ЌЕ СЕ ОБЕДИНИМЕ ЛИ, ЗА ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ?

 

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВИСТИНА, ИЛИ УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИЗМАМА?

 

 

18 септември 2020

 

Македонците страдаат од својата доброта  и доверба во дадениот збор. Тие се добри особини, меѓутоа често не доведуваат во искушение да се запрашаме:  треба ли со сите со кои комуницираме да се однесуваме подеднакво? Не! Туку да се однесуваме со должна почит, внимателност и со доза на дискретна недоверба. 

Ќе  праша некој зошто го започнувам текстов со внимателност и недоверба. Па затоа, што живееме во свет со различни и спротивставени интереси, но и во свет на  политичари без основно познавање на македонската историја како темел на одбраната на нашите национални интереси и државата без која сме никои и ништо. Но и да не бидеме лесен плен  за нашите вековни непријатели и другите странски фактори.

Најобичен пример како да се однесуваме и со домашни политичари, кои не ги познаваме доволно за да ги бираме на важни државни и други функции се покажаа Зоран Заев и Никола Димитров, кои со нелегални и договори без волјата на македонскиот народ ја разнебитија Република Македонија и одрекоа од националниот идентитет по барање на  поитрите од себе: Грците, Бугарите, па и Албанците. Ним на слепо и со целосна доверба им дозволивме  да чинат се' и сешто со нас и со нашата татковина Македонија. Па драги мои, како резултат на таквото наше неодговорно однесување,  гледајте до каде стигнавме!

Ним им ја дадовме довербата не само еднаш, туку двапати, убедени дека  во улога на премиер и министер за надворешни работи на Република Македонија, ќе ја обезбедат благосостојбата  во Македонија, мирот и задоволството кај народот. И наместо очекуваното, тие  не  турнаа в'кал за да се прпелкаме и на крајот да исчезнеме, така безимени, без трага и без спомен. 

Зоран Заев и покрај сето материјално богатство, не спие спокојно. Зарем живот ли е тој кога цел народ те мрази и кога ќе ти тропне некој на куќните порти, крвта во мраз  ти се претвора?

Но, сепак, нешто  посилно е и од тоа: стравот од доживотната робија која како дамаклов меч му виси над главата. 

Па, до кога така Зоране? До кога ќе му се закануваш на Македонците со уште полошо од тоа што досега му го направи? Ти се исплаќа ли таков живот? Народот памети и добро и зло! И кога не се надеваш, ќе ти го врати тоа што си го заслужил!

Драги мои, немам намера да пишувам повеќе за злосторствата на  Зоран Заев од Муртино, бидејќи целата негова приказна ни е позната,  па затоа ќе се свртам на другата страна, кај опозицијата, да видам има ли нешто ново, барем кај нив? 

Па како дознав од разни информативни средства, изминатата недела ВМРО-ДПМНЕ конечно се "разбудил" и му дозволил на својот лидер, Христијан Мицкоски, да се стави на чело на колоната за барање поефтина струја, заедно со проблемот што ни го прават Бугарите за етничкото потекло на Гоце Делчев! Гоце Делчев, кој дури и председателот на заевовата фашистичка држава, Стево Пендаровски, го подели на два дела: еден македонски, а другиот бугарски!

Генијална идеја, нели, од македонските и од бугарските историско-научни "великани"! Нема што, народе мој, права прилика за Гоце Делчев да му помогне на својот народ: да добие поефтина струја.  А за потребите на Бугарите, појма немам што намерава. Но за сигурно знам дека откако ќе го решел  проблемот со струјата,  најверојатно нашиот Гоце ќе се сврти и кон други проблеми, како на пример асфалтирање на патишта низ Македонија и заедно со Артан Груби да агитира за буџетски средства со кои би се финансирале приватни компании за вработување на Албанци.

Браво! А што после оваа ваша хумана акција вицепремиеру? Можеби по некои Калашников за вашите борци за слобода? Ништо чудно! Се е можно! Волкот влакното го менува, ама навиките никогаш!

Спрема програмата на протестот  кој за прв пат го организира ВМРО-ДПМНЕ, откако името и националниот идентитет на Македонија исчезнаа,  политиките на оваа таканаречена сенародна партија не се изменија. Нивната цел и понатака е ЕУ и НАТО, па макар влегле во нив и без глави, а националните интереси на Македонците и Македонија се замрзнати за некои други времиња.  На ист начин, како  СДСМ со Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски пополека али за сигурно го цементираат светлиот пат кон иднината на политичката творба на Зоран Заев, верувајќи дека Македонците ќе си седнат на брашното и како во народната приказна, ќе го изеде волкот магарето. 

А дали баш така ќе се заврши македонската приказна? Ќе зависи од нас, а не од интересите на македонските изроди и велепредавници Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ама и интересите на нивните приватизирани политички партии.

ВМРО-ДПМНЕ и нивните лидери конечно избраа подруг пат како да го изманипулираат македонскиот народ, што ги чини поголеми изроди и велепредавници дури и од нивните "противници", СДСМ и заедничките им албански сојузници. Не се  кријат повеќе зад плеќите на своите членови како кога заедно со СДСМ го менуваа Уставот за да го променат  името на Република Македонија и го довршат идентитетскиот геноцид на државата и Македонците. Сега отворено со дел од своите членови и видливо позициониран нивниот  Христијан Мицкоски пробаа да ги избришат од меморијата на Македонците велепредавствата и острите критики на мнозинскиот македонски народ.

Сегашната  кореографијата и слоганот им беше борба за поефтинување на струјата и заштита на името на Гоце Делчев. А за причините и губењето на јулските парламентарни избори ни збор. Како да се тие најважните државни и национални проблеми, а не Преспанскиот и бугарскиот договор за "добрососедски односи", како главна причина за губење на Република Македонија и националниот идентитет на Македонците.

Па така, драги мои, ВМРО-ДПМНЕ овој пат  го изгуби во целост својот кредибилитет како најнародна политичка партија, бидејќи пак се послужи со измами и нечесни игри ставајќи ги евроатлантските интеграции  над националните интереси на Република Македонија. 

Господо од ВМРО-ДПМНЕ, неможете постојано да не лажете со вашите економски планови, а при тоа да ја разнебитувате македонската држава. Или не  разбирате што Македонците бараат од вас или со вашето велепредавство упорно не потценувате, и потврдувате дека не  заслужувате да го носите и  понатака злоупотребувате светото име ВМРО - Внатрешна македонска револуционерна организација.

Само со вистина и реформирање на Организацијата можете да ја вратите довербата на Македонците и само така, со нови, способни и храбри патриоти ќе можеме да си ја повратиме државата и националнот идентитет, честа и достоинството.

Секогаш Ваш Сотир!

 

СОФИЈА ЈА УБЕДУВА ЕУ ДЕКА 20.000 БУГАРИ БИЛЕ УБИЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1944 ДО 1946 ГОДИНА

 

16 септември 2020

Официјална Софија пишува дека нема да дозволи "влезот на Северна Македонија во ЕУ да биде користен како платформа за македонизам базиран на антибугарска идеологија".

*****************

Во меморандумот испратен до ЕУ, чии делови објави РСЕ, уште се тврди дека "повеќе од 100.000 Бугари биле убиени, затворени, пратени во егзил или во концентрациони кампови" во првите години по војната. Што поневеројатно е тврдењето, толку треба да изгледа повистинито.

Можеби од оваа максима се раководела официјална Софија кога го подготвувала и го доставила документот на шест страници и им го испратила таканаречениот објаснувачки меморандум на земјите членки на ЕУ кои ја договараат преговарачката рамка за првата меѓувладина конференција со Македонија. Во него Бугарија наведува познати работи што и досега се знаат кога тврдат дека и македонската нација и македонскиот јазик биле вештачки, но таа ќе бара подршка за нејзините ставови од другите земји-членки и за работи кои преминуваат во сферата на научната и историската фантастика.

Радио Слободна Европа дошло до овој документ и во деловите што ги објавува навистина има уникатни работи - прераскажано: дека Македонија вршела своевиден геноцид на Бугарите на овие простори. Па, Софија во меморандумот го напишала и ова:

"Во архивите има докази за егзекуција помеѓу 1944 и 1946 година на повеќе од 20.000 луѓе кои се идентификувале како Бугари и ја преставувале политичката и интелектуалната елита на Социјалистичка Република македонија. Повеќе од 100.000 Бугари биле убиени, затворени, пратени во егзил или во концентрациони кампови". Тоа, според тврдењата на Софија, значи дека 10 отсто од тогашното население во Македонија било прогонувано затоа што, наводно, биле Бугари.

Македонската наука и историографија досега не знаеше дека во државава имало концентрациони кампови по Втората светска војна, а и никој од европските историчари кои ја проучуваат историјата на овие простори. Но очигледно дека Бугарија има некакви супер тајни документи кои досега никој не ги видел,  а и никој во македонија не знае за такви нешта.

Во документот се наведуваат и други работи и на директен начин се продолжува на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев, од минатата недела дека АСНОМ бил еден од темелите на антибугарството. Очигледно дека и таа е една од работите врз кои се гради антимакедонската позиција на Софија пред почетокот на преговорите со ЕУ.

Во тој дел што го цитира РСЕ пишува:

"Македонскиот јазик или етничка група не постоеле до 02.08.1944. Нивното создавање е дел од целосната изградба на одделен небугарски идентитет чија цел била да се прекинат врските меѓу населението на тогашна Социјалистичка Република Македонија и Бугарија. Бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации), три од нив се основаат на дијалекти и три на бугарскиот литературен јазик. Создавањето на македонскиот јазик во 1944 година во екс Југославија беше акт на второстепена кодификација основана врз бугарскиот литературен јазик, дополнително збогатен со форми до домашниот говорен јазик, така симулирајќи природен процес основан на дијалекти. Основите на кои е извршена кодификацијата и начинот на кој е спроведена сведочат дека официјалниот јазик кој се користи во Северна Македонија денес може да се смета само за пишана регионална норма на бугарскиот јазик".

А за малцинствата се вели:

"Тврдењата за малцинствата поттикнати од странство се неприфатливи. Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни своите заложби, да ги суспендира гореспоменатите политики, навремено да ги усогласи своите позиции и активности во меѓународните организации со членот 11 од Договорот и да ја прекине својата практика на инструментализирање на мултилатерални формати и механизми за следење, за да се изврши непотребен притисок врз Бугарија. Ова ќе биде предуслов за добивање на согласност од Бугарија за кој било понатамошен чекор во процесот на интеграцијата".

Очигледно дека официјална Софија, каде владата на Бојко Борисов е под огромен притисок на повеќенеделните протести на кои се бара оставка поради големата корупција во земјата и киднапирањето на судството од страна на олигарсите, ќе бара простор за полесно дишење преку националистички пораки и главната дежурна тема - Македонија, за да го пренасочи вниманието и да се стабилизира до изборите во март 2021. Па затоа им укажува на европските земји дека нема да дозволи "влезот на Северна Македонија во ЕУ да биде користен како платформа за македонизам базиран на антибугарска идеологија".

Германската канцеларка Ангела Меркел пред неколку недели изјави дека верува оти за време на претседателствувањето на нејзината држава со ЕУ ќе бидат отворени преговорите со Македонија. Забелешките од меморандумот на Софија влегуваат во прашања од поглавјето 35 кое обично се отвора на крајот од преговорите и во него се наведуваат прашања што ги нема во ниедно друго поглавје. Наредните две недели во Брисел треба да се финализираат разговорите околу преговарачките рамки за во првите десетина дена да дојдат на дневен ред во Европската комисија. (Н.В.)

nezavisen.mk

 

Ефтим Клетников

СЕВЕРНА: ПРОЕКТ НА ЕВРОПСКИОТ ФАШИЗАМ (2)

 

9 септември 2020

Лека пoлека се склопува мозаикот. Па и богомислтвото како побуна против хиерархизираната, подржавена и фарисејска црква го пронесе  името од Македонија низ Европа до Атлантикот на запад императивот за враќање на првоапостолскиот морал и етика за богољубие и социјална правда, за што неговите следбеници беа по кратка постапка уништени од Католичката црква и богатото европско племство. Последната битка на живот и смрт се води во Монсегур во јужна Франција. Тоа е тоа, драг читателу. Оти рековме, Европа лицемерно ја прими новозаветната причест од Македонија, понудена од апостол Павле и Лидија Македонката, и никогаш не стана христолика. Нејзе катедралите и' се само маска, и со црквата се служи онака како што се служи со неа Сатаната. Како што е тоа во "Легендата за пеколот" на Лав Николаевич Толстој во која малото ѓаволче му реферира на Велзевул за изумот за детронизирање на христијанството. Му вели: Ја измислив црквата". За таа своја легенда генијот од Јасна Полјана беше анатемисан од синодот на Руската православна црква и таа анатема од суетните попови нему до денес, и по неговата смрт не му е повлечена, иако неговото уво го боли за тоа. Уште поексплицитен и аналитичен е Достоевски во "Големиот инквизитор" во Браќа Карамазови". Во него е дадена орвеловската слика на Католичката црква како архетипска за модерната западна цивилизација кон која тој не без причина како и Тослтој имал анимозитет. За утеха на Европа за неа се' најубаво мислел еден друг руски гениј: Иван Тургењев. Сега алузивно доволно јасно се доближуваме и до уште една причина зошто е, имено, Македонија трн во окото на Западот со целокупното културно-историско благо и искуство, почнувајќи од Александар Македонски, па преку христијанството и потоа со постхристијанската просветитетлска епоха, се' до денес. Оти цивилизација на љубов, космополитизам и социјална правда, на христоликост, што ја практикуваат Македонците од антиката наваму не се вклопува во римскиот цивилизациски концепт на Европа. Оти многубројни се и не цивилизирани, далеку од духот на културата и хуманизмот некои нејзини, а што не се малку, геноцидни потфати низ Земјината топка, почнувајќи од Индијанците во Америка до Абориџините во Австралија итн. Во тоа како што се гледа предничи железно рационалната со емотивен и хуманистички дефицит англосаксонска раса, до бескрај виталистичка, никогаш меланхолично, котеплативна и емотивно хаосна како словенската. За тоа нешто доволно експлицитно, драг читателу, стана збор и во претходната колумна посветена на македонскиот убиец, меѓу другото, британскиот надмен и суров лав Винстон Черчил, архетипска слика на англосаксонската супрематистичка раса, чие оличение се имено Британија и тој. Или тој и Британија, Сеедно. Исто е тоа. Постојат очигледни факти што ја потврдуваат оваа за некого произволна, дури и езотериска теза, која тој би ја свел на нивото на празна хипотеза. Но не е така, бидејќи се работи за злосторства против човештвото, кои не можат да се скријат.

Иако Западот се обидува тие злосторств да ги скрие, или ублажи со тезата дека тој ги цивилизирал и култивирал дивите и заостанатите, создавајќи од нив, како што би рекол перфидно Черчил, "стабилни системи": почнувајќи од американските Индијанци и австралиските и новозалндските Абориџини, кои веќе речиси ги нема, или се држат како раритентни sверки во резервати, па се' до Македонците сега исто така ставени под строга експериментална контрола во западниот евроамерикански резерват. Тоа е тоа. Да не зборуваме уште за таквите "цивилизациски" погроми на западните неолиберални "демократии" и по другите места во светот, во Јужна Америка, Азија и посебно кај Црнците во Африка, најбожествената раса и најубавиот континент, кого евроамериканскиот запад го престори во ловиште на лавови и луѓе, робови, обновувајќи ја (потсвесно ли пак?) и тука како во Македонија во Преспа сликата на римскиот колеум на Нерон и Калигула. Туку, за се' ова, за сите геноциди и културоциди на гордата западна неолиберална цивилизација, драг читателу, ти можеш целосно да се информираш во книгата на сјајниот француски  антрополог Луј Вансен Тома "Антропологија на смртта", на која не еднаш досега сум те упатувал. Тој сјаен Французин, кој ни најмалку не личи на Маркиз де САД, на Робер Бадинтер, неговиот закон со геноциден мирис подготвен за Македонците, и на нашиот шармантен Тимоние, имал доблест акрибично да ги набележи и сјајно коментира геноцидните злосторства на арогантната западна цивилизација. Робеспјеровски праведно и точно. Така. Иако Европа перфидно и перверзно се обидува да ги покрие своите злосторства од тој тип. Притоа таа за таа цел честопати се служи со добро испробаниот и понекогаш многу ефикасен метод: замена на тези.

Така, таа на пример, меѓу двете, а посебно по Втората светска војна ја фрли во оптек тезата дека гулазите на Сталин се руски изум, што е елементарна глупост, а за да ги скријат своите гулази. Првин гулазите на Британците со Индијанците во Америка и Абориџините во Австралија. А тука во заднина се Французите. Шпанците, пак, пред сите нив си ја завршија работатта со целосна ликвидација на три сјајни јужноамерикански цивилизации: Маите, Инките и Астеците. А тука се и заборавените тивки и мирољубиви Толтеци. А најсовремен, пак, можеби најеклатантен пример на ставање на Европа на своите злосторства под тепих е примерот со забошотување на фашизмот од втората светска војна, кој како што се покажа и од фројдовска гледна точка на потствеста не е само германски, хитлеровски, како што му е во пропагандата пласирано тоа на светот, туку е всушност изум на темниот европски супремациски нагон за владеење со останатиот "непросветлен" и "варварски" свет, плус нагонот за бескрупулозно материјално богатење по секоја цена за што сведочи бескрајната низа на европските сурови колонијални походи и ограбување на цели народи под претекстот дека ги култивираат и внесуваат во цивилизациски "стабилни системи" (Пак неизбежниот Черчил). И како се обиде Европа да го  стави под тепих својот фашистички нагон,кој не е само германски, изолиран, и кој и сега во Преспа во Македонија го демонстрира, преоблечен во нова божем пософистицирана цивилизациска облека, ама јасно и повеќе од јасно препознатлив.

Тоа го стори на тој начин што Денот на победата против фашизмот го преименува во Ден на Европа. Што всушност се сугерира дека Европа, а не некој друг (ајде, и заедно со неа)  учествувал во победата над ова и денес актуелно зло. Добро. Ајде, ние Македонците во споредба со сите, имавме еден  грст жртви, оти сме и сведени на грст како народ, ама Русите бре брате имаа над 27 милиони жртви и први влегоа во Берлин и го закачија руското знаме на Рајхстагот. Па може ли и тоа од Европа перфидно и перверзно да се негира, без разлика што таа Русија и денес заедно со американските каубои, сака бескрајно да ја оддалечи неа од Стариот Континент, туркајќи ја најглупаво (а то ќе и' се  освети како што пророкуваат  и Достоевски и Блок) кон Азија.

И се' тоа, драг читател, добро го прави и камуфлира Западот, кој меѓу другото ја измисли и порнографијата за "ослободување" на личноста, групниот секс и редица садомахозохистички перверзии преточени во цивилизациски обредни свечености, прејадени од натрупаното колонијалистичко богатство под изговор  дека добро и праведно функционира нивниот генијален дарвинистички изум: слободниот пазар. Па така во име на перверзната демократија на Брисел, ама под невиден притисок за влез во нивното морално атрофирано семејство, се појавија на сцената на од него "примитивниот" Балкан и на други места, кои сакаат да бидат дел од таа аристократска цивилизациска елита, геј и лезбопарадите на гордоста што е оксиморон. Да бидеме горди на тоа што сме геј и лезбијки? Што не ни се допаѓа планот на Господ за нас? Мое, пак, лично мислење тука, драги читателу, е дека бриселските политидиоти со тоа не ја ослободуваат геј и лезбо популацијата од комплекс со таквите перверзни паради, туку истиот уште повеќе го зајакнуваат кај неа, и не се знае, според тајните и темни закони на психата кај, и каде ќе избие како обновен вулкан тој. Тука има и хуморни ситуации. Сега на ум ми паѓа примерот со чојска Црна Гора (најрусофилска, а прва скокна во преградките на НАТО), која неодамна за да ја покаже својата западна "цивилизациска" прогресивност, исто така, прва, ако не се лажам, на за Европа се' уште варварскиот Балкан, го промовира на сет глас законот за геј и лезбо-браковите. Нема што. А да не ми побегна мислата, драг читателу, во овој цивилизациски коментар, таквите и сличните идеи на оние од Брисел не можат да бидат пласирани, дури и со закани со затворена врата за влез во Унијата, доколку оние од Европарламентот и Советот на Европа во Брисел не се такви, со килав и разболен ерос на homo balkanicus. Ни Фројд не може да и' најде замерка на таа хипотеза.

Најпосле, по американскиот обновен по Хитлер фашизам со Хирошима и Нагасаки, еве го и Европскиот, кој не истраја многу долго. Само три години по победата над Хитлер, сега се случи со Черчиловите евроамерикански бомбардери полни со смрт кои се упатија од Лондон кон Егејска Македонија да им ја исчистат неа на Грците од Македонците и да се сузбие во корен комунизмот што се беше појавил тука. Оти Черчил патолошки го мразеше него, па сега не како антифашист туку како фашист застана  на страната на грчките монархофашисти на кои им помогна, убивајќи со напалм-бомби од пеленчиња до изнемоштени старци, да ги исчистат Македонците од родните вековни огништа, раселувајќи ги по белиот свет. Така, со Черчил, неговите бомбардери и масакрот на Македонците од Егејот, драг читателу, значи, и се обнови европскиот фашизам. Речи го постфашизам, или неофашизам. Исто е тоа. И почна со Македонија и Македонците. Но дали и случајно? Се' си мислам дека не, ако се следи текот на тој план со настаните на Европа околу "столченото племе" од Берлин 1878 г. Букурешт 1913, Првата и Втората светска војна па натаму, се' до нашиот брутален идентитетски  геноцид во Преспа 2018. Ништење на еден  древен народ со неколкумилениумаска длабока генеза, од Јафет најмалиот син на Ное по потопот па натаму, за што сведочи и најважниот религиозен и антрополошки документ на Западната цивилизација, Библијата.

Што реши Европа во сојуз со Вашингтон, за да ја уништи меморијата на Македонците и за Македонците, кои и ако како што велеше Блаже Конески се столчено племе, сепак и такво од Беласица 914 наваму, макар и десеткувано во облик на крваво торзо, протејски се обновуваше и воскреснуваше. Што реши Европа за да го реши за неа низ столетија нерешливиот проблем со Македонија и Македонците? Се реши на исто така од неа добро испробаниот метод на ликвидација, која, парадоксално мислејќи дека тие што ги ништат се глупи, тоа како кај нас го прикажува и како цивилизациски чин. Совршена перверзија на западната демократура, чии темели многу подиректно од блазираните Французи ги постави Черчил веднаш по Втората светска војна, за што веќе пишував драг читателу. Реши Европа да им го смени автентичното генеричко име на Македонците, суптилно, за да не се сетат Власите (Зошто Власите?), како што вели нашиот народ само со една смртоносна, како американските атомски бомби, во Јапонија придавка. Северна. Студена како смртта. Дури и повеќе од неа. Страшна перверзија на Вавилонската ороспија, како што ја викаше Европа прилепскиот генијален фолклорист антрополог, писател и терзија Марко Цепенков. Ороспија со космичка вагина, која и за многу други, освен за Македонците (за нив најмногу) се покажа, со јазикот на астрофизиката речено, како сингуларитет, црна дупка што шмукува се' во себе создавајќи од огнот пепел. Во македонскиот случај со Преспа:и апсолутна мемориска смрт. Така го замислила таа тоа, ама се' си мислам дека еден ден тешко ќе плати за тој грев. Оти господ нити ја напуштил, нити ќе ја напушти Македонија, а и Армагедон според сите знаци не е далеку.

А прашуваш што значи идентитетската смрт што ни ја стокми, под ретекст дека ни нуди цивилизациска среќа и иднина, Европа, драг читателу. Значи, со неколкупатната неколкумилениумска историска и културно цивилизациска меморија на Македонците, бидејќи сега генеричкото име, голата есенцијална јатка Македонија, им се предава во сопственост на патолошки омилените "лицем светци, срцем волци" (Прличев) Грци, неа, така огромна, Европа, како што вели Д.Х. Лоренс, по инерција ја трупа во отворената грчка вреќа во која е напикана и неговата омилена Етрурска  цивилизација. Така е решен проблемот мо'ра за Вавилонската ороспија со Античка Македонија, што се тиска насилнички не само од Дројзен и германско-нордиската историска школа во рамките на хеленизмот, кои природно ги разбива и искокнува од нив таа, иако и денес тоа е догма на престижните европски универзитети како што се "Сорбона", "Кембриџ" и другите. Сепак и таму има некои непоткупливи историчари и научници, кои го отфрлаат најголемиот европски Дројзенов фалсификат за Македонија и Македонците и ја говорат вистината. Така оксфордските професори Николас Г.Л. Хамонд Ф.В. Валбанк во нивната "Историја на Македонија" ("Оксфорд" 1988) категорички пишува дека "фамозната хеленизација всушност не постои и дека поправедно и поточно би било епохата која започнала со 334 г. пред новата ера, всушност со освојувачките походи на Македонците и нивните сојузници водени од Александар Трети Македонци во Европа, Азија и Африка, да не се нарекува хеленизам и да не се смета за хеленизација на Балканот, туку да се нарече македонизација на ареалот" (цитирано според Лидија Славеска: "Македонската генеза", Матица Македонска, Скопје 2008).

(продолжува)  novamakedonija.com.mk

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

***

 

БЛАЖО СТОЈАНОСКИ

Австралиско македонско литературно друштво "Браќа Миладиновци" - Мелбурн

 

 

 

 СЕ НАРЕКОВ БУДАЛА

Самиот се нареков будала
оти, од како знам за себе,
не остана ден солза да не проронам
и не остана збор кој рани неми отворил
завиткани во душевниот немир.
Самиот се нареков будала
кога со скаменет фосил стоев
пред надгробната плоча
на која само името
на мојата татковина беше изрезбано
- МАКЕДОНИЈА
Загледан во тажачките, ко изгубен воин,
гласот го стискав во пазувите
да не одекни сред тишината на
покојните души
оти знаев дека колку подлабоко ја
закопуваат
таа се повисоко и повисоко ќе расти
И ете затоа нити свеќа не понесов
нити прашав кој тоа и го приготвил
само се прашав, онака тивко,
вреди ли сеуште да се стои ко
изгубен воин,
и да се ронат солзите, место во бој
да се киниса
Се нареков будала но сепак на
тажачките им реков
да ја измијат со ладна вода таа
плочата
и дрво маслиново покрај неа да
посадат, дрво на мирот
за да сведочат за нашата
македонска постојбина
************
Блажо П. Стојаноски
10 септември 2020 година.

ДРВО МАСЛИНОВО.

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 311, 19 септември 2020

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA