ВРЕМЕ Е ЗА ПРЕСМЕТКА СО ПРЕДАВНИЦИТЕ И ИЗРОДИТЕ

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗАРЕМ УШТЕ НЕ НИ Е ЈАСНО КОЈ ГО ВОДИ ВМРО-ДПМНЕ И ЗОШТО?

 

09 октомври 2020

И дури "генијалецот" Христијан Мицкоски и неговата блиска дружина  се богатат врз грбот на своите членови, дома и во задграничните преставништва ширум светот, Зоран Заев си ја завршува својата гнасна работа без пречки и на кукавички начин. После малата станка на шарената револуција со уништување и нагрдување на  сите споменици низ цела Македонија, сега, многу од нив сместени во владата на Зоран Заев, ја продолжуваат, уште пожестоко, својата недовршена работа. Стружат шахти, уриваат споменици, бришат наслови од времињата на бугарскиот фашизам во Македонија и многу други нешта од договорите, неби ли ги задоволиле болните амбиции на соседите. Зошто? - па да не пикнат во европскиот пекол, каде наоѓаат засолниште изродите, арамиите, велепредавниците, откако ќе им ги завршат на своите газди и финансиери работите, за кои се платени.

Охрабрени од нашата неодлучност  да преземеме било какви одбранбени мерки,  гангстерите и ноќните злосторници на СДСМ скришум, како утки,  ја уништуваат македонската античка култура со, сега, "атрактивни" двојазични натписи  на англиски и македонски. Баш така, потврдувајќи му на светот дека оваа земја е "грчко-албанска", бидејќи Македонците исчезнале, а зад себе оставиле  доселеници по име ТРИ ЦРТИЧКИ (///). И дека се' што е видливо на секаде по Република Македонија од античкиот македонски период, всушност им било украдено, како што вели касапот Заев  на соседите, особено на Грците и на "воловски спреги" пренесено во Македонија. И тоа, замислете си, за време кога Грците и Бугарите "пиеле кафе" и не очекувале такво невидено "злосторство" од северните "варвари".

Но, бидејќи  толкав "украден" археолошки фонд не е можно физички да се пренесе во Грција и Бугарија, кретените на СДСМ измислија друга глупост.    Со двојазични атрактивни плочки, платени од македонскиот буџет,  му соопштуваат на целиот свет дека Република Македонија е најголемиот крадец на археолошки културни богатства и неминовно мора да се третира како таква.

Тој злосторнички и "мудар" потег на Грците со активна внатрешна подршка на најгнасните изроди, квислинзи и велепредавници на својата земја, Македонија, е знак, дека се' се може ако  се знае како  и без испукан куршум да се биде победник. Подучени од   крвавиот  пораз одамна доживеан кај Херонеја на 2 август 338-та, во војната со македонските великани Филип Втори и Александар Трети Македонски, сега вешто се служат со поефикасни мирнодопски средства за остварување на истите цели од пред многу векови: поткуп и уцени.

Знаејќи за нашите желби да станеме членка на "елитниот" европски клуб, и едните и другите се послужија со НАТО и ЕУ како мамци, заедно со други додатни нечесни и нецивилизирани уцени и  закани, за да ги кутнат на колена нашите недораснати, слаби и поткупливи "дипломати". И успеаја   со Преспанскиот договор да добијат се', дури и многу повеќе од бараното и така без војна со денешните Македонци, да бидат победници и да си ја наплатат пролеаната крв кај Херонеја. 

Се редеа и уште се редат услови и нови барања, а рампата на патот кон "благосостојбата" никако да ни ја кренат. Нашиот пристап кон овие меѓународни организации се' уште бара додатни жртви од Македонците, за да се затвори таканареченото македонско прашање и ние еднаш за секогаш да исчезнеме пред очите на европејците или тие да ни се тргнат од плеќите, зошто ни претставуваат неподнослив и непотребен товар. 

И така,  тоа што со оружје не беа кадри да го добијат пред многу векови, сега, Грците,  со помош на Никола Димитров и Зоран Заев го добија како подарок на послужавник. Се разбира не' сосема бесплатно. 

Откажувањето од македонскиот национален идентитет - името на Македонија, од македонските иселеници ширум светот, историјата, традициите и се' друго што Македонија ја чини земја на Македонците, на овие неуки и глупи македонски "државници" не им успеа "реките" со мед и млеко да ги насочат кон  македонските патишта и улици, туку спротивно од очекувањата: сиромаштијата и иселувањето на младите Македонци ни се заканува со депопулација на Македонија, а со тоа ослободување простор за трета албанска држава. До колку на македонскиот народ не му се врати умот во главите. 

И така, наместо благосостојба и безбедност, доживеавме понижување,   срам и потсмев од целиот свет. 

Тоа ни докажува дека денешните Македонци немаат никакво цивилизациско чувсто спрема добиеното богато античко културно наследство, ниту пак љубов кон татковината, понос, достоинство, гордост, спрема самите себеси и  должно почитување спрема предците, кои со своите коски и крв ни изградија покрив над главите кои, денес  за нас не значи ништо. Ништо, бидејќи го добивме бесплатно под неписан услов да го негуваме, надградуваме и пренесуваме на македонските генерации кои доаѓаат после нас. А ние? - а ние ноншалантно им дозволивме на група идиоти и неуки sверови цел народ да го префрлат жеден преку Вардар и да распродадат се', што здрави луѓе не би ни помислиле на такво нешто, а  главите им останат не гибнати!

Затоа, срам да ни е на сите кои се сметаме за Македонци и наследници на нашите славни јунаци кои и во времињата кога немавме своја држава храбро му се спротивставуваа на надворешните грабливци, не жалејќи ги своите животи. Меѓу многуте светли примери на храброст и љубов кон татковината,  историјата ги споменува со посебен пиетет младите  Гемиџии и Ќосето од кои Зоран Заев и неговите криминалци и сега се плашат да не искрснат од некаде и  ги "поздрават" за се' што досега и' направија на  Македонија. Земјата, во чии темели ги положија своите млади животи за ние да бидеме слободни, а Македонија безбедна.

А сега да видиме со што се бават  ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дури СДСМ и Зоран Заев си ја завршуваат работата: ги замајуваат своите малубрјни следбеници со лажни протести мафтајќи со знамињата на Европската Унија и НАТО и мајтапејќи се со  Македонија и ликот на македонскиот Апостол, Гоце Делчев, на кој одамна  му го свртија грбот, а на својата земја и' го испоганија името, достоинството и честа!

Приредуваат улични циркуски и театарски забави  заради поскапување на струјата и смалувањето на откупните цени на грозјето и краставиците, со што своите членови ги ставаат во нирвана, дури арамиите несметано стружат и поставуваат натписи пред секоја статуа на нашите антички предци со кои го убедуваат светот дека тие се дел од грчкото и бугарското античко  материјално наследство и дека цивилизациски чин би бил тоа секој да го знае. Да го знае, "дека Македонија во недостиг на свои, го кради туѓото културно наследство", спрема зборовите на "античкиот историски експерт" од Муртино, Зоран Заев!?

Ете тоа ние браќа и сестри, ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.  За нив знамињата на ЕУ, во заднината на протестната поворка се' уште неосвестените ДПМНЕ-ОВЦИ ги држат во еуфорија, уверени дека само тие се спасот за Македонија, па макар и никогаш таму  не стигнале живи и здрави. 

Ни го покажуваат "правиот пат кон благосостојбата" и големите наслови со:  "ЗА МАКЕДОНИЈА И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ", тие свети симболи  кои Христијан Мицкоски ги злоупотребува за своја лична промоција и лажен патриотизам, што е голема навреда за Македонците и Македонија. Зошто? Затоа што обидува пред цел свет да покаже дека само тој, Христијан Мицкоски, како едини столб на националната безбедност ја ужива довербата на македонската нација!?  Или со други зборови, Христијан Мицкоски и неговите послушници кои го држат да плива, уште некое време, во матните води на ДПМНЕ со извртување на одбиеното референдумско прашање: "дали сте за влез во ЕУ и НАТО, со прифаќањето на Преспанскиот договор" во : за "Македонија и Гоце Делчев" со влез во Европската Унија и НАТО, ни фрла пепел во очите и сол на раните! А знаеме што тоа значи: уште едно потврдување дека се' ќе дадеме само да влеземе во НАТО и ЕУ и со тоа ги прифатиме сите договори со Грција, Бугарија и Албанија, заедно со нашето ново национално име: ТРИ ЦРТИЧКИ (///).  

Тоа ли го сакаме? Е, тогаш следејте  го велепредавникот Мицкоски и глупираите се самите себеси! Ама  и сите нас дома и надвор, зашто сме неспособни да преземеме контра акција со вистински отпор  и да ја разбереме правата намера на ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и нивните лажни протести, со зли намери.

Нее ли тоа уште една вулгарна и варварска измама за смирување на сеуште национално неосвестените следбеници на Христијан Мицкоски? Зарем може да се верува дека во таква организација, непријателски спротивна на Гоце Делчевите  идеи за слободна Македонија, да членува и дел од универзитетската "елита",  заедно со велепредавници од сите научни институции? 

Дали е  можно еден нездрав човек кој на цел свет му се заколна дека "нему паѓало ни на памет да ја повреди својата земја и народ", за следниот ден со седнување во премиерската фотелја и во спрега со внатрешниот  и надворешниот злосторнички ЏГАН,   преспанскиот и бугарскиот "добрососедски" договор да го злоупотреби за античкото македонско културно наследство заедно со македонската национална историја  да ги прикаже за туѓо добро? Па затоа   мора да им се вратат на Грците и Бугарите, до колку сме сакале да ги оствариме нашите стратешки цели, а тоа е НАТО и ЕУ!? А ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мртви ладни протестираат заради поскапувањето на струјата? 

Можно ли е тоа еден ограничено интелигентен и неук манијак да го прави сето тоа што не уништи до корен,  засрами и понижи без враќање сосема сам без широка подршка на опозицискиот лидер на ДПМНЕ Христијан Мицкоски? Тешко уверливо!

И замислете си само за момент: чија десна рака на тој болен Заев му овозможи да ја оствари  комплицираната и деликатна задача, а потоа својата вина да ја натовари  врз грбовите на своите 8 пратеници во Собранието, да ги пушти низводно да се дават и пак Мицко да остане  "чист" и понатака да го замајува и бесрамно лаже своето членство без кое е никој и ништо?

И покрај сите лаги и превари, Христијан Мицкоски, Зоран Заев број два во сенка, и понатака упорно ја турка Македонија во  двете непожелни "меѓународни" организации за  македонската држава и Македонците, како божемно едина и последна прилика да се спасиме од сиромаштијата,  по секоја цена. Тоа е и причината на неговото  одбивање да се ангажира во поништувањето на нелегалните и не легитимните катастрофални, по македонските национални интереси и самата македонска држава, договори! Тоа е причината, мој драги, повеќе пати излаган македонски народе, што и денес тој перфиден велепредавник кој се' уште го јаде македонскиот леб и ја пије македонската вода  како Камелеон ја менува тактиката за да не биде потполно откриен дека баш тој е таа "кртица" во македонското општество. Таа  врска помеѓу СДСМ и Меѓународната заедници во остварување на последната фаза на македонското уништување: заклучување на таканареченото вештачко македонско прашање и потоа напуштање на земјата без трага и глас за да се сместат во некое дувло  за да изгнијат во срам и заборав од секого, но не и  од македонската историја!

Сакаме ли да живееме понижени, излагани  од група бандити и криминалци, или слободни во слободна  Македонија? Тогаш време е да им се придружиме на новите Гемиџии од Битола, Штип, Прилеп, Скопје...кои по примерот на Гоцевото ВМРО ја започнаа внатрешната борба против тиранијата и предавствата на  Зоран Заев и Христијан Мицкоски.  

Сите знаеме, дека во стравот очите се широко отворени, ама многу од нас се' уште не се уверивме дека  срамот е поголем од се' и вечен!

За секогаш Ваш, Сотир!

 Далибор Станковиќ

ЗОШТО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е ЕДЕН ОД СТОЛБОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА?

 

 03 октомври 2020

Димо Хаџи Димов: "Плачот на Гоцета нека ја раствори наполно таа долго очекувана пролет и нека во најблиско време одново да си подадеме сите братска рака како синови на Македонија така како што некогаш околу Гоцета се чувствувавме како една челад и социјалисти, и анархисти, и националисти, зашто мислевме и дејствувавме само како Македонци, сите до еден и сите како еден".

**************

Отсекогаш македонизмот, македонштината и македонољубието биле на отстрел од страна и приврзениците на екстремниот бугарски национализам. Во тој правец е и негирањето на македонската сушност на Гоце Делчев, бидејќи тој е еден од татковците на македонскиот национализам и македонската нација.

Туше Влахов истакнува дека при изработката на Уставот на ТМРО, Гоце Делчев и Ѓорче Петров ги внеле своите "радикални", револуционерни идеи. Имено, организацијата се бори за премавнување на шовинистичките пропаганди и национални расправии што го цепат и ослабуваат македонскиот народ во неговата борба против општиот непријател, односно, според новиот Устав Организацијата да има цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија без разлика на народноста за извојување преку револуција полна политичка автономија.

Идеологијата на Гоце Делчев е образложува Димо Хаџи Димов, кој вели: "Плачот на Гоцета нека ја раствори наполно таа долго очекувана пролет и нека во најблиско време одново да си подадеме сите братска рака како синови на Македонија така како што некогаш околу Гоцета се чувствувавме како една челад и социјалисти, и анархисти, и националисти, зашто мислевме и дејствувавме само како Македонци, сите до еден и сите како еден".

Оваа концепција на Делчев за обединување на македонскиот народ, кој бил поделен од туѓите пропаганди, е континуитет на веќе пројавената македонска посебност, различност и идентитет, македонски сепаратизам пропагиран од Трајче Китанчев, Спиро Гулапчев, Коста Шахов и многумина други.

По објавувањето на биографијата на Гоце Делчев од страна на Пеју Јаворов, списанието "Македонија" во април 1904 година објавило една статија во која било забележано дека Јаворов пишувал за сепаратизмот и дружбата на Делчев со сепаратистите. Според споменатото списание, Јаворов бил добар поет, но слаб историчар и не ја познавал психологијата на сепаратистите.

Сепаратистите не се залагаат за политички, туку за национален сепаратизам. Во овј контекст било забележано дека владиката Теодосиј Гологанов, во 1893 или 1894 година, издавал крштелни свидетелства во кои наместо Бугарска егзархија пишувало православен христијанин. Гоце Делчев го ангажирал Атанас Раздолов да печати брошури со револуционерна содржина, како преводна, така и оригинална негова. Веќе од 1895 година Раздолов го привлекол кон себе со револуционерниот тон на своите брошури. Во книшката "Баба Ѓурѓа"" и "Проза во стихови", изнел сцени од современиот македонски живот и потцртал дека само со борба македонските поробени маси ќе ја извојуваат слободата. Раздолов ги повикувал "Македонците и Македонките" да се борат за извојување слобода на Македонија. Тој апелирал до...секој чесен Македонец, а пак не е срам и да не е Македонец да се притече на помош за да се формира еден круг од вистински борци и чесни слободољупци! Делчев го ангажирал Раздолов токму поради неговите погледи за иднината на Македонија и на македонскиот народ.

Делчев во писмото до Ефрем Каранов од 17 октомври 1895 година пишува: "Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, којшто го направи Македонецот доста дебел во свеста за човечката правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него..."

novamakedonija.com.mk 

 Јани Бојаџиев, режисер и универзитетски професор

ЗА ГОЦЕ, ПРОШТЕВАЈ ГРАДЕ МОЈ!

  05 октомври 2020

Да се зборува и пишува за Гоце Делчев  е лесно. Не е никаков предизвик да се раскажува за човекот што станал легенда уште додека бил жив. Неговиот прв биограф, инаку Гоцев другар и соборец, еден од најпознатите и најголемите бугарски поети на сите времиња Пеју Јаворов-циганинот од Чирпан како што од творечка и човечка завист го нарекувале во Бугарија во она време, за Делчев напишал приказни што ги видел и доживеал по македонските планини, во градовите и селата што го поминале заедно ширејќи ја револуционерната борба и идеалот за слобода на Македонија. Во тие спомени Пеју Јаворов раскажува многу настани, и веднаш може да се разбере дека Гоце сите, ама сите, го чувствувале безмалку на ист начин на кој ние денес гледаме од документарните филмови како се доживува и прима Че Гевара. Со почит, восхит но и возбуда дека сте можеле да се сретнете со Гоце. Односно со Ернесто. Дека сте зборувале со него. Дека сте го допреле или сте размениле допири и воздишки. Кога се знаело дека Гоце ќе престојува некаде во некое одредено место во некое приближно време, млади моми ги переле и гладеле најубавите носии и недели и однапред плетеле венци и кошници за храна и овошје за кога ќе се сретнат со Гоце да му ги подарат. Гоце бил неуморен во средбите со раководителите и членовите на организацијата но и отворен, едноставен и благ кон обичниот Македонец во настојувањата секому да му каже убав збор и да пренесе надеж и сила да се успее во борбата за слободата на татковината. Гоце бил бескрајно вљубен во својата земја што ја проектирал и преку почитувањето на природата, бил пријател со животните, и едноставен и скромен во се' што правел. Гоце, буквално, внимавал каде ќе стапне за да не прегази ниту еден цвет. Има прекрасна приказна во збирката "Гоце" каде Пеју со наивен восхит го опишува Гоце како стои на врвот на еден рид, замислен и загрижен за настаните во Македонија: светот му тежи на плеќите а во раката држи и мириса едно горско цвете. Гоце бил кажан збор. Завет. "Гоце ми кажа": било доволно да се изврши пресуда. Да се казни противник, па дури и да се убие предавник на народот и делото. Никому не му паѓало на памет да го проверува зборот на Даскалот, како што го викале, како што самоодбрале да го поистоветуваат со Христос, безмалку.

Во градскиот парк во Струмица, градот на кого му падна на плеќи одговорноста да го чува споменот за Гоце  како безмалку негов втор роден град, се наоѓа споменик на Гоце Делчев во придружба на Андон Ќосето. Бескрајно жалам, му се извинувам на мојот роден град што го предадовме во рацете на вождот на врховизмот за од таму да почне, а најверојатно таму и да заврши одрекувањето од него-Гоце, апостолот на македонската слобода но и од  себе самиот-Струмица градот на македонското предавство. Ако можеш, проштевај граде мој! Напишано е многу за Гоцевото последно патување во Македонија. И за смртта. И за крајот на сите надежи. Кога ја работевме претставата "Змеј Горјанин" во театарот "Антон Панов" во Струмица, истражувавме низ Кукушани се' што знаат за Гоце од нивните татковци и дедовци. Во двата тома на Коста Пеев "Кукушкиот говор" го откривме текстот од песната "Абре вија Кукушани" испеана веднаш по смртта на Гоце. Но Коста Пеев не ја запишал мелодијата. Неколку години се обидував да дојдам до човек што знае да ја испее песната, која е зла прокоба за денот кога Македонија останала без надеж. И одеднаш пред нас блесна Симо, учител од Иловица, Струмичко, кој ни ја отпеа песната што ја пеела неговата баба. Скокнавме до небо! Ја снимивме на мојот мобилен телефон. Му ја дадов на Ване Јовчев од Синтезис, и самиот по потекло од Кукуш. Маестрото направи блескава обработка. Сузана Јовчева ја отпеа со специфичното кукушко назале.

Бескрајно  се радувавме што допревме прав од историјата. Макар само  со врвовите на прстите од едната рака.

Тинче Ристевски во серијата "Болка на душата" ја пееше од душа. "Абре вија Кукушани што сте толко нажалени, натажени? Како да не сме нажалени, натажени, вчера вечер ЧУДО СТАНА Гоце Делчев умрен падна"! Смртта на Гоце била доживеана како "чудо". Како нешто невозможно да биде возможно! Подоцна од дедо Гоце слушнавме што им кажувал нивниот татко, роден Кукушанец и "комшии со Дељчови". Го пишувам на стандарден јазик, не на кукушки дијалект, за да го разберете потполно кажувањето кое објаснува се за тоа кој и што е Гоце Делчев. "Ах, Гоце? Гоце беше апостолот. Нели така се вели за оној човек што носи некоја вест? Добра вест, како што се вели.

Бидејќи многу луѓе имало, кои биле големи даскали на организацијата, и за тие луѓе се кажувале различни работи. За некого добри а за некого и не толку. Но за Гоце да се каже нешто лошо, нетокму, расипано-такво нешто не може да се случи! И кога станала таа работа, таму долу во Баница, Серско, подалеку од Кукуш е тоа, кај нас се слушнале уште истата вечер. Голема жал.

Тоа била голема жал. И во секоја Кукушка куќа се жалело една недела, девет дена а некаде дури и до четиринаесет денови од после смртта, како на секого некој свој, домашен човек да му поминал. И од тогаш па до ден денешен не се родил никој рамен на Гоце. А еден Господ знае дали и ќе се роди?!" Ни стана сосема јасно дека и најобичниот и скудно образован Македонец знаел да процени кој што бил и кој што заслужил да биде?! За сите други даскали и револуционери било дозволено да се зборуваат и негативни работи да се кртикуваат определени нивни карактерни особини или однесувања, освен за Гоце! Гоце Делчев бил идеал. Чиста вредност. Дијамант што секое удирање, стргање или брусење го прави уште поубав и уште повреден.

Има луѓе што се зачудени од сето ова што се случува во врска со партијата СДСМ и црвената буржуазија како спонзор на Зоран Заев и нивниот однос кон македонската историја, особено кон нејзиниот најромантичен дел-периодот на револуционерното организирање, борбата за автономија и неколкуте, за жал, од познатиа но и се' уште непознати причини неуспешни востанија. Само наивно чесни и навистина луѓе со добра воља и бескрајна желба ова да е само кошмарен сон а не јаве, не можат да ја прифатат вистината дека истите центри на црвената буржуазија инволвирана во УДБА најмалку три генерации наназад произведуваат пропаганда на омраза кон оние Македонци кои не се со нив. Во времето на комунизмот од илјада деветстотини четириесет и шестстата па се до раните деведесетти години од минатиот дваесетти век тие произведуваат државни лаги и измислици дека илинденците, востаниците, комитите, четниците и особено припадниците и приврзаниците на револуционерните организации се простаци, дивјаци и будали а оние што ги почитуваат се бугараши, антимакедонци и непријатели на Југославија.

За Гоце Делчев имаше државна пропаганда за одземање на вредноста на учен, образован човек, кога веќе им беше сосема јасно дека неможат да му го чепнат ореолот, митот и идеалот на романтичен народен херој. Па за таа цел имаа аксима дека тој е само "простак и посерко" (Гоце Делчев бил со кревко здравје, имал чир и страдал од неподносливи болки во стомакот!) и дека тој никогаш не рекол "Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите" туку тоа е фалсификат што во уста му го ставил Блаже Ристевски! И јас самиот сум бил замислен пред невозможноста некој наш, некој комита, небањат, смрден четник да има кажано мисла што е една од најголемите метафорични постулати за демократијата и еднаквоста на сите народи на овој свет. На сите времиња. Од Тукидид и почетокот до Фукујама и крајот на историјата. Кој може некој Македонец да биде толку паметен? Му благодарам на Пеју Јаворов што ги растури сите сомнежи што ми ги насадија училиштата на црвената буржуазија на комунистичка Македонија. Кога една по една ги откривав книгите и записите на Јаворов во Бугарија, се чувствував засрамен и поразен од тоа што сум поверувал на лаги и невистини. Подоцна, откако дојдов да живеам во Скопје, сфатив дека огромен дел од универзитетските наставници, интелектуалци, уметници и јавни личности, кои се образовале на македонските и југословенските универзиети воопшто и не слушнале за Пеју Јаворов и затоа дека тој човек е свидетел на настаните што ги опишал! Долго време мислев дека тие луѓе кои во македонската интелектуална елита важеа а некои од нив и сеуште важат за образовани, не биле дел од таа стихија на пропагандата и непријателството со намера, туку од незнаење! Таа пропаганда во социјалистичка Македонија постоеше и Бугарија има потполно право да ја смета за чин на непријателство кон неа, затоа што дел од таа антибугарска војна на поранешните Комунисти и тогашни непријатели на Бугарија, а сега преправени во Социјалдемократи и пријатели на Бугарија, беше насочена и кон големите бугарски револуционери, писатели и мислители.

Па за таа цел, за јакнење на нашиот детски антибугаризам им служеше една песничка, која на крајот од кажувањето имаше и одвратно пејоративно декламирање, кое завршуваше со стихот: "Иван Вазо(в) да ми лиже газо!" Го пишувам ова за да знаат вистинопишувачите од штабот на фашистичката пропаганда на новокомуњарскиот врховен комитет на СДСМ дека знаеме кои се, што се, што прават и зошто го прават тоа што го прават, и дека се презрени од народот во најновата кампања за негирање на Гоце Делчев и револуционерната борба за слобода на Македонија како срамотен и примитивен чин на арамии и убијци! И самиот Пеју Јаворов негиран, навредуван и омаловажуван после првиот неуспешен обид за самоубиство кога и ослепува, на другарот, братот и соборецот Тодор Александров му пишува драматично писмо: "Драг Тодоре, прости ми, нека ми простат сите што ја изневерив Македонија. Јас умирам тука, во Бугарија". И продолжува: "кажи и' на Македонија (како да е тоа жив човек, организам, суштество, а не територија) кога ќе отидеш таму дека нејзиниот син (јас се сметам за таков) умира во слободна Бугарија, овенчан со една најгнасна клевета. И кога таа (Македонија) ќе биде слободна, еден од другарите нека дојде на мојот гроб и да ми каже: "Те поздравува нашата мајка маченица-таа веќе е слободна!"

Кога во 2010 година во Драмскиот театар во Скопје предложив да ја работиме претставата "Нирвана" на големиот бугарски драматург Константин Илиев, дополнив дека таа треба да се игра така, да се зборува на бугарски и на македонски јазик.

Мене не ми требаат лажни договори за да знам дека сите балкански народи се братски и дека делат исто минато, сегашност а и иднина! Пред десет години тоа го правевме оти верувавме во идеалот на Гоце Делчев за светот како поле за културен натпревар! Ама искрено и од срце. За време на подготовките на екипата и' го покажав и писмото на Пеју Јаворов што погоре го цитирав. Не веруваа дека такво нешто навистина постои. Мислеа дека се шегувам, дека е само дел од пиесата, од фикцијата на писателот Коста Илиев, кој тој текст го ставил во устата на карактерот на Пеју Јаворов, а не вистински документ. Не можеа да прифатат такво нешто. "Нема такво нешто. Тоа некој на некого му го ставил во устата.  Некој фалсификатор на историјата!" Замислете као ми беше мене кога во библиотеката ги откривав сите тие работи. Сам и изгубен во големата Софија. Просто дете дојден од најзабутаната македонска провинција. Ги споделив моите збунети мисли со моите сокласници Бугари и тие ми се изнасмеаја со зборовите: Маке, редно беше да ти падне самочувствието на Александар Македонски и да прифатиш дека и Гоце Делчев ти е доволно за да се доживееш достојно! Сега, кога се самоодрекуваат од Гоце, сосема природно е да се чувствуваме недостојно. Затоа што одземањето на самочувствието на Гоце е одземањето на самочувствието за слобода и правда. Слободата, драги мои, е во идеализмот на Гоце, а правдата во анџарот на Ќосето. Ете ги, за чудо, се' уште стојат во градскиот парк во Струмица еден до друг. Ако не го изгубите Гоце, слободата, еден ден, може и да сија вратите. Но ако не го вратите Ќосето, засекогаш ќе ја изгубите правдата!

novamakedonija.com.mk

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

***

 КОЧО РАЦИН

 

 ПЕЧАЛ

Нема ли живот, нема ли
љубов за живот голема,
љубов за живот човечна
у вија гради аргатски?
Нема ли срце, нема ли
срце-на срца срцето,
срце-ширини широко
срце-длабини длабоко
цел свет да збере, па да е
за вија гради малечко?
Нема ли бел ден, нема ли
ден да е над деновите,
ден да е на аргатите-
ден-сонце вишен високо
ден-море шитен широко,
сонце да запре, да стои
и времето зачудено:
срцето пука обрачи
и плиска знаме алово,
срцето што се отвора
и шири ширно широко-
целиот свет да згрне!
************
Кочо Рацин, Бели Мугри

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 315, 10 октомври 2020