ДО КОГА ЌЕ НЕ' КРАДАТ СОСЕДИТЕ?

 

 Сотир Гроздановски-Македонски

ВИСТИНАТА  ЗА ПОРАЗОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

24 септември 2020

 

Приказната за поразот на ВМРО-ДПМНЕ се уште не е завршена и за неа уште долго ќе се дебатира. Ќе се дебатира, бидејќи виновникот си има свои подржувачи, а подржувачите си имаат  свои интереси,   многу поважни од  националните интереси на македонскиот народ.

Војната од 2001 година се' уште трае и се води со други средства и со директна помош на   внатрешни изроди, велепредавници и странски квислинзи.

Сојузникот на СДСМ и Зоран Заев, ДУИ, под контрола на терористот трансформиран во "чесен и лојален" политичар Али Ахмети, си ја проширува својатa терористичка мрежа низ Македонија и им се заканува на Македонците со понатамошни репресалии и злосторства.  Тоа беше и останува дел од политиката на оваа терористичка албанска политичка партија од 2001 до ден денешен. Но таквата насока со потценување на македонските сили и моќ,  може да ја обнови и жешката војна, која би донела многу несреќи, страдања и невини човечки жртви но и големи материјални штети, од последното македонско село, па се' до Косово, Албанија и многу подалеку од она што можат да си го замислат алчните  Рамковни јунаци. Јунаци создадени со Рамковниот договор, со кој се прекинаа воените дејствија во полза на мирот и соживотот меѓу Албанците и Македонците. Соживот од кои никој аир не видел, освен  барања  за отстапки и планско инфицирање со албански терористички кадрови на сите најчувствителни државни институции, вклучувајќи ги и безбедносните сили на Република Македонија, па и Владата.

Повредата на Уставот се гледа насекаде. Малцински квоти за застапеност во институциите повеќе не важат, државата стана приватен бизнис без ред и поредок. Се кршат законите, а уцените и заканите со војна не престануваат. Апетитите на албанското малцинство за доминација во државата заедно со напнатоста во односите на линија Албанци-Македонци се зголемува.

Пa каде е крајот на албанскиот терор во Македонија? Секој разумен Македонец  се прашува! Tаму драги мои народе, каде се македонските велепредавници, со нивните апетити за се' поголемо богатење и  желбите, на народот да му дадат измеќарски статус. И тоа ако никој не го гледа, тешко на сите нас дали сме дома или надвор во туѓина.

Тогаш, кога Македонија ќе се департизира и кога ќе се воспостават критериуми со кои ќе се вреднуваат стручните капацитети на кадрите и лојалноста кон државата, тогаш ќе завладее демократијата и правдата во македонската држава. Тогаш, нема да постои потреба за дискриминација како Артан Груби ја замислува демократијата со фаворизирање на своите соборци, кои седат дома и примаат плата. Тогаш и кадрите од било која етничка заедница во Македонија ќе си ги земат свите места во општеството, заедно со дел  од одговорноста за правно функционирање на Република Македонија без корупција и гангстеризам од 20-тиот век. 

Луѓето не треба да го имаат  Ајнштајновиот мозок и дел од неговата интелигенција, за да ја разберат математиката на злото во Република Македонија. Им треба само карактер на чесен човек и љубов кон својот народ и другите граѓани без разлика на етничкото потекло. Ама и "угодни" одмаралишта каде ќе живеат злосторниците, кои денес хараат некотролирано по улиците и институциите на македонската држава. 

Ги споменавме подржувачите на вистинскиот виновник за изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги има повеќе, и на кои личните интереси им зависат од него, верувајќи дека наскоро и тие ќе седнат во некоја мека државна фотелја.

Пишувавме неодамна за Миленко Неделковски, водител на Миленко-шоу, кој "стручно" и аналитички го "најде" виновникот во македонската дијаспора и во малите македонски политички партии кои му "украле" дел од неговите гласови кои ќе му биле доста да го победи Заев и криминалниот Заевизам во Република Македонија. Како да не беше и тоа доволно, пред неколку дена  во програмата на Љупчо Цветановски "Што не е јасно" Драган Павловиќ-Латас, пак, отиде уште подалеку од Миленко Неделковски: го обвини македонскиот народ, што не гласал за Христијан Мицкоски, туку за малите и "неважни" мекадонски политички партии, од кои само партијата на Димитар Апасиев успеа да влезе со своите два пратеника во Собранието, а другите во овој круг на изборниот маратон добија гласови, ама недоволно да станат парламетарни и влијателни партии во Собранието.

Ако некои уште не го знаат правиот виновник за изборниот пораз од 15 јули 2020 година, е драги мои, тоа е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговите антимакедонски политики. Ма колку и да се негира, не може да се оправда од вината која секој ден и самиот ја потврдува, прикажувајќи ја  како негова борба за доброто на Македонците а всушност велепредавство par exellеnce.

Христијан Мицковски   и ден денес не се одрекува од НАТО и Европската Унија и ако знае  дека за влез во тие организации прв услов е, идентитетски геноцид врз Македонците. Не водејќи сметка за македонските национални интереси и волјата на народот, Мицкоски, заедно со Зоран Заев и неговите собраниски пратеници учествуваше во деградирање на Македонија и нејзините идентитетски и историски вредности.

Второ и најважно за мнозинскиот македонски народ беше и се уште се Преспанскиот, Бугарскиот договор и Тиранската платформа со Албанците. Христијан Мицкоски влезе во изборна трка со негирање на барањата на мнозинскиот македонски народ: поништување на овие договори од 2018 година со Грците, Бугарите и Албанците во македонската држава, ама со надеж за сојуз со албанските партии, знаејќи дека ниту една од нив нема да коалицира со македонска партија која е против Преспанскиот и другите договори, вклучувајќи го НАТО и ЕУ.

Не беше само тоа! Христијан Мицковски и неговиот Извршен комитет одлучи да ги негира  малите македонски политички партии, верувајќи дека поарно ќе му биде со ДУИ и неговите борци за слобода и човечки права. И кога ќе ги резимираме сите негови безобразлуци и потценувања на својот сопствен народ за влез во НАТО и ЕУ, го доби тоа што го заслужи.

Впрочем и Македонците не се повеќе овци за стрижење или ситнеж за поткусурување.  Два велепредавника, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се една пара со две лица. Па на кој такви лидери му се потребни? Сигурно не на македонскиот народ. И тоа е добро!

Па драги мои, сега ја дознавте вистината која горе споменатите  Миленко и Латас настојуваат да ја игнорираат.

ВИНОВНИКОТ ЗА ИЗБОРНИОТ ПОРАЗ НА ВМРО-ДПМНЕ Е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ И НИВНОТО ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКО РАКОВОДСТВО, а не македонските иселеници, малите македонски политички партии а најмалку,  Македонците кои одбија да им го дадат својот глас,  бидејќи со неговиот избор би добиле втор Зоран Заев и тоа би било тоа!

За секогаш Ваш Сотир!

Најчевска Мирјана

А ЌЕ МЕ СУБВЕНЦИОНИРА ДРЖАВАТА АКО КУПАМ ПИПЕРКИ ЗА АЈВАР ОД ЕТНИЧКИ АЛБАНЕЦ?

 

22 септември 2020

Се разгоруваат реакциите во јавноста по најавите за државни субвенции за вработување на етнички Албанци во приватни компании. Професорката Мирјана Најчевска прашува дали ќе се даваат посебни субвенции за етнички Македонци кои ќе изградат куќа во маало каде што живеат мнозинство етнички Албанци?

"На пример државата да плати 1/3 од куќата. А ќе се стимулираат со субвенции верските заедници доколку преобратат некого. Од една во друга вера? Не знам како ќе ги рачунаме атеистите. За нив дупло или упола цена?

А ако има регистрирано повеќе фирми на етнички Албанци од 20% од сите регистрирани фирми, ќе ги натераат да ги затворат?

А ќе ме субвенцира државата ако купам пиперки за ајвар од етнички Албанец? А ако, пак, некој е од мешан брак, дали ќе добие половина субвенција? Прашува професорката

makedonskivesnik.com 

 

Лиса Баути Шаќири до Артан Груби и Билал Касами: 

ПРЕСТАНЕТЕ ДА НЕ ОМАЛОВАЖУВАТЕ И ...

 

22 септември 2020

Лиса Баути е ќерка на прославениот македонски фудбалски судија од Струга, Беким Баута, кој покрај кај нас, имаше и интернационална кариера.

Во еден свој статус Лиса го повикува ФФМ да стави крај на девијантните појави кај навивачите, бидејќи како една од трите ќерки на познатиот судија, често била навредувана кога нејзиниот дедо ја носел на стадион да гледа фудбал.

Денес Лиса им се обрати на Артан Груби и Билал Касими во врска со нивниот предлог да се субвенционираат приватни фирми кои ќе вработуваат Албанци. Според неа, ова е омаловажувачки и деградирачки кон Албанците и се води единствено од популистички причини. Ова е нејзиниот статус:

"Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ќе вработуваат Албанци (читај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од Албанците не знаеле македонски!

Значи дечки, да се разбереме! Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости, а фала на бога, здрави и прави, и конкурираме на трудовниот пазар еднакви и со Македонци и со Германци и други, и тука и во странство!

Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми. Тоа што вие како партија можете да направите е барем мало делче на кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија, туку да им се даде еднаква шанса на сите Албанци, без разлика на тоа имаат или немаат  вложено труд во партијата (поседуваат или не поседуваат партиски книшки).

Второ, ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државата може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.

Двојазичност не можете да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука. 

Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен свој македонски и албански јазик, па се' до  големи фирми.

Конечно, престанете да не омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Македонците. Faleminderit shum. Пријатно!

makedonskivesnik.com

 

ПРОФ. Д-Р КАЛОЃЕРА 

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СО СЕТО НАЦИОНАЛНО БИТИЕ Е МАКЕДОНЕЦ, А ЗАЕДНИЧКА БУГАРСКО-МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА, ШТО Е ТОА?

 

 

17 септември 2020

Читам дека Гоце Делчев е повторно во центарот на вниманието на бугарските и македонските историчари. Не знам каква врска имаат бугарските научници со Делчев освен, како партиска задача, да го вратат под бугарска закрила, пишува денеска хрватскиот универзитетски професор д-р Горан Калоѓера.

*******************

- Не го разбирам учеството на македонските научници во оваа комедија околу Делчев. Барем ним се' треба да им е јасно. Заедничка бугарско-македонска историја, што е тоа? Секој народ има своја национална историја, си ја чува својата историја и не краде од никого тое што не му припаѓа. Не спорам тоа дека бугарската и македонската историја и нивните историски личности се преплетувале, но секогаш со јасни цели, Бугарите да окупираат, да сотрат се' македонско, а Македонците да се изборат за правото на своја нација, историја, јазик и самобитност. И тука повлекуваме линија. Делчев со сето свое битие е дел од македонското национално историско битие, со сето свое дело, идеи, организаторски способности, филозофија и револуционерно искуство. 

Народ кој е подготвен буквално да ги продава своите најистакнати луѓе, ме потсетува на продажбата на поповите "глагољаши" и нивниот прогон по смртта на Наум и нивниот прогон со иста цел да се сотре нивната трага. Но, како што ни покажува историјата, тоа не се случило. Нема да се случи ниту со Делчев! - објави денеска Калоѓера на својот профил на фејсбук.

Несфатливо е тоа што овој хрватски научник почесто, повеќе и со поголем револт реагира на прекројувањето на македонската историја од мнозина македонски научници. За жал.

денешен.мк  (Д.Г.)

 

Проф. д-р Горан Калоѓера

ТОЈ ШТО ЌЕ ГО ПРИФАТИ БУГАРСКИОТ МЕМОРАНДУМ ТРЕБА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ПРЕДАВНИК

******

20 септември 2020

Познатиот хрватски славист и македонист и редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Ријека, Хрватска-Горан Калоѓера, на својот профил се огласи по повод бугарскиот меморандум испратен до ЕУ со следната порака до Македонците:

- Ако некој жив македонец или Македонка го прифати или се сложи со новиот бугарски меморандум во врска со влезот на Македонија во ЕУ, треба да се смета за предавник или предавничка на својот сопствен народ. Тоа треба да се каже отворено и жестоко. Тука нема милост кај нив, но не би требало да има ниту кај вас, Македонци и Македонки.

Го прочитав текстот на Митко Панов и повторно се згрозувам од идеите и политичките опции на бугарската страна. Каков идиотизам, какви лаги, какви уцени од најлош вид, достојни за една мафијашка организација. Со таков "најблизок сосед", вие никогаш нема да влезете во ЕУ.

Ако тие ќе замолчат, ќе проговорат Грците. За што тогаш тие зборуваат, што тие сакаат, истребување на македонската нација, култура, традиција, јазик, историја!? Во мојата младост, кога започнав да се занимавам со македонистика, таквата реторика беше вообичаена. Но истата ја негираа научните докази на водечките македонски интелектуалци, од тоа време.

А зошто сега, сите (со чесни исклучоци) молчите како попарени, пред се' интелектуалците? Па луѓе мои, ги нема Турците да ве дерат и да ве колат, вие сте слободни луѓе и при тоа дозволувате вакви, да ми извините, пиздарии? Тито ја основал Македонија, па идентитетот е под знак прашалник, јазикот испаѓа некој дијалект на бугарскиот и сите тие пиздарии и глупости би требало да ги проголтате за да се влезе во ЕУ.

Ма ве молам. Постои - и моите добри македонски пријатели, интелектуалци и универзитетски професори тоа добро го знаат - исклучително богата, архивска аргументирана литература кои ги оспорува сите елементи на овој нов бугарски меморандум. Но, сите молчат, чекаат што ќе каже султанот и кому ќе оди свилениот шал, а на кого територијата и богатството. Срамно и бедно! Да ве потсетам, во втората половина на 19-от век, Македонецот и Македонија како ознака за народ и територија со претензија да стане автономна и слободна држава беше повеќе од јасна. На крајот на краиштата, тоа најдобро го дефинираше Ѓорѓи Пулевски во неговиот "Речник на три јазици", каде што јасно дефинираше што се македонската држава и македонскиот народ.

Во текот на 19-от век, се формираше македонската нација, се формираше македонскиот јазик, се устоличуваат македонските изворни политички и културни институции, се креваат бунтови и востанија, се пишуваат манифести со изразена тенденција за идната македонска држава.

Сето ова, Бугарите, поточно бугарските политички елити го негираат, опструираат, со јасна цел: да го уништат националното будење на Македонците. Сега, што се однесува до Тито, под негово владеење Македонија станува Република, македонскиот јазик се стандардизира и прифаќа низ целиот свет.

Оттогаш, односно од манастирот Прохор Пчински, македонскиот суверенитет е неспорен, но за жал, слабоста на македонската политичка елита ја носи Македонија повторно во рамките на Отоманското Царство, каде што угнетува оној кој е посилен.

Бугарите и Грците тоа секако дека не се, но ја имаат таа предност да бидат во ЕУ и ги користат сите можни аргументи да ја уценуваат Македонија колку што може повеќе. Толку од пријателството.

Можеби сум стар и сенилен, но во својте најдобри години напишав дека македонските мажи и жени немаат пријатели или сојузници во нивната околина. Денес, ова се докажува секој ден, секој момент. До кога така?

https://citaj.mk 

 

Ефтим Клетников

СЕВЕРНА: ПРОЕКТ НА ЕВРОПСКИОТ ФАШИЗАМ (3)

 

16 септември 2020

Тоа е тоа, драги читателу. на Грција античкиот македонски културно-цивилизациски имот, а на Бугарите, како и Грците лакоми за туѓото, целиот средновековен, од Кирил и Методиј, Климент, Наум и Самуил па натаму се' до преродбенскиот XIX и првата половина на XX век, до АСНОМ, со што и Европа заедно со Бугарите (оти тоа го откри преспанскиот геноцид) ја извлече пак геноцидната теза дека Македонците се вештачка нација на Коминтарната. Боже мил! А името што го адржале во душата и свеста и покрај сите катастрофи и историски голготи тие, што е тоа? Е тоа, сепак, не може да се игнорира! Затоа рекоа Брисел и Вашингтон, новите Римјани, Фиданка на Нерон и Калигула, и нашите околни сатрапи, од кои сега еден од нив е внатре и диригира со нас, дека нема друго чаре, освен Македонците да се применуваат и засекогаш да се збришат од историската и културно-цивилизациска меморија на светот. И така го сторија тоа. А за тоа ги најдоа, рековме понапред, како ефикасна алатка за притисок и Гегите на Али од 2001-та, плус, што е важно, македонските шарени и други изроди заседнати по невладините на Сорое и УСАИД. А пред се' она чудо и чудовиште од политичар од Муртино, кое пак востоличено во ЕУ-амбасадорската свита кај нас, сега предводена од симпатичната, ама прецизно исполнителна, интровертна Кале Кејт, која, чудно, ниту можеме да ја чуеме, ниту да ја видиме, иако не е воопшто чумава како Бејли. Симнувам капа пред нејзината интелигенција, драг читателу. Секоја чест.

Нам Македонците ни се префрла дека фантазираме со некаков си меѓународен заговор во врска со нашата трагедија. Но не е така, оти тој во нашиов случај е и повеќе од очигледен. Него го затскрива успешно фактот што сем мали и "безначајни",  го открива истовремено и разголува фактот што имаме енормно голема историска културно-цивилизациска меморија, која не се вклопува во западната римска шема на Европа и нејзиниот историски-цивилизациски фалсификат со Грција во која таа е патолошки вљубена како своја генеза, па како што вели Д.Х. Лоренс се' трупа бескрупулозно во нејзината цивилизациска вреќа. Па и обновата на европскиот фашизам со убивањето и протерувањето од родните огништа на Македонците од Егејска Македонија 1948 г. се вклопува во сликата на таа до бескрај лакома вреќа, исто како и Бугарската. И Черчиловите бомбардери, драг читателу, имено, се најновиот по Втората светска војна маестрален евроцивилизациски вовед кон Преспа 2018 г. А се' под изговор дека ни се нуди светла европска иднина, извлекувајќи не' божем од варварската балканска кал. Арно ама и тука се лизна Европа кога оној политидиот од Брисел Хан му рече на политичкото чудо и чудовиште од Муртино да примениме балкански методи, за што побргу да се нивелира отпорот на народот и гилотинира во "просветителски" европски стил главата на Името. И така и се случи тоа. Добро, ама и тука доаѓа до израз скриената потсвест што излегува на површина со она што се дефинира народски како "ишкање на мувата од капата". Оти, на пример, од кај доаѓа изразот шовинизам што им се натоварува на Балканците. Пак негде од Европа. Од францускиот генерал Шопен. Па и поимот садизам кој го применува таа како колонизатор, и особено сега во идентитетскиот погром на Македонците.

И тој е изум на еден Французин, Маркиз де Сад. Па дури и масохизмот, кој, пак, доаѓа од германскиот барон Мазох. Оти Германците, за разлика од Французите и британците навистина имаат нешто изразито мазохистичко во нивната психа. Најубаво го илустрира тоа нивниот вазален однос кон Американците по Втората светска војна што трае до денес. Ама тие пијат и од коктелот што е мешавина од садизам и мазохизам, што доведува до кентаурската синтагма садомазохизам. И тоа посебно дојде до израз, пак, сега, со македонската идентитетска ликвидација. Него на врвно ниво, имено, маестрално го демонстрираше фрау Меркел, која експресно ја посети Македонија не за економски да и' помогне, туку да помогне што побргу таа да се погребе идентитетски. Како и што се случи тоа. Со тоа таа наеднаш во полна светлина се покажа како некој вид пософистицирана инкарнација на нејзиниот фирер. Како ќерка или внука. Сеедно.

Еве. Доволно причини за идентитетска ликвидација на Македонците изнесовме, драг читателу. И повеќе од доволно, иако за тоа можат да се напишат барем неколку дебели томови. Но нашите индолентни академици и универзитетски фотелјаши немаат абер да го сторат тоа, притоа и со намера аналитички да ја разголат лажната слика за Европа како врвна демократска и хуманистичка цивилизација, како што во основа се претставува таа. Но долгиот вовед за кој ми заабележуваш веќе и не е класичен вовед во главната тема. Во нашиот случај во овој есеј колумна тој е самата тема.

Дури можеме и тука да ставиме точка. Но мораме да дадеме и мала хронологија, преповторувајќи некои настани и факти, за македонската голгота, која според европската врвна математика би требало да е финализирана со Преспа 2018 г. И тоа само со една за нив безболна придавка северна. За нив безболна, ама за нас смртоносна. Во новата историја та хронологија рековме, почнува со Берлин 1878 г. кој го отвора патот на пеколот за Македонците, Букурешт 1913 г. со кој она што останало од живиот организам на Македонија од европските цивилизатори се распарчува и им се фрла како подарок на околните кон нас настрвени балкански хиени: Грција, Бугарија и Србија. Ама со еден мал дел се офајдува (Мала Преспа и околината) и Албанија. Арно ама Албанците својот кусок, потпомогнати од ЦИА, НАТО и Вашингтон сега експресно го дополнуваат. Па потоа, зарем не е глупаво сега ние Македонците да веруваме уште дека Јенките, светски каубои ни се пријатели, драг читателу? Зарем навистина можеме да бидеме толку глупави и идиоти?

Но продолжуваме. Сепак на Македонија и' се насмеа најпосле колку-толку среќата со хаосот на Втотата светска војна од која таа излезе како кристал со АСНОМ во рамките на Југославија и признаена во својот автентичен генерички идентитет. Иако пак како крваво торзо. Но тука се јазикот, откриеното битие и еросот на креативната енергија што брза со големи чекори да го дополни загубенто низ столетијата. Пролетерската интернационала со мечот на Правдата и Вистината си ја заврши тука работата, иако после со тоа соседите, а потоа како што гледаме и Европа не' удираа по нос дека сме вештачка нација создадена од Коминтерната. Па и черчиловите бомбардери во  Егејска Македонија беа со таа теза. Како резултат на неа македонското малцинство, особено во Грција и во Бугарија, до денес е стигматизирано и непризнавано, асимилирано со насилнички мерки. Сепак делот што беше во рамките на Југославија (кој како сака нека вели) го уживаше својот идентитет, му се радуваше и креативно силно  го надградуваше и откриваше. 

Така. Ама дојде распаѓањето на Југославија и ние некако среќно по мирен пат се раздвоивме од нејзиниот воен хаос, па и екстатично се израдувавме оти во 1990 г. прогласивме, и со референдум, самостојна Република Македонија. На радоста и' немаше крај, ама наскоро ќе се покаже дека таа "самостојност" е шуплива, па новата Република набргу со забрзани чекори ќе почне да ги губи својот суверенитет и самостојност. Западниот европски анимозитет кон Македонија и Македонците повторно проработи. Мораше таа радост и откровение да се стопираат и да започне да се реализира добро подготвениот од Брисел и Вашингтон, а во соработка со балканските сатрапи Грција, Бугарија и Албанија, пред се' оставајќи ја сега за сега Србија во заднина, план за целосна детронизација, односно достолчување на столченото племе, дамнешен трн во окото на Вавилонската, сега со седиште во Брисел, ороспија. И веднаш се удри врз 'рбетот на Името, најважниот идентитетски  знак што ја содржи и ја влече низ милениуми и столетија целокупната наша меморија што ги надраснува границите на племето, национот и се излева во светски простор. Во неа е залегната идејата на Александар Македонски меѓу другото и за обединување и проткајување на Истокот и Западот, на источниот и западниот дух и култура, монументална идеја, која по него никој не ја замислил во таков обем и не повтел да ја реализира. Богатите нации на Западна Европа, да, се обидоа да го сторат тоа, но на колонијалистички асимилаторски начин и за материјален профит, востанувајќи го новиот светски глобализам и корпоративен робовладателски поредок за што сме сведоци денес, и покрај божемниот западен хуманизам за економска благосостојба и културно издигање на колонизираните. За изградба како што мисли перфидно Винстон Черчил на "стабилни системи", управувани негде на посуров, а негде на поблаг софистициран робовладателски начин.  На начин на кој тоа го правеа Римјаните, железната Римска Империја, чиј метод на владеење го прифати и наследи Европа, одбивајќи го Македонскиот што не и' одговара на нејзината тоталитаристичка, супрематистичка нарав.

И затоа треба да се избрише секој спомен на Македонија и Македонците, односно во краен случај, како и што го прави тоа Брисел заедно со Вашингтон, тие да се вглобат со западниот Дројзенов фалсификат во западната грчко-римска гладијаторска слика на светот како Грци. Така и почна уривањето на новата божем "слободна" и "самостојна" балканска република: со страшен напад на идентитетот преку уривање на Името. Така и' беше изнудено од првиот нејзин претседател Киро Глигоров, наивен (но не смееше да биде таков) Киро Глигоров да бидеме обезименети, идентитетски обезглавени со депонирање на она глупаво БЈРМ во ООН како знак-претставник на нашата безличност. А тоа беше сигурниот почеток на нашата идентитетска деструкција што завршува со финалето во Преспа 2018 г. Но спрема планот на Брисел и на Вашингтон, безмилосно прецизен, имаше уште работа за да се стигне до таа темна свеченост на западната цивилизација и балканските хиени и сатрапи. Ред по ред, тула по тула. Па уште Глигоров во таа цел, свесно или несвесно, под притисок или самостојно, сеедно, го исфрли силно во оптек мултиетничкиот карактер, наместо националниот суверенитет, на новата македонска држава. Тоа како што ќе се види подоцна ќе биде трагична грешка за разнебитување на тој суверенитет. Тука се' уште на почетокот и некои битни измени по идентитетот во уставот и менување на усвоеното национално знаме наследено од Античка Македонија на Александар. Западниот булдожер е пуштен на работа и укинување на македонскиот генерички суверенитет. Дадени се повеќе од јасни знаци, а најјасен и по се' изгледа најсуров е оној со таканаречената Лисабонска декларација од 1992 г.

Таа во основа е par exellence  фашистички документ за уште една објава, и пак со примерот врз Македонците, за обновата на европскиот фашизам по победата на Хитлер. Тоа е страшна фашистичка декларација со која всушност му се забранува на еден народ да се вклопи во современите текови на цивилизацијата доколку не се преименува, што со други зборови значи доколку не се идентитетски  самоубие. Или не дозволи друг да го убие. Или и едното и другото: убиство и самоубиство во заедно, врвна европска перверзија, како што и се случи тоа во Преспа, драг читателу. Да полудиш, ама цивилизаторите од Запад не ти даваат право ни на тоа.

Така. На тој начин со таа шизофрена европска декларација целосно беше задушена визијата на Гоце (етничкиот Бугарин на Пендаровски и оној недефиниран Денко) за "културен натпревар меѓу народите", за "светот како поле" за тој тип на натпревар. Финито. И тука од потсвесна Европа избива на површина не македонскиот, на култура и космополитизам, туку римскиот модел на владеење со сила и личен профит за лична како економска така и културна благосостојба. Фактички грчко-римски модел против кој како што е добро познато Македонците се бореле уште во антиката. Така, во Античка Грција, како илустрација на тоа, драг читателу, како што веројатно знаеш; на Македонците не им било дозволено учество на Олимписките игри што ги организирала Елада, само затоа што не се Грци, па затоа тие организирале свои игри од другата страна на Олимп. Е сега, нели тие јасно од кај е наталожен супрематистичкиот ариевски слој во колективната психа на Европа, драг читателу.

Од Грција и Грците, кои се однесувале во антиката супрематистички дури и кон едно такво моќно племе како што биле Македонците на Филип Втори, се' дури не ги покорил потоа со меч и дух Александар Македонски, кога тие и Европа што страда од грчкиот супрематистички, и насилно со фалсификати надуван грчки синдром, го погрчуваат, а неговата цивилизациска епоха позната како македонизам ја преименуваат, само и само да не е македонска, во хеленизам. Да. Рековме, Античките Македонци први во светот го укинуваат ропството и робовладателството, кое Западот денес го практикува под претекст на цивилизирање на варварите и создавање "стабилни системи", во нивните профитабилни колонии. Европа против изворот на својата демократија, која е многу сомнителна, пак ја бара во Античка Грција, а не во Античка Македонија каде што вистински се практикувала таа. Оти, познато е дека ропството и робовладателството во Атина не биле укинати и цветале дури и за времето на најпрогресивниот и најкултурен атински владетел Перикле.

novamakedonija.com.mk  

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

****

 ИВАН ЧАПОВСКИ

(Портрет)

Роден 12 октомври 1936 година Пожарско, Воден (денес Грција). Занимање раскажувач, романописец, поет, есеист, телевизиски режисер на документарна програма. Националност Македонец, државјанство македонско, образование Филозофски факултет, на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" Скопје, предмет поезија и проза за возрасни. Книжевно движење современа македонска книжевност. Значајни дела: Убавата разделина, Магла, Змија, Крвта на еукалиптусот, Тагата на Мајлс Франклин под Кајмакчалан. Значајни награди "23 Октомври", "13 Ноември", "Рациново признание", "Стале Попов" и др. Оженет со Вера Чаповска, деца Горазд Чаповски (Мизар) и Виолета Чаповска.

 

**** 

ОГЛЕДАЛО
(Посветена на Ристо Шишков)

Скрши го огледалото.
Но зад него ќе се појави друго огледало.
Распарчи го и тоа - пак некаде
потаму ќе светне трето огледало.
Ќе го здробиш и него, со неподнослив тресок.
Играта е бескрајна и ќе се повторува ударот
се' дури постои поставен знак
во бедниот живот што измамува илузии.
Зар патот што не завршува во планините
што не згинува од другата страна
на полињата не е огледало?
Се' што прави раката, што чувствува срцето, е внатре во огледалото што распукува
што се уништува од себеси.
Огледалото - тоа си ти,
и кога се дроби во илјада парченца
пак останува нешто од чистата материја
од која се обновува новото огледало.
***********
Иван Чаповски

 

СКРШЕНО ОГЛЕДАЛО

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 312, 24 септември 2020