Сотир Гроздановски-Македонски

  ШИФОЊЕРИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ СПОРО СЕ ПРАЗНАТ, АМА ЌЕ СЕ ИСПРАЗНАТ!

 

20 април 2020

Дури и царот Тројан се обидел да ги излаже своите поданици дека тоа што го гледаат на неговата глава не е тоа што мислат да е. Ама еден ден лија долија и падна во својата сопствена стапица.  Земјата не сака тајни и лажни господари. Најде начин на поданиците да им ја открие вистината, дека нивниот цар не е тоа за што се прикажува. Дека е најобичен лажливец со големи козји уши и дека многу негови бербери за џабе си ги изгубиле своите глави.  Но во секој случај правдата излегла на белавиделина од кога најмладото и најмудрото берберче тајната која ја носело во себе и го мачела долго, и' ја кажало на Земјата. А Земјата како мајка на се' живо родила дрвце од кое овчарчето си направило кавалче, а од кавалчето секогаш песна:  "Кралот Тројан има козји уши"! 

Е, приказнава не би можела во целост да се примени во нашиов случај, бидејќи  земјава се' уште молчи. Молчи, за да види колку големи козјите уши на нашиот "Цар" Заев ќе му нарастат, за некој со мустаќи да му ги скуси за секогаш. Меѓутоа, според штетата која е направена врз достоинството и честа на македонската држава и на Македонците дома и надвор, ќе ни треба подолго време за да ја истребиме "чумата", заедно со царот Заев, од жална Македонија. Без сомневање и тоа ќе дојде, кога ќе се случи: НАРОД! Се работи за Зоран Заев од Муртино, за чии досегашни злосторства нема казна која би била престрога! 

За нас, обичните луѓе, кои сметавме дека некои нешта невозможно е да се случат тајно и зад  нашите грбови, сепак се случија. Се најде квалифициран криминалец и тешко болен лажливец, кој ете, испадна по ербап од цел еден двомилијунски народ. 

Но, пред правдата секој мора да стане простум и да одговара за своите недела сторени било кога на Дуњава. Од неа никој не куртурил, па ниту Зоран Заев ќе куртули. 

Во што е работата? Работата е во гнасните заткулисни игри и преговори на Зоран Заев со Еди Рама како да се сврти вниманието на светот на нешто неостварливо а во меѓувреме да се трансформира Република Македонија во Илирида, нова албанска држава, со што конечно би го решиле старото "македонско прашање на Балканот". Тие погани и криминални планови на двајца балкански квази политичари кои ги испробавале своите способности во високата светска политика, само ги подгрееа апетите на Албанците за уште поголемо парче туѓа земја, што може да им се врати како бумеранг и го изгубат и тоа што веќе го имаат како натрапници на Балканот.

Впрочем, однесувањето на Албанците не би требало да не чуди, како и однесувањето на "Грците" и Бугарите. Тие секогаш биле таму, каде може нешто да се земе, а да не се плати. Или нешто да се "даде" и стопати наплати! 

За нивното непримерено и нецивилизовано однесување можеме да ја бараме вината  само во нас самите, зошто си дозволиме да ни ја водат државата, верувајќи во вистински соживот и добри намери. Меѓутоа, кога домаќинот и измеќарот си ги заменат своите обврски во домаќинството, не може да биде подруго. Што се вели, како ќе си постелиш, така ќе си легниш. Но тоа не мора да биде така, ако се разбудиме дури не е доцна. А, скоро да е и предоцна! Драги мои!

Тајните разговори на Зоран Заев со Еди Рама за создавање на Илирида, албанска држава во Македонија се  доволна причина овој криминалец да го снема од македонската политичка сцена. Неговата понизност пред Еди Рама е срам без преседан прво за него самиот, ама и за нас, што пред нашите очи ја играше својата гнасна игра, со погубни последици по безбедноста на македонската држава и нашите национални интереси, а никој не реагираше на време. Се разбира Зоран Заев немаше и нема интелектуални капацитети сам да измисли и спроведе такви планови, ама затоа неговата маленкост во рацете на странските планери за Македонија постана проблем, кој се' уште трае!

Па, драги мои, ако со оваа констатација се сложиме, во тој случај сите ние, кои се тапкаме во градите и колнеме дека ќе ја браниме  мајка Македонија, постанавме свесно или несвесно,  соучесници во нашата самоиндуцирана трагедија.

И ако секој ден од неговите шифоњери испаѓа по некој нов скелетон, нашите "врвни" политички лидери абер немаат што да чинат. Затоа пак политички партии од по неколку стотини недоволно информирани луѓе секој ден како печурки се појавуваат на политичката сцена во државата, кои со реторички ветувања и убедувања, небаре  ќе ја променеле ситуацијата во земјата и Македонија ќе ја врателе назад каде си била, барем пред 30-тина години.

Во оваа игра без граници добра предавничка улога изигра и се' уште си игра и лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој бесрамно одбива да даде дециден одговор дали е за раскинување на "добрососедските" договори со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија.  Мицкоски упорно ги игнорира и услугите на познати домашни и светски правници кои нудат решение за македонскиот проблем со името на државата и националниот идентитет на Македонците, избегнувајќи го правиот одговор, бидејќи  и самиот со својата висока свита од ДПМНЕ е учесник во досегашното разнебитување на Македонија. Неговото молчење и постојано инсистирање на лагите дека Македонците од секогаш биле за ЕУ и НАТО, и по секоја цена, го прават поголем велепредавник дури и од Заев, и ако со рефрендумот кој и самиот го саботираше, знае дека тоа не е точно.

Велам поголем велепредавник и од Заев, зошто перфидно си ја одработува заклетвата пред меѓународната заедница дека нема да се меша во работите на Зоран Заев и нивните пеколни планови.

И тоа зборува нешто за менталитетот на дел од нашиот народ кој се' уште среќата ја бара во такви како Заев, Никола Димитров, Шеќеринска, Фрчковски, зошто "паметните" и понатака немаат време, а ниту искрена волја за соработка и заедничка борба против СДСМ, но и ваквиот ВМРО, во кој и денес прстите на сите предавници, почнувајќи од 2001 година наваму  длабоко се вмешани.

А како и да не, кога самиот Мицкоски води политика спротивна на ВМРО како темелна македонска политичка организација која секогаш била столб на одбраната на Македонците и кога не сме имале своја држава. А како и да не, кога и самиот "лидер" упорно ги игнорира советите и услугите на редица домашни и надворешни правни експерти за еднострано раскинување на договорите со Грција, Бугарија и Албанците, со цел ситуацијата да остане таква каква ја замислиле да биде  странските амбасадори, Заев, Никола Димитров, но и таканаречената македонска опозиција во лицето на ДПМНЕ.

Во овој случај, кога Македонците нема повеќе во кого да веруваат, треба да се свртат кон самите себе, ако не сакаме срамотно да исчезнеме под притисок на дивите орди и нецивилизирани примитивци кои не опкружуваат. Треба да се случи  "НАРОД"!

Македонците, сепак, и поред се'  очекуваат да се случи заедништво на сите тие силни повеќебројни партии од македонскиот блок со цел на следните парламентарни избори, како трета и најсилна група, да ја преземат иницијативата за самоспас и за спас на тоа што преостана од угледната македонска национална држава, создавана со крвта и коските  на најдобрите ќерки и синови кои икогаш Македонија, во најново време, ги имала.

Најверојатно трикот на глобалистите  со Корона вирусот вроди плодови и народски речено, ги парализира до вчера гласните водачи кои ветуваа борба против неправдата и криминалната Власт на Зоран Заев. И сега кога ги има доволно за заедничка борба, нема кој да ги обедини, а без тоа е дување во празно и илузија!

Овој пат ги прашувам водачите на поголемите партии од македонскиот блок меѓу кои и "Интегра", "Родина", Социјалистите на Апасиев,  потоа "Глас за Македонија" на Солза Грчева, па "Македониум", "Македонска Народна Партија", "ГДОМ" и многу други, која е  целта на вашето раѓање и постапно умирање во својот сопствен срам?  Како   мислите да му помогнете на Македонија и на својот народ, ако не сте во состојба  да седнете на заедничка софра да се напиете барем кафе, па дури и на моја сметка, и после да тргнете во последни подготовки на заедничкиот план како да го урнете фашистичкиот режим кој ни се заканува со поголеми насилства после изборите, и докусурување на Македонија на начин како им ветија на Грците, Бугарите и дека знамето на Албанците ќе биде поголемо и повисоко од македонското. Но и уште посериозно, дека градоначалникот на Скопје нема да ја напуштел должноста се' дури не добиел зелено светло да ги збрише спомениците од Скопје 2014, заедно со најубавата фонтана на светот  и споменикот на Александар Трети Македонски, најголемиот симбол на Македонците и државата македонска. И така, драги мои, живееме со диви и приглупи лигуши и полуписмени мангупи, од кои може да се очекува само тоа што веќе го прават зошто им се може и бидејќи нашето молчење и нереагирање ги прави посилни, до лудило!

За секогаш, Ваш Сотир!

Благојче Атанасовски

ТАЗИ ДУПКА НЕ Е ДУПКА, АМА НЕ Е НИ БУГАРСКА

 

Бугарскиот универзитетски професор по културна антропологија на софискиот универзитет "Св. Климент Охридски" во едно кратко, но многу аргументирано интервју ги отфрли ретроградните, деструкривни и негаторски позиции на Бугарската академија на науките (БАН), во однос на класификацијата на македонскиот литературен јазик како "книжевна норма и југозападен дијалект на бугарскиот официјален јазик". Оваа конквистадорска теза од страна на научната мисла кај нашиот источен сосед не е нова, напротив, таа е основата на постоењето на бугарскиот национален наратив во изминативе повеќе од сто години. И во времето на царот, и во комунистичкиот период, и во демократијата, ставовите на бугарските учени се константа. Тогаш, како во  "името на Договорот за добрососедство и пријателство", потпишан од премиерите Заев и Борисов, да се најдеме на заедничка страна, да се разбереме како нормални и цивилизирани соседи, кои се наоѓаат на европскиот континент, едниот дел од големото европско семејство (ЕУ), другиот, т.е. ние претенденти за влез во тој сојуз, кога "процесот" е толку голем што формира безда, а не мост на разбирање и меѓусебно уважување?! Дали е нормално, во дваесет и првиот век една суверена држава на друга да и' го оспорува правото на себеидентификација и јазична и национална диференцијација? Природниот пат на создавање на еден национален јазик!

Јазикот е жива материја и тој низ вековите и низ децениите еволуирал, за во една историска временска точка да ја доживее својата кулминација, формирајќи се како стандардизиран, официјален и кодифициран, најчесто кога определен народ конституирал своја државна заедница. Впрочем и бугарскиот јазик е настанат и е формиран во периодот кога Бугарија се ослободила од отоманското ропство и истиот бил создаден како таков, од тогашните  бугарски учени. Денешниот бугарски модерен јазик за основа  ги зема великотрновските северни говори, кои се стотици километри  оддалечени од македонските централни наречја, кои пак се основа за денешниот стандардизиран литературен јазик, оној на Блаже Конески.

Уште Ѓоргија Пулевски, па Димитрија Чуповски по него, за на крај "македонскиот Аристотел", односно таткото на македонизмот Крсте Петков Мисирков, во текот на деветнаесеттиот и почетоците на дваесеттиот век ја изнеле потребата и нужноста од создавање на еден нов македонски стандардизиран јазик, различен од официјалниот бугарски, бидејќи македонското население, особено тоа западно од Вардар, не го разбира бугарскиот јазик, кој како што напоменав, коренот му е во Велико Трново, област во североисточна Бугарија, под реката Дунав. Всушност, тезата на многу лингвисти, историчари и историографичари е дека токму земањето на трновските дијалектолошки говори за основа на бугарскиот јазик е причината која македонските преродбеници ја создале тезата за создавање на одделен македонски јазик, а токму Мисирков е тој кој ја пласира теоријата дека македонската нација, а следствено на тоа и македонската држава ќе се создаде единствено и само ако се создаде прво македонски официјален јазик.

Таму каде што застана Мисирков, продолжи Блаже Конески. На крајот од денот денеска македонскиот литературен јазик е официјално признат и од Обединетите нации, како засебен, посебен свој јазик, дел од групата на јужнословенските јазици, рамо до рамо со бугарскиот, српскиот, хрватскиот. 

Во денешните независни држави Црна Гора и Босна и Херцеговина има процес на создавање на посебни и одвоени црногорски и босански јазик, кои досега исто имаа третман како "дијалекти на српскиот јазик". Едноставно со создавањето на независна Црна Гора, природен процес е да се создаде и литературен црногорски јазик. Впрочем во поранешната југословенска федерација овие јазици "не постоеја", односно не беа признати како посебни јазици. Такви беа словенечкиот, српскохрватскиот (кованица) и нашиот, македонскиот.

Јазикот е мост на разбирање, не на прости, примитивни, балкански кавги!

Колку  бизарно да звучи, денеска многу повеќе младите Македонци и Срби се разбираат меѓу себе кога општат на македонски и српски, одошто младите Македонци и Бугари. За тоа си има причини: четириесет и пет години заеднички живот во состав на Југославија, но и јазичната музичка и културолошка "инвазија" на српски јазик во Македонија, во последните три децении и покрај тоа што српскиот и македонскиот јазик драстично граматички, лингвистички и лексички се разликуваат, за разлика од македонскиот и бугарскиот кои се корено многу поблиски. Во свое неодамнешно интервју претседателот Стево Пендаровски го постави прашањето за културолошкиот "берлински sид" кој постои помеѓу двете земји, поставувајќи го прашањето за ужасната инфраструктурна поврзаност и недостатокот од бугарски телевизии, весници и програми во Македонија и повикувајќи сето ова да се промени, за да создадеме вистински добрососедски односи, а не изнасилени преку некој официјален документ наречен "Договор за добрососедство и пријателство". 

Драги соседи Бугари денеска еден жител на Варна со еден Битолчанец тешко дека ќе можат толку лесно да се разберат, особено ако зборат брзо разговорно. Истото важи и за еден Кумановчанец со граѓанин на Добрич. Нека ги оставиме настрана историските фрустрации, митологизации и големи напластени комплекси. Минатото не може да го промениме, но ако учиме од него, можеме да ја креираме и обликуваме нашата заедничка иднина. Со вакви ретроградни и нападни соопштенија на БАН, се повеќе ќе создаваме непотребна омраза и гнев помеѓу себе си и ништо добро нема да постигнеме во нашите добрососедски односи. Сето тоа води во директна корист на некои други наши соседи, а на наша директна штета. Се поставува прашањето толку сме слепи, неуки, та дури и прости тоа  да не го забележиме и видиме, односно да не осознаеме и да сфатиме што всушност сами себе си правиме?!

https://www.signal.mk

https://media24.mk

ЕДИ РАМА И ЗОРАН ЗАЕВ ПРОТИВ СРБИЈА И ПРОТИВ РУСИЈА

 24 февруари 2018

Западните служби забележале скандалозни детали од договорот помеѓу Заев и Рама. Заев прифатил да ја обвини Србија за геноцид, заедно со Албанците да и' "објави" војна на Русија и од Македонија да се направи Илирида. 

*************

Албанскиот премиер Еди Рама и новиот Претседател на македонската влада зоран Заев, при крајот на Декември и почетокот на Јануари договориле заеднички да "удрат" на Србија, да и "објават војна" на Русија и да ја трансформираат Македонија во албанска држава Илирида! - пишува Информер.рс.

Ова стои во строгодоверливиот разузнувачки материјал до кој доаѓа ексклузивно Информер.рс.

Станува збор за службена преписка на две западни тајни служби во која тие ги опишуваат средбите и тајните разговори на Рама, Заев и лидерите на албанските партии во Македонија.

РАМА ГИ ДИКТИРАЛ УСЛОВИТЕ

Еден од состаноците кој се опишува во оваа документација е средбата на Заев и Рама во хотелот "Династи" во Тирана во кој на почетокот на Јануари присуствуваа претставниците на албанските партии од Македонија.

На почетокот на овој разговор Рама јасно му ставил до знаење на Заев, дека доколку ја сака подршката на Албанија за формирање нова Влада, мора да исполни неколку услови:

- Зоране, Вие сте должни да ја почитувате и исполнувате волјата на албанските гласачи, кои ја изразија на вонредните парламентарни избори во Декември. Држете се до Охридскиот договор, а ако тоа не биде извршено, Зоране, во Македонија нема да има мир! Тогаш тоа ќе се решава на друг начин и со други средства. Ви препорачувам на сите да се придржувате на албанските ставови...затоа што само во тој случај ќе бидат постигнати конечните цели, Сојуз на Албанија со федералните држави. Вчера од нашиот драг пријател Доналд Луо добив подршка која ќе овозможи да се пристапи до потполна реализација на нашата заедничка задача. Како резултат на тоа, таа реалност треба да ја прифати и Груевски и Иванов или и нив нема да ги има! Неопходно е да и' се скрши кичмата на Русија на Балканот! Тоа е клучниот момент, тоа е интерес на целиот Запад! Проектот за гасовод преку Турција, Грција, Македонија и Србија треба да биде оневозможен-рекол, дозбор Рама.

Новиот македонски премиер Заев, кој дојде на Власт неколку месеци подоцна, му одговорил на Рама дека се плаши дека таквите планови може да ги замрси "руското и српското влијание на Балканот".

Рама, му порачал дека не треба да има ни најмал сомнеж за реализирање на ова сценарио бидејќи ја има подршката на американскиот амбасадор во Македонија и во Албанија, Џес Бејли и Доналд Луа.

Албанскиот премиер Рама, рекол, дека инсистира македонската влада да усвои резолуција за наводен геноцид над Албанците во Македонија од 1912 до 1956. Заев на тоа му одговорил:

- Можеме целосно се' да реализираме, но само ако успееме за сето тоа да го обвиниме српскиот елемент и на тој начин да се отстрани понатамошното српско влијание во Македонија...

Сосема интересно е што на еден од состаноците со Рама, Заев му рекол на Рама, дека за реализација на овој пеколен план обезбедил подршка и лобисти и од одредени медиуми во Бугарија и Србија.

- Во Србија веќе разговарав со Башановиќ, тој човек има големо влијание на српските медиуми. Ќе имаме подршка и во "Курир" (српски) и на телевизија Н1, а во Бугарија ќе не покрие Цветан Василев со уште поголеми медиумски ресурси-му рекол Заев на Рама.

УПЛАШЕНИОТ ЗАЕВ

 Во документацијата до која доаѓа Информер.рс се споменува дека Еди Рама во еден разговор му рекол на Заев дека, доколку биде потребно, ќе исценираат обид за атентат врз него.

- Во случај, да се крене јавноста против нашиот план, доколку почнат напади врз државниот проект Македонија која треба да се трансформира во Илирида и како таква влезе во ЕУ и НАТО, ние Зоране тебе ќе мораме да те претставиме како жртва, ќе изведеме еден напад и така ќе го свртиме народот на твоја страна...-објаснува Еди Рама. 

Informer.sr

 

КАКО Е ИЗВРШЕН ГЕНОЦИДОТ ВРЗ ЕВРЕИТЕ ВО СОЛУН

Пишува: Блаже Миневски

(3)

 

ГРЦИТЕ ГО КОРНЕЛЕ ПАРКЕТОТ И ГИ РУШЕЛЕ SИДОВИТЕ БАРАЈЌИ ЗЛАТО

Депортацијата на Евреите, според проф. д-р Мазовер, практично започнала со доаѓањето на заменикот на Адолф Ајхман, Ролф Гинтер во Солун. Тоа било во јануари 1943 година кога првпат официјално лице на злогласниот оддел 4-Б-4, Одделот за еврејски прашања од канцеларијата за безбедност на Главниот рајх, доаѓа во Грција. Веднаш по пристигнувањето, Гинтер побарал информации за еврејската заедница во градот, ги собрал списоците и веднаш заминал во Берлин. Неколку дена подоцна, Ајхман му наредил на еден од своите најблиски соработници, Дитер Вислисени, да замине за Солун и со воената админстрација да најде "конечно решение за еврејскиот проблем во градот". На пат кон Солун, во Виена, на Вислисени му се придружил хопштурмфирерот Алојз Брунер, кој бил задолжен за техничките аспекти на депортациите. Според планот, целата работа требало да заврши за шест до осум неделе. По неколку дена, на шести февруари 1943 година, Вислисени и Брунер, во придружба на околу сто припадници на германската полиција, стигнале во Солун и се сместиле во дрвена вила каде што веднаш истакнале големo СС-знаме. Два дена подоцна, во понеделникот на осми февруари, го повикале главниот рабин д-р Корец и му наредиле сите Евреи сами да сошијат и да стават жолта sвезда на облеката, да ги обележат своите продавници со голема црна sвезда и да се соберат во гетата што ќе бидат одредени. Сето тоа морало да биде завршено до 25 февруари 1943 година, до кога големите црни sвезди со шест краци биле нацртани на sидовите, кои ја означувале границата на гетата.

ОД СОЛУН ДО АУШВИЦ ЗА ШЕСТ ДЕНА!

Весникот "Апоевматини", контролиран од грчки фашисти, со задоволство објавил дека "улиците се исполнети со јасни sвезди носени од валканите "Евреи". Во меѓувреме, грчката фашистичка градска полиција, под команда на грчкиот соработник на СС, фашистот Даскарис Папанаум, ги затворале еврејските продавници, конфискувале и ги тероризирале сопствениците. Дваесетина дена подоцна, на 15 март, била поставена првата композиција од триесет вагони на железничката станица, сточните вагони биле отворени и депортацијата почнала. Следниот ден, во неделата, заминала уште една композиција за Аушвиц. Патувањето од Солун, преку окупираното Скопје, Белград и Будимпешта траело шест дена. Самиот Симонидес, гувернер на Северна Грција со седиште во Солун, издавал наредби на жандармите и другите свои цивилни службеници да им асистираат на луѓето на Ајхман, а марионетската грчка влада воопшто не се противела на идејата за целосна депортација на солунските Евреи.

Владата со тоа сакала да ја постигне и својата цел: да го олесни доселувањето од Тракија и од островите на нова маса луѓе, кои ќе го променат во целост етничкиот состав на населението во градот.

ГРЧКИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА АДОЛФ ХИТЛЕР

Во секој случај, веднаш штом одредена група Евреи ќе биле депортирани, довчерашните сограѓани Грци веднаш влегувале во нивните куќи, го ваделе паркетот и ги рушеле sидовите и таваните, надевајќи се дека ќе најдат скриени вредни работи. Во таа акција особено се истакнувале Никос Стергаидас и Пери Николаидес, кои им вршеле услуги и на Германците, па по порачка и по сопствена процена, им носеле на германските шефови предмети што мислеле дека ќе ги расположат. Особено на цена биле старите пијана, плакари, теписи и златни предмети. Притоа главниот гувернер Симонидес оформил и нов оддел за распродажба на еврејскиот имот, а средствата била префрлани во буџетот на грчката држава.

Благодарејќи на ова грчко тело за распродажба на еврејскиот имот, голема добивка од продажбата на еврејските деловни простори и куќи имале многу грчки "бизнисмени", германски пријатели и кодоши, преведувачи и соработници на СС-командата во градот. 

МАКЕДОНЕЦ ОД КУКУШ ВО ТЕМЕЛОТ НА НОВАТА ДРЖАВА НА ЕВРЕЈСКИОТ НАРОД!

За разлика од многумината Грци како Периклес Николаидес, кои целосно ги уништиле Евреите што живееле во Солун, Димитар Влахов, Македонец од Кукуш, градот на Гоце Делчев, кој Грците го прекстија во Килкис, како пратеник во отоманскиот парламент од 1908 до 1912 година станал еден од најзаслужните политичари за создавањето на Израел, новата држава на еврејскиот народ! Имено, во 1911 година, Влахов како пратеник во времето на конституциона Турција, добива молба да застане во одбрана на еврејската кауза, од која подоцна ќе се роди Израел. Прифаќајќи ја молбата, освен интересите на македонскиот народ и Македонија, да ги застапува и интересите на Евреите во Палестина, Влахов одржува историски говор во турскиот парламент, кој станува еден од камен-темелниците врз кој ќе се подигне новата држава на еврејскиот народ.

Што побарале, всушност, што го замолиле Димитар Влахов во Цариград д-р Јакобсон Виктор и Холберт Херцфелт, кои заедно со лидерита Исак Бен Цви, подоцна втор претседател на Република Израел, и Давид Бен Гурион, основач на генералната федерација на еврејските работници, а подоцна премиер на Израел, го сочинувале јадрото на еврејското лоби во Цариград.

Димитар Влахов во своите мемоари го опишува целиот  настан поврзан со неговиот говор во одбрана на Евреите во отоманскиот парламент.

"Еден ден кај мене дојдоа двајца видни претставители на еврејското движење, кои живееја во Цариград, и ми соопштија дека арапските депутати внеле во парламентот предлог да се запре секакво населување на Евреи во Палестина. Двајцата еврејски претставници ми изјавија дека ме следеле и знаеле дека секогаш ги заштитувам праведните каузи и интересите на сите народи што живеат во Турција. Ние ве молиме, ми рекоа, како човек кој ја брани вистината и правото, да земете збор во парламентот по предлогот на арапските депутати и да го искажете вашето мислење. Ние имаме, рекоа тие, неколку депутати од еврејска националност, но ниеден од нив ја нема потребната храброст јавно да истапи и да ја заштити каузата на својот народ. Ние ќе ви дадеме факти и податоци од кои ќе се види дека емигрирањето на Евреите во Палестина, прогонети од други земји, не е во интерес само на нашето движење туку и во интерес на самата турска држава, затоа што се населуваат луѓе кои се трудољубиви и затоа што со својот труд и својот ентузијазам носат приходи на народното стопанство на Турција.

Во мојот говор, кој траеше скоро еден час, јас зборував за улогата на емиграцијата во напредокот на една земја воопшто, посочив примери во други земји, особено во Америка, ја опишав неподносливата положба во земјите од каде тие емигранти доаѓаат за да се населат во Палестина, зборував за принципте на конституциониот режим во Турција а потоа укажав на тоа дека бројот на Евреите во Палестина е незначителен, дека во цела Палестина има одвај околу 130.000 Евреи и дека арапскиот народ нема зошто да се плаши дека во таа земја Евреите ќе имаат доминантна положба. Додека говорев почнаа да се слушаат гласови на неодобрување меѓу арапските депутата, меѓутоа никој од нив не се осмели да ја оспори вистината на изнесените податоци. Се слушаа само гласови: Вие не сте Евреин, вие не сте од Палестина, вие сте од Солун! Што се мешате во тие работи! На сите тие реплики јас спокојно одговорив дека е верно оти не сум Евреин, дека сум Македонец, дека не сум од Палестина, но дека како претставител во парламентот мој долг е да ги заштитувам интересите на сите отомански граѓани и интересите на самата земја и на нејзиниот стопански развиток.

Поради огромното значење на овој говор на Влахов, кој спречил да се забрани доселување на Евреите во Палестина, како и нивно обележување со посебни, жолти пасоши, Арон Асса, во својата книга "Македонија и еврејскиот народ" меѓу другото ќе забележи дека малку пред неговата смрт Димитар Влахов бил поканет официјално да го посети Израел "како заслужен и верен пријател на еврејскиот народ. Таа негова посета не беше остварена поради силно нарушување на здравјето..." (КРАЈ)

https://novamakedonija.mk

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

АНА БУНТЕСКА

 

 

ДА СЕ ПЛАШИШ ОД ЖЕНА КОЈА МОЛЧИ

Кога ќе и' згрешиш на жена
Моли Бога да ја отвори устата ко чорапа
Ко ламја да почни оган да блуе
Да ти вреска толку силно
Што и на комшиите страв ќе им биди
Од вратата носот надвор да го извадат
На жена ко ќе и' згрешиш
Во себе фала да и' кажиш ако усните ги стисни
И веѓите ги собери за челото да го збрчка
И ко фурија ако почни со тенџерињата да тропа
За шубе да ти биди да ја прашаш и шо има за ручек
Ко ќе налутиш жена пиле
Ко ќе ја налутиш толку многу
Шо ти се чини оти можи да ти скокни
И очите од глата да ти ги извај
А после да оди и да си клај кармин
Без да се потресува оти можиш да искрвариш пред неа
Ич да не му се секираш
Жена дур вика и се лути беља ко ќе сториш
Таа уште те љуби
Е знам де!
Знам оти тука разум нема
Ама нејсе, кога во љубовта разум имало
И да знајш оти така е
Штом уште инаети со тебе тера
И штом можиш од кожа да ја извадиш
Ми те љуби и правдини ќе тера
Ама пиле
Жена ко ќе занеми
Кога ќе те остај што сакаш да прајш
Ко нема будна да те чека
Оти си дошол сабајлината
Која на секоја твоја глупоштина
Само ќе те опули ко првпат да те гледа
И на која умот на друго место ќе и' биди
Дури и ко ќе ја навредиш или повредиш
Тогаш пиле пази му ја
Оти таа жена појќе во срцето за тебе место не чува
А женското срце две љубови не бери
Ко шо две лубејнци под една мишка не одат
Таа си ја изгубил уште пред збогум да ти кажи
И тогаш џабе ти е шо и да сториш
Оти таа веќе со умот замината од тебе е
Ниту убај зборој со години премолчени
Ниту цвеќе со години задоцнето
Ниту гушкање со години остинато, не помага
Жена кога ќе одљуби сурова станува
Нит те гледа
Нит те слуша
Нит кусур ти фаќа за нешто
Само ќе те остај да се присеќаш како мирисала
Каква кожата и' била дур предела под тебе
И како косата нејзина распуштена на гради ти спиела
Ќе те остај со спомени
И ќе си замини
Без збор
Без опул назад
Без бол и страв
Ќе си замини ко никогаш да не си постоел
За спомени со некој друг да гради
Со некој кој никогаш појќе нема да си ти
***********
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска

****

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 281, 20 април 2020