МОЖАТ ЛИ ОВИЕ ГРЧКИ SВЕРСТВА ДА СЕ ЗАБОРАВАТ

 

Сотир Гроздановски-Македонски

КАДЕ Е ЛОЈАЛНОСТА КОН ТАТКОВИНАТА?

 

 

15 април 2020 

Некој да се радува и гордее со понижување на својот сопствен народ верувајќи, притоа, дека прави од Бога благословено дело, мора да му фали нешто. Па сепак, има многу такви меѓу македонскиот политички спектрум кои се' уште неумреле од срам. Одат исправени како праведници, и очекуваат награди од своите наредбодавци во сенка!

Ете такви се Зоран Заев, Никола Димитров, Христијан Мицкоски, Радмила Шеќеринска, од "најглавните", кои несметано  ни ги загорчуваат животите  со своите албански коалициски партнери, без чии гласови би биле никои и ништо. Но не за џабе, драги мои. За  своите смислени и злонамерни услуги, Албанците наплатуваат мрсно! Овој пат се закануваат со постизборна распродажба на последното македонско благо, националните белези, зошто не се чувствувале угодно под знамиња и грбови кои не биле нивни!

Има и некои други чие име или презиме не е вредно да го споменеме во Македонски Збор, ама и такви кои  во духот на Преспанскиот договор, и понатака си ја вршат работата убедувајќи не дека требало да бидеме пријатели со соседите, зошто таков бил редот и адетот уште од времињата кога над 400 години сме живееле "братски" во заедничката Османлиска империја.

Добро е кога ќе се најде некој да измислува дури и топла вода, ама  да се зафаќа да решава историски нерешливи спорови за кои не се зборува, не е баш паметно. Ето тоа му се случи на Виктор Габер кои лесно наседна на триковите на Зоран Заев, аболициран тежок криминалец, погоден за за се', па дури и за најтешки предавства, како ова со договорите за добрососедски односи со  Грците, Бугарите и Албанците. На Виктор Габер, кој си зема слобода да зборува за еднострано добрососедство со повеќекратно докажан геноциден народ спрема Македонците, Евреите, Турците и сите други кои не се Грци по род,  а да при тоа не умре од срам. Неговата тотална сервилност на таканаречени партиски лидери од типот на Зоран Заев самата по себе ни зборува со кого имаме работа. Можеби баш таа негова особина го дотурка толку високо на југолсовенската и потоа на македонската политичка сцена а да затоа ни сам не е свесен?

Прелистувајќи некои негови бомбастични изјави во врска со односите помеѓу  Грција и Македонија и споредувајќи ги со оние кои вистински би му прилегале како претседател на македонскиот дел од интердисциплинарниот комитет за ревизија на македонските учебници по историја, географија, археологија... дојдов до заклучок, дека ние навистина немаме кои да не претставува во вакви комитети каде се бара пред се' лојалност кон својот народ, својата држава и пред самиот себе си. Потоа мудрост, одмереност и познавање на материјата од која зависи безбедноста на македонските национални интереси! 

Од соседи кои не те почитуваат и насилно се однесуваат спрема тебе, спас е само реципроцитетот. Колку ти мене, толку јас тебе, колку пари, толку музика во спротивно ќе бидеш надигран, намагарчен и ќе престанеш да постоиш. Ете тоа денес ни се случува нам и со Грците и со Бугарите и со Албанците, а ние мртви ладни, им го вртиме грбот да не вјаваат, понижуваат и плукаат по нас.  Со такви само Филип и Алексндар Македонски знаеле како се разговара но  за жал, нив ги нема а ни се родија лигуши и приглупи амбасадори и министри без  употребна вредност со малку ум, и ич разум!

Во овај случај ќе зборуваме за поранешниот југословенски амбасадор во Атина, а сега претседател на македонскиот дел од интердисциплинарниот комитет за реализирање на Преспанскиот договор од 17 јуни 2018 година, со чии одредби се разнебитува македонската држава и краде минатото на Македонците и нивниот национален идентитет. Ќе зборуваме за Виктор Габер, човекот кој самиот за себе вели дека амбасадорите се миротворци, за разлика од политичарите кои можат да бидат секакви.

Човекот, кој со својата седумчлена "експертна" група од историчари, археолози и географи води разговори со своите грчки колеги за ревидирање на учебниците по кои нашите млади генерации ќе се воспитуавале во подруг дух од нас старите!? Во духот вграден и трасиран со Преспанскиот договор и неговите одредби за потполна капитулација и исчезнување на Македонците  и  древната држава, Македонија!

Виктор Габер е роден во Скопје на 8 декември 1948 година и е дипломат од кариера, филателист и публицист. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал во 1973, а магистрирал во 1979 година на Правниот факултет во Скопје. Работел како втор (1980-1981) и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (1981-1984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана (1989-1993); потсекретар во МНР на Македонија (1993-1996); шеф на дипломатската мисија на Македонија во Италија, од каде ја покрива и АПЕ и шеф на постојната мисија на Македонија кај ФАО,ИФАД и Светската програма за храна (1996-2000); вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австралија (2004-2008); претседател на Дипломатскиот клуб-Скопје од 2009.

Без сомневање, атрактивна и богата кариера, меѓутоа од каква корист по интересите на македонската држава и нас Македонците? Виктор Габер, кои упорно ни ги прикажува Грците во сосема  подруга, розова светлина од историските факти, срамежливо притоа, споменувајќи го нивниот геноцидно-криминален менталитет, ни советува да бидеме  добри соседи (како на некого им ги копаме очите), зошто многу нешта не поврзувале со Грците, па и другите на кои Преспанскиот договор се однесувал.

Па да! Многу нешта, кои неможат никогаш да се заборават или избришат како  никогаш да не се случиле! 

Не знам точно во која група страни платеници тој припаѓа, ама за сигурно знам едно, дека според педантната работа која си ја врши, овај поранешен југословенски дипломат  кој денес ја распродава македонската национална историја, културното наследство, јазикот и  се одрекнува од македонските национални заедници ширум светот... не е пријател на својот сопствен народ и на својата сопствена македонска држава. Дека Виктор Габер е уште еден "висококвалификуван" велепредавник! 

Нешто што зачудува во однесувањето на Габер е неговата перфидност дека се' е во ред, зошто не се разговарало за историските факти, туку само за начинот како тие им се презентираат на младите генерации од двете страни на македонската граница. Дека се разговарало за некои неприфатливи формулации поврзани со настаните од времињата на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, па таканаречената Граѓанската војна во Грција, протерувањата и уништувањата на македонскиот имот, елиминирањата на сите македонски белези национални белези во Беломорска Македонија, менување на топонимите на планините, реките, селата, градовите и конфискациите на македонскиот  имот без накнади, потоа, за забраните Македонците да се вратат од прогонство назад во своите родни места  и низа други работи кои не биле угодни да им се споменуваат на младите поколенија. Меѓутоа, најважно за Грците  било историските и географските карти од македонската територија да се тргнат од учебниците и од други видни места. Зошто?

Тоа ли се историските факти Викторе кои би постоеле и понатака, само нивното толкување би било прилагодено на грчките интереси и желби за понатамошни уште посилни ударци врз македонските национални интереси, за кои вие пет пари не давате?

Како македонската историја да почнува од 17 јуни 2018 година со вашиот Преспански договор за прекројување и бришење на се' што поминало пред нас? Мислите ли дека Грците после менување на учебниците ќе бидат задоволни и ќе ни речат дека се' е тоа што посакуваат од нас? Или сте вие наивни или толку расипани, да самите не знаете колку!

И пред се', кој ви даде  право  да бришете нешто што  е дел од македонската национална историја? Убиства на цели семејства, протерување од нивните домови, забрана да зборуваат на свој мајчин јазик,  сечење на   јазиците на оние кои ќе се фатат  со намера дека со исчезнувањето на тоа парче месо ќе исчезне и нивниот мајчин македонски јазик, потоа  терање по логорите на смртта на илјадници Евреи, Македонци, Турци и други национално различни луѓе само да се задоволат болните апетити на грчките крвници без преседан? Крвници над   невини луѓе, мажи, жени и деца? Да им се бришат сите тешки геноцидни криминали заради вашата глад за повеќе пари? Да се заборави се' што Македонците претрпија ни криви ни должни во својата насилно окупирана македонска земја?   

Да се избрише се' како да ништо не се случувало во минатото и како да уште не се случува со нашите луѓе и ден денешен и во Грција и во Бугарија и во Албанија? 

Господине амбасадоре, ако сте вие наивен или префриган лажливец и своеврстен злосторник во цела оваа гнасна игра против својот сопствен народ, не сме сите месени од таква кал од која сте вие создадени. Има многу меѓу нас кои не спаѓаат во вашето друштво на велепредавници, историски неуки и нечесни ќутуци! Вие сте поопасен по сите нас во и надвор од Македонија дури и од вашиот колега Денко Малески со неговата сулуда идеја за наднационална, некоја, државна творба. Вие директно и со употреба на ништовни документи како "легална" основа  со своите седум експертни џуџиња  ја бришете Македонија и нас заедно со неа!

Ако вие се' уште наивно  верувате дека е невозможно други да ни ја пишуваат нашата историја, се лажете себе и се' околу себе. Фактите  зборуваат сами за себе! НО СЕПАК, УШТЕ ЕДНО ПРАШАЊЕ НА ЗАМИНУВАЊЕ: ВАШАТА ЛОЈАЛНОСТ, ВИКТОРЕ, КОН КОГО Е НАСОЧЕНА, КОН ГРЦИЈА, БУГАРИЈА, АЛБАНИЈА ИЛИ КОН РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА? НИЕ ЗНАЕМЕ, ЗНАЕТЕ ЛИ ВИЕ?  

АКО БАБА ЛАЖЕ, ТРАПОТ НЕ ЛАЖЕ! 

За секогаш Ваш, Сотир!

ГРЦИЈА И БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ

Грција бара бришење на текстовите во кои се говори за поделбата на Македонија во Балканските војни

 

Во учебниците треба да се избегнува третирање на другата страна, едната према другата во двете насоки, изјави Виктор Габер, копретседавачот со македонскиот дел од заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, образовни и археолошки прашања на Македонија и на Грција на дводневната втора по ред средба на што се одржа во Скопје минатиот викенд.

****************

Протерувањето на Егејците, грчката граѓанска војна, Балканските војни, ова се само дел од историските настани кој најверојатно ќе претрпат ревизија. Македонските експерти не откриваат детали, но велат дека со грчките колеги се договориле дека треба да се избегнува прикажување на другата страна во негативно светло.

***

Она што претставува анимозитет, она што претставува непријатност за да се слушне и да се образуваат новите генерации. Така што ако имате еден настан за едната страна, да не биде веќе третиран така, изјави Габер.

***

Како што посочи Габер, таа динамика треба да придонесе за да може многу поконкретно во наредниот период да прејдат на изучување на конкретни формулации во учебниците и тие да бидат адаптирани, како што рече, на новото време кое што го донесе Преспанскиот договор, а врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

***

Атмосферата беше колегијална, конструктивна. Се работи за два концепта што треба да се усогласат и тоа е неспорно бидејќи станува збор за два образовни системи коишто со години се граделе и кои си имаат своја историја, а треба да имаат заедничка иднина, рече Габер. 

На средбата во Скопје разгледани биле учебниците по историја и географија за основно и средно образование. Станува збор за огромен материјал, затоа, вели Габер, на два пати беа одложени состаноците на барање на грчката страна.

На наредната средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет закажан за 12 и 13 април во Атина ќе се работи на конкретни прашања.

***

Многу периоди не' поврзуваат со грчката страна. Ние сме соседи, сме биле можеби 400-500 години во една државна структура каде имало мешање од секаков вид-економски, културно, социјално. Словенската маса кога дошла овде се населила на територија на некогашното Источно римско царство, според тоа ние сме живееле со тие луѓе. Дали народите се поместувале лево или десно заради историските околности тоа е сосема друга работа, но ние сме живееле сите заедно во разни културни и социјални средини, вели амбасадорот Габер на новинарско прашање.

***

Новинарите не успеаја да дознаат повеќе детали бидејќи службите на МНР спречија да се постават дополнителни прашања.

Додека Македонија конкретно не открива ниту што се бара од неа ниту што побарала од Грција, историчарите на јужниот сосед многу конкретни и прецизни-приоритет за нив е отстранување на картите на етничка Македонија, но и на текстовите во кои се говори за поделбата на земјата во Балканските војни.

***

Комисиите се формирани од извонредни експерти, кои целосно ја разбираат работата што треба да ја направат, темелно ја познаваат историјата на двата народа, ги почитуваат меѓународното право и европското законодавство и се во позиција да донесат правда и да ја прикажат историската вистина, отстранувајќи ги пропагандните потточки, илустрациите и мапите што ги модифицираат учебниците во последните децении, изјави тогаш заменик министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис.

***

Од работата на Заедничкиот интердисциплинарен комитет треба да произлезат препораки за идно одобрување од страна на Советот за соработка на високо ниво. Целта е постигнување на роковите одредени со Спогодбата од Преспа веќе од следната учебна година да се отстранат од наставните програми и од учебниците спорните точки и карти и илустрации.

https://republika.mk

 

Олгица Н. Трајковска

АЗБУКАТА НА "СЕВЕРНАТА" - А, Б, В - АБОЛИЦИРАНИОТ, БУЏЕТОТ, ВИРУСОТ...!

 

 

На само една седмица од прогласување на вонредната состојба, довчерашниот премиер на Владата на "Северната" самонаречениот "Црпнат", а всушност, неколкуструко аболицирано лице за финансиски и други криминал, без никаква државна функција, јавно излета со апел: "Држ'те го крадецот", како мерка за справување со вирусот! И недозволиво-само во својство на лидер на партијата на власт, чиј премиер и  министер за финансии се исто така членови на истата партија на актуелната (техничка) Влада, формирана за спроведување избори! И пред, воопшто, Владата да расправа и заземе став за евентуално, вакви мерки. Со каква цел?

Потсетувам дека обемот и содржината на мерките за вонредна состојба мора да се движат во рамките на потребите за справување со причините и последиците од корона висусот! Тие не смее да се протегаат за санирање состојби настанати од други причини-како што е дефицитот на буџетот, предизвикан не од вирусот, туку, првенствено од Аболицираниот, хронично заразен од "Кримвирус"!

Имено, тој јавно кажа дека енормниот Буџет за 2020 година од скоро 4 милијарди евра е во критична состојба поради недостиг од 1,3 милијарди евра! И поради тоа, во низата негови "генијални мерки" за санирање, додаде уште едно "спасоносно" некомпетентно решение: Платите на администрацијата да се смалат на гарантирани 14.500 денари! Што всушност, аболицираниот, без да сака, јавно призна:

1. Проектираниот Буџет, за кој до скоро надлежните тврдеа дека е во "кондиција, одржлив, развоен, стабилен..." всушност бил издишан, мртов! Целосно испразнет, далеку над вкупната сума предвидена за првите три месеци! Дали ненаменски за целите на Парламентарните избори? За неосновани вработувања (купување гласови), а воедно и за "пречек" на новата власт со буџетска бездна! Или и нешто друго?

2. Средства од Буџетот се трошени крајно недозволиво, недомаќински и спротивно на динамиката утврдена со општите прописи!

3. Во Буџетот, спротивно на законските обврски за донесување Национална стратегија за вакви услови, нема предвидени посебни средства, што значи-власта (вклучително и парламентот) неодговорно и незаконски го донела, а средствата авансно и без да влезат во Буџетот однапред ги потрошила! Виртуелно!

4. За разлика од секоја одговорна и домаќинска власт, дури и оние во соседството, властите во "Севернава" немаат ниту денар обезбедена резерва за вакви било немили случаи/вонредни потреби! (Србија и Бугарија имаат во резерва по повеќе милијарди евра, активирани за санации на состојбите!)

5. Го игнорира своето неовластено и непрописно трошење на буџетските средства што претставува тешко кривично дело, особено ако се земат предвид низата сомнителни тендери, субвенции, несфатливи луксузни и помодарски набавки и тн!

Лажниот апел за солидарно понесување на товарот на буџетскиот дефицит со кратење на платите на администрацијата само за себе дополнително потврдува дека Аболицираниот:

- Поим нема што вели Уставот! Имено, Уставот забранува  дека, дури и во воена или вонредна состојба, не  смее да се преземаат мерки по основа (меѓудругото) над граѓаните според нивната општествена положба (чл-54, ст.3 од Уставот); 

- Со посочување на администрацијата како структура која треба да го понесе товарот, намерно го с'ска народот, особено работниците од приватниот сектор, злоупотребувајќи го веќе неспорниот и во еден дел заслужениот анимозитет од народот! "Заборавајќи" дека евидентната нестручност и бројност на администрацијата, во значаен обем, е производ, исклучиво-благодарение на самата власт! Со тоа свесно предизвикува нова омраза и поделби меѓу граѓаните на непринципиелна основа;

- Свесно ја жртвува администрацијата, посредно препишувајќи и' ја својата непосредна вина за Буџетот! Енормните вработувања на државна сметка не е последица на нивни избор, туку на манипулации, пресметки, пазарења и сл. злоупотреби на моќта на политичките коалициони партнери во власта, со отворање низа излишни служби и службичиња со гломазни систематизации, советници и какви се' не прескапи "капацитети" под диригентство на Аболицираниот;

- Наместо да придонесе во смирување на состојбите и барање начин за помош на граѓаните во незавидна социјална положба, тој, со фрлање на новата "коска за раздор", вниманието и критиките кон неговото тригодишно  лудачко, расипничко и криминално владеење ги прикрива и пренасочува кон администрацијата. Без воопшто да се земат предвид практиките на пристојни држави кои непосредно им помагаат на граѓаните (првенствено најзагрозените) со: поевтинување на струја, обезбедување бесплатен јавен превоз, доделување парични средства на име вонредна помош за вонредните трошоци и тн.

Затоа, Аболицираниот, перфидно смисли "солидарни" мерки, кои се всушност-солидарна одговорност за својата лична неодговорност/вина за дефицитот во буџетот! За да ги заташка/покрие злоупотребите на буџетот, а при тоа да пожнее и понекое ново поенче од неупатените, посиромашните, за идните избори, как нивни Робин Худ...

Оттука, јавно го повикувам надлежниот Државен ревизор итно да изврши увид во трошењето на Буџетот и да го извести Јавното обвинителство (ЈО) за најдената состојба!

(П.С. Хроничните проблеми околу превработеноста во администрацијата, критериумите за вработување и сл. се ургентни, но врз основа на системски и сеопфатно промислени решенија и по престанок на вонредната состојба!)

Авторот е Македонка, од државата Македонија!

https://denesen.mk

 

КАКО Е ИЗВРШЕН ГЕНОЦИДОТ ВРЗ ЕВРЕИТЕ ВО СОЛУН

Пишува: Блаже Миневски

(2)

 

ЕВРЕЈСКИОТ ИМОТ СТАНА ИМОТ НА ГРЧКИТЕ ФАШИСТИ!

Според истражувањата на проф. д-р Марк Мазовер, директор на Центарот за меѓународна историја на универзитетот "Колумбија" во Њујорк и визитинг птофесор на колеџот "Брикбек" во Лондон, кој меѓу другото има објавено обемно истражување за Хитлерова Грција за време на Втората светска војна, со посебен акцент на организираниот грчко-германски план за уништување на Евреите во Грција, грчките фашисти, во име на германската стратегија за уништување на Евреите, во логорите на смртта испратиле цел еден град од околу 50.000 луѓе само од Солун. Освен во студијата за "Хитлерова Грција", свои истражувања за грчко-германското уништување на солунските Евреи, Мазовер има објавено и во сцојата книга : "Солун - град на духови". 

Во неговите истражувања стои дека уште на 8 јули 1942 година локалниот воен командант за Солун дал наредба сите Евреи од машки пол веднаш да се регистрираат, а во меѓувреме прку профашистичките весници веќе интензивно се објавувале гнасни лаги за некакво наводно страдање на Грците од еврејски раце во минатото. Се цитирал некојси Николас Камонас, припадник на некакво старо, респектирано солунско семејство-кој подоцна станал еден од основачите на солунскиот разгранок на "Пријателите на Адолф Хитлер" - дека уште во 1890 година, солунските Евреи "својата финансиска и расна империја ја граделе врз трупот на македонскиот хеленизам"?! Можеби затоа само неколку години подоцна требаше да ги снема и Македонците! Еден друг новинар, пак, ги опишувал Евреите како "еден вид епидемија", повикувајќи ги властите "да ги отстранат еврејските трговци и да ги затворат нивните базари".

ЕВРЕЈСКИ НАДГРОБНИ СПОМЕНИЦИ ВГРАДЕНИ ВО БАЗЕНИ НА ГРЧКАТА ФАШИСТИЧКА ЕЛИТА!?

Во тој контекст, на 9 ноември 1942 година, грчките весници пренеле говор на Хитлер под наслов "Евреите ќе исчезнат од Европа", барајќи "вистинските Грци" веднаш да се зафатат со работа. Сето тоа, се разбира, било оркестрирано од локалните фашисти во служба на градската пропагандна  канцеларија водена од Германците. Во кампањата со задоволство се вклучиле голем број Грци, како што се добро познатиот новинар Александрос Орологас, сопственик на "Апоевматини", како и Николас Фардикс, чии текстови во весникот "Македонија" одиграле голема улога во геноцидот врз Евреите од Солун. Самиот Фардис водел кампања, на приме, да се одземе киното "Атикон", сопственост на еврејски бизнисмен и тој да биде уапсен и фрлен во логорот "Павлос Мелас" кај Солун. Овој логор бил воден од СС-формации и главно бил полн со политички затвореници што требало да бидат стрелани. На сопственикот на киното му било кажано дека ќе биде ослободен само ако назначи менаџер што ќе му биде препорачан од управата на градот. Договорот под присила бил составен од грчки адвокат во присуство на Макс Мартен, германски цивилен администратор на градот, а кината му биле "изнајмени" на еден бегалец, грчки фашист од Серес.

Ваквиот трансфер на еврејските тапии на име на корисници назначени од грчко-германските фашистички власти всушност значел присилно одземање на имотот со привидно валидни, легални договори. Се разбира, за неколку недели сите веќе знаеле дека на тој начин всушност трајно се одземаат имотите за да им се доделат на заслужни соработници со фашистичката власт. Во таа насока, на 17 октомври 1942 година, Василис Симонадис, главниот гувернер на Македонија, ја информирал еврејската заедница дека треба да се преместат еврејските гробишта и да се изградат нови во предградието на Солун; доколку не го направат тоа доброволно, ќе следува насилно уривање и зарамнување на гробиштата. Кога главниот рабин Коцен побарал работата да биде одложена барем до пролет, општината наредила веднаш да започне рушењето. Така, во првата недела од декември, под раководство на главниот општински инженер, петстотини работници уништиле илјадници гробови, некои стари дури и по пет века, фрлајќи ги на куп мермерните плочи и другиот материјал. Роднини на починатите побрзале да ги соберат остатоците од своите покојници пред да биде предоцна: "Моите родители и јас побрзавме кон гробиштата", се сеќава еден од преживеаните солунски Евреи. "Луѓето трчаа низ гробиштата на нивните блиски. Во моето семејство таму беа остатоците од брат ми, починат на возраст од дваесет години, на патување во Рим. Неговото тело беше донесено во метален ковчег и потоа тука беше ставено во друг, значи беше во два ковчега, еден метален и другиот од дрво. Кога беше отворен вториот ковчег, се појави мојот кутар брат во неговиот смокинг и неговите зашилени чевли како вчера да бил ставен таму. Мајка ми се онесвести".

Германските власти заедно со грчките соработници зеле дел од мермерот од гробовите за изградба на патишта, но и за изградба на градски базен. Значи, само за неколку недели беа уништени едни од најстарите и најголеми еврејски гробишта во Европа. Се разбира, иницијативата дошла од Грците, но и целата акција била спроведена од нив. Германците биле само логистика во оваа грозоморна работа.

Слична таква акција неколку години подоцна Грците спроведоа и со македонските гробишта во цела Егејска Македонија!

"ЕВРЕИТЕ ПЛАЌАА, СЕ КАЧУВАА ВО ЛОТКИ НА ГРЦИ, А ПОТОА БЕА ПРЕДАВАНИ ТОКМУ ОД СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЛОТКИТЕ!"

Рафаел Камхи, македонски Евреин роден во Битола, припадник на ТМОРО, близок соработник на Ѓорче Петров, Даме Груев и Гоце Делчев, учесник и сведок на значајни настани од Националноослободителната борба на македонскиот народ, е еден од ретките што го преживеале холокаустот на солунските Евреи. Според Камхи, во Солун во почетокот на дваесеттиот век, односно по Балканските војни, кога тој се преселува од Софија во Солун, живееле околу 100.000 Евреи, па градот во тоа време бил најголем еврејски центар на Балканот.

Депортацијата на солунските Евреи во логорите на смртта, според спомените на Рафеал Камхи, почнала на 25 март, а завршила на 4 мај 1943 година.

Јас го носев бројот 41.367 и живеев во квартот Колумбо, а последен беше иселен квартот 151. Во него имаше 12.000 Евреи. Бидејќи депортациите траеја 40 дена, а секој втор ден имаше по еден воз со 2.800-3.000 луѓе во една композиција, значи од Солун вкупно беа депортирани околу 56.000 Евреи.

Со својот број за депортација, бројот 41.367 за депортација, Рафаел Камхи се нашол на списокот за транспорт во Аушвиц и секој момент чекал да биде товарен во возовите на смртта. Меѓутоа во последен момент ќе го спаси една вонредно организирана акција на Македонскиот научен институт, Илинденската организација, Националниот комитет на македонските братства од Софија, но и на неговите борбени другари од македонското ослободително движење-Лука Џеров, Анастас Лозанчев, Поп Томе Николов и други, кои побарале лична интервенција на цар Борис за спас на војводата.

https://novamakedonija.mk

(Продолжува)

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

 

 

ДЕНИЦИЈА

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.

Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.
************
П.М. Андреевски

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

 ЧЕСТИТ ПРАВОСЛАВЕН ВЕЛИГДЕН

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 280, 15 април 2020