ЖИМИ МОИВЕ ДВА ОРЛА, ЌЕ БИДАМ ЛОЈАЛЕН. ВЕРУВАИТЕ МИ!

 

Сотир Гроздановски-Македонски

 КЛОПЧЕТО НА ЗЛОТО СЕ ОДМОТУВА, ИЛИ ЗАМОТУВА?

*******

 

24 август 2020

Конечно се почна со една од главите на тероризмот во Македонија и Косово, Али Ахмети. Тој на 2 септември, како еден од основачите на злосторничката ОВК (ослободителна војска на Косово) оди во "посета" на ХАГ да сведочи за злосторствата во Косово.

Најверојатно ќе биде сведок и за настаните во Македонија против "неправдата"  и "дискриминацијата" на Албанците. Да сведочи дека војната во Македонија од 2001 година  не била војна против македонскиот народ и македонската држава, туку   непослушност против "режимот" за повеќе граѓански права кои на албанското малцинство во Македонија му припаѓале по сите меѓународни правни норми. Да сведочи за времињата кога и' беше нанесена најголема срамота на Република Македонија и понижување на македонскиот народ од едно малцинство со помалку од 15% во вкупното население на Република Македонија, во соработка со Косовски терористи за окупирање на македонска територија во западна Македонија. Да сведочи за "невините" и "не злосторнички"  терористички напади врз македонските безбедносни сили, армијата и полицијата, гледано од страната на албанските терористички формации предводени од Али Ахмети и други негови професионалци и платеници од Албанија и Косово.

Само не знам дали ќе сведочи и за "пријателското" учество во организирање и извршување злосторства врз своите сопствени вооружени сили на врвни македонски велепредавници, се' уште живи и на високи положаи во државни служби на Северна Македонија. Учество во убиства на невини млади македонски војници и полицајци, како би ја распалиле војната и побрзо завршиле со македонската држава. И сето тоа контролирано од странски хохштаплери и платенички воени формации како дел од пакетот криминални договори на СДС и Зоран Заев со Грција, Бугарија и Албанците,   за деградирање на македонската држава и денационализација на Македонците. 

Ќе има ли некое чаре против оваа невидена и нечуена срамота која не снајде од власта на СДС и Зоран Заев, ама и од велепредавствата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и неговите најблиски оратори и луѓе кои се токмат да вршат некоја "обнова" после смртта на Македонија?

Артан Груби и неговите симболи.

Тоа беа и се' уште се најцрните и срамотни времиња кои македонската држава и Македонците преживеа и се' уште преживуваат, предавајќи му ја уште и власта над најважните државни институции на албанските терористи почнувајќи  од реизборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и Артан Груби за потпретседател на Владата. Двајцата активисти во крвавите настани против македонската држава и Македонците во 2001 година. И за чудо, за сите злосторства и пролевање на македонска крв за своите сулуди идеи - Голема Албанија, денес Артан Груби е  унапреден во вицепремиер на македонската влада задолжен за политичкиот систем на Македонија!?

Голем срам е за сите  претставници од СДС кои заедно со грст Албанци, нив од потребните 61 пратенк дури 62 гласаа за реизбор на   Талат Џафери за претседател на Собранието. Против гласаа  43 од опозицијата. 

Преземањето на министерството за надворешни работи  од еден од најголемите македонски злосторници Никола Димитров од Албанец, терорист, е посебна срамота. Тоа најважно министерство кое и досега имаше проблеми со дипломатите Албанци на секаде по светот со нивното нелојално однесување и некористење на официјалниот македонски јазик во сушност ја претставуваа Албанија, а не земјата која ги делегирала-Република Македонија! А сега, со Албанец министер?

Прашањето е: кои се тие големи заслуги на Албанците во Македонија за да бидат привилегирани и во македонската власт претставени со несразмерен број високи функционери? Дали така наречениот Охридски рамковен договор ги подигна на таква височина во органите на власта на македонската држава или нивната соработка со СДС и Зоран Заев за да се задржи на власт и ги сочува своите лични интереси? Кои се тие скриени сили кои ја приватизираа Македонија и му овозможија на Зоран Заев да се игра мајтап со Македонците и е понижува државата а да никој не може да му каже: СТОП! ГИ ПРЕКРШИВТЕ СИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ!

Клопчето на злото почна да се одмотува, ама една птица не прави пролет! Има многу други и од едната и од другата страна на политичкиот спектар на Македонија кои треба да пропеат! Само тогаш ќе можеме мирно да спиеме и слободно да  дишеме!

За секогаш Ваш, Сотир!

Али Ахмети

 

НА КОИ ПРАШАЊА ОД ХАШКИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ОДГОВАРА АЛИ АХМЕТИ?

Али Ахмети треба да им биде на располагање на обвинителите два дена за да му поставуваат прашања 

 23 август 2020

Во обвинението поднесено против "Хашим Тачи, Кадри Весели и други"  тие се товарат за дела против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства, присилни исчезнувања на лица, прогони и тортура. Али Ахмети како член на генералштабот на ОВK веројатно треба да каже што знае за ова.

Бaрем една работа околу повикот на специјалното обвинителство на Косово до Али Ахмети е сигурна - новата македонска влада треба да се избере пред 2 септември (крајниот рок за мандаторот Зоран Заев), затоа што на тој датум ќе почне испрашувањето на хашките обвинители на лидерот на ДУИ. Од ДУИ на ТВ21 и' рекле дека сведочењето на Ахмети ќе биде во Приштина (а не во Хаг, каде што беше испрашуван претседателот на Косово Хашим Тачи) и поранешниот герилец ќе треба да ја објасни неговата улога во Ослободителната војска на Косово (ОВК). Наводно меѓународните обвинители побарале Ахмети да им биде на располагање два дена.

Кои прашања ќе ги постават обвинителите никој не знае, па ни самиот Али Ахмети. кога минатиот месец беше објавена информацијата дека Хаг ќе го повика Ахмети, "Независен" побара објаснување за оваа вест од Специјалното обвинителство на Косово, но оттаму не сакаа да споделат информации зошто лидерот на ДУИ е повикан во Хаг.

На прашањето на "Независен" кои се причините за повикот на Али Ахмети, Крис Бент од Специјалното обвинителство одговори со една реченица: "Специјалното обвинителство не дава информации за својата истрага, така што не можам ниту да потврдам или да негирам што било".

Во јули, среде изборната кампања Ахмети побрза сам да објави дека стигнала покана од Хаг и да мотивира куп подршка на социјалните мрежи од своите приврзаници кои го слават како херој и го бодрат да ја каже вистината за воените злосторства на Србите во Косово. Но, Ахмети не е викнат од Судот за воени злосторства во бивша Југославија и не е викнат да зборува за Србија, туку за воените злосторства на ОВК, во чие основање учествуваше. И беше на врвот на нејзината воена структура (член на генералштабот) кога наводно се случувале воени злосторства врз Срби, Албанци, Турци, Роми во Косово од страна на главнообвинетите Хашим Тачи и Кадри Весели и уште најмалку осуммина други чии имиња не се наведени.

Според она што се знае, во октомври треба да почне постапката пред судење во која ќе се утврди дали истрагата, чии корени се во извештајот на швајцарскиот политичар Дик Марти од декември 2010 година, има основа да се преточи во судски процес. Во тој извештај на Мартин поднесен до Советото на Европа (чиј член беше тогаш) се тврди дека заробениците, наводно, не само што биле нехумано третирани од страна на ОВК, туку некои од нив биле и убивани со цел да им се вадат органите  и да се тргува со нив. Во тој извештај се наведуваше и името на Хашим Тачи како лидер на ОВК како една од клучните личности во овие операции, кој потоа стана премиер и претседател на Косово.

Сите водечки косовски политичари тогаш го отфрлија извештајот на Дик Марти, оценувајќи го дури и како "расистички спрема Албанците", дека бил "политички мотивиран и не бил базиран врз факти". Една недела по објавувањето на извештајот  Тачи преку интервју на телевизија се закани дека ќе ги објави имињата на сите Албанци кои соработувале со Дик Марти при изготвувањето на извештајот. До тоа не дојде, туку Советот на Европа го подржа извештајот на Марти во јануари 2011 година, побара сериозна истрага за наводите во него, што најпосле резултираше со формирање на Специјално обвинителство на Косово, кое има седиште во Хаг.

Според она што го објави судот, обвинението е поднесено против десет лица, односно "Хашим Тачи, Кадри Весели и други", кои се товарат за дела против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства, присилни исчезнувања на лица, прогони и тортура. Во обвинението се тврди дека Хашим Тачи, Кадри Весели и останатите обвинети се кривично одговорни за речиси 100 убиства, кои вклучуваат Срби, косовски Албанци кои биле обвинети дека биле "предавници", Роми и други етникуми, како и политички противници.

Обвинението главно се однесува на периодот по војната и пред доаѓањњето на КФОР, т.е. во периодот на безвластие, иако опфаќа и активности претходно, и главно околу судбината на 1.869 исчезнати, од кои 470 по крајот на војната. Овој суд има строг временски мандат, тој ги истражува настаните од јануари 1998 година до декември 2000-та, така што, иако има јурисдикција да опфати трансграничен воен криминал поврзан со Косово и ОВК, не може да ги вклучи четирите воени злосторства на ОНА во Македонија  во 2001, особено тоа за исчезнатите лица, за кои водството на ОНА доби политичка амнестија во нашата држава, што пак меѓународното право не ја признава. (Н:В:)  nezavisen.mk 

 

Љупчо Палевски

КАРПАЛАК

 

11 август 2020

Оваа недела, повторно и повторно со пцуење и лицемерие, тажно се одбележа КАРПАЛАК, настан кој нај добро го покажува Македонскиот дефект, а тоа е предавството.

Загинаа недолжни, загинаа државни, загинаа Македонци кои си ја сакаа државата, кои ја бранеа, но за да не биде бадијала нивната смрт, да не остане само како причина секоја година за партиски препукувања и евтини морбидни поени собирање пред слепата заслепната јавност, мора да се раскаже едно ново сведоштво за КАРПАЛАК.

Ова сведоштво е пишано уште 2003 година, веднаш , поточно брзо после трагедијата, после бруталниот тероризам направен против Македонија.

На почетокот, почитувани мои Македонци треба да се постави едно просто, едноставно, но суштинско прашање, а тоа е следното: Зошто Охридскиот рамковен договор, носи име Охридски, а истиот е потпишан во Скопје, во резиденцијата на тогашниот претседател Трајковски, од страна на Георгиевски, Црвенковски, Џафери и Имер Имери, ДПМНЕ, СДС, ДПА и ПДП како и двајца меѓународни.

Зошто ОХРИДСКИ договор, а свечено е потпишан во Скопје, просто, а толку сложено, не одговорено, а има директна врска со жртвите на КАРПАЛАК.

Самиот договор, се квачеше, се пазареше во Охрид во претседателската вила парк, сите денешни квази интелектуалци на чело со Фрчковски и Владо Поповски логистицираа на погоре напишаните политички лидери околи изготвување на договорот, а како претставник на тогашните терористи УЧК на чело со Ахмети беше целокупното раководство на ПДП, Другата ДПА не беше омилена меѓу терористите, чобанине денес што ДУИ се нарекуваат.

Цел еден месец го квачеа, маткаа тоа лето 2001 година, разместени во хотелот Парк во Горица во Охрид, додека сеансите беа во претседателската вила во непосредна близина, во резиденцијата на Трајковски.

Планирано беше негово потпишување исто така кај Трајковски во резиденција, но во Охрид, каде беше и составен договорот, на ден 8 августа таа 2001 година, но не случи, се случи КАРПАЛАК, се случи тероризам во Македонија, договорот тој ден не се потпиша.

За да се одговори на поставеното прашање на почетокот на ова  мое писание, потребно е да се раскаже едно сосема друго случување, далеку од преговарачите, случување во Скопје, неколку денови пред КАРПАЛАК.

Село Арачиново со терористите внатре беше сериозна закана за Скопје, за општа војна, од денешна дистанца можеби требаш да се случи, не знам, но да се вратам на историјата, на настаните, на вистината.

Една група, на професионалци, која не требаше Американците кои подоцна ги евакуираа теросристите од селото да ги видат, евидентираат и во Бонд Стил да ги однесат, се извлече од селото, на чело со Командантот Тели, Албански државјанин, искусен платеник од Албанија кој имаше главна улога и во Косовското УЧК. Целата терористичка група со странски државјани, платеници беше сместена во Чаир, на улица Дижонска во една скромна трошна куќа со планови за преоѓање во Полог, во Тетово и околината.

МВР имаше податоци за групата и тогашниот Министер индијанец, сестрата Љубе Бошковски, наместо истите да ги зароби, и суди пред јавноста, во Македонскиве судови, сосема спротивно на тоа МВР направи акција и сите беа на спиење убиени, без ниту еден повреден припадник на МВР. Тоа беше објавено на сите релевантни Македонски телевизиски медиуми. Дали се убиени или евакуирани, никој ниту направи истрага, ниту па буква за тоа се напиша.

Ниту на крај памет ми беше дека таа акција на улица Дижонска е катализатор кај Албанците, дека постои големо незадоволство за смртта на Командантот Тели, тоа го дознав многу подоцна, настанот помина не забележано.

Само после 2 дена од настанот со Тели, се случи КАРПАЛАК, се случи убивање, палење на мртви војници, претходно посипани со нафта, мрцварење и изживувавње на веќе мртви војници. Еден од автобусите полни со војници, изрешетан со ранети војници и запалени гуми, продолжил по патот и се извлекол, се дотркалал скоро до Желино на само 7 километри од Карпалак каде беа сместени Германските НАТО војници, кои со прст не мрднаа, не бранеа, не помогнаа, а беа додједни во мисијата Фокс, за разоружување на УЧК.

Во СТАРТ се' објавив, постои документација, а се случило следното. Нај одговорни актери за Карпалак се Љубе Бошковски, министер во МВР, Сокол Митревски, тогаш актуелен командант на одбрана на Скопје и Скопската воена област, Илија Николовски командантот на Прилепскиот гарнизон, корпус или што и да е како формација кој ги пратил војниците. Не сакајќи да го одбранам Бучковски, тогашниот Министер за одбрана, кој има свое разузнување, ВОЕНО, морал да знае што му прават дилетантите во тогашниот Генерал штаб на армијата, Бучковски е четвртиот одговорен за КАРПАЛАК.

Во 2003 година, кај мене на работа дотрча Бранко Сопаловски, началникот на ОВР Карпош, блед исплашен, ми кажа. Слушај Палчо, Вие во СТАРТ (политички неделник) не сте нормални, но Ви верувам, земи ги документите, прочитај ги, мене ќе ме менуваат, можеби и ќе ме затворат, да ја знаете вистината и замина чоекот, ни кафе не се напи, ме извади од памет, што ми остави...

Купот документи беше извештаи од ОВР Карпош до тогашниот оперативен штаб на МВР со име "РАМНО" во кои децидно прочитав.

Неколку денови пред настанот, пред 8 август, патничко возило фијат УНО со тетовски регистерски таблици било изрешетано, за среќа нема повредени од кота таа и таа, со оружјето тоа и тоа, направен записник се' по ПС, како што треба. Подоцна уште неколку извештаи за напади на патнички возила со точни коти и утврдени позиции на терористите на истото место, на КАРПАЛАК, а сето тоа, неколкуте исвештаи сите се пратени до МВР до штабот  РАМНО, од страна на ОВР Карпош.

Но најважен извештај пратен до штабот, беше извештајот во кој беше опишан обидот на ОВР Карпош да направи увид на посоченото место од каде се пукало по патничките возила, кога 4 полицајци, вкључително и началникот Сопаловски со службен голф биле нападнати на сред Карпалак.

Избегале, пешки, голфот  е оставен, терористите си ги собрале, го тргнале, па така се' уредно запишано и тоа се наоѓало во проклетиот предавнички штаб "РАМНО" на МВР, сето тоа некој во фиока го закључил, штамаа се си продолжило како ништо да не било...

Доаѓа денот 8 август, децава од прилепскава касарна, спремни, во камиони, надвор од секој стандард заедно со муниција и експлозиви седнати во исти камиони, чекаат, чудно чекаат два саати, се чека нешто, се касни, не се поаѓа. Командантот е Илија Николовски стар полковник од ЈНА, во АРМ станал Генерал, кариерист класичен добро познат на Генералот Ружиновски од ЈНА но и на редакцијата на СТАРТ, како туѓ кодош за кого поседуваме и докази. Илија ги пушти децата конечно на пат, без пратња и обезбедување, напунети камиони су курбани.

Сокол Митревски, пак како бивш аѓутант на Киро Глигоров, француска разузнувачка позиција во АРМ тогаш, 2001 година беше командант на Скопската воена област директно задолжен за обезбедување на траекторијата на војниот конвој, на патот кон Тетово. Нема никаква извидница, нема никаква разузнувачка активност од военото разузнување за што е одговорен Бучковски, па така овие двајца се директно одговорни затоа што масакрот и тероризмот се случени на територијата каде се директно ОДГОВОРНИ, по командна одговорност, посебно Митревски, затоа што со Армијата командува Генерал Штабот и претседателот, но Бучковски под себе го има военото разузнување кое морало да знае, без разлика што предавникот Бошковски сите извештаи во МВР ги ставил во фиока, бил класичен соучесник.

За жал, во извештаите постојат напишани и точни коти на дејствување, но истите останаа во фиоките, децава ги изгубивме, загинаа.

Веднаш потоа, по смената на власта која дојде во 2002 година, Сокол Митревски, сите знаете, имаше васионска кариера за едно со ДПМНЕ како Градоначалникот на Ѓорче Петров, Илија Николовски БЦ го награди и го постави за амбасадор во НАТО, Брисел, Бучковски дотурка до премиер и претседател на СДС, а Љубе будалетината сите знаете како заврши, како куртон.

Директни извршители и нај одговорен за масакрот е Емруш Сума, клошар од генерал Јанковиќ, денешен Елесан или слично, завршил средно верско училиште ОЏА, со припадници на УЧК од Радуша, инаку Емруш е и член на ДУИ долго време имаше цела своја банда па со мотори се курчеа низ Мала Речица, преторијанска гарда на Али Ахмети глумеа, нешто како Беќир Асани за Скопје, само овие ептен шабани, бизнис не правеа, чист рекет, убиства и дрога цепаа.

Ова е причината зошто Охридскиот рамковен договор не е потпишан во Охрид, туку во Скопје... тероризмот на КАРПАЛАК, требаше да произведе општа војна, многу жртви и уште тогаш да завршат со Македонија, но се исплашија, работата ја одложија...

Камаради, браќа и сестри, сметав дека ове е потребно да се напише, за да знаеме, да си повториме, дека безбедносниот систем е основа за силен СУВЕРЕНИЗАМ, за силна држава. Не се сите Македонци кои говорат Македонски јазик, запомнете...СИСТЕМОТ е трул, СИСТЕМОТ треба да се руши, ама со луѓе кои земаат плата од СИСТЕМОТ не го рушите туку во затвор ќе завршите.

Затоа, наместо со пцуење лајкови да собирате, наместо со поза и сликичиња за Македонија да се борите, не, застанете, почнете да учите, за Македонија да учите, за себе, за да се борите и изборите, да победиме сите и ние старите, но пред се' Вие младите, без вас ништо, ќе ја нема Македонија, само уште Вие ни останавте, Вие сте надежта...СПАСОТ. ЈАС ВИ ВЕРУВАМ...

#Палчо - https://infomax.mk  

.

 Александар Митовски

МАКЕДОНИЈА И ДЕФАКТО СТАНУВА ФЕДЕРАЦИЈА, ОВА Е САМО ПОЧЕТОК

 

19 август 2020

Дали по последните случувања на македонската политичка сцена, Република Македонија и дефакто станува федерацијја? На ниво на целата територија веќе се спроведува двојазичноста, дополнително ќе се децентрализира локалната власт, а со најавата за нови ингеренции и нова функција во Владата, планот за федерализација се остварува и дефакто.

**************

Артан Груби ќе биде првиот вицепремиер и министер за политички систем, објави весникот Коха повикувајќи се на веродостојни извори.

Првиот вицепремиер е за прв пат од албанска партија, додека одлуките, како што се договориле коалициските партнери, ќе ги носат со концензус меѓу премиерот и првиот вицепремиер, пишува весникот, што значи дека Заев нема да може да носи одлуки без согласност на Груби. На оваа тема свој коментар даде и уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

- Воведувањето на "вицепремиер" или министер за политички систем во ликот и делото на Артан Груби кој ќе мора да дава концензус за секоја владина одлука, и де јуре значи почеток на проектот за федерализација на Македонија.

Собранието е дефакто федерално. Имаме горен и долен дом на парламентот (комисија за односи меѓу заедниците и Бадентер).

Македонија полека но сигурно станува Босна и Херцеговина.

На пример, ако треба да се именува некоја армиска единица со името на Македонски херој, ќе мора да има и единица која ќе го носи името на терорист на УЧК.

Или на пример, ако Македонија има интерес во изградба на коридор кон Србија и Грција, нема да може, ако не направи и кон Албанија.

Ако ги отвориме границите со Србија, Грција или Бугарија, ќе мора и кон Косово и Албанија.

Нема да можеме да поставиме споменик во Лешок, ако не потпише "првиот вицепремиер".

Ова е само почеток, пишува на фејсбоок уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

https://onfomax.mk/wp/makedonija 

 ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

ИГОР ИСАКОВСКИ

 

КРШЕЊЕ, ПРЕКРШУВАЊЕ

моментот кога се прекршуваш
низ себе: како бои од виножито
низ призма, како звук на стакло
врз мермер, боли моментот, доаѓа
ненајавен а очекуван, и ти доаѓа
да пееш, да се смееш, да танцуваш,
да не мислиш на себе додека
се прекршуваш.
па го фаќаш првиот воз
кон заборавот, со карта
во еден правец, без багаж.
би сакал да мислиш - без багаж.
пејзажите низ кои поминуваш
се совршени огледала на твојата
појава, на твојата душа, на твојот
божем незаинтересиран лик.
те клопоти возот, до првото
пристаниште: морето те повикува
со својата занесна бескрајност.
низ прекршувањето
на морските капки
гледаш виножито;
некаде далеку татни,
небото се крши.
***********
Игор Исаковски

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Broj 306, 25 avgust 2020