ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ГО ЗАБОРАВИВМЕ ЛИ  ГОРЧЛИВОТО МИНАТО?

28 јуни 2020

 

Секое предизборие одново создава  трубачи и нечесни квази политичари, кои на секој начин настојуваат да се прикажат како спасители на македонската држава и националните интереси на народот. Катадневно секакви изроди и злосторници не бомбардираат со лаги и невистини, сметајќи не за недоветни и луѓе со кратко паметење. Ама  овој пат не би требало да им успее, зошто и едната и другата опција која ни се нуди се еден денар со две лица. Со две лица од кои ни се гади чим ја отворат поганата уста. Зошто? - па затоа, што за нивните досегашни недела недвосмислено зборуваат фактите.

Предизборните говори и на СДСМ и на ДПМНЕ се застрашувачки, зошто овие луѓе ништо не научиле од своите грешки и свесно направени злосторства. Нивното паушално претставување на ситуацијата во земјата е знак на незнаење и некомпетентност да владеат со Република Македонија.

Насилното повеќекратно повторување на името на новата политичка творба, Северна Македонија, нема да ја промени положбата во земјата, а инсистирањето на Христијан Мицкоски да не сме се играле со чувствата на Албанците кои биле втора етничка заедница во македонската држава е за секоја осуда, која му служи само да ги купи нивните гласови, бидејќи Македонците не го фермаат. А зошто би? Затоа што на перфиден и злосторнички начин заедно со Зоран Заев ја продаде Република Македонија и ги изневери  своите наивни и национално неосвестени членови? 

Па чии премиер, господине Мицкоски, ќе бидете ако на било кои начин ја добиете битката со Зоран Заев? На Македонците или на Албанците? Зарем нас, Македонците како автохтон и државотворен народ не изедначувате со Албанците како "прва најголема етничка заедница" а нив втора? Врз кои критериуми ја донесувате својата глупа оценка? - заради желбата да ги добиете нивните гласови и ако тоа би значело дополнително разнебитување на Македонија? Дури и за краткорочното уживање во силата на власта се изложувате на ризик да ја платите цената која ја заслужувате како велепредавник!

Деградирајќи не сите нас од народ  во "етничка заедница", граѓани на Северна Македонија и национално обележани со 3-4 цртички, е етногеноциден чин. Чин кој нема да ви биде опростен и после вашето и на вашиот партнер, во злото, заминување во мочуриштето на грешниците. Таа ќе ви биде цената која ќе морате да ја платите за вашата алчност по гласовите на едно нелојално и арогантно малцинство со лоши намери и најмал придонес во подемот на Република Македонија. 

Чудно, ама вистинито, барањето на премиерското место во македонската држава од Албанците постанува тема во политичките дебати на сите македонски медиуми, што се смета за длабока навреда за секој Македонец и припадник на било кое друго малцинство.  Такви уцени и закани кои доаѓаат од средината на едно малцинство со злосторничко и криминално досие е без преседан на Балканот. Да се дозволи албански терорист да владее со македонската држава за да го елиминира македонското присуство во  државата, е  незамисливо и апсурдно, се' додека примитивизмот и агресивноста им се главните оружја за реализирање на нивните националистичко - шовинистички цели.

Па до таму стигнавме мафијата и криминалното милее да ни ја крои судбината и иднината? Имаме ли Македонци во Македонија да одговорат на фрлената ракавица или само зборуваме за нив? Имаме ли интелектуалци и храбри луѓе кои се чувствуваат длабоко навредени од политиките на СДСМ и ДПМНЕ?

Како е можно една најобична неранимајковка, Радмила Шеќеринска, да ја води и распродава Армијата нарекувајќи ја НАТОВА Армија а не македонска и никој од таканаречените генерали да не реагира? Па на кого му служи таа Армија, која благодарејќи и' на СДСМ и Зоран Заев конечно  добила чизми и нови униформи? Има ли Македонија и македонскиот народ своја национална армија за одбрана на македонските национални интереси од зулумќари, корумпирани политичари, велепредавници и терористи, или пак неговата улога е да ги храни и облекува платениците на НАТО?

Незамисливо е да се слушаат и понатака лажни ветувања и од Мицкоски и од Заев за светлата иднина што сите нас не чека во уништена и безимена држава која за Македонците не значи ништо. Не замисливо е некој да тргне по умот на безумните и да ја прифати Северна Македонија како заменска држава за Република Македонија. Држава празна од се' македонско во неа градено и доградувано со векови од нашите славни предци врз кои надгробни споменици и други обележја денес по заповест на Грците, Бугарите, па и Албанците се лепат туѓи налепници. Каде е македонското историско и културно наследство? Имате ли одговор да му го дадете на народот со вашите штури и примитивни предизборни блебетења?

Се бара глас повеќе за да се победи противникот, коалицирајќи,  со најлошите душмани и столетни непријатели, разнебитувајќи ја, притоа, македонската држава и автохтониот и државотворен статус на Македонците. Тоа ли се вашите национални политики кои ќе доведат до светла иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат после нас?

Примитивизмот на Зоран Заев, пак, и неговата  неукост и злосторност нема крај. Продолжува да го прикажува сторениот криминал како историски успех со кои сме стекнале пријатели за кои светот зборувал и дека евроинтеграцијата на Северна Македонија била свршена работа, а влезот во НАТО веќе ни давал плодови!?

Ево што изјави човеков во Охрид на предизборниот митинг   за своите "успеси" со што ја преименува Република Македонија во Северна Македонија, му го продаде националниот идентитет на Македонците, се откажа од македонската национална историја, ги отпиша македонските иселеници за да го ослаби македонското национално ткиво и редица други работи кои ги остави да ни ги "подари" за после изборите како десерт: 

Ово е Зоран Заев, гробарот на Република Македонија!

"Не сме Северна Тунгузија, туку Северна и единствена Македонија".  Тука  беа и нашите конкуренти. Ви ветија ли НАТО и Европска унија? Не можеа да ви ветат, зашто таа работа ја завшивме ние!"

Ашколсум ефенди, затоа и заслужуваш бесилка насред Муртино!

"Сите ние сме минливи само Охрид е вечен и неповторлив", порача Заев и му се поклони на градот "бисер" во рамките на предизборниот митинг организиран со дистанца, но со поглед на езерото.

"Ќе дојде ден, ќе ги фрлиме маските, но што ќе прават нашите противници со нивните маски?" И така по ред продолжи во неговиот стил да ги велича сите свои криминални работи и штети кои им ги нанесе на Република Македонија и на Македонците, без око да му трепне, но со ракоплескање на неговите следбеници уплашени од исходот на изборите од кои им зависи угодниот живот во Северна Македонија.

Обвинувајќи го ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за нешто што заедно и' го сторија на својата татковина, ни докажува со каков невиден ЖГАН имаме работа. Ни докажува кои се лидерите што се кандидираат  за идни владари на веќе растурената  македонска држава. Или пак заборави недоветниот "чиче"  дека без Мицкоски и неговите пратеници во Собранието Зоран Заев немаше да владее со Македонија, како се' уште владее и внесува пустош на секаде.

Но, тоа беше и се' уште е криминален сојуз на два ноторни криминалци, а ова предизборие им служи  да ги забават своите членови со една ефтина  трагикомедија, чија содржина ние од поодамна позната. Позната како дел од некоја безвредна сапуница повеќе пати со зеење следена. 

Но,  Македонците одамна ги препознаа и најверојатно ќе изнајдат начин и сили адекватно да ги наградат.

Па драги мои, како и секогаш кога треба народот да се изигра и замае за да гласа за некој од едниот денар со две исти лица, атмосферата се вжестува.  Се насочува вниманието на неинформираните потенцијални гласачи кон неважни работи, за да се заборават злата кои ги доживеевме и се' уште живееме со нив.

Да заборавиме дека останавме без држава, а Зоран Заев бесрамно не убедува дека се' што тој и СДСМ работи, работи само за доброто на народот. Па до кога бре бесрамни човечулче  ќе се изигруваш со Македонците а тие да ти ракоплескаат? Има ли нешто човечко во твојата глава, срам или некое достоинство? Зарем мислиш дека бескрајно ќе се играш мајтап со народот?

Но по се изгледа, сето тоа ќе трае, дури му дозволуваме да се игра со нас без некој да го сопре. Зарем и понатака ќе се играме со бојкоти наместо со средства кој Зоран Заев и Христијан Мицкоски ги разбираат многу добро? 

Вистина е дека изборите се наменети за роботите од Северна Македонија, ама не мислите ли дека и многу други живеат во неа и од бојкотирање нема фајде? Времињата се менуваат ама  тактиките на изродите, злосторниците и криминалците од двете "најголеми" политички партии остануваат исти. Нивната цел е по секоја цена да се дојде на власт, па што народот не ги одобрува нивните антимакедонски политики, нив не ги загрижува!

Има разни мислења и ставови во поглед на претстојните парламентарни избори. Да се гласа или не! Односно да се бојкотира со што им овозможуваме со минимум гласови на Албанците и велепредавниците од СДСМ и ДПМНЕ, еден од двата, навидум, ривали и "крвни" непријатели да седне во угодната државна фотелја за да си ја докусури државата и ги врати долговите однапред направени кај надворешните непријатели на македонскиот народ.

Ако ги бојкотираме, и така веќе намештените избори, ја губиме шансата да било што постигнеме и ги поништиме сите договори со Грција, Бугарија и Албанците. Ќе успееме, само, да си пукнеме во сопствените петици и да се помириме со се' што ни го подготвуваат двајцата македонски sверови и гробари на Македонизмот. Или пак да се иселат загрозените како и нашите предци во минатото, бегајќи пред злосторствата на тогашните насилници.

Па кој избор би бил безболен? Масовно гласање, ама ниту еден глас за Заев или Мицкоски, или  гласање за новите македонски сили кои ни ветуваат недвосмислено дека ќе направат се' во првите 100 дена да ја покренат процедурата за враќање на името со поништување на сите криминални договори со соседите!

Ова е прашање за национално недоосвестените или потполно се' уште  неосвестените, ама кој во секој случај се во дилема и се неодлучни  "кој пат да го фатат за Мариово".

Со пратениците кои би ги имале во Собранието,  ќе бидат силен коректив на двете антимакедонски партии,  СДСМ и ДПМНЕ, за кои сме сигурни дека  сметките спрема нивните надворешни финансиери се' уште не се исплатени. А евроинтеграциите за кои и едната и другата партија се залагаат и не ни гарантираат дека нешто ќе направат да ги поништат договорите,  се само магла зад која се кријат како стаорци од стапица. Ја сакаме ли оваа последна епизода на нашето сигурно исчезнување? - гласајте за Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Сакаме ли промена и обнова на Македонија, и ако не го знаеме исходот од нивните ветувања, масовно гласајте за "Интегра", "Родина" и уште некои од кои можеме да очекуваме нешто, што ќе ја покрене Македонија и ќе ни дадат барем малку надеж за поарна иднина, од онаа што не чека со СДСМ и ДПМНЕ.

Па народе мои, умот во главите и гласајте по својата совест!

Оваа ќе ни биде последна одлука со која ќе можеме (ако сакаме) да си ја вратиме државата и нашето достоинство  или да исчезнеме, што ни го гарантираат Зоран Заев и Христијан Мицкоски!

За секогаш, Ваш Сотир! 

Денешен.мк

БУГАРСКИОТ ОКУПАТОР СТРЕЛА 12 МАКЕДОНСКИ СИНОВИ ОД ВАТАША, ОД КОИ НАЈМЛАДИОТ БЕШЕ ДЕТЕ И ИМАШЕ САМО 15 ГОДИНИ

16 јуни 1943

Веројатно нема Македонец кој не ја слушнал "Ми заплакало селото Ваташа", песна која е посветена на крвавиот настан што се случил на денешен ден, 16 јуни 1943 година, кога бугарскиот окупатор стрела 12 македонски синови, од кои најмладиот беше дете на 15-годишна восраст.

Ваташки младинци стрелани на 16 јуни 1943.

Во месноста Моклиште, во Кавадаречко, бугарскиот окупатор стрела 12 невини младинци од селото Ваташа. Откако окупаторската војска и полиција го блокирала селото Ваташа, бугарскиот окупатор извршил претрес низ сите куќи, плевни и други помошни простории во селото. Бидејќи не успеале да најдат ниеден партизан, собрале истакнати младинци, барајќи од нив да им ги признаат своите врски со партизаните и да им кажат каде се наоѓаат "шумкарите". Но, ниту еден од уапсените млади македонски синови не сакал ништо да издаде, бугарската окупаторска војска во Македонија, најпрво ги претепала во селската кафеана, а потоа ги стрелала 12-те младинци.

Масакрот се случил во близина на Моклиште кај месноста Чаир, на 12 км од Ваташа. Колежот го извршила бугарската војска и одреди полиција, под команда на полковник Љубен Апостолов кој бил командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. Апостолов по потекло бил од крива Паланка. Во тоа време голем процент од војниците во полковите на Петтата армија биле регрутирани младинци од локалното население, исто како и голем дел од полицијата.

Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 07 до 16 јуни 1943 година, презела офанзива за уништување на партизаните и се нафрлила врз населението. Погромите над цивилното население достигнале врв со масовното стрелање во Ваташа, кога на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон Втори е извршен масакрот врз 12 тиквешки младинци.

Уште вечерта на 15 јуни низ Ваташа се разнесла веста дека утредента никој не треба да оди на работа, зашто бил роденден на престолонаследникот и во Кавадарци ќе се одржува парада. Кога се разденило на 16 јуни, селото било блокирано од војска и полиција. Никој не можел да излезе, а оние што тргнувале на работа ги враќале назад.

Рано утрото во кафеаната во Ваташа биле приведени и сослушани неколкумина момчиња и девојки. Тие биле скоевци, кои им помагале на партизаните, а за тоа биле накодошени.

Кавадарчанка Стева Илиева се сеќава: "Кметот не собираше од куќите со готов список, сите не' имаше по име и презиме". Во кафеана тие биле испрашувани и тепани, а потоа биле принудувани да признаат дека биле сите заедно со партизаните на 1 мај во месноста Моклиште и дека биле нивни помошници.

На крајот на поллицискиот распит се ослободени еден младинец и една девојка. Останатите 12 младинци и 4 девојки биле обвинети за врска со партизаните и одење во планината. Откако тие ги поднеле сите тортури и измачувања, полиција и војска ги одвела пешки во колона кон Моклиште.

Додека ги воделе младинците, на неколку места ги запирале. Веројатно се премислувале каде да ги стрелаат, додека ним им велеле дека ги носат за да ги фтографираат. Најстариот од сите, Васо Хаџијорданов насетил дека нешто лошо се подготвува, па кај месноста Чаир каде биле запрени, се обидел да побегне, а по него и другите. Тогаш се слушнала наредба: Оган!

Дванаесетте младинци биле застрелани, иако сите војници не сакале да пукаат. Четирите девојки што исто така биле уапсени, Мара Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Павлина Касапинова и Ката Ицева, ги тргнале настрана.

Полицискиот началник Петко Опреков се спротивставил на поручникот Костов кога сакал да ги убие и девојките, а капетанот Борис Жеглов го подржувал Опреков, па така девојките биле спасени. Војниците ги вратиле девојките назад во селото и издале наредба убиените младинци да не се носат назад, туку да се закопаат на местото каде што бил извршен масакрот.

Најмладиот младинец всушност бил се' уште дете. Перо Видев имал само 15 години на денот на стрелањето. А со него стрелани се: Ванчо Гурев (19), Данко Давков (18), Илија Димов (18), Ристо Ѓондев (18), Блаже ицев (20), Пане Мешков (18), Герасим Матаков (18), Ферчо Попѓорѓиев (26), Васо Хаџијорданов (28), Диме Чекоров (20) и Пане Џунов (18 години).

Денес на тоа место е подигнато спомен обележје. По војната, тие биле откопани, а посмртните останки преместени на друго место. И по трет пат, таму каде што денес е големиот споменик биле закопани во 1963 година.

(Д.Г.)

********************

По две години Народниот суд во НР Македонија ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковникот Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер петко Опреков. Пред тоа сите тие се предадени од новата влада на Бугарија на тогшните југословенски власти за судење како фашисти. Апостолов, кој бил командант на војската и ја издал наредбата за стрелање, тврдел дека не е виновен за ваташкиот масакр. Тој бил суден за повеќе слодела и сите ги признал, но за ваташкиот масакр кажал дека добил листа со имиња, а   на неа стоело дека младинците се партизани уапсени во шумата, а не собрани од нивните куќи. Раскажал и за улогата во настанот на четворица предавници од Ваташа, тројца мажи и една жена.

Во спомен на оваа погибија изградена е спомен костурница на стреланите 12 младинци од Ваташа, која е откриена на 11 октомври 1961 година. На споменикот е запишано: "Смртта стана немоќна пред нашата младост, исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината."

На местото на стрелањето подигнат е спомен парк со површина од седум хектари, а во него се посадени 12 јавори како симбол на стреланите младинци. За настанот е испеана народна песна: "Ми заплакало селото Ваташа".

Споменикот во повеќе пати бил сквернавен.

****

 

 

Пишува проф. д-р Гале Галев

НАСЕЛЕНИЕТО НЕ  Е НИТУ БУГАРСКО, НИТУ ГРЧКО, НИТУ СРПСКО

ПОЛИТИЧКО-ИСТОРИСКИ ФЕЉТОН

ЧИЈ Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Бој 5

30 септември 2019

 

Шахов и неговиот весник "Македонија" се од интерес и заради една дополнителна причина. Имено, цитираниот весник во повеќе наврати се занимавал и со сепаратистичкото дејствување на скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов. Затоа може посебно да се разгледаат 35-от и 44-от број на весникот, од 1890 година.

****************

Ќе приложам дел од одговорот на Гологанов на едно писмо упатено до бугарскиот егзарх Јосив. Во него тој, меѓу другото, ќе напише: "Епархиите во Македонија, не заборавјете, не се бугарски, не се грчки, ниту се српски, туку македонски. Според тоа, во нив, не само егзархиските, туку и никој други правилници, освен македонските, не можат да важат... Мојот народ нема зошто да им се потчинува на туѓи правилници, туку треба да има свои. Тоа ќе го постигне, доволно да се ослободиме од вас неканети пропагандисти, кои со децении го заблудувате за неговата национална припадност..." Колку ваквото гледиште на митрополитот му било позната на бугарскиот егзарх може да се види од следното писмо што тој во 1892 година го упатува до Светиот синод. Тој во писмото се жали дека: "Теодосиј не се чувствува Бугарин, туку за Македонец, не примал во Скопје директори и учители од Бугарија... Ја ширел идејата дека Македонците треба да се ослободат од Горненците Бугари...сите Македонци да работат по каков било начин да се ослободат  од Горенците, односно од Бугарите, од северна и од јужна Бугарија..."

Од немалиот број весници од тоа време, покрај "Македонија" заслужува да се споменат уште "Малешевски Балкан", кој објавувал писма на македонско наречје. Така, во едно писмо објавено во бр. 12, покрај другото го среќаваме и ова: "Меѓу нас нема ни Бугари, ни Срби ни Грци, а само Македонци. Тоа за знаење." Натаму, во весникот "Југозападна Бугарија" бр. 4 од 2 октомври 1893 година читаме: "Во последно време се подигна од некои весници прашањето за постоењето на некакво делење или како го наречуваат сите - сепаратизам - кој се состоел во стремежот на македонските Бугари да ги препорачуваат и да ги сметаат Македонците за такво население кое не е ниту бугарско, ниту грчко ниту српско, а е македонско."

Понатаму весникот "Револуција", на Васил Главинов, (родум од Велес), во бр.  од 28 јуни 1895 година во уводникот се залага за независна македонска република. Во тој весник (во сите 10 излезени броја) во насловите стојат определбите: "Ослободувањето на Македонија е дело на самите Македонци", како и "Слободата не сак Агзарх, и' треба Караџата." Овде изнесено останува без потреба на било каков коментар, освен дека со сето тоа добро биле запознаени Гоце и револуционерите од неговата генерација.

Ставовите на Петар Поп Арсов макар и не толку директни, како јасно изразениот македонски идентитет на погоре споменатиот Гологанов, сигурно имале одредено свое влијание врз појавувањето на промакедонско народносно чувство и свест кај сите членови на организацијата, па и кај Гоце. Друго е прашањето што тие истовремено манифестирале и бугарско чувство на припадност.  Сето тоа кај нив на некој начин било измешано и испреплетено. Но да допуштиме за нив (ставовите на Попо Арсов) да зборува самиот Поп Арсов. Ќе наведеме што, покрај другото, пишува тој во својата книга: "Одземете му го на човека полето на дејствување-тој е, веќе, мртов: така и нашата 'љубезна' Егзархија...стремејќи се на нашите (црковни м.з.) општини да им го одземе благородното поле за работа...сака да ги умртви, да ги убие...На помош сите чесни Македонци! Дојдите да ги спасиме умирачките општини во Македонија, со што сакаат да не' претворат во мртов труп, за да си играат со нас, како што сакаат...

Најважните служби Егзархијата им ги доверва на Бугари: владици, архимандрити, директори, инспектори, учители, деловодители, редактори итн., а од егзархиска служба ги отстранува совесните Македонци, против кои се употребуваат сите дозволени и недозволени средства да бидат изгонети надвор од својата татковина...Со тоа 'народната' Егзархија совршено смислено се стреми да го ликвидира, секое посамостојно движење кај нас, на Македонецот да му одземе секаква можност да се занимава со повозвишни опшествени прашања, да не' окове во синџири за да не' разигрува како мечка..."

Списокот и не завршува со овие наши двајца уважени Македонци од крајот на 19 век. Можеме да одиме, уште поназад во времето. Но нека ми биде дозволено да ги спомнам овде 120-те охриѓани, кои во 1890 година бараа обновување на Охридската архиепископија, Ѓорѓија Пулевски од Галичник и Венијамин Мачуковски од Беломорска Македонија.

Во својата своерачно потпишана молба (од 1890 година) охриѓани, од неговата светост великиот патрихарх во Цариград, бараат: "...Ние Словените од Македонија одсекогаш сме имале своја црква, Охридска архиепископија, која имаше седиште во нашиот град. Денес ние сакаме одново да си ја вратиме... Покрај тоа што Бугарите не' измамија и излагаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат нашите свети обичаи...Ние тоа не можеме повеќе да го трпиме и не сакаме нашите деца да не' колнат и гробовите на нашите предци...Како такви ние ве молиме...да бидете наш толкувач и пред Отоманската порта, да ни издејствувате како на Словени православни секаква наклоност, како и дозвола за обнова на Охридската архиепископија, дозвола за наши училишта во кои нашите деца ќе учат на свој мајчин јазик и ќе се воспитуваат во духот на православната вера и црква."

Од големото пишано наследство што зад себе го оставил македонскиот преродбеник, Ѓорѓи Пулевски, и кое сигурно не им останало непознато на македонските револуционери, вклучувајќи го и Гоце, овде ќе го споменеме само "Речникот од три јазика" од 1875 година. Тој во овој речник, покрај рускиот, хрватскиот, бугарскиот и бошначкиот го споменува и македонскиот јазик, за кој и вели дека е сличен на нив. И посебно во тој речник е тоа што Пулевски  поимовно ги определува категоријата народ и категоријата татковина (отечество). За Мачуковски е познато дека бил автор на првата "Граматика на македонското наречие" (1892). По неговото јавување, во бугарските весници во Цариград, за помош од некого, за печатење на својата граматика, ќе пренесеме каков одговор за тоа добил од весникот "Право" (0д 30 октомври 1872): "...Доколку господин Мачуковски сака да состави сосема нова граматика за Македонците, тој се лаже. Јас реков дека македонското наречие е расипан бугарски јазик што паднал под чуждо влијание на јазиците што го обиколуваат, а за да се поправи не треба да се составува нова граматика, туку да се сведе на правилата на сегашната граматика" (П. Иванов).

Како и да е, познато е дека цитираното погоре не е инцидентна појава. Колку во изнесеново има вистина најдобро може да се види и од, во основа негативните, искажувања на познатиот бугарски општественик и учен деец Петко Рачев Славејков, во поглед на таканареченото: "македонско прашање" односно "македонскиот сепаратизам", (изнесени во цариградскиот весник "Македонија", уште во далечните 1871 и 1874 година, како и во неговото писмо од 1874, упатено до егзархот на бугарската православна црква (Цариград). Познато е дека виден експонент на овде споменатиот "македонски сепаратизам", од македонска страна, бил познатиот учебникар и преродбеник Партение Зографски. При ова, барем за мене, останува неодговорено прашањето, како е можно во собраните дела на Славејков ништо да не биде спомнато за неговите гледишта изнесувани во тогашниот печат и во неговите писма посветени на цитираното "македонско прашање" односно "македонскиот сепаратизам." Чудно нели? Од тој круг би го споменал, само, уште, Кузман Шапкарев, кој, во периодот 1868-1874 објавил осум учебници на македонско наречје. Поради што, тој како Македонец, бил осудуван дека е "србист". Ако се знае дека тој во одредени пригоди знаел да рече "...едвам се ослободивме од Грците, сега пак шопие ли да се правиме" и дека "...друго било Б'лгарин и б'лгарски језик и друго Македонец и македонски језик". Меѓутоа, познато е дека овие двајца видни учебникари и преродбеници, подоцна се имаат откажано од својот "македонизам" односно "сепаратизам". Причините за тоа не само што можат да се претпостават, туку истите тие можат и да се докажат, но во случајот, просторот тоа не ни го дозволува.

Ако се има предвид сево ова, се чини, во многу нешта станува разбирлива познатата изјава на Гоце: "Како не се најде некој да напише некоја книга за Македонија." Не знам пред кого и кога Гоце ја дал оваа изјава, познато е дека во самата година на неговата смрт (1903), таква книга веќе била напишана и издадена во Софија (Бугарија). Во случајот, станува збор за книгата : "За македонцките работи" од крсте Петков Мисирков.

Ако се има предвид се' она што погоре е кажано многу појасно може да се сфати и смислата на следното Гоцево искажување: "Нема да примиме ниту еден офицер во организацијата. Додека можам да носам пушка на рамо нема да има во Македонија место за бугарски офицери... Не сакаме да го разменуваме турскиот султан и неговата тиранија за која и да било друга, ниту тоа кога би била бугарска тиранија практикувана од бугарскиот кнез."

По се' што беше изнесено погоре за будењето на чувството за национална припадност кај Гоце, како и историскиот контекст во кој се остварувало тоа будење, човек колку и да сака да се дистанцира од тврдењето дека сето тоа можело да има влијание врз наведеното чувство кај Гоце, како и кај другите од неговата револуционерна организација, едноставно се чини дека не  е можно да се одрече тоа. Ова е така, дури и при сугерираното мислење на францускиот писател Анатол Франс дека е многу тешко да се пишува историја, изнесено во предговорот на неговата книга: "Островот на Пингвините". Како што вели тој, причината за тоа е што: "Никогаш не се знае како точно работите текле! И збрката кај историчарите расте наспоредно со изобилството на документите. Кога за некој факт се знае само по еден исказ, тој се прима без многу натегања. Незгодите настануваат кога за настаните зборуваат по двајца или повеќемина очевидци, бидејќи нивните искази се сега противречни и никако не можат да се сложат." Па оттука, се чини дека и треба да се согласиме со Енгелсовата позната мисла дека "сета историја треба одново да ја изучуваме."

Продолжува

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

 

НИКОЛА ВАПЦАРОВ

07.XII.1909 - 23. VII.1942

 

 

ЗЕМЈА

Оваа земја,
сега што ја чекорам,
оваа земја,
која пролетен ветер ја буди,
оваа земја,
простете е туѓа.
В зори тргам.
По фабричен друм
безбројните
рубашки
минат.
Ние сме слеани со срце,
со ум,
но земјата... за своја не ја имам.
Над мојата земја
напролет
зраци
сеат
сјај
и грмат водопади
од сонце
над роден ми
крај
Чувствуваш длабоко
срцето на земната град
и гледаш цвеќа безбројни
скокум како раснат.
Над мојата земја
в небото
опира
Пирин
Облаците в бура
илинденски прикаски пејат,
охридскиот лазур е
бескрајно син и ширен,
а надолу уште
изгрејсонце Егеј го грее.
Си спомнам ли само-
и ете надојдува крвта
во срцето, кое
се топи од некаква нежност...
Земјо моја! Прекрасна земјо моја!...
Поена со крв,
лулеана
в тешки метежи.
По Беласица телени мрежи...
************
Никола Вапцаров
Во Софија 1939. 

Пирин парк

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 295, 30 јуни 2020