САМО МАКЕДОНИЈА - НИКОГАШ СЕВЕРНА!

 

Сотир Гроздановски-Македонски

И  ОВАА БИТКА ЗА ВЛАСТ  ЈА ДОБИ ЗОРАН ЗАЕВ 

03 септември 2020

 

Бахатоста и самобендисаноста на Мицкоски му помогна на "противникот" да си ја заврши работата: да ја дотолчка Република Македонија!?

**************

Предвремените парламентарни избори завршија на 15 јули 2020, а на 30 август  вечерта пред полноќ,  Северна Македонија доби нова влада со 62 гласа "ЗА" и 51 "против". 

Зоран Заев од Муртино,   гробарот на Република Македонија  и националниот идентитет на Македонците, ширум светот, по втор пат стана на чело на, сега, својата политичка творба, Северна Македонија.

Во текот на дводевната расправа  Собранието беше место на жешки препукувања меѓу пратениците од едната страна, СДСМ, и другата ВМРО-ДПМНЕ. Сите со нетрпение да си ги искажат своите ставови, критики или пофалби  спрема досегашната работа на владата на Зоран Заев во заминување, и за составот на другата која треба да се избере за претстоините четири неизвесни години.

Пратениците од опозицијата упатија критики до старо /новата владејачка коалиција, СДСМ-ДУИ, за лошите досегашни резултати од работењето  во борбата против корупцијата, владеењето на правото, спречување на иселувањето, состојбата во економијата, справувањето со пандемијата  Ковид-19, прогнозирајќи и', притоа,    краток мандат поради кревкото мнозинство и лошата програма. 

Пратениците од власта пак, истакнаа дека во изминатиот период донеле тешки, крупни и државнички одлуки, во интерес  на граѓаните и на државата, ја отстраниле последната пречка на патот кон евроинтеграцискиот процес, ја внеле државата во НАТО и дека биле подготвени за почнување  на преговорите за влез во  ЕУ.

Сето тоа од тригодишното владеење на првата влада на Зоран Заев веќе е видена и горко почуствувана етапа од историјата на  Македонија, а за втората со преговорите за влез во Европската унија тек ќе имаме прилика да видиме што ќе стане (ако оваа влада успее да се одржи на власт, до тие времиња).

Новина во составот на новата власт е намалувањето на бројот на министерствата од 26 на 19, 7 помалку, што бил голем прогрес во реформите на администрацијата на Северна Македонија. Ама затоа пак премиерот добил четворица заменици : Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата, Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатми Битиќи вицепремиер за економија и Никола Димитров вицепремиер за европски прашања.

Владата ја сочинуваат: Оливер Спасовски министер за внатрешни работи; Радмила Шеќеринска министерка за одбрана; Бојан Маричиќ за правда; Благоја Бочварски за транспорт и врски; Венко Филипче за здравство; Мила Царовска за образование и наука; Јахода Шахпаска за труд и социјална политика; Ирена Стефоска за култура; Бујар Османи за надворешни работи, Фатмир Бесими за финансии; Крешник Бектеши за економија; Насер Нуредини за животна средина; Јетон Шаќири за информатичко општество и администрација; Аријанит Хоџа за земјоделство, шумарство и водостопанство и Горан Милевски министер за локална самоуправа.

Пошироката македонска јавност самите избори и составот на власта во Северна Македонија ги оцени за катастрофални по националните интереси на македонската држава и опстанокот на Македонците досега  идентификувани   со три  цртички (///) за националност, што е длабоко понижувачки во однос на  сите национални малцинства во државата кои си ги задржаа своите национални идентификации, не гибнати, заедно со издигањето на албанскиот јазик како втор официјален јазик во Северна Македонија.

Многу пати сме пишувале за последиците од криминалното владеење на Зоран Заев и неговите погубни "добрососедски" договори со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија, па затоа нема да ги повторуваме, бидејќи за нив пеат и птиците, ама нема  кои да ги чуе.

Овој пат ќе речеме збор два за содржината на неодамнешниот говор на Христијан Мицкоски и неговото влијание врз  иднината на Македонија. Збор два за човекот кој од губењето на  парламентарните избори како да го снема од општествено-политичкиот живот во Македонија. За човекот, кој како челник на ВМРО-ДПМНЕ и "народен трибун" е должен да биде со народот што го претставува и во добро и во зло и постојано да изнајдува начини  и решенија за  неговата безбедност и благосостојба. Да го заштитува од криминалци и неранимајковци како Зоран Заев и неговите заслепени следбеници кои со своите гнасни лаги и парче  леб успева да ги држи покорни како свои измеќари и гласачка машинерија.

Па ево како Христијан Мицкоски го објаснува своето, скоро, двомесечно платено отсуство од пред очите на своите членови. Но и од Македонците кои се' уште веруваат дека ситуацијата во  ВМРО мора да се подобри и изнајде лидер достоен на четирите свети македонски букви,  на Гоце Делчев и неговите другари. Другари и македонски оригинални херои кои жртвувајќи си ги животите, создадоа услови за обнова на македонската држава Република Македонија. За создавање на македонската држава, за која малку  од такви како вас, господине Мицкоски, чуствуваат вистинска љубов и почит. Па да почнеме со ред:

"Причината зошто досега се воздржував од јавни настапи беше со цел да оставам простор јавноста многу прецизно да го види целото она прпелкање на власта, немањето на капацитет и нивната желба по секоја цена да ги задржи позициите и функциите кои им се извор за лично богатење, тендери и скандали, како и нивните инсталации, оние кои по сопствена волја им помагаат и одлучија да биде фокус ВМРО во овој период кога државата ја мачи СДСМ и се' она што денес преставува Заев".

Па господине Мицкоски, вашите причини за воздржување од јавни настапи се приказни за деца. За нас е важно вашето неодговорно и не државничко однесување спрема вашите членови и македонскиот народ кои ви ги даде своите гласови, а вие ги профучкафте како најобичен коцкар. Вашата должност како платен лидер на ВМРО-ДПМНЕ не беше да чекате што ние ќе речеме за  прпелкањето на СДСМ, или пак предавствата на поранешните ваши високи соработници, туку зошто одма откако ја изгубивте битката од еден најобичен криминалец, апаш и трчај лажи мангуп не излеговте пред своето членство  да им дадете оставка, откако ќе им ја кажевте вашата приказна за изборниот неуспех, кој е ваша лична вина. Велам лична вина, зошто се' до крајот на изборниот натпревар за македонскиот трон, вие седевте на повеќе клацкави столчиња, од кои ниту едно не ви гарантираше дека ќе станете здрав и жив и со ореол на главата ќе ја преземете власта од вашиот противник, кои никогаш не бил тоа што вие сте. Ама затоа, господине Мицкоски тој обичен гангстер и ноторен лажливец Ви ги покажа своите  способности дека може да продава и пиперки и ајвар и патлиџани, ама и цели држави и народи и тоа со гордост да им го прикажува на македонскиот народ како дар и среќа  од Господ дадени. И за награда одново да ја добие власта за да го доурниса тоа што во првиот мандат не успеа да го заврши и потоа сите нас колку не има дома и надвор однесе во неговата измислена светла европска иднина.

А вие, господине, што направивте тогаш кога требаше да го одвратите од тие негови налудничави намери? Ништо добро, господине Мицкоски! Му се придруживте во сите чекори кон разнебитување на Република Македонија и обезличување на Македонците. Не им се придруживте на патриотите кои во сите временски прилики жестоко протестираа на секаде каде што требаше, ама најмногу пред Собранието, каде се решаваше судбината на народот и македонската држава. Седевте во својата фотелја, уплашени од Зоран Заев да не ве предаде на вашите заеднички газди дека не ја играте нивната игра како што ви наредија.

Цело време од како ве устоличија за претседател на ВМРО-ДПМНЕ вие не кренавте прст да ја заштитите македонската држава и достоинството на својот народ, туку не храневте со вашите болни идеи дека нема ни спас без НАТО и Европската унија. И еве не во НАТО, па ништо од тоа седење на Шеќеринска меѓу "најсилните" наши "сојузници" и "пријатели", само зголемување на трошоците за армијата која не му  служи повеќе на македонскиот народ, туку како платеничка сила за интервенции по наредба на пријателите на Шеќеринска.

Господине Мицкоски со ова што отворено и искрено ви го зборувам не искажувам никаква омраза спрема вас лично, туку само љубов кон нашиот народ кои Вие го изневеривте со својата неодлучност да  покажете способност и храброст да ги поведете против злата на Зоран Заев, со чие име и привидни критики устата ви е полна, од кои Македонците аир не видоа.

Ви го зборувам и посакувам да се свртите кон самиот себеси, да ги истражите вашите  грешни политики и да преземете голем дел од вината за губење на името на Македонија, идентитот и достоинството на својот сопстве народ  и избегнување од осудување на сите погрешни и не уставни договори со Грција, Бугарија и Албанците со кои шурувате секој изборен циклус. Да, наместо да станете на чело на колоната за слобода и благосостојба на народот од кој потекнувате, а многу малку чините, за неговата безбедност.

И уште малку за крај би ја споменал вашата погрешна теза дека "Зло како оваа влада не се руши одеднаш туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. А ова денес е почеток на крајот на СДСМ"!

И уште малку, па ќе завршам: "Ако ме прашувате каква иднина не чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина"!

Опростете господине Мицкоски, ама тоа што ни го порачавте не држи вода. Вие му бевте десна рака на СДСМ и на Зоран Заев тогаш, кога требаше со граѓански протести да го спречите големото зло, а вашите пратеници во Собранието да престанат да креваат раце подржувајќи ги сите акти кои придонесоа денационализација на Македонците, заедно со нивната национална држава, Македонија.

Господине Христијан Мицкоски, Вие го потценивте својот сопствен народ и заедно со Зоран Заев го продадовте минатото, без кое нема никаква иднина!

За секогаш Ваш, Сотир!

Христијан Мицкоски

МАКЕДОНИЈА НЕМА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО МАФИЈАШКА ВЛАДА. ЌЕ ЈА УРНАТ ГРАЃАНСКИТЕ ПРОТЕСТИ

31 август 2020

Причината зошто досега се воздржував од јавни настапи беше со цел да оставам простор јавноста многу прецизно да го види целото она прпелкање на власта, немањето на капацитет и нивната желба по секоја цена да ги задржи позициите и функциите кои им се извор за лично богатење, тендери и скандали, како и нивните инсталации, оние кои по сопствена волја им помагаат и одлучија да биде фокус ВМРО во овој период кога државата ја мачи СДСМ и се' она што денес претставува Заев.

***************

Ова на денешната прес-конференција го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во продолжение го објавуваме комплетниот текст од прес-конференцијата:

Така, денес имаме нова влада со стари, истрошени, компромитирани и транзициски кадри..

Кадрите се исти и стари, но и ветувањата се стари и истите оние кои не ги исполнија. Ништо ново, ветуваат просечна плата од 600 евра кога неисполнија ветување од 500 евра. Па во меѓувреме, од митинзите пред избори до вчерашната собраниска седница си го намалија сопственото ветување па ветуваат 570 евра просечна плата, која исто така, најверојатно нема да ја исполнат.

По трет пат ветуваат нов Клинички центар, нови 260 км автопатишта откако не изградија ниту еден свој километар автопат во изминатите 4 години. Ветуваат странски инвестиции откако не донесоа ниту една, ветуваат нови работни места откако имаме 40 илјади нови невработени само за 5 месеци. Ветуваат реформа во администрацијата кога потрошија 4 години и ништо не направија. Ветар и магла, ним им е важно само брутално, дрско и безобразно да крадат.

Првата работа која ќе ја направеле ќе била уривањето на дивоградбата во Мавровка, откако се запали објектот и се градеше 4 месеци во мандатот на владата водена од СДСМ. Самите дозволија да се изгради и сега ќе ја уривале. Какво лицемерие. И најголемото е она кога Заев ветува дека ќе се борел за правда, човекот кој е едно исто со криминалот во земјава. Тоа е влдата со истите луѓе кои го правеа рекет, кои направија шума од стеблата со непотизам, тендери во 4 очи, Луј Витон чанти, градоначалници шверцери.

Влада водена од истите луѓе кои земјава ја вброија со Боцвана и Сенегал како хибриден режим, кои споре Економист сме најкорумпирана држава во Европа, на листата на Транспаренси сме на 106-то место, последни во Европа, а во друштвото со Сомалија, Брегот на слонова коска.

Ова е истата влада која придонесе државава да нема ниту еден универзитет во 1000 најдобри според Шангајската листа и влада во чие време се тепаат новинари, атакуваат медиуми, и постои селективен и медиумски атак врз опозицијата истурајќи куп лаги за да се покријат скандалите на власта.

Почитувани, новата влада со стари и истрошени кадри ја отсликуваат три работи: криминал, истрошеност и лаги. Затоа имаме влада на СДСМ и ДУИ која е спрега на мафија, лаги и криминал.

Едните за другите си рекоа дека 5 пари не вредат, дека се канцер на криминалот во општеството.

Влада која иако збори за Европската Унија, има неевропски вредности со која се' повеќе не оддалечува од тие цели.

Значи денес овие денови имаме 40 илјади ново невработени за 5 месеци, најголемо зголемување на невработеноста за толку кус период од времето на приватизацијата, имаме пропадната банка со кредити влечени од фирми блиски до власта, министерка која пред да пропадне банката си ги извлекла парите, слично како министерот во тренерки од ТАТ. Познато ли ви е, нели? Се е исто како црната транзиција.

И нема само да констатирам што имаме, сите добро тоа го знаеме, ќе зборувам и за тоа што ќе добиеме во наредниот период. Од двата дена собраниска седница не чувме ниту збор за тоа како ќе се надмине економската криза, како ќе се надмине и здравствената криза. Не чека сиромаштија и уште посилна здравствена криза.

Сериозноста со ковидот укажува дека имаме 600 починати до сега и ова е најголем број починати во Македонија предизвикани од некакво влијание и фактор по Втората светска војна до сега. И луѓе секаде се заразуваат низ светот но според сите параметри земјава се справува убедливо најлошо во цела Европа. И не е само до менталитетот и недисциплираното однесување на дел од граѓанте туку пред се' поради немањето на систем и стратегија. А одговорен за тоа е Зоран Заев.

Кризата ќе биде уште поголема и ако не се превземе итен активизам, сериозни мерки и протоколи последиците ќе бидат уште поголеми.

Во економијата, имаме зголемување на долгот на една милијарда евра за 6 месеци, буџетски дефицит од 520 милиони евра за само 7 месеци. Во сериозна опасност ќе се доведе и редовната исплата на платите и тековните обврски. Следуваат потешки времиња.

Ова е истата таа влада која го изведе најнечовечкиот, најбруталниот поткуп на избори на Балканот спроведен било кога. Имавме вонредни избори, а тие дојдоа затоа што Македонија не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Ако се прашувате зошто? Се виде пред изборите. Потрошија милијарда за еднократен поткуп а не за проекти. За пакети, за купување гласови. Ја газеа волјата на народот. А ние водејќи се од интересите на државата и водејќи сметка за европските приоритети и интереси не сакавме изборите да се претворат во тоа што беа, изборна кланица.

Сакам и да се обратам на членовите на партијата. Не затекнавме партија од 450 илјади гласови, туку поделена, игнорирана од меѓународната заедница, атакувана партија, чиј имот поради притисок беше и се уште е замрзнат, незаконски ќе потсетам. Со луѓе по затвори додека вистинските криминалци на слобод. И беше тешко. Многу внатрешни удари кои ги лепевме, правевме копромиси. Стигнавме до овде. Зло како оваа влада не се руши одеднаш туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. А ова денес е почеток на крајот на СДСМ.

Ако ме прашувате каква иднина не чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина.

Затоа што Македонија нема европска иднина со мафијашка коалиција, затоа што земјоделците кои сега не ги ни спомнуваат нема да го добијат потребното, затоа што сиромаштијата ќе се зголемува, затоа што младите ќе продолжат да си одат од земјата, затоа што квалитетот не се цени.

Како ќе се однесува ВМРО? Со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓански протести, бидејќи ова не е само моја битка туку на народот против неодговорната и криминална влада.

И сосема на крај да одговорам на сите прашања поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, збор два за оние иницијативи кои одат во корист само на СДСМ и Зоран Заев. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев. Ваквите теми само одат во прилог на оние против кого се бориме.

И додека сум жив, а доколку тоа не сум, има план Б и план В ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему, на Зоран Заев за да си го заштитат својот криминал.

Зборат зо вонреден конгрес но таква иницијатива нема стигнато ниту поднесено во архивата на партијата. Што значи тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев.

А сега и за суштината. За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Заев, треба да знаат сега и во иднина, нема да правам компромиси со криминалот, нема да дозволам да се прогледа низ прсти поради сите нивни грешки и нема да премолчиме богатење на грбот на народот..

Сите оние кои станаа најдобри другари на Заев не е тоа затоа што се силни, туку затоа што се екстремно слаби. Сигурно сте се запрашале зошто нема завршница за познатите случаи за кои Заев како опозиција велеше дека се криминал, одговорот на тоа се добива овие денови кога гледаме како неколкумина појаничарени слуги одработуваат надевајќи се на неговата милост и својата слобода.

Но нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта. А јас нема да замолчам пред неправдите, за печалбарите во политиката, за отпорот кој станува наша должност кога криминалците прават хотелски коалиции за да се спасат себеси, а се нудат за решение.

Оние кои толку многу пати се огрешиле кон ВМРО-ДПМНЕ и кон народот не се никакво решение, туку завршена приказна. Товар кој мора да отпадне за да ВМРО-ДПМНЕ и народот победи. Тие не зборуваат за криминалот на власта, ама се со полна уста за опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Тој пакт на криминалот и политиката кој е мафија во државата ќе биде поразен. Таа мафија, тој политички брак на власта и дел од тоа политичко криминално подземје кое се нуди за опозиција на опозицијата за да ја спаси власта, кое направи милиони за себе, со чиновничка плата, ќе биде поразено.

Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија. Или тие, или Македонија! ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на народот и на Македонија и нема да биде заробено од оние чиј капитал го направија на тие свети букви.

Македонија има јасна закана и јасна цел, да ја собориме најпрво владата и мафијата која ја оддржува таа влада, а потоа да си ја обновиме државата.

денешен.мк 

 Гордана Силјановска-Давкова

НА СИЛЈАНОВСКА И' ПРЕЧИ ШТО ЌЕ НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

 30 август 2020

Во текот на попладневниот дел од расправата во Собранието за избор на нова Влада, пратениците од власта и опозицијата продолжија со изнесување оценки за предложениот владин состав и програма доставени од мандаторот Зоран Заев.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левицата и на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива акламативно најавија дека нема да дадат подршка за избор на новата влада.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, владината програма не обезбедува раст на економијата, развој на образованието и зголемување на стандардот на граѓаните.

Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ упати критики за програмата на новата влада и истакна дека во коалициската влада треба да се гледа компатибилноста меѓу профилот на министерот и ресорот што треба да го води.

- Нам ни треба експертска влада, политичка, но со експертски профил, бидејќи заради фамозниот споил систем кој ја партизира администрацијата, оној кој е на чело треба да земе дел од товарот. Во програмата нема ниту збор за потребата од промена на Уставот. Одговорно тврдам дека кадидатот за премиер е хендикепиран кога не може сам да си направи тим. Кај нас има остаток од собранискиот систем, ако сакате да смените министер мора да барате согласност од парламентот, оцени Силјановска Давкова.

Упати критика кон владината програма, оценувајќи оти нема карактер на програма, нема стратегија во секое министерство, цели, актери на реализација, временска рамка и проекти.

- Најболно беше прашањето за името, неодвоиво од прашањето на идентитетот, дека се работи за армиран бетон, а слушнавме од личност која е важна за НАТО, господинот, Роб Бауер, командант на вооружените сили на Холандија, чија дикција беше нагризување на бетонот, тој употребува Северномакедонци. Тој е тој нов концепт и понатаму во иднина може да очекуваме тоа име да се одразува на идентификацијата на нацијата, рече Силјановска Давкова.

Според неа, СДСМ само ја повторило програмата од 2016 затоа што  тоа што го вети тогаш, не го исполни, додека пак сега наградува партиски функционери за министри и измислува министерства кои не постојат.

- Она што треба премиерот итно да го направи е ветинг, а ветингот секогаш треба да почне од нас, да продолжи со администрацијата, по пат на примерот со Естонија, па со судството, но само од страна на независно тело. На прагот сме пред преговори, не видов стратегија во однос на што го сменивме името - што сега со договорот со Бугарија, дали ќе не попречува, што понатаму со Преспанскиот договор, дали имаме концепт што ќе правиме, во 26 амбасади немаме човек, како тогаш во мултиратерала и билетарела ќе бидеме активни? - рече Силјановска Давкова.

Истакна дека нема да гласа за владата, иако според неа, во неа има и експертски профил на луѓе.

- Владата е машка, а тука имаше феминистки кои маршираа, а како само четири се, наспроти 16 мажи, против сум вечното менување од пратеник во градоначалник и во министер, тоа е опасно. Ги гледам колегите за внатрешни и за одбрана, а најопасно е да бидете на таа функција повеќе пати од познати причини и не постои министерство за политички системи и односи меѓу заедници, тоа е измислена категорија, а оној предлог за министер кој ќе управува за справување со корупцијата апсолутно е незамислив, затоа што министрите се потенцијални клиенти во корупцијата и тоа мора да биде тело надвор, имаме Антикорупциска комисија, нагласи Силјановска Давкова. 

Нејзиниот сопартиец Дарко Костовски упати критики кон власта дека ја спровела најлошата транзиција во овој дел на Европа. На пратениците на СДСМ им порача дека секогаш кога тие биле на власт "забрзано со деструктивни политики ја разнебитуваат Република Македонија како на национален така и на економски аспект".

-ВМРО-ДПМНЕ пред крајот на своето владеење, за жал, успеа да создаде мал дел своја елита. Таа елита на ВМРО-ДПМНЕ сега е  во многу тесна соработка со СДСМ, си се најдовте по природен пат. Во изминатите три години Скопје го направивте како филм од Ал Капоне - рекет, криминал, автомобилски престрелки. Овие евтини криминалци ви ги полнат штабовите, и ви ги бркаат чесните членови на СДСМ... Во оваа влада ќе имаме министер за правда кој смета дека Делчев е Бугарин, тоа вас не ви пречи бидејќи не почитувате никој којшто со жртва ја изградил Република Македонија. Ќе имаме министер за одбрана кој системски ја уништува македонската гордост - баталјонот за специјални намени, волци, рече Костовски.

На ова реплицираше пратеникот Илија Николовски од Партијата на пензионерите кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за криминал, а е опкружен од сите страни со криминал.

- Вашето раководство е составено од енормно богати луѓе, кои во еден џеб носат странски пасоши, најголем дел бугарски, а не го признавате Договорот за добрососедство со Бугарија. Го критикувате договорот со Грција, а имате вили и викендици на Халкидики. Ја критикувате министерката Шеќеринска затоа што таа е министерка кога Македонија влезе во НАТО. Затоа што таа сега е министерка која седи заедно со министрите од најјаките светски сили и учествува во донесување на геостратегиски и политички одлуки, рече Николовски. Љупчо Балковски од ВМРО-НП истакна дека неговата партија која е во состав на коалицијата "Можеме" е определена за демократизација на општеството, членство во НАТО и членство во ЕУ.

- Сакам да го нагласам овој значаен факт затоа што во Собранието освен ВМРО-НП има и ВМРО-ДПМНЕ но е само декларативно за НАТО и ЕУ, иако гласаа Република северна Македонија да го ратификува Протоколот со НАТО, но од друга страна на секаков начин се обидува да ги блокираат евроинтеграциите, рече Балковски.

ВМРО-НП, додаде тој, ја подржува и ќе гласа за владата која заеднички ќе придонесе европски стандарди да се донесат тука и секојдневно да се почитуваат.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ во реплика рече дека нејзината партија нема да подржи лица со афери и да ја водат владата.

Во текот на расправата меѓусебни критики си упатија и пратениците од албанскиот блок, меѓу ДУИ и Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза на пратениците до 18:30 часот, по што ќе продолжи дебатата за избор на нова влада, за која треба да се гласа до полноќ.

nezavisen.mk

независен.мк

ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ ОМАЛОВАЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

 30 август 2020

Со транспаренти "За народна власт" и извикување "Македонија! Македонија"! и "Никогаш Северна, само Македонија" денеска од пред седиштето на Европската унија во Скопје започна протест, што беше најавен на социјалните мрежи како "Семакедонски народен собир" против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство".

Од пред седиштето на ЕУ, Страшко Олумчев - претседател на Македонската народна партија порача дека ова е протест на македонскиот народ, незадоволен од 30-годишното работење на македонското Собрание.

"Нас ни ги спорат правото на самидентификување и во тој случај ние, Македонците, имаме право, од бога дадено, да си го браниме, да си го чуваме идентитетот и државата. Премногу жртви Македонија има дадено низ вековите за да дозволиме корумпирани политичари под команда на Брисел и светската влада во сенка да не ништат и да не бришат", изјави Олумчев.

Протестот е планирано да заврши пред Собранието.

 

Димитар Апасиев

ПОСЛЕ РЕФЕРЕНДУМОТ, ВИЕ ТРЕБАШE ДА СИ ЗАМИНЕТЕ, А НЕ ПЕДЕРСКИ ДА ГО МЕНУВАТЕ ИМЕТО!

 25 август 2020

"Вие после референдумот требаше да си заминете, да си поднесете оставки, цела Влада, да го вратите мандатот, а не потоа педерски да го менувате името на државата. Требаше потоа да бидете во затвор, затоа што направивте кривично дело, односно дозволивте Грција да може да го употребува името Македонија за својата област, а граѓаните на Република Македонија не може да го користат тоа име. Требаше да одговарате за бришење на националниот идентитет", рече денеска на собраниска говорница пратеникот на Левицата Димитар Апасиев. 

Ова всушност беше изречено како резултат на изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ загубила три избори по ред и дека раководството требало да си оди.

denesen.mk/apasieв 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

**** 

 

Гане Тодоровски

 

СКИЦА ЗА ПРВОТО ПИСМО ДО ЕМА ГЕРМОВА

Родена за да се родиш на мојот љубовден
И прв и последен, јас Те именувам МОЈА!
До тој ден те прижелкувам по севезден
И дните стопати до прекинување ги бројам.
O love you, Ја љубљу тебја, Ih libe Dih,
Како ли уште треба да речам дека Те сакам?
Колку е збунет овој недовршен стих
Пред една чуденка, пред молкот на саканата!
Зборот го болувам, болот го зборувам,
Не го преболувам, не го преболувам, не го прегорувам,
И ќе ме сотрат еден ден чинам
Или убавите жени или лошите вина.
Малку ни остана за да младуваме
Песно, ко најверен пес што ме пазеше
Од сите јадови што ги јадуваме
И од радостите што ги радуваме
Ние - непобедниците непоразени!
Зборови скудни, вие предавници мили,
Речете и':
За Тебе сме сочувани низ сите Харибди и Сцили
Во Чувствата на оној што треба да е твој,
Твој во најсвидните денови неспокој.
************
Гане Тодоровски

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

***

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 308, 04 септември 2020