориле "македонското прашање", на "заедничко задоволство":

"Нема да дозволиме причини за нови одлагања, членството во ЕУ е наша свечена обврска"! Вели самоуверено овој злосторник!

Што значи тоа за Македонија и Македонците? Негибање во Преспанскиот договор кој наголемо и брутално се реализира и покрај незадоволството на народот, а со новиот договор со Бугарија, по урнекот, на Преспанскиот, да се заврши  со Македонија и избришат спомените на неа како држава на македонскиот народ! Тоа ли го сакаме? Изгледа да да, кога мирно си спиеме и не бериме гајле дали ќе се викаме Македонци или ТРИЦРТИЧКИ (///), или дали ќе зборуваме на македонски. За многу е поважно да ни се  стомаците  полни со измет, од колку да ја сочуваат својата национална држава. И ако така продолжиме неодговорно да се однесуваме кон самите себеси, наскоро ќе го видиме и крајот на македонската приказна: за Гоце Делчев, за Александар и Филип Македонски, Кузман Капидан, за Крсте П. Мисирков, Блаже Конески и редица великани кои, веќе, со задоволство Зоран Заев, повеќето од нив, ги има закопано заедно со спомените на нивните дела! 

И дури Зоран Заев си ја врши својата криминална работа, несметан од никого, Христијан Мицкоски и неговиот ДПМНЕ прославуваат 127 години на ВМРО, 30 години на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги граѓаните масовно да се приклучеле кон протестите против мафијата, за правда и слобода!?

Каква лакрдија и бесрамно плукање по спомените на славната   Внатрешна Македонска Револуционерна Организација -ВМРО!

Се изнапишавме за злосторствата на овие две "најголеми" македонски политички партии, СДСМ,  ВМРО-ДПМНЕ и нивните лидери, ама  односите и врските на Татковината со своето иселеништво останаа се' уште некоја табу тема. Па затоа мислам, дека сега е ред да го покренеме и тоа прашање, бидејќи Македонија не е приватно партиско дувло за изживување и докажување на нивниот политички примитивизам и силата против немоќните, ниту пак за криење на сите зулуми   кои мафијата на Зоран Заев ги спроведува врз Македонците, особено.

Па ајде да  речеме збор два и за оваа тема која не е во македонските медиуми така често, а која претставува важна карика со Македонија. Карика, ама не со оваа ненародна власт на Зоран Заев, затоа што тој беше прв "државник" и велепредавник на македонските национални интереси кој покрај многуте други злосторства, се дрзна бесрамно да се одрекне од нас, Македонците, надвор од Македонија заради "зеленото" светло за НАТО и Европската Унија. Ама најповеќе од се', за да ја ослаби одбранбената моќ на македонскиот народ, против Заевизмот и неговата фашистичка власт во Република Македонија.  

Ние Македонците надвор од татковината  поминавме низ сита и решета, дури постигнавме релативно добро организирано единство и изградивме бројни манастири и прекрасни цркви, во кои покрај верските обреди, со наши македонски свештеници, развивме и квалитетни културноуметнички друштва и организации, претежно фолклорни и книжевни, потоа ТВ и Радио програми со кои ја афирмираме македонската богата култура, националната историја, јазикот македонски и македонските традиции. Па така и покрај извршените злосторства против Македонизмот во Македонија и насекаде каде што има Македонци, сепак ние,  иселениците сме биле и секогаш ќе останеме еден од одбранбените столбови на Македонија, ма било како да е некој крсти или прекрстува, или било каква ненародна власт со сила да ни се наметнува.

Тежок беше патот кој го изодивме. Тежок, ама и благословен! Од расфрлени групи  Егејци, Вардарци или Пиринци, со љубовта кон Македонија и длабоките желби за обединување, успеавме по прв пат да создадеме македонска општествено-политичка заедница, способна да гради цркви, манастири, културно-просветни центри во секоја поголема колонија ширум светот. Создадовме обединета македонска заедница која се простира на територијата на сите континенти, поврзана преку нашите цркви, манастири, културно-уметнички друштва и организации во национална сила како протутежа на нашите непријатели и нивните пропаганди почнувајќи од Грците, Србите, Бугарите, Албанците, секогаш кадра на повик на Република Македонија да прискочи во помош.

Меѓутоа, секогаш сме имале  проблеми во создавањето на нашето заедништво. Тоа беа бугарските, грчките и српските православни цркви и нивните пропагандни машини пренесени од Грција, Бугарија или Србија. Но со тек на времињата и мешање едни со други, и тие препреки кои ни стоеаја на патот кон нашето поцврсто обединување, како да испарија и странските цркви во кои членуваа многу наши таканаречени Гркомани, Бугаромани и Србомани останаа полупразни. И баш таквата ситуација, заедно со нашата моќ да им се спротивставиме и успешно да ја добиеме битката со злосторствата на соседите, таканаречената меѓународна заедница и денес покушава преку типови како Зоран Заев и Христијан Мицкоски да ни ги потстрижи крилјата. Но, ако се решивме од Римјаните, Турците, Србите, Бугарите и некои други ситни штеточини, ќе се ослободиме и од најновите европски бирократи. Македонците се неуништливи, ама за жал преспори во организирање на својата безбедност, што на крај на краевите ја докажува и нашата мудрост, цивилизираност и желба за вистински добрососедски соживот, ама не по секоја цена!

Со доѓање на СДСМ и Зоран Заев на власт во Република Македонија, првите чекори за растурање на македонската држава беа разнебитување на иселеништвото како голема пречка на непријателските злосторнички планови на Заевиот фашизам. Ослабување на одбранбените можности на Републиката, што беше голема грешка и национална срамота, која сепак не успеа да ја дотераат до крај, туку таквите ненародни политики само ги зацврстија нашите редови уште повеќе.

Па затоа можеме слободно да констатираме дека политиките на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да не разединат и нашите цркви да паднат под некоја туѓа јурисдикција, туку да останеме и понатака, ние, заедно со Македонската православна црква последните и најсилните одбранбени столбови на Македонија и Македонството. 

Секогаш Ваш, Сотир!

 

 МИТРОПОЛИТОТ АГАТАНГЕЛ:

МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА НЕ Е НА ПРОДАЖБА И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НЕКОЈ ДА СИ ИГРА СО НАС И ДА НЕ ПОНИЖУВА!

 17 октомври 2020 

Обраќање до македонскиот народ по повод признавањето на македонската православна црква!

***************

Возљубени мои духовни чеда, будно ја следам состојбата со нашата Света Црква, сите случувања, натписи и коментари, па би сакал да дадам свое видување на состојбите, со кое се надевам дека ќе им помогнам на многумина.

Имено, во изминатите децении македонсиот народ созреа и почувствува потреба за формирање на своја Македонска православна црква, па така, преку силната волја и труд на клирот и верниот народ, беше возобновена древната ни славна Охридска архиепископија во лицето на нашата црква, Македонска православна црква.

Да беа Македонците нешто друго, ќе се приклонеа кон веќе постојните Српска или Бугарска црква, но тие не го сторија тоа, туку со големи заложби, со големи пречки и искушенија ја возобновија црквата и денес, благодарение на нив, имаме стабилна црква.

Патот на црковното растење и формирање  не беше лесен, бидејќи српските владици сметаа дека загубиле своја територија, па не' прогласија за расколници и сиот свет ни го сврте грбот. Но, интересен факт е токму тоа, што во такви лоши услови, со минимална помош од другите помесни цркви, сепак, денес МПЦ духовно воскресна и сега е здрава и зрела црква, со свои просветни институциии, со свои епархии, македонски архијереи и свештенство, безборј храмови и манастири, многу монашки братства и сестринства, како и многуброен и верен народ, кој си ја сака својата црква и држава Република Македонија.

Благодарни сме им на црквите што беа отворени кон нас и примаа наши студенти, а тоа се Руската, Романската, Бугарската, а во поново време и Грчката црква.

Долги години се водеа повеќе преговори со СПЦ, кои не дадоа никаков плод, бидејќи од нивна страна постојано беа измислувани нереални причини за блокирање на преговорите за наше сослужување и единственото нешто што го добивме од српската страна - тоа се кукавичините јајца што се испилија во нашата црква и направија и се' уште прават раздори, лажејќи ги луѓето што им веруваат, дека решението е во СПЦ. Неуспешните преговори во изминативе децении ни го покажаа спротивното и не смееме повеќе да си градиме илузии.

Црковното прашање излезе од рамките на црквата, па и нашите политичари се зафатија со решавање на црковниот спор, чиниш ги решиле сите проблеми во државата, па уште ова прашање им останало.

По нивна иницијатива беа испратени писма до Цариградската патријаршија, со молба токму цариградскиот патријарх да го разреши овој "Гордиев јазол".

И ако до Светиот архијерејски синод  немаат стигнато никаква писма, ниту известувања, ниту барања, сепак некои новинари и медиуми се дрзнаа, па почнаа да пишуваат разни претпоставки за можни решенија, меѓу другото се споменуваше и тоа дека МПЦ треба да се откаже од своите епархии во дијаспората и да ги предаде под јурисдикција на Цариград, како и тоа дека неколку наши манастири би требало да станат ставропигијални манастири, односно да преминат под директна управа на цариградскиот патријарх.

Во оваа пригода би сакал да истакнам, дека Македонскиот народ ниту во дијаспората ниту овде нема да дозволи туѓа јурисдикција во нашите цркви и манастири и дека доколку цената на нашата автокефалност е толку висока, тогаш подобро да си останеме како и досега, и онака без ничија помош и со толку пречки постигнавме многу во духовниот и материјален раст и напредок на нашата света Македонска православна црква.

Нашата црква не е на продажба и нема да дозволиме некој да се игра со нас, да не' понижува, ниту да го граба она што ние и нашите предходници со пот и крв сме го создавале. Внатрешното единство и меѓусебна доверба се скапоцени нешта, да не дозволиме некој да не' разделува. Да го чуваме внатрешното единство како најголема светиња.

Им благодарам на сите што искрено ни помагале и подржувале во сиот овој период, им благодарам и на подметнатите кукавичини јајца, бидејќи не' научија да бидеме попретпазливи и позрели, а најмногу му благодарам на нашиот верен Македонски народ што си ја сака својата Македонска православна црква и го повикувам уште повеќе да се вклучи во животот на црквата, да си ги сака својата вера и татковина и така да им пренесе и на идните поколенија Македонци.

Само народот што ги љуби Бога и својата црква може да ја сака и гради нашата Македонија, и благословот божји ќе биде со него, а оние чии очи се вперени само во парите, моќта и сладострастието, од таквите бега божјиот благослов. Господ да не' чува од такви водачи! Амин!.

www.magazin.mk 

**************************

Далибор Станковиќ

БУГАРИЈА Е ФАШИСТИЧКА ДРЖАВА, ОКУПАТОР ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА КОЈА ТРЕБА ДА ГО ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО

 

17 октомври 2020

Дури и да не и' се надомести на Македонија за бугарската окупација преку воена репарација, која е меѓународна обврска, станува морална одговорност на бугарската држава. Бугарија како европска земја, како членка на слободарска Европа има морална обврска да му се извини на македонскиот народ за окупацијата во Втората светска војна. Само тогаш македонско-бугарската комисија за историски прашања ќе може да продолжи со својата работа!

******************

Како молња од небо се појави информацијата за нов договор со Бугарија за која претседателот Стево Пендаровски изјави дека би можело "да се потпише декларација за реафирмирање на вредностите врз кои почива Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, но вонпамет е да разговараме за нов договор или за уставни измени.

Меѓутоа, со сета почит, претседателот Пендаровски греши. Македонија треба да побара нов договор, според кој Бугарија ќе се обврзе да ги почитува одлуките на Париската мировна конференција од 1947 година и на Бледскиот договор од 1947 година. Според Париската мировна конфренеција, Бугарија како членка на Тројниот пакт и сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија треба да и' плати на Југославија 25.000.000 долари воена репарација. Следствено, Бугарија може бесконечно шумно да разгласува дека не била окупатор, меѓутоа САД, Велика Британија, Франција и Советскиот Сојуз мислеле поинаку кога ја донеле одлуката.

Исто така не треба да се заборави дека на Македонија како членка на поранешната југословенска федерација и' следува дел од ова финансиско обесштетување. Бледскиот договор беше потпишан помеѓу Јосип Брз Тито и Георги Димитров.

Според овој договор, Бугарија се обврзала да им обезбеди услови на Македонците во Пиринска Македонија за слободен национален, економски и културен развој, а Југославија изјавила дека се откажува од воената отштета. Но Бугарија не ги исполни ниту двата договора, иако станува збор за нејзина меѓународна обврска.

АКО СЕ ЗЕМАТ ПРЕДВИД ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ, БУГАРСКАТА ДРЖАВА БАРА ОД МАКЕДОНСКО-БУГАРАСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИСТОРИСКИ ПРАШАЊА ДА ЈА СМЕНИ СВЕТСКАТА, А НЕ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА. НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ОДИМЕ ПРОТИВ СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА.

Доколку Бугарија и понатака настојува да ја менува светската историја, ние немаме потреба да разговараме со Бугарија, затоа што ние само ја читаме светската историја, а таа вели дека Бугарија била фашистичка држава, окупатор во Втората светска војна, треба да исплати воена оштета и да го признае македонското малцинство. Ова треба да бидат принципите за понатамошни преговори со Бугарија.

Дури и да не и' се надомести на Македонија за бугарската окупација преку воена репарација, која е меѓународна обврска, останува моралната одговорност на бугарската држава. Бугарија како европска земја, како членка на слободарска Европа има морална обврска да му се извини на македонскиот народ за окупацијата во Втората светска војна. Само тогаш македонско-бугарската комисија за историски прашања ќе може да продолжи со својата работа!

Не треба да очекуваме дека многу брзо Бугарија ќе го промени своето однесување затоа што таа беше речиси стотина години тоталитарна држава. Тоталитарниот менталитет не може да се промени за три децении колку што Бугарија е "демократија". Изразот демократија е намерно во наводници затоа што бугарското општество не покажува демократски дух.

Затоа сме сведоци на поништувањето на регистрацијата на македонската партија во Бугарија ОМО Илинден - Пирин, откако во 1999 година на локалните избори освои пет градоначалнички места!

Следствено се поставува прашањето кој гласал за ОМО Илинден - Пирин, некои духови или? Одговорот е очигледен - Македонците во Бугарија!

Забраната на македонската партија од страна на бугарската држава не треба да не' зачудува, затоа што Бугарија по својата сушност е квазифашистичка, слично како Франкова Шпанија, која го гонеше и забрануваше искажувањето на баскиската национална свест.

НИЕДЕН ПОЛИТИЧАР ИЛИ ИСТОРИЧАР НЕ МОЖЕ ДА ГИ РАЗБЕРЕ НАЦИОНАЛНИТЕ БАРАЊА НА БУГАСКАТА ДРЖАВА.

Најверојатно и никогаш нема да ги разбере затоа што станува збор за психолошки проблем. По се' изгледа со бугарските државнички барања и ставови треба да се занимава психологијата, а не политиката и историјата.

Доколку Сигмунд Фројд денес би бил жив, најверојатно ќе речеше дека станува збор за психолошки проблем што предизвикува негативно однесување.

Во случајот со бугарската држава, психолошкиот проблем се вика Санстефанска Бугарија или Обединета Бугарија, комплекс што бугарската држава се обидува да го лекува преку нас Македонците.

*********************************** 

Ана Бунтеска

 

денесмагазин.мк

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

 

 

 ИМА ЛИ МЕРКА ЗА ЉУБОВ?

Има ли мерка за љубов?
знае ли некој како љубовта се мери
еве, децата велат
"те сакам до небото и назад"
оти небото во дестскиот ум е бескрајно
и некогаш се прашувам
дали душата е поголема од небото
та ми се чини оти мора да е
оти во неа и небо збира
сосе облаци и sвезди
и сиот дожд
сосе грмотевици и молњи
а сепак поубаво ми звучи она
"од небото и назад"
оти тоа барем знам колку чисто е
и оти тоа, детското небо
е поголемо од душата на возрасните
и затоа никому не верувам
ама баш никому дека ме сака со кажана мерка
небаре љубовта штоф е
па од неа одело ќе скроиме
или свечен фустан за забава
небаре љубовта течност е
та од неа ќе ги наполниме чашите
за живели со непознати да правиме
небаре љубовта храна на трпеза е
та како на скап коктел
ќе боцкаме и пребираме
детската љубов
таа кај тебе сакам да ја видам
да ги рашириш рацете
па да се премислиш
и угоре да ги кренеш
и со чист глас да кажеш
"те сакам Ано до небото и назад"
и да се смееме небаре шега е
а и обајцата да знаеме
колку вистина има во детското поимање на љубовта
колку вистинска љубов во неколку збора е збрано
оти ко ќе не' нема
душата на истото тоа небо заминува
токму на она, детско небо
она небо до кое љубовта ми оди
и повеќе не се враќа.
**********
Ана Бунтева, 05-ти август 2016 година

 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 318, 25 октомври 2020