НАРОДЕ НАШ, ГИНЕВМЕ НЕ ЗА СЕБЕ, ТУКУ ЗА ВАС!

 

 Сотир Гроздановски-Македонски

ВЛАДА ПО МЕРКА НА "НАРОДОТ"?

 

 31 јули 2020

Се' уште не, ама наскоро и тоа ќе биде, од кога ќе поминат Илинденските свечености. Ќе биде Влада таква, каква си ја избрал дел од Македонците и покрај сите зла и велепредавства на СДС и Зоран Заев. Зошто? - затоа што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаа што поарно да им понудат  за да го урнисаат денешното безредие  и да го истребат Заевизмот за секогаш, од македонската земја.

Не им дадоа надеж дека ќе го спречат  допродавањето на се' што е македонско и се' што носи македонски предзнак; уништувањето на спомениците на македонската култура и историското наследство од нашите далечни и блиски предци! Потоа јасно, гласно и храбро не им ветија дека се на страната на Македонците и сите лојални граѓани во Република Македонија, вклучувајќи ги и неверните Албанци. Ама најголема доверба ќе стекнеше, Христијан Мицкоски, доколку беше  храбер и дециден. Да не увереше кои му се вистинските намери како лидер на една македонска политичка партија: - дали е за поништување на сите штетни договори кои владата на Заев ги потпиша со Грците, Бугарите и Албанците или не! Но,  ако не мислеше така, тогаш како маж,  да си дадеше оставка. Да му го предадеше кормилото на ВМРО-ДПМНЕ  на луѓе, кои ќе можат и сакаат тоа да го направат.

На тој начин, со силата и бројот на македонските гласови, предвремените парламентарни избори ќе го крунисаа со успех и достоинство како вистински лидер на Македонците и чувар на нивните национални интереси, ама и како човек на кој интересите на народот му се над се'!

Тоа ќе беше доказ дека и Македонците имаат водач со мустаќи кој може да стори се' што другите пред него не беа во можност или не сакаа да го сторат. Да не му дозволи на еден криминалец и злосторник во така кратко време да уништи се' што генерации Македонци создавале со векови, жртвувајќи ги своите животи за нас. Тоа ќе ни го отвореше патот кон иднината и вистинската обнова на македонската држава како земја подготвена за асосијација со меѓународни организации, и да биде почитувана од сите, дури и од непријателите!

Во меѓувреме, акцијата за купување пратеници е во тек и неа не може никој да ја сопре. Впрочем, тоа не е прв пат со народни пари да  се купуваат  и продаваат  "народни" пратеници во Собранието како стока на пазар, со цел да се создаде вештачко мнозинаство, кое на поитриот кандидат ќе му овозможи да состави Влада и потоа да чини што сака со народот и државата, која веќе ја нема. Ете, тоа се случува денес во предвечерието на еден од најсветлите празници на Македонците, ИЛИНДЕН! Дури и традиционалната почесна комитска коњица се користи за тие цели, за да се докаже кој е поголем патриот од самите изгинати патриоти за она што овие веќе го продадоа. Овие и оние, кои  слободно се шетаат и проповедаат правда и правина за оние кои се' уште им веруваат дека се' што прават, прават за нашите деца, внуци, правнуци. За подобро да им бидело некогаш во иднината, на која не и' се гледа почетокот.

Слушам дека на "великаните" од ВМРО-ДПМНЕ не им е угодна вистината која секој ден по некој  македонски медии ја изнесува на видело, така, и само толку, колку другиот дел од Македонците да знае со кого има работа во државата и кој им е заштитник од внатрешни и надворешни душмани. Заштитник или велепредавник, за да се дистанцираат на време од политиките на Врвот, чии стратешки интереси од секогаш биле интеграцијата во НАТО и Европската унија, по секоја цена. По цена македонската држава да ја снема, заедно со нив и со нас на секаде по светот.

Зарем оваа ујдурма со барање коалициски партнер  му беше потребна  на  Христијан Мицкоски да беше искрен спрема своите членови, во прв ред, а после и спрема другите Македонци во Македонија и нас во странските земји? Апсолутно не!

Седењето на повеќе столички не се исплаќа, господине "даскале"! Со лага ага не се бидува! Или пак приказната е сосема подруга од оваа?

Потценувањето на својот народ е лоша работа, господине Мицкоски!  Самиот чин лажење дека ти си човекот кој се бори за него од такви како Зоран Заев и Албанските политички партии, кои пет пари не даваат за државата која ги храни, а во сушност заедно со нив ја разнебитуваш Република Македонија за неколку гроша и влез во некои организации кои ќе не извлечкале од калта во која се' повеќе тонеме сите заедно, е  големо велепредавство и резил за "даскал", кој се токми со македонскиот идол, Гоце Делчев!

За Зоран Заев и СДС, пак, нема што повеќе да се каже. За него е се' кажано и пак фајде нема! Но затоа има нешто да се каже за неговите следбеници, кои за некоја расклинкана фотелја и не сигурна иднина прават недоветни од себе за да бидат запишани во македонската историја како најлоши луѓе кои живееле и ја газеле  македонската света  земја. Но и по некогаш  се самоименувале, лажно, како Македонци , кои си ја сакале својата татковина и биле подготвени и без опинци да се "кренат" во нејзина одбрана.

Истото важи и за дел корумпирани ВМРО - вци кои незадоволни со својата партија и нејзиното велепредавничко водство преминуваат на другата страна, што е за осуда и голема срамота.

И за крај на овој предпразнички текст една порака до делот на Македонците кои си ја задржаа присебноста и им останаа лојални на своите уверувања дека до победа  и  слобода се доаѓа со борба. Борба за национално единство, стиснување на македонските борбени редови и смирување на страстите зошто и покрај се', секој не може да биде генерал на неколку истомисленици, и да извојува победа.

Во спротивно, ќе го имаме за на век налудничавиот камелеон за газда, а ние негови измеќари, зошто тој е сепак поголем лажливец и од Минхаузен!

За секогаш Ваш Сотир! 

***********************

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ ВЕРУВААТ ВО НЕГОВАТА МОЌ И ЗНАЧАЈ ЗА НАШЕТО БИТИСУВАЊЕ, БИЛО КАДЕ И ДА СМЕ!

**********************

 

ТУРСКИ ПОЧЕСЕН ПЛОТУН ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЈУНАЦИ ОД ЕПОПЕЈАТА НА НОЖОТ

  14 јули 1907

Една од најнерамноправните и најкрвавите битки во историјата на Македонија по Илинденското востание се одиграла  пред 113 години во Прилепско.

******************

На 14 јули 1907 година кај селото Ракле, на планинскиот врв Ножот, група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатиле борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер беј.

Јунаците од Ножот биле однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинале со херојска смрт. Повеќето паднале при нерамноправната битка, а неколкумина од нив се самоубиле. Откако стивнале пукотниците турскиот мајот Енвер беј наредил со аскерски плотун да им се оддаде почит за јунаштвото на македонските комити, со кој пред тоа војувале.

Има повеќе прикази, и историски и уметнички, за овој чин од нашата историја. Подоцна приказната за настанот во кој јунаците се бореле до последен куршум, како и фотографии, се пренеле во повеќе делови од светот.

ЧИСТЕЊЕ НА СЕЛАТА ОКОЛУ БАБУНА ОД КОДОШИТЕ

По Илинденското востание бугарската, српската и грчката вооружена пропаганда во Македонија се засиле. На Рилскиот конгрес кој се одржал во септември 1905 година е донесено решение да им се даде решителен отпор.

Од средината на мај 1907 година четата на Тане Николов дејствувала по должината на планината Бабуна, а од јуни и 50-члената чета на Михаил Чаков и 30-члената костурска чета на Христо Цветков. На четата на Тане Николов се приклучува и прилепскиот околиски војвода и член на окружниот комитет Петар Ацев. Кон нив се упатуваат и четите на Иван Наумов и една прилепска реонска чета на чело со Мирче Најденов.

Во регионот се концентрираат нешто повеќе од 150 комити и скоро 150 лица селска полиција од околните села. Главна цел на обединетата чета под водство на Тане Николов е чистење на селата од планината Бабуна од србоманските шпиони и конечно уништување на српската пропаганда. Србоманите од своја страна испраќаат агенти во Битола, Прилеп, Воден, Лерин, Тиквеш и Велес за да ги предадат на турските власти македонските чети во селото Никодин. По 10 јули турските војници се распоредуваат во целиот регион.

Донесено е решение главнината да се подели на неколку помали чети, кои заземаат позиции околу Никодин. Распределбата била: една единица од 40 лица зазема позиција над самото село, друга од 100 лица, која ја сочинувале главниот дел од комитските сили, се распоредува на падините помеѓу село Никодин и село Содржи. Трета единица од 45 лица од  Костурската чета (30 луѓе) на чело со Христо Цветков и комити од четите на Михаил Чаков и Мирче Најдов зазема позиција на скалата Ножот над селото, другите две групи (од 8 лица) комити на чело со локалните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски се сместуваат под планината Асенова глава каде треба да го чуваат патот меѓу селото Никодин и село Владиловци. Последната група се состои од четите на Тане Николов и Петар Ацев, заедно со селската милиција на височината Попадиските чукари.

На 13 јули војводите се собираат на совет. И покрај одлуката на прилепскиот градски окружен комитет четите да се повлечат, војводите одбиваат и се подготвуваат за отпор на турскиот аскер.

АСКЕРСКИ ПОЧЕСЕН ПЛОТУН НА НОЖОТ 

Утрото на 14 јули турски аскер се насочува кон врвот Ножот со цел да ги опколи комитите, а друга група турски војници од исток отвора оган во главната команда.

Комитите кои се наоѓаат на Ножот, отвораат оган по турскиот аскер. Притоа 18 комити се искачуваат и ги заземаат североисточните падини на самиот врв. Нивната позиција не им дозволува да гледаат што се случува на другите падини. Турските сили почнале да заземаат позиции околу самиот врв и да го обиколуваат.

До пладне пристигнуваат нови турски единици на чело со Енвер беј. Турска чета ги напаѓа другите 18 млади луѓе на североисточните падини, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени, што го отвора патот за силен напад на Ножот.

Со последните бомби комитите на Ножот се самоубиле. Четата на врв Асенова глава ги одбива нападите од село Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чаков и Велко Апостолов-Попадиски се повлекуваат од Попадиската река во правец на село Подлес. Со падот на ноќта четите се повлекуваат и турските  војници им ја губат трагата.

Вкупниот број на загинатите комити во областа на планината Ножот е 67. По заземањето на Ножот, аскерот почнал да се изживува врз загинатите комити, но мајорот Енвер беј го запрел тоа и наредил закоп и почесен плотун во чест на храбрите борци. Телата на херојски загинатите комити, по негова наредба, се закопани во близина на врвот од жителите на блиските села.

(Д.Г.) - https://denesen.mk

Улф Брунбауер

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И БУГАРСКИОТ ИСТОРИСКИ ИМПЕРИЈАЛИЗАМ

 

25 јули 2020

Бугарија ултимативно бара да се преземе нејзиното историско гледиште за Македонија. Во тоа гледиште, според книвчето на БАН и "рамковната позиција" на официјалните власти, Македонија мора да ги усогласи своите учебници по историја, географија и литература според традиционалниот бугарски националистички став.

**************

На 7 мај 2020 Бугарската академија на науките (БАН) во нејзините простории во Софија ја презентираше брошурата "За службениот јазик на Република Северна македонија" која главно беше подржана од Институтот за бугарски јазик при Академијата. Најавата за претставувањето на книгата ја сумира поентата на содржината и на потенциалните читатели/ки им олеснува да не се мачат со читање на делото : "Во книгата се покажува дека службениот јазик на Република Северна Македонија е југозападна писмено-регионална форма на бугарскиот јазик".

Па, така, се чини дека книгата целосно ја исполнува намерата на членовите и соработниците на БАН-имено, тие ја предложија формулацијата за "единствена позиција" на бугарската наука за прашањето за "службениот јазик" на малата соседна земја на југозапад.

"ВИСТИНАТА" ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК 

Аргументацијата во брошурата, зошто кај "таканаречениот македонски јазик" всушност се работи за "политички променета" варијанта на бугарскиот јазик, е истот толку неоригинална колку и предвидлива. Почнувајќи со јазични документи од 9-век и делото на "словенските апостоли" Кирил и Методиј, како и на нивните ученици-кои се разбира не создале азбука за црковниот старословенски, туку за старобугарскиот јазик-преку топоними и ономастија, изјавите на раните европски слависти, кои словенскиот јазик што се зборува на територијата на Македонија го означуваат како бугарски, па се' до сопственото декларирање како Бугари на автори кои потекнуваат од Македонија од "периодот на повторното будење"-овде се наоѓаатт вообичаените бугарски аргументи во сега веќе 70-годишниот бугарско-македонски конфликт за историјата, јазикот и културата на Македонија.

Проектот на БАН, предводен од потпретседателот на Академијата, Васил Николов, не излезе со ништо ново.

Човек се прашува кого тогаш авторите сакаат да убедат во "вистината" (поим кој се појавува во насловот на четири поглавја), особено што официјална позиција на Република Бугарија е дека македонскиот не е самостоен јазик. Наводните научни докази за бугарскиот карактер на македонскиот јазик се кармакаша на селективно одбрани тврдења во кои секогаш имаат збор странски крунски сведоци, кои ја застапуваат бугарската гледна точка (не изненадува дека, на пример, меѓународно најпознатиот експерт за македонски јазик, Виктор Фридман, кој истовремено е и страстен борец за неговиот статус како самостоен јазик, не може да се најде во содржината). Констатацијата дека национално-македонски истражувачи на јазикот и историчари манипулирале извори од 19-век, со тоа што прилично широкоградо заменувале "бугарски" со "македонски" или едноставно, сокривале дека и неутрални набљудувачи во тоа време словенскиот идиом го означувале како "бугарски" и дека звучни имиња на револуционери од Македонија се чувствувале како Бугари, е точна, но веќе здодевна; само ограничени македонски националисти денес зад таквите културолошки или политички изјави на Словените во 19 век гледаат артикулирање на македонската национална свест, а нив ни книвчето нема да ги убеди во нешто друго.

Исцепканото "наведување докази" на авторите не се здобива со кредибилитет ни преку сопственото слепило за нијанси или различни мислења-па така уште пред 1944 година имало гласови кои на идиомот што се зборува во Македонија му припишувале самостоен карактер и се залагале за создавање сопствени стандарди. Авторите на "периодот на повторното будење", кои бугарската литературна историја си ги присвојува,  делумно пишувале на различни јазици, меѓу другото и на локални дијалекти врз кои подоцна е заснован македонскиот литературен јазик.

Дека има нешто како јужнословенски континуитет на дијалекти, дека заедницата на лица кои зборуваат еден идиом не заснован на "етникум", дека дотичниот службен јазик почива на политички чин, дека може да настанат нови стандарди-а, Македонците во тоа биле зад Бугарите- дека јазичната политика наменски интервенира во развојот на јазикот, сето тоа се чини дека им е непознато на бугарските истражувачи од Бугарската академија на науките. Водат борба од 19 век со аргументи од 19 век. Такви карти на дијалекти ја заокружуваат големобугарската ориентација на книвчето-траумата од Сан Стефано, се чини, уште е многу вирулентна, барем во ходниците на БАН.

Тоа што авторите покажуваат и големо непознавање на културниот и историскиот развој на прогласената Република Македонија во 1944 година во рамки на Југославија, е повторно типично за Бугарија: повеќето Бугари имаат силно втемелено мислење за Македонија, но земјата ретко кој ја знае-државната телевизија дури и нема свој дописник во Скопје.

Чуму тогаш ваква неофицијална иницијатива за откривање на вистината за "таканаречениот македонски јазик" кој го зборуваат "таканаречените етнички Македонци"? И зошто се вадат во овој момент кога аргументите од Софија и контрааргументите од Скопје со децении повеќе од изџвакани завршуваат во бесцелни дебати и не покажуваат ништо друго освен континуитет на национализам, дури и меѓу оние кои се прокламираат за научна елита на својата земја? Последната страница во книвчето ја навестува мотивацијата за него: "Основата за официјалните норми на македонскиот јазик и начинот на кои е кодифициран и вештачки поставен од горе до доле, му дава статус на варијанта, но не и на самостоен јазик". Quod erat demonstrandum. Авторите дарежливо им признаваат на Македонците дека таквата норма сепак може да ја исполнува функцијата на државен јазик ( но да не се нарекува "македонски јазик"). Но, колективот на автори пледира за тоа да се надминеле рефлексиите од минатото- "младата држава" Северна Македонија имала перспективи без да мора да се "потпре на каква било измислена приказна". Наместо тоа требало да се бара "при научни контакти на двете земји, да се опстојува строго на објективната научна вистина без политизирање и потчинување на стари идеолошки клишеа"- не мора експлицитно да се каже на кого се однесува барањето. Да не се работеше за публикација на веќе познатата нехумористична БАН, би можеле да помислиме дека авторите имаат дарба за иронија.

Значи, книвчето не е ништо освен псеудо-научен обид да се потврди официјалната позиција на бугарската влада спрема историјата и јазикот на Северна Македонија. Како што е познато, се' се врти околу бугарската опсесија со  помалку или повеќе непроменети позиции од 1950-тите години. Како што критички бугарски интелектуалци неодамна констатираа, се чини дека барем на владино ниво во Софија националкомунистичките ставови во однос на Македонија и натаму се користат. Но, има конкретен повод зошто тие застарени аргументи денес беа извадени од нафталинот на бугарско-македонските историски  контраверзии и токму тоа ја прави публикацијата на БАН, и покрај нејзината интелектуална сиромаштија, сепак релевантна. Владата на Република Бугарија се обидуба да ги искористи претпристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, за да ја натера земјата да го преземе бугарското гледиште на историјата.

За што се работи?

БУГАРСКИ СПИСОК НА ЖЕЛБИ ЗА ВЛЕЗ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ 

На 24 март 2020 година Советот на министри на ЕУ донесе заклучок за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија (и Албанија). Северна Македонија на ова мораше да чека 15 години-во 2005 Европската комисија за прв пат препорача почеток на преговори за членство. Но, со години наназад грчките влади тоа го блокираа со вето, затоа што одбиваа да го прифатат избраното име на земјата, Република Македонија, и се противеа на присвојувањето на наследството на античките Македонци од страна на официјалната македонска политика за историјата.

Односите беа нормализирани со договорот од Преспа во 2018 година прифатен од двете страни - Македонците оттогаш се откажаа од античките Македонци како нивни претци. Договорот од Преспа на меѓународен план беше оценет како храбар чекор на двајца премиери, кои со еден историски компромис устеаја да решат еден тежок и компликуван конфликт, иако и во двата случаи требаше да се соочат со масовен отпор на поголемиот дел од населението во своите земји. Во Софија се чини дека научија поинаква лекција: како земја која е веќе членка на ЕУ, таа има право да искористи вето за да спроведе дури и неверојатни барања против една земја кандидат, особено ако се работи за мала и посиромашна земја. На 9 октомври 2019 година, пред состанокот на Европскиот совет на кој на дневен ред беше прифаќањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија, Бугарија донесе одлука за таканаречена "рамковна позиција" во однос на проширувањето на ЕУ. Оваа позиција, според порталот "Балкан инсајт", содржи долг "список на желби со барања" за Северна Македонија - сите овие се желби поврзани со прашања од историографија и национален идентитет - накусо кажано, Бугарија ултимативно бара преземање на нејзиното историско гледиште за Македонија.

Да не се работеше за публикација на веќе познатата нехумористична БАН, би можеле да помислиме дека авторите имаат дарба за иронија.

Нациналната македонска интерпетација на историјата, која се развива по етаблирањето на земјата како дел од југословенските републики во 1944 година, во овој владин документ е класифицирана како "антибугарска идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам".

Што бара бугарската влада како услов од Северна Македонија пред ратификација на пристапниот договор? Северна Македонија, според барањето, мора да ги отстрани сите описи на споменици и плочи на кои се гледа "отворена омраза против Бугарите", како на пример, каде што се говори за "бугарска фашистичка окупација". (За потсетување - во текот на уништувањето на Југославија од нацистичка Германиј во 1941 година трупите на сојузничка Бугарија окупираа големи делови од Македонија и водеа политика на "етничко чистење" кон Србите. кои живееја во окупираните територии. Со активна помош на бугарските аокупатори и од Вардарска Македонија во 1943 година беа депортирани Евреите во концентрационите логори.) Историската комисија која беше основана  во 2017 година, врз база на билатералниот Договор за пријателство и добрососедство, мора да дојде до заедничка оцена на "заедничката историја до 1944 година", меѓу другото и во однос на личноста на Гоце Делчев, Внатрешната револуционерна ослободителна организација ВМРО и Илинденското востание од 1903 година.

Со оглед на тоа дека документот зборува за "заедничка историја" јасно е дека не крие ништо повеќе од услов за Северна Македонија овие настани и личности да ги гледа како "бугарски", бидејќи  од бугарска гледна точка во 1944 година официјално немало политичка единка наречена Македонија или македонски народ, а само такви би можеле да бидат носители на сопствена историја.

Северна Македонија мора да ги усогласи своите учебници по историја, географија и литература, како и историските споменици според резултатите од Историската комисија - при што бугарските членови се залагаат за традиционалниот бугарски националистички став. При "усогласување" на наставата по историја и литература мора да се внимава на тоа изворните текстови од 19 и 20 век репродуцирани во учебниците да бидат "презентирани и предавани според лингвистичкиот стандард на оригиналот во кој се напикани-со други зборови, на бугарски јазик-тоа е намерата на владата. Политичарите и други официјални актери во иднина ќе мора нивните "официјални изјави и коментари" да ги засноваат на текстовите договорени од заедничката Историска комисија. Толку од бугарското поимање на слобода на мислење и истражување.

Блогот на Институтот за источни студии на Универзитетот во Регензбург, Германија, каде е објавена анализата на Улф Брунбауер.

Воопшто не изненадува ниту барањето на бугарската влада Северна Македонија да се воздржи од каква било подршка на "таканареченото македонско малцинство", кое во Бугарија не е официјално признаено. За возврат, луѓето кои биле жртви на "југословенскиот комунистички режим" поради нивниот бугарски идентитет треба да бидат рехабилитирани. И во однос на јазикот, бугарската влада во рамковната позиција го формулира барањето кое половина година подоцна го дале Бугарската академија на науки со псевдонаучно објаснување: во сите ЕУ документи кои се однесуваат на пристап на Северна Македонија мора да се користи фразата "официјален јазик на Република Северна Македонија", а онаму каде што во ЕУ документите не може да се избегне употребата на терминот "македонски јазик" тогаш во фуснота да се забележи: Според уставот на Република Северна Македонија. Се разбира, таков документ не би можел да се оцени како признавање од страна на Бугарија за постоење на "таканаречен македонски јазик различен од бугарскиот".

ИСТОРИЈА И ДИПЛОМАТИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА 

Како што стојат нештата, балканската дипломатија со "sвездички" и натаму е многу популарна: Косово на меѓународната сцена мора да живее со фуснота до своето име, а слична судбина и' се заканува и на Северна Македонија. А, сето тоа и покрај фактот дека државата во случај без преседан под притисок на јужниот сосед си го смени официјалното име на државата, со надеж дека некогаш ќе стане членка на ЕУ-опција која во моментов и не е така конкретна. Сега, според бугарската влада, ќе треба да се откаже и од својата историја.

Цитатот, кој му е припишан на Черчил, дека Балканот продуцира повеќе историја отколку може да апсорбира, е едно од клишеата со кои често се стигманизира регионот. Сепак не може да се негира дека спротивставените интерпретации на историјата често ги трујат билатералните односи и ја интензивираат внатрешно-политичката поларизација во општеството. Специфичниот правец на формирање нации и држави во постимперијална Југоисточна Европа поврзан со распад и новоосновање на држави се' до поновното минато, остави вишок националистички историски слики, кои во нивната интелектуална едноставност се контраст на реалните преклопувања на тесно испреплетената историја.

Политички квази-историчари и покорни научници "заедничката историја" не ја разбираат како нешто што го делиме, само со различна перспектива, туку повеќе како "шлагворт" за да може на другиот да му се наметне сопствената страна на вистината. Сепак, на Северна Македонија тука "и' се удира од глава" тоа што оформувањето на нејзината нација започнало "доцна" со основањето на републиката како дел од федерална Југославија во 1944 година, која на македонската нација за само неколку години и' ги даде сите национални обележја-државни институции, јазик, национална историја, знаме итн.

Меѓутоа многу важни настани, места и личности (особено од 19 и средниот век), кои сега станаа конститутивни носители на националната историја, се веќе дел од историјата на други земји, особено на бугарската. Ниту бугарската десноконзервативна влада, ни Бугарската академија на науки не се подготвени да ги делат, а уште помалку да ги преиспитаат од аспект на нивниот конструиран карактер. Порадо се препуштаат на националниот романтизам-кој сега иронично знае како да го инструментализира пост-националниот проект на европската интеграција во своја корист. Магливо е кому тоа треба да му послужи освен на неколкуте гласачи на "патриотите" застапени во актуелната бугарска владина коалиција.

Но, со оглед на ниското ниво на ентузијазам во главните градови на "старите" ЕУ членки во поглед на можната интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, не може да се исклучи дека никој нема да се спротивстави на обидите на Бугарија на својот сосед-во име на взаемното пријателство!-да му го наметне својот многу специфичен поглед за неговата историја.

***************

Улф Брунбауер е австриски историчар и директор на Институтот за источни и југоисточни студии на Универзитетот во Регензбург, Германија. Анализата е објавена на блогот на Институтот.

https://nezavisen.mk/severna/makedonija

 Марко Петревски

БРИТАНСКИ ПАТЕПИСЕЦ ВО МАКЕДОНИЈА (2)

За Турците била огромна чест син да им се роди во Македонија, земјата на Александар Македонски

 

Иако патувал низ Македонија со полуточни мапи и ориенацијата во средиштето на Балканот за него била макотрпна, Едвард Браун запишал доволно податоци за Македонија во книгата што е издадена во Лондон во 1673 година. Освен информациите за рудните богатства, растенијата, плодовите, животинскиот свет и општествениот живот, британскиот патеписец пренесува податоци и митски приказни и од античкиот период кои ги слушнал во Македонија.

Едвард Браун го спомнува античкиот крал Филип Втори Македонски на почетокот на неговото пристигнување во Македонија. Преоѓајќи од Србија кон Македонија авторот запишал дека ридовите помеѓу овие земји се дел од планината Хаемус која пак, е позната под различни имиња. Се верува дека се простира од Јадранското Море на запад до Црното Море на исток.

ФИЛИП ВТОРИ И ВИДИКОТ КОН ЈАДРАНСКО И ЦРНО МОРЕ

Овој планински појас има неколку премини кои, како што наведува патеписецот, во минатото кралот Фолип Втори Македонски ги затнал за да го заштити кралството од соседните народи. Откако Филип ги обезбедил премините, непријателите не можеле никако да навлезат во Македонија освен, иронично вели Браун, доколку не паднат од облаците.

"Постои верување дека од средишните и највисоки врвови на планината Хаемус, човек може да ги види Јадранското и Црното море. И кралот Филип пробал да се увери во ова, но, не верувам дека го задоволил своето љубопитство. Не верувам дека некој воопшто може да ги види двете мориња од овие врвови. Додека бев на високите планини свртен кон Јадранското Море сфатив дека високите ридови во Албанија го попречуваат хоризонтот кон морето", запишува патеписецот.

ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ВО КРАТОВО

Едвард Браун посетил и престојувал во многу градови и села низ Македонија. Бил во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Кратово... поминал преку поголемите реки Вардар, Црна Река, Бистрица, Пчиња... и како што запишал и самиот, честопати бил збунет ориентирајќи се во Македонија. Од Куманово, Браун дошол во град по име Купрулих или градот на мостовите. Низ овој град, патеписецот запишал и најверојатно погрешил, дека тече реката Пчиња преку која има убав мост.

Градот на кулите и мостовите и денес е синоним за Кратово поради повеќето мостови изградени на Кратовска Река, која пак се влева во крива Река и потоа во Пчиња. Од друга страна, друг показател, дека станува збор за Кратово е името Купрулих, кое во неговата основа го содржи латинскиот збор за бакар (cuprum). Покрај мостовите, Кратово и околината се познати наоѓалишта на олово, цинк, злато и бакар.

"Додека бевме во градот одеднаж изби пожар. Огромен дел од градот изгоре уште пред ние да излеземе од него", забележал Едвард Браун за неговиот престој во Кратово.

ЗА ТУРСКИТЕ ГОЛЕМЦИ БИЛО ЧЕСТ ДА ИМААТ СИН РОДЕН ВО МАКЕДОНИЈА

Поминувајќи ги високите планини кои според патеписецот светат како сребро Браун пристигнува во Прилеп. Во околината на градот авторот споменува локалитет кој бил најкарпестиот предел што некогаш го видел.

"Карпите на оваа планина се поставени една врз друга без да има земја измеѓу нив. На сртот високо на планината е силно утврдениот замок на Марко Крале, човек кој во минатото бил многу познат во овие предели", запишал авторот пред да тргне за Битола.

Преку Пелагонија Браун стигнува во Битола, местоположбата и населението на патеписецот му оставиле силен впечаток. Интересен податок кој го дава Браун е тоа што некој турски големец од Лариса во Тесалија, ја носи неговата бремена сопруга во специјална болница за породување, која тогаш постоела во Битола.

"Турците имаат високо мислење за Александар Македонски и за турските големци е голема чест доколку имаат син роден во Македонија", поентира Едвард Браун.

Птодолжува : (https://denesen.mk/britanski.patepisec)

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

КОЧО РАЦИН

 

ТУТУНОБЕРАЧИТЕ 

На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун-нашава мака
нашава солена пот!
Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потоа и крвта и снагата ни.
Жолт-жолти прави лицата бледни
и жолта гостинка у градите носи.
По утрини росни, по мугрите пресни,
наведени ничкум по полињата родни
зачмаени ние го береме.
Лист по лист кини
лист по лист нижи
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди
и на долга низа од капки пот
и надеж со клетва и зелена јад,
со корав поглед на очите матни
по кревките лисја жолтозлатни
прикаска горка на живот клет
нанижи безгласна а така јасна.
Та знаеш ли?
Денот ли дојде тој да се мери-
мерка му нема, а вградите длаби
без да се запре, без дно да најде
не тага а клетва, и в очите матни
и не сакајќи сама се дига
фуријата.
Кантарот носи лисјето златно
а вгради луто далгите беснат
на жолтата мака-на жолтиот тутун
на жолтата пот на рацете ни!
*************
Кочо Рацин

 

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 301, 31 јули 2020