ГИ ИЗНЕВЕРИВМЕ ЛИ НИВНИТЕ ИДЕИ?

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

 СМЕ БИЛЕ "ЕДНО"

ВЕЛИ АРТАН ГРУБИ

 

 

08 септември 2020

И јас  верував дека дојде времето да постанеме "ЕДНО", и го прифатиме заедничкото живеење во  македонската држава како императив за здрав економски, политички и безбедносен развој, без губење на идентитетските особини и вредности на  малцинските етнички заедници загарантирани со домашните правни прописи, и светските документи за правата на човекот. Живеење во македонската држава заедно со мнозинскиот  народ, бидејќи  сите кои си ги оставија своите матични држави имаа една цел: поарен живот за себе и за своите семејства. Меѓутоа, некои од тие доселеници, било кога или било од кои причини дошле во Македонија, до ден денешен не најдоа начин за таков соживат.  Не си го најдоа своето место во општеството,  ниту презедоа  дел од одговорностите за развојот на земјата која им пружила гостопримство и  можност за поарен живот. Се' уште сметаат дека правилата на играта во македонската држава не важат и за нив, чувствувајќи се како да некои насилно  ги довлекол во Македонија,  па чекаат прилика од внатре да ја извршат својата злосторничка задача наследена од  предците. Инаку од каде толкава омраза спрема Македонците, кои им отстапиле дел од својата земја за развој на нивните семејства? Најверојатно во прашање е  алчноста за грабење нешто што не им припаѓало и се' уште не им припаѓа. Зарем навистина тоа би можела да биде вистинската причина за омразата кон нас Македонците?

Мнозинството од нив и денес имаат проблем со самите себеси, се држат надвор од македонската поширока заедница,  нелојални, без љубов и почит кон земјата која ги примила кога им беше потребна помош  да им ги наполнат гладните усти  на своите семејства и ги изучат   децата.

Зборувам за албанското малцинство, кое ги ужива сите привилегии на лојални граѓани, ама ги избегнува одговорностите кои треба да ги преземе, заканувајќи се со војна, до колку некои им стапне на прстите.

Во своето вештачко бројчано зголемување како резултат од воените дејствија на современите западни варвари во деведесеттите години на минатиот век, и самите видоа прилика да ги исполнат желбите и нездрави апетити на своите предци од времињата на светските воини, и порано, за освојување на делови од  македонската земја  и реализирање на  идеите за создавање на Голема Албанија, анексирајќи туѓи територии. 

Ги заборавија времињата кога  македонскиот народ им пружи рака  во согласност со старите македонски   и христијански вредности и обичаи: помогни го соседот кога треба  леб, за подоцна тие да ни се  заблагодарат со камен по главите.

Исто така заборавија дека,   кога им се закануваше истребување од нивните животни простори, Македонците беа тие кои го споделија својот кров над главите и лебот од својата трпеза. И за сите  доброчинства,  им беше вратено со  злосторства и нецивилизирано однесување.

Прво пробаа со оружје  да ја рушат македонската држава (2001), а потоа потпомогнати од своите надворешни сојузници, во злото, со формирање на етнички албански политички партии составени од поранешни  терористи на Али Ахмети. И  така позиционирани во македонското општество, како да видоа згодна прилика за преку коалицирање со македонските политички партии,  СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се изборат за превласт во Република Македонија и ги задоволат  своите лични и партиски интереси. Во таквите коалиции со македонските несложни браќа видоа шанса скапо да ги продадат гласовите на своите албански гласачи за привилегии кои не им припаѓаат во една мултинационална и мултикултурна заедница со македонско мнозинаство.  

Од таквите неприродни и опасни коалиции најмногу профитираа Љубчо Ѓеоргиевски, Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Зоран Заев и други велепредавници на македонските национални интереси пред нив. И така  се' до нивното учество во разнебитувањето на Република Македонија и обезличувањето на Македонците, за времето на првиот мандат на аболицираниот криминалец Зоран Заев, од Муртино.

Тогаш, во 2018 година во Нивице, денешна Преспа окупирана од Грција, со договорот наречен Преспански договор, Зоран Заев и Никола Димитров неуставно и против волјата на македонскиот народ,  и го променија уставното име на Република Македонија и создадоа вештачка политичка творба, Северна Македонија. Држава ново родена без свој народ, без историја, без свој јазик, традиции, култура... 

Земајќи во предвид дека Албанците никогаш не ја признаа Македонија како своја држава во која ги остваруваат сите права, притоа, избегнувајќи секаква одговорност  и почитување на македонските закони и државни белези: знамето, јазикот, химната итн. можеме да заклучиме дека имавме и се'  уште имаме работа со странски субјекти без право на политичко организирање за туѓи надворешни интереси. Но, тоа беше игнорирано од домашните власти и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи без коалицирање со нив, ниту едните, ниту другите немаа можност да состават македонска влада и да чинат што сакаат во своја и корист на нивните надворешни наредбодавци. Зошто? - затоа што и едните и другите ја злоупотребуваа власта и затоа ја изгубија довербата кај мнозинството македонски гласачи. И затоа, што своите партиски и лични интереси  секогаш  ги ставаа изнад националните интереси на Македонците. 

И така до ден денешен, кога на парламентарните избори како странски партии и агенти на своите матични држави Косово и Албанија, постанаа сувладари во македонската држава, и ако не ја признаваа  како своја татковина, ама  ги користат благодетите и привилегиите која таа им ги пружа. Привилегиите кои законски не им припаѓаат. 

И така заради криминално-велепредавничките однесувања на СДСМ и Зоран Заев, заедно со ВМРО-ДПМНЕ и неговите лидери, некогашни и сегашни, започна правата албанска политичка агресија врз македонските национални интереси и стабилноста на самата  држава.

Со уцени и закани, како наплата за коалицирање и со едната и со другата таканаречена македонска политичка партија, Албанците зад грбот на Македонците дојдоа до многу незаслужени привилегии,  кои   лојалните граѓани од малцинствата ги немаат.

Дојдоа до претседател на Собранието, по втор пат, до 6 министерски положаи и вицепремиер во владата на Зоран Заев.   Што значи Македонија на мала врата постана федерална покраина на Западот за експлоатирање на македонските национални богатства, благодарејќи му на велепредавствата на Заев  од Муртино и мудроста на Али Ахмети, ноторен терорист и злосторник од агресијата врз македонската држава   во 2001 година.

Но тоа сепак не се случи така брзо и преку ноќ. Се изиграа многу претходни игри и велепредавнички пазарења помеѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за да се дојде до инсталирање на Зоран Заев за папет македонски премиер, кои ќе ја земе улогата на распродавач на се' што носи македонско име, вклучувајќи го името на Република Македонија и создавање на политичка творба Северна Македонија, во која Македонците ги изгубија сите националноидентитетски белези.

Со махинации и пазарења, последните предвремени парламентарни избори од 15 јули 2020 година на Албанците им овозможија, како коалициски партнери на СДСМ, во новата хибридна македонско/албанска влада, суверено да контролираат   6 клучни министерства во надлежност на првиот  вицепремиер  Артан Груби од редовите на ДУИ и десна рака на нивниот воен и повоен лидер Али Ахмети.   Па така, по се изгледа, започнува последната фаза за разнебитување на она што остана од македонската држава после "добрососедските" договори со Грција, Бугарија и албанската платформа. Ама и  најновата епизода за целосно преземање на власта во Македонија  од албанските терористи и злосторници на Али Ахмети, чии интереси немаат врска со интересите на македонскиот народ, посебно со интересите на Македонците.

Поговорката вели: Ако сакаш да видиш со каков човек имаш работа, дај му ја власта и за недела дена ќе видиш кој и што е!

Артан Груби, терорист и десна рака на Али Ахмети не чекаше ниту еден ден за да ја покаже стекнатата моќ како прв вицепремиер во македонската влада, без чија согласност Заев не може да донесува  државнички одлуки и да разговара или преговара за било што без согласност на својот албански незаконски инсталиран партнер. Зошто незаконски? па затоа што таков лидер во Деловникот за работата на владата не е предвиден. Ама за Албанците и тоа не е пречка. На некоја од заедничките седници и тоа ќе го изменеле и Артан Груби и официјално ќе добиел хартија за да биде законски партнер на Зоран Заев, во спротивно, нема да има Влада. ДУИ ќе ја напушти коалицијата, а Зоран Заев ќе се пресели во Идризово за секогаш. 

Најверојатно има уште многу ограничувања со коалицискиот договор меѓу ДУИ и СДСМ, како цена за албанските гласови, без кои денес ќе беше в затвор за своите злосторства и велепредавства против националните интереси на Република Македонија.

И пак му беше спасена кожата на Зоран Заев со оркестрираниот изборен неуспех на ВМРО-ДПМНЕ во кој главна улога одигра пак Христијан Мицкоски, зад грбот на своите членови.

Одма по изборот на неговите министри,  Артан Груби одржа прва средба во просториите на владата, покажувајќи му на јавноста кој е газда, или наскоро кој ќе биде газда во Македонија.  Но сепак виде дека  се истрча и предвреме му покажа на македонската јавност дека со Заев веќе ја поделија државата и секој ќе си работи со своите министри, па веднаш проба да  ја исправи  грешката, изјавувајќи дека таа средба со албанските членови на македонската влада била само консултација пред посетата кај претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Терористичката еуфорија на Артан Груби не се исцрпи само со тој несмасен гаф. За време давањето изјава на Али Ахмети во просториите на мисијата на ЕУ-ЕУЛИКС во Приштина за неговото учество во злосторствата на ОВК на Косово, Артан Груби не се воздржа да не објави на својот фејсбукк профил видео за дејствувањето на Ахмети именувано "Финалните битки на нашиот лидер, победник во сите битки". Но секако и да му се пофали и за успехот кој го постигна со северџаните.

Видеото е сублимат на военото и политичкото дејствување и успесите на Ахмети почнувајќи од студентските протести во Приштина, војувањето на ОВК, Охридскиот договор, територијалната поделба, албанското знаме, албанскиот јазик, Албанец претседател на Собранието, зачленувањето на Македонија во НАТО и Албанец премиер.

Па, драги мои, изгледа ова е крај на владеењето на Зоран Заев и почеток на владеењето на Артан Груби. За ваквата судбина на Зоран Заев пишував во еден од последните броеви на Македонски збор, во кои истакнав дека Зоран Заев ќе биде истуркан од власта во сопствената (продадена на Грците) земја и сместен таму каде припаѓа,  ако не од нас Македонците, ама од Албанците за сигурно.

Зошто? Па затоа што толку му беше неговата употребна вредност. Беше искористен за продавање на Република Македонија, ама не беше доволно способен да ја води својата политичка творба Северна Македонија во нејзината светла иднина, бидејќи за тоа  не покажа  државничка мудрост. Покажа дека е само еден најобичен изрод, велепредавник, криминалец и безвреден трчај лажго, кои леташе на албански крила, како и Христијан Мицкоски, кои наскоро  ќе му се придружи таму во, "цветната градина", каде птиците се борат за отфрлено парче леб, и им ја пеат  последната  песна за неврат!

И за крај драги мои,  сепак, НЕ СМЕ ЕДНОАртан Груби, го надмудри и Зоран Заев!

За секогаш Ваш, Сотир!

Ќе се менувал Деловникот за работа на владата за да се устоличел неговиот полажај како вицепремиер во македонската Влада! И тое ќе го решиме за да го имаме напишано на хартија! Вели Груби!

 

Панде Колемишевски

ШТО Е ЈАЗИКОТ?

 

 

28 август 2020

Во Библијата, во Стариот завет, јазикот човечки е означуван како оган, најопасен од сите огнови. Уште пророците кажале дека секое животно, било да е sвер, птица, влечуга или морско животно, се припитомува или било припитомено од човекот, но јазикот ниеден човек не може да го припитоми. Тој е мал орган, но може да направи голема штета.

Во еден од псалмите е запишано: сака ли човек да живее и да види добри денови, нека го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, нека се клони од зло и нека прави добро, да бара мир и да врви по него. Јазикот на безумниот води кон кавга, тој е погибел за него, а устата негова е стапица за неговата душа.

Апостолот Јаков е цитиран до денес затоа што рекол : "Сите ние грешиме, нема безгрешен. Но оној што во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го обузди и целото тело. Зашто јазикот, иако мал, големи работи зборува. Мал орган што и голема планина запалува. Јазикот никој не може да го скроти, тој е немирно зло и полн со смртоносен отров, а лошиот јазик целото тело го осквернавува".

Во симболиката јазикот се идентификува со пламенот. Ги има неговиот облик и подвижност. Како орудие на зборот има неограничена моќ, создава и уништува. Го споредувале со мерникот од вагата: тој е оној што суди и пресудува. Во зависност од она што го кажува, јазикот е праведен или опак, благ или дрзок, лажлив или зол. Моќта на јазикот е голема до таа мера што животот и смртта се во негова власт. Кога се спомнува јазикот без додавање некои атрибути, секогаш се мисли на зол јазик. Според стари верувања, зол јазик е една од четирите неволји што го изопачиле светот. Другите три се убивање, блуд и идолатрија. Во таа смисла кај нас е позната поговорката "ем гол, ем зол".

Ево сега неколку актуелни податоци. Денес во светот постојат повеќе од 2.700 различни јазици, со повеќе од 7.000 дијалекти. Кинескиот јазик е  најзборуван по број на луѓе, зад него е англискиот. Како вистински мајчин јазик, шпанскиот е втор по бројност во светот. Македонскиот го зборуваат близу три милиуни луѓе. Бројот е многу поголем отколку што има домицилно население во сегашна Северна Македонија, имајќи предвид раширената дијаспора.

Лингвистиката познава природен и вештачки, жив и мртов јазик, мајчин и странски јазик, службен, литературен, разговорен и пишан, научен и административен, државен и локален, мнозински и малцински, книжевен и сленг, интелектуален и емоционален, интимен и формален, политички и народски, новинарски и уличарски, да не набројуваме натаму. Но да не ги заборавиме и јазикот на љубовта од една и јазикот на омразата од другата страна, кои тешко можат да воспостават рамнотежа.

Во говорот на луѓето има слаткоречив, убав јазик, остар, поган, зол, пис-јазик, тежок, прост, птичји, змиски, женски, таен, масонско-sидарски. Дури има и нем јазик на кој луѓето се разбираат во комуникацијата. Има и многу други јазици и говорни форми што произлегуваат од нив. Но сепак најраширен, најстар, најраспространет, најефикасен, колку за меѓусебно разбирање толку и за меѓусебно омрзнување и меѓусебно убивање, е еден глобален, непроменлив јазик. Тоа е јазикот на парите-него сите го разбираат.

Секоја култура мора да поседува јазик и секој јазик мора зад себе и во себе да содржи култура. Јазикот и  говорот преку него се слика на интелигентно суштество. Го претставуваат човекот како свесно битие, различно од животинскиот свет, како член на општествената заедница и како поединец. Преку него може да се допре до внатрешниот, интимен опис на карактерот на човекот, што го покажува пред другите, преку него се гледа со кого си имате работа. Не е случајна поговорката "по зборот се препознава што човек е тој".

Наводно, од бога на јазикот му е определено да ја кажува само вистината, но, како и за многу други нешта, луѓето го оддалечиле од божјите намери. Тешко може да се заклучи што е лага, а што е вистина, особено во политиката. Јазикот е орган за вкус, но и за расудување, тој прави разлика помеѓу доброто и злото, тој сече, затоа кај некои народи се изедначува со нож или брич. Стари и не случајни се поговорките "злите јазици се пострашни од пиштолот" и "многумина паднале под сечилото на мечот, но многу е поголем бројот на оние што настрадале поради својот јазик".

Не е нешто ново ако се каже, но не е одвишок да се повтори, дека и покрај се', над сите нив, на врвот на пирамидата по материјална и духовна важност е јазикот на нацијата, јазикот на државата. Тој е клучен симбол, еден од најзначајните делови од личната карта на државата, на етносот. Говорен и пишан или наречје на тој јазик е составен дел и одраз на духовната и општествена структура на една држава. Јазикот е душата на една култура, на една заедница.

За еден народ јазикот е од судбинско значење и затоа секое непромислено негово наштетување ја погодува целата заедница, тоа длабоко ја нарушува нејзината национална структура и придонесува кон нејзино раслојување, дури до распаѓање и исчезнување. Историјата е полна со примери кога прво јазикот исчезнувал, а потоа народот под името што го носел. Значи, јазикот е неодминлив фактор на национална кохезија. Едно општество се распаѓа кога го напушта својот јазик, оттаму е сфатливо зошто секој народ настојува него да го зачува, да го задржи, да го збогатува и надградува, како гаранција за неговиот идентитет. Посегнувањето кон некој јазик значи непочитување на оној што го зборува тој јазик.

Легендите за појавата на различноста на јазиците на народите допираат до најстари времиња, кога сите луѓе говореле само еден ист јазик. Првата произлегла од градбата на Вавилонската кула, а втората со воскреснувањето на Исус Христос. Изградбата на Вавилонската кула била преамбициозен обид на тогашните луѓе да соsидаат кула висока до небото и да покажат де ка се помоќни од Господ. Истиот тој се спуштил да ги види градот и кулата. Налутен од она што го видел, решил да им ги измеша јазиците, секој да зборува на друг, различен јазик и да не се разбираат еден со друг што зборуваат. И така тие не само што не се разбирале, туку почнале и да се караат и Господ ги растурил оттаму по целата земја. Затоа тој град го нарекле Вавилон, што тоа име слободно може да се преведе со зборовите растур, збрка или мешаница.

Втората легенда е содржана во делата на апостолите. Според неа, кога се навршиле дните на педесетницата (педесет дена од воскресението Исусово - денес празник Духови), сите дванаесет апостоли биле заедно. Ненајдено се чул шум од небото, како да идел силен ветер и ја исполнил целата куќа каде што седеле. Над нив се појавиле огнени јазици и сите почнале да зборуваат на други, различни јазици. Тоа чудо го видел многу народ и секој си го препознавал својот јазик: Римјани, Арабјани, Египќани, Криќани и многу други. Потоа секој од апостолите тргнал низ светот да проповеда на јазикот на народот каде што одел. Така на Запад се раширило христијанството, ако им веруваме на легендите и на светите книги. Тој пример ни покажува дека јазикот и железна врата отвора, онаква каква што била антихристијанската.

Во македонскиот говорен јазик има мноштво поговорки врзани за јазикот. На пример: го валка со јазик, нема влакна на јазикот. Го чеше, ама и си го гризна јазикот. Јазикот коски нема ама коски крши. Го одврза или го заврза јазикот. Го пуштил јазикот пред умот, јазикот му е побрз од умот. Уста има - јазик нема, ама и од јазикот си пати, особено ако пред тоа не си го гризнал.

Треба да се запамети дека во секоја работа во животот има и едно јазиче на вагата што мери прецизно. Кој не го знае и не гледа каде накосува и на каде претежнува - тешко нему.

novamakedonija.com.mk 

Ефтим Клетников

СЕВЕРНА: ПРОЕКТ НА ЕВРОПСКИОТ ФАШИЗАМ (1)

 

02 септември 2020

Сум пишувал често за европскиот или, во современа варијанта, евроамерикански фашизам. Знаеш, драг читателу. Особено по повод западниот идентитетски геноцид врз Македонците во Преспа 2018 година. Тоа е важна перманентна тема за нас, оти ако ја баталиме неа, тоа е срам и грев. Тоа би значело дека сме се помириле со смртта во која не фрлиле.

Сега, пак, на поширок план темата на западниот фашизам ја актуелизира и годишниов јубилеј 75 години од американските атомски бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки во август 1945 година. Чин со кој на местото на поразениот Хитлеров, германски, на светската сцена се искачи американскиот фашизам. Хари Труман, чија ментална структура со тој варварски чин не се многу разликува од таа на германскиот Фирер, се гордееше со тоа и во психата на Американците го всади силното чувство за светскиот супрематизам на нивната нација, на која и' е дозволено се'. И' е дозволено и понатаму да го третира светот како Хирошима и Нагасаки, како длабока држава што стигнува насекаде со раката на смртта за свој материјален или каков било друг вид бенефиција: од Блискиот Исток, кој го спепели до Авганистан, и од Авганистан до Украина, Србија, Македонија...

Црниот Нобелов "миротворец", црната дамка на прекрасната црна раса која јас ја обожавам, драг читателу, Барак Обама што уби стотици илјади цивили низ светот, како американски претседател дојде на местото на злосторството, ја посети Хирошима, но не им се извини за него на Јапонците, како го направи тоа во Аушвиц Вили Брант кон Евреите. Колку да се знае дека Империјата не се извинува, оти злосторството е, како што и се покажа во практиката, нормална агенда на нејзината политика. Но, и покрај тоа, најголемиот парадокс, вие морате да бидете нејзин пријател, каков што е случајот и со нас Македонците, кои знаеме дека Вашингтон е главниот промотор за Преспанскиот, а потоа и на бугарскиот договор и тиранската платформа, трите чекани за наше дробење и идентитетско уништување.

Тоа е вистината, драги читателу, по овој нужен вовед, за новиот фашизам на Западот по Хитлер, кој, како што вели генералот Камингс од романот на Норман Мајлер "Голи и мртви", е повитален од оној на Германците, кои според него, за разлика од Американците, не се доволно способни и витални за таа уметност. Ние, Македонците, наивни, мислевме дека бранот на тој неофашизам нема да не' допре со фактот дека сме во Европа, божем лулката  на модерната демократија во светот. Ама не не' одмина тој црн ветер. Сум пишувал доволно за тоа, ама тоа е перпетуум мобиле, мо'ра за нас. Варијација на иста тема. Оти ако некој од Македонците, а има доста такви изроди, не ја чувствува како јанsa на своето колективно битие неа, тој и не и' прапаѓа на сортата nomo sapiens што е омозган и опремен со 'рбет и емоции, туку и' припаѓа на некоја друга сорта од зоосемејството на влечугите на Галапагос.

Тоа. Туку од кај доаѓа таа канибалистичка страст за ништење на Македонија и Македонците, како од нашите околни соседи, така и од Брисел и Вашингтон: Оти тоа што се случи во Преспа пред две години не е ни најмалку случајно, иако е завиткано божем во целофанот на некојси цивилизациски потфат за просперитетот и среќна иднина. Не, драг читателу. Тоа е понапред резултат на една супрематистичка шизофренија на големите западни демократори и демократури што го претворија денес светот во сликата на римскиот колосеум на Нерон и Калигула. Оти и Јунг и Тен и некои други што се занимава со психологијата на колективната душа на еден народ, но и на цели раси, па и епохи (Тен) укажаа, ја дијагностицираа патологијата на супрематистичкото его, чија болест под маската дека сака да го оздрави и постави на здрави нозе светот, него го ништи и урива. Всушност, по долгата империјална моќ, кантовски речено, како што е тоа случај со Европа, а и со Америка, која е нејзино англосаксонско копиле, се стигнува до еден вид априористички генетски структуриран рефлекс за апсолутна ариевска превласт и играње со судбината на послабите од нив.

Тоа што го говорам може да ти изгледа како метафизика, драг читателу, ама не е, туку е болна реалност. Оти ако не е така, од кај извира тој толку голем, неверојатен анимозитет на таканаречената демократска цивилизација на Западна Европа кои толку многу малечка, мирољубива и столчена со безброј историски рани Македонија? А? Случајно ли е тоа, драг читателу? Не! Но со тој неверојатен феномен, за жал, никој од македонските историчари, академици, антрополози и психолози не се позанимавал посериозно, да го расветли и објасни докрај. Велиш: МАНУ. Не.

Тие таму, покрај брегот на Вардар, во удобните егзистенцијални фотелји, исто така, никогаш посебно не се позанимавале како што треба со ова трауматично, а и "опасно" прашање. А нашите академици не се подготвени за опасност, иако Хелдерлин вели дека таму кај што е опасното расте и спасоносното. Тие не се способни како Емпедокле да скокнат во кратерот на Етна. Тие едноставно ја преспаа, како мечките во зимски сон, нашата идентитетска ликвидација. Од тој мртовечки сон го иземам Блаже Конески, кој и во гробот бдееше, бдее и ја боледува раната на Македонија и Македонците. Во тоа сум апсолутно сигурен, и никој друг туку само тој може да ги извлече од вагата на страшниот суд горе за гревот кон колективот нашите нимбусирани академици.

Тоа е посебна тема за анализа на хипокризијата и фарисејството на интелектуалниот ум. Туку да се вратиме на генезата на анимозитетот на западната европска цивилизација, сега амалгамизирана и со американската по крвна родствена линија, кон Македонија, Македонците и македонизмот како духовна струја на нивната мемрија и културно-цивилизациско благо како влог и во светската цивилизација и култура. In medias res, тој анимозитет не е од вчера и современ, туку има длабоки антички корени, уште од времето на Александар Македонски и неговата светска империја на народите од Пела до Хималаите на исток и до пирамидите на Египет на југ. Империја на еднакви и суверени народи, со сопствен идентитет, богови, традиција и култура. Империја во која првпат е укинато ропството, кое уште владее во Атина, која сенилна Европа ја смета за извор на демократијата. А не е. Империјата во која Аристотел, Македонецот од Стагира и неговиот ученик Алексанар први во светот го заведуваат како правен кодекс со царски печат "природното право и правото на народите".

Тоа што, имено, парадоксално во Преспа им беше одземено на нивните генерички наследници Македонците.

И во што е всушност работата? Пак се враќаме на генезата на анимозитетот кон сега веќе столченото (Конески), та докрај дотолчено племе. А во неа е одразена како кристал сликата на судирот на две концепции и визии на владеење со светот: македонската и римската. Сум пишувал и за тоа, драги читателу. Македонската концепција е космополитска што нуди еднаквост и разбирање меѓу народите врз принципот на љубовта, и како таква е претслика на христијанството што доаѓа со Спасителот потоа. Ако се земе предвид тоа, и не е воопшто случајно што најревносниот Исусов апостол Павле е, имено, по божја промисла испратен во Македонија, од каде што и' е понудено за причест новозаветното вино на канибалистичка Европа. Но, и покрај тоа, таа не се откажа од темниот канибалистички слој на својата потсвест што го проектира во "свест" за демократија и просперитет на светот. Како и Сатаната и таа со христијанството се послужи за свои лични прагматични цели. Залудно изгради толку многу студени велелепни катедрали во кои, бидејќи не е глуп, Бог не сака да престојува. Имено, тој залегнат темен варварски слој на психа, која не ја разбира и прифати Радосната вест што и' беше пренесена како штафета од Македонија, излезе на површина и Европа него Маестрално го демонстрира како факт во двете светски војни. Умниот космополит и генијален германски писател Томас Ман, имено,  како да го дијагностицира уште еднаш тој темен синдром на Западна Европа кога по навршувањето на Втората светска војна рече: "Хитлер е победен, но не и фашизмот". Пророк.

Па, и не му беше многу тешко на Ман да ја даде таа дијагноза. Оти тој виде дека модерниот свет на Западот ја обнови сликата на римскиот колосеум, сатурналии и други светли и темни, многу темни обредни свечености на римската цивилизација. Неа Западот едноставно ја копира. Ја фотокопираа неговите нови нерони и калигули. Оти не случајно во таа смисла и Европа не ја побара својата културно-цивилизциска генеза, на пример, во јудеохристијанската цивилизација, како што мислеше пак Томас Ман, туку во Античка Грција. Од психоаналитички фројдосвски аспект тука пак се работи за некои залегнати талози и архетипови во потсвеста, а тоа е, како што веќе нагласивме, потсвесно приклонување кон паганскиот, а не кон христијанскиот ерос на љубовта, правдата и вистината. Имено, затоа Европа и никогаш не била христолика, туку атеистичка и безбожна. Додуша, во некои и подолги периоди, како што се тоа на пример ренесансата и просветителството, таа успевала на еден сјаен начин да го субмилира, односно трансцендира својот темен пагански ерос, но потоа пак и' се враќала на деструктивноста, на нејзиниот колонијалистички (римски) порив за владеење на туѓи народи заради материјална придобивка, при што заслепени од бескрајната материјалистичка лакомост дури и нејзините силни нации се насочувале една против друга.

Оти кој е главниот цивилизациски изум со кој, за жал, се гордее европскиот Запад? Тоа е либералниот капитализам со сомнителна демократска маска и слободниот пазар, кој требаше да им даде иницијатива на способните и креативните во областа на економијата и производството. Така. Арно ама многу бргу тој цивилизциски западен изум се изроди во канибализам за профит. Општествениот и социјалниот дарвинизам го покажа своето најсурово лице.  Тука целосно се извитопери филозофијата на Ничеовата волја за моќ и неговот натчовек. И, конечно, до што доведе тој изум, прашуваш драг читателу? До поделбата на многу богати и многу сиромашни, до колонијалистички походи и спроведување од страна на богатиот европски Запад на многу геноциди, асимилации и културоциди низ светот. На крајот доведе и до двете светски војни, Првата и Втората, кои се пак последица на темниот римски нагон на западната цивилизација за материјален профит. Но и по таквите големи катастрофи, тој нагон на западната обезбожена колективна душа не е ни исчезнат, ни сублимиран во некој вид нов хуманизам за еднаквост, братство и љубов меѓу народите. Напротив, сведоци сме на новите деструкции врз одредени региони на богатите од Западот во светот. Доволна е во та смисла, да не одиме потаму, разорената пеплосана слика на Блискиот Исток, кога Американците, но и со час отворена час прикриена подршка за личен профит на нивните моќни, иако импотентни кон нив (освен Британците) европски партнери. Тебе сега ти изгледа дека се оддалечивме како во прашума од главната тема на нашата колумна, драг читателу, но не е така.

Сето тоа е контекст во нејзиниот сложен мозаик. Значи, воопшто, во потрага сме по одговор на прашањето од кај е тој толку голем анимозитет на Европа, та посегна дури и идентитетски да ја ликвидира, да ја откорне од нејзината меморија Македонија и да ја стави како пепел од која е украден огнот во мртвечка урна. Како што и' го стори  во Преспа пред две години. Рековме, и тоа е важна појдовна точка кон одговорот, Европа од двата типа на владеење, македонскиот и римскиот, го избра овој вториот. Модел на владеење со железна сила и волја, кои не трпат спротивставување, наместо македонскиот модел на владеење со љубов и меѓусебно разбирање на народите со целосно почитување на нивните идентитети, традиција, религија и култура. Тоа беше изумот на Александар Македонски и неговиот учител Аристотел, Македонец од Стагира, чија основа е космополитизмот, социјалната, културолошка и секаков друг вид правда. Нешто што залегна и како онтолошки код во македонската психа, а потоа се предава по генетичка линија на поколенијата. Но, како што ќе се покаже потоа, космополитизмот го слабее пламенскиот нагон за затворање и одбрана на својот национ. Нешто што ги чинеше скапо Македонците, па низ столетијата лека полека доживеаја редица историски погроми, за на крајот да ја дотераат работата до ова дереџе до кое се сега како смачкано племе (Б.Конески), кое во Преспа се досмачка.

 (продолжува)

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

**** 

 

МАТЕЈА МАТЕВСКИ

 

 

ЕЗЕРО

По години и сништа многу
повторно се вратив
на езерото
со слатки води
залутано во скутот на ридовите
Дијамантот на сонцето
уште длаби
Не камен на неговото дно
ни трева грло што си крие
под брановите
ни птица грабеж див што носи
Око сум само око на сонцето
што му ги ниша водите
стари
О, оставете ме крај ова езеро
оставете ме крај езерово
крај горчливово
оставете ме мртов.
**********
Матеја Матевски

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 309, 09 септември 2020