ВРАТЕТЕ НИ ГО ВМРО

 

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ШТО ОСТАНА ОД ВМРО-ДПМНЕ?

 

 

 04 октомври 2020

Повеќе пати сум пишувал за Христијан Мицкоски и неговите ненародни политики со кои ги замајува членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски не е ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се докажа како најнеспособен лидер во историјата на ВМРО. Спротивно, Христијан Мицкоски е втор Зоран Заев  кој заедно со него придонесе Република Македонија да го изгуби своето вековно име, националниот идентитет на државата и на Македонците.  Зошто? Затоа што им подлегна на надворешните фактори заедно со Зоран Заев да го затворат таканареченото "македонско прашање", поставено како проблем после распадот на Турската Империја, за конечна поделба на македонската територија. Причина за тоа велепредавство: поткуп, лични интереси, но и страв од прогон за некои свои противзаконски работи.

Христијан Мицкоски, за цело време од како беше устоличен за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, го користеше својот положај за деградирање на некогашната најмоќна политичка партија во Република Македонија. Најмоќната и единствена кохезивна сила, зад која стоеше народот македонски, бидејќи спомените на предходните македонски револуционери од Гоцевата генерација и подоцна за време на Народноослободителната борба за ослободување на Македонија беа се' уште свежи. И баш тој однос на Македонците и ВМРО и' пречеше на "меѓународната заедница". И' пречеше, бидејќи идејата со која македонскиот народ влезе во воените дејствија против германските, италијанските, бугарските и албанските балистичко-гангстерско-фашистички банди и од нив излезе победник со својата организирана 100.000 илјадна вооружена сила, ја почувствува како закана за нивните експанзионистички планови, неостварени во балканските и Првата светска војна.

Како би ги оствариле целите зацртани од над повеќе од 100  години, Западот и Европа изнајдоа, внатре во македонската држава, верни сојузници. Сојузници, за да си ги чуваат "чисти" своите раце пред свтската јавност.

Итри и зли, како само тие можат да бидат, ги искористија Македонците и нивните изроди Зоран Заев и Христијан Мицкоски против своите сопствени национални интереси. За сите валкани работи, кои се' уште не се заборавени и од оние времиња кога  во Егејска Македонија на народот му нанесоа страшни злосторства и прогони само затоа што беа Македонци. Ама и затоа, што македонската земја им значеше, и денес, на Грците им значи живот. И така  со присилните договори  Грција, Бугарија и Албанците, потпомогнати од типови како Зоран Заев и Христијан Мицкоски, си ги остварија своите зли планови, а  со ништо не им докажаа на светот дека и тие имаат свои прсти вмешани во уништување на македонската држава.

Споменатите зла, доведоа до пустош во Република Македонија, но и длабока поделеност на Македонците, не сфаќајќи дека со подржувањето на своите лидери во двете влијателни и масовни политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, самите си го копаат гробот и гробот на Република Македонија. И така, со распаѓањето на државата, се распаѓаат и партиите, а народот останува не заштитен во рацете на Албанците. Национално малцинство, кое со своите помалку од 15% учество во вкупното население во Република Македонија, станаа нејзини окупатори и узурпатори на власта која ги храни и цивилизира.

И што можеме да речеме денес за велепредавствата на Зоран Заев и Христијан Мицкоски? Можеме да речеме дека оставија политичка и економска пустош во Република Македонија и грст изроди кои не знаат што со себе да прават, а камоли со проблемите и потребите на  своите членови. Но и со безбедноста на државата и националните интереси на Македонците.

Лакрдијата која Христијан Мицкоски ја изведува со безцелните протести за некоја правда и право, откако со своето соучество во уривањето на Република Македонија донесе безредие и поделеност на Македонците, е глупост, која ќе се споменува во македонската историја како најлошо нешто што можеше нам, на Македонците, да ни се случи, а злосторниците  се' уште да шетаат слободно по македонските улици, неказнети од народот!

И за крај,  ВМРО-ДПМНЕ да се крене на ноsе и одново да стане flag ship (командни брод) во македонската политичка флота, му треба смена на командантот во командната кабина и реорганизација на посадата! 

За секогаш, Ваш Сотир!

 

Проф. Звонимир Јанкуловски

КОГА ИСТОРИЈАТА СИ ПОИГРУВА СО МАКЕДОНИЈА: КАКО СТАНАВМЕ МЕЃУНАРОДЕН БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК

 

 

25 септември 2020

За работите да станат појасни за се' ова што и' се случува на Македонија на надворешнополитички план, па и на внатрешен, мора да се поглeдне малку подлабоко во Стратегијата за национална безбедност на САД од 2001 г., кога САД станаа толку загрижени по нападите од 9/11 што слабите и неуспешни држави ги ставија во центарот на безбедносните проблеми на оваа држава. Загриженоста на САД за ваквите држави започна да влијае на размислувањето на националната безбедност на САД кон крајот на 90-тите години на минатиот век, но по 2002 година стана предмет за планирање на политиките во Стејт департментот на САД, разгледувајќи стратегии за борба против заканите што доаѓаа од слабите и пропаднати држави.  Слабите и пропаднати држави беа важни во безбедносните анализи на Стејт департментот, но само како дел од поголемиот стратегиски контекст. Веќе е очигледно дека и нашата држава била дел од ваквите анализи, по се' што се случуваше во последните години.

Фокусот на слабите и пропаднатите држави како закана за мирот и безбедноста стана конвенционална мудрост. Затоа слабите и пропаднати држави претставуваат посебни предизвици за политичарите и креаторите на политиките во Вашингтон. Според нивните проекции, заробените држави (неслучаен термин употребен за нашата држава) со остри социјални поделби, слаби државни институции, дисфункционална демократија и етнички тензии комбинирани со сецесионистички и екстремистички барања вообичаено водат кон колапс на државниот авторитет и криза, која секогаш е податлива за нивна дестабилизација, посредно загрозувајќи  ја пошироката меѓународна безбедност. Според креаторите на надворешната политика на САД, потребно е стабилизирање на ваквите држави преку меѓународна интервенција за да се заштитат од безбедносните закани што ги носат со себе по меѓународниот мир. Како во Македонија.

Европската Унија со право го изедначува државниот неуспех со "лошото управување" и со  корупцијата, злоупотребите на моќта, слабите институции и недостигот на отчетност. Етничките тензии, дополнети со долгогодишниот спор за името и прашањето на добрососедството секако дека ја маркира Македонија како потенцијален безбеднoсен ризик за регионот и пошироко.

Особено беше реално оценета можноста Македонија како слаба држава да стане центар за вклучување на Русија во геополитиката на Балканот. Верувам дека затоа станавме глобален предизвик не само за САД туку и Европската Унија во регионов. Кога од оваа временска дистанца го анализирам сето она што се случуваше во Македонија последниве години, од промена на власта до промена на името, историјата и политичкото преуредување на државата, очигледна беше намерата на САД и на ЕУ да ја "стабилизираат" државата низ канализирање на институционалната моќ на нацијата, така што нејзините развојни предизвици требаше да бидат ефикасно управувани пред државата да произведе безбедносна криза. Тоа беше нивниот превентивен ангажман во Македонија за да се избегнат идни безбедносни проблеми и да се подобрат условите за нашата стабилност и стабилноста во регионот. Ваквото "стабилизирање@ на државата однадвор никако не треба да го сфатиме како инвестиција во нашата сопствена безбедност, туку како инвестиција во безбедноста на САД и на Европа. Во тој контекст треба да се гледа и на нашето акцелерирано членство во НАТО.

Македонија ќе биде школски пример како САД ја употребија "меката моќ" да одговорат на безбедносниот ризик што, според нивната процена, верувам,  претставуваме за регионот и за Европа, а посредно и за САД. Не знаеме и нема да дознаеме дали ризикот што го носевме како слаба држава беше преценет при планирање на политиките во Вашингтон. Исто така, нема да дознаеме колку ваквите вежби како оваа во Македонија ќе им помогнат на креаторите на политиките подобро да ги калибрираат своите постапки за во иднина во справување со безбедносниот ризик што го носат слабите држави. И дали и понатаму остануваме директна и индиректна безбедносна закана на која САД и Европа треба да внимаваат. Но едно знам.  Државата веќе никогаш нема да биде иста. Знам дека и ваквото "стабилизирање" на државата нема да го спречи нејзиното понатамошно пропаѓање и оддалечување од успешно демократско управување.

Знам и дека фокусот на овој меѓународен напор да ја "стабилизира" државата колку и да беше насочен кон подршка на нејзиниот легитимитет и нејзината способност ефикасно да се справи со сопствените предизвици, за жал, нема да спречи од слаба да станеме неуспешна и на крајот пропадната држава. Со вакви политички лидери на далечинско и со ваква влада, која има премал кредибилитет и премалку ресурси за да ја врати довербата и да не' врати од работ на хаосот кон кој не' носи, процесот на самоуништување продолжува. Затоа се плашам дека американската администрацијс во обид да ги избегне грешките од минатото во регионот паѓа во "стапица на неговата историја"? Која очигледно повторно си поигрува со Македонија.

novamakedonija.com.mk

 

Ефтим Клетников

СЕВЕРНА: ПРОЕКТ НА ЕВРОПСКИОТ ФАШИЗАМ (5)

 

30 септември 2020

Да се вратиме на Преспа, македонската идентитетска гробница, проектирана за западните и балканските фараони на злото. Европа и тука во перверзен стил, познат за неа, го подготви преспанското губилиште на начин тоа да личи на доброволно колективно самоубиство на столченото племе, самоосогласено да се дотолчи, а европските лидери (вашингтонските, се разбира) и амбасадори што мислат дека сме идиоти и глупави, само затоа што сме мали и слаби, беа публиката заседната удобно во новообновениот римски колосеум на Нерон и Калигула во Преспа. Нерон и Калигула обновени во нашиот ненаш премиер (и неговиот министер за понадвор), со пенкало-гилотина. Камено дрво, ако треба да се послужиме со фигурата на оксиморонот. И ако тој оксиморон функционира природно во бајките и митовите. Но во Преспа се закочи неговиот природен митски механизам.

Толку. Ама должни сме, драги читателу, да ја разоткриеме докрај перверзијата на ова злосторство, во кое цивилизаторите, современи пилати, си ги измија рацете со тоа што го прикажаа него пред својата во ужасно пропаѓање морална совест (а потсвеста?) како доброволно самоубиство на столченото племе. Заекогаш. Оти нема излегување надвор од гробницата на идентитетската гибел и според антроползите, без исклучок, најстрашната од сите видови на смрт. Тоа, драг читателу.

Гледаш конечно дека воопшто не е неправеден насловот на овој наш колумнистички есеј. Тој е само, без анестезија, дијагностички хируршки зафат на болеста и болното ткиво на Европа. Таа болест се вика фашизам, и неа таа ја демонстрира на нас Македонците, па, според тоа, и ние имаме право да ја дефинираме неа од нашето искуство со неа. Оти нека, не се брани таа со фактот дека е наша одлука идентитетската смрт во Преспа. На македонската немакедонска квислиншка влада на Заев и Димитров, најголемите злосторници што се појавиле во неколкумилениумското постоење на Македонците и македонскиот идентитет. Не, нека простат, но тоа не им минува. Преспа беше комбинација на убиство и самоубиство (насилничко, не доброволно какво што е по дефиниција тоа). Францускиот сјаен антрополог Луј Вансен Тома кого јас често го цитирам, драг читателу, небаре поклоник на филозофијата на индуистичкиот кармизам, вели дека цивилизациите или народите што убиваат друг народ еден ден самите ќе умрат со неговата смрт. Да. Не знам сепак дали тоа кармичко пророштво на овој сјаен Французин, кога во една пригода јас му го препорачав како лектира и на мсје Тимоние, ќе се оствари и дали Европа еден ден по Божја казна, а праведно, ќе умре со македонската смрт со која ги уби Македонците во Преспа, но искрено сакам да и' се случи тоа. Само тоа можеби ќе може неа да ја прероди морално и етички.

Ми велиш драг читателу, зошто тоа и' го мислам на Вавилонската Дама, оти нели сум христијанин и верник, па треба да му се прости и на убиецот како што го стори тоа и Христос кога (европските) војници му ги забиваа во живото месо клинците на крстот на Голгота. Кога рече "Боже" прости им не знаат што прават". Да. Можеби тие навистина не знаеја што прават, дека го распнуваат Божјиот Син, а ма Европа точно знаеше што прави и зошто го прави тоа со столченото племе. Македонците. А, ти ми велиш како теолог, драги читателу, дека сепак треба и непријателот во духот на Христос да се сака како ближниот и дека сите нешта треба да се решаваат само со љубов. Да. Тоа бил и деалот на Спасителот, за што тој дал не само теориски како универзитетски професор на "Кирил и Методиј" туку и конкретни практични докази. Не само на Голгота. Добро. Се согласувам, ама сепак тука има една енигма, тешко одгатлива шифра, која ја сеќаваме во Евангелието по Јован, односно во неговата Апокалипса или Откровение, последната книга на Новиот Завет и Светото писмо. Па, таму, ако тие таа во свежо сеќавање, драг читателу, нели се подготвува последната битка со Сатаната и неговите приврзаници во вселената, на Земјата, а јас сега ќе речам и во Македонија на најревносниот Исусов апостол Павле. И нели гледаш таму како е Исус воин со мечот на правдата и Вистината, ама кој реално сече, и сега од неговата уста словото излегува дури како сечило што е остро од двете страни, оти ќе мора многу работа да заврши во битката за враќање на божествените вредности на земјата. И во Македонија, се разбира. Тоа и така. Тема наизглед контроверзна, но кристално јасна во своите парадокси и широка како безбрежно море. А има нешто не толку наивно, туку глупо наивно во напорот на Европа (реков онаа на колонизаторите) заслепена во својот ариевски цивилизациски супрематизам да го скрие својот фашистички нарав. А како можи да го стори тоа, и кај може да ја скрие неа освен, фројдовски, во својата потсвест, ама пак видлива со голо око и покрај сета своја замаскиреност и шифрираност. Оти, сепак, тие шифри не се ни староегипетските хиероглифи, ни апсолутно херметичко клинесто писмо на  Асировавилонија. Македонскиот пример со Преспа е архетипален на тој план.

Европа, идентитетското убиство на Македонија го прикажа, правејќи не глупави. Како цивилизациски чин (Боже мил!!!), со кој влеговме во политборделот во групен секс со посилните и перверзните во Брисел и во посветла иднина во замена за украденото минато, целокупна неколкумилениумска меморија. Почитливо, здравје. И уште едно такво демаскирање на европската потсвест во врска со криењето на нејзиниот фашистички нарав. Тој пример е фрапантно ексклузивен. Веќе рековме, станува збор за преименување на Денот на победата над Хитлеровиот и германски фашизам (кој како што видовме  потоа се покажа и како европски), 9 Мај, во Ден на Европа. Демек Европа го победила фашизмот засекогаш и, нормално, како светец во олтарот на црквата си го става ореолот околу своето чело. Ама која е тука, покрај другото, перверзијата на Европа, по која е позната, драг читателу? Оти и тука се мисли само на  неколкуте нејзини моќни членки (Черчил мислеше само на Британија) што го тормозат колонизаторски сиромашниот свет, но не, на пример, и на македонските асномски партизани. Оти и тука бриселските  политбирократи, како што  стојат работите со нивното притискање за реализација на договорот со нашиот источен сосед, по се' изгледа дека повеќе мислат на бугарските фашисти от колку на нив. И повеќе од сигурно. Или на албанските балисти и грчките монархофашисти кои со еврототемот Черчил, за нас момструм, ги чистеа геноцидно Македонците од родните огништа, сосе гробовите на предците на рамо, од Егејска Македонија. Туку, да не ја изгубиме од предвид можеби и главната поента на преименувањетона Денот на победата против фашизмот во Ден на Европа, а тоа истиснување на Русија и Русите од таа победа, кои за неа положија над 27 милиони драгоцени жртви.

Тоа. Да пукнеш. Да полудиш, а не тие дозволено и тоа  од Брисел и Вашингтон, планетарните орвеловци. Туку при крај сме, драг читателу, оти подобро е да седнам и да напишам една книга, може и неколку, за западниот фашизам, отколку да ја терам епски оваа колумна, иако знам дека Александар Димковски, како и досега, оти и тој боледува истата болка како и јас и ти, нема да ми замери за тоа. При крај сме, а јас сакам да потенцирам уште еден факт што ја расветлува многу јасно преспанската идентитетска ликвидација (и со пенкалото на другарите од централното политбиро заев и Димитров, алијас Сталин и Берија) на Македонија и Македонците.

Имено неодамна беа обелоденети и на интернет тајните документи на бившиот шеф на ЦИА Ален Далас, во кои се говори за планот на оваа сатанистичка организација за обезличување и уништување на словенскиот свет. Словените. Станува збор и за методите со кои треба да се направи тоа. Тука се и таканаречените невладини организации користени за тоа и плаќани од Сорос и УСАИД, како и од некои тајни европски фондови. Украински Мајдан е нивен резултат. Но тие исто така завршија и голем дел од преспанската идентитетска ликвидација кај нас. Да. И прва колективна жртва, во тоталитет, од тој сатанистички план на Ланс и неговата организација со идентитетското усмртување, како што се виде, е Македонија. И не случајно, без разлика што таа е најмала и најранлива во словенскиот свет. Да. Но постојат повеќе параметри што ја прават неа во целокупната историја и меморија на словенството и најважна. Средишна. За тоа сум пишувал, како што знаеш, драг читателу, и се подразбира зошто е тоа и таква. Имено, затоа и во тој деструктивен документ на ЦИА и Ланс Македонија е означена како чудото. Е, тука би сакал сега да се самозапрашам што мисли за тоа матушка Русија. Го знае ли тоа? А ако го знае, зошто не влече некои потез во тој правец, без разлика што нашиот бивши претседател Ѓорге Иванов (популарниот Хорхе) маестрално го изигра Путин и руската идеја да се постави проблемот со нашиот идентитетски геноцид во Преспа во ООН, кај оној Португалец, кој како да е внук на Салазар прв го поздрави него, како да не знае дека со тоа е поништен првиот член јус когенс на тааа организација, кој го гарантира личното и колективното право на идентитетско самоопределување, свест и убедување. Што значи исто така гест, акт, кој се вклопува во рамката на западниот супрематистички, ариевски фашизам.

Нели, господине Гутиереш? Ве повикувам да го објасните вашиот гест, а тоа значи и јавно пред светот, како Вили Брант на Евреите, да им се извините на Македонците што удривте царски печат врз нивниот геноцид во Преспа. Така. Дигресија до дигресија, но да не ја изгубиме во овој контекст од видното поле матушка Русија. Древната Рус на Киев, каде што се случи покрстувањето на Русија од страна на свештеници од Македонија (Охридската архиепископија), повикани за таа цел од киевскиот кнез Владимир, и кои си ја завршија одлично работата. За да не мислиш дека претерувам, за тоа пишуваат познати слависти и историчари, драг читателу. И што тука сега итно, според мене, ако не е нескромно тоа, треба да преземе големата словенска матушка. Прво, кон Македонија, таа треба итно да ја признае МПЦ, која во минатото изврши историска цивилизациска мисија кај неа. Тука го оставам настрана сегашниот конфузен и калпав нејзин синод, кој, како што се покажа тоа со неговото барање на својот извор во Бугарската црква, без свест за својата длабока генеза затемелена во првата Христијанска црква во Европа на апостол Павле и Лидија Македонката. Тоа. Оти нека не се однесува синодот на Руската црква кон Македонија безмалку со анатема, како што се однесе впрочем и кон Толстој, кој беше стопати побожествен и похристолик од него. Оттука да почне, па натаму. Оти сега Русија е повикана да ја изгради одамна разнишаната словенска кохезија како противтежа на англосаксонската, на железната западна империја, која гази и крши се' пред себе и треба да и' се застане на патот. Ако не, светот ќе го голтне црна дупка.

А и Словените, ако не се обидинат заради некој фашисоиден трибализам по примерот на Англосаксонците на Черчил (не на Шекспир), туку заради сопствена одбрана. Оти грчкиот поет Константин Кавафис рече дека и "варварите се некое решение". Да. Тие се покажаа, парадоксално, во ликот на Европа како решение за неговата Грција и за неговиот до небо ариевски супрематистички хеленизам, но не и за Македонците. Напротив, тие кај нив во Преспа донесоа смрт. Ништо друго. Никаква ЕУ-иднина и НАТО-сигурност. Тоа е тоа, драг читателу. Варварите не се за нас решение само затоа што не сме варвари. Во исклучок: рековме, ние сме ставени во идентитетска гробница, запечатена со каменот на западните цивилизатори. Ама јас знам дека еден ден, како што се случи тоа и со каменот на гробницата на Исус третиот ден по Голгота, Ангелот Господов ќе го крене каменот и од нашата гробница, оти сме богољубив народ, со кој и апостол Павле повте да се фали пред Создадтелот.

Можеби тоа нема да се случи така брзо како со Христос за три ден. Нормално. Но ќе се случи макар и по три столетија. Ќе се случи, и Македонците праведно ќе ја победат смртта, оти и таа како и смртта на Спасителот е полна со атомите во чии електрони блеска огнот на воскресението. На животот. Не. Тоа не е празна екстаза, драг читателу. Оти, сети се само по колку погроми воскреснувала макар и со рани Македонија. И пак ќе воскресне. За радост не само за Македонците туку и за целиот понижен и онеправден свет. Господ, а не Вашингтон, ЦИА, Тиранската платформа (со американско генеричко потекло) и борделска бриселска ЕУ, има план за неа. И повеќе од сигурно е тоа. Оти не е мртов законот на вечното враќање за кој говорат Шопенхауер и Ниче, а први го открија Халдејците и Индусите. И пак ќе си дојде на своето место.

Крај 

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

***

 

БЛАЖЕ КОНЕСКИ 

 

УБАВИТЕ ЖЕНИ

Убавите жени во мојот народ
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.
О неправда!
Тие им припаѓале на неизбрани мажи,
нивните коси дење сплетени во прцлиња
ноќе распуштени по градите и колковите.
Нивниот постап на препелица
набрзо го сопинала унечка,
нивнта младост поминувала
како мирис на липа што го одвева ветрот.
Набрзо тие седнувале на порта
со наведната глава и издадени коленици,
со нечујна издишка.
Убавите жени, несреќните жени
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија.
************
Блаже Конески

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 314, 05 октомври 2020