РЕФОРМИСТИТЕ ОД СДСМ: ШИЛЕГОВ, ШЕЌЕРИНСКА И ЗАЕВ

Петре Шилегов, Шеќеринска и Зоран Заев.

 

Сотир Гроздановски-Македонски

КОЈ Е ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ, ГРОБАРОТ НА ИСТОРИСКИТЕ СПОМЕНИЦИ?

 

14 јуни 2020

Па ево да видиме кој е овој монструм од СДСМ и што намислува да му направи на Скопје и Македонија, пред да ја напуштел градоначалничката должност.

Роден е на 12 јуни 1969 година во Скопје. Средно образование завршува во тогашното средно училиште "Борич Кидрич", а дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје во 1995 година.

Две години подоцна, во 1997 година, го положува правосудниот испит и професионалната кариера ја започнува како адвокат во адвокатската канцеларија "Петре Шилегов" од 1999 година.

Во 2005 година бил претседател на Второстепената државна комисија за жалби по јавни набавки. Од 2013 година е гласноговорник на Социјалистичкиот сојуз на Македонија се' до 2016 година кога е избран за потпретседател на партијата.

На парламентарните избори во 2014 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Втор последователен мандат како пратеник добива на парламентарните избори во 2016 година и оваа функција ја извршува до октомври 2017 година.

Во рамки на Собранието на Република Македонија своевремено  е активен член во повеќе собраниски комисии и совети меѓу кои претседател на Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член на Постојана анкентна комисија за заштита на слободата и правата на граѓаните и претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република и други.

По победата во првиот круг на локалните избори во 2017 година го започнува својот мандат како градоначалник на Град Скопје со што станува прв градоначалник на град Скопје од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Петре Шилегов бил оженет и бил татко на две деца. Да му се живи и здрави. Тие не се криви што им се родителите криминалци и злосторници на народот меѓу кои и тие ќе живеат и ќе се гледаат секој ден. Но, тоа не е предмет на текстов. 

Па спрема напишаното во неговата непотполна и субјективна биографија, Петре Шилегов е поприлично успешен човек како во својата правна струка, така и во политиката. Но, се разбира како за кого и како зошто. 

Според човекот и тортата: колку години, толку грама мозок!

Петре Шилегов е впрочем недоветно дете на шарената револуција од 2016 година  кои зел се', ама ништо добро не и' вратил на Македонија. Не и' вратил затоа бидејќи образовниот систем кои го создадоа неговите предци не беше дизајниран да одгојува патриоти, односно луѓе кои ќе си ја сакаат својата земја и ќе работаат за нејзиниот напредок,  туку луѓе изроди, велепредавници и најобични бесрамни криминалци, кои во догледно време ќе и' го свртат грбот и како  платеници, вазали и туѓи измеќари ќе и' ги сечат длабоките корени за туѓи интереси. Се разбира не за џабе туку за опрост на сите гревови направени врз националните интереси на Република Македонија кои повлекуваат, во спротивно, тешки кривични казни.

Како доказ за реченото подоцна дојдоа договорите со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија, кои денес засилено се извршуваат на штета на Македонија и Македонците.

Има многу такви неранимајковци и неранитатковци како нашиов јунак, но нивните навреди и штети по македонските интересе се безначајни. Безначајни бидејќи не успееа да се сместат угодно во сегашната власт на СДСМ  од каде ќе и' задаваат потешки ударци на својот народ до вистинско истребување. Но ако немаат власт да чинат поголеми злосторства, затоа имаат големи и гнасни усти за да ја поганат и нарекуваат Македонија   "ќенеф" држава, од чии богати јасли, сепак, не се мрднуваат зошто на никого од нивните поранешни финансиери повеќе не им се потребни.

Сведоци сме на sверското дивеење и уништување на културните и историските градби низ Македонија, а особено во Скопје  во чии убавини очите на посетителите од цел свет се насочени и каде злите намери на сосесдите се очевидни. Примитивизам на секаде и тоа од луѓе монструми, кои се сметаа за авангарда на развојот македонски. На новото и од пепелот на војните израснато општество,  гордо на своето минато и херојствата на своите најдобри   ќерки и синови.

Чудно и не вообичаено во светската историја, а особено во нашата, македонската, е после нагрдувањето и уништувањето на македонските најдревни симболи сторителите да бидат наградени со високи положаи во органите на власта, темелот на секоја држава, па и македоската.

И тоа беше најголемата грешка која не доведе таму, каде што и денес сме: на столбот на срамот и презирот на чесното човештво.

На било кој начин, па и присилно од "меѓународната" заедница да се инсталираат криминалци и злосторници  да владеат со Македонија е само по себе злосторство, кое било кога ќе биде санкционирано како спротивно на цивилизациските норми на живеење, дури и во се' уште неслободните заедници, насекаде по светот.

Петре Шилегов и голема група негови следбеници од личен материјален интерес, денес владеат со Скопје и продолжуваат со своите ујдурми и самоволија, без икакви санкции од некоја надлежна институција или политичка опозиција по примерот на ВМРО-ДПМНЕ кое претендира на идните избори да го победи својот ривал СДСМ и Зоран Заев и ја преземе власта во земјата за да ја продолжи нејзината разградба.

Злоупотребувајќи ги полициските часови и Корона вирусот, системски ги стружат и отстрануваат сите древни македонски белези низ Скопје и Македонија: македонското сонце и другите национални симболи без кои секој народ е како гол цар. И никој да им стане на пат!

Човекот кој заедно со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за време на шарената револуција ја покажа својата длабока омраза врз Република Македонија и Македонците, Петре Шилегов, денес во улога на градоначалник на Скопје дава изјави во грчки медии дека нема сила која ќе го натера да абдицира пред да ги урниса сите преостанати антички, средновековни и најнови споменици во Скопје и Македонија. И сета таа криминална работа поминува како детска шега, без икакви реагирања, по примерот на Зоран Заев пред да ја продаде државата, нејзиниот идентитет и се одрекне од нас Македонците надвор од Македонија. И сега сосема за крај по безброен пат се прашувам:

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НАС МАКЕДОНЦИТЕ? ИМА ЛИ МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА, КОИ ЈА ЧУВСТВУВААТ ЗА СВОЈА ЕДИНА ТАТКОВИНА? Ама  одговор од никаде! Само молк, кој застрашува!

За секогаш Ваш, Сотир!

 

 

Пишува проф. д-р Гале Галев

ДАЛИ ИМА НАРОД ПОНЕСРЕЌЕН ОД МАКЕДОНСКИОТ?

Политичко-историски фељтон: Чии е Гоце Делчев

(број 2)

 

 26 септември 2019

Гоцевото стравување од плаќање скапа цена за добиената помош од Бугарија се гледа од  изјавата: "Бугарската влада, која има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари ќе знае како да ја исползува, таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални привилегии...И ударот ќе биде страшен".

*******************

Во ова продолжение поблиску ќе се изјаснам за прашањето поврзано со личноста на Гоце Делчев, како репрезент на целата негова револуционерна генерација. Тоа, всушност, беше и поводот да се зафатам со пишување на овој текст. Кога станува збор за него, нема да згрешам ако кажам дека тој, уште за време додека бил жив, и без формално да биде поставен (избран) за прв човек на Револуционерната организација (ПО), бил прифатен за таков. Тоа било случај со членството на ПО, со разните нивоа на нејзиниот раководен кадар, како и со најшироките народни маси. Впрочем, за тоа зборуваат голем број сведоштва. Тој, лека-полека, на духовно рамниште станал и останал дел од колективната меморија, не само во Македонија и во Бугарија, туку и пошироко.

За тоа зборуваат и многу создадени и испеани песни од народот за него, многуте уметнички дела од сферата на прозата и поезијата, драматургијата, кинематографијата, документаристиката, хорската, балетската, оперската и други области на уметностите. Познато е дека во усните преданија, како и во пишаните записи, е нарекуван срцето, душата, чистотата на идеалот, смелоста во решенијата, бујност на занесот и фантазијата и богатството на идеи. Со еден збор, независно од годините (помалку од десет), колку што активно бил вклучен во револуционерното дело на Македонија, тој си обезбедил челно место во пантеонот на паднатите херои за слободата на својата татковина Македонија.

Овде со право може да се постави прашањето, што, во овој случај, било преовладувачко Делчев да се издигне толку високо во свеста, пред се' на својот народ, разбран во негова смисла на поимање на тој народ. Ако во барањето на одговорот на ова прашање појдеме само од неговото народносно чувство (бугарското) тогаш тешко би можело да се прифати дека, ете, сета слава што му се припишува на Делчев произлегува токму од ваквото негово чувство на припадност, па поради тоа тој во историите на двете држави треба да биде приопштен како бугарски револуционер, кој, како што вели бугарската страна "се борел за ослободување на Македонија". Но во тој случај, тоа би значело и прифаќање на ваквата негова припадност како единствен критеиум врз основа на кој треба да се градат и продлабочуваат заемните односи помеѓу двете страни од договорот (бугарската и македонската). Ако останеме само на тој критериум, тогаш и изостанува каква било потреба да се расправа за него. Но ако на Гоце погледнеме и од аспект на сите други компоненти, односно нешта, тогаш ќе видиме дека одеднаш со видното поле поедноставениот етнички профил на Гоце ќе се појави во релативно изменет облик.

Во продолжение на текстот нека биде допуштено да приложам некои од компонентите односно нештата поврзани со неговото револуционерно дело и неговиот митоглед. Верувам дека тие, од своја страна ќе бидат доволно податливи за со нивна помош појасно да се исцрта неговиот личен и револуционерен профил.

Овие компоненти, односно нешта, би ги свел:

- На неговата љубов кон татковината и грижата кон својот народ. Во насока на ова тој вели: "Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија?... Треба да се просвети и организира народот, да се вооружи, да му се влее вера во неговите сили-да разбере како може да се оттргне од ропството и мизеријата-да му се отворат очите."

- На неговата посветеност за будење на свеста кај својот народ за отфрлање на неговиот робовски статус. Во таа смисла ќе рече "Ропството исчезнува тогаш, кога робот во душата престанува да биде роб."

- На неговиот силен нагон Македонија да ја види слободна. Во таа смисла и ќе каже: "Ќе удри утринската зора и кај нас", односно: "Кога и да е, и нашиот петел ќе пропее, па тогаш се' ќе биде во ред."

- На неговото кредо, односно разбирање на Македонија како татковина еднакво еднаква за сите нејзини жители, без оглед на нивната национална, верска, политичка и која било друга определба, како чин на личен избор (и оттука неговиот лозунг, но и лозунгот на неговата револуцинерна организација: "Македонија на Македонците", што, впрочем многу јасно е изразено, како определба и во Уставот на организацијата од 1896 година, чиј автор, покрај Ѓорче Петров, е и самиот Делчев.

- На неговата определба таквата Македонија да има автономен статус во рамките на Турската Империја или статус на целосна независна политичка заедница од било која и да е балканска држава, вклучувајќи и од кнежевството Бугарија.

На неговата заложба организацијата да биде управувана и раководена исклучиво од внатрешните сили на Македонија (станувајќи на тој начин еднакво оддалечена од кој било надворешен фактор, вклучувајќи и од бугарскиот двор и влада). Во таа смисла во писмото од 1895 година упатено до Ефтим Каранов, ќе каже: "Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите". На генералот Даниел Николаев (февруари 1896), кој од Гоце барал раководењето на организацијата да му се препушти на Врховниот комитет во Софија, Гоце ќе одговори: "Тоа нема да биде, господине генерале... Не, не сме согласни со тоа што го мислите за Македонија. Знаете кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не може да правиме политика, ниту пак ќе дозволиме други да прават политика со Македонија. Нашата борба, таа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умираме и кога. Кога ќе се подигне востание ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овде, за да не' внесете, како што се обидовте лани, во игранка со востание. Сега една таква авантура може да биде страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе возбуден и делумно вооружен. Тој може да се предаде на измамата, а тоа ќе чини реки од крв и планини од трупови. Ние нема тоа да го дозволиме. Не, крвта на народот е скапа, па и не сакаме трупови, туку сакаме ослободување, а живиот народ сака да живее и да расне."

- На неговата грижа востанието во Македонија да биде завршниот чин што ќе ја донесе слободата на неговиот народ, а не касапница за тој народ, бидејќи, како што вели "кому му е потребна Македонија без народ."

На неговата определба востанието да биде внатрешно, подигнато со сопствени сили, кога ќе биде подготвено. Во насока на тоа е и ова негово укажување: "Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија ни од која и да било сила, туку треба да се подготвиме однапред за востание. Дотогаш никој однадвор да не се меша во нашите работи."

- Неговото стравување од плаќање скапа цена за добиената помош од Бугарија. Затоа тој вели: "Бугарската влада, која има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари ќе знае како да ја исползува, таа нема да се задоволи со неколку платонски чувства, туку ќе сака реални привилегии... И повторува, ударот ќе биде страшен."

На подготвеноста за саможртва пред олтарот за слободата на тој народ и својата Македонија, за што и ќе рече. "...во жртвата не треба и не може да постои степен-таа завршува кога е потребно и со име и со чест."

На неговата заложба делото да го издигне над зборот, па во таа насока и ќе рече: "Не ни ги слушајте проповедите, гледајте ни ги делата." На неговата определба дека верата за успех во борбата треба да се бара во себе најпрвин, а дури потоа и кај другите. Во таа насока тој и ќе рече: "Таа вера ако ја нема, треба да се создаде, ако ја има треба да ја разбудиме и да го разгориме огинот во борбата."

На неговиот мироглед, насочен кон соработката на народите, изразен низ сентенцата: "Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите." Но и на неговиот однос кон насилството, изразен низ резонанцата: "Ако тиранијата е насилство, тогаш револуцијата е, (оправдано м.з.), насилство против насилството." На неговото длабоко убедување дека до ослободување на Македонија може да дојде само при целосна подготвеност на народот за востание. Во спротивно, ќе рече тој: "Престапно е, да се ослободува народ преку предвремено создадени пожаришта и касапници. Инаку, (ќе додаде м.з.) ние ќе заприлегаме на просјакот што си ги чепка раните и вади гноишта и крвје за да ги принуди минувачите да се избават со едно париче од глетката на таа гнасотија."

И, да завршам, иако не реков се' за него, дека тој при последното заминување од Бугарија за Македонија, на својот близок пријател и соборец Михајло Герџиков, од длабочината на својата душа и срце (парафразирам) ќе му рече "двете нешта што најмногу ги милувам на светот се: мојата Македонија и Јанка" (Јустинијана, неговата невенчана љубов).

Колку голема била љубовта на Гоце кон Македонија зборува и Димо Хаџи Димов, во својата статија "Тој плаче." Хаџи Димов бил сведок на чинот на Гоцевата разделба од животот и Македонија. Кај него за тоа ќе прочитаме: "Гоце Делчев пред нашите очи падна убиен во селото Баница, Серско... Но ние преостанатите уште еден-двајца живи... нема да ја заборавиме и до последната своја минута позата на Гоце, откако куршуми веќе му ги раскинале градите. Речиси цел ден и цела ноќ ние скршени го гледавме својот водач, легнат како жив, со глава наведната кон земјата. Тој небаре плачеше над својата судбина, над судбината на сите паднати како него, над судбината на цела Македонија."

Продолжува  

 

Пишува Алдо Климан

ЖБОГАР, ТРГНИ ГО КОЛЕНОТО-НЕ МОЖЕМЕ ДА ДИШЕМЕ

 

05 јуни 2020

Ако деловната корпорација Европска Унија на својот автомат-менаџер распореден во Република Македонија, Самуел Жбогар, му исплаќа годишни амбасадорски менаџерски бонус според кажаните глупости, т.е. според успешно извршената работа во уништувањето на Република Македонија и поништувањето на македонскиот народ-тогаш тој е навистина мошне богат човек! Во изминативе неколку бескрајно мачни години од таа едвај жива европска кариеристичка санта мраз на две нозе, што лигаво се цеди низ македонскиот општествен, културен, етнички и духовен простор, и безобsирно го контаминира со безнадежност и очај, а ние будали го трпиме, се наслушавме се' и сешто: големи, надуени, злобни, подмолни, и над се' бескрајно здодевни изјави и закани, и притоа секогаш велемајсторски декорирани со онаа типична негова, парадигматична Жбогоровска Глупост, на која, кога ќе ви се најде на патот пред нозете, никако не сакате да стапнете, од разбирливи причини.

Самуел Жбогар

Во онаа голема и топла, отворена Европа, општоцивилизациска Мајка и Учителка, што уште вчера ни беше на дофат, и која тие и такви безочни и празни лажни пророци веќе дваесет години морално, етички и антицивилизациски ја растураат и на секој начин ја раштафуваат, линеарно супституирајќи ги Смислата, Доброто, Благодарното и Убавото со еден ултрабирократски редизајниран фашизам, што се обидува да се задскрие зад оние познати цинични "пријателски" "насмевки", што до тегобност и со одвратност ги гледавме и кај оној Ципрас, и кај оној Коsиас, и кај оној Борисов, и кај онаа Захариева, и кај оној злосторник Јоханес Хан, и кај цел еден куп европски, американски и НАТО политичари што абнормално со анималност се изживуваа и се изживуваат над Република Македонија и над македонскиот народ-е, во таа и таква некогашна Европа ни на сон немаше место за такви бедни пробисвети и неранимајковци, кои денешнава, однатре длабоко поделена ЕУ ја претворија во царско легло на хистеричен кариеризам, безочна корупција, нескриен и агресивен криминал по сите основи, и меѓуетнички наптатости без преседан во поновата историја на европскиот простор.

Во тој каубојски евро-политички шпагета-филм одвреме-навреме на македонскиот синемаскоп-екран исконува Самуел Жбогар, во лик на еден од нашите гробари, како се турка на сцената да излезе во преден план. Кутриот, кога би знаел колку е минлив, безначаен, неталентиран, одбивен и нефотогеничен, можеби тој тоа не би го правел, дури можеби би се засрамил, но тој тоа не го знае, и си живее среќно и самозадоволно со својата крената амбасадорска ЕУ-кикиришка, како, впрочем, и сите оние ступидо-артисти од истиот антимакедонски хорор-филм.

Но и преку сето тоа, се чини дека тој Жбогар сосема се изгубил во времето, па мисли дека денес-во јуни 2020 година, кога на паднатиот му пулен Заев му се тресат коските од тоа што судски допрва го чека-сеуште е време на хистеричната, уривачка "шарена револуција", со нас'скана, збесната и зашеметена толпа со презервативи во рацете, или дека е во 2017 година кога со сите оние меѓународни политички насилници со државен удар од 27 април 2017 година го инсталираа на власт својот беден слуга, глупавиот криминалец и велепредавник Зоран Заев, со сета негова велепредавничка и големоалбанска клика, па оти и натаму на македонските граѓани може да им се обраќа дрско, препотентно, од високо, и уште да употребува императиви. Го слушам Жбогар како вели: "Од партиите очекуваме да одредат датум за изборите!" Епидемијата, вели нашиот ЕУ-Нострадамус, ќе потраела и во наредните месеци, и наесен, па можеби и во зима...Можеби и со години...Можеби со векови...Нема време за чекање...

Еј, Жбогар, тргни го коленото од нашиот врат. Не можеме веќе да дишеме од тебе и од таквите!

Премногу многу се сеќаваме на сите оние ваши евро-атлантски притисоци и закана, што во тој стил, од минута во минута, низ македонскиот и низ целиот европски и светски медумски простор агресивно ги повторувате сите вие од истиот црн заговорнички меѓународен ништителски тим: "Мора итно да се формира влада! Нема време за чекање! ЕУ ја чека вашата земја!" А по државниот удар хистерично се натпреварувавте кој попрв ќе му честита на извршителот на тоа гнасно антидржавно и антинационално политичко злодело Заев и на неговата насилничка толпа: "Честитки, демократијата мора да се поттурне кон напред!" Веднаш потоа продолживте со најгруби притисоци за референдумот: "Или Преспанскиот договор или изолација!" Насилството го крунисавте со "славната" евро-атлантска "цивилизациска" порака до Заев и до неговата клика: "Применете балкански методи!" во менувањето на Уставот на Република Македонија и бришењето на нејзиното историско име и на самата неа како таква.

Побрзајте, побрзајте, час поскоро! Нема време за чекање, изолација, балкански методи! А сега, оп: Датум за изборите!-VOLITVE ZDAJ!-крикнува Жбогар.

И што ќе направите, господине Жбогар, доколку епидемијата не дозволи изборите да се случат според вашето валкано сценарио, онака заевски, хистерично, набрзина, во ненормални и здравствено смртно опасни услови, насила, без можност за сериозен и квалитетен меѓународен мониторинг на изборниот процес и на самото гласање?!!! Што тогаш ќе направите? Ќе не' ставите ли во ЕУ-изолација?! Или пак "нашата земја и нашиот народ" нема да ги примите во Европската Унија? Ајде, ве молам. Ќе задоцниме таму кајшто датумот ни е веќе ковертиран во убаво сребрено плико со златни панделки, ха,ха,ха, во таа среќна и благословена заедница на народите, заградена и разградена со остри жилет-жици? Престанете , господине Жбогар, со таа ваша ептен глупава вестерн-комедија, која никому не му е смешна. Само е одвратна. А белки и на ЕУ не и' е во интерес амбасадорот да и' биде таков.

Како интелектуалец кој длабоко верува во победата на Смислата, Доброто, Благородното и Убавото, искрено се надевам дека нашата цивилизациска Мајка Европа ќе најде сили за голем новохуманистички пресврт, и начин да си го врати своето високо достоинство, справувајќи се радикално со својата внатрешна ЕУ-Длабока држава, и со сиот тој и таков морален и непрофесионален жган кој така манијакално и' го валка името низ оаа грозна морална тиња што врз нас се разлева оттаму, од Европската Унија, низ која, еве, своите патолошки комплекси си ги изживуваат вакви "чудни" претставници, кои ја понижуваат и ја срамотат древната и ценета дипломатска професија, спуштајќи ја до најниското морално и професионално дно.

https://republika.mk 

 

Никола Цветкоски 

КОСОВСКО-МАКЕДОНСКИ СУВЕРЕНИТЕТ

04 мај 2020

Иако косовската држава е 17 години помлада од македонската, граѓаните на Косово покажуваат далеку посилна и поголема државотворност. Дел од македонскиот народ со својот конформизам, пасивност и безнадежност може да завидува, но и да земе пример од својот сосед, особено оние македонци кои ги оправдуваат отстапките што македонската Влада ги направи во изминатите три години.

Никола Цветкоски

И двете држави не можат да се пофалат со силни и стабилно воспоставени државни институции, но косовскиот народ се покажува далеку по активен и по решителен во своите заложби за суверенитет и демократичност со своите дејствија и редовни протести против меѓународните влијанија кои се обидуваат да решаваат за судбината на нивната држава.

Меѓународниот фактор беше силно присутен во процесот за независност на косовската држава, за разлика од македонскиот пример, каде што сами си ги поканивме.

Но и покрај ваквите различни почетоци, косовскиот народ со подршката која што ја дава на Албин Курти и неговата партија "Самоопределување" е силно решен да се ослободи од странските влијанија кои им ја подарија државноста. Верувам дека интересна метафора за споредба е поклон играчка, кога веќе ја подаруваме, не условуваме како детето да ја користи или со кого да си игра. Меѓународниот фактор го прави спротивното, им подари држава, но сега сметаат дека оние се тие кои треба да одлучуваат што се случува со таа држава и како таа се однесува, а не народот кој живее во неа. Ништо помалку од современ колонијализам и империјализам.

Македонскиот народ не доби држава на поклон, но за споредба, не можеме да се пофалиме како албанскиот народ, кој успешно издејствува дури две држави.

Повеќе од двесто години леевме крв, за само дваесетина години по успехот, корумпирани политичари и пратеници и судии, дефетисти и кукавици, под уцени и закани од затвор да ги прекршат своите заклетви, да потклекнат и да дозволат вазализација и потчинетост под нашите поранешни окупатори.

Државноста на Косово неодамна ја зацементира косовскиот уставен суд кога ја поништи уредбата на нивниот претседател, кој пак се обиде да создаде малцинска Влада спротивно на вољата на народот. Решителност и државотворно однесување за коешто некомпетентниот македонски уставен суд може само да сонува.

Да образложам со споредба.

Сценаријата кои се одвиваат во двете држави се практично идентични, разликата е што Косово со својот отпор е далеку по "жилав" во споредба со жалното и срамно "ведење глава" на нашите судии и владеачки политичари.

Иако минатиот владеачки состав на Косово важеше за благонаклонет кон интересите на меѓународниот фактор, сепак реши да се бори за косовските национални интереси и воспостави огромни царини спрема Србија и Босна. Не попушти на колонијалниот меѓународен притисок се' дур меѓународната заедница не им се закани. Како? Со фиктивната "мини шенген" царинска унија на Македонија, Србија и Албанија. Замислете, Заев и Рама беа прегласни дека не се согласуваат со тоа, дополнително, Александар Вучиќ и Еди Рама не се имаа сретнато цели 6 години, односно од 2014-та, за наеднаш да замолкнат и да потпишат серија безцарински договори.

Контраверзно, без никаква дебата, без никаква друга средба на меѓународно ниво за да се договори содржината на договорот, без согласност, имајќи предвид дека Заев и Пендаровски беа против се' до последниот ден, за веќе следниот ден премиерите на сите три држави со брзина на светлината да потпишат меѓународни спогодби, за кој беше повеќе од очигледно дека им се сервирани.

Иако косовската Влада навидум попушти, на неодамнешните избори народот го избра Албин Курти и неговата партија "Самооопределување". Личност и партија која силно се залагаат против меѓународното мешање во внатрешноста и иднината на Косово и со тоа народот испрати порака дека Косово треба да одлучи за себе суверено и самостојно.

Тука се испреплетуваат македонското и косовското политичко сценарио.

Албин Курти победи со тесна разлика од еден пратеник, слично на минатите парламентарни избори во Македонија каде што ВМРО-ДПМНЕ победи со 2 пратеника. Истрајноста на ВМРО-ДПМНЕ по прашањето за името и бескомпромисната одбарна на државните и национални интереси, спротивно на барањата на меѓународниот фактор доведоа до серија уставни прекршувања и резултираа со нелегитимна малцинско-вазалска Влада која со прифаќање на сите странски барања, своевремено стави крај на суверенитетот и независноста на македонската држава.

Од друга страна пак, "Самоопределување" во Косово успеа да формира парламентарно мнозинство и Влада, со што сериозно го загрози влијанието на меѓународниот фактор во неговата држава. За жал, неговата Влада не преживеа ни два месеца, по напуштањето на неговиот коалиционен партнер со оправдување дека се загрозува односот на Косово со меѓународниот фактор. Истиот тој фактор (кој намерно не го именувам), како диригент замавна со својата "палка" наречена Хашим Тачи, односно косовскиот Претседател и се обиде да го прекрши косовскиот устав со цел повторно да го воспостави своето вазалско владеење на Косово.

Сличноста на македонското и косовското сценарио завршуваат тука. Зошто? Затоа што за разлика од македонскиот, косовскиот уставен суд ја поништи ваквата одлука за кршење на нивниот устав, по цена да се продолжи политичката криза, но да се зачува владеење на правото,  супрематот а уставот и суверенитетот на Косово манифестиран преку уставниот суд, како единствена институција која стои во одбрана пред "портите" на уставот.

Македонскиот уставен суд како последен бастион во одбрана на македонскиот суверенитет, не само што не се спротивстави, туку безусловно се предаде по прашањето за противуставното формирање на предходното парламентарно мнозинство и вазалската Влада која следеше. Македонскиот уставен суд продолжи со својот дефитизам и по прашањето за употреба на албанскиот јазик, со што го "погреба" суверенитетот и независноста на македонската држава и ги посрамоти сите оние кои го дале својот живот за истата, а Грција и Бугарија си добија ново вазалство на кое што без отпор може да го продолжат своето садистичко изживување.

Несомнено, на Македонија и е повеќе од потребен "македонски" Албин Курти и сериозна реформа на уставниот суд.

Пишува: Никола Цветкоски апсолвент на политички науки на англиски јазик при Правниот Факултет "Јустинијан Први"-Скопје.

https://www.signal.mk 

  ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

 АЦО ШОПОВ

Роден е во Штип каде завршил основно училиште и гимназија. Филозофски факултет завршил во Скопје. Тој бил активен учесник во НОБ од 1941 година. По ослободувањето, работел и живеел во Скопје, каде бил уредник на неколку литературни списанија. Објавил повеќе збирки поезија, но и активно преведувал, претежно од југословенски автори, но и дела од Шекспир, Корнеј, Крилов и др.

***

ТАЖАЧКА ОД ОНАА СТРАНА НА ЖИВОТОТ

Се искачив на врвот од болот.
Човек сум. А што е човек?
Пред мене празнина, зад мене празнина.
Празнина што сама се пали.
Од онаа страна на животот
жив распнат со слепи јазли.
Се искачив над врвот на болот
Тој ден. Црнден. По црни скали.
Се искачив над врвот на болот.
Од онаа страна на животот
од онаа страна на себеси,
на се' неизговорено,
се' што е недогорено,
од она страна на водата,
од онаа страна на врутокот,
од онаа страна на коренот.
Стопи се грутко, истечи водо,
прелеј се чашо лелејска
за сите градови во овој град,
за сите црнини во оваа црнина.
Кажете кого да обвинувам.
Кого да жалам, кажете!
О дете што те нема -
мојата црнина твоја прегрнина.
Мојата црнина твоја прегрнина,
твојата темнина моја подземина.
Земјо олелио, земјо пустелио.
Од мртов плач израсната
земјо обsрни се, земјо разгрни се.
Земи ја оваа зеница
земи ја оваа пшеница
на твоја дланка згасната.
Земи ме земјо или врати ме,
вратиме подолу од овој врв,
подолу од онаа страна на животот,
човечки сили дај ми пак.
О земјо, на земја врати ме,
човек сум, човек да страдам,
да најдам камен жив да се вградам
на некој мост во некој лак.
************
Ацо Шопов 

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 292, 15 јуни 2020