НЕ Е СРАМНО АКО УМРЕМЕ ДО ЕДЕН, НО ГОЛЕМ СРАМ Е, ЕСТИ ГОЛЕМ, АКО ОСТАНЕМЕ БЕЗ НАШЕТО ИМЕ!

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ДО КОГА УЦЕНИ И ЗАКАНИ?

 

05 април 2020

Од памтивека човекот се борел за парче земја под небото и за безбедност на  семејството. И кога му било најтешко, изнајдувал прави мерки да се заштити, дури  и од посилните од себе! Така со столетија до сегашноста, кога поверувавме дека времето дојде за вистински мир и соработка меѓу народите. До слободен протек на луѓето и нивните производи и пред се', до меѓусебен цивилизован однос и почит  на правото и правдата!

За жал, такви односи меѓу Македонија и соседите, во прв ред со Грција, Бугарија и Албанија  никогаш не заживееле. Животинскиот нагон за крадење туѓо, не ги напушти. Секој од нив после распадот на Отоманската Империја, во која сите споменати народи беа подеднакво експлоатирани и обесправувани, ги испружија рацете кон Македонија и со помош на европските сили направија пустош од неа а од македонскиот народ уште полошо.

Грчките апетити и нивните варварски гени и покрај тоа што од Македонија грабнаа 52%, никогаш не се заситија. Нивните очи беа и се' уште се поголеми од нивните мешини. Одма по анексијата на тој најквалитетен дел од Македонија, започнаа нивните  традиционални sверства врз народот и територијата, газејќи ги сите меѓународни правни и човечки норми на цивилизациско однесувања. Што трае до денешни дни!

Нивниот страв од иднината и евентуалната македонска освета за сите злосторства и кражби, не им дава мир и спокој. Ги гони кон уште поголеми нечесни и нецивилизовани дејствија против нивните соседи, особено Македонците. Се однесуваат, како никогаш повеќе да  нема да им затребаме. Но, ќе дојде и тој ден, кога со наведната глава ќе тропнат на македонската порта за помош. Нивната отворена војна за истребување на се' што е македонско нема да трае долго. Ќе ги снема сегашните кодоши, изроди и велепредавници кои не гледаат подалеку од НАТО и веќе гнилата Европска Унија. Ќе дојдат на македонскиот престол нови, млади, способни, чесни и со ништо не извалкани мажи и жени и ќе ги средат нашите односи на македонски начин. До тогаш ќе ги снема и сегашните сојузници од овие балкански простори, со чија присутност веруваат дека се посилни. Но, од  вистински и мирољубиви  соседи  на целава дуња нема поарни сојузници. 

Македонија е вечна, а Македонците се огнената птица која и од сопствениот жар излегува посилна.

Злосторствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат како лош сон, а нивните актери ќе си заминат таму каде и сите други грешници како нив. Но, се разбира не' пред да си ги исплатат своите световни долгови.

Политичката творба на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, Република Северна Македонија, ќе ја снема за секогаш и ќе се памети само како едно страшно-понижувачко криминално дело на македонски sверови во служба на странски завојувачи и ќе исчезне, како што и' беше создадена со насилничкиот Преспански договор  од 17 јуни 2018 година, симболично, на македонска територија.  Демек, Ти мене кај Херонеја, сега јас кај твојата Виница крај Преспанското Македонско Езеро! 

Со овај криминален, кукавички и противуставен чин, Грците сакаа да постигнат најмалку две цели: докажување дека Македонија е грчка и дека сите злосторства врз Македонците се само внатрешни недоразбирања на еден те ист народ-грчкиот!

Алчноста по туѓи животни простори и богатства и понатака живее и денес, како да во овие изминати векови на "цивилизован" живот ништо не се променило. Како да им дојде времето за  освета за изгубените битки со Филип и Александар Македонски, од кои беше најболната кај местото Херонеја на 2 август 338 година п.н.е.. Тогаш, кога заедничките агресорски   хеленски сили беа поразени од македонската фаланга и вештата коњица под команда на младиотит 18 годишен  Александар Трети Македонски. 

Тогаш, кога им беше испорачано последното предупредување дека со Македонците неможат да се шегуваат на таков начин, па поарно ќе им биде ако пронајдат други, цивилизовани начини на однесување. Но, омразата заради сопствената неспособност да се справат со македонските воени мускули, и денес Грците, па и Бугарите и Албанците ги турка во уште поголем амбис, без икакви изгледи на траен успех. Но до кога така, и самите не знаат?

Нивниот криминоген карактер не им дозволи мир, спокој и желба за добрососедски односи и после   Букурешкиот мировен договор од 1913 година кога, конечно, "меѓународната" заедница им го оствари сонот  да имаат парче од плодната македонска земја и ред други богатства кои на нивните камени пустињи ги нема. Тогаш, кога Македонија немаше своја држава, а ниту војска да си ги измери одново мускулите со старите повампирени душмани. 

Ете, тоа е вистината за Грците и грчката држава вчера и денес! Вештачка варварска творба со измислена историја и украдено културно наследство,  општество на најниско цивилизациско ниво во цела Европа, неспособно за самостојно преживување. Општество, кое животари врз туѓи јасли.

А што ќе биде утре? Тоа е прашање за идните генерации!

Не е премногу  ако  споменеме уште некои историски факти кои го одбележаа развојот на македонската држава: Имавме генерации обединители, генерации неразбрани и алчни за власт, потоа генерации под туѓа власт со векови и на крајот генерација која со својата храброст, генијалност и чувства на гордост и национално достоинство која се справии со најсилните европски злосторници во времето на Втората светска војна. Се справи со германските фашистички хорди, бугарските "ослободители", албанските арамии, коњокрадци и убијци на невини жени, мажи и деца,  и ја создаде новата македонска држава, Република Македонија.

Но, и таа среќа не траеше предолго. Се роди генерација на изроди, велепредавници, криминалци  алчни за пари кои ја понижија Македонија, а Македонците обесчестија и спуштија на категорија граѓани во нивната сопствена земја. 

Тоа е генерацијата на Зоран Заев и Христијан Мицкоски. До кога ќе трае, би требало за тоа ние да одлучиме на идните парламентарни избори со избор на чесни, способни и храбри Македонци кои си ја сакаат татковината и ги почитуваат правата на малцинствата. 

Македонскиот корен е премногу длабок за да би една криминална генерација успеала да го искорни. И покрај сите зли сили кои не сардисаа од сите страни и сите слабости и неснаодливоста на мнозинскиот сегашен македонски народ, името македонско нема да загине во мракот на "светлата" иднина која ни ја наменија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со нивните предавнички структури.

Зборувавме многу, на кусо, за нашето славно и неславно минато. Ајде да застанеме и вдахнеме малку чист воздух (без КОРОНА ВИРУСИ) и се вратиме на нашите сегашни добрососедски односи и крајното велепредавство што еден народ може да го истрпи: насилно менување на националниот и идентитетот на македонската држава.

Исто така премногу зборувавме и пишувавме за крајно штетните договори со Бугарија, Албанците и на крај со Грците. Но сакале да признаеме или не, "добрососедскиот" Преспански договор од 17 јуни 2018 година не турна предлабоко во понизност, од чие дејство сите наши предци се превртуваат во своите гробови. А ние, сите понижувања и навреди ги примаме ноншалантно со спуштени глави, како да не се однесуваат на нас. Спротивно, товарот на денешниот срам ќе го почувствуваат сите идни  македонски генерации! 

Драги мои, Македонија постана слободен простор на криминалци за кои ништо не е свето. Лагите постанаа вистина, неправдата се толкува како правда, националната припадност на мнозинскиот македонски народ постана граѓанска категорија,  државните институции се претворија во најобични криминални бизниси за богатење, највисоко образованите кадрови во македонската држава постанаа слуги и обични пачаври на еден полуписмен и повеќе пати аболициран криминалец, судството постана негова приватност за лични разрачунувања со неистомислениците и избегнување секоја одговорност за сите минати и сегашни сторени криминали  против македонските национални интереси. Полицијата и армијата, пак, не се знае на кого му служат, освен на Столтенберг за протерување на населението од разрушените држави ширум  светот и сместување на секаде, надвор од нивниот природен и историски хабитат. И сето тоа се случува пред очите на  "свесните" лидери кои секој ден се се' побројни и си го чекаат времето да им падне некоја трошка од устата на нивниот идол, Зоран Заев.

Драги мои јас се затрчав со моиве говоранции уверен дека нема да паднат врз  глуви уши, не мислејќи дека имам уште нешто важно да ви кажам. Да ви откријам што ме испровоцира да го напишам  текстов.

Ме испровоцира насловот на една колумна во denesen.mk, кој вели "ДОПРВА ЌЕ ИМА УЦЕНИ". Ево што вели гласноговорникот на грчката Влада Пецас Стелиос како одговор на прашањето на МИА од Атина во врска со перспективите на Северна Македонија на патот кон ЕУ и НАТО: 

Пецас Стелиос

- Грција секогаш ја подржуваше европската перспектива на сите држави од Западен Балкан и затоа ги рашири сите нејзини дипломатски активности. Преку интегративниот процес на овие земји и конкретно за Северна Македонија,  Грција ќе изврши притисок со сите средства што ги има за да се задоволат нашите национални интереси и како што имаме кажано, сите поглавја ќе се отвораат и ќе се затвораат само кога ќе бидат задоволени интересите на Грција и ако треба ќе ставиме и вето. Се надеваме  дека ќе може секое поглавје, на предпристапните преговори, непречено да оди напред, рече Пецас!

Ароганцијата на соседите и нивниот простаклук немаат граници ниту цивилизован вкус. Нивниот примитивизам поткрепен од надворешните исто такви европски и други сили закитен  со многу детски воени играчки,  ја покажуваат сета грчка моќ. Моќ, ама не и памет.

Секој ден носи нова нафака, а секое денес си има и утре. Какво ќе ни биде утрешниот ден, времето ќе покаже.

Затоа соседи, водете сметка не само за денес, туку и за утре. За утре, зошто другите македонски генерации можеби ќе бидат подруги од нас. Не заборавајте  ја битката кај Херонеја!

Македонците знаат кои им се пријатели! Друг пат нема да не фатите на спиење и со помош на домашните изроди и велепредавници да ни зададете нож во плеќите!

И за крај: ДО КОГА УЦЕНИ И ЗАКАНИ? ПА ДОТОГАШ ДУРИ НЕ СЕ ИСЧИСТИМЕ ОД ДОМАШНИТЕ ВОШКАРИ И ИЗРОДИ!

За секогаш Ваш, Сотир!

Свадбите во Сетина и Попадија

Марко Китевски

ЈАС МОЈАТА РАБОТА СИ ЈА ЗАВРШИВ, СЕГА ТИ ШТО ЌЕ ТАКСАШ ЗА МЕНЕ?

Народни обичаи во Егејска Македонија

 

АРМАСУВАЊЕ: За армасување, односно за веридба по обичај се одело со стројници. Таткото на момчето одбираше кој ќе биде стројникот, верувајќи дека добро избраниот стројник успешно ќе ја заврши работата околу армасувањето.

Стројникот одеше во куќата на таткото на девојката. Кога ќе стигнеше до портата тој тропаше. Домаќинот ја отвораше портата и му велеше: "Ајде влегувај и добре дојде, пријателе!" Стројникот му одговараше: "Добре најдов, домаќине!" Потоа стројникот влегуваше во куќата и со бастум или со машата одеше право на огништето, кај огнот и го буричкаше огнот. Со тоа стројникот ја силеше работата околу стројништвото. Потоа домаќинот го прашуваше стројникот: "Што се измачи во ова ноќно време?" Стројникот му одговараше: "Пријателе, имаш многу поздрав од фиљан чоек (и кажувајќи за каква намера е дојден додаваше) а бре братко јас сум дојден да бидам стројник за твојата чупа.

Стројникот за оваа работа одеше неколку пати дома кај домаќинот, се додека не ја погодеа таботата за армасување на момчето и девојката. Откако ќе дадеше согласност девојката (со дозвола на татко и') стројникот се враќаше радосно кај момчето и му велеше: "Јас мојата работа си ја завршив, сега ти што ќе таксаш за мене?" Момчето му таксува на стројникот : "Талави чевли", или кожувче. Потоа момчето приготвуваше канта полна со ракија, босилок, цвеќе-џунџуле и мисурче полно со китени шарени шеќерчиња, суво грозје, а во средината на мисурчето едно големо јаболко. Стројникот потоа со канта се враќаше кај девојката. Го покануваше сватот со ракија, а девојката со леблебии и јаболко. Девојката од своја страна преку стројникот му подаруваше на момчето чорапи. Со таквиот обичај и адет се завршуваше армасот кој траеше една до две години, односно се' до конечното закажување на свадбата.

СВАДБА: Свадбите обично се одржувале на есен и се одвивале на македонски начин.

Среда: Свекрвата, мајката на момчето, повикува девојки кои имаа задача да донесат бела земја за да ги испрскаат одаите и подот на зетовската куќа. Ова продолжуваше и во другите денови.

Четврток: девојките го метеа дворот. Попладне сите роднини одат во домот на зетот со м'лно-жито, со решето, дрмон или тагар. Млното се собираше на гумното, едно дете кое имаше родители, го ставаше на житото да има куќата повеќе род, невестата да раѓа какошто веле старите, "Како што раѓа житото, така да се раѓаат децата." Потоа девојките го отсејуваат житото и го носеа на воденица за мелење  и во истиот ден свекрвата ги поканува девојките наутро да дојдат. Две девојки месат колачиња за поканување. Поручек млади невести и девојки ги ставаат колачињата во две торби и одат да канат низ село, а истиот ден со голем колач вечерта одат да го поканат за свадбата кумот и побратимите.

Петок: Се мелеше житото, а навечер се собираат сите роднини, девојки, млади невести и момчиња и одат ноќе низ селото да канат за свадба со зборовите: "Повелете да дојдете на свадба кај филан човек". Тогаш се пеат и свадбарски песни. Кога се враќаа, една од девојките која има родители, ќе отсее брашно и ќе замеси квасец, а другите девојки и невести ќе пеат свадбарски песни. Таа вечер се собираат сите девојки и момчиња од селото. Цела вечер пеат, и остануваат да спијатт во свадбарската куќа. Во петокот, исто така, домаќинот ќе заколе девет овци и еден јунец. За послужување на гостите, домаќинот позајмувал земјени (глинени) чинии и дрвени лажици по обичај  од манастирот "Свети Никола", а по завршувањето на свадбата ги враќаат назад.

Сабота: Главната веселба почнуваше во сабота попладне. По ручек околу пет часот, пристигнуваа свирачите, а за нивниот пречек домаќинот има однапред одредено лице што ќе ги пречека и се викаше колукчија. Колукчијата беше облечен во свадбарска селска носија, со шарен прегач, напола завртен, ја земаше картата накитена со босилок и цвеќе, џунџуче, полна со вино, шише раќија и мисурче полно со шарени шеќерчиња, леблебии и суво грозје, и ги пречекуваше свирачите. Пазарените свирачи, се додека не ги пречека колукчијата, а тоа обично се правеше кај училиштето, не тргнуваа. Колукчијата ги водеше свирачите и кога ќе пристигнат во дворот на домаќинот почнуваат да свират песни. Првото оро го одигрува свекрвата со свекорот, а потоа се фаќаат сите присутни млади момчиња и девојки. Вечерта колукчијата ги земаше свирачите и со неколку блиски роднини, одеа да ги поканат на свадба кумот и двајцата побратими (стариот и младиот). Таму свирачите по желба на кумот и побратимите, свират свадбарски песни и ора. Се враќаат во куќата на зетот, вечераат, а потоа свират и играат цела ноќ.

Недела: Во неделата свирачите не почнуваат да свират се' додека не се завршат црквените адети и обичаи (до околу 9-10 часот, предручек). Потоа свирачите почнуваат да свират разни ора и почнуваат разните обичаи. Колукчијата ги зема свирачите и оди да го кани секој побратим. Откако ќе ги донесе побратимите на свадба, колукчијата повторно се враќа со свирачите и оди да го кани кумот. Во дворот на кумот свирачите свират и пеат по желба и ќеф на кумот. Се изигруваат неколку ора, а потоа кумот и кумата одат во зетовската куќа. Веднаш се почнува со свадбените адети, се подготвува зетот за миење и бричење. По обичај прво на зетот му се мие главата, а таа работа ја врши едно девојче кое има татко и мајка. Зетот седи на едно столче направено од лактиштето на селска запрежна кола од тркалото.

Бричењето на зетот прво го прави кумот, а потоа побратимите. Кога се бричи зетот се раширува една шамија и во неа сите присутни свадбари фрлаат пари, а свирачите ја свират песната нобет. Откако ќе заврши бричењето, кумот прв го заигрува орото околу седнатиот зет. Кумот го игра тешкото оро и со рацете држи суровица, која на врвот има закачено големо црвено јаболко околу наќитено со босилек и со бајрак што се зема од црквата. Околу зетот стојат девојките и ја пеат зетовската жална песна. Мајката заплакува. Потоа се оди по невестата, ако е од подалеку се спремаат коњи наќитени со ресени веленциња, черги и цвеќиња. По пат за кај невестата се ука. При пристигнувањето во куќата на невестата музиката и гостите влегуваат, а зетот чека надвор со побратимите се додека не ја подготват невестата, а за тоа време свадбарите се мезат, пијат, се веселат и играат оро. Во дворот на невестата се изнесуваат рувото и се раширува на фортоми за да го видат сите свадбари и селани.

По изведувањето на невестата од нејзиниот дом ја качуваат на коњ, во невестинско руво, саќе и превез и во придружба на своите блиски роднини. Пред заминувањето од нејзината куќа во нејзиниот двор свирачите отствируваат три ора, а по обичај прво заигрува невестата, а потоа се прави зада ја видат свадбарите и селаните. Потоа невестата се носи во куќата на зетот.

Кога невестата ќе ја донесат во куќата на зетот, пред да слезе од коњот и' се дава чаша со вино за да се напие три пати. Потоа таа го истура виното преку глава, чашата ја брише со шамивче, а потоа ја става во нејзината пазува.  Пред вратата на зетот на невестата и' се даваат три деца кои имаат мајка и татко, таа ги бакнува и ги дарува. Потоа свекорот ја симнува од коњот, ја носи  пред вратата и и' се дава чаша со мед за да ги намачка сите четири страни на влезната врата. Го пречекорува прагот со десната нога и ја носи право кај свекрвата која седи во бучката на одајата и чепка волна. Невестата ја даруваше свекрвата, потоа свекрвата ќе стане од бучката и на тоа место ќе седне невестата. После неколку минути невестата ја носат кај зетот.

ВЕНЧАВАЊЕ: Во неделата поручек се врши венчавањето и тоа во една одаја приготвена за таа цел. Во средината на одајата се клаваат две бочви-буриња каде што невестата и зетот седат, а попот застанува пред нив. Невестата и зетот се фаќаат за малите прсти на рацете. Тогаш кумот преку главата им става бело платно, а попот им става круни на глава. Кумот држи две свеќи, а побратимите стојат зад младоженците и така попот го врши венчавањето. Кумот им ги става прстените и венчавањето завршува. Потоа се пристапува кон честитање и свирачите свират. Се развива оро, се пеат песни и веселбата започнува.

Околу вечерата се собираат сите кои се поканети на свадбата. Секој поканет на вечера си носи од дома подготвено јадење во тепсија и вино, исто така си носат и подароци. Така заеднички започнува вечерата. По вечерата почнува да се игра се до касно на вечер, до полноќ. По полноќ невестата и зетот преноќуваат заедно. Доколку се слушне дека невестата била чесна, тогаш кумот и побратимите одат кај кокошарникот, фаќаат кокошки и ги колат. Исто така колат и бишкиња. Среде дворот се пали оган и се печат кокошките и бишките.

Се повикуваат свирачите да свират и околу огнот се игра оро. На свекрвата и' ја запалуваат шамијат, гаќите и околу вратот и' обесуваат една низа суви црвени пиперки, а на свекорот му обесуваат една низа со кромид како и други предмети. Потоа на свекорот му ја палат капата, гашникот и така се исмејуваат со свекрвата и со свекорот. Тој ден е највесел од свадбата. По чесноста на невестата, зетот прво ја посетува бабата која му носи една кокошка накитена со пари. Веселбата продолжува до сабајле, потоа роднините одат на блага ракија.

Доколку невестата не беше чесна, рано в зори ја враќаат назад качена на магаре свртена кон опашката. Така селаните дознале дека невестата не била чесна. По некогаш сватовите и зетот се договарале да не се осрамоти невестата пред селаните. Доколку момчето многу ја сакаше, ја прифаќаше како чесна.

Понеделник: По изгрејсонце невестата се води на вода на реката и кладенците. Таа правеше по еден круг на три места. При прошетувањето на невестата на вода ја придружуваат побратимите со едо баче вода и одат право каде што има кладенец. Од кладенецот невестата го наполнува бачето со вода, потоа ќе заигра три ора, се кршеше колач и сите присутни се туркаат за да грабнат барем по еден залак од колачот, а бачето што го носеа побратимите го предаваат на зетот и тој го фрла преку куќата божем да си ја види силата.

Ако бачето се тркалаше и паднеше пред вратата се сметало дека тој не бил зрел за женидба. По овој настан секој си одеше дома и со тоа завршуваше свадбата.

Од книгата "Сетина и Попадија во минатото" од Ташко Јованов и Стојан Трпчевски, Скопје 1992. (Подготви Марко Китевски).

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

ПРОЗА

 

 

Марија Воденска

ЗОЈА ОД ОДЕСА

Во Григ паркот во Бруклајн се израдував на првите расцутени дрвја со чудесна глетка! Развигорецот тивко пиркаше и го брануваше цутот кој се виореше наоколу. Попатно нежно се вплетка во русите коси на девојчето и во седата коса на баба и'. Се прошара розовина како попатен облак и се распосла врз тревнатиот зелен ќилим.

Приседнав на клупата наспроти расцветеното дрво, што како украс се издвојува од околните постројки за игрите на децата. Децата истрчуваа од една на друга справа, од лизгавите тунелчиња до лупките и занесени во игрите и дружењето се валкаа по безбедната мека постава над земјениот простор низ целиот детски парк за игра. Овде децата се заштитени од повреди при паѓање и неконтрола во игрите. Неспретни во игрите се поттурнуваа, но никогаш во изминатите четири години не забележав да се скараат или да посегнат еден кон друг. Загледана во палавоста на децата размислувам: Сите деца се само деца, кои во дружење и игра еднакво растат, но на различни простори не се со еднакви можности за посреќно детство.

Со таа мисла се премостив преку Атлантикот до селото во кое бевме дојдени од домовите кај родителите, кои беа избегани од Егејска Македонија, по капитулацијата на Граѓанска та војна во Грција. Жената која ја надгледуваше својата внучка, прва проговори и ме праша за децата, заради кои сум тука и кои повремено идеа кај мене да се напијат водичка. И' кажав дека не сум бејбиситерка, а сум им баба по мајка им. Откако се запознавме, разговорот го продолживме на руски јазик.

Ја распрашав за војната во Украина. Замолче, а потоа задгрлено продолжи да раскажува:

Родена сум во Одеса. За време на Втората светска војна, бегавме од едно село во друго, од еден град во друг, и во налетот на Германците беше страшно. Војната не' затекна во Одеса. Живеевме во петоспратна зграда на улица "Полскаја" број 13 и апартман 13. Една квечерина во месец јуни, мислам беше 22, над градот се чу звук на авиони. Мајка ми и татко ми беа симнати во дворот, а јас од балконот на катот ги посматрав авионите кои налетуваа еден по друг и заминуваа. Така заминаа пет авиони, а шестиот неочекувано пушти бомба која падна во близина на нашата зграда. Се прибрав во големата одаја и побрзав да се симнам по скалите од спротив страна на балконот. Дури ни денес не можам да се сетам како не се струполив во амбисот. Скалите беа срушени и јас останав преплашена. Се вратив во одајата и по темнина се симнав по споредните скалички до долу. Во дворот го видов татко ми како се раздвижи од натрупаната земја и почна да ја откопува и мајка ми, која беше ранета во рамото и ногата. На татко ми му потече крв од главата и беше ранет во раката. Имаше викот и плач од многу луѓе.

Романците беа во сојуз со Германија и тие први влегоа во Одеса. Грабеа се' што ќе им дојдеше до рака. Беа наоружани и почнаа да го собираат народот. Утредента уште од раното, ние се преселивме кај баба ми која имаше отидено кај вујко ми исто во Одеса но тој дел не беше бомбардиран. Таму останавме до есента, кога на Евреите им заповедаа да отидат во селото Далник и таму да се пријавуваат. Селото е оддалечено околу дваесетина километри од Одеса. Под силното оружје и грубото однесување на Романската војска, на удар во првите редови беа еврејските семејства, а потоа и целото население. Грабеа од домаќинствата се' што ќе им дојдеше до рака, а убиваа кого ќе стигнат. Ако некој се противеше на лице место беше убиен. Цели семејства бевме упатени во Далник.

Татко ми се одвои малку наназад и ја повлече мајка ми со мене. Татко ми знаеше за мините кои беа поставени од Романците околу селото Далник. Евреите беа првите кои требаше да поминат преку мините кои беа поставени околу селото. Татко ми не е Евреин, но мајка ми беше полуеврејка, по мајка и'. На крајот од населеното место имаше една запуштена полуурната куќа и татко ми набрзина не' повлече и се скривме зад ќошето, а потоа се симнавме во подрумот. Тука останавме да преноќиме. Утредента уште раното се упативме да се вратиме наназад, за да одиме кај вујко ми и баба ми. На враќањето не пресретна една романска заседа. Татко ми му објасни дека ние не сме Евреи, но тие не поверуваа и татко ми го поведоа во една од ограбените куќи и тука му ги собуја пантолоните и гаѓите за да го проверат дали е обрезан. Така се спасивме од оваа заседа и продолживме во селото кај баба ми. Потоа продолжија да ги забираат Евреите и во долги ешалони ги депортираа во логори. И мајка ми замина за да бидам спасена јас, а бев една на мајка и татко. Неа ја спроведоа иако беше многу тешко болна од бомбардирањето во Одеса.

Во Одескаја Област имаше многу изградени логори во бараки за Евреите. Мајка ми беше во логорот Савкос Врунsев, во Красное село, кое е оддалечено 160 километри од Одеса. Овде имаше Евреи од Полска од Романија и од ближните градови. Сите забрани во логорите работеа во полето, а Германците секојдневно ги застрелуваа неспособните за работа. Имаше една жестока жена во германската војска, која секојдневно застрелуваше по дваесетина мажи. Романската војска заедно со Германците пленеа по куќите, а остатокот од луѓето беа евакуирани дури до Урал. Тука Германците не стигнаа до крајот на војната.  Многу од  Рускиот народ кои беа евакуирани, до крајот на војната останаа во Урал. По војната почнаа да се враќаат во своите разрушени домови. Мајка ми не се врати и многуте еврејски семејства кои беа погубени во логорите.

Војната е страшна и безумна, како и сегашната војна во Украина, продолжи да раскажува Зоја. Имам роднини и често сум во контакт со нив. Безумието придонесе за граѓанската војна во Украина.

Зоја Књажитскаја, така ми се претстави, ја заврши својата незавршена приказна со солзи, кои капеа заедно со цутот од дрвјата. Ветрето пиркаше откај Атлантикот и таа кротко ја подзеде внучката за рачето и заминаа на трамвајската станица Бруклајн Вилич за Њутон Центар. Почна да се потзастемнува и да заладува. Во Њутон, предградие на Бостон со број на жители повеќе отколку во самиот центар на градот, сообраќа Зелената "Д" трамвајска линија.

Кога денот одминува, од висорамнината на Вабен, зајдисонцето најдолго патува. Пред да се спушти во Океанот, зажарува топка од светлина, која меѓу горостасните дрвја во прашумските предели, зраците се пробиваат ниско низ густиот разлисток и се прекршува светлината во розови и портокалови нијанси. Штом ќе згаснат и последните сончеви преливни зраци од зажарената топка која плива во хоризонтала. Сонцето потонува во Океанот  и набргу се смрачува.

"Њутон, МА, 12 април 2015 година 

 

ГРИГОР ПРЛИЧЕВ ЕДЕН ОД ТЕМЕЛНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ НА 19 ВЕК, КОЈ БИЛ НАРЕЧЕН ВТОР ХОМЕР

******

Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19-от век, е роден во Охрид на 30 јануари 1830, а починал на 06 февруари 1893. Тој е роден во семејство од кое излегле повеќе македонски дејци и револуционери.

Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег", како и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", која ја напишал во своите студентски години и за која на поетскиот конкурс во Атина добил Ловоров венец, историски ја верификувал големината на својот поетски талент. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се' уште не е надминато.

Григор Прличев по повод 1.000 годишнината од смртта на Методиј, одржал говор во Солунската гимназија на 06 мај 1885 година и меѓу другото рекол тогаш: "Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го  покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението..."!

Како што е познатао, Прличев, за својата поема Сердарот во Атина бил овенчан со Ловоров венец и бил наречен втор ХОМЕР.

денешен.мк

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

Ана Бунтеска 

КОГА ЌЕ СЕ ОПСЕДНЕШ СО СМРТТА

Кога ќе се опседнеш со смртта
и насекаде ја бараш
ко ѓомити ќе се крие
ако веќе наумила да дојде
и ја гледаш каде и да се завртиш
ти се прпелка во сенката сред лето
во есен паѓа со лисјата
а зимата во здивот ја носи
дур пролетта со неа распупува
си ја гледаш во очите
и низ прсти ја сеќаваш
дур косата ја чешлаш
на усните ти спие
дур ги карминисуваш
ко ќе се опседнеш со смртта
животот станува здив
краток и плиток
несвесно го тераш
како дишењето
ете врват деновите
и пишуваш со невидена леснотија
детето го гушкаш силно
како секој пат да се збогуваш
а не ти се дава
не ти се испуштаат нишките на среќа
кои се ретки и кратки
и туку умот во црното ќе ти забега
и си помислуваш
дека навистина полудуваш
ете така
како во песните што ги пишуваш
а тука си
и стануваш со насмев секој ден
дур ликот во огледало не си го видиш
и знаеш дека и овој ден ќе мине
со измешани мисли
со чувства послани на хартија
со нова песна
неколку телефонски разговори
надеж за љубов
кршење низ реалноста
и низ метежот возиш
со куп посивени лица околу
во чиј одраз и својот го гледаш
како од ист калап излезени
како маски
со испишани датуми на нив
и удрен штембил
од неа
нејзиното величество
смртта
**********
За Женски Магазин: Ана Бунтеска 

 

ВИДЕОТЕКА - VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 278, 05 април 2020