ВЕЧНА ТИ СЛАВА АПОСТОЛЕ МАКЕДОНСКИ

4 мај 1903 - 4 мај 2020

117 години од смртта на Гоце Делчев

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ДО КОГА АВЕТИ ЌЕ ТОЛЕРИРАМЕ?

 04 мај 2020 

Најновите политички махинации  на поранешниот југословенски дипломат, Денко Малески, ме наведоа да седнам и да размислам што, заправо, овај манипулант сака да ни соопшти, а што ние од порано не сме го чуле од него. Мислев дека одамна го снема без трага, ама види чудо големо: Денко е се' уште на македонска почва, зошто на никој не му е потребен! Па ниту ни на Бугарите!

Секој народ си има по некои забеган и изветреан  кој откако ќе ја потроши  употребната вредност, одново крева глава, колку да се знае дека се уште е тука и има нешто да ни каже. Или пак посакува некои да го сместат таму каде му е местото. Меѓутоа,  нас не не создал Господ за такви "хумани" постапки дури и спрема жганот кои ни седнал на грбовите и се игра мајтап со нас, зошто му се може.  Просто не не бива за такви работи! 

Луѓе кои со години му го јаделе лебот на македонскиот народ и ја пиеле водата од македонските реки и езера и одеднаш од Македонци постанале Грци, Албанци или Бугари, не насочуваат на размислување: што е тоа што такви изроди ги тера непријателски да се однесуваат спрема својот народ и неговите национални интереси? Спрема безбедноста на македонската држава? Која им е целта, на крај на краевите?

По се изгледа, Денко е  поголем предавник од многу Заевисти, зошто упорно настојува да ја протне својата сулуда теза, дека сме направиле голема грешка што сме се осмелиле да го убедиме светот дека сме биле наследници на Филип и Александар Македонски.  Дека за се' што ни го правеле нашите соседи Македонците биле виновни!

А зошто амбасадоре сме ние, Македонците виновни? Зарем како универзитетски професор ништо не сте научиле  од својата национална историја? Дека Македонија е на Македонците со столетија и дека  не можеме да бидеме во исто време и Грци, и Бугари, дури па и Албанци на сопствената ни македонска територија а не  Македонци? Па каде исчезнале Македонците што нигде ги нема? Македонија остана таму каде Бог ја создал, а Македонците, некако, исчезнаа и не оставија ни траги од своите стапала.

Се накотија некои чудни човеколики sверови и пустошат се' што ќе им падне под рака, погана. Ќе ја исчистеле земјата од се' што потсетува на некое давно минато, и ќе создаделе ново наднационално општество во кое ќе дојдел новиот живот и благосостојбата која ни ја подготвил водачот на СДСМ , манијакот, Зоран Заев. 

Дека секој споменик на луѓето кои биле на овие простори пред нив му припаѓал на туѓа историја и со неа не сакале да имаат работа. Нивниот пат ги водел кон Европа и НАТО, по секоја цена!  

Е, мој амбасадоре, сите си имаат по нешто, ама Македонците имаат се', што тие немаат. Имаме континуитет и историско минато, ама и богатства, кои тие ги немаат. Само си дозволивме недоветни да не водат и да ја поганат Македонија!  Но, и тоа ќе помине како и многу друго што поминало низ вековите зад нас. Ама што ќе биде со вас после тоа, ни сам Господ бог не знае.  

Такви како вас македонската земја и народ виделе и премногу за да се предадеме така лесно и ако ви изгледа дека вашата фашистичка власт ќе трае долго. Ниту Хитлер а ниту Мусолини тоа не го дожевееле и покрај тоа што тие не кренале рака на својот народ и држава за разлика од вас, па пак виселе со главите надолу или гореле како најобично ѓубре на некоја дива депонија! 

Велите дека "некогаш сме биле еден народ" со Бугарите. Е, па тоа е претерано и ако е  од вас. Но ако било така како што вие не уверувате, и тоа може да биде:  нека си го променат името во Македонци и тогаш ќе бидеме  ист народ. Така едноставно! 

Па зарем не гледате дека Бугарите немаат ништо свое оригинално? Ниту ора, ниту песни, ниту традиции.   Но, ако имате на ум дека 90% од населението се етнички Македонци од егејскиот дел на Македонија, е, тогаш можете да бидете во право дека некогаш сме биле еден народ. Па дури и денес истото правило важи. И ако некој сака да си го промени своето име, тогаш тоа би биле  Бугарите во Бугарија.  Зошто тоа не им го речете па да престанат со нивните претерувања и срамотење пред светската јавност?

Поарно да не одиме  длабоко во историјата господине Малески, зошто заради вашата историска неукост и нелојалност спрема Македонците и тој мал углед и авторитет кој во некое минато време сте го имале  ќе го изгубите. Вие не сте ништо друго, туку  уште еден платен манипулант и неук поранешен југословенски чиновник.

А што се однесува до јазикот и нацијата, дека со Преспанскиот договор биле зацврстени и меѓународно признати, за чии јазик и нација се работи? Па вашата Северна Македонија нема ниту јазик, ниту историја, ниту пак територија.  Врска со Република Македонија немате. Ако на Република Македонија не и' прилега да биде сојузник со своите европски душмани, за Северна Македонија е чест. Таа е и така никој и ништо, бидејќи како политичка творба на група криминалци друга опција нема. 

Република Македонија си го рече своето на референдумот од 30 септември 2018: НЕ и НЕ! Ама вашите квази лидери гласот на народот не го слушнаа, а најмалку ја разбраа пораката. Што не е за чудење!  Вие сте најобични неранимајковци без срам и достоинство, арамии и хохштаплери кои случајно бевте избрани да бидете слуги на надворешните наредбодавци.  Изигрувате квази политичари, а всушност сте најобични квинслинзи, и изроди.

Меѓу другото во вашите писанија ни сугерирате да сме реагирале смирено на бугарските условувања за почеток на преговорите со Македонија и сериозно да сме разговарале за спорот околу историјата која не можеме да ја промениме, но можеме да ја интерпретираме на начин, кој од нас ќе направел најдобри пријатели. Ма немојте!

Ред е на македонските историчари да ја завршат приказнава со вас,  господине Денко Малевски  за секогаш, бидејќи игрите кои вие ги играте веќе подолго време, те македонски патриот, те бугарски кодош ни дојдоа на врв на главите. Селективните квази историски документи со кои се служите да ја докажете својата неукост, го изгубија својот значај. Времето ве прегази и вие се најдовте изгубени во просторот.   

Зошто тоа си го правите господине Малески? Од вистинско непознавање на македонската нацинална историја или пак и вие, како и Зоран Заев и Христијан Мицкоски имате задача да ја суредите Македонија, како би ја избегнале Шутка или Идризово но и  враќање назад на "донациите" од надворешните ментори?  Се разбира со камати!

На ова прашање не сте должни да дадете одговор, бидејќи тој одамна ни е познат! 

За секогаш Ваш Сотир!

ЗОШТО ГОЦЕ НЕ СМЕЕЛ ДА БИДЕ ПОГОЛЕМ ОД ТИТО И КАКО ПАПАНДРЕУ ВЕТУВАЛ ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА

(ТАЕН СОСТАНОК НА ВОДНО)

 13 април 2020

На состанокот во вилата на "Водно" посветен на расчистување со либералите и либерализмот во Македонија и на кој, меѓу другите, присуствувале Ангел Чемерски, Боро Денков, Димче Беловски, Киро Глигоров, Хисен Рамадани, Лазар Колишевски, Никола Минчев, Ксенте Богоев, Бошко Станковски, Злате Билјановски и други било констатирано дека станува збор за "националистичко-либералистичка спрега", која преку кадровската политика настојувала да ги зацврсти своите позиции, па затоа, обвинувајќи ги за елитизам, била побарана "одговорност за нивните ставови и идеи".

Зошто Тито дошол во Скопје во ноември 1972 година? Дали неговата посета е поврзана со крајот на политичката кариера на Крсте Црвенковски? Според документите до кои дошол д-р Невен Радически, кој подолго време го истражува либерализмот во Македонија во периодот од 1966 до 1974 година, посетата на Тито е директно поврзана со елиминацијата на македонските либерали. Имено, за време на посетата на Македонија, Лазар Колишевски и неговите луѓе директно од Тито добиле одврзани раце да се справат со либералите во Македонија, всушност со промакедонската струја во Комунистичката партија на Македонија. Во таа насока веднаш била одржана тајна затворена седница на македонскиот политички врв во вилата "Водно" во Скопје на која македонските либерали биле прогласени за "групација која добива агресивни карактеристики", дека се работи за "националистичко-либералистичка спрега", дека "либерализмот е најголема опасност за Македонија" и слично. Притоа било побарано сите луѓе блиски со Црвенковски, особено Милосавлевски, Мирчев и Недков, веднаш да бидат повикани на одговорност за своите ставови и идеи. Која била, всушност, причината Колишевски и кликата околу него да се пресмета со либерализмот во Македонија?

МАНУ И МПЦ

Според д-р Невен Радически од Институтот за национална историја во Скопје, кој во изминативе неколку години низ директни разговори со учесници на настанаите, но и преку архивски документи ги истражуваше настаните поврзани со либерализмот во Македонија, со заминувањето на либералите од политичката сцена завршува периодот на широка политичка активност за афирмирање на македонските национални, политички и економски интереси, односно започнува етапа на застој и назадаување во развојот на македонската државност и зголемена зависност од федерацијата, која продолжува се до осамостојувањето на Македонија пред дваесет години.

"Во текот на шеесеттите години на минатиот век, особено по таканаречениот Брионски пленум, биле создадени одредени поповолни услови за изразување и развивање на македонските национални и културни интереси. Во овој период биле формирани неколку културни и научни установи од исклучително значење за развојот на македонската национална и културна посебност. Во 1964 година, на пример, бил формиран Музејот на современа уметност, а три години подоцна започнал да работи и меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура. Сепак, како најзначајни потези за афирмирање на македонскиот национален идентитет, секако се основањето на МАНУ и осамостојувањето на Македонската православна црква. Главен иницијатор за формирање на МАНУ бил Крсте Црвенковски. Основањето на оваа институција Црвенковски ја предложил на седница на ЦК на СКМ на која што била прифатена идејата и утврдена постапката за конституирање. Како резултат на тоа, во текот на февруари 1967 година, Собранието на СРМ донело закон за основање на Академијата. Реализацијата и основањето на една од најзначајните македонски институции му била доверена на Блаже Конески, а за таа цел била формирана Матична комисија, во чиј состав влегол по еден претставник од академиите на југословенските републики. 

Во текот на август Комисијата ги избрала првите 14 редовни членови, а на 10 октомври 1967 година формално-правно била основана и почнала да функционира МАНУ, а за нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески.

Во однос на црковното прашање македонското раководство, поточно Крсте Црвенковски, Александар Грличков и Никола Минчев, ја подржувале иницијативата на македонското свештенство за издигнување на статусот на МПЦ од автономен во автокефален веднаш, но тоа наидува на остро спротивставување не само на СПЦ туку и од српските националистички кругови и интелигенцијата, како и од значителен број српски функционери. Сепак, во врска со статусот на МПЦ мошне резервиран бил и дел од македонското раководство пред се Видое Смилевски-Бато и Љупчо Арсов. Сепак, во текот на декември 1966 година, синодот на МПЦ испратил официјално барање до архиерејскиот одбор на СПЦ за прогласување на автокефалност. Барањето било подржано од Сојузната комисија за верски прашања, но нејзините препораки не биле спроведени. Прашањето за автокефалност на МПЦ било отворено и на состанок кај претседателот на Сојузниот извршен совет, Петар Стамболиќ, одржан на 25 април 1967 година. Според записникот од состанокот, македонската позиција ја застапувале Крсте Црвенковски и Никола Минчев, а на состанокот присуствувале и Кардељ, Влаховиќ, Радосавлевиќ, Тодоровиќ, Стаменковиќ и претседателот на Сојузната комисија за верски прашања, Морача. Стамболиќ и Кардељ настојувале целиот случај да се врати на решението од 1959 година за канонско единство со СПЦ но, на инсистирање на Црвенковски и Минчев, сепак била прифатена одлуката за прогласување автокефална македонска црква. Три месеци подоцна, на 17 и 18 јули 1967 година во Охрид, на двестагодишнината од укинувањето на Охридската архиепископија, била прогласена автокефалноста на МПЦ. Вели д-р Радически.

ГЕНЕРАЛ НЕНЕЗИЌ ПРЕКУ КОС ГИ КОНТРОЛИРАЛ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ.

Во шеесеттите години на минатиот век, кога на чело на полтичката структура во Македонина е Крсте Црвенковски, македонското раководство било посебно активно и во врска со прашањето за составот на командниот кадар на ЈНА, инсистирајќи на што поголема застапеност на Македонци во него. Меѓутоа со оглед на тоа што армијата била под директна контрола на Тито, кој, како што сведочи Црвенковски, не дозволувал никакво мешање на партиските и државните органи во неговите овластувања, многу тешко било да се издејствуваат какви било промени во нејзината командна хиерархија, во која македонски офицери со повисок чин имало сосема малку. Освен тоа, од друга страна, КОС на ЈНА, која по Брионскиот пленум презела дел од задолженијата на СДБ, работела на воспоставување целосна контрола врз македонското раководство, следење на македонските политичари и офицери.

"Извештаите од нивната работа на "теренот" биле испраќани кај Тито, односно кај сојузниот секретар за народна одбрана. Иван Гошњак, кој истовремено бил и заменик врховен командант на Армијата. Исто како и Тито и Гошњак се спротивставувал на мешањето во кадровската политика во војската и по тоа прашање неколкупати дошол во судир со Крсте Црвенковски. Кулминација на овие недоразбирања, или тивок фронт меѓу врвот на ЈНА и македонското раководство, бил судирот со командантот на Скопската армиска област, Генерал Ненезиќ, организатор на истрагата која КОС ја спроведувала во Македонија. До судирот дошло откако Црвенковски бил известен дека неколкумина  македонски полковници се задржани на распит во ЈНА, по што веднаш побарал прием кај Тито. Состанокот со Тито траел сосема кратко. Црвенковски го условил со својата оставка доколку не се престане со тајно разузнувачко контролирање на македонскиот политички врв но и со етничката дискриминација во ЈНА. Несакајќи да дојде до натамошно усложнување на состојбата, Тито направил неколку отстапки, однонсо на 28 декемеври 1966 година бил одржан затворен состанок на југословенскиот политички и армиски врв, на кој, по изречените критики од присутните во врска со работата, Гошњак бил принуден да поднесе оставка на функцијата секретар за Народна одбрана, а генерал Ненезиќ бил преместен од Скопје на друго задолжение. На истиот состанок Црвенковски побарал за командант на Скопската армиска област да биде назначен Македонец. Иако Ненезиќ бил заменет со генерал Мирко Поповиќ, набрзо за командант на ЈНА во Македонија сепак бил поставен Македонец, ново унапредениот генерал-полковник Васко Карангеловски. Подоцна и други Македонци добиле повисоки чинови, со што делумно биле поправени македонските позиции во командниот состав на армијата. 

Во текот на втората половина на 60-те години како резултат на настојувањата на републичкото раководство, се зголеми и  бројот на македонски дипломати. Слично како и во ЈНА, и тие дотогаш биле речиси сосема маргинализирани. По реакциите на македонското раководство на чело со Црвенковски, Македонци биле поставувани за дипломатски претставници на исклучително важни позиции во СССР, САД, Индија, Јапонија, како и во некои соседни и регионални земји, меѓу кои и во Грција, Бугарија и други. Во таа насока, самиот Црвенковски го промовирал Лазар Мојсов за амбасадор во Лондон, односно во Организацијата на обединетите нации, каде тој подоцна ќе биде избран и за претседател на Генералното собрание на ОН", вели д-р Невен Радически од Институтот за историја во Скопје.

ПАПАНДРЕУ ВЕТИЛ ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА?

Според документи од периодот што го покрива времето на либерализмот во Југославија, односно Македонија, Тито настојувал да не се заоструваат односите со НР Бугарија, па во текот на 60-те години воопшто и не го покренува прашањето, односно воопшто не е заинтересиран да го актуелизира статусот на македонското малцинство кај источниот сосед како едно од најгорливите проблеми меѓу двете држави. Според Црвенковски, единствениот од македонското раководство, кој, поради политичките околности, сепак, иако можеби недоволно, постојано се обидувал да го постави проблемот со статусот на Македонците во Бугарија, југословенската дипломатија имала негативен однос кон ова прашање. Југославија в сушност како воопшто да не ја интересирале Македонците во Пиринска Македонија, но и во останатиот дел на Бугарија. Сметал дека долг период во југословенските дипломатски кругови преовладувало лоби кое било просрпски и, притоа, антимакедонски настроено. Така, на пример, вели д-р  Радически, при посетата на НР Бугарија во септември 1965 година, а во која бил и претседателот на македонското Собрание Видое Смилевски-Бато, Тито сосема лежерно прифатил сооопштение дека "од двете страни било оценето оти не постојат битни прашања околу кои има недоразбирање". Две години подоцна се одржала и југословенско-бугарска средба во Белград на која присуствувал Никола Минчев, тогашен претседател на Извршниот сосвет на Македонија, но, за жал, повторно било избегнато "македонското прашање", односно прашањето за Македонците во Бугарија, прашање од клучен интерес за македонскиот народ. Во 1970 година југословенска делегација во која бил Црвенковски, ја посетиле НР Бугарија во обид да се нормализираат односите, меѓутоа и тогаш не било постигнато задоволително решение. Се разбира, од друга страна можностите за некакви преговори со Грција околу положбата на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија биле уште повеќе затегнати, иако претходно, во 1966 година, на пример, прашањето за македонското малцинство во Грција било поставено на југословенско-грчкиот состанок во Атина, на кој присуствувал и Киро Глигоров. Во разговорите, грчкиот премиер Стефанопулос ги обвини властите во Скопје за национализам и за територијални претензии кон Грција, па барал југословенското раководство да преземе мерки околу ваквите гледишта во една од југословенските републики. Дали Глигоров реагирал на тоа или не, засега нема конкретни сознанија. Само четири години подоцна дошло до средба на Крсте Црвенковски со некои претставници на грчката опозиција, која, прогонувана од воениот режим во Грција побарала подршка од југословенските власти. Во својство на домаќин, Црвенковски се сретнал во Белград со познатиот грчки композитор и политичар Микис Теодоракис, како и со Андреас Папандреу, еден од водечките грчки опозициски политичари, подоцна и премиер на Грција. Според Црвенковски, Папандреу ветил дека доколку ја преземе власта во Грциј, веднаш ќе почне со решавање на статусот на македонското национално малцинство во неговата држава. Се разбира, како впрочем и со секое ветување на Грк, ни тоа ветување подоцна, кога Папандреу станал премиер, не било одржано.

"Слободна подршка на Југославија во врска со македонското малцинство во соседните земји, веројатно само уште повеќе ја потенцирала потребата од поголема рамноправност во меѓународните односи во СФРЈ, а посебно активен во таа борба бил Крсте Црвенковски. Тој остро се спротивставувал на идеите на некои српски националисти, како Добрица Ќосиќ, на пример, за создавање на таканаречена југословенска нација, врз основа на заедничкиот словенски корен на народите во федерацијата. Ваквите стремежи Црвенковски ги доживувал како обид за проширување на српската хегемонија, односно како притисок врз македонскиот народ да отстапи од својата национална посебност. Се разбира ваквите ставови на Црвенковски биле остро критикувани од конзервативните политички кругови, особено од српските националисти. Нападите врз него кулминирале по неговото излагање во Клубот на самоуправувачите, односно на трибината "Политички дијалози" во Загреб, одржана на 26 ноември 1970 година, а поврзана со меѓунационалната рамноправност. Притисокот врз него станал уште посилен по случајот со "Фени", кога тој, а особено Киро Глигоров, остро се спротивставиле на идејата за нова изградба, затоа што била сосема неизвесна неговата исплативост како капацитет. Во меѓувреме, по иницијатива на Црвенковски, биле правени обиди за унапредување на некои индустриски гранки, односно постоеле планови за развој на автомобилската, електронската и хемиската индустрија, но сите вакви иницијативи пропаднале како резултат на македонските политички пресметки во првата половина на 70-те години. Притоа, Колишевски, покрај обвинувањата за национализам, луѓето околу Црвенковски ги обвинува и за тоа дека во сојузните органи "повеќе се заинтересирани за интересите на Републиката наместо на нивните обврски во федерацијата". Во таа насока посетата на Тито, кој, конечно, по неколку одложувања, во ноември 1972 година, стигнал и во Македонија, била искористена за да се зацврстат позициите на конзервативната струја во СКМ. На затворена средба со потесното македонско политичко раководство, одржана на 10 ноември во Скопје, Тито бил запознат со политичките и со економските состојби во Република Македонија, а Чемерски го запознал и со активностите на СКМ во спроведувањето на заклучоците од 21 седнаица, и директивите од неговото "Писмо", кои, според Чемерски, наишле на безрезервна подршка во цела Македонија. Знаејќи дека главнината од промакедонската струја на Црвенковски доаѓа од Универзитетот, Тито во своето обраќање меѓудругото нагласил дека во македонскиот универзитет нема вистинска организација, што е невозможна работа: "Таму се образуваат луѓе кои утре ќе ве заменат вас. Какви ќе дојдат оттаму? Дали тиа се воспитувани во марксистички дух? Што им предаваат тие професори"? Се разбира, нападот е насочен кон главната струја на македонскиот либерализам, во кој, покрај Крсте Црвенковски, Славко Милосавлевски и Ќамуран Тахир, биле и Љупчо Арнаудовски, Милан Недков, Димитар Мирчев, Томислав Чокревски и други. По заминувањето на Тито, Колишевски и неговата струја добиваат одврзани раце да се справат со либералите, всушност со промакедонската струја во Комунистичката партија на Македонија. Во вилата "Водно" во Скопје била одржана затворена седница на политичкиот врв на Македонија, а таа седница всушност е една од најзначајните епизоди во судирот што се одвивал на македонската политичка сцена за време на пресметката со македонскиот либерализам.

На инсистирање на Колишевски, но и под менторство, се разбира, во вилата "Водно" се собрало партиското  и  државно раководство на Македонија, со исклучок на Славко Милосавлевски, кој бил повикан но не се одзвал на поканата. Значи, според записникот, на седницата присуствувале А. Чемерски, Б. Денков, Н. Бошале, Б. Демирова, М. Митров, С. Салиу, Б. Силјановски, С. Стојчевски, Д. Беловски, К. Глигоров,  С. Георгиева, П. Петровски, Х. Рамадани, Л. Колишевски, К. Црвенковски, Н. Минчев, К. Богоев, Б. Станковски, П. Давков, З. Билјановски и Мара Минанова.

Според излагањето на Димче Беловски, на пример, либералите во Македонија се "групација која добива агресивни карактеристики, почнува да притиска, да крши на еден или друг начин...", додека Лазар Колишевски изразил "негодување што во телевизиските преноси повеќе време се одвојува за посетите на Црвенковски на странските земји, а Тито е помалку застапен на телевизијата дури и кога е во дипломатски мисии".

Мошне интересно излагање имал и Благој Попов, кој рекол дека се работи за "националистичко-либералистичка спрега", која преку кадровската политика настојувала да ги зацврсти своите позиции, обвинувајќи го Славко Милосавлевски за елитизам.

Сепак, се чини, најбесмислено излагање имал Страхил Гигов, кој барајќи одговорност за Милосавлевски, Мирчев и Недков за нивните ставови и идеи, изјавува дека "либерализмот е најголема опасност за Македонија", илустрирајќи го тоа со фактот дека "мене ми се смачуваше кога Гоце Делчев...почнаа да го прават идеолог на нашата револуција...Ако ова движење продолжи, за три-четири години Гоце Делчев ќе биде поголем и од Маркс и од Ленин и од Тито".

РАСЧИСТУВАЊЕ СО ПРОМАКЕДОНСКАТА СТРУЈА

Сепак, според д-р Невен Радически, за разлика од некои други политички егзекуции, симнувањето на Крсте Црвенковски од политичката сцена не било толку драматично, иако и тој, како и останатите, подоцна ќе ги почувствува сите последици на "антилебералистичкиот" удар. Откако му завршил мандатот во Претседателството на СФРЈ во 1974 година, поради противењето на Колишевски и на некои други југословенски конзервативни политичари, пропаднале и обидите за негов избор за член на Советот на федерацијата. Исто така пропаднале и комбинациите Црвенковски да добие амбасадорска функција. По истекот на мандатот, неговиот ангажман во политиката едноставно престанал и тој бил принуден да се пензионира. Неговите повеќекратни обиди, преку Доленц, да воспостави контакт со Тито, за да ја објасни својата позиција, останале безуспешни. Во натамошниот период, со распадот на комунизмот, Црвенковски не бил повикуван на ниту еден битен собир посветен на одбележувањето на одредени настани од НОБ, во која бил активен учесник и народен херој, па неговото присуство би било речиси задолжително. Било забрането објавување на сите негови излагања, јавни телевизиски настани, додека фотографиите од настаните на кои бил присутен, вешто биле преработувани за да се отстрани неговиот лик..

По отстранувањето на либералите, повторно станале доминантни старите партиски кадри, оние кои го оневозможувале процесот на демократизација на општеството, смета д-р Радически. Се разбира, Ангел Чемерски останал на чело на СКМ уште десетина години, во кои речиси и немало некои значајни иницијативи за натамошен развој на Македонија. 

Колишевски на голема врата се вратил во врвот на југословенската и македонската политика, и имал пресудно влијание и контрола врз сите сфери на општеството. Во Претседателството на СФРЈ останал три мандати, односно еден повеќе од она што било предвидено со Уставот на Федерацијата од 1974 година.  (денешен.мк)

 

Дарко Јаневски

УБИСТВОТО ВО БАНИЦА

 Според сведоштвото од 1934 година на Стар Илинденец (псевдоним) откриено своевремено од д-р Михајчо Миновски, Гоце Делчев, непосредно пред да започне битката во Баница во која загинал, му рекол на Карчо: изгледа дека сме предадени од Софија. Ете зошто спасот не е возможен.

****************

Андреј Хрлев, благајникот од Броди кој е еден од најспоменуваните како предавник, три децении подоцна ја отворил душата и напишал дека четата на Тефиков ја предводеле двајца врховисти. Но, лондонски Тајмс пишува за загинувањето на "македонскиот револуционер", предаден од "грчки шпион".

Сто и седумнаесет години после смртта на Гоце Делчев, се уште не може со сигурност да се каже кој го извршил предавството, чин кој за нашата историска наука, за разлика од бугарската, не е спорен. Еден од последните трагови во оваа насока, е своевременото откритие на д-р Михајло Миновски кој при истражувањето во Софија дошол до еден текст во весникот "Македонско знаме" од 1934 година во кој е отпечатено  сведоштво на учесник во Илинденското востание. Сведокот, како пријател на Карчо од Кукуш (Георги Думчев Карчо, загинува со Даме Груев во декември 1906 г.) придружник на Делчев во последните часови од неговиот живот, имал привилегија од него да ги чуе размислувањата на војводата непосредно пред смртта, меѓудругото и за тоа кој бил можниот предавник на четата. Еве што Стар Илинденец, како што пријателот на Карчо се претставил во "Македонско знаме" во 1934 година, очигледно плашејќи се за својот живот дури и во тие години, раскажал во весникот:

"На 21 април 1903 година (според стариот календар, н.з.) дошле селаните за да му кажат на Гоце дека селото е опколено од многуброен аскер. Постојаниот придружник на Гоце, нему преданиот Карчо родум од Кукуш, му предлага на Гоце да излезе и да ја види положбата на војските, да откријат послабо бранет пункт низ кој би можеле да се извлечат од опсадата. Гоце му одговорил со следните зборови:

'Карчо, ако бевме предадени од овде,  ќе најдевме можност да излеземе од опсадата, но изгледа дека сме предадени од Софија. Ете зошто спасот не е возможен, па затоа напред, следете ме, да излеземе и да ја примиме битката со таква решителност што нашата крв скапо да ги чини непријателите'.

Според мислењето на Карчо искажано пред мене, како пред личен пријател, Гоце по заминувањето од Софија бил многу нерасположен и постојано повторувал дека неговите противници нема да избираат средства за да го расчистат својот пат. Зашто Делчев, како голем авторитет, ползувајќи се со влијанието пред револуционерните дејци од внатрешноста, знаејќи им ги намерите...можеше да ги попречи нивните планови, раскажува Стар Илинденец во 1934 година.

СЛЕДЕН ОД СОФИЈА

Станува збор за аргументација што ја следи д-р Миноски и според која Делчев бил следен по налог на бугарската власт веднаш по напуштањето на Софија и тргнувањето на неговата последна обиколка низ Македонија. Всушност, за нашата историска наука не е тајна дека официјална Бугарија не го сакала премногу Делчев кој, настрана што не се согласувал со одлуката за кревање масовно востание, туку претставувал генерална пречка за улогатта на врховистите во Македонија.

Во рамките на мотивите на бугарските приврзаници да го предадат Делчев на Турците влегува и непосредниот судир околу солунските атентати, во врска со што Иван Гарванов, тогашен челник на ТМОРО (кој според д-р Миноски е експонент на бугарската влада) и Делчев биле на спротивните страни. Таа епизода од македонската историја, која се случувала додека Делчев и Груев во солунската гимназија ја имале последната средба, можеби најдобро го отсликува судирот кој владеел во Организацијата меѓу двете струи. Расцепот бил толкав, што дури и Ѓорче Петров не гледал ништо чудно во можноста Делчев да бил предаден од врховисти вметнати во самиот ЦК.

'Важно е дека Делчев бил намирисан од Солун и следен до Сер... Тефиков ја имал таа задача... Не успеале да го фатат во Солун. Не го фатиле ни во Серско, но знаеле дека тука ќе мине... Во Солун имало некој шпион, близок до нашите луѓе... Затоа мислам дека предавството на Делчев било извршено од Солун', раскажувал во своите спомени Ѓорче Петров, што повторно оди во прилог на тезата за бугарската линија во предавството и убиството на Делчев во кое Тефиков бил само извршител.

ХРЛЕВ: ДВАЈЦА ВРХОВИСТИ ЈА ПРЕДВОДЕ ПОТЕРАТА

Ако главата на предавникот се наоѓала во Софија, како што мислел самиот Делчев според сведоштвото на Стар Илинденец кој ги пренел зборовите на Карчо, како извршители на теренот биле споменувани повеќе лица. Најчесто се јавува името на Андреј Хрлев од Горно Броди, локален благајник на организацијата, кого во своите спомени како предавник го посочува и Даме Груев. Меѓутоа, во полза на Хрлев постои еден клучен факт: тој ја преживеал истрагата на Серскиот револуционерен округ за предавството на Делчев во време кога и за многу побенигни работи се добивал нож в грло. Три децении подоцна, Хрлев јавно прозборел за обвинувањата против него, негирајќи ги и посочувајќи дека турската војска која го гонела Делчев била 'предводена од двајца врховисти', а тој поради страв за сопствениот живот бил принуден да молчи.

Но, ако Хрлев се спасил, тоа не им успеало на низа други кои биле посочени како учесници во предавството. Според д-р Миноски, Окружното раководство на Серскиот револуционерен округ ја презело истрагата, по што на теренот биле упатени неколку чети, меѓу кои и таа на војводата Георги Радев. Тој со четниците влегол во Баница во 2 часот по полноќ на 12 декември 1904 година по што од домовите биле извлечени Марин Георгакиев и Коста Маџаров, а подоцна, заедно со Георги М. Орешков и Коста Петров  (фатени во селото при нивното враќање од дрва) биле ликвидирани. Георгакиев бил убиен на местото каде Делчев загинал, а останатите на грбот каде војводата бил погребан. Неколку месеци пред тоа, на 22 август 1904 г. бил убиен и Георги Шимов Агов, кој облечен во турска облека, учествувал во потерата по Делчев. Со тоа се сметало дека непосредните предавници се ликвидирани.

Во рамки на севкупната истрага, од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Може само да се замисли каква е таа ситуација кога биле ликвидирани четири членови на едно семејство. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов. Со тоа е затворен списокот на ликвидации поврзани со предавството на Делчев и воопшто во Серскиот округ, иако не е јасно дали заклучувањето на списокот е сторено затоа што немало други осомничени или заради забрзаното губење на силата на Организацијата предизвикано од погромите по Илинденското востание.

Како и да било, приказната за предавството на Делчев не е целосно расветлена и затворена. Своевремено, Христо Андонов Пољански, кој според денешните македонски политичари на власт, животот го потрошил занимавајќи се со револуционерната дејност на еден Бугарин, своите истражувања за ова ги завршил со заклучок дека за тоа ќе треба целосно да се отворат не само турските, туку и бугарските и грчките архиви. Во изминатите децении, турските архиви се целосно отворени, бугарските исто така, освен ако нема нешто што се крие, но грчките и натаму остануваат затворени.

ТАЈМС: МАКЕДОНСКИОТ ЛИДЕР Е МРТОВ, ПРЕДАДЕН Е ОД ГРЧКИ ШПИОН

Лондонски Тајмс донесува интересен текст на 26 мај 1903 година: "Според нашиот известувач од Софија, прецизните извештаи за смртта на фамозниот македонски лидер Делчев, покажуваат дека тој, придружуван од  Кирчовски и поетот Јаворов, влегол во селото Баница каде неговото присуство било предадено на Турците од страна на грчки шпион. 

Големи сили го опкружиле селото и сите членови на револуционерната банда биле убиени. Биле убиени и многу селани кон кои Турците отвориле оган', се вели во Тајмс. Текстот и е одамна познат на нашата историја, но досега не е посериозно третиран затоа што има евидентни непрецизности (Јаворов не бил во Баница, сите членови на четата не се убиени), а веројатно и поради тоа што се смета дека доказите за бугарската вмешаност се премногу силни за да се поверува во извештајот на репортерот на Тајмс, кој можеби бил свесно брифиран со лажни податоци од Софија. Но, од друга страна, Македонија досега никогаш не sирнала во грчките архиви од тој период, за да може да каже дека во ниту една фаза од операцијата за ликвидација на Делчев не биле вмешани Грци.

Во извештаите на европските дипломати се споменуваат уште два моменти за овој настан. Едниот е од 14 мај 1903-та година на англискиот генерален конзул во  Солун, Алфред Билиоти до амбасадорот О' Конор во Цариград:

"На 4 мај 1903, учител во Баница е уапсен близу до Сер поради поседување на неколку куршуми за манлихерка. Тој бил затворен и дал  значајни информации кои доведоа до блокирање на Баница и до последниот судир..."

Очигледна непрецизност во овој извештај е поврзувањето на апсењето на учителот од Сер на 4 мај со блокадата на селото. Тоа, едноставно не било можно за толку кратко време.

Другиот документ е допис од 13-ти мај 1903-та година на францускиот конзул во Солун, Стег, до министерот за надворешни работи Делкесе. Според тој документ "еден селанец од Горно Броди им кажал на Турците дека во Баница има лица од комитетот (ВМРО). Селото е блокирано и по 20 часа четата е уништена". (денешен.мк).

Ставре Џиков, публицист 

АНТИМАКЕДОНСКА УСТАВНА ДРАМА

1 мај 2020

Македонскиот законодавен дом стана политички театар, каде што се одигрува "драма" на историско велепредавство на македонскиот народ и името Република Македонија. Тоа се одигрува во "три чина". Првиот, народен светол чин-1991 година. Вторио чин, валканата војна-2001 година. Третиот чин, класично велепредавство, по спогодбата со Република Грција (2018), на актерите пратеници со бришење на уставното име Република Македонија.

Човек се раѓа и живее со достоинство, совест, став, со уста да ги каже и брани македонскиот народ и Македонија. Зборот "устав", кованица составена од зборовите "уста" и "став". Македонскиот народ зборувајќи, градејќи ја писменоста творел зборови со суштинска смисла и историска порака. Во нашиот законодавен дом  има 120 пратеници/гласници на македонскиот народ и на граѓанството. Со нивниот став/глас во Собранието го донесоа основниот државноправен акт, Уставот на Република Македонија. Уставот, највисок правен акт, жив, активен историски документ што ги обврзува граѓаните, правните лица и државните институции. Во спроведување на волјата на македонскиот народ преточена во уставни норми, одредби, најодговорни се пратениците што го донеле во Собранието на Република Македонија. Меѓутоа, политичката практика ни го потврдува спротивното. Наместо тие да се господари на историјата, напредокот и слободата на народот и граѓанството, ја презедоа улогата на лакеи/слуги со предавничка мисла и парламентарни игри. Устата и ставот на пратениците станаа мимика на политичката сцена полна со мимикрија. Уставот на Република Македонија се донесе на 17 ноември 1991 година. Со амандманите од  1 до 32, 1992-2005 година, суштински се именуваат одредби на историско претставување на македонскиот народ и функционирање на македонската држава.

Првото големо историско предавство се прави со амандманот 4, од 16 ноември 2001 година. Со него се брише Преамбулата на Уставот на Република Македонија од 1991 година. Македонскиот народ ја губи улогата на историски државотворен народ, творец на македонската држава. Ево професорот по уставно право Светозар Шкариќ како ја гледа оваа уставна промена: "Примарната намена на Уставот беше да ги интегрира граѓаните на земјата, како индивидуи, а не на групно или на етничко ниво. Оваа стратегија не беше успешна, за тоа што етничките Албанци не прифатија да бидат 'етничко малцинство', чиишто припадници би биле еднакви со другите на  ниво на идивидуалните права (интегративна теорија), туку бараа статус на конститутивен народ, односно групен статус и права (консоцијативна теорија). Станува збор за консоцијативна теорија за делење на моќта во етнички поделени општества. Врз таа теорија е граден рамковниот договор од 2001 година.

Поранешниот претседател на македонското Собрание (1998-2000 г.) професор по уставно право, Саво Климовски ќе констатира: "Македонската нација треба да претставува интегративна заедница на сите граѓани во Република Македонија, без разлика на нивната етничка припадност. За прецизно лоцирање на македонскиот граѓанин и неговата улога во системот, нужно е претходно заокружување на концептот на македонска нација од аспект на нејзината државотворност и конститутивност во Република Македонија, како предуслов за недвосмислено утврдување на позицијата на граѓанинот во неа. Немањето јасна визија за тоа, што од што произлегува и кој кому му припаѓа е опасна состојба за државата".

Конечно уставното велепредавство се изврши кога пратениците на 11 јануари 2019 година во парламентот, во име на излажаниот македонски народ (референдум 30 септември 2018) донесуваат амандман за бришење на Република Македонија и замена со ново име, Република Северна Македонија. Пратениците со антимакедонски став/глас ја погазија својата лична уставна заклетва дека ќе ги бранат Уставот, македонскиот народ и држава. Македонскиот законодавен дом стана политички театар каде што се одигрува "драма" на историско велепредавство на македонскиот народ и името Република Македонија. Тоа се одигрува во "три чина". Првиот, народен светол чин-1991 година. Вториот чин, валканата војна -2001 година. Третиот чин, класично предавство, по спогодбата со Република Грција (2018), на актерите пратеници со бришење на уставното име Република Македонија.

На градите на македонскиот народ "херојски"?! му го натокмија натписот Република Северна Македонија. Натписот Република Северна Македонија на народот му го ставија, најармија меѓу другите Никола Димитров, поранешен дипломат во Вашингтон и актуелен министер за надворешни работи во Владата на Зоран Заев; Ратка Димитрова-поранешна пратеничка; актуелните пратеници - Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, обвинети за тероризам; поранешната министерка за култура, актуелна пратеничка Елизабета Канческа-Милевска, обвинета за наводен криминал; пратеникот, министер за внатрешни работи и кандидат во 2009 година за претседател на Република Македонија Љубе Бошковски, актуелен советник на премиерот Зоран Заев. И тој, Љубе Бошковски застана на страната за промена на името на македонската држава. На Љубе Бошковски му бев адвокат-бранител во предметот "Раштански лозја", 2004 година.

Потоа бев неформален советник и на адвокатите Едина Рашидовиќ и Гено Метро, бранители на Љубе Бошковски во "Хашкиот случај". Со пресуда на Хашкиот суд беше ослободен од вина. Сите споменати се со современа вмро-ска политичка провиненција, живееле од маките/лебот и надежта на македонскиот народ. Една деценија пред тоа, во 1999 година, книгата "Името и умот" на професорот д-р Димитар Димитров, поранешен министер за образование и наука, во колумната "Уште еден акт за велепредавство" завршува со реченицата: "Раката да му се исуши-кој ќе стави потпис на најавената спогодба!"

Во приказната за одбрана на името Република Македонија бев вклучен како адвокат на актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски.

Наспроти "промените противуставни", тие со патриотски светоглед го бранат името Република Македонија. Меѓу нив ќе ги споменам: адвокат Марјан Попески, доктор по меѓународно право; Игор Јанев-доктор по меѓународно право; Билјана Ванковска-професорка по право; Димитар Апасиев-професор по право; Гордана Силјановска-Давкова-професорка по уставно право и претседателски кандидат во 2019 година; Михајло Миноски-професор по историски науки; Татјана Каракамишева-Јовановска-професорка по уставно право...

Македонската приказна нема крај. Би рекол крај без крај. Не' чекаат во холотна повеќедецениска дренажа без македонски национален суверенитет во ЕУ, заедница на суверени народи и држави. А ние кои сме и што сме?! (novamakedonija.com.mk)

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО 

 ГАНЕ ТОДОРОВСКИ 

 

  НАШИОТ САНДАНСКИ

(На клеветниците од Радио-Софија)

Минува разлистен април, наметнал облека цветна,
ставата негова красна-тоа е нашето поле;
минува мирисен април, лазурот небесен светнал,
расцветан, насмевнат тој е, во мојот поглед волен.
Денеска радосен порој јури низ срцево мое,
дишам јас безмерно, мошно, вградиве пролет се шири;
денеска в спомен ми расне светлото име твое
денеска в спомен ми расне април и личен Пирин.
За тебе песнава гласи: знам јас, просторот мал е
но широк имаме простор:-целата слободна страна
целиот народ те носи наедно срце со Гоце,
нашиот народ го сака Сандански-верниот бранач.
Земјата твоја е ширна. Земјата твоја е тоа,
народот в борбите роден, заветот твој го знае,
името твое е кај нас символ на животот среќен,
името твое е кај нас жив дел од денот сјаен.
В песнава несакам појке за тебе Јане да пишам
нашиот живот е сведок како те сакаме ние,
в песнава сакам јас машки подлеци срамни да стишам
онака гневно и тврдо, ко ти што такви си биел.
Клевети смешни и груби виреат в устите туѓи
родот наш книжно бил створен, јазик сме немале
мајчин. Старите песни се тоа, песни на нашите врагој,
рубата нивна е денес скроена на друг начин.
Онака гневно и смело, ти, ко што такви си ринел
онака својски и мошно, со мојот роден јазик
одвараќам: пцетата лајат, керванот сигурно мине,
одвраќам: лагите плитки, народот наш ќе ги згази.
Сандански-синот на Пирин, синот на нашата страна
дел е од животот суров, дел е од нашата сила;
го носи в срце свое народот слободен станат
што цени слобода златна, што љуби земја мила.
************
Гане Тодоровски

 

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 284, 04 мај 2020

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA