ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН МАКЕДОНЦИ, КАДЕ И ДА СТЕ!

Сотир

 Сотир Гроздановски-Македонски

ВРЕМЕ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ СУВЕРЕНИСТИЧКИ СИЛИ

 

10 април 2020 

Одложувањето на парламентарните избори во Македонија, но  и во некои соседни земји како Србија, Хрватска...и воспоставување вонредна состојба со драстично ограничување на граѓанските и човековите права,  не води кон добро. 

Глобалистите и наднационалистите не мислат да се откажат  од своите злосторнички намери: создавање наднационално отворено општество  со уништување на националните држави и нивните вековни културни, традицииски и идентитетски различитости! Но да би ги оствариле тие цели, по секоја цена настојуваат да си ги задржат сите свои квислинзи, изроди, велепредавници и понатака на власт. Особено таму, каде има силен отпор против понатамошна глобализација и Сороизација на светот ниту сличен на овој во кој се' уште живееме.  Општество на луѓе без национална свест и чувства без одговорности спрема татковината и  своите предци.

Македонија, како обезличена експериментална земја и нуклеус на сулудата Соросова идеја за создавање на наднационална држава  без  граници, без национални истории и идентитети, но и со минимален број на луѓе-робови, одамна е визија на светските задкулисни господари на животот и смртта. Па затоа не е за чудење што се' почести чудни и несакани настани ни се случуваат како овај, во кој  веќе сме втурнати да умираме во изолирана тишина. Во тишина, постапно да се разредуваме и исчезнуваме.

За потполна реализација на одамна осмислената злосторничка идеја насочена кон редуцирање и уништување на човештвото создавано со илјадници векови, се бараат луѓе-монструми кои слепо ќе ги извршуваат наредбите и упатствата од надвор, а кои се' уште можат за мали пари да се изнајдат насекаде, па и во Македонија. 

Луѓе без национални чувства и љубов кон земјата во која се родиле и тие и сите нивни предци. Но особено луѓе од националните малцинства кои не даваат петпари за земјата која ги храни нив и нивните семејства. Луѓе за еднократна употреба кои како Тројански коњи се активираат по потреба.

Положбата на  властодршците во Македонија, СДСМ и таканаречената опозиција ВМРО-ДПМНЕ со нивните "лидери" Зоран Заев и Христијан Мицкоски не им е сјајна. Нивните злосторства се преголеми да би се заборавиле преку ноќ. Затоа бараат повеќе време за да си ги зацврстат своите, веќе, размрдани позиции без кои на идните парламентарни избори, ма било кога и да бидат, немаат изгледи да си го продолжат своето квинслишко владеење. 

Таквата ситуација ич не ги весели нивните надворешни наредбодавци и финансиери, па затоа применуваат и нехумани средства како додатен  притисок врз Македонците во Република Македонија. Притисок за да се спаси што може да се спаси од веќе стореното зло со Преспанскиот и другите  нелегални и противуставни "добрососедски" договори и платформи.

Коронавирусот им дојде како нарачан. Со вонредната состојба во земјата, само ја зацврстуваат контролата врз јавниот и приватниот живот на граѓаните а преку своите пропагандни медиумски настапи се подготвуваат да останат на власт  и си ги довршат своите задачи.  Но најважно од се', да го попречат развојот и влијанието меѓу македонскиот народ на новите политички субјекти во државата кои им тропаат на нивните закатанчени порти, потсетувајќи ги дека времето им истече и дека треба да си одат во неповрат. Да си одат, на било кој начин, пред да направат поголеми и непоправливи штети по македонските национални интереси, а и по својата лична и семејна безбедност.

Меѓутоа по се' изгледа, дека маневарскиот простор и така им се стеснува со секој изминат ден, а стравот од одговорноста и казната која ги чека се' повеќе им го заматува умот и разумот за нормално размислување. 

Надежта дека со продолжување на изборните рокови и застрашувањата со коронавирусната ситуација во светот, ќе успеат да ги уверат Македонците дека се' што прават, прават  за нивно добро, нема да им успее.   Македонските суверенистички и патриотски сили се во пораст.  Лагите на Заев, на Мицкоски и на сите велепредавници околу нив, веќе се прочитани и немаат никаква употребна вредност. Залажувањата со датумот за давање зелено светло  за предпристапни преговори со Унијата се само магла на ветер.

Долгогодишните сонувања на македонските политичари за влез во ЕУ и НАТО, по секоја цена, никогаш не била опција и за Македонците. Оние, кои се' уште имаат свое лично и национално достоинство  и љубов кон татковината. А такви ги има се' повеќе и внатре и надвор од Македонија.

Маневарскиот простор и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ секој ден  се стеснува и затоа освен невешти маневрирања и продавање  магла со ветување  на благосостојба таму каде ја нема, други оружја немаат.

А што е со новите суверенистички сили во земјата? Па како никогаш до сега и тие се престројуваат на македонската политичка сцена. Што е знак дека нешто добро се случува! Меѓутоа, имаат уште долг пат да  изодат до целта пред нив. Само  заедно здружени во  борбата за слобода на Македонија можат да успеат  против злото кое се' уште се копрца.  

Нивните  деценијски криминални искуства и соработката за докусурување на Македонија ги држи заедно и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ако едната не успее во злите намери против македонските национални интереси, другата страна треба да послужи како "Back Up", спрема плановите на нивните исти газди и финансиери. Затоа, не е паметно да се наседнува на ефтините трикови со кои  владините трубачи, како на пример Ерол Ризаов, се служат да го изиграат народот, зошто тоа е само фарса. Игра за деца. Само со здружени сили можат да  се сместат таму, каде што припаѓаат.

Затоа ситуацијата со КОРОНА ВИРУСОТ, и одложувањето на парламенарните избори, на неодредено време, треба да се искористат за интензивно подготвување на изборна стратегија која ќе ги симне денешните властодршци од македонскиот трон.   Да станат на ноsе и сите заедно, како македонска опција, да тргнат во офанзива против злото, кое и' се подготвува на Република Македонија: да и' го нанесат последниот удар, од кој тешко дека ќе се извлечкаме во скора иднина! 

Затоа консолидација на сите напредни и патриотски сили во Македонија е нужно потребна за да се победат старите велепредавнички политички структури на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните водачи Зоран Заев и Христијан Мицкоски и да се тргне напред во вистинска обнова на македонската држава и воспостави вистински мир и соживот, во земјата!

За секогаш Ваш, Сотир!

д-р Зоран Доревски, експерт за безбедносни прашања

КОРОНАВИРУСОТ ПОМЕЃУ КОНСПИРАТОРНИТЕ ТЕОРИИ И ФАКТИТЕ

И додека светските новински агенции пласираат вести за Сирирја, Брегзит, жолтите елеци во Франција, големите бури (Габриеле, Фреја, Сесилиа...) секако топ темата Турција и бегалската криза, една 75-годишна госпоѓа од Вухан за вечера си подготвувала лилјак. Утредента од зад една тезга на градскиот пазар таа кивнала, се накашлала и целиот свет го стави во карантин, ги депресираше светските берзи, ја блокираше светската економија и ги разори здравствените системи на многу држави.

Денес се' уште со сигурност не можат да се презентираат факти за изворот и тајмингот на пандемијата со коронависрусот, но затоа, пак, сите се согласни дека тоа е градот Вухан во Кина.

НЕ ПАЃА СНЕГОТ ЗА ДА ГО ПОКРИЕ БРЕГОТ, ПОЕНТА НА САГАТА Е ДА СЕ ПРИКРИЕ ТРАГАТА

Првите информации за нултиот пациент заразен со ковид-19, пристигнаа преку британскиот дневен весник "Дејли мејл" (Daily mail). Беше посочена извесна Веи Гуишиан, продавачка на свежи шкампи на пазарот во Хуанан во Вухан, која првиот симптом го имала на 11 декември минатата година. Меѓутоа од Пекинг, од владини информации посочено е дека на 17 ноември идентификуван е првиот случај на  дијагностициран со ковид-19. Седум недели после тоа кинеските официјални лица објавија дека откриле нов вирус.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вешто и суптилно се обиде вирусот да го нарече "Кинески вирус" или "Вухан вирус"-етикета што го налути Пекинг. Кина ги отфрла тврдењата дека Вухан е извор на пандемијата. Кинескиот портпарол на министерството за здравство д-р Зонг Наншен изјавил: "Епидемијата на коронавирусот настана во Кина, во Вухан, но тоа не значи дека Вухан е нејзиниот извор".

Обвинувања, подметнувања, спинувања се редеа, но вистинската причина и одговор на клучните прашања, кој, каде, како и зошто го пласираше или како вирусот настана до денес нема.

ПОМЕЃУ КОНСПИРАТОРНИТЕ ТЕОРИИ И ФАКТИТЕ

Во октомври 2019 година армијата на САД реализираше воени маневри на 2 локации: во американската воздушна база во Чарлстон, Јужна Каролина и другите во Јужна Америка. И на двете места, војската увежбавала стратегија за постапување во случај на пандемија. Сценаријото разработува "неконтролиран корона вирус кој се шири како шумски пожар, создавајќи хаос низ целиот свет".

На 18 октомври 2019 година, неколку недели пред извештаите за првите случаи во Кина, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, универзитетот "Johns Hopkins Medicine" и светскиот економски форум организирале настан во Њујорк на кој присуствувале звучни имиња на политичари, врвни претставници на администрацијата, медицински експерти. Симулирана е појава на коронавирус-ситуација во која 65 милиони луѓе умираат во рок од 18 месеци.

На 20 март "Њујорк Тајмс" (New York Times) објави дека моќниот претседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот, Ричард Бур ги продал сите свои акции во вредност од 1,72 милиони долари во 33 одделни трансакции, непосредно пред падот на берзата предизвикан со коронавирусот. Кон средината на февруари, американската берза се доближи до историските горни граници, а во март, една недела откако сенаторот Бур ги продаде акциите, берзата пропадна, со што се елиминира растот направен во трите години на администрацијата на Трамп.

Овие факти индиректно укажуваат дека во одредени кругови во САД за коронавирусот, неговата појава и распламтување се знаело и пред ноември 2019, односно датумот кој се врзува за нултиот пациент. Ова пак претставува стабилна основа и плодна почва за развој на тезите на заговор. Тие пак стартуваат со претпоставката и тврдењата дека новата пандемија не се случила спонтано, туку била планирана-и најверојатно не во Кина.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Зхао Лијианг пласираше теза дека американската војска која од 18 до 27 октомври учествувала на воени вежби во Вухан, каде Пентагон пратил делегација од неколку стотици луѓе, го донела вирусот во Кина. Учесници, претставници од 5 земји биле хоспитализирани во Вухан со непозната болка во градите. Крајниот исход генерално, според датумот се совпаѓа со периодот на инкубација на коронавирусот од 14 дена. Изненадувачки и непротоколарно, контра реплика на портпаролот стигна од највисоко ниво. Доналд Трамп веднаш одговори со обновување дека лаже и коронавирусот го нарече "кинески вирус".

Сето ова временски се поклопува со изјавата на колумбискиот архиепископ, надбискупот Малколм Ранџит, дадена за италијанскиот весник "Месаџеро" (Mesadzero): вирусот тргна од лабориторијата на "моќна и богата држава".

Ако свештеникот не се осмели да ја идентификува "богатата и моќна земја", тоа го стори канадскиот центар за истражување. На својата веб страница од 19 март 2020 постираше: "САД е единствената земја која ги има сите гранки на еволутивното дрво на коронавирусот. Оригиналниот извор на вирусот ковид-19 е американска воена лабораторија во "Fort Detrick". Таа е единствената воена лабораторија на Соединетите Држави опремена за проучување на опасни вируси и други патогени на ниво на биосигурност 4 (воена лабораторија од 4 ниво е лоцирана и во Вухан).

Во прилог на ова оди и статијата објавена во "Њујорк тајмс" на 31 август 2019 година за развој на мистериозна епидемија од претходно непозната болест во САД. Не е исклучена вирусна и бактериска природа на сериозната болест на белите дробови. Од 1 октомври 2019 година, пријавени се 1.080 случаи во 48 држави и Девствените острови, вклучувајќи и смртни случаи.

Ако се послужиме со криминалистичка логика, врз основа на индиции не можеме да го осудиме, но можеме да го посочиме виновникот, секако доколку е издржан мотивот, тогаш треба да видиме кој засучи мустаќи од искористувањето на оваа ситуација и оствари бенефит.

Акциите на технолошките компании во индустриските зони во Кина им припаѓаат на Европејците и Американците кои во изминатите неколку децении таму ги дислоцираа своите валкани индустрии. Дури 50% од приходите на тешката и хемиската индустрија во Кина се прелеваше надвор од државата.

Ситуацијата во Вухан почна да ја урива вредноста на јуанот, а кинеската Централна банка не презеде ништо за да го подржи кинеското платежно средство. Изјавата на Џи Хипинг дека е подготвен да го заштити народот на Вухан со блокирање на границите, зададе дополинтелен удар на берзите и доведе до остар пад на цените на акциите од 44%. Меѓународните компании форсирано почнаа со продажба на кинеските акции, но на пазарот немаше купувачи. Кинеската влада чекаше цела недела и кога цената на акциите отиде под долната дозволена граница во еден момент ги купи сите акции на Европејците и Американците! Тогаш "финансиските ајкули" сфатија дека се измамени и изиграни но, предоцна! Не само што Кина заработи 20 милијарди долари, туку ги врати акциите на своите компании и стана сопственик на тешката индустрија од која зависат ЕУ и Америка и од сега цената ќе ја утврдува Комунистичката партија на Кина.

Ваква голема операција, се' уште не се случила во историјата на светската берза.

Ама сега, следејќи ја логиката на алгоритамот на конспираторните теории: САД го произведува и пласира вирусот во Кина, Кина наместо да настрада остварува профит, најмногу страдат членките на ЕУ и НАТО реагира споро и конфузно, а Русија со испраќањето на медицинска помош во Италија се стекнува со популарност и симпатии.

Ова индицира опција дека сепак можеби не Кина, туку Русија ќе ја добие првата рунда.

Едно станува сигурно: Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист. На светската сцена извесно е, ќе застане нов лидер-некој типуваат на Кина. И концептот на неолиберализмот со човековите слободи и право во средиштето на западните држави најверојатно ќе биде редизајниран.

https://www.mkd.mk

 

 ИСТОРИЈА:

КАКО Е ИЗВРШЕН ГЕНОЦИДОТ ВРЗ ЕВРЕИТЕ ВО СОЛУН 

Пишува: Блаже Миневски

(1) 

Солун, "градот мајка на  Израел"  или "Ерусалим на Балканот", како што го нарекувале Евреите, пролетта 1943 година веќе не постоел. Германските фашисти заедно со нивните грчки соработници, за само два месеца собрале, депортирале и ликвидирале над 46.000 Евреи од вкупно околу 56.000 колку што живееле во градот.

*****************

Трагедијата на Евреите во Грција во Втората светска војна била меѓу најужасните трагедии во историјата на човештвото! Според Естер Бенбаса и Арон Родинг, кои објавија студија за сефардските Евреи од Солун, во логорите на смртта  биле испратени и уште 4.000 Евреи што дошле од околините места, мислејќи дека ќе најдат спас во градот. А дека тоа не бил случаен туку одамна смислен план, зборува и фактот што самиот Хајнрих Химлер уште во октомври 1941 година го предупредил Хитлер дека "големата еврејска популација во Солун претставува закана за германската безбедност!". Седиштето на грчката фашистичка влада, како и на грчката фашистичка формација "Националната патриотска организација", било во Атина каде што во тоа време живееле околу 10.000 Евреи. Организацијата била раководена од д-р Спирос Стеродимос, чии младински групи насекаде, а особено во Солун, организирано ги напаѓале Евреите. По војната, во Солун успеале да се вратат или да останат живи, криејќи се по земјанките и околните планини, едвај 2.000 Евреи. За жал, никој од нив не можел да си го врати ни имотот затоа што голем дел бил урнат, а еден дел бил препродаден на други сопственици од страна на "заслужните Грци", кои го добиле како подарок од Германците за несебичната помош во истребувањето на солунските Евреи.

 ГРЧКИ ФАШИЗАМ

Германците влегле во Солун  на 9 април 1941 година, но дури една година подоцна, всушност, по германската офанзива во април 1942 година, кралот и мнозинството од Владата во Атина бегаат од земјата, а фашистите формираат свој марионетски режим. Генералот што ја потпишал капитулацијата, Георгиос Чилокоглу, станал првиот министер-претседател на фашистичка Грција, а на тоа место потоа доаѓаат и Костантинос  Логотетопулос и Јоанис Ралис. Во меѓувреме, Грција била поделена на неколку зони; Тракија била под контрола на фашистичка Бугарија, како компензација за тоа што се припоила кон оската и дозволила минување на германската војска низ своја територија; Атина и Епир останале под италијанска власт, а Егејска Македонија влегла под германска воена контрола.

Во зоната под германска контрола, односно во Солун, живееле околу 56.000 Евреи, кои, веднаш по влегувањето на Германците во градот, се соочиле со тортура и рестриктивни мерки. Двата еврејски франкофонски весника "Индипендент" и "Прогр", како и весникот на јудео-шпански "Ел месахеро", биле укинати, а на нивно место веднаш почнал да излегува грчкиот пронацистички весник "Неа Европи", кој протежирал гнасни антисемитски статии. Во тој контекст, веднаш биле ограбени архивите и библиотеките на еврејската заедница, односно огромен фонд историски документи, книги и ракописи од првостепена важност биле префрлени во Франкфурт, во Институтот за истражување на Евреите од каде што му се губи трагата. Сепак, во почетокот на фашистичката окупација на Солун, најголем проблем на Евреите, како и на другото население, меѓу кои и на Македонците, бил гладот. Според сведоштвата од тоа време, "патиштата од селата до Солун биле преполни со луѓе кои доаѓале во градот за да продадат накит, облека, порцелан, слики, теписи, машини за шиење и слично само  за да набават нешто за јадење, пред се' брашно". Стотици луѓе секојдневно умирале од глад, а свој данок зела и маларијата, која убила дури и повеќе луѓе од гладот. Се разбира, имало и апсења и егзекуции, но тоа се' уште не било во размери, кои подоцна ќе преминат во масовен геноцид. А за тоа не се чекало долго.

На 11 јули 1942 година во прогерманскиот грчки весник "Апуевматини" било публикувано соопштение со кое се повикувале сите еврејски мажи на возраст од 18 до 45 години да се соберат во центарот на Солун, на "Плоштадот на слободата". За кратко време таму се собрале околу 9.000 лица, кои биле подложени на понижување, удари и навреди, принудени да извршуваат разни понижувачки работи, да прават гимнастички вежби и слично. Два дена подоцна околу 2.000 души биле испратени на принудна работа, всушност, биле принудени да работат во каменоломи или да градат патишта. Притоа околу 250 лица умреле од премореност и прегладнетост. Во меѓувреме, Макс Мартен, фашистички воен администратор по цивилни прашања побарал од солунските Евреи да соберат 3.500 милиони драхми, но таа сума набргу била намалена на 2.500 милиони, иако и тоа било премногу, односно биле собрани само околу 1.650 милиони драхми. Сепак, како казна за тоа што не успеале да ја соберат сумата што се барала, еврејската заедница морала да се откаже од своите многувековни еврејски гробишта, односно да и' ги префрли на општината, која одамна имала намера да ги збрише од местото каде што се наоѓале. Многу брзо гробиштата биле разурнати и на нивно место подоцна бил изграден Универзитетот во Солун.

ДЕПОРТАЦИИТЕ КАКО БИЗНИС

Пред да се започне со депортација на Евреите во логорите на смртта, во Солун пристигнале Дитер Вислицени и Алоис Брунер, помошници на Ајхман, кои заедно со Макс Мартен започнале да го реализираат проектот за уништување на солунските Евреи. Според инструкции на  Вислицени и на Брунер, сите Евреи на возраст од над пет години задолжително морале да носат жолта sвезда, а куќите и дуќаните морале да бидат обележани со посебен знак. Во меѓувреме во Солун пристигнал и хитлеровиот идеолошки комесар Алфред Розенберг, а по само неколку дена ја напуштил Грција, преку Македонија под бугарска окупација, се разбира, натоварен со запленета стока, однесена од еврејските дуќани и куќи, а дел од неа многу децении подоцна се појавила во специјалните бункери на КГБ во близина на Москва.

Веднаш по заминувањето на Розенберг, со помош на главниот солунски рабин Корец, бил составен прецизен список на сите Евреи во градот, а потоа биле организирани три гета во зоните со голема еврејска концентрација, каде што било префрлено целото еврејско население на Солун, а најмногу во квартот Барон Хирш до железничката станица. Само десетина дена подоцна била донесена забрана за напуштање на гетата, а целиот имот на Евреите бил конфискуван и целокупното богатство било префрлено на сметки контролирани од Германци и од нивните грчки соработници.

Веднаш потоа, на 15 март 1943 година, започнала депортацијата на солунските Евреи во логорите на смртта. Првиот воз стигнал во Аушвиц на 20 март; притоа, од 2.800 транспортирани лица, 2.191 биле убиени во гасни комори веднаш по пристигнување, а 417 мажи и 192 жени биле одведени во работни логори.

Депортациите од Солун продолжиле со постојан ритам, на два дена, како што било предвидено со планот на германската власт и грчката управа на градот. Притоа повеќето од депортациите за Аушвиц завршиле до мај 1943 година, а последниот конвој кон ова губилиште заминал во август. Сепак, според истражувањето на Бенбаса и на Родриг, главнината од солунските Евреи не завршиле во Аушвиц туку во Биркенау, каде што во гасните комори биле погубени 37.386 Евреи. Според нив, кон крајот на август на 1943 година, во Солун веќе немало Евреи. Со тоа завршил Софардскиот живот во тој град, кој траел повеќе од 450 години.

Градот мајка на Израел, како што го нарекувале, Ерусалим на Балканот, веќе не постоел. Заедно со депортациите на Евреите од другите делови на Грција, кои грчките соработници ревносно ги организирале и спроведувале и за лична полза, до крајот на летото 1944 година околу 80.000 Евреи биле транспортирани во логорите на смртта, а според статистиката на Централниот комитет на еврејската заедница, фашистичка Грција со помош на фашистичка Германија успеала засекогаш да се ослободи од околу 87% проценти од 75.357-те  Евреи, кои пред војната живееле во Грција, што е еден од највисоките проценти во Европа. Само во Солун од 56.000 Евреи биле убиени дури 46.000!

ГРЦИТЕ БИЛЕ РАМНОДУШНИ КОН СУДБИНАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО СОЛУН

Хана Арент во својата книга "Ајхман во Ерусалим", во главата за депортациите на Евреите од Балканот, во делот за Грција, тврди дека "Грците во најдобар случај биле индиферентни, па дури на тие операции гледале со одобрување". Според неа, поради таа индифирентност за два месеца целата еврејска заедница од Солун била депортирана. Транспортите за Аушвиц поаѓале скоро секој ден, носејќи во товарните вагони од две до двеипол илјади луѓе. Според неа, во есента 1943 година, по капитулацијата на Италија, набрзина е извршена и евакуација на околу тринаесет илјади Евреи од јужниот дел на Грција, вклучувајќи ги Атина и грчките острови, кои исто така завршиле во логорите на смртта. 

"Се чини дека незаинтересираноста на Грците за судбината на нивните Евреи на некој начин преживеа и по ослободувањето. Д-р Мартен, сведок на одбраната во Ајхмановиот процес, по војната тивко се вратил во Грција како претставник на една транспортна агенција, но бил уапсен и многу брзо ослободен и пуштен да се врати во Германија. Неговиот случај е едонствениот таков случај, затоа што судењата за воени злосторници во сите земји завршуваа со строги казни".

Зошто главниот цивилен управител на Солун и главен организатор на депортацијата на Евреите, кој им го делел нивниот имот на Грците, бил уапсен и веднаш ослободен, треба да кажат грчките историчари, но и политичарите, оние што до ден-денес не признаваат никакви малцинства и малцински права во државата, која толку брзо и ефикасно за само два месеца во 1943 година се ослободи од околу 50.000 свои сограѓаи, Евреи!

(продолжува)

Кица Колбе

Кица Колбе

НИЕ, СКОПСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ РОДЕНИ 1951/1952

 

Повоените генерации никогаш не заборавија дека се родија во време на жртви и самопрегор. Нам родителите ни го предадоа своето чувство на одговорност за заедницата и за државата.

****************

Кога се родивме беа поминале само шест-седум години од крајот на Втората светска војна. Не беше постара ниту југословенската република во која се родивме-Народна Република Македонија. Тоа што за нас беше најнормална работа-да бидеме Македонци, да говориме македонски-во времето кога се беа родиле нашите родители, дедовци и баби беше сон на многу генерации. Ние, но најмногу неколкуте генерации родени непосредно по војната, го искусивме и времето на сиромаштијата, но и оптимизмот во изградбата на првата македонска држава. Тоа, секако, бараше жртви и од возрасните и од нас децата. Многу од нас, тогашните деца, научија што значи глад и оскудица. И тоа никогаш не го заборавија. Кога разговарам со моите германски пријатели родени по војната, тие ми раскажуваат за исто искуство. И тие растеле во урнатини и беда, со свеста дека за нивната среќа и благосостојба придонесуваат не само нивните родители, туку и тие самите. Тоа за децата е и предност и голем товар. Многумина од повоените генерации и денес ги одликува изразито чувство на одговорност за заедничките вредности. Некои од моите скопски врсници и денес ми велат дека нашите генерации во Македонија долго ја сочинуваа научната и културната елита. Тоа бездруго беше затоа што тие никогаш не заборавија дека се родија во време на жртви и самопрегор. Затоа што нам родителите ни го предадоа своето чувство на одговорност за заедницата и за државата.

ЧИСТА ДАНА

На пример, во основното училиште учевме нешта кои денес на децата им се чинат смешни, иако се многу важни за чувството на заедништво. Како темелите на основната хигиена и домаќинство! Во сегашноста, македонските граѓани брзо успеаја да ја претворат Македонија во огромна депонија. Тие често вината за тоа ја гледаат во нефункционалноста на државата, што секако е дел од вистината. Но, очигледно тие ретко се прашуваат како би било кога  секој внимавал да не го фрла ѓубрето под балконот или на тротоарот? А кога ние појдовме на училиште, една од првите стихотворби што ги научивме напамет беше "Чиста Дана". Ја повторуваме додека наутро се миевме, како игрив спев. Дури подоцна сознав дека ја напишал мојот подоцнежен професор по филозофија на универзитетот во Скопје, Јонче Јосифовски. Кога појдов во основно училиште, 1958-та, од војната беа поминати тринаесет години, но, сепак, секој понеделник учителката на првиот час ја проверуваше "личната хигиена". Прашуваше дали имаме чисто шамивче, дали ни се уредно потсечени ноктите, дали ни се измиени ушите. Затоа што истите проповеди за хигиена ги слушавме и од нашите мајки дома, "ни влезе во крвта" дека смет не се фрла каде било.

Секако, годините по војната беа тешки за сите и можеа да се преживеат само со силно чувство на заедништво. Тоа време беше уште пострашно за моите родители, егејски бегалци, кои пребегаа во Југославија само две-три години порано. Уште ги паметам пакетите од УНРА, во кои имаше млеко и јајца во прав. Никогаш не го заборавив посебниот, речиси хемиски мирис на пржените јајца од тој прав. Не ги паметам точките за храна и облека, но го запаметив тоа што за нив го раскажуваа родителите. Иако моите родители беа егејски бегалци, тие со самопрегор се вклучија во изградбата на првата македонска  република во рамките на федеретивна Југославија. Ним многу им значеше слободата, прват во животот да смеат да бидат Македонци. И без страв да зборуваат македонски! Тие во Грција мораа да одат во грчко училиште. Да учат грчки, кој за нив до детството беше непознат јазик. Само во овој контекст може да се разбере колку на моите родители им значеше образованието на нивните деца на мајчиниот јазик. Како сите бегалци насекаде во светот, тие сакаа ние да го оствариме сето тоа, што ним им го одзеде војната.

ТРЕПЕТ ПРЕД НЕПОЗНАТОТО

Кога се запишав 1965-та во гимназијата "Цветан Димов" во Скопје, не знаев многу за нејзината историја. Само две години беа изминале од земјотресот, во кој се урна старата, прочуена зграда на гимназијата. Подоцна, на часовите по македонски јазик и литература, дознавме колку многу луѓе од македонската култура и научна елита биле некогашни ученици во таа гимназија. Кога јас учев во неа, гимназијата беше сместена во дрвени бараки крај кејот на Вардар. Онаму, каде што подоцна беше изграден "Домот на младите-25 мај". Летото пред да почнам да одам во гимназијата, за мене беше стравотно долго. Чекајќи да дојди септември, голтав книги. Уште на дванаесет години почнав да ги читам "Светските класици" од библиотеката на тетка ми. Се восхитував на Шекспир и Данте, на Достоевски и Гогољ. До гимназијата "Цветан Димов" од сегашната населба Ченто, каде што живеевме, мораше да одам со автобус. Го паметам уште првото утро кога се качив во 45-та. Прв пат сама, без родителите. Со страв и трепет пред непознатото, но и со восхит и љубопитност за новото. Конечно бев и јас гимназијалка! Имав чувство дека во тој автобус сите беа гимназијалци. Речиси сите се симнаа на автобуската станица пред сегашната зграда на МАНУ, каде тогаш имаше само ниски куќарки и една бурекџилница. Со трепет одев по калдрмата на кејот кон ниските бараки со ограден двор. Утредента отидов со задолжителната униформа. Црната "кецела" ми ја соши мајка ми. Искрено, никогаш не разбрав зошто кецелата мораше да биде црна. Не помислија ли одговорните дека девојки на петнаесет години би изгледале уредно и во кецела во сина, зелена или црвена боја? Никогаш не ја засакав кецелата. Подоцна ја носев во чантата и ја облекував пред да влезам во гимназијата. Секако, доколку на влезот не стоеше прочуениот по строгоста наставник по физика, Попилиев, за да контролира дали сите ученици носат "униформа". Тогаш соучениците не' предупредуваа на тоа уште во дворот. Мојот прв класен раководител беше наставникот по математика, прочуениот Лакински. Меѓу наставниците имаше навистина неверојатно интересни личности. Некои од нив беа вистински харизматични наставници. Помладите од нив ги беа завршиле студиите на скопскиот универзитет, основан кусо по војната. Постарите пак, најчесто во Белград или во Софија. Тоа, напати, се забележуваше и во нивниот јазик. Имаше меѓу наставниците вистински ерудити, со несекојдневно широко општо наобразование. Многу од нив ја симболизираа најдобрата предвоена граѓанска традиција, во која образованието беше и обликување на личноста на учениците. Никогаш нема да ги заборавам часовите по латински јазик кај Ефремов! Тој умееше со својата ерудиција да ја разбуди љубовта за латински. И денес црпам од доброто познавање на латинскиот што го стекнав на часовите кај него. За секоја латинска изрека тој ни раскажуваше епизоди од римската историја и култура. Среќа е во секое време, не само тогаш, во шеесеттите, да се има таков наставник. Наставникот по руски, Блаже Росоклија, извонредно ја познаваше литературата. Тој постојано ми препорачуваше нови автори. Секогаш во совршен костум, тој зрачеше сознание дека наставничкиот позив е нешто благородно. И денес, секогаш кога го читам Чехов на руски, мислам на неговиот восхит за руската литература. Тој ја негуваше ретката граѓанска навика, своите некогшни ученици да ги прима на посета дома-на разговор и чај со колачи! Го посетував додека студирав, но и кога почнав да работам како асистентка на универзитетот. Кај него чувствував дека сака да го следи мојот интелектуален развиток и дека се радува на секој мој успех. Всушност, тоа е најголемата харизма на наставниците и професорите.

ДАРБИТЕ И РАЗВОЈОТ

Секако најхаризматичната личност во "Цветан Димов" беше прочуената Гордана. Тоа што токму таа ми предаваше филозофија, ме мотивираше да студирам филозофија. Часовите кај неа беа вистински доживувања, во кои таа не' пленуваше сите со својот дух и интелигенција, со убавината и женственоста и со неверојатната елегантност. Во Скопје таа се облекуваше по париската мода! Ретко кога учењето беше таква радост, како кај Гордана. Секој сакаше да научи повеќе за темата, само за да и' се допадне. Во неа беа вљубени сите машки во класот!

Веројатно сите луѓе, сеќавајќи се на своите гимназијалски денови стануваат сентиментални. Особено кога самите се наближуваат до седмата деценија од животот. Нивното долго животно искуство им помага да сознаат каква среќа беше што имаа такви наставници. Тие во нас, учениците, ги препознаваа дарбите и не' поттикнуваа да ги развиваме. Како што тоа кај мене го чинеше наставничката Чапарова, која, стоејќи лежерно до клупата крај мене, ќе ме потпрашаше дали сум напишала нова стихотворба. Често и' ги давав најновите стихови да ги прочита и да ми каже мислење. Тие наставници не беа просечни. Тие, пред се', беа несекојдневни личности, најчесто и самите вљубени во просветата и културата. Ние навистина имавме среќа да не' воспитуваат родители, кои уште паметеа колку тежок беше патот на создавањето на македонската држава. Ние имавме среќа да имаме учители, кои својата работа уште ја разбираа како мисија и визија. Да се биде гимназијалец во Скопје во шеесеттите значеше голема привилегија, но и одговорност и самосвест за високите критериуми според кои бевме оценувани од нашите извонредни наставници.

 https://www.dw.com

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

Марија Воденска 

 

 

 

ГЛУВА ТИШИНА

Распослана наоколу, насекаде,
по улиците, тротоарите, коловозите,
победник над светот занемен
од непознато страшило и лудило
со прокоба за замин во минатото.

Непознат шетач меѓу луѓето вирее
со име и презиме-Корона Вирус
затаен и букнат во светот
алчен за човечки души во облаци
преселени за монолог со техниката.

За живот без допири и зборови
со громогласните вреви низ домовите
истурени како дождот во пролет
како цвет расцутен преку ноќта
од немоќ за љубов над земјата.

Безгласно војуваме со немоста на екраните
во монолог со пишан, невиден збор
заплашени од погибија на се' што е родено
со војна меѓу земјата и небото
без живот на своето без своите.

Немоста во тишина царува низ Планетава
предизвикана од злоба и прокоба
од немоќ за љубов на Земјава
заради ненадминат оган во душава
заради немуштиот дијалог за разбирање.
**********
Бостон, 29 март 2020

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 279, 10 април 2020