НИЕ ЈА СОЗДАДОВМЕ МАКЕДОНИЈА! А ВИЕ?

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ПЕТ ДЕНА ДО ОДЛУЧУВАЧКАТА БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА

 

10 јули 2020

Борбата продолжува. Обезглавените и дезориентирани Македонци не знаат кој пат да го фатат. ВМРО-ДПМНЕ се' уште се двоуми дали да удри посилно за да ги убеди Македонците во своите чесни намери или да ги потврди политиките  кои придонесоа Зоран Заев да ја суреди Република Македонија и како територија да ја подготви за  конечна распродажба. Се разбира,  спрема наредбите на  заедничките надворешни газди.

Грмежот на парадните топови на ВМРО-ДПМНЕ и понатака ечи, ама топџиите водат сметка да не повредат некого од другата страна, бидејќи знаат дека после денес има и утре.

Албанците пак, се засилија толку многу, што отворено ни се закануваат со војна доколку не им ги исполниме желбите, кои се толку големи, да не би прошле ниту во Косово, а уште помалку во нивната Албанија. Таму, каде Македонците се толку обесправено  малцинство, да не им паѓа на памет да им се закануваат со војна на Еди Рама, до колку не им дозволи и тие да имаат премиер. 

Отворено ни даваат на знаење дека Македонија е нивна земја која тие успеале да ја втурнат во НАТО и сега чекааат преговори за влез во Европската унија како спас од неизвесноста која ги чека ако седат со скрстени раце како нивните соседи, Македонците. Ако ја разбираме нивната порака, тогаш конечно  времето дојде да се разбудиме од длабокиот сон и заедно здружени да тргнеме во контра напад, ако сакаме да преживееме.  Фашистичкиот режим на СДСМ и Зоран Заев се шири и ги труе сите пори на македонското општество, а ВМРО-ДПМНЕ не замајува со некои си големи проекти за спас на Македонија и намалување на невработеноста. Но за чудење е и копирањето на Зоран Заев кој се' уште не им ги има исплатено ветените 500 евра плати на изгладнетите граѓани, па овие им нудат уште поголеми, ако дошле на власт.

Инертноста на ВМРО-ДПМНЕ,  седејќи на две столици и чекајќи да биде награден за се' што досега им направи на својот народ загрижува и не дава никакви гаранции за некоја посветла иднина, без дозвола на странските фактори.   

Македонците  длабоко изневерени и ставени пред готов чин сами да се борат како Давид со Голијат и понатака ги гледаат од височина. Зошто, па затоа што без Албанците неможат да состават влада. Коалициска влада со албанските партнери кои постануваат  орел  со повеќе од две глави и постојано, веќе триесет години ни се заканува со истребување, без отпор на жртвите.

А што би рекле за Зоран Заев? Па што и да речеме,  за еден криминалец и велепредавник е премалку. Од едното уво влегува, на сите страни излегува.  Си ја тера својата политика за конечна деструкција на македонската држава. 

Тој бил човекот кој донесувал храбри одлуки, за разлика од Никола Груевски кој бил неодлучен и затоа сите проблеми со соседите требал тој да ги решава, и ги решил, за што добил големи признанија од Европската унија и НАТО.

Уште еднаш ашколсум ефенди за големиот успех,   кои Македонците  ќе ти го паметат и после твојата смрт. 

И ги решил, човекот, сите поранешни проблеми кои ги оптоварувале добрососедските односи со вековните непријатели кои како и волците влакното го менуваат ама табиетот никако!

Во последните три години ги средил добрососедските односи со Грција, Бугарија и Албанците одрекнувајќи се, притоа,  од се' што тие никогаш неможеа да го добијат ниту со сила, зошто секогаш наидувале на цврста македонска рака и светло оружје. Им ја продаде македонската држава и националниот идентитет на Македонците, бидејќи и така историјата и културата биле украдени од соседите, па сега само им ги враќал назад, како трампа за пријателство,  мир и сојузништво.  И сето тоа со одобрување на највисоките македонски "учени" луѓе напикани во така наречената поранешна македонска академија на науките и уметностите, МАНУ, и престижниот македонски Универзитет св.Кирил и Методиј.

Ама круна на се' бил  законот за јазиците, со кои го изедначил албанскиот со македонскиот јазик, што на таков чекор никој до сега не се осмелил ниту да помисли, а тој, ете, бил ербап и го донел, заедно со многу други нешта со кои си заработил вечен одмор во Идризово.  

Изродот си е изрод, велепредавникот е уште полош. За да си ја спаси кожата од казната за сите неправди и криминални дела на штета на Македонците, се' ќе преземе, а правдата' молчи.  

А сега да се вратиме на насловот од текстов, кој има свое значење во цела оваа игра без граници и без ракавици да зборуваме за нашите денешни односи со едно малцинство кое претендира да ја преземе власта во Македонија, со помош на СДСМ и партијата која би требала да биде на страната на својот народ. Секое шурување со непријателот на својата држава и својот народ е велепредавство. И не заслужува награда, туку презир и казна. 

На македонската политичка сцена покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има и други македонски политички партии кои требаа да бидат трета опција, и коректив на самоволието на овие таканаречени две најголеми кои со децении ја влечкаат Македонија и Македонците за нос, бидејќи нивните врски и обврски кон надворешните фактори никогаш не престанаа. Ниту пак беа од полза за македонските национални интереси.

Ако Албанците покрај сите злосторства над Македонија и македонскиот народ се фактор за формирање на македонска влада под закана на војна, зошто ВМРО-ДПМНЕ не проба таква коалиција да состави со Македонците, кои во секој случај се едините бранители на македонската држава, наспроти отворениот непријател поранешен и денешен - Албанците!

Верувам дека и меѓу споменатите македонски партии не постои единство и волја за соработка, меѓутоа, ако ВМРО-ДПМНЕ е вистинска патриотска партија, ќе направи се' да ги повика нивните лидери на заеднички состанок и верувам дека заедно   полесно ќе се сочува Македонија, ќе се поништат сите штетни договори со соседите и малцинствата нема да имаат шанса да ја федерализираат Македонија. Во спротивно, се' друго е сама магла во која двете партии ловат во матно, во полза на непријателите домашни и надворешни.

Затоа и овој текст ќе го завршам со братска порака: И петте одлучувачки денови се доволни за победа над непријателите на Република Македонија и на Македонците дома и во светот. Топката  е во дворот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

За секогаш Ваш, Сотир! 

Димче Арсовски

МАКЕДОНИЈА СО СДСМ СТАНА МАФИЈАШКА ДРЖАВА, А КЛАНОТ ЗАЕВИ СЕ НА ВРВОТ НА МАФИЈАТА

 

СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата. Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно на сето тоа мора да се стави крај.

***************

Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. чија прес-конференција ја пренесуваме во текстот подолу:

Од снимката која излезе во медиумите, гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење на автомобили преку нивни член на подземјето од Битола, Горан Димовски, Тушникот.

Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академици, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.

Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците.

Горан Димовски - Тушникот, првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигаровски од СВ Инвест бизнис кој инаку е бизнис партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досе за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.

Горан Димовски Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.

Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос, за жал.

Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш после изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за се што се направиле изминативе три години.

Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице , Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони авра од Република Македонија.

Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.

На 15-ти јули 2020 ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали за кланот Заеви и оваа Влада на СДСМ.

https://denesen.mk/arsovski

 

Профоесор д-р Горан Калоѓера

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, ВРЕМЕ Е ДА СЕ ВРАТАМ ВО МОЕТО ОХРИДСКО ЕЗЕРО-МОЈАТА КОРЧУЛА

 

 10 јуни 2020

Хрватскиот универзитетски професор д-р Горан Калоѓера несебично се бори за Република Македонија и за зачувување на македонскиот идентитет што може да се види и од неговата последна објава на Фејсбук.

***************

Објавата ја пренесуваме во целост:

Како што реков, ја направив мојата "турнеја" во корист на Македонија, Мислам дека нема повеќе смисла, тековните настани и се' околу нив сугерираат да се вратиме. Како член на МАНУ и почесен доктор на Универзитетот Св.Кирик и Методиј, во рамките на научната мисла, без размислување за политиката, ја сметав моја должност како научник да ги бранам и одбранам цивилизациските, културните, јазичните, политичките и литературните достигнувања на македонскиот народ од најаната историја до денес.

И јас го сторив тоа, упорно, научно засновано, аргументирано и со ревност на еден човек што ја запозна и ја сака Македонија. Не е дека немам поголема сила, но мислам дека сега се' зависи од Македонците и Македонките. И тука ќе застанам. Мојата колона се затвора, летото доаѓа и време е да се вратам во моето "Охридско Езеро", во мојата Корчула, морето и кон се' што правеа моите предци пред мене. Значи, време е да се вратам меѓу моите и да кажам, како што Оливер Драгоевиќ пее "Еве јас сум меѓу моите". Време е за тоа.

Им посакувам на сите Македонци и Македонки успешно да ги надминат сите наредни кризи, да го сочуваат својот идентитет и да останат како што биле со векови - Македонци. Како мое научно збогување со Македонија, ја објавувам мојата книга "Македонија, тогаш, денес и утре", со која се надевам успешно ќе ја заврша мојата македонска кариера. Верувам дека ќе успеам да ја завршам!

Македонија вечна!

https://denesen.mk/kalogjera 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

БЛАЖЕ КОНЕСКИ

 

 

ТИШИНА
Има нешто многу просто
И тоа е тишина,
Има нешто толку тихо-
Вишина, ах вишина.
Легни спрема ова небо,
Тони во височини,
Склопи очи, склопи очи,
Уморен си, почини.
Сека птица, сека птица
Ќе го свие крилото.
Ти си сега толку мирен,
Сам во зеленилото.
Зошто уште, зошто тоа
Секидневно збивање?
Има нешто многу просто-
Тоа е заспивање.
*********
Блаже Конески

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 297, 10 јули 2020