КАКО ИЗГЛЕДААТ ПРЕДАВНЦИТЕ?

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ПАЗАРЕЊАТА ПРОДОЛЖУВААТ

 

19 август 2020

И ако изборите завршија и Зоран Заев е избран за мандатор кој треба да состави нова северно македонска влада, на пазарењата не им се гледа крајот. Зошто? Па бидејќи барањата на Албанците се зголемуваат, а Зоран Заев е стегнат во тесно или да им попушти или да го врати мандатот, за што се' уште не е подготвен за авантура која скапо ќе го кошта на било кој начин. 

А Мицкоски, што со него? Па и тој не е во поарна положба. Овој пат ќе биде невозможно да се здружи со Али Ахмети или со било која друга албанска партија. Тие не се повеќе со скромни барања како за времето на Никола Груевски: ја зголемија својата цена за секое коалицирање со закрвавените браќа од македонскиот политички блок! Ја сакаат потполната контрола над виталните институци на македонската држава: владата, генерал штабот на армијата и полицијата, со што сакаат да му докажат на светот дека  Македонците не се тоа што некогаш биле, кога ја создаваа новата македонска држава. Не се тоа што некогаш биле, туку народ обезглавен од свои сопствени изроди, кодоши, велепредавници, квислинзи на надворешни хохштаплери и  неспособни да се одбранат дури од остатоците на балистичките хорди од Втората светска војна и коњокрадците пред тоа и после тоа, кои отворено ни се закануваат со нова војна и конечна пресметка.

Ќе си го дозволиме ли тој луксуз покрај сите срамоти и велепредавства кои Зоран Заев со нивна помош веќе ни ги приреди за невероватно кусо време и без никаков отпор? Или ќе мораме, овој пат, и ние да го извадиме нашето светло оружје, па да видиме што после тоа: "коме опанци а коме обојци"! 

Изгледа времето доаѓа и Македонците да одговорат со иста мера, пред потполно да исчезнат со својата добрина и демократско однесување!

Некои наши аналитичари слепо врзани за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дојдоа до свои заклучоци за причините кои доведоа до сегашната пат позиција на политичката сцена. Но во секој случај загриженоста е повеќе кај страната на ВМРО-ДПМНЕ, која со своите сопствени погрешни и немакедонски политики доведе до ваквата ситуација, верувајќи дека и без македонските помали партии само со своите членови ќе можат да извоеваат победа над СДСМ. Ама, сето тоа не им беше доволно, дури и со албанските долгогодишни коалициски партнери кои си ги гледаат своите национални интереси, како и секогаш. Потценувајќи ги сопствените македонски сили, притоа и заради ред други антимакедонски причини, ВМРО-ДПМНЕ ја почувствува тупаницата на Македонците и "несакајќи", застана на страната на Зоран Заев и ја доведе Македонија и Македонците да се заложат за нови парламентарни избори, со кои ќе пробаат да си ги исправат своите грешки и да си ја земат судбината во свои раце.

Да бидам искрен, ме загрижуваат деструктивните антимакедонски политики и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, ама најповеќе фрлањето  вина за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ врз иселениците.  Ристо Никовски овој пат испадна пристрасен и неправичен спрема нас отфрлените. Наместо да ја бара вината за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ кај нејзиното раководство, неспособноста и ароганцијата на   Христијан Мицкоски, но и неспособноста на големиот дел од членството да ги согледа антимакедонските политики кои беа очигледни и на време да ги исправи грешките, се сврти против нас иселениците кои впрочем како несакани деца бевме отфрлени од Зоран Заев, потпомогнат баш од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ можеше да излезе победник со негирање на желбите на своето членство и мнозинскиот македонски народ заедно со големото иселеништво. Неодлучноста на Христијан Мицкоски да стане рамо до рамо со Македонците и нивните желби сите штетни договори со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија да се поништат, се главните причини за катастрофалниот неуспех, кога се гледаше дека Зоран Заев во никој случај неможе да излезе победник со сите зла и неправди ставени врз грбот на македонскиот народ.

Самото име на организацијата која одамна постана немакедонска  не значеше многу за да ги убеди Македонците во исправноста  на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Македонците видоа дека се излагани и дека сега им е се' едно да ли се со едните или другите, или со никого, кога сите застапуваат туѓи интереси : евроатлански интеграции по секоја цена! 

Треба да бидеме на чисто, дека било која страна да победеше или Албанците, резултатот ќе беше ист. И едните и другите и сите нив заедно дуваат во ист рог.  Но сепак, нешто во  свеста кај Македонецот  почна да се буди и да се подготвува за својата иднина без СДСМ и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоси, но и без  албанските партии со Али Ахмети и другите нивни злосторнички лидери од кои Македонија не видела аир, ама ниту Албанците кои се излагани и внесени само во поголеми проблеми со невидено опасни последици.

Успехот на Левицата и нивниот лидер Димитар Апасиев докажаа дека има и трета опција, која Македонците ќе ги поведе таму, каде СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не видоа дека е можно.

Господине Никовски, бројките кои ги наведувате  со кои "ситните" македонски политички партии им ја одзедоа победата на ВМРО-ДПМНЕ не се важни. Важно е предавството кое беше извршено и недовербата во ДПМНЕ  во која мнозинството Македонци се разочараа и затоа и и' го свртија грбот.

Драги мои, ВМРО-ДПМНЕ имаше  прилика  лесно да извојува победа над СДСМ, доколку ја покажеше својата лојалност кон Македонија и Македонците. До колку не го потценеше и обезвредеше својот народ, ставајќи ги  НАТО и Европската унија над неговите  вистински национални интереси.

Кога Македонците плачеа по лидер, чесен лидер и партија која ќе ги штити нивните интереси и ќе ги обедини под македонското знаме, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го немаше никаде.

Кога ги затвораа најхрабрите борци за слобода на Македонија, Мицкоски  се криеше, уплашен за своите лични и приватни интереси.

Кога Македонците чекаа од ВМРО-ДПМНЕ да седнат заедно на маса и да договорат план за поништување на договорите со Грција, Бугарија и Охридскиот договор со Албанците, Мицкоски седеше на маса со Али Ахмети да договора кој која фотелја ќе ја заседне.

Кога Зоран Заев куќата ни ја продаваше и останавме без кров над главата и безимени, Мицкоски се пазареше за нов мебел и нови патишта

Па спрема констатациите на Ристо Никовски, интересно било што и Левицата ги зела гласовите од десницата поради нагласената патриотска платформа со целосно отфрлање на договорите со Бугарија и Грција. Меѓутоа, таа здрава сила не беше доволна да се преземе власта во земјата, барем не за сега. А во иднина, ќе видиме кој ќе биде стожерот околу кој Македонците ќе се соберат.

Но во секој случај, дозволивме да победат силите што го разнебитија македонскиот народ, го уништија македонскиот карактер на државата и по се', освен формално, земјата ја претворија во федерација!

Резултатите од овие избори се историска грешка на македонскиот народ, но пред се' на ВМРО-ДПМНЕ, кој не покажа лојалност спрема тој македонски народ, шурувајќи со Албанците, кој отворено беа и се' за не гибање на договорите, кои доведоа до се' што критикува и Ристо Никовски. Изборите во никој случај не беа чесни, а камоли фер и демократски, но тоа не ја намалува одговорноста на опозицијата. Вели Ристо Никовски!

Е,  ако сето тоа е така, чесно е да се констатира дека вината за губење на изборите и продолжување на македонската агонија е кај ВМРО-ДПМНЕ, а не кај нас иселениците. Впрочем иселениците помогнаа, барем, два пратеника од Левицата да седнат во Собранието за да го отворат патот кон иднината, изгубена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

А за Христијан Мицкоски и неговите антимакедонски политики ќе  причекаме да  видиме  до каде ќе стигнат со својот лажен патриотизам.  Ќе видиме и ќе се увериме, ама ќе биде доцна!

Пазарењата меѓу СДСМ и ДУИ за сигурно нема на Македонија да и донесат некои добрини, ама за Албанците сигурно. Па ќе видиме до каде ќе оди и Зоран Заев  за да си ја спаси кожата.  До кога, и тоа ќе го видиме! 

За секогаш Ваш, Сотир! 

Далибор Станковиќ

КАРТАГИНА ТРЕБА ДА БИДЕ РАЗУРНАТА! (Carthago delenda est)

 

15 август 2020

На прашањето како гледате од денешна перспектива на падот на Катица Јанева, Димитар Апасиев лаконски искажа една филозофија, која малкумина ја разбраа: "Другпат, со шестица просек да не ставаат обвинител".

*************

Во 152 година пред нашата ера, Катон Постариот (познат и како Катон Цензорот) ја посетил Картагина како член на римската делегација, која требало да посредува помеѓу Месиниса (кралот на Нумидија) и картагинската држава. Катон, кој бил ветеран во Втората пунска војна и се сеќавал на стравотниот поход на Ханибал Барка во Италија, се вџашил од богатството на Картагина и од возродувањето на нејзината моќ. Тој ја препознал егзистенцијалната  закана за римската држава и по враќањето во Рим, постојано барал од сенатот да ја уништи Картагина, завршувајќи ги сите свои говори со зборовите: "Ceterum autem censeo Carthaginem esse delandam" ("Впрочем, мислам дека Картагина треба да биде разурната"), дури и кога сенатот дебатирал за други прашања. И покрај негодувањата на сенаторите, Катон победил. Картагина го нападнала кралот Масиниса и го прекршила договорот од 201 година пред нашата ера, следствено Римската Република била принудена да и' објави војна на картагинската држава. Во 146 година пред нашата ера, римските легии целосно ја разурнале Картагина и нејзината територија станала римска провинција.

Накратко да го оставиме Катон Цензорот и да се соочиме со нашата егзистенцијална закана. На прашањето како гледате од денешна перспектива на падот  на Катица Јанева, Димитар Апасиев лаконски искажа една филозофија, која малкумина ја разбраа: "Другпат, со шестици просек да не ставаат обвинител".

Ќе се обидеме да ја објасниме суштината на оваа филозофија. Во 1984 година, Томазо Бушета, една од клучните личности во криминалната организација Коза ностра, беше екстрадиран во Италија. На  првото испитување Бушета одбил да одговара на прашањата, велејќи дека ќе говори само со судија од Палермо. Набргу кај притвореникот пристигнал веќе легендарниот судија Џовани Фалконе и нивната средба се покажала како почеток на крајот на сицилијанската мафија. Со намера да ја објасни внатрешната содржина на мафијата, Бушета го поставил прашањето: "Што е Коза ностра"? Одговарајќи: "Треба да се избере судија. Се пријавуваат тројца кандидати. Првиот е интелигентен и ги поседува сите квалитети, вториот има пријатели на високи позиции, а третиот е неспособен. Што мислите кој е назначен? Многумина, можеби ќе претпостават дека за судија бил именуван оној што имал пријатели на високи позиции во општеството, но одговорот е (не) очигледен - неспособниот".

Со овој пристап Коза ностра ги подривала државните институции и тука лежела нејзината моќ. Откако судството се нашло во нејзини раце, таа се инфилтрирала во политичкиот свет и започнала да го контролира секој јавен проект. Честопати локалните власти за да и' угодат објавувале тендери за проекти, од кои државата немала потреба. На овој начин се празнеле европските и државните финансиски фондови, создавајќи апсурдна ситуација - автопатишта што не водат никаде, брани без вода, пристаништа без бродови, уништени градови и тнт. Но тука не завршувала апсурдноста. На последната средба, Бушета го предупредил Фалконе дека италијанската држава не е сериозна во борбата со Коза ностра. Велејќи: "Запрашај се себеси, како може Салваторе Рина (главата на мафијата) да живее во центарот на Палермо во текот на дваесеттите години, да се ожени, да има деца и никогаш да биде уапсен". Томазо Бушета искажал и друга голема вистина: "Кога државата ќе го уапси Салваторе Рина, тогаш ќе започне вистинската војна против мафијата".

Да се навратиме на Катон. Со денови, недели, месеци или години можеме да расправаме за Европската Унија, НАТО, името на државата, историските прашања, кој ќе ја формира новата влада, Албанец премиер, двојазичноста, моралноста или неморалноста на јавните функционери, новите диносауруси во зоолошката градина и тнт. до бесконечност, овие теми немаат есенција. Мора да ја препознаеме егзистенцијалната закана и да се бориме против неа. Без разлика дали некому ќе му се допадне или не, ние живееме во пропадната држава - нефункционални институции, корупција, клиентелизам и така повторно до бесконечност. Со такво општество мора да се соочиме и вистината да ја прифатиме, бидејќи нашето освестување може да биде првиот чекор во градењето на Македонија како држава во вистинска смисла на зборот, држава што ќе може дасе соочи со сите предизвици и закани. Затоа, слично како Катон, нашето општество треба постојано да говори: "Впрочем, мислам дека пропаднатата држава треба да исчезне"!!! - дури и кога дебатите се водат за други прашања.

https://www.novamakedonija.com.mk

 

 

 

Катица Ќулафкова

НАЦОНАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ Е НАДЕТНИЧКИ

 

 

15 август 2020

Во Македонија сега владее закон што веќе е извор на голема конфузија, неправичност и неправедност спрема македонските национални интереси. Јазикот е еден од тие интереси.

***************

Имам впечаток дека екстремните барања за институционализација на албанскиот јазик не се никакви политики на подобрување на јазичните права на Албанците, туку попрво политики на дезинтеграција на македонската држава и на нејзиниот национален интегритет (тој е надетнички).

Во Апелот против Законот за јазиците од 16 ноември 2017 година, што-јас и колешките Гордана Силјановска Давкова и Симона Маџоска Груевска - го објавивме во јавноста и го испративме до Собранието на Република Македонија, точно укажавме на проблематичноста на овој закон и местата на кои тој се коси со Уставот и со веќе важечките законски одредби за македонскиот јазик и за јазиците на помалите заедници во Македонија. Укажавме на фактот дека "во мултиетничко и мултијазично општество, политички и стратегиски е спорно да се донесе закон  со кој на национално ниво се промовираат една (регионална) етничка и јазична заедница во Р. Македонија (албанската), нејзините симболи и нејзиниот јазик, наспроти другите јазични заедници со кои треба да се гради соживот" и наспроти уставниот статус на македонскиот јазик како единствен државен или национален јазик во Македонија.

Ја користевме терминологијата  на ЕУ од нејзината Повелба за државните и регионалните јазици.

Како што и очекувавме, Собранието на РМ не ги уважи нашите ставови и критички забелешки. Подоцна, нашите ставови беа потврдени во препораките и експертските ставови на Венецијанската комисија. Ни препораките на оваа угледна комисија не беа земени предвид. Во Македонија како да има некои недопирливи инстанци, кои одлучуваат надвор од важечките меѓународни и европски стандарди. Со тоа е направена штета по однос на историски легитимниот статус на македонскиот јазик да биде јазик на разбирање на интегративен чинител за целата нација и на територијата на цела држава, а е доведена во прашање и функционалност на институциите на македонската држава, како и правата на етничките Македонци, кои се ревидирани и поредени на новопрокламираните права за употреба на албанскиот јазик на државно рамниште, задолжителен за сите институции и граѓани на Македонија.

Се случи едно предавство на националните, историските и актуелните човекови и национални права на Македонците. Посредно, со овој Закон за јазиците е поместен и дестабилизиран идентитетскиот и институционалниот стожер на македонската држава. Јазичните права на малцинските заедници во Македонија се решени со Уставот на РМ од 1991 година, како и со законите на Р. Македонија во составот на Југословенската федерација. Радикализацијата на тие барања не е основана. Можеше да се подобруваат технички и во склад со современите нови и информатички технологии, граѓанските права од гледна точка на јазичните практики и политики, но не на сметка на стекнатиот статус на македонскиот јазик и на Македонците.

Имам впечаток дека екстремните барања за институционализација на албанскиот јазик не се веќе никакви политики на подобрување на јазичните права на Албанците, туку попрво политики на дезинтеграција на македонската држава и на нејзиниот национален интегритет (тој е надетнички).

Осуетен е, значи спречен процесот на создавање македонска нација започнат не само по Втората светска војна туку многу порано во минатото. Тоа е процес на "балканизација" на Македонија, нејзина систематска фрагментација, најпрвин етнополитичка (со партиите со етнички, а не по демотични принцип), потем регионална (со Законот за територијална реорганизација од 2004 година), натаму со јазичниот паралелизам на државно и национално рамниште (со законот од 2008 година и особено со овој најновиов). Веќе имаме навестување на парадоксална и гротескна ситуација, албанскиот јазик да биде заштитен и промовиран со инспекторати и други институции со далеку поголеми овластувања од Советот за македонски јазик при Министерството за култура. Јазикот стана хибридно средство за нечии експанзионистички цели. Наместо да бидат културна придобивка на граѓаните, јазичните права станаа алатка за поткопување на државата и монета за поткусурување.

Врз основа на површни, конфузно и пристрасно толкувани примери од некои европски држави, македонскиот парламент усвои закон што не е во согласност со европските стандарди. Нарушени се од темел јазичната и културната економичност. Станавме лукративна држава, многу финансии за мала придобивка, всушност за загуба во една филозофска и антрополошка смисла на зборот. На историјата на човештвото се почитувало секогаш правилото на еден јазик за разбирање во медицината, војската, полицијата. Во Македонија сега владее закон што веќе е извор на голема конфузија, неправичност и неправедност спрема македонските национални интереси. Јазикот е еден од тие интереси. Ако во Македонија има два еднакво силни јазика, тоа ќе се преслика и во нејзините идентитетски карти во ОН и во странство. Јазичните права служат на граѓаните, а во Македонија јазичните права служат за наметнување политичка волја врз македонскиот народ и за редизајнирање на суверенитетот и интегритетот на македонската држава.

https://www.nnovamakedonija.com.mk

denesen.mk

КОЈ Е ПАНКО БРАШНАРОВ

На 9 август 1883 година во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец и најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв повереник на првата привремена влада на Македонија и иницијатор за формирање на првата новинска агенција на Македонија, најблизок соработник на Методија Андонов-Ченто.

Почина на 13 јули 1951 година во комунистичкиот логор на Голи Оток, во Хрватска, каде долго време не му се знаеше местото на почивање, но и откако беше откриено дека останките почиваат во заедничката гробница во Загреб, до денес ништо не е сторено за пренесување на неговите останки во Македонија.

Познат и како Панко Брашнар, член бил на првиот ЦК на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Образованието го започнува во родниот град во Егзархиската гимназија. Во 1900 година школувањето го продолжува во Машкото педагошко училиште во Скопје. Учителствувањето го започнува во кумановските села каде почнува да шири револуционерни идеи.

По младотурската револуција се зачленува во Народната федеративна партија. Учителствува до почетокот на Балканските војни како егзархиски учител.

Соработувал во органот на Васил Главинов "Класно сознание". По војните во 1914 година пребегал во Бугарија. Завршил Виши педагошки курс на Егзархијата во Пловдив во 1915 година. За време на Првата светска војна станал војник во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија на бугарската војска и бил испратен на фронтот кај Дојран.

По Првата светска војна, во 1919 година Брашнаров се враќа во Вардарска Македонија. Србите му нудат да работи како учител, но тој одбива. Работел како воденичар, градинар и крчмар.

Станува член на КПЈ и учествувал на повеќе конференции и конгреси: во Вуковар, Виена, Белград и други градови. На основачкиот конгрес на ВМРО (Обединета) во октомври 1925 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Во август 1926 година е уапсен и во април 1927 година е осуден на две-годишна робија.

Кон крајот на мај 1929 година, на пат за конгресот на ВМРО (Обединета) во Берлин, е уапсен на југословенско-австриската граница. По настанатата голема провала на ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија на 5 јули 1929 година, Брашнаров е спроведен назад во Велес. На судењето во јуни 1930 година е осуден на 5 години робија и доживотно губење на граѓанските права. Затворен е во затворот во Сремска Митровица. По излегувањето од робија, политички се пасивизира.

По окупацијата на Македонија од страна на Бугарија во текот на Втората светска војна, Брашнаров повторно станува бугарски учител (бидејќи администрацијатаа била бугарска), а од 1943 година се поврзува со партизаните. Во мај 1944 година преминува на слободна територија и станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

По ослободувањето на Македонија, на 26 ноември, во ослободеното Скопје, на Првата конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија е избран за негов претседател. Реизбран е во Президиумот на АСНОМ на Второто заседание на АСНОМ во декември 1944 година и на Третото заседание во април 1945 година.

Брашнаров е уапсен на 11 декември 1950 година и на 29 јуни 1951 година е осуден на "општествено полезна работа во траење од 24 месеци". Во првите денови од јули е испратен во логорот на Голи Оток, каде што набрзо, на 13 јули, умира.

Шест децении не се знаеше каде се погребани неговите посмртни останки.

Во септември 2011 година, новинарска екипа го пронајде гробот на Панко Брашнаров на градските гробишта Мирогој во Загреб. Неговите посмртни останки доживеале две ексхумации. Во 1953, две години по неговата смрт на Голи Оток, тој е погребан на загребските гробишта. Во 1971 година е ексхумиран во заедничка гробница, во близина на првото гробно место, а во почетокот на осумдесеттите, неговите коски, заедно со коските на уште неколкумина негови современици се преместени на необележана гробна парцела, на крајот на гробиштата. 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

 АНТЕ ПОПОВСКИ

 

 

 ОД СИНА ТИШИНА ЗБОРОВИ 

Од сина тишина создадав зборови
и од зборови Те создадав Тебе
Те поведов низ младоста, низ цел живот
една по една да ги собираме трошките
на кои постапно се распаѓавме.
Сега, легнувајќи во самите корени
на новиот век
се загледуваш во мене
и ги згаснуваш една по една
sвездите во моите очи.
Така, обезsвезден, влегувам во предел
на света бесоница,
во предел на морничав студ.
О, поезијо, девојко со вкус на вечност.
**********
Анте Поповски 

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 305, 20 август 2020