НЕ СМЕ ГРЦИ, НИТУ БУГАРИ, ТУКУ  МАКЕДОНЦИ!

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ГРЧКИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ОД ЕГЕЈСКА  НИ ДОАЃААТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА А НИЕ СЕ' УШТЕ МРТВИ ЛАДНИ!

 

28 април 2020

Многу нешта се случија од времињата кога Македонците од Грците беа живи погребувани, горени заедно со подвижниот им и неподвижен имот и на крајот со брутално и примитивно етничко чистење истребувани и прогонувани надвор од нивната вековна татковина. 

Злосторничко-криминалниот менталитет  Грците никогаш не ги напуштил, зошто заштитени под чадорот на нивните  западни и европски пријатели и нивното светло оружје  и понатака незапирливо и насилно крадат и уништуваат се' што е македонско, применувајќи, притоа, разни нечесни трикови и "политичко-дипломатски" мајмунарии, недостојни за времињава во кои живееме.

По нивните стапалки  одат и Бугарите и Албанците, заканувајќи ни се со војна, доколку не одат работите по нивно. Мамецот? Па влез во Европската Унија и НАТО, од кои никој аир не видел, освен криминалците и длабоко корумпираните злосторници, квислинзи и  сите други шугави изроди и "демократски" велепредавници.

Грчката ароганција тлее со векови во нивните празни  и зли души. Некадри да се ограничат на она што Бог им го дал да преживеат, тие  секогаш посегнуваа  прво по рудните и шумските  македонски богатства, а подоцна и по македонските животи. 

Едно треба да знаеме и никогаш да не го заборавиме а тоа е фактот дека пријателствата доаѓаат и заминуваат, ама интересите се бесмртни!

Зоран Заев и неговата шугава и предавничка владеачка структура беше та поврзница која се чекаше, за да се тргне одново во напад против Македонците, кои од секогаш биле тврд орев и за Грците и за Бугарите и за Албанците, зошто секогаш добивале тоа што си го заслужувале.

Тоа што се случува со Република Македонија, денес, е срам за секого кој има барем малку  достоинство, ама најповеќе за оние кои се сметаат за некои лидери и главна фора во земјата. Кога човек гледа од надвор, просто не може да верува   дека такви примитивизми и нецивилизирани работи се случуваат во нашата земја, а народот, сепак, седи со скрстени раце и чека некој друг да ги одбрани од криминалците кои се накотија како стаорци, а мачки нигде за илач. Нема Македонци, има само национални малцинства со кои управуваат Албанците.

Ех, кога би се нашле барем десет-дваесет мажи со мустаќи и барем еден со м..а, работите не би биле така погубни. По се изгледа тоа ќе се случи кога грчките, бугарските и албанските џандари ќе ни дојдат и под нашите пенџери да слушнат на кој јазик комуницираме во семејството, па да ни се повтори старата и испробана техника на грчките џелати од времињата на Граѓанската војна и подоцна, од која не извлековме никаква поука. Дури му дозволивме на типови како Зоран Заев, Никола Димитров, Христијан Мицкоски и други дословно да не продадат како стока на Ат-Пазар.

Е, можеби тогаш ќе ни дојде умот и ќе ни  постане јасно, дека без борба нема слобода.

Али сепак, последната понижувачка одлука донесена врз одредбите на Преспанскиот и другите договори за "добрососедски" односи не разувери, дека навистина имаме работа со sверови и тешки глупани и неранимајковци, од типот на Заев и Димитров, кој како десерт ни ја сервираа веста дека наскоро Македончињата во македонските училишта нема повеќе да го изучуваат и зборуваат македонскиот јазик, туку "мајчиниот", кои може да биде било кој друг, освен македонскиот. Ќе немаат право ниту да го споменуваат името на македонскиот јазик, бидејќи ќе бидат казнети, спрема одредбите во Преспанскиот и другите договори со соседите, повеќепати споменати во текстов. Па нека ние на здравје! Чекавме  и дочекавме!

По се изгледа дека црвеното алармно светло е запалено, ама за нас Македонците не значи ништо. И понатака  чекориме со кренати глави плукајќи го Заев и Димитров и цел СДСМ, ама не забележуваме дека се плукаме самите себе. 

Не е ли голем срам сите малцинства во Македонија да зборуваат на своите јазици, а ние да зборуваме на "мајчин" и сме само безимени граѓани на северна Македонија означени со три коси цртички за националност? Има ли друг народ во светот или современа држава која самата  себе се деградира и дефинира како  крадец на светската и историјата на соседите? Да сме биле арамии на туѓи  култури и дека македонскиот идентитет е составен дел од идентитетите на Грција, Бугарија, Албанија што требало да се исправи со добрососедските договори кои не турнаа длабоко во културолошко-цивилизциска мизерија и понизност? И пак да не умреме од срам заради својата неукост и наивност?

Ни се повторува случајот со Егејска Македонија, а ние ама ништо не научивме од историјата.

Драги мои, ситуацијава во која живееме има свое минато и рапиден развој. Иако со видливи знаци дека нешто страшно ни се подготвува зад  грбот, ние "храбро" верувавме дека такво нешто е невозможно, зошто сепак имаме младо раководство кое никогаш нема да забега толку далеку и дека прво што им лежи на срце е потврдено со свечената заклетва дека лојално ќе го почитува македонскиот Уставен систем и дека ќе ги брани македонските национални интереси, а после се' друго по ред.

Меѓутоа испадна дека такви правила на однесување за Зоран Заев и Никола Димитров не важат и дека биле застарени. Дека да се биде чесен, морален, етичен и лојален патриот кој си ја сака татковината и својот народ, не бил добар модел на однесување за нив, што наскоро и се покажа дека тие биле во право, а ние сите наивни и во заблуда.

Но сепак, најголемата измама ни дојде од ВМРО-ДПМНЕ, чие раководство зад грбот, заедно со СДСМ ни работеше и се' уште работи против македонските национални интереси.

Прашањето дали доколку дојде на власт во државата ќе го поништи  Преспанскиот договор со Грција, со Бугарија и тиранската платформа со Албанците, до денес остана   без одговор!

Ех, г. Мицкоски, и премногу го потценивте македонскиот народ за да  поверува во вашите "чесни" намери. Тоа во никој случај лојален Македонец не би го направил. А вие? Дали сте лојален Македонец на народот за кои тврдите дека го претставувате? Во исто време не може да се биде "лојален"  на својот народ, а при тоа активно да работите против македонските национални интереси, зошто биле папучно врзани со ЕУ и НАТО, два најголеми и докажани наши непријатели!  Во овој случај г. Мицкоски, глас за вас би бил глас за Заев и Заевизмот. А тоа е невозможно за сега!

И така  ВМРО-ДПМНЕ  од столб во кој народот веруваше и беше сигурен дека само таа ќе може да изнајде одбранбени механизми за заштита на државата и безбедноста на Македонците, стана десна рака на Зоран Заев за разнебитување на Република Македонија. 

Бевме со децении замајувани со некоја економска обнова, работни места, благосостојба за младите и блиска соработка со иселениците како втор одбрамбен ешалон, во случај на потреба. Впрочем, тоа замајување му даваше време на Заев и Димитров да си ги завршат задачите договорени со нивните надворешни наредбодавци.

И се случи внатрешна  велеиздаја. Инфилтрираните бугарофилски елементи пак дигнаа глава  и заедно со СДСМ, направија со Република Македонија и со нашиот национален идентитет тоа што го направија.

Направија тоа, што никогаш не  успеаја во времето на правите ВМРО-вци и вистински патриоти, освен за време на Илинденското Востание 1903, со убиството на Гоце Делчев  и исфорсираното  и недоволно подготвено востание. И така денес имаме ДПМНЕ, кое не е еквивалент за Гоцевата ВМРО 1893.

Не беше за џабе залепена додавката ДПМНЕ. Имаше своја цел за да и' се промени улогата и од револуционерна да постане организација со која раководат луѓе со подруги идеи. Затоа и останавме без ефикасен одбранбен штит.

ВМРО уште по осамостојувањето беше на ударот на македонските непријатели, но требаше да се дочека некоја трансформација, Лавот да постане Пудлица и да се крене во перфидна игра кон уривање на државата и обезличување на Македонците. И го дочекавме и тоа време, кога новите раководители на ДПМНЕ тргнаа по пат кои го имаме денес. По пат одамна трасиран од старите кодоши и велепредавници.

И така конечно ВМРО 1893 исчезна, а македонскиот народ конечно беше доведен на рамен терен без заштита и ранлив како никогаш до сега.

Да е тоа така, имаме многу примери кои ја докажуваат нелојалноста на раководствата на ДПМНЕ, почнувајќи од Љупчо Георгиевски до Христијан Мицкоски кој одамна си ги покажаа роговите дека работат заедно со Заевистите од СДСМ и албанските политички партии во Македонија на конечно растурање на Македонија како национална држава на Македонците. 

Затоа можеме слободно да речеме дека голем дел од членовите на ДПМНЕ се активни учесници во разнебитувањето на македонската држава и дека постанаа квислинзи на своите надворешни наредбодавци и заедно со СДСМ,  гробари на својата татковина. Зошто? Па затоа што не можат да порекнат дека незнаеле или се' уште незнаат што им работи нивното мудро раководство.

Македонија, драги мои помина низ многу тешки периоди и остана жива, па и овој пат ќе најде начин да се справи со новите изроди, кодоши, велепредавници и разни измислени вируси за полесно манипулирање со неуките.

Секој ќе си  добие по нешто: НЕКОИ  КОЛАЦ А НЕКОИ И КОНОПАЦ! Без сомнение! (Иван Мажураниќ).

Секогаш ваш, Сотир !

Игор Чавески

ЗАЕВ И ДИМИТРОВ СЕ НА ВЛАСТ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И ЈАЗИК

 

25 АПРИЛ 2020

Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонски народ. Заев и Димитров преку прикривање на вистината треба да ја остварат задачата заради која и се донесени на власт, а тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

***************

Ова во интервју за "Република" го тврди професорот Јован Донев кој е и поранешен дипломат. Според него, власта ќе игра на истата карта како со Грција, а тоа е постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања, а сето тоа ќе го претставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.

Деновиве се појави документ од заклучоците на Советот на Европската Унија за Македонија. Во нив Бугарија бара Македонија да се откаже од грижата за македонското малцинство во Бугарија како и откажување од користење на терминот македонски јазик. Зошто власта го криеше овој документ?

ДОНЕВ: Доволно е да се види последната изјава на г. Заев дадена за загребачки "Вечерњи лист" за да ви стане јасно. Тој за овој весник по кој знае кој пат ја повтори лагата дека преку договорите со Бугарија и Грција зацементирани се македонскиот јазик и македонската нација. Нешто што воопшто не е точно! Република Бугарија во ниту еден момент не признала  постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. За Република Бугарија и за нејзината официјална историографија населението од просторот на Република Македонија, како и деловите кои живеат во Пиринска Македонија, Албанија и Грција се дел од бугарскиот народ. И ова не е нешто што не им е познато и на Зоран Заев и на Димитров. Меѓутоа тие треба преку лажење на Македонците, преку прикривање на вистината, да ја остварат задачата заради која и се донесени на власт. А тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

Излегуваат ли полека на виделина штетните одредби од договорот за пријателство и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија? Која е крајната цел на Бугарија. Дали можеби тоа е создавање на нова т.н. северномакедонска нација и јазик?

ДОНЕВ: За јавноста да. Таа допрва ќе ги согледа глупостите кои ги направи владата на Заев со потпишување на овој договор. За познавачите на односите помеѓу Македонија и Бугарија, последните изјави на бугарскиот врв не донесоа изненадување. Тоа се очекуваше. Бугарската позиција е сосема јасна. За неа примарен интерес е прифаќање на нејзината вистина, а таа е дека се што живее или живеело на просторите на Македонија се или биле Бугари. Што од тука натаму ќе се случува во Република Македонија, нејзе не ја интересира, исто како што не е интересира ниту Грција. При ова, треба јасно да се има во предвид фактот дека ниту може да се формира нова северномакедонска нација, ниту може да се кодифицира нов северномакедонски јазик. Резултат на целосното прифаќање на бугарските услови ќе биде постоење на држава во која ќе живеат делови на два народа албанскиот и бугарскиот.

Зошто власта се обидува да го релативизира ова барање на Бугарија со тоа дека тоа било изолиран став на една членка а не официјален став на Унијата? За потсетување, сегашната власт кога беше во опозиција тврдеше дека блокадата од Грција поради спорот за името е став на целата ЕУ а не само на една земја?

ДОНЕВ: Тоа е пропаганден трик. Власта воопшто не ги релативизира бугарските барања. Да беше така таа немаше да потпише ваков договор. Напротив, власта ќе игра на истата карта како со Грција. Постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања. И сето тоа ќе го претставува како борба за за зачувување на македонскиот јазик и идентитет. Едноставо, при проценките на позициите на владеачката гарнитура на СДСМ и нејзините потези, секогаш треба да се има во предвид една работа и г. Заев и г. Димитров при преземањето на власта имаа една и единствена цел: Деноминирање на македонската нација. И толку! Па самиот г. Димитров јасно и гласно кажа дека целосната имплементација на договорот со Бугарија е последната фаза во решавањето на македонското прашање.

Дали можеби притисокот на Бугарија е една од причините зошто уште не е одреден датум за почеток на преговорите со Македонија?

ДОНЕВ: Една од причините да! Министерката за надворешни работи на Бугарија, госпоѓата Захариева, уште во октомври минатата година јасно ги стави на знаење бугарските позиции. Да! Бугарија подржува носење на одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, но Бугарија ќе се согласи со одредување на датумот за почеток на преговорите под три услова: 1. Јавно откажување на Македонија од постоењето на македонското малцинство во Бугарија, 2. Информирање на сите членки на ООН дека службен јазик е јазикот на државата, а не македонскиот јазик и 3. Изјава на Република Албанија дека на нејзина територија не живее македонско малцинство.

https://republica.mk 

 Горан Шумкоски-Меѓународен експерт

ПО ВРВИЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 24 декември 2017 

 

ЗАПИСИ ОД СРЕДНА АЗИЈА

Оваа приказна за  денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на реката Аму Дарја сосема случајно и попатно со мојата професионална кариера како меѓународен советник. На почеток веднаш да напоменам дека не отидов таму со цел да ја барам Македонија, ниту пак моето типично образование од 70-те и 80-те години ме подготвило и да помислам на постоење на таква евентуална можност за постоење на Македонски траги во Средна Азија. Напротив, доаѓајќи од Лондон, на прашањата од каде доаѓаш, за да не компликувам одговарав од Англија, не очекувајќи дека некој во беспаќата на Средна Азија ќе ја знае мојата мала татковина Македонија. И секогаш кога краткиот разговор ќе се оддолжеше на подолго од минута-две, на подпрашањата на секогаш љубопитните домаќини за моето име, родно место велев Македонија, што предизвикуваше блесок во очите на соговорниците како кога ќе се сретнат со нешто старо и препознатливо. И така веќе на почетокот разбрав дека во Средна Азија, Македонија е попрепознатлив бренд  од Англија. А во некои делови како например Памир (Горно Бадакшан) кога ќе речеше јас сум Македонец, во шега, а според нивните легенди и со многу вистина луѓето ти одговараат со брат и јас сум Македонец. Но, нејсе и по ред. 

Во 2003 година отидов да водам еден меѓународен проект на југот на Узбекистан во двете јужни провинции Кашкадарја и Суркундарја вдолж реката Аму Дарја која е природна граница со Авганистан. По стигнувањето во Ташкент и на пропатување кон југ првата недела веќе случајно се сретнав со еден драг човек, Виктор, син на Македонец од децата бегалци после Втората светска војна. Сместен во регионалните главни градови Термез и Карши заедно со 60-тина локални вработени помагавме во 40 населени места со поправка на школи, амбуланти, мостови, пумпи за вода итн. Интересната и благородна работа носеше многу позитивна енергија но и понекои расправии со некои од мештаните за (не) квалитетот на нивната работа. За илустрација, организацијата даваше неколку илјади долари за материјали а мештаните требаше да најдат свои мајстори кои ќе ја реновираат да речеме амбулантата или училиштето. Некои го правеа тоа многу добро, некои го правеа по нашки речено фушерајски и моите колеги знаеја дека прилично се лутам за такви работи и велев ова догодина ќе падне и ќе биди и полошо од што беше.

По завршувањето на овој проект се префрлив на работа во соседниот Таџикистан и шоферот од организацијата кој ме возеше до главниот град Душанбе, познавајќи ме добро ми рече, сега по патот ќе ви покажам една стара македонска градба што нема да падне догодина, а за која малку луѓе во светот знаат освен  тукашните. Застанавме некаде на половина пат од градот Термез во Узбекистан до границата со Таџикистан покрај еден мост на главниот пат. Излеговме и пешки некаде сто метра нагоре кон планината стои мост од бело црвени тули, во околината зарастена во жбуње, стои цврсто, со еден голем лак. Мост изграден од Александар Македонски. Градот Термез бил освоен од страна на Александар Македонски во 329 пне а Александар во близината во месноста Кампир Тепа го изградил градот Александрија Оксиана со моќни sидини и порти. Ова беше почетокот на познатиот поход на Александар Македонски од Персија преку денешен Узбекистан кон Согдија и нејзината столица Мараканда во денешен Таџикистан.

И така почна моето долгогодишно патешествие по врвиците на Александар Македонски низ Средна Азија и средбите со историските трагови а уште повеќе со духовните следи кои се до ден денес живи кај денешните жители на овој прекрасен дел од светот. Воедно Узбекистан стана мојата прва средба со измешаноста на народите во Средна Азија, каде многу Таџици живеат во Узбекистан и многу Узбеци во Таџикистан. Историјата на Бухара и Самарканд центрите на средновековната наука, математика, астрономија, култура и уметност се предмет на спор меѓу денешен Таџикистан и Узбекистан. Мојот возач од Термез, гордо ми го покажа својот нов пасош во кој првпат им дозволиле да им пишува државјанство Узбекистан а националност Таџик. Но  така и почна мојата длабока врска со овој регион на прекрасни и добри луѓе кој остави длабоки траги во мене засекогаш да се чувствувам дома а и на кој јас оставив свои длабоки траги.

Таџикистан е планинска земја со неколку географски одделени региони како Сугд на север, Катлон на југ а и за нас посебно интересниот Памир или Горно Бадакшан во југоисточниот агол на границата кон Кина и Авганистан. Така и историски овие денешни региони влечат корен од двете ханства (канати) Согдија на север и Бактрија на југ. Главниот град на Согдија, денешната област Сугд е Хуџанд, во советско време Ленинабад, пријатен град на брегот на Сир Дарја, најголем индустриски центар во советски Таџикистан и покрај тоа што  Душанбе бил и е официјалната престолнина. Градот пишува и еден друг дел од воената историја со тоа што бил центарот за производство на атомски бомби на Советскиот Сојуз. За истиот тој Хуџанд, секој Таџикистанец со големо задоволство ќе ви раскаже  и без да го прашате прв пат е основан како град од Александар Македонски и бил наречен Александрија Исхата, Александрија Восточнаја, значи најисточниот град кој Александар го основал. Кога Александар дошол во Согдија, како дел од својата традиција на воено завземање се оженил со Роксана (Равшан на Таџиски) ќерката на Согдискиот Хан со која подоцна имал и син. Имав можност и многу пати да поминувам низ местото од каде што била Роксана, а и секој Таџик ќе биде среќен да ве упати каде да го најдете тоа место.

По првичното завземање на Согдија од страна на Александар дел од Согдијските војски избегале на исток на територија на денешната Киргизска Република и подолго време вршеле краткотрајни напади врз Македонската војска и брзи повлекувања назад. Александар решил да стави крај на таквите десанти и тргнал кон денешниот Киргиски град Ош да ги доразбие Согдијските војски. Согдијците, вели историјата, се собрале заедно и се искачиле на високото стратешко место наречено Голем Камен каде што се снабдиле со вода и храна за неколку месеци. Голем Камен бил само од една страна пристапен а сите други  страни биле скоро 90 степени стрмни и невозможни за искачување така што Согдијците без проблеми се бранеле подолго време. Легендата вели дека една приквечер Александар одбрал група војници и им дал задача ноќта да се качат над Согијдиските војски по најстрмната страна. Следното утро изненадувањето на Согдијците било огромно кога се разбудиле и виделе дека на Голем Камен уште повисоко над нив група Македонци со мечеви и набргу се предале.

Исто така легендата која секој Киргиз од најмладиот ученик до секој 90 годишен старец ќе ви ја раскаже е дека Александар бил и кај нив. И тоа со таков ентузијазам како само вчера да бил таму и само за малку и не сте се сретнале. Приказната е дека војниците на Александар се разболеле додека биле во регионот на Ош а поточно до најголемата природна ореова шума во светот Арсалнбоб и дека една бабичка сварила лек од лисјата на оревот и дека војниците оздравеле.

А кога тргнуваш од Хуџанд на југ кон Душанбе меѓу два планински превои и двата високи од над 3.500 метра надморска височина, ако направите дополнителен труд можете да го видите планинското езеро Искандар Кул (Александрово Езеро) во кое според легендата загинал и засекогаш останал коњот на Александар, Букефал.

Во Таџикистан живеат околу 7 милиони луѓе од кои само 300.000 на планинскиот и тешко достапен регион Памир кој пак зафаќа 45% од територијата на државата. Памирците во времето на Советскиот Сојуз имале најмногу доктори на науки по процент на население во целиот Советски Сојуз. Кај овие наши драги Памирци до ден денес е жива легендата и тоа секој Памирец ќе ви го каже, дека тие или барем некои од нив се потомци на војниците на Александар Македонски. И да нема забуни, никој нема да ја спомене Грција таму, тој наш банален Балкански спор таму никогаш не постоел, се зборува само за Македонци. Легендата е дека кога Александар продолжил понатаму на југ кон Авганистан, Пакистан и евентуално до Агра во Индија, војските тргнале по неколку различни патишта и дека околу 500 до 1.000 македонски војници кои оделе долж реката Пјанџ која го дели Таџикистан од Авганистан за да ја преминат, завлегле во безпаќе долго стотици километри и легендата вели, останале вечно на Памир. Ако ја погледате географијата не е тешко да се види зошто. Реката Пјанџ тече меѓу стрми планини од двете страни и после стотици и стотици километри пат не излегувате никаде, туку се качувате на Покривот на Светот-Памир од каде непрегледни и непроодни планински венци од 7 до 8 илјади метри висина кои се протегаат преку Кина до Тибет се до Хималаите од каде што од другата страна е Непал. Така и останале таму, вели легендата, се ожениле, и станале Македонци од Памир.

Македонски обичаи и во Памир

Еден друг факт дава подршка на ваквите верувања, имено Памирците зборуваат 16 различни јазици кои воопшто не се сродни со Таџикискиот јазик кој е сроден со Фарси јазикот кој се говори во денешен Иран а се одликуваат и по тоа што имаат европска физиономија. Овие 16 различни јазици се разликуваат и меѓу себе така што луѓе од едно до друго село не се разбираат едни со други, освен кога комуницираат или на таџикиски или на руски.

Ова може да сведочи за мултинационалниот карактер на Александровите војски каде што голем дел од неговите војски го сочинувале единици од земјите кои ги освојувал по патот до Средна Азија. Интересни се и топонимите на населените места како на пример Шид, Вранг, Ванч, Рушан, Горон, Бачор, Вир, Бунај, Пастуф, Хорог и тнт. како што би било интересно за лингвистите да ги проучат овие 16 јазици на Памир. Уште еден факт што ќе ве направи да се чувствувате како дома и уште една историска врска, овој пат со нашите Кирил и Методиј, е тоа што и Таџикскиот (потекло од Фарси јазикот) и Киргискиот (јазик мајка на Турскиот јазик) употребуваат кирилично писмо.

И така, без претензии кон научна или длабока анализа бидејќи за тоа треба многу голем простор, овој запис е скромен вовед во моето лично долгогодишно искуство со Средна Азија. Милион мали и големи овде неспоменати приказни ќе ги надополнуваат следните подетални пишувања. Она што мене ми остава силен впечаток е дека веројатно поради долгата историска дистанца, не постои никаква зла крв или нетрпеливост што нашите предци ги покориле, напротив, сите во Средна Азија зборуваат со гордост за Александар и тој е длабоко вткаен во нивната историја. Дури и со гордост ќе ви кажат дека од името Александар доаѓа нивното популарно име Искандар или варијантата  Скендер на Балканот. Во текот на сите овие години разбрав дека нашиот Александар покрај тоа што е наш, и' припаѓа и на светската историја вклучително и на Персијците и на народите на Средна Азија и на сите други денешни држави каде што до ден денес постои како дел од нивната историја а и од нивните легенди и митови.

Коложег.инфо 

проф. Анатолиј Кљосов

МАКЕДОНИЈА Е ЛУЛКА НА АРИЕВСКИОТ ГЕН

21 април 2018 

Германско-Езуитската измислена  Историја пропаѓа, вели Харвард професорот Анатолиј Кљосов!

*******

 

Професорот на Харвард, Анатолиј Кљосов е научник, кој е роден и работел во Русија, за да во 1989 година пребегне и продолжи со науката во Америка. Неговото поле на наука е индустриската биохемија односно употреба на ензимите, земјоделскиот отпад да го претворат во корисна материја, поточно, како со помош на ензимите, преку гликосилација, да се направи антиканцер лек. Во 2008 година почнал да се занимава со ДНК генеалогија, која наука е ставена во категоријата на псевдонаука.

Спрема истражувањата на професорот Анатолиј Кљосов, Балканот е прататковина на сите Словени, вклучувајќи ги и Русите. Со анализа на генот R1A1, кој е најчесто присатен кај жителите на така наречениот Динароидски дел на Балканот или "илирски", тој заклучил дека од тука потекнуваат сите денешни Словени, но и поголем дел од народите на Европа.

Сите скелети, од добата палеолит и неолит, пронајдени во Европа досега се од словенско потекло и сите го имаат генот R1A1, или таканаречен "камен ген", што значи дека пред 12.000 години сите жители на Европскиот континент биле Словени. Ваков стар ген, преку 40% го имаат сите индоевропски народи во Европа. Според ова, сите Словени се дојдени од Балканот и се директни наследници на синот на НОА. Прочитај повеќе овде: "Македонија-Татковина на Ариевската Раса-Macedonia-Aryan Ancestral Homeland. A.A. Klyosov".

Тој, на основа на мутација на генетската хапло група, карактеристична за Словените, заклучил дека Словените се од Балканот, но и дека индиската каста Ариевци постанала со доаѓањето на Словените на подрачјето на Индија, пред околу 3.850 години.

Професорот Кљосов исто така тврди дека сите индоевропски јазици, во кои спаѓаат сите јазици на Европа (освен унгарскиот и финскиот) Пра Словените ги имаат донесено во Индија, Иран и Авганистан.

Тие Пра Словени, со динароидски гени, кои живеле на Балканот пред 12.000 години, спрема студијата на Кљосов, после 200 генерации доаѓаат на равницата на Источна Европа и таму, пред околу 4.500 години се појавува генетскиот предок на денешните Руси и Украинци. Петсто години подоцна, доаѓаат до Јужен Урал, за после 400 години да се појават во Индија, во која и ден денес живеат 100 милиони луѓе со овој ген.

Оваа теорија, заснована на неговите ДНК анализи, ја "превртува" на глава досегашната наука за смерот на миграцијата на индоевропските народи и предизвикува подвоени реакции кај сите научници во светот.

Но, не ја "превртува" само теоријата за миграција на народите, туку фрла и ново светло на историјата и постоечките историски верувања.

Гените не лажат. Науката не може да ја сокрие вистината, може само историчарите да лажат.

Александар Македонски бил Македонец, а не Грк. Тој своето име го сочувал со милениуми. Ако е ова точно, тогаш целата античка историја ќе падне во вода, бидејќи таа историја е базирана на Грчка слава, која ватиканските  езуити ја шират преку изучување на историјата на германските универзитети.

Илијада и Одисеја не се пишувани на грчки јазик, бидејќи тој се појавил на грчките простори, 500 години подоцна.

Со ова паѓа во вода целата германска лажна пирамида, измислена историја и се гледа ватиканско-езуитската историска измислица.

kolozeg.info

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

АЦО ШОПОВ

 

 


ОЧИ 

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка на погледот срцен,
и секоја капка на твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.
Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.
Но јас знаев оти пак ќе вивнат в жарој
и борците под нив ќе цветат и раснат,
в студените утра ќе греат ко сонце
и никога нема да стијнат и згаснат.
Последната вечер в планинското село,
кај борците беа со дрипава дреа,
со пликови жешки на стапал тешки,
и смрштени чела-згасени, мразни
ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, ко здушена реа
се точеше шепот од уво до уво:
"Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку, - сал неколку души..."
И кога ко игла ти пробуде уши-
ти растресе снага и размолска тага,
со лунјени очи широки и волни
ги расече в ноќта здивените молнји!
Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш-
в смрзнатата вечер на пролетта рана,
кај нашата младост и првата радост
ја косеше луто куршумната слана,
а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
и летна во ноќта крвава и црна,-
со своите очи што ригаа пламен
ги растопи чашкум челичните зрна...
И после! И после-в последната вечер...
јас нејќам да мислам што потаму стана,
прошталниот шепот ти замрзна в усни,
ти гореа очи под веѓите густи!
Со нивниот пламен и со клетва света,
на заседа тргнав сред мојата чета.
А утринта кога зрив чела ни спраши
ти не беше веќе в редовите наши,
но сипеа борци со одмазда жолчна,
и видов! о видов - кога бојот почна
развихреа сите со твојата сила-
ко елени брзи и лесни ко птица.
А твоите очи се искреа гневно
во нивните потни, распалени лица...
Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.
********
Ацо Шопов

 

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 283, 30 април 2020

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA