МАКЕДОНИЈА  Е И НАША, ГОСПОДО!

Сотир

 

 Сотир Гроздановски-Македонски

ВО РАЈОТ ИЛИ ПЕКОЛОТ

 

 4 јули 2020

Од парламентарните избори не делат помалку од 10 дена, ама  затоа исходот на последнава битка за спас или пропаст на Република Македонија не застрашува и загрижува.   Лошите сеништа од минатото како да не следат чекор зад нас и ни се закануваат да не престигнат, за по секоја цена да ни го попречат патот кон слободата, нашиот вековен стремеж. Во играва не се  ангажирани само домашни интересни групи, без национални чувства и љубов кон татковината, туку и надворешни, кои како ПУЗА си го чекаат своето време да пламнат и така неподготвени (како и секогаш)  не изгорат. 

Вистинските намери на двете  политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните велепредавнички лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски и понатака се потполно неразјаснета енигма. Секоја од нив се бори за превласт, ветувајќи ни прекрасен и розов живот до колку дојдат на власт, при тоа занемарувајќи ги  своите владеачки периоди од минатото, кога Република Македонија и Македонците немилосрдно ги продаваа за ситниш од разни причини, но најповеќе заради страв од иднината, која ги чека.   

Секоја со своите интереси и товари од минатото и нејасни планови за иднината, создаваат хаос, во кој незабелажани во спрега ја доурнуваат македонската држава, го обезличуваат народот и ни го подготвуваат патот кон пеколот.   

Иднината, која едните ни ја прикажуваат како рајска градина, а другите, пак,  разградувањето на Македонија го прикажуваат како свој успех од светско значење, зборува со какви луѓе имаме работа: со примитивци, криминалци, изроди и велепредавници.  Луѓе  нелуѓе, корумпиран политички ЖГАН,  кои за власт би ги продале и сопствените деца, што е веќе видена приказна во случајот со Зоран Заев.

Тие, исчезнувањето на Македонија и Македонците го сметаат за влез во една нова ера и ново општество без граници, во кое  животот нема да биде оптоварен со минатото, туку секој ќе се грижи сам за себе за својата сегашност и да сонува за светлата иднина, како идила, ама недостижна за обичните смртници.

И сето тоа режирано од надвор, зошто ние се' уште не сме  биле дозреани сами да управуваме со својата држава и да креираме така софистицирани проекти. 

Спрема тоа, улогата и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во оваа валкана игра, да се биде или да се исчезне, сосема е идентична, бидејќи е продукт на исти меѓународни центри на моќ и злосторнички цели.

Зарем Македонците треба да се "привилегирани" и како глувци да влезат први во таа светска творба од која паметните бегаат како ѓаволот од темјанот? Зарем се' уште има толку "паметни" Македонци кои без размислување  ја прифаќаат идејата на Зоран Заев дека смртта е поарна од животот? Или од него  никој  не е попаметен па затоа молчат како пред Хитлера, ама со една разлика: Заев е уште поопасен, зошто работи против самиот себе, своето семјство и цел народ, а Хитлер го уништуваше цел свет во полза на германскиот народ. Во превод би рекле, дека и Германците и Македонците се на исто интелектуално рамниште, бидејќи следат погрешни лидери со зли намери и затоа последиците ни се исти: и Германија и Македонија си ги плаќаат сметките, само што македонските лидери се' уште се живи и ниту влакно од главите не им фали.

Ја дотуркаа Македонија да биде играчка за мајтапење на едно малцинство со едвај 15% од вкупното македонско население, кое гледајќи со кого има работа, рапидно ги зголемува нечесните барања за уште поголеми "човекови" права, кои по сите меѓунардни стандарди не им припаѓаат. Меѓутоа, за Албанците тоа не важи, бидејќи нивната цивилизација е далеку од такви стандарди на културно и демократско однесување. Тие познаваат само насилство како средство на комуникација, па макар и сите исчезнале до еден. 

Спрема некои анкети, СДСМ имал предност над ВМРО-ДПМНЕ. Па дали е то толку важно за да се радуваме или плачеме? Без Албанците ниту едните, ниту другите се способни да состават влада која ќе ја извлечка Македонија од калта во која баш тие големи "Македонци" не втурнаа. Може ли некој кој ја урнисал Македонија и ги обезличил Македонците,  пред самите парламентарни избори на 15 јули толку да се осмели и да преземе  одговорност и ризик за да биде  спасител? Бесрамните  ветувања и замајувања на својот сопствен народ дека ќе ги поништеле сите штетни договори кога ќе ја преземеле власта од злосторникот  Зоран Заев и неговата криминална банда би можеле ли да значат  нешто сериозно и толку примамливо за  Македонците да го лапнат без размислување а да не се удават? 

Тоа е најголемата измама на својот сопствен народ која сум ја чул досега од луѓе кои претендираат да седнат на македонскиот престол и ја извлечкаат Македонија од мочуриштето во кое не турнаа!

Па, многу меѓу нас сепак застануваат на едната или другата страна, сметајќи дека криминалецот, изродот и велепредавникот кој добро го познаваме е секако поарен од некои нови политички партии, кои не ги познаваме?!

И наместо да ги подржиме новите политички партии кои  ги чекавме да се појават како трета македонска политичка опција за обнова на Македонија,  ние ги повторуваме истите грешки. Ги наградуваме своите џелати и гробари на Македонија, свесни дека тие ќе си ја продолжат злосторничката работа и ќе ја докрајчат  Македонија. Ќе ја докрајчат, уверени дека тоа е желбата на македонскиот народ, кои одлучил да се самоуништи и да постане туѓ измеќар во својата земја.

Меѓутоа  за евентуално негативниот исход на последната  битка за Македонија  голем дел од вината ќе сносат и споменатите политички субјекти, бидејќи не си ја сватија сериозно  улогата во македонскиот политички простор и со својата разединетост како да сакаат да им помогнат на злото, кое само не си оди без заедничка борба и заедничка политичка и економска програма.

Мораме и ние да сватиме, дека овие партии барем нешто ни ветуваат и може да им се верува, бидејќи за ништо не се виновни во оваа криминална заврзлама во Македонија, а можат да бидат одлучувачки фактор  во борбата за Република Македонија. Секоја поединечна иницијатива е само ветер во грбот на двете македонски партии и Албанците, како нивниот коалициски партнер, што ќе биде погубно за Македонците и македонската држава. И така, новите и разединети партии несвесно постануваат соработници и поголеми злосторници од Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Сакаме ли да го изодиме и тој пат до пеколот и  ја погребеме Македонија и самите себеси? - THAN GO AHEAD, MAKE MY DAY!  Во ово случај, нам не може никој да ни помогне, кога самите себе се мразиме!

Се уште, Ваш Сотир!

 

Пишува Горан Калоѓера

ПА, КОЛКУ ЧИНИ ТАА МАКЕДОНИЈА КОЈА ЈА ПРОДАВААТ ЗА СИТНИ ПАРИ?!

 

29 јуни 2020

Хрватскиот македонист и поранешен почесен конзул на Македонија во Риека, Горан Калоѓера, преку одбраната на македонскиот карактер на Зборникот на браќата Миладиновци во еден момент ќе крикне во свој стил, без влакно на јазикот.

***************

"Ма, доста е од тие историски фалсификати. Жално е што македонските институции молчат, сите се повлекле во своите дупки. Срам до небо!", згрме Калоѓера во дискусијата под својата објава на Фејсбук, пред да поентира со директно обраќање до Македонците: "Сите ваши великани ви се превртуваат во гробот, срамота... На мене како странец и 'туѓинец', ако сакате, ова ми е неподносливо. Па, колку чини Македонија која ја продаваат за ситни пари?!"

За самиот Зборник Калоѓера со следната елаборација:

"Ветив дека повеќе нема да чепкам во 'македонските работи' и немаше да не видов еден скромен прилог на некој пријател на 'фејс' дека пред два или три дена била годишнина од печатењето на славниот Зборник на браќатаа Миладиновци. Скромно и речиси незабележливо. Со оглед на сето ова околу мене, повеќе не се врзувам за датуми, неделите ми поминуваат, секој ден ми е петок или сабота, така што не ми се проверува датумот на издавањето на Зборникот. Но, датумот не е толку битен. Битно е нешто друго. Скокнеш ли малку на Википедија, нема шанси да најдеш податок дека станува збор за Зборник на македонски народни песни, сето тоа е бугарско итн...

Тоа можеби можат да го истрпат моите колеги од МАНУ (можеби уште се вика така) или во други институции, но јас не.  И повторувам по стоти пат, следејќи ја онаа добра латинска дека повторувањето е мајка на мудроста или како ли веќе се преведува. Затоа, по стоти пат, како што наведував и во свои книги, Зборникот на браќата Миладиновци е печатен под името Зборник на бугарски песни, што би било желба на Штросмајер и на Рачки, кои, не појмувајќи го македонскиот идентитет, извршиле притисок на Константин да го прифати, за жал на неговата и на огромната историска неправда на македонскиот народ.

Е сега да го повториме она што секој македонски средношколец би требало да го знае. Од 660 песни што ги содржи Зборникот, бугарски има околу десет од сто, останатите се, како што е добро познато, собрани во струмичкиот, кукушкиот, костурскиот, велешкиот, дебарскиот, прилепскиот, струшкиот и битолскиот крај. Ако тоа не е Македонија, тогаш јас не знам што е!? Зборникот, е историски гледано, круцијален споменик на македонштината, нешто слично на  Башчанската плоча кај Хрватите, печатено сведоштво за народот македонски, за неговата усмена литература, која, ако ја прочитате, ќе видите и дознаете на кој начин неукиот усмен раскажувач, поет, го доживувал, евоцирал и одржувал во живот усменото предание за својот народ. Тука ќе ја осознаете македонската историја, нивните велможи, јунаци, народни обичаи и слично, тое е епохално сведоштво за животот на еден народ, кој денес се бори за да опстане. Лично се надевам дека, иако ми се гадат сите тие политички игри, барем до некаде ќе превладее разумот и оти Македонија ќе опстане со сето свое богатство, традиција, јазик, култура, територија. Се надевам, живеам во надеж, но исто така се плашам", вели Калоѓера.

https://expres.mk 

 

Коле Манев

АЛИ АХМЕТИ И ПРЕМИЕРОТ АЛБАНЕЦ, ВИДЕН НИЗ ЧЕТКАТА И ПЕРОТО НА КОЛЕ МАНЕВ

 

4 јули 2020

Коле манев

Али Ахмети, во облека на работник-гастарбајтер, оди во летен изборен ресторан со пет sвезди во кој дваесет години се нема проговорено збор на македонски јазик. Келнерот Зибери доаѓа до Али.

Келнерот: Добар ден господине Али.

Ахмети: Добар ден! Зибери, те молам тоа господине отфрли го. Јас сум само обичен работник-гастарбајтер и тоа од Швајцарија.

Келнерот: Добар ден Али Гастарбајтер, со што можам да ве послужам?

Ахмети: Зибери дали имате Рамковен договор?

Келнерот: Имаме.

Ахмети: Имате Тиранска платформа?

Келнер: Имаме и тоа.

Ахмети: А дали имате Закон за јазици?

Келнерот: Да, имаме! Ние сме ресторан со пет sвезди, оттука, имаме и Закон за јазици.

Ахмети: Зибери, дали имате премиер?

Келнерот: За жал, Али гастарбајтер, премиер немаме.

Ахмети: Зошто немате?

Келнерот: Премиер служиме само по порачка.

Ахмети: Еве сега порачувам еден премиер, спремен на балкански начин.

Келнерот: Али, заборавив да ве потсетам, за премиер малку се чека!

Ахмети: Зибери да заклучиме, порачувам премиер, што се однесува до чекање, вечноста е пред нас.

https://denesen.mk

Пишува проф. д-р Гале Галев

ДОГОВОРИТЕ НЕ СЕ ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА

ПОЛИТИЧКО-ИСТОРИСКИ ФЕЉТОН

ЧИЈ Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Број 6

 

01 октомври 2019

На крајот од фељтонот да се обидеме да дојдеме до некои заклучоци. Да претпоставиме дека на некое политичко ниво македонската страна, сепак, се согласила конечниот збор за прифатливоста или неприфатливоста на препораките од комисијата да го има бугарската страна. Во тој случај, јас не можам да знам како општата јавност, а особено стручната и научната, би го примила тоа, но знам за себе: крајно негативно. Тоа до толку, за мене, е негативен чин што овозможува бугарската, посилна страна, (преку премиерот), другата, послабата страна (во случајот, македонската), буквално, целосно да ја исклучи, и во поглед на донесувањето на крајната одлука во однос на разгледуваните прашања од комисијата. Ако таква согласност на политичко ниво не е постигната, тогаш за мене,  уште попроблематичен станува фактот што бугарската страна сама си ја презема таа улога. Кога го велам ова, всушност, предвид го имам следниот текст од повеќепати цитираната изјава: "Кога ќе ми ја дадат папката со тоа што е договорено...тогаш ние (сами м.б) во Бугарија ќе решиме што треба да се прави." По ова, има ли место да се зборува, макар и, за минимум уважување на другиот партнер во договорот (македонската страна). Но ако кон ова се додаде дека цитираниот исказ во изјавата "тогаш ние во бугарија сами ќе решиме", всушност е поврзан, со очекуваниот предлог од комисијата за Делчев, тогаш моето крајно негативно примање, во поглед на едностраноста во одлучувањата, изразено погоре, станува и повеќе од тоа.

Второто прашање, што е и последно, поврзано со изјавата на бугарскиот премиер, се однесува на тоа каков би можел да биде крајниот резултат од работата на комисијата. Начелно зборувајќи, тој резултат би можел да биде како негативен, така и позитивен. Во секој случај, тој (резултат)  за македонската страна би бил негативен и штетен, ако бугарската од позиција на посилна страна во договорот, конечно, го наложи своето гледиште особено во однос на Гоце Делчев (а преку него и во однос на преостанатиот дел на илинденски револуционери). тоа нејзино гледиште, повеќе или помалку, е познато. Но, овде, за него, само ќе придодам  дека тоа, во основа, е засновано на нејзиниот "крунски доказ", а тој е дека етничката определба на Гоце делчев е бугарски, па оттука натаму таква е и на целата негова илинденска генерација на револуционери. Меѓутоа, кога ги споменувам негативните и штетните последици за македонската страна од чинот на прифаќање на ова, во основа, крајно симплицифирано гледиште на бугарската страна, ни за миг не треба да се занемари и фактот дека тоа од своја страна би имало долгорочни, штетни и негативни последици и на вкупните односи помеѓу двете држави, народи и општества.

Ако, пак, страните во договорот, токму, за да се избегнат наведените штетни последици, (сфатени како осознаена свест), истите нив ги земаат како мотив повеќе да не се испушти моментот на дадената историска шанса, која не толку често доаѓа, тогаш и може да се очекува крајниот резултат на комисијата од негативен да се преобрази во позитивен. Меѓутоа, за да се случи ова и практично, не е доволно само осознавање на штетните последици, туку е потребна и сериозна акција и насоченост од двете страни кон постигнување позитивен резултат од договарањето. Тоа практично значи усилба и двете страни од договорот да се издигнат на нивото на дадената историска шанса и со полна свест и одговорност да создадат доволно простор, но и време, членовите на комисијата сообразно на својата стручност и научна компетентност да понудат препораки, кои и без политичката моќ на која било од страните да можат да траат. Вака поставени работите, ниту сега ниту во иднина,повеќе не ќе имаат потреба од каква било изјава од политичките номенклатури на која било од страните. Само на тој начин може да се очекува вкупните односи поврзани со двете држави, општества и народи да се постават на здрави  основи и истите тие постојано да се продлабочуваат и унапредуваат. Сегашните и идните генерации од двете земји, токму тоа го заслужуваат. 

Овој текст најмалку има цел некого да повреди или да ги игнорира аргументите на другиот. Напротив, јас овде го изложив мојот пристап на разгледување историско-образовните прашања поврзани со заедничката и споделена историја од страна на комисијата. Исто така,само, ги изложив аргументите што мене ми беа познати за овие прашања. Друга цел сум имал. Затоа оставам другата страна (бугарската) да си ги изнесе своите аргументи, како што треба да го направи и македонската. Но сакам да посочам дека договорот и односите меѓу двете држави не се еднонасочна улица по која ќе  има предност само посилниот. Оттука верувам дека во една академска атмосфера и со смиреност на изложување на аргументите на двете страни од комисијата, како и со еднаква нивна меѓусебна почит и уважување, тие можат да понудат препораки, кои би биле и стручно и научно поткрепени и како такви да бидат прифатливи и од двете влади на договорот за пријателство и соработка.

При ова, потребно ќе биде бугарската страна во договорот, колку и да е тоа болно за неа, дефинитивно да и' овозможи на македонската да си го пишува својот дел од историјата, во која ќе ги изложи своите видувања на историските процеси, притоа водејќи исклучително сметка за се' она што е заедничко во таа историја со бугарската страна. Нека ми биде дозволено последното да го дообјаснам. Имено, ако знаеме дека денешниот бугарски официјален став во однос на "македонското прашање", изразен во Декларацијата на Народното собрание на НР Бугарија од 6 март 1990 годин, се сведува на тоа дека "не постои македонска нација и македонски народ"...па во согласност со тоа и..."населението во СР Македонија е бугарско", тогаш со право може да се праша за што, всушност, членовите од двата дела на комисијата треба да расправаат. Ако одговорот би бил македонската страна да се придружи кон овој официјален став на Бугарија, тогаш непотребно би било какво и да е расправање за заемните делови од историите на двете држави и општества. Овој став, за време на одржувањето на Конференцијата за човековата димензија во Копенхаген (Данска), јуни 1990 година, бугарската делегација го има соопштено официјално. Кон ова може да се придодадат и искажувањата по разни поводи на поранешните бугарски претседатели: Петар Стојанов, Ѓорѓи Прванов, Росен Плевнелиев, како и на актуелниот претседател Румен Радев, кои на еден или на друг начин се  блиски до духот на цитираната декларација.

Тогаш што да се прави од тука натаму? Неспорно дека со Бугарија имаме многу заедничко во историското минато, особено во периодот на преродбата, предилинденскиот и илинденскиот период (да не зборувам и за кирилометодиевскиот период), но историските процеси течеле како што течеле, и на крајот на краиштата се дошло до тоа прво Бугарија, уште 1878 година да се стекне со својата независност, а Македонија да се конституира како држава на 2 август 1944 година. Тоа е реалност што суштествува до денеш ден. Оттука, колку на Бугарија и на бугарскиот народ да им ги топли срцата и душите идејата за голема Бугарија, проектирана уште од отец Пајсиј Хиландарски (1722-1798): Бугарија од Дунав до отаде Охрид и од Црмо Море, до реката Морава, и во која покрај Трново и Охрид, како древни светови и црковни престоли, на југ во нејзини граници се најдат, уште Битола, Меглен, Бер, Скопје, Штип и градот Солун, сепак таа се покажала нереална. Ист е случајот и со Санстефанска Бугарија (со вклученост во неа скоро на целосна географска Македонија). Овие две идеи, колку и да се  примамливи, сепак историјата покажа дека се нереални.

Но не зависно од тоа, цената што за нив ја плати Бугарија е преголема (изгубени две Балкански војни (1912 и 1913), Првата светска војна (1914-1918), со многу патила и страдања, со многу трауми и кошмари како Втората светска војна (1941-1945). Покрај сите пследици од тие војни, една од најтрагичните беше и трајното искорнување на илјадници Македонци  од нивните дедовски и прадедовски огништа во беломорска Македонија (во согласност со договорот за размена на население склучен меѓу Грција и Бугарија). Затоа сето тое нека биде наравоучение во иднина да не се повторуваат ваквите трагедии и страдања. Само при ваков прифатен приод може да се трага за наоѓање модерни решенија за уредување на заемните односи помеѓу двете држави и општества.

Ако биде вака погледнато на нештата, верувам дека бугарската страна полесно ќе прифати дека не е предавство што некоја од поранешните влади на Бугарија овозможила Гоцевите останки да почиваат во престолнината на модерна и слободна Македонија. Ова прочем бил и завет на илинденските соборци на Гоце. За мене, поголем чин за градење мостови за соработка од тоа и не постои. Но за тоа се потребни и волја и разбирање на нештата од историјата што ни испраќаат одредени пораки. Во тој контекст, очекувам  од Бугарија декларативниот чин за признавање на Македонија, како самостојна и независна држава да го дополни и со признавање на македонскиот јазик, не како уставен јазик, туку како јазик на македонскиот народ. Последново, ако поради ништо друго треба да се стори од причина што самата Бугарија  прифаќа дека Македонците од 2 август 1944 година наваму имаат изградено различен идентитет од бугарскиот (во тој идентитет по природата на нештата, секако дека влегува и самиот македонски јазик, како што тое е случај и со бугарскиот јазик во Бугарија). Ваквиот смел чекор е вистински пример за тоа како треба да се градат мостови за пријателство и соработка помеѓу двата братски народа, држави и општества. Искрено верувам дека тое е и долг што сегашните генерации го имаат кон оние што ќе доаѓаат и по нас. Затоа со погледот, не назад, туку свртен напред кон векот, што туку започнавме да го живееме.

КРАЈ

https://www.novamakedonija.com.mk

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

 

ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

 

 

СЕЌАВАЊЕ

(Пофалба на минатото)
Дали се сеќаваш кога прв пат се сретнавме
и кога ме гледаше, правејќи се дека не ме гледаш
и кога јас те гледав, како да не те гледам;
и кога ти реков: Тој што ќе го прашаш за мене
оној е за кого прашуваш
и кога потоа се држевме за раце
како живиот оган што се држи за огништето.
Дали се сеќаваш кога се враќавме дома
и кога, пред да не наврне дождот, ми рече:
Падна првата капка-почетокот на поплавите,
доаѓа водата што е корен на секој корен,
што е фитил во зрното, во икрата, во ципата
во кој се подготвува светската експлозија.
Дали се сеќаваш кога со едната рака работев, а со другата те хранев и те милував
и кога ти реков дека прегратката и бакнежот
не ја кажуваат ни половината од мојата љубов;
кога срцата ни грмеа и го заглушуваа светот
и кога ти ми рече, не знам што ми рече
и кога јас ти реков, не знам што ти реков
и кога она што она не можев да ти кажам
беше меѓу моите зборови застанато.
Дали се сеќаваш кога ја отвори вратата,
покажувајќи ми колку е убав надвор денот
и кога јас ти реков дека и дома е убаво
и убаво е секаде кај што ти престојуваш.
Ти рече: Погледни! а мислеше - Те гледам,
јас ти реков: Гледам, а мислев - Ме гледаш,
кога Земјата се преобуваше, се преврзуваше,
кога се' беше јасно во јасното сонце
и качунката на повисоко си ја качуваше воздишката,
што беше несреќна само кога не е со тебе.
Дали се сеќаваш кога се тркаа мотоциклистите,
втрчувајќи и во денот што требаше да дојде,
кога Работнички победуваше во кошарка,
кога небото го задржуваше сонцето
на височината што е еднакво оддалечена од сите,
кога низ кожата ги наsирав, како низ прозорец
и гледав што се работи во моето село,
кога јули надоаѓаше од секаде до секого,
кога од пологот излетуваше потполошката,
како патоказ на своето беспатје на полето
и кога ме праша: Што мисли јајцето во птицата?
и кога ти реков: А што мисли птицата во јајцето?
Дали се сеќаваш кога ветрот ги диплеше житата
и лицата ни трепереа во водата што ја пиеме
и на времето кога те чекав, кога ме чекаше
и кога те барав, кога ме бараше ко јагулата
што го бара родниот крај на својата смрт,
кога од крај до крај ни се отвораше залезот,
кога нашите тела на својата сенка и' сенеа
и ноќта ја мразевме, зашто не разделуваше,
но таа доаѓаше и празнината си ја пополнуваше
со карбитните ламби и фосфорот што и' светкаше
од очите на мачките, од срцата на светулките.
Дали се сеќаваш на она потоа и потаму,
кога ставаше за вечера, кога чекав да постелиш,
кога ми рече: Легни си!, а мислеше - Дојди!
и кога чу: Ќе дојдам дур да изброиш до сто,
а мислев: Мислам на тоа и ти што го мислиш.
И кога потоа твојот здив ми се доближуваше,
како превез навеан дожд, како пауново перце,
како облаче од испраните алишта што се сушеа;
и кога спиеше и продолжуваше да го калемиш
поубавиот сон на погрдиот
и кога утрото, гледајќи во твоето росно чело,
го препознаваше својот елмаз, своето ведро небо.
Дали се сеќаваш: Тој што го праша за мене,
оној е за кој се' уште прашуваш.
**********
Петре М. Андреевски

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Брoј 296, 05 јули 2020