ВМРО-ДПМНЕ ДОКАЖИ СЕ СО КАКВИ ИДЕИ СИ ТИ

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ДАЛИ ВМРО-ДПМНЕ Е ПОДРУГА ОД СДСМ НА ЗОРАН ЗАЕВ? ДОПРВА ТРЕБА ДА СЕ ВИДИ!

 

 

28 мај 2020 

Жалопоиките на Димче Арсовски, гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ, дека "Параполициските структури на СДСМ  тргнале во потера на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства", во никој случај не ме изненадија, ниту особно возбудија! Зошто? Па затоа што е тоа уште една излитена измама за народот, со која се сака да се докаже дека  сите  не сме биле исти; ВМРО-ДПМНЕ била  подруга организација и претставувала темел на постоењето и безбедноста на македонскиот народ!?

Да се докаже дека сепак на македонската политичка сцена делуваат две  спротивставени политички партии и два не еднакво забегани лидери. Двајцата "борци" за правата на македонските граѓани и зацврстување на Северна Македонија. Се разбира, секој на свој начин и со средства кои ќе ги измамат граѓаните да излезат на следните избори и гласаат за "најдобриот" кандидат: Зоран Заев или Христијан Мицкоси. А после тоа? 

Не било за џабе речено  дека "Бог да те чува од политика во која учествуваат два велепредавници за остварување на една те иста цел".  Цел, за деструкција на својата сопствена држава и одрекнување од националниот идентитет на мнозинскиот народ во земјата. Еден отворен и агресивен во своите настапи и другиот подзаскриен, но рака под рака со првиот за посигурна реализација на  геноцидниот план на нивните надворешни наредбодавци! 

Повеќе пати сум пишувал на оваа тема но, за жал,  гласот на вистината никако да допре до ушите на животно загрозените луѓе,  немоќни самите да се бранат од злото кое не обесчествува  повеќе години, и не фрла во очај.  По некогаш, сепак, некој  ќе се осмели да ги "дефокусира" главните актери, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од нивната "света" работа, но без силен и ефикасен удар, фајде нема! 

И понатака главна цел на  овие  лидери е по секоја цена затворање на таканареченото Македонско, измислено, прашање. Па затоа галопираат со несмалена брзина кон македонскиот трон без кои тешко  можат да им се оддолжат на странските наредбодавци за нивните однапред платени услуги. А потоа  заедно со статусот кво во Македонија да си ја сочуваат, за подолго време, и  својата слобода и безбедност. Но во секој случај, како странски квислинзи и македонски велепредавници. 

Во  неодамнешното обраќање до своите следбеници гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, самоуверено  истакна дека "ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДСМ и затоа ќе победи на изборите. Со СДСМ и Заев добивме единствено хибриден режим, неспособност и сиромаштија". Рече човеков и остана жив!

И во ист тон продолжи: "Едно морам да напоменам и да ги предупредам сите инволвирани кои ги прават овие незаконски дејствија, верувајте дека ќе дојде ден кога СДСМ и Заев нема да се на власт и Заев нема ниту да ве познава ниту да може да ве заштити како и сите останати ќе ве пушти низ вода. Тој ден сите инволвирани ќе сносат одговорност согласно законот кој што ќе завладее во Република Македонија. Затоа размислете уште еднаш дали вреди да го правите ова за еден пропаднат политичар и криминалец како Зоран Заев".

Е, па од вашата уста во на Господ ушите господине Арсовски. Само ќе морате да докажете дека сте поарни од нив и дека своите над 300.000 + - членови ќе ги поведете во рушење на Заевизмот во Република Македонија и ги исправите сите неправди во кои и самите учествувавте зад грбот на својот сопствен народ. И тоа не откако ќе седнете на  престолот на Северна Македонија, туку  пред изборите со кои им ги замаглувате очите не само на Македонците во земјата, туку и на сите нас од кои  кренавте раце крадејќи ни ја, притоа, среќата и надежта во повраток на нашите стари, полуизгаснати огништа, во продадената ни Таковината. Земјата, која не е само ваша и на криминалниот клан на Зоран Заев!

Сите оние што така неодговорно и антимакедонски ги оставивте  да гнијат по затворите, заради нивниот патриотизам,  ќе мораат да добијат сатисфакција, заедно со бришење на  политички мотивираните обвиненија од нивните досиеја, во кои и вие учествувавте со своите пајташи тогаш, кога на Македонците им бевте најпотребни. Кога се рушеше Република Македонија и им се предаваше власта во рацете на албанските терористи, а ВМРО-ДПМНЕ стоеше на страна и си гледаше сеир. 

Ние никогаш нема да ги заборавиме  вашите заеднички злосторства врз Република Македонија и нашите национални интереси. Ниту пак идните македонски генерации некогаш ќе ви ги опростат велепредавствата. Но, до колку ВМРО-ДПМНЕ има чесни намери и очекува милост од сите нас, тогаш за да ги добиете нашите гласови, ќе морате тоа и да го докажете. 

До колку пак сакате да го вратите угледот и довербата на Македонците,  ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да си ги исчисти редовите од бројните страни кодоши, предавници и ухлебени кариеристи. 

И за крај уште ќе додадам: Македонија е сита од сите вас кои ја приватизиравте државата за да се сменувате едните со другите и и' ја уништувате душата на нашата Татковина заедно со народот кои ве храни и пои, бесплатно. На Македонија им требаат луѓе сериозни, патриоти, образовани (не само со парчиња хартија  кои не значат ништо), цивилизирани, семејни и на кои Македонија и Македонците (првенствено) им се во мислите и срцата. Не ни требаат неколку криминални банди кои меѓу себе се натпреваруваат која повеќе ќе  украде и уште повеќе зла ќе направи.

Па во духот на насловот на овој текст пораката би била:

ВМРО-ДПМНЕ ПОТЕГОТ Е ВАШ, ПОКАЖЕТЕ СО КАКВИ ИДЕИ СТЕ! ИЛИ МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ НАЈДАТ СВОЈ ТРЕТ ПАТ А ВИЕ ЌЕ ОДИТЕ ВО ИСТОРИЈАТА ЗАЕДНО СО СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ КАКО ГУБИТНИЦИ, ИЛИ ПОЛОШО ОД ТОА, СПРЕМА НОВИТЕ ЗАКОНИ!

За секогаш Ваш, Сотир!

 

СО КИРИЛ И МЕТОДИЈ ЌЕ ГИ ПОРАЗИМЕ ЗА РУШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЦРКВА

 

24 мај 2020

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во име на Коалицијата "Никогаш северна-само Македонија" упати честитка по повод одбележувањето на 24 мај, Денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј.

"Дозволете ми во свое лично и во името на Коалицијата 'Никогаш северна-само Македонија' да ви го честитам 24 мај, денот на светите браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на македонские апостоли кои оставија траен белег во историјата на човештвото.

Празникот со децении го одбележувавме со голема радост. Но, во последните три години одбележуваме поразлично од изминатите децении, соочени со националното предавство што го изврши марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар за спроведување на геноцидната политика врз Македонија и Македонците. Марионетската власт во Скопје е голем срам за Македонците бидејќи денеска се срами да го изговори зборот "Македонски просветители".

Марионетската власт се определи за погубната определба да гледа во иднината и големото творештво на светите македонски браќа Кирил и Методиј да го подари на татарско-монголска Бугарија иако простата вистина вели дека иднина без минато на еден народ е празнина и безличност. Денеска на отворена сцена светот одава признание дека писменоста доаѓа од Македонија, само марионетската власт во Скопје се срами од македонските апостоли Кирил и Методиј кои го променија светот.

На овој голем и светол ден упатувам јасна порака до непријателите на македонското дел дека ќе бидат поразени во обидот за уништување на светата македонска црква, македонската нација, јазик, идентитет, историја и култура.

Да ја надминеме националната и духовната поделба меѓу Македонците преку семакедонско единство како најсилна брана од секаква закана на што не обврзуваат светите Македонци, Кирил и Методиј кои го променија светот.

Нека ни е честит 24 мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј!

Со почит,

Центар за комуникации на Единствена Македонија

 https://makedonskivesnik.com

Ѓорѓи Манасков

ИЗМАМНИЦИ НЕЧЕСНИ, ВИРУСОТ НЕ Е СМРТОНОСЕН

 

25 мај 2020

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен сезонски грип со мали модификации. Во земјава се потврдени, речиси 2000 а над 100 смртни случаи од коронавирусот. Манасков вели дека не верува дека вирусот е смртоносен за сите и дека три месеци граѓаните се во карантин без потреба. "Измамници нечесни!!!..."

Вирусот не е смртоносен. Тој е обичен сезонски грип, со мали модификации...

Не ви верувам дека овој Ковид-19 вирус е смртоносе за сите нас. Одма најдете ми еден од Ковид-19, доброволно се пријавувам да Ви докажам дека над нас се врши малтретирање...

Три месеци не држите во карантин со полициски час без потреба. Ни го уништивте животот, бизнисот и здравјето.

Цел свет е пуштен и функционира, одат на плажа, се сончаат и уживаат, работат и функционираат. Само во Македонија постои вонредна состојба и полициски час која не е по меѓународни човекови закони и прописи. Најубавиот дел од годината и нашиот живот го поминавме седејќи дома како да сме затвореници.

Вие...!!!... Ако се плашите од коронавирусот земете си ги парталите и да се лечите дома. Немој нас да не замарате и уште не терате маски да носиме во ова жешко. И уште казни ни пишувате за неносење. Засрамете се !!!...

Ние во вашите убедувања не веруваме, ниту сакаме да веруваме. Ве молиме да не поштедите од овие измислици.

Кој смета дека ќе се зарази нека си седи дома. Нас граѓаните и компаниите повеќе не не интересираат вашите убедувања. Едноставно, ви благодариме, не сме заинтересирани да ве слушаме и да ви веруваме. Немој повеќе да не замарате! 

Напиша на Фејсбук, Манасков.

https://makedonskivesnik.com

 

ПАПАТА ФРАНЦИСК ГИ "ИЗБРИША" КИРИЛ И МЕТОДИЈ ОД МАКЕДОНИЈА И ГИ ЗАПИША ВО БУГАРИЈА

 

Објавено 08 мај 2019

Папата за Кирил и Методиј

Драги браќа и сестри од Бугарија, со божја помош за неколку дена ќе бидам меѓу вас. Да дојдам во Бугарија, за мене и за моите соработници ќе биде едно поклонение под знакот на верата, на единството и на мирот, зашто вашата земја е родина на сведоци на верата уште од времето кога светите браќа Кирил и Методиј таму го ширеле Евангелието. Нивниот труд беше многу корисен, зашто донесе многу плодови и во тешките моменти на минатиот век. Многупати тоа беше повторувано од Свети Јован Павле Втори, кој работеше толку многу за да може Европа повторно да ја открие силата на Христа и за да може одново да дише со двата бели дроба. По неговите стапки ќе ја имам честа да се сретнам со Неговото Правосвештенство Патријархот и со Светиот синод на Бугарската православна црква. Заедно ќе ја изразиме желбата да го следиме Господа Исуса по патот на братската заедница меѓу сите христијани...

Ова е дел од обраќањето на папата Франциск изпратено до бугарската јавност ден пред официјалната негова посета на Бугарија, што започна денеска.

И само еден поглед е доволен за да се направи разлика меѓу ова и обраќањето до македонската јавност пред посетата на Скопје. А, може да се види дека светите браќа Кирил и Методиј се споменуваат само во обраќањето до бугарската јавност, но не и во тоа за македонската.

Едноставно, папата Франциск ги "избриша" браќата Кирил и Методиј од Македонија или Северна Македонија, како што пишува, и ги запиша во Бугарија. Иако солунски браќа, според него, тие таму, во Бугарија,  ама не и во Северна Македонија го ширеле Евангелието. А, античка, грчка или како сакате наречете ја Македонија не ја ни споменува.

https://makedonskivesnik.com

 Професор Горан Калоѓера

МАКЕДОНЦИ, СЕ' ВИ Е НАПИШАНО - ЧИТАЈТЕ

 

25 мај 2020

"Јас сум човек во зрело доба но ги памтам моите средношколски денови и предметот историја. Го сакав тој предмет и се' уште верувам во онаа максима "Historia est magistra vitae". И навистина е така. Ние во Хрватска сосема добро ја познаваме својата историја; да се поправам, барем оние повозрасните, младите појма немаат за било што, без разлика која нација се.

Фактите кои им ги укажувам на оние кои ме следат би требало да ги има во средношколските учебници. Просечен македонски средношколец би требало да ги знае основните разботи за историјата на својата земја. Од Кирил, Методиј и Климент па до денешно време. Но, не ги знаат тие работи, што е доволна причина со нив да се манипулира, да се упатуваат во погрешен правец, да им се диктира една фалсификувана историја, и тие тоа го прифаќаат.

Кај нас во Хрватска мислам дека е нешто подобро; вистина е дека не се сложуваме за се', но имињата како што е имагинарниот крал Томислав, Људевит Гај, бан Мажураниќ, Матош, Крлежа, Ујевиќ итнт. остануваат во свеста на средношколците. Она што ме загрижува кај Македонците е непознавање на сопствена историја а за неа се напишани многу работи од македонските научници. Долго време живеев во академско опкружување, посетував симпозиуми, пишував книги, разговарав со луѓе од блиски професии и денеска заклучувам дека тоа бил еден елитен, затворен круг, чии идеи не се ширеле вон академските sидови и научните магазини кои никој, освен струката, не ги чита.

Кога денес комуницирам со 300-400 луѓе, јасно ми е дека сме работеле јалова работа. Народот, рајата, македонските граѓани, за тое не знааат речиси ништо. Остануваат "табула раса" погодна за сите можни манипулации кои доаѓаат од истите оние кои ги дезориентираа, превоспитуваа, им го убиваа чувството за националност во текот на 19-от век. А тоа, за жал, се повторува и денес.

Во повоена Република Македонија напишани се многу извонредни историски книги за македонскиот народ, кои, без разлика на тоа дали ги пишувале "комуњари" или не, до денес се респектабилни примери на објективно согледување на македонската историја. Како странец, во својата библиотека ги имам сите делови од "Историјата на македонскиот народ". "Историјата на македонската нација" на Блаже Ристевски. Историјата на институтот за национална историја од 2008 кое е дело на група историчари, неколку книги на Иван Катарџие, ја имам дури и "Славјанско-македонската општа историја" на Ѓорѓија Пулевски, и многу други прегледи.

Што сакам да кажам, драги мои Македонки и Македонци, се' ви е тука напишано, само вие не сте го читале и затоа денес овие примитивци на власт можат да ве "прцаат" како што сакаат. И тоа го прават многу успешно. Како што еднаш кажа Мирослав Крлежа, грубо ќе го парафраззирам "Сето тоа го имам напишано, само вие ништо не сте читале. И тоа ви е тоа"

 Off.net

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Секој ден е прекрасен ден за читање македонска поезија. Денес го красиме блогот со убави македонски стихови. Изборот падна на оваа прекрасна песна од Гане Тодоровски.

 

НОЌ БЕЗ ИНТЕРПУНКЦИЈА

Кон брегот бродиме
Ние -
осамените патувачи...
Разнишана умората боли!
Бараме начин
повторно да се родиме
повторно
в зорите голи.
А мислите разголени
треперат;
врз кожата на ноќта
немир гребе.
Со кајчето на надежта
се носиме.
ЗОРО
кон тебе, 
поникната над клепките
натешнати.
И никој нема сила,
трошка од силата барем
запирка само да стави!

А точките ги мразиме.
**********
Гане Тодоровски

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 289, 30 мај 2020