ЕДНА ДРЖАВА, ЕДЕН ЈАЗИК ДОМА И НАДВОР

 

Сотир Гроздановски-Македонски

КАКОВ ТАТКО, ТАКОВ СИН

 

 20 март 2020

Никогаш не ми паѓаше на памет да пишувам за професорот Димитар Димитров, таткото на  министерот за надворешни работи во владата на Зоран Заев. Но, ето, бев испровоциран од неговите небулози и детски приказни за  патриотизамот, политиката, науката, планетарните интеграции на Македонија,  за благодетите од членството во Европската Унија и НАТО и на крајот Преспанскиот договор со Грција  и неговата важност за  опстанокот на Република Македонија.

Потоа дека без него животот на Македонците би бил уште полош од овој кои денес едвај го преживуваат. А за антиквизацијата на  Република Македонија, за која историчарите не потрошиле ни збор против неа вели дека  не вратила назад во мрачното минато и не скарала со соседите (Грција). 

Па професоре, кога би знаеле малку повеќе за Грците, а би требале, за нивната измислена историја, но и за нивните претензии, од памтивек, да завладеат со богатаствата на Македонија,  би се покриле со ушите и би занемеле од срам. Само двајца Македонци нив ги држеле на узда и секогаш биле под нивните чизми. А сега,  двајца лигуши, Зоран Заев и вашиот син Никола Димитров со активна подршка на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски, успееа да ја продадат. 

Кога би  Грците, Бугарите, па и Албанците имале политичари како вас, вашиот син и криминалецот Зоран Заев, ни спомен од нивните држави, истории, јазици, култури, обичаи, традиции...не би останало. Туку напротив, тие имаат луѓе на кои и покрај сите нивни човечки слабости, на прво место им е татковината, идентитетот и се' друго кое за вашиот недоветен и неспособен син не е вредно ни пет пари, зошто баш вие во неговата душа и срце му всадивте само алчност по пари, а не љубов кон македонските историски и идентитетски вредности. 

Македонците немаат, ама, ништо против ЕУ и НАТО, да тие не се против нашите национални интереси и вредности со векови градени и пренесувани од генерациите пред нас, за нас. Ако тоа вие не  го согледавте дека името   беше само стапица за вашиот син Никола и неговиот идол Зоран Заев да влезат  во редица на отстапки, кои самите Грци не ги очекуваа, тогаш и вам Ви нема помош. 

Доколку вие навистина верувате во тоа што го изјавивте во својот текст за "Дојче Веле" дека: "Преспанскиот договор од неговата иницијација до денес-недели до изборите претставува лаксмус за стратегиските позиции на политичките субјекти, но и за елементарното неразбирање  на историјата и на редот на нештата во современиот свет, тогаш сте за вистинско жалење. 

Дефицитот од знаење  и суфицитот од политичка пристрасност, волунтаризам кои создавале можност  тој договор да се восприема како 'национално предавство' од една страна, а од друга  за објективни и компетенти набљудувачи, договорот претставувал ретко досеглив политички и цивилизациски врв," претставува потполна исцрпеност на вашиот разум за елементарно и интелигентно расудување.

Нашите национални интереси се на прво место, господине професоре, а потоа се' друго. Важно е што македонскиот народ сака и очекува од своите претставници во власта, а не што мислат некои странски набљудувачи кои си ги гледаат своите интереси.

Тогаш, кога светот ќе ја прифати таа сулуда и утописка идеја за некое глобалистичко и отворено општество налик на савана каде пасат сите животински врсти  под контрола на дегенерирани Сороси и нему слични, белким ќе се најде место и за нас Македонците. Но, сепак, секој овчар, прво, нека си го собере своето стадо  и си почисти пред своите порти, па после нека гледа во туѓ атар.

За вас, професоре и на луѓе како вас, па и за вашиот син Никола, не постои ништо свето зошто е вредно човек да се бори.  Празни сте во душите, наивни и неспособни да се справите со надворешните фактори кои манипулираат со незрели,  поткупливи и луѓе, со кои секои народ  се срами што ги има, во кои спаѓаат и Македонците.  Вие сте еден од нив заедно со сите други како вас, заедно со син Ви.

Ох, ќе заборавев дека за сигурно се срамат со вас и вашите соселани од Цакони, Воденско. Побегнавте од пеколот за време на Граѓанската војна во Грција, како Бугарин, ама не отидовте во Бугарија за која срецето и денес ви гори. Останавте во Македонија, последното слободно парче од македонската земја, и наместо да ја чувате и љубите слободата која ви ја даде, вие и вашиот син и' ги свртивте плеќите чекајќи си ги своите пет минути да ја продадете на Грците, од кои побегнавте, зошто и вас ќе ве суредеа. Но сепак наместо Грк, постанавте "македонски" Бугарин, со зла крв. Република Македонија  ви ги даде сите можности да постанете поарен човек како би биле од корист за својот род,  а вие?

Човеков, Димитар Димитров, еден од политичарите во Македонија, кој променил повеќе политички гнезда за свој интерес и кој, дури, и својот сопствен син, Никола Димитров, потписник на Преспанскиот договор со Грција го одгоил да биде негова слика и прилика, нема што да проповеда. 

Го одгоил за злосторства и велепредавства на својата сопствена земја и народ за пари, за што  нема казна која е преголема. 

Димитар Димитров е познат  и по  недоследностите и нелојалноста спрема своите соработници кои инвестираа многу во неговата кариера. Од потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ, до амбасадор во повеќе земји, вклучувајќи ја и Руската Федерација. И не само тоа, тој е  недоследен  и спрема самиот себеси. Со неговата клетва: "кој ќе потпише било каков документ во името на Македонија и Македонците за промена на нејзиното уставно и вековно име Македонија, раката да му се исуши",  докажува со каков човек имаме работа! Зошто? Па затоа што кога увиде дека баш раката на неговиот син Никола Димитров го потпиша тој Преспански договор, ја преиначи клетвата, тврдејќи дека некои погрешно ја сватиле таа метафора и ја злоупотребиле за свои цели!?

Гробарите на Република Македонија: Никола Димитров и Никос Коsијас, стојат Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Меѓутоа, тешката клетва сепак падна баш врз главата на неговиот син Никола Димитров, "коњот скокач" од функција во функција, па се' до министерската фотелја во владата на Зоран Заев. Баш  како  и  татко му во свое време.  Раката на  син му  Никола Димитров  не беше таа, за која во тоа време тој тешката клетва ја насочи.  Се однесуваше на некоја туѓа и имагинарна рака. Меѓутоа, од судбината не се бега. Син му Никола Димитров  ќе мора да се носи со неа, дури е жив.   

Тоа е резултат на искривеното татково воспитување да си ја мрази земјата која го храни и непочитува ништо што нашите предци ни оставија зад себе заедно со своите коски, кои денес истите тие Грци ги расфрлуваат по селските ледини во Беломорска Македонија. Делот од Македонија во кој и самиот Димитар Димитров е роден. И сето тоа, ве молам, како услов за влез во Европската Унија и НАТО!?

Цената која Македонците треба да ја плаќаат, за влез во овие организации непријателски настроени спрема нашите национални интереси е превисока. Ќе помине многу време дури не се исплати со високи камати и понижувања, дури не се роди маж достоен да го продолжи името македонско и еднаш за секогаш да удри со мечот врз јазолот и му докаже на светот дека што е доста, доста е! И извикне: Бегајте тирани, не ве сакаме!

Можеби сето ова звучи патетично, но се'  е можно. Се' уште  Македонија има неоткриени паметни, чесни и храбри мажи и жени кои заслужуваат внимание и шанса да ни покажат што знаат и што можат да направат за својата татковина, Македонија!

Политичарите кои ја водат, во крива насока, македонската држава и постојано ги лажат своите  чесни членови, скоро триесет години,  треба да си одат таму, каде им е местото.

Тоа е  должност и задача на свесните и лојални Македонци во партиите од македонскиот блок, вклучувајќи ги СДСМ и ДПМНЕ, да си ги реорганизираат своите редови, да си изберат неизвалкани и некопромитирани  луѓе за да во некои од идните изборни циклуси одново ја земат судбината на Македонија во свои раце. 

Затао, нека 12 април 2020 година или било кој други ден, биде денот кога ќе го препознаеме тој македонски маж или жена. Достојно да станеме  пред нив и со должна почит  им ја дадеме нашата доверба да не водат во вистинска македонска преродба. Нека биде ден  кога  Зоран Заев и Христијан Мицкоски си заминат во историјата на македонскиот народ како велепредавници и гробари на својата земја и народ, за секогаш. Нека тиранијата на Зоран Заев и перфидноста на Христијан Мицкоски нестанат од тлото на Македонија и никогаш да не се вратат во светата Земја македонска!

Доколку народот не одлучи подруго! Дотогаш и

 За секогаш, Ваш Сотир! 

Димитар Димитров

Димитар Димитров

ДА Е БЛАГОСЛОВЕНА РАКАТА ШТО ГО ПОТПИША ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

 

 

16 март 2020

Речиси две години откако министерот за надворешни работи Никола Димитров го потпиша Преспанскиот договор, неговиот татко, професорот Димитар Димитров одлучи да го прекине молкот на оваа тема со напис за "Дојче веле".

"Преспанскиот договор, од неговата иницијација до денес-недели до изборите, претставува лакмус за стратегиските позиции на политичките субјекти, но и за елементарното разбирање на историјата и на редот на нештата во современиот свет. Дефицитот од знаење и метод и суфицитот од политичка пристрасност и волунтаризам, прават можно тој договор да се восприема како 'национално предавство'. Од друга страна, за објективни и компетентни набљудувачи, договорот претставува ретко досеглив политички и цивилизациски врв.

Овој процеп дополнително се продлабочува со импликациите врз меѓународната положба на Македонија (сега Северна, првично Народна, па Социјалистичка, па домашно Република Македонија, меѓународно безимена). Бидејќи НАТО и ЕУ Преспанскиот договор го споделуваат како највисока европска доблест на моментот и го отворија процесот на евроатлантската интеграција на Македонија, антипреспанците тие два сојуза ги гледаат како деструктори на македонскиот идентитет и на македонската држава. Па заговараат самостојна, самодоволна, суверенистичка позиција. (Човек да ги жали членките на НАТО и на ЕУ-држави протекторати, со изгубен идентитет и суверенитете!).

Антипреспанците кукавички го избегнаа демократското соочување со изјаснување на референдумот за членство во ЕУ и НАТО под условите на Преспанскиот договор. Го бојкотираа и дезавуираа референдумот. И прогласија победа на народот"!-пишува професор Димитар Димитров.

Според него реално предавство е саботирањето на Преспанскиот договор и блокадата на интегративниот процес што тој го овозможи.

"Критиката на Преспанскиот договор од страна на локалното знаење може да смета на успех, ако со својот поглед на светот му конкурира на тој договор на меѓународен план. Но такво нешто е можно, ако тое се укине како локално знаење. Тоа не може да се очекува од партија чии функционери секој ден се по судови поради криминал и корупција, чиј лидер се фали со 'политички волунтаризам' и употребува термин 'какафонија'. Ниту со историчари кои ни збор не потрошија против антиквизацијата.

Тоа ќе го направи токму Преспанскиот договор, кој, покрај политичката интеграција, ќе посредува и наша интелектуална европска и планетарна интеграција" вели Димитров.

П.С. Како татко на потписникот, до сега не сум се изјаснувал за Преспанскиот договор. Дури ни тогаш кога пратеници на ДПМНЕ и од мене правеле инструмент за напад на договорот, врз основа на мојот протест против Лисабонската декларација и Времената спогодба. Чашата ја прели деновиве "какАфонија" на Мицкоски за раздор меѓу синот и мене. Синот му "ја скршил Кичмата на Македонецот", а јас сум проколнал таков чин!

Оваа инсинуација ме направи должен да го напишам горниот текст:

Да е благословена раката што го потпиша Преспанскиот договор, кој го исправи р'бетот на Македонецот!- Пишува Димитров за "Дојче веле".

***************

Димитар Димитров поранешен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, амбасадор во Руската федерација, министер за образование и наука во првата експертска Влада и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

https://expres.mk 

Миленко

 

 

Миленко Неделковски

НАРОД ШТО ЌУТИ, СПРЕМА!

 

 

10 март 2020

Гледајќи ги сликите од вчерашниот Корона Собир на СДС, повторно ми се наметнува прашањето околу очајната кадровска политика на нивните опоненти - ВМРО ДПМНЕ.

Таму имаше повеќе бивши кадри и коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ отколку СДС-овци.

Ако на сестрата, бугарот, керамидата им се додадат Павле Трајанов, партијата на Лиле зелената, Панчо Минов, Чедо Саздовски, Амди, Бунтур, Ване Цветанов, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Нола Исмаилова, Зекир Рамчиловиќ, Екизабета Камчевска Милевска, Самоил Манчевски, Сашо Мијалков - излегува список толку долг што јасно ја кажува кадровската недокваканост на ВМРО кадровиците и во време на Љупчо бугаро и во време на Никола побегуљата.

Не е дека нема превртачи и во обратен смер од типот на Стоиљковиќ, Стевче Јакимовски или најново со докажаните комуњари Геровски, Златев и Свињевац - но, таа бројка е занемралива во однос на ВМРО-превртачите.

Во следниве 48 часа треба да излезат носителите и изборните листи на ВМРО ДПМНЕ.

Во сегашниот партиски естаблишмент секако има подоста кадри кои му се антипатични на народот, влечат николагруевистчки синдром, немаат друга професија освен политика, од првото вработување во овој момент се на државна цицка, ништо не сториле за своите бирачи, не ги послушаа своите сонародници за одлуката од референдумот 2018-та-односно, единствен успех во Парламентот им е што се оженија и завршија факултет (каков-таков).

Листите на ВМРО ДПМНЕ што треба да излезат се најнапред листи кои треба да обезбедат пораз на Заев и заминување на целата криминална структура од сегашната неуставна Влада во затвор и исто толку важно тоа, листа која ќе биде направена е листа на Христијан Мицкоски. Тоа, како лидер на партија е негово право и обврска, меѓутоа пред се та е негова одговорност.

Неговата одговорност се состои во тоа, да покрај одобрувачки тонови за таа листа од меѓународната заедница (на што толку многу инсистираат (СДС, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ, БЕСА...), уште поважно да изнајде кадри за кои народот би сакал да гласа. Народот, односно гласачите, ќе го казнат Зоран Заев. Останува прашањето дали ќе го наградат Христијан Мицкоски?!

На времето, пред 30-40 години, кога интензивно игравме бриџ (реми со 14 карти, она со 10 се викаше глат), оној што во себе имаше добра карта па се спремаше да "хантира", замолчуваше. Му требаше концентрација. И, од тогаш важеше поговорката "Дете шо ќути, праи".

Е народот македонски сега ќути, си молчи-ама тогаш е најопасен. Или што би рекол Никола Пашиќ, додека народот се буни, се е во ред. Кога ќе почне да молчи, тогаш е опасен.

Народот молчи и за еден месец ќе каже што мисли за листите на ВМРО ДПМНЕ. И, да си знаете, народот секогаш правилно оценува, народот е секогаш во право. Никогаш не греши. Гледајте, како на пример, како минатиот петок поминаа оние што сакаа лажно да се представат дека се народ.

https://www.dudinka.org

 

Д-р Јанко Бачев

ЗА ПОЛИТИЧКИОТ КОРОНАВИРУС- ТАТКОТО И СИНОТ ДИМИТРОВИ

 

15 март 2020

Слушнав нешто за најновата колумна на Димитар Димитров, таткото на министерот за надворешни работи Никола Димитров пишувана за "Дојче Веле" и си велам еве уште една голема потврда на она што го пишувам низ годините.

Многу имам пишувано дека коренот на злото со кое се соочуваме не можеме ниту смееме исклучиво да га бараме на друго место, во другите националности, во меѓународниот фактор, кај соседите или којзнае каде. Не! Коренот на злото е овдешен, во нас, во системот во кој живееме, во принципите што ги прифативме и според кои се раководиме во нашето живеење и делување, во власта, во партиите и личностите што ги подржуваме и избираме 30 години.

Имено "бугарашот" Димитар Димитров во својата колумна "Уште еден акт на велепредавство", пишувана во 1995 година вели: "Раката да му се исуши кој ќе стави потпис на промена на името". Да потсетам, потпис на договорот за промена на името стави син му Никола.

Денеска пак, 14 март 2020 година истиот тој бугараш Димитар Димитров во својата колумна за "Дојче Веле" "Преспанскиот договор - заштитна повелба на македонската држава и нација" напишал "Да е благословена раката што го потпиша Преспанскиот договор".

За помлдите да потсетам дека Димитар Димитров во два наврата бил министер за култура, во првата Влада на Никола Кљусев и во Владата на Љупчо Георгиевски, па амбасадор... Син му Никола Димитров беше функционер кај поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски, па функционер кај Никола Груевски, па пребега кај Зоран Заев...

Со еден збор, ете какви превртливи лигуши и паразити 30 години водат државна политика и кои што се вртат секогаш на страната од каде дува ветерот. Настрана ова, опасно е што Димитрови се со изгубено  национално чувство и своевиден политички коронавирус кој го уништува македонскиот народ и македонската држава. Но, Димитрови се и добра поука за народот зошто нема повеќе право на грешка на изборите на 12 април. Во секое зло, добро!

Инаку да појаснам дека терминот "бугараш" не е моја измислица со цел да му наштетам или да бидам навредлив кон Димитров. Самиот Димитров не го крие своето бугарско самоопределување и во својата книга "Името и умот" тој вели дека е фрустриран од "искоренувањето' на Македонците од нивните бугарски корени".

За крај, таткото и синот Димитрови заслепени од власт одат дури и против природата. Според Договорот со Грција за промена на името, Македонците од Егејска Македонија и Македонците од Република Македонија се различни етноси, односно, според договорот егејците се грчки антички Македонци а ние овдешните сме словени. Е сега, Никола Димитров е роден во Републикака Македонија, а татко му Димитар е роден во Егејска Македонија. Според преспанскиот договор тие-татко и син не се исти. Значи, со договорот одат дури против ПРИРОДАТА И ПРИРОДНИТЕ ЗАКОНИТОСТИ...

Затоа, почитувани читатели ценете сами кога Димитар Димитров е во право, кога вели раката да му се исуши кој ќе го смени името или кога вели благословена е раката пто го промени името.

Кај мене пак, останува надеж дека народот нема да погреши на изборите на 12 април или било кога да се одржат-настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот-или ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.

https://www.dudinka.org 

Розита

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

 

 

 

Розита Христовска
УКРАДЕНО НЕБО
(Од збирката "Оловни мониста")

Кој ни го украде
модрилото од небото
и ни го обои во сиво
со оловни облаци?
Валкани дождови
капливи и отровни.
Кој ни ја гламноса
белата пченица
и ни го украде
златото од житото?
За род да не роди
и да изгнијат класјето.
Кој ни ја изора земјата
ширум и попреку
и глуво семе ни посеа
во искривени бразди?
Празно и јалово.

Кој ни ги накоти
стаорците во амбарите
да го глодаат ланското
останато за зловреме?
За неродни лета
со суша и пепелница.
Кој ни ги растури ората
и песните ни ги замолкна
за да ни онемат устите
и да ни пресушат думите?
Да не прозбореле,
да не би проколнале.
**********
Автор: Розита Христовска 

 

ВИДЕОТЕКА-ВИДЕОТЕКА

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 275, 20 март 2020