ПРОФЕСОРКА ТАЊА КАРАКАМИШЕВА - ЌЕ УСПЕЕМЕ, АКО САКАМЕ!

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВМРО-ДПМНЕ СЕ РАДУВА, А СДСМ ТРИУМФИРА ЗА НЕШТО ШТО Е МНОГУ ДАЛЕКУ И НЕДОСТИЖНО

 

30 март 2020

А како и не би, кога од тоа им зависи иднината. Меѓутоа, нивните злодела  на секаде околу нив присутна ќе  бидат и ќе им ги гризат душите и совеста.

Политичката творба насилно создадена со крадење на туѓа држава, народ, национална историја и културно наследство нема  да има иднина. Туѓото е туѓо, украденото и продаденото   нема среќа. Било кога, ќе му биде вратено на сопствениците  кои со столетија граделе, множеле, негувале и на крајот од своите славни животи, ни го оставиле нам  да го чуваме, надградуваме и на крајот од нашите животи им го оставиме на  наследниците, со ист аманет.

Верувале или не, така  и ќе биде! Правдата е спора, ама ќе стигне на време сите криминалци, изроди и предавници да ги награди спрема нивните заслуги: "Коме колац, коме конопац" (Мажураниќ: Смрт Смаил  аге Ченгиќа).

Од медиумите сознавме, дека Советот на министрите за надворешни работи на Европската Унија донел одлука за почеток на почетокот за отпочнување на преговори за влез во оваа заедница на европските држави. Меѓутоа во подножјето со помали слова пишува: ќе ве примиме кога од хаосот кој го создадовте во Македонија ќе направите безбедно и место угодно за живеење!

Ево како реагираше ВМРО-ДПМНЕ, односно високото нејзино раководство и Христијан Мицкоски: "Европските определби се наша стратешка ориентација и претставува одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асосијација од 2001 година до сега, како и последовалните 10 позитивни извештаи на Европската Комисија. Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број на реформи особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштитата на стандардот на граѓаните.

Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните на Македонија горди. Добрата вест за граѓаните е што после следните парламентарни избори владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза трака ќе ја внесе државата во ЕУ", се вели во соопштението на партијата.

Ох, какво олеснување. Ќе сме биделе пак горди, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го заменел СДСМ и Зоран Заев. Не ли вие срам господо што на ваков начин барате гласови од Македонците кои одамна сте ги напуштиле, изневериле безсрамно предале и со остри ножеви грбовите им ги издупчиле? Барем еднаш да се осмелевте и да им речете на своите членови за кого работите, но и на  оние кои со денови, недели и месеци протестираа пред куќата на срамот во Скопје во која и вашите претставници учествуваа во растурање на македонските темели со векови градени и доградувани. Седевте во своите фотелји и низ пенџери ги гледавте жените, децата и старите пензионери како го молат и ѓаволот и господа да ве истреби од Македонија заедно со Зоран Заев, а вам ни око да ви трепне. 

Го погазивте референдумот, ги саботиравте сите протести на македонските патриоти, ги предадовте бранителите на Уставот и ги оставивте години да спроведат во зандааните на вистинскиов режим на злото.  Здружени со Заев го искасапивте Уставот на Република Македонија за полесно да и' го смените името на државата и идентитетот на Македонците. Од  државотворен народ преку ноќ не трансформиравте во  безимени граѓанин на Северна Македонија и наместо ознаки на ракавите, за националност ни закачивте три цртички (///).  И сега така бесрамно ни ветувате благосостојба кога ќе сте ја земеле власта и насилно не пикнете во вашата "сјајна наднационална организација која ги обединувала европските народи  од Истокот кон Западот и од Северот кон Југот за да живееме во слога, хармонија и благосостојба". Најверојатно имуни и од КОРОНА вирусот на Џорџ Сорос!

А што е со  Македонците од кои се одрековте така лесно, за грниња  полни со грчки и бугарски какарешки? 

Често го споменуваме нашето изгубено име и достоинство, но сега докажавте дека вие достоинство никогаш не сте ни имале, па затоа би било недостоинствено од секој чесен Македонец, кој си ја сака татковината и се почитува самиот себеси, да ви го даде својот глас на следните парламентарни избори. Тоа би бил акт на двојно самоубојство и вечен срам.

Велите  дека на брзина ќе сте ги завршеле преговорите со ЕУ и ќе сте не пикнеле во оваа организација како наше стратешко место за умирање. Ќе сте не пикнеле како овци во трло кое одамна се распаѓа и нема никаква кохезивна моќ. Да беше така добро, и Англичаните ќе беа внатре. А наскоро ќе му ја летнат и Италијнците, а потоа и Шпањолците за да ни ослободат место во нивните кујни за лупење кромпири. Само такви им требаат, сега за сега, а вие сте баш за таа работа создадени, ако пак не се лажам.

А сега јас со моето семејство да ве прашам, господо, кој вам ви даде право да не однародите, затоа што протерани од вашите предци денес живееме во повеќе белосветски земји а со душите и мислите дома покрај старите и потполно згаснати огништа? Таму потпрени на урнатите куќни sидови, чекајќи поарни времиња одново да се скрасиме и своите стари коски да ги положиме до коските на нашите  предци. Доколку се' уште се таму каде сме ги оставиле?

Не ли ви беше доволно јасно што македонското мнозинство  ви порача со бојкотирање на вашиот лажен референдум?   Дека не сака ниту НАТО, ниту пак Европска Унија вака осакатени, понижени, безимени и без национален идентитет, а вие и понатака како глуви ни ветувате тоа што не вие судено да им го испорачате на вашите газди и финансиери.

Е, тој филм не би требало двапати да го гледате, ако се' уште има Македонци кои си ја сакаат Македонија и  се почитуваат самите себеси.  

Денко Малески

Најавата на Советот на министрите за надворешни работи за почеток на преговорите за зачленување во нивната "сјајна наднационална организација" не ги израдува само двајцата "врвни" лидери на Северна Македонија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Има и други стаорци, за кои верував дека одамна се кријат во нивните глувчји дувла за таму да изгнијат. Но, се излагав. За еден од нив веќе пишувавме неодамна и ги истакнавме неговите  "врвни квалификации и заслуги за Северна Македонија".  Денес ќе ги дополниме неговите  погледи на ситуацијата во светот со нови геополитичко-филозофски мудрости, со кои го трасира патот на светлото кон едно отворено општество  без граници,  во кое сите луѓе ќе живеат во мир, хармонаја и благосостојба и со минимум работа. Општество за сите, до 500,000.000 од сегашните осум милијарди жители на планетава Земја! Зошто толку малку? Па затоа што денешната цифра била превисока и претешка за планетава Земја и постој опасност од исфрлување од нејзината свемирска орбит, што би значело катастрофа! 

Чувствувам дека знаете за кого се работи, а ако неможете да се присетите, тој е Денко Малески! А во духот на Преспанскиот договор и новата политичка творба на неговата партија СДСМ и водачот Зоран Заев, Магарески.

Со неговите емоции што ете Унијата не' не заборавила и дека наскоро (?) ќе пиеме кафе седејќи на иста "Шведска маса" преполна со секакви слатки и јагниња печени, извикувајќи:  "ЕУРИКА", нема да жали и ако умре од среќа, што меѓу првите глобалисти во светот на широка порта ќе влезе во ЕУ, таа "сјајна наднационална организација која ги обединува и усреќува европските народи". 

Ево што вели нашиот мудрец Денко: "Велат дека кога на човек му е загрозено здравјето, преку ноќ му се менува скалата на вредности. Соочен со болеста, она што до вчера било важно станува помалку важно или неважно. Така е и со човечките колективитети наречени држави. Веста за одлуката за почеток на преговори со Европската Унија не' затекна среде епидемија кон која е средоточено сето наше внимание. 

Но, ова е голем ден не само за нашата држава (?), туку и за Европа. Европа, имено, продолжува со својот мировен план на Балканот, давајќи и' нова енергија на европската идеја. Денес, дефинитивно нам ни се отворија вратите на оваа сјајна наднационална организација која ги обединува европските народи, за така обединети да се соочат со предизвиците на своето живеење. Појавата на епидемијата на коронавирусот покажа колку е важен заедничкиот напор на државите соочени со предизвиците на новиот милениум: болестите, порастот на населението, екологијата....

Мораме упорно да работиме на изградба на свет на мир, соработка, солидарност, потака од националните граници"!?

Па ако така вие велите, така нека ви биде! Земете си го дипломатското куферче и сиктер што подалеку од македонските национални граници, ако се' уште на некому му сте потребни. 

За секогаш Ваш, Сотир! 

Mila Redwood

I HAVE A STORY TO TELL YOU

 

 September 29, 2018

I have a story to tell you, the truth about something that is not being spoken. I need to write these words on behalf of my  ancestors who cannot tell this story themselfs. My fingers are trеmbling as i write this, as I feel thе fear of generations before me.

I am a Macedonian woman. My Mother was born in an ethnically Macedonian village in Northen Greece, where my family has lived for generations, for as long as time can tell. My family's village has been stuck on the wrong side of the border for around 700 years, first under Ottoman (Turkish) rule, and most recently, under Greek occuapation. Just ten minutes north of my family's village is the border to the Republic of Macedonia, the little country that gained independence in 1991.

My family emigrated to Canada when my Mom was just as baby, to escape war, poverty, and the opression of their people. I grew up with stories from my Grandparents about te loss od identity trough the loss of voice. Time and time again they were beaten, imprisoned, and assaulted for speaking their native language (Macedonian). All of their names were changed to Grrek names, along with the names of their villages, towns, and local landmarks. They can only sing their traditional songs behind windows covered with bed sheets, in hiding.

Growing up, I experienced this violence firsthand when my family would go to Macedonia cultural events in Toronto. I remeber being a little girl and going to a public celebrations of Macedonian songs and dances, where a mob of Greek people threw rocks at us while chanting that Macedonia doesn't exist. I remeber people fleeng the celebration, terror and blood on their faces.

I remeber my Mother's courage in telling the story of her people as curator of museum shows about Macedonian women's culture, folklore, and textile. I remeber politicians from the Greek embassy showing up and threatening to shut the show down. Bravely and with the allied support of the female Director of the Museum, she refused and continued to receive threats from Greek government officials.

I visited my Mother's village this summer, where much of my family stil lives. I wanted to gather traditional songs from my people, and bring them home to share. What I found there was deeply chill, in the amount of oppression that stil exists  to this day, my family is not allowed to speak their native language, in schools or otherwise. The true name of my family's village - Ovcarani - cannot be found on any map. And when people die, the family is not allowed to write the Macedonian name of their loved one on the tombstone.

Село Овчарани- Ovcarani - Meliti -Леринско

When I asked the elders for their songs, I could see the fear in their faces when they told me that they don't remember the songs. I had a feeling this wasn't true, so I kept asking. I managed to find one elder to share a song, who did so very quietly, under his breath. When I asked if I could record the song, he stopped singing it. I came home emty handed, without songs, but with this story to tell.

Coming to understanding how oppressed my ancestral people have been, and still are, has been for me a mix of heartbreak, anger, and fierce passion. It has ignited a fire in my belly to speak for them, for my ancestors who are not able to, for those in my family today who still live in fear of violence  and oppression. I have a responsibility to sing for them, and to raise my voice on their behalf.

Some of you know that there is a referendum tomorrow in the country of Macedonia, about changing the name to the "Republic of North Macedonia". The reason for this referendum is that Greece holds a veto over Macedonia in joining the European Union, and won't let Macedonia into the EU unles it changes the name. They say that the Macedonian people don't have a right to the name "Macedonia", because it treatens their claim over Alexander the Great, an ancient historical figure who colonized much of the world a long time ago. They say that the name "Macedonia" belongs to Greece.

But what is missing in all the media coverage about this referendum, is how Greece has treated their ethnic minority, especialy the Macedonian people. What is missing is the history of oppression and violence that is still alive today. Changing the name of their country is a way of  systematically eroding the identity of a people, much like changing the name of the villages, towns, and family names. It is an act of bullying from a much larger, more powerful country towards a very tiny group of people displaced across borders.

So the Macedonian people are stuck between a rock and  hard place. If they vote for the name change, will be more likely to gain entry into the EU and have more opportunities for their children and futures. If they vote against it, they will honour their sense of identity and sovereignity as Macedonian people.

Writing and sharing these words is scary for me. It is an act of courage, because I can feel the generations of fear behind me in speaking up, in telling this story. I need to tell this story and share the truth of what my family and ancestor have lived trough. So that you can know the truth of tomorrow's referendum, as I know it, trough my experience of being a Macedonian woman. Thank you for reading this.

Mila Redwood 

Милојка Калкашлиева 

ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е СКЛУЧЕН ВО ИМЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Договорот склучен на 17 јуни 2018 година во Нивици крај Преспанското Езеро, таканаречен "историски" не е склучен во име на Република Македонија.

************

Тој договор е склучен, како што стои во неговиот текст, меѓу грчката република и некоја втора страна за која не е наведено име, туку е опишана со број и со датум на актите. Република Македонија е држава со име во кое зборот Македонија е име на државата уште од АСНОМ во 1944 година - демократска, народна, социјалистичка, но секогаш Република Македонија, без никаква додавка меѓу Рапублика и Македонија и која до 1991 година беше во состав на Југословенската федерација, а од 8 септември 1991 година, државата Република Македонија е суверена и самостојна држава со свој Устав и закони, кои, според Уставот, секој е должен да ги почитува.

Според Уставот, меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија. Може и Владата, но само кога е определено со закон. Министер, пак, и министер за надворешни работи, воопшто не може во име на Република Македонија да настапи како договорна страна во склучување меѓународен договор. Оттука, Преспанскиот договор не може да создава обврски за Република Македонија, како поради фактот што не е наведено името на државата Република Македонија како договорна страна, така и поради фактот што министерот за надворешни работи се потпишал на тој договор како овластен претставник на втората страна. Владата не можела да му даде овластување на министерот за потшишување таков договор за промена на името на државата.

Погрешно е потпишувањето на Преспанскиот договор од страна на министерот за надворешни работи да се доведува во врска со потписот на министерот за надворешни работи ставен на Привремената согласност од 13 септември 1995 година, затоа што Привремената согласност е склучена во време кога во примена во Република Македонија се' уште беше Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори донесен во СФРЈ, кој престана да важи со донесување на Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори ("Службен весник на РМ" бр.5/98), во кој детално е уредена постапката за склучување меѓународни договори од страна на Република Македонија.

Освен тоа, во Привремената согласност, ниту, пак, во резолуциите на Советот за безбедност 817 и845 не станува збор за промена на уставното име на Република македонија. Промената на уставното име и негова употреба ерга омнес е "креативно" прифаќање туѓи предлози од страна на оваа влада. Никој нема право за таква промена на името, па ни прртседателот на државата за кој нема орграничување за склучување меѓународни договори. Ни тој нема право со друга држава да договара промена на уставното име на Република Македонија. Уставот не предвидел такава основа, а без уставна основа не може да се склучуваат меѓународни договори. Склучениот меѓународен договор мора да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а Собранието може да го ратификува само доколку е во согласност со Уставот.

Затоа, господа пратеници, внимавајте, ваша должност е да го почитувате Уставот, се заколнавте на тоа, вие сте пратеници во Собранието на Република Македонија и вие може да ратификувате само меѓународен договор во кој како договорна страна се јавува Република Македонија и чија содржина е во согласност со Уставот. При одлучувањето за ратификација мора Уставот да ви биде водилка.

Преспанскиот договор не е договор на Република Македонија, читајте го внимателно текстот. Нашата држава-Република Македонија, ја нема во тој договор. А погледнете во архивата на Собранието и ќе видите колку многу меѓународни договори ратификувало Собранието и на сите стои името на државата Република Македонија. Зарем ќе ратификувате меѓународен договор во кој не стои Република Македонија како договорна страна?

Содржината на Преспанскиот договор не личи на договор, туку на еднострано дадени наредби од првата страна што мора да направи втората страна, за на на крајот, втората страна откако ќе направи се' како што бара првата страна, може да очекува и да добое нешто на "подарок". Наредбите, пак, што првата страна и' ги дава на втората страна се грозни,недозволени во меѓународното право и со нив, меѓу другото, се крши Повелбата на Обединетите нации, а во преамбулата на договорот се повикуваат и на неа. Не верувам, дека постои држава што такви наредби ќе прифати, а нам Владата сака да ни ги продаде како пат кон светла иднина.

На втората страна и' се диктираат и постапки и содржина за измена на Уставот. Не може Уставот на Република Македонија да се менува по диктат на друга држава. Уставот на Република Македонија содржи одредби со кои е уредено прашањето за измена на Уставот. Според тие одредби, предлог за пристапување кон измена на Уставот може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани. Но со предлогот не почнува поставката за измени во Уставот, туку за да почне постапка за измена на Уставот, Уставот предвидув Собранието на Република Македонија да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, а таа одлука се донесува со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.

Срамота и големо понижување за државата ќе биде ако Владата како свој предлог за измени на Уставот го поднесе Преспанскиот договор. Но, од оваа влада и тоа може да го очекуваме. Сепак, двотретинското мнозинство што Уставот го бара и за пристапување кон измени во Уставот, се надевам ќе го спречи тоа.

Но не смее да дојде н до ратификација на Преспанскиот договор, а ако сепак, за пратениците поважни се интересите на туѓа држава од нашите национални интереси, тогаш надежта ни останува кај претседателот на државата, а потоа и во Уставниот суд, чија уставна должност е да го зашттитува Уставот.

Зарем вреди, за датум за пристапни преговори со ЕУ и за зачленување во НАТО, кои се толку неизвесни, да се бара од Република македонија и од македонскиот народ самоуништување како држава и како народ? А со Преспанскиот договор токму тоа се бара од нас. 

Да не го дозволиме тоа!

Пишува за Нова Македонија: Милојка Калкашлиева, судијка на Врховниот суд во пензија.

 

Млади за Македонија

БАРАМЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

 Младите за Македонија се придружуваат на повикот на Европската слободна алијанса за почитување и признавање на македонското национално малцинство во Бугарија. Бараме бугарската влада да спречи секаков обид за повреда или ограничување на слободата на здружување, како што е најавената дерегистрација на малцинската организација за човекови права.

Младите за Македонија потсетуваат дека воените репарации на Бугарија за окупацијата на Вардарска Македонија сеуште не се завршена работа. Затоа бараме исполнување на  обврските од военире репарации на Бугарија-целосно ослободување на Пиринска Македонија!

Наместо слободни Македонците во Пиринска Македонија од доминантен народ, како резултат на репресии и асимилации, постанаа обесправено малцинство.

Само пред неколку дена бугарското обвинителство побара од Регионалниот суд во Благоевград да ја поништи регистрацијата на организацијата формирана од етнички Македонци за заштита на  нивните основни права и слободи.

Организацијата беше регистрирана од страна на Агенцијата за регистрација, при Министерството за правда, под името: "Граѓанска асоцијација за заштита на основните индивидуални права"

Македонците во Пиринска Македонија  се жртви на континуирано кршење на нивните основни права и слободи со изрази на говор на омраза и заплашување на цела македонската заедница што е недопустливо и мора да се разреши-стои во соопштението на Млади за Македонија. 

https://vesnik-ilinden.com

Розита

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

Розита Македонска Христовска

Оие носталгични стихови ги напишав одамна, пред 4 години. Иако бев среќна на гости кај моето најмило, сепак ми недостигала мојата ДОМА...ДОМА...ДОМА...

Е, па, ете сега сум ДОМА, така треба и така МОРА, но сега ми недостигаат тие што ми се далеку и не знам кога ќе можам да ги гушнам. Господ знае, да ни е на помош на сите.

 

ВРАТИ МЕ БОЖЕ ДОМА

Овде под ова парче небо
очиве ми се преполнија
од премногу земски убавини,
стари кралски палати
и замоци со златни покриви,
паркови со мермерни статуи,
музеи со слики бесценети,
мориња, реки и езера,
бликаат шиштат водопади,
вода од секоја пукнатина,
а јас пак жедна останувам,
и пак и пак, и пак
нешто на душава и' недостига.
Туѓо ми е небово Боже,
поинаки светат sвездиве,
истото сонце ме огрева
но душава не ми ја стоплува,
насекаде цвеќиња насадени
во шарени леи подредени,
но нигде не видов самоници
и ниедно од нив не мириса
како оние во нашите градини,
дуќаните со стакло затворени
полни со чудесни плодови
едно по едно сите спакувани
за јадење се или се лампиони?
Ај те молам Боже врати ме
таму во мојата Македонија,
да ме опијат мирисни полиња,
да ме заслепи шарската белина,
да слушнам кавал и гајда,
да заиграм на галичка свадба,
да се насладам на сирење биено
и да вкусам охридска ппастрмка,
да наздравам со црно тиквешко,
па да потонам во сон спокоен
ноќната радожданска тишина,
да каснам залак наш лебец.
***********

Р. Христовска
24 март 2016

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 277, 30 март 2020