Сотир

 Сотир Гроздановски-Македонски

ПЕТАР ГОШЕВ И ДЕНКО МАЛЕСКИ ЗА ТУЃИТЕ ГРЕВОВИ И МУДРОСТА НА ЗОРАН ЗАЕВ 

 

05 март 2020

Многу од така наречената "напредна" левица во Македонија размислуваат дека промената на името на македонската држава и идентитетот на Македонците,  беше вредна инвестиција во нашата иднина која ќе не изедначела со "поарните и побогатите" од нас. Да се жртвува за влез во ЕУ и НАТО, кои ќе ни овозможеле слобода, благосостојба и што било најважно, безбедност. А кој ни ја загрозува нашата безбедност? Никој од нив појма нема! Да се жртвува  се' што не им припаѓа на Грција, Бугарите и Албанците, за  да би бил мир на Балканот!? Па зарем Македонците треба да бидат секогаш жртвено јагне заради болните желби и територијални претензии на соседите? Зарем ние паднавме толку ниско, па си дозволуваме секој да не гази и одново распарчува до нестанок од лицето на земјата? Или имаме кукавици и неуки водачи кои не се способни самите себе да се извлечкаат од калта во која се до гуша закопани! Водачи кои не си ја познаваат својата сопствена историја, па може секој да ги преведе жедни преку вода или  пак ефтино да ги купи на пазар !

"Водачи" неспособни да се справат ниту со едно агресивно малцинство кое бара само привилегии а одбива секоја  одговорност спрема државата во која живее, а камо ли со некои малку "посилен" од себе. 

Малцинство од неполни 13 - 15% од вкупното население во Македонија, кое упорно бара да се изедначи со мнозинскиот државотворен народ во земјата. Во спротивно,  ќе имало  враќање назад во 2001 година кога извршија, со ништо предизвикана, агресија врз безбедносните сили на Република Македонија и уништија многу македонски семејства!

Да им се исполнат желбите и барањата  да постанат главен  одлучувачки фактор  во  Република Македонија. 

Водачи, на кои ништо не им е свето. Дури и најсветото во секоја општествена заедница: името, историјата, традиците, вклучувајќи им го јазикот, и се' друго што носи  македонски идентитетски  белег.  

Ете тоа се последиците од "поарното" образование на мнозинството македонски политичари во странските земји.

Ето тоа се последиците од ставањето на личните интереси над сите други заеднички за македонскиот народ и другите граѓани во земјата!

Некои од тие поранешни и истрошени високи партиски и државни личности, следбеници на Заевизмот, се' уште ништо не научиле од сопствените арамилаци и злосторства над македонскиот народ за време на нивната недопирлива моќ. Не научиле дека арамилакот и злосторствата не се преносливи врз грбовите на сопствениот народ и се казниви во  секоја државна творба во која владее правото и правдата и не застарува.  Па така и долните обвиненија за проблемите во македонското општество не се само гревови на претходните имагинарни властодршци, туку на сите од осамостојувањето до ден денешен. Ево што Петар Гошев има да ни каже за причините на ваквата состојба во македонското општесво денес: 

"Каква преговарачка позиција може(ше) да има земјата од која реки народ се иселија и иселува (поради сиромаштијата, екстремната економска и политичка нееднаквост, долготрајното чувство на бесперспективност) во која политичките елити со години не се способни да разрешат ниту едно внатрешно прашање без надворешно медијаторство, во која киднаперите на институциите не се либат и од режирање крвави конфликти само за да ја задржат власта и привилегиите во неа! 

Каква преговарачка позиција може(ше) да има земјата за која целиот релевантен свет дозна колку нејзините политички функционери се корумпирани, кон какви хазардни игри прибегнаа во создавањето вистинска конфузија со идентитетските прашања врз основа на лаги, непознавање на сопствената историја, навлегување во туѓи атари, демонстрирајќи му на светот дека тие наводни 'патриоти' крадат туѓи идентитети за да си изгледаат пред сопственото огледало помоќни, повредни и да ја импресионираат, или засенат простотата( (што би рекле нашите северни соседи), само и само да добијат или останат на власт".

Па алал ви верата другар Гошев, до колку и самите верувате дека горе изреченото не се однесува на вас. На вас и на вашите кои први ја опустошија Македонија и ја подготвија за продавање и масовно иселување на македонските работни раце и младите умови во кои Македонците веруваа дека ќе им бидат од корист, во случај на потреба.

Се осмелувате, дури, да ја префлите целата вина врз ВМРО-ДПМНЕ за се' што се случило за да се намалат преговарачките шанси на македонската страна со Грците, Бугарите и Албанците иако заедно со вас и вашите мудреци од СДСМ работеа и работат многу ВМРОВ-ци.  Изгледа вашето паметење не ве служи како што треба, другар Гошев. Па вашата СДСМ предводена од вас, Петар Гошев, од Стојан Андов, Киро Глигоров, Бранко Црвенковски и многу други примитивци кои го спроведоа криминалниот "хуман" грабеж на се' што тој работлив народ создаваше за времето на таканаречениот југословенски "мрак", виновни сте баш вие.  Се разбира  заедно со Бугаринот Љупчо Георгиевски, Никола Груевски и делумно на  Христијан Мицкоски, како сегашен водач на ВМРО-ДПМНЕ и активен соработник во зацврстување на измислената политичка творба наречена Република Северна Македонија.

А што се однесува до влегување во туѓи атари и крадење на туѓи идентитети за да се изгледало пред својот сопствен народ помоќен, повреден, а меѓународната заедница да се заплаши, ја докажува баш сета ваша примитивност и простота без граници! Кои се тие туѓи атари за кои вие зборувате?

Ако сметате дека е јунаштво, способност и храброст да се донесат "важни" одлуки за решавање вековни  спорови на своја штета,  докажувате дека сте неук,   неспособен и недораснат за таква одговорна работа со која се бават само способни дипломати и луѓе кои водат сметка прво за националните интереси на својот народ, а после за "меѓународната" заедница и себичните интереси на нашите таканаречени стратешки партнери и "сојузници". Сојузници велите, во што?

Зоран Заев и сите вие кои досега ја водевте македонската држава, во било кој капацитет, сте најобични шарлатани и велепредавници кои заслужуваат најтешки казни. Тоа "јунаштво" со однапред и однадвор подготвени договори а потпишани од неовластени и приучени изроди за продавање на македонската држава и идентитетот на Македонците, ги докажуваат вашите нечесни намери спрема својот сопствен народ. Тоа е акт на велепредавство на македонските интереси и доказ на тотално непознавање на македонската национална историја.

Петар Гошев

Господине Гошев,  велите дека: "Не потценувајќи го ниту трошка трудот на преговарачите, можеби треба да сме благодарни и на акумулацијата на настани/околности на пошироката политичка сцена, кои, најверојатно, ублажија дел од последиците на нашата домашна, неизмерна глупост, арамилак, простаклак, мрзливост" зборува само за вас дека сте надвор од грдата перцепција за нас, Македонците, која ни ја приредивте во очите на светот. Не нарековте така, како што никој и никогаш во нашата историја (која за вас е украдена) немал храброст да не нарекува. Не претворивте од народ во нашата Татковина, во група на некои дојденци и државјани/граѓани на Северна Република Македонија! Се одрековте од македонското иселеништво кое така човечки ве дочекуваше, хранеше, и наградуваше во нивните  домови, верувајќи ви дека баш вие ќе ја усреќите Македонија и ќе создадете поволни услови за наш повраток во татковината ни, Македонија.

Меѓутоа од таа наша доверба во вас и во луѓе како вас не остана ништо. Вашите лажни уверувања дека ќе ја водите Македонија во права насока, со појавата и "мудроста" на вашиот идол Зоран Заев, испарија и наместо просперитет и благосостојба,  доживеавме хаос, обезличување на Македонците и деградирање на Република Македонија во најобична странска колонија за отпад и крадење на националните богатства и секакви други вредности. Затоа,  доколку имате икакво достоинство и трунка љубов кон својата татковина, овие зборови би ви биле доста, за да умрете од срам!  

Во Македонија се' уште има и премногу велепредавници, злосторници, криминалци, однародени малоумници, шарени револуционери и...имаме и "истакнати" дипломати, професионални политичари и универзитетски професори, меѓу кои се истакнува и Денко Малески.

Денко Малески,  роден на 14 ноември 1946 година во Скопје, Северна Македонија (барем така му пишува во неговите биографски податоци) е северно македонски политичар, политички аналитичар, прв министер за надворешни работи и редовен професор на Правниот факултет во Скопје. Тој е следбеник на Зоран Заев и (најверојатен) советник за време на капитулантските договори со Грците, Бугарите и со албанското малцинство во Македонија.  

Предава меѓународна политика и право, како и современи политички системи. Во периодот 1990-1991 година држел настава на редовните и на постдипломските студии на Универзитетот Булинг Грин, Охајо, САД. Во 1985 година е избран за декан на Интердисциплинарните студии по новинарство. Од 1997 година е раководител на постдипломските студии по меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет во Скопје. Од 1991 до 1993 година бил министер за надворешни работи на Македонија, а од 1993 до 1997 година постојан претставник на нашата земја во Обединетите Нации. Малески е женет и има три деца.

Мораме да признаеме, спектакуларна кариера. Ама ако сето тоа не е во служба на мнозинскиот македонски народ во Република Македонија, нема никаква вредност.

Можеби овој текст немаше да го види светлото на денот, да не ми паднеше в раце едно интервју од 26 септември 2018 година, само 3-4 дена пред Референдумот. Интервју во еден хрватски портал под наслов: "За и против Северна Македонија".

Темата на разговорот со македонските аналитичари беше Референдумот, со кој требаше македонскиот народ  да се преведе жеден преку вода и да го прифати Преспанскиот договор со Грција.

Референдумското прашање беше најголемата навреда за Македонците. Тоа претставуваше потценување на интелигенцијата на сопствениот народ  и криминална измама која гласеше: Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција? Беше нечесна измама од Зоран Заев и СДСМ, бидејќи со него беше договорена смена на името на Македонија во Република Северна Македонија, и бришење на државниот идентитет и обезличување на Македонците до ниво на граѓани на Северна Македонија.

Малески и Зеколи

Интервјуирани беа професорот Малески и Арсим Зеколи пред Референдумот од 30 септември 2018 година, кога Зоран Заев насилно го промена Уставот на Република Македонија со цел да ги развласти Македонците и поништи придобивките од Народноослободителната војна. Придобивките извојувани во Втората светска војна и на место АСНОМ, го стави Охридскиот Рамковен договор како темел на државноста на Република Македонија, а албанското малцинство како државотворен народ. Но и повеќе од тоа: беа донесени закони во Собранието за укинување на унитарноста на македонската држава и воспоставување на албанскиот јазик за втор официјален јазик, на целата нејзина територија.

Хрватскиот новинар Бојан Стилин пред да го започне подолгото интервју со овие два угледни македонски аналитичари (како ни ги претстави во неговиот текст) даде краток осврт кон збиднувањата во Република Македонија и што после Референдумот и промената на македонскиот Устав, со цел да се потпишат договорите со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија.

Па ево одма да ви кажам дека: Македонија се обврзува да си го промени името во Република Северна Македонија, а Грција го признава јазикот и државјанството на граѓаните како македонско/ државјанство на Северна Македонија. 

На многу Македонци им сметаше реферндумското прашање на кои начин беше поставено, по упатства на странските заговарачи Македонија да ја снема заедно со македонскиот народ. Што значи, конечно и со измама да се доврши и затвори таканареченото "македонско прашање на Балканот", за секогаш! 

И ако референдумското прашање повеќето од нас го знаеме и затоа референдумот беше бојкотиран, сепак е добро одново да ви го кажеме, за да видиме кои се тие велепредавници кои сакаа и на тој начин да го стават македонскиот народ пред готов чин.

Двајцата политичари и аналитичари, Денко Малески и Арсим Зеколи добија три идентични прашања на кои ќе ни објаснат што добиваме и што губиме како трампа за влез во НАТО и Европската унија: 

Па да видиме што имаат да ни кажат за она што го правеа пред нешто повеќе од две години и дали чувствуваат грижа на совеста и срам од јавноста!

1. КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ НА РЕФРЕНДУМОТ,  ЗОШТО И КАКОВ РЕЗУЛТАТ ОД РЕФРЕНДУМОТ ОЧЕКУВАТЕ? 

Малески: Ќе гласам ЗА. Ова е единствена шанса кога   се поклопија интересите на големите западни сили и на Македонија да се реши спорот со Грција. Договорот со Грција колку е плод на храброста на Зоран Заев и Алексис Ципрас, толку и на ангажирањето на САД и ЕУ.

Зеколи: Нема да гласам ЗА од неколку причини - прво, што референдумското прашање имаше за цел да го легализира контраверзниот договор со Грција преку изјаснување на гласачите за влез во ЕУ и НАТО. Потоа што немаше објаснувања и гаранции дека   Грците нема во иднина да побаруваат уште многу повеќе од она што е договорено - географска одредница на македонската држава. Меѓутоа, мојата клучна апстиненција е рестаурацијата на криминалот и корупцијата во владата на Зоран Заев и Али Ахмети, која хронолошки компаративно е многу поголема  од времето на Никола Груевски и пак со одобрување на меѓународната заедница.

2. ШТО АКО РЕФЕРЕНДУМОТ БИДЕ УСПЕШЕН? ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ПОПУШТИ И ЌЕ СЕ СОГЛАСИ СО ПРОМЕНА НА УСТАВОТ? ВЕРУВАТЕ ЛИ  ДЕКА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС ЌЕ ПОМИНЕ И ВО ГРЦИЈА?

Малески: Спрема Уставот, референдумот во овој случај е конзултативен и во случај на негов неуспешен епилог, очекувам политичките странки во Собранието да ја преземат одговорноста на себе и гласаат адекватно. Бидејќи  во прашање е шанса која не смее да се пропушти, а за тоа се свесни и пратениците од опозицијата, очекувам да попуштат нивните редови, што би било доволно за Грција да го изгласа Договорот во нивниот Парламент.

Зеколи: Евентуалниот успех на референдумот ќе биде злоупотребен и искористен за создавање лажен дојам во јавноста дека народот ги подржува политиките на Заев и Ахмети и потоа следи релативизација на криминалните скандали на ново-старата власт. Такви беа случаевите во 1992 година со генерацијата на Црвенковски, 1998 со Георгиевски, 2008 со Груевски и сега со младите "реформисти" на Заев. Но, што е најважно за обичниот македонски човек да знае е дека нема ништо да ни тргне на поарно, иселувањето на младите умови дури ќе се засили а секоја грешка и неуспех на владарите ќе се оправдуваат со фокусирање на евроинтеграцијата и стратешките цели на земјата, ЕУ и НАТО.

А ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да продолжи со своето жонглирање меѓу незадоволствата на македонската јавност со капитулантскиот договор со Грција и дадените ветувања на страните фактори дека нема да ги опструираат процесите на конечното разнебитување на државата и затворање на "Македонското прашање" за секогаш. Со тоа би се создала рамнотежа меѓу Заев-Ахмети и Ципрас со обезбедување согласност за Договорот, а подоцна Мицкоски, Мицотакис и Ахмети да бидат извршители на неговите одредби.

3.КАКВО СЦЕНАРИО ПРОГНОЗИРАТЕ ВО СЛУЧАЈ РЕФЕРЕНДУМОТ ДА НЕ УСПЕЕ? КАКО ЌЕ РЕАГИРААТ САД И ЕУ, А КАКО РУСИЈА?

Малески: Се разбира, во случај на некој непредвидлив неуспех на референдумот, и оставката на Заевата Влада, како што најави и самиот премиер Зоран Заев, Македонија би имала предвремени парламентарни избори и би влегла во очајна политичка криза, предизвикана со поделбата на Македонците и Албанците (кои во потполност го подржуваат предложеното решение за спорот со Грција), но и поделба меѓу самите Македонци. Русија би била задоволна са таквиот исход во земјата, но мислам дека САД и ЕУ нема да седат со скрстени раце гледајќи го нивното мешање во внатрешните работи на Македонија.

Зеколи: Евентуалниот неуспех на референдумот ќе биде стапица за "меѓународната заедница" и македонската Влада. Бидејќи референдумското прашање е формулирано на начин договорот да помине со залажување на гласачите да гласаат за ЕУ и НАТО, немислејќи дека со тоа го одобруваат и договорот со Грција,така и Русите ситуацијата би ја протолкувале како незадоволство спрема Западот. Меѓутоа, тоа не е вистина, бидејќи мнозинството во Земјата има недвојбено повеќе симпатии спрема Западот, одошто спрема Истокот. Но во исто време не задоволството на македонскиот народ  спрема договорот со Грција е повеќе насочено кон не грижата на властодршците да го сопрат криминалот, корупцијата и безправието во земјата. Затоа, и рускиот фактор ќе нема тешкотии да изнајде соработници во редовите на незадоволното население во Македонија.

Москва е сепак свесна дека референдумот е само почеток на патот на Македонија кон НАТО, на кој ќе се појават многу саботажи и стапици. 

Па, драги мои, работите не се такви како што изгледаат на прв поглед! Постојат препреки, стапици и интереси. Но сепак, никако да добиеме одговор: Кои се виталните интереси на САД, па што толку навалуваат Македонија да ја снема заедно со Македонците, нивниот јазик, културата, националниот идентитет, песната, историјата, нашите славни предци од Филип и Александар Македонски (не грчки), до Гоце Делчев (не бугарски) и плејада македонски великани? Па зарем на Грција не и' е доста половината од македонската етничка територија како поклон од големите европски и прекуокеански сили? 

Не се ли заситени од палење и убивање на домицилното македонско население и нивно протерување без право на повраток?  Зарем и Македонците треба да ги покажат забите па да се види дека и тие имаат трпение и точка на вриење?

Многу прашања, ама ниту еден  интелигентен одговор. До кога?

За секогаш Ваш, Сотир!

Слободан Томиќ

Слободан Томиќ

КОЦКАТА Е ФРЛЕНА: АКО ЗГРЕШАМ НЕКА ИЗГОРАМ!

 

"Да, јас згрешив. Не е крај на светот. Во тригодини мандат и јас имам право на грешка", заврши Талат Џафери и замина, да се надеваме во историјата, од местото каде што ја одржа последната прес конференција во Собранието. И покрај тоа, се трудел да победи Гласот на народот! Да, господине Џафери, ќе победи Гласот на народот, но тој мора да биде правичен и конзистентен, да важи за секој и за сите!

***************

Носењето на најконтраверзниот Закон За Јавно обвинителство во Македонското Собрание е куриозитет во светската историја на правото и парламентарната демократија.

Вакво носење на зкони немало, ниту верувам има во друга држава. И врапците се смеат на парадоксалните и криминалните однесувања на структурите на таканаречената коалиција или до вчера парламентарно мнозинство, како да се заштитат и амнестираат од кривичните дела сторени во изминатите години во Македонија од засегнати лица кои по секоја цена ги рушат правните процедури и законите.

Носењето на закони за сопствени потреби и заштита е одлика на тоталитарни режими каде се' се маскира, затскрива и брише. Ако знаеме како се конституира парламентарно мнозинство, сега распуштено, каков беше изборот на "претседател" на Собранието, неговото однесување и иконографијата која ја користеше во кабинетот, тогаш се' е јасно.

Па зарем ова е возможно?! Претседателот на законодавниот дом го поништи официјалното гласање во Собранието!

Секако, Закон за Јавното обвинителство како единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела, треба да се донесе. Никој тоа не го спори. Но Македонија е држава на парадокси и гротески. Најголемите арамии велат "се залагаме и ќе се бориме против кражбите". Ама, на крај истите извикуваат: "Држете го крадецот"! - и за правда маршираат. Патетика и патологија.

И после се' и покрај се', сепак коцката е фрлена. Овојпат, на овој башибузук, треба да реагираат пријателите ни од Запад и преку барата, без пристрасност или приклонетост кон едни или други.

Сега го чекаме епилогот од распишаните парламентарни избори. Бев учесник на три претседателски избори во САД во 1996, 2000 и 2012 година. Беа фер и ја изразија волјата на народот. Така е и во Германија, Франција и во други европски пријателски држави. Па и кај нас народот сака со сите белези европска и светска  држава во која ќе владеат законите, правото и правдата, а не рекет системот и оружје по улиците, казината, училиштата...

Коцката е фрлена и секако ќе паднат добитните комбинации, ликови кои досега не беа во политиката и кои не ја докажуваат пратеничката функција или фотеља како извор за богатење и сопствен семеен престиж. Пратеничкиот мандат треба да се потврди и оправда со конкретни и позитивни придобивки за вољата и интересите на народот.

Парламентот треба да биде расадник на правичност, професионалност и пред се' национална кохабитација меѓу партиите и пратениците, независно од политичката идеологија кога се во прашање државата и националните интереси. Гласот на народот не смее да биде монета за поткусурување или лично збогатување!

Се прашувам зошто не постои институт отповикување на пратеник? Оваа е веќе пракса во многу европски држави. Се сеќавам на еден мој работен престој во Германија при посетата на германскиот Бундестаг. Имав можност да присуствувам на еден  Бундестрат, дебата на седница на парламентот за отповикување на народен пратеник, поради неисполнување на предизборно ветување, верувале или не, за неизвршени граѓевни зафати и асфалтирање на неколку улици?! Е, тоа е демократија, тоа е Гласот на народот!

И повторно, што нам ни значи признавањето "Да, згрешив" при скандалот со поништувањето на гласањето на Законот за Јавно обвинителство? Има ли одговорност во таа суспензија на демократијата? Да биде уште попарадоксалано, нели истите пратеници на ДУИ кои беа коалициони партнери на "криминалната власт" предводена од Никола Груевски, сега се партнери на СДСМ? Е, како тие останаа "чисти" како утринска роса, а грешници само "дечките" на Груевски? Ако има "хот-лајн" снимки за ВМРО-ДПМНЕ, има ли и за ДУИ и останатите? Ако згрешиле сите, нека сите до крај изгорат, а не само селектираните за отстрел поради политички реваншизам, омраза и одмазда!

Конечно, може ли кривично да се процесуираат само снимките до 30 јуни 2017 година, а најсвежите за Фрики, Кики, Зеко и многу други од таборот на СДСМ да не важат?!

Кој згрешил или се огрешил по законите нека се соочи пред лицето на правдата! Ако порано имавме сватовски судии и обвинители, денес се шетаат со луј вотон торби. До кога вака?

Дали нашата пријателка од Калето треба да ни одговори на ова прашање? Или треба да се потсетиме на 2001 година, кога имавме селективна правда и ексклузивна амнестија?

Не сакам да ме разберат лошо нашите најголеми пријатели, Американците, со кои имаме потпишано многу силни договори и кои треба да ни бидат сидро, ако не за напред, барем за зацврстување на пријателските односи. Тука мислам и на нашите пријателски земји и народи Израел, Турција, Русија, Кина, во кои е моќта на планетата. Се разбира, никој не помислува да им наштети на силните и моќните пријатели, туку во дружбата со нив да бидеме со достоинство, а не со искривена кичма и наведнати!

За крај, дали овој народен револт за поништување на Законот за јавното обвинителство пред Уставниот суд ќе го иницира повторно претседателот на Свестскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, чии судии веќе долго време се неми, глуви и слепи? За потсетување, Уставниот суд се' уште не ја процесуира единствената иницијатива за поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието од 2017 година? Талат Џафери се огреши, ја изгоре државата, народот вели "Ако згрешил, нека и тој изгори"!

Infomax.mk

д-р Живановски

 

 

Д-р Ненад Живановски

БРИТАНСКОТО НАПУШТАЊЕ НА ЕУ МОЖЕ ДА ЈА ПОДЕЛИ ЕВРОПА И ДА ДОВЕДЕ ДО КОНФЛИКТ

 

 

05 март 2020

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомнеж ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектута во Европа, со нова поделба на интересни  зони на стариот континент. Историјата не учи дека во минатото поделбата на Европа, многу често, водела кон конфликти од регионални или од светски размери.

***************

Вечерта на 31 јануари, кога Велика Британија и официјално ја напушти Европската унија, глетката на патот пред Биг-Бенот беше надреална: еуфорично се прославуваше крајот на британското  членство во оваа организација како земја до тој дене да била дел од некое колонијално ропство или темен вилает, а не рамноправна членка на демократска организација во која на доброволен начин се влегува и на ист начин се напушта друштвото. Циничните коментари на промоторот на Брегзитот, Најџел Фараж, упатени кон Брисел во стилот "кој последен се смее...", и по некое запалено знаме на ЕУ од присутните, беа само поткрепа на впечатокот за невкусот на сиот популистички егзибиционизам виден таа вечер.

Иако за подржувачите на Брегзитот прославата беше и "Денот А и З" (или А и Ш)- ден за почеток и ден за крај, сепак, Брегзитот е нешто повеќе од таа еуфорична вечер на "две во едно". Без сомнение, британското напуштање на ЕУ има голема кумулативна енергија за влијание на меѓународните односи, која ќе се ослободува во наредните години и децении, дефинирајќи ги односите во Европа и во светот во правец чии контури уште од сега може да се предвидат.

Во продолжение следат десет поенти како тие контури би можеле да изгледаат.

ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА ЕУ СЕ ИСЦРПЕНИ

1. Моќта на Брегзитот во назнаки и скицирано може да се насети уште сега, иако тенденција во ЕУ е таа да се игнорира или да се минимизира. Или, барем, за неа јавно да не се зборува. Нема сомнеж дека потенцијалот на Брегзитот е и со можна деструктивност по самата Европска унија; има привидна аналогија на она во што се наоѓа ЕУ по излегувањето  на Британија со состојбата во која се наоѓаше источниот сојуз на социјалистичките држави во осумдесеттите години на минатиот век, при што сегашна Велика Британија е алтер егото на Полска од 1981. Како што во Источниот блок кризата со Полска беше предвесник на распадот на тогашната заедница на соџијалистичките држави, таква улога сега може да и' припадне на Велика Британија и нејзиното заминување да биде најава на сличен крај на ЕУ. Разликата е само во техниката на изведбата на демонтажата: во Полска тоа беше народен бунт, а во Британија се постигна по демокртаски пат со референдум.

2. И со површно познавање на историјата на меѓународните односи јасно е дека Велика Британија секогаш била лакмусот кој покажувал во која насока во иднина ќе се развиаат односите во светот. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ е поцрвенет лакмус, кој покажува дека потенцијалот на ЕУ, како атрактивна организација во која ќе се здружуваат државите, е исцрпен.

3. Трајна е определбата на политичката елита во Велика Британија дека се' е менливо само круната е вечна, и од тие причини самиот Брегзит е долго и сериозно планирана операција, со добро искалкулиран кост-бенефит, која за крајна цел има опстанок, стабилност и развој на Кралството. Доколку таква можност се' уште постоела во рамките на ЕУ, секако дека ниту референдумот би бил организиран, ниту би се напуштила ЕУ. Само наивните се' уште веруваат дека во големите и моќни држави се дозволува референдум на кој резултатот може да им наштети на интересите на државата и на нејзиниот опстанок. Шпанија, и бруталното спречување на суштинското право на Каталонците на реферемдум да се изјаснат за независност, од една страна, и Швајцарија, која по неколкупати во годината љуби да распишува референдумски изјаснувања за безвезни прашања, од друга страна, се почетокот на крајот на приказната за тоа во каква демократија живееме.

4. Главните промотери на Брегзитот, Најџел Фараж и Борис Џонсон, застапуваат една егоцентрична политика, за Британија конечно да им се врати на Британците, слично како што беше водена изборната кампања на Доналд Трамп. Како во случајот со Трамп, каде неговата политика наиде на прифатливост кај обичниот, бел гласач, приврзаник на традиционалните христијански и семејни вредности, и Брегзит реформската победа ја темели, пред се', на гласовите на автохтоните бели Англичани, кои традиционално имаат аутистичен однос кон остатокот на Европа (за нив се' е "oversea"-преку море) со се' уште витален сентимент кон колонијалната моќ на Кралството, за разлика од Британците-дојденци, со мигрантско потекло, кои беа за ЕУ. Како резултат на излегувањето, ќе слабеат и врските со Европа, односно тие ќе се сведат на гол политички и економски интерес, при што интересите поинтензивно ќе се свртуваат кон САД, Канада, Австралија и Индија, како и кон поранешните колонијални територии, сите денес здружени во Комонвелтот.

5. По првичните краткотрајни потреси од напуштањето на ЕУ, ќе дојде до смирување, Лондон и понатаму ќе остане главен финансиски центар во светот, трговските врски кои им ги нуди Трамп ќе бидат многу попрофитабилни од она што би го имале со ЕУ, при што британската економија како поголем увозник отколку извозник на пазарот на ЕУ (во Велика Британија се продаваат најмногу германски автомобили од секоја држава во ЕУ), воведувањето царини за производи од ЕУ ќе биде голем извор на приход во буџетот, кој со донеодамното членство во ЕУ го немаше. Исто така, Лондон како глобално седиште на банките и финансиските услуги и понатаму ќе остане тоа, така што и во иднина големите индустриски концерни од ЕУ парите ќе ги депонираат во Лондодн, бидејќи ниедна метропола во ЕУ ја нема таа финсниска инфраструктура која во Лондон е градена со векови.

НОВА ПОДЕЛБА НА ЕВРОПА

6. Еу, а најмногу Франција и Германија, ќе се однесуваат суетно, како напуштена љубовница, бидејќи за нелојалноста на Велика Британија кон ЕУ биле свесни за цело време од нејзиното членство, и очекувале еден ден дека ќе дојде до најрадикалниот потег-резигрирано ќе се сеќаваат на пророштвото на таткото на нивната Петта Република, Шарл Де Гол, дека Британија во Европа е американски Тројански коњ, поради што никако не смее да биде дел од заедницата. Де Гол на двапати и' ставал вето на Велика Британија за влез во тогашната Европска економска заедница. Германците, убедени дека и покрај двете загубени војни во 20 век, можат да владеат со Европа во која е и Велика Британија, повторно ќе сфатат дека не можат да го надмудрат Гордиот Албион (Perfidious Albion) било во воени или во мирновременски констелации (српскиот писател Борислав Пекиќ, перфектно ја објаснува англиската улога во меѓународната политика). Познатата изрека на Вилсон Черчил дека Британија нема вечни пријатели, туку само вечни интереси, наведува на сомнеж дека Лондон почнал да размислува за Брегзит уште по првиот ден кога Кралството било примено во ЕЕЗ во 1973 година, свесен дека таа е само една етапа во постоењето на Кралството и дека ќе дојде денот кога повеќе нема да има интерес од членството во таа организација.

7. По Брегзитот, Велика Британија целосно ќе се сврти преку океанот кон САД, создавајќи нова евроатланска коалиција. Сојузот меѓу САД и Велика британија е многу поприродна средина за нив, отколку доскорешниот сојуз со земји од Феанција и Германија до Бугарија, Романија и Полска. Постојат назнаки дека и Германија повторно ќе се обиде својот "Lebensraum" да го побара на исток (Drag nach Osten), во евроазиско сојузништво со Русија, оживувајќи ја минатовековната идеја за својата супериорност, преку здружување на германската технологија и руските енергенси. Нешто што евроатланската коалиција ниту во минатото го дозволувала, ниту на тоа сега ќе се согласи. Американските опструкции на Северниот, Јужниот и најновиот Балкански тек се илустративни не само за фактот дека нема да дозволат руски енергетски, а со тоа и политички продор  во Европа, туку и евентуален германски флерт со Мечката од исток.

8. Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на Еу, без сомнеж ќе биде важна тула во градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент-прва поделба по распадот на Варшавскиот пакт во 1991 година. Ако го консултираме Џорџ Орвел, преку неговото севременско и вонвременско дело "1984", двете коалиции-Евроатланската Океанија и Евроазиската-ќе бидат во постојан конфликт. Слично како што беа и по Втората светска војна-тогаш Студена војна, а во иднина Жежок мир.

9. Брегзитот претставува заокружување на еден историски циклус во Европа, нова надеж за Британците, но и многу неизвесности за остатокот од Европа. Тоа е и логичен завршеток во ситуацијата кога имате, односно кога немате дефинирано вечни интереси.

БРЕГЗИТОТ БЕШЕ ЕДИНСТВЕНАТА ОПЦИЈА

10. Многумина веруваат дека тесниот резултат на референдумот со 52 отсто за излегување од ЕУ и 48 отсто за останување е показател дека идејата за Британија во ЕУ е се' уште витална на Островот и дека во иднина Лондон пак ќе затропа на портите во Брисел. Затоа, крајот на овој блог би го завршиле со едно хипотетичко прашање: што би се случувало доколку резултатите на референдумот во 2016 би биле обратни, односно подржувачите на Британија во ЕУ би победиле со 52 отсто, наспроти 48 отсто за оние кои се за  британско излегување од ЕУ?

И со таков, претпоставен резултат, огромното малцинство од 48 отсто против ЕУ, би значело дека владата во Лондон би морала да застапува една силна суверенистичка политика во ЕУ, а Брисел би бил принудуван на постојани компромиси и задоволување на барањата на Лондон. Ситуација која беше присутна во односите меѓу Лондон и Брисел и пред референдумот, кога Лондон во многу области водеше своја независна политика, често во колизија со онаа на Брисел. Познато е дека Велика Британија не се приклучи на Заедничката европска надворешна и безбеднона политика (пример: визната политика им остана независна од Шенген системот), ниту кон Европската монетарна унија (Германија ја укина марката, но не и Британија фунтата). Ваквото британско јавање на два коња (дали едниот е Тројански?) создаваше големи фрустрации кај останатите членки на ЕУ.

Со таквиот, хипотетички, тесен резултат на референдумот, британските суверенисти само би ја засилиле својата независна политика внатре во ЕУ, а 52-та проценти за ЕУ не би имале потенцијал за ревитализација на интегративните процеси на Островот кон ЕУ. Еу би почнала да наликува на Југославија од крајот на осумдесеттите години на минатиот век (сецесионисти наспроти унитаристи), агонијата само би се продолжила, до некој скорешен, нов референдум и Брегзит со многу поголем процент за напуштање од сега постигнатите 52 отсто.

Кој ја познава британската политика, јасно му е дека за Британците Брегзитот претставуваше единствената можна опција, пред новото прекомпонирање на светската геополитика, со ревитализирана Русија, Кина во експанзија, изолационистички САД и слаба ЕУ. Ако е така, односно ако веќе морало да им се случи Брегзит, Британците, како рационални и пресметливи, решиле што побргу да завршат со тоа и иднината на своето Кралство да можат да ја проектираат барем за наредниот половина век и да се позиционираат на добитната или губитничката страна. Да бидат во моќен сојуз со кој полесно ќе можат да одговорат и на своите внатрешни предизвици какви што се сецесионизмот во Северна Ирска и Шкотска.

Во тоа е и разликата меѓу британските државници и европските политиканти и бирократи. Дали постои некој европски лидер кој сега има јасна визија каква ќе биде ЕУ за педесет години? И ако има, во таквите предвидувања, најчесто, ја нема ЕУ.

https://espublica.edu.mk 

Бабата и внуката

КОРИСЕН СОВЕТ

*************************

НЕЈЗИНАТА МУДРОСТ И' ГО ПРОМЕНИЛА ПОГЛЕДОТ НА ЖИВОТОТ

 

05 март 2020

Една инспиративна приказна која се шири преку интернетот ќе ви покаже како треба да се справите со сите пречки што ви ги дава животот на својот пат.

Младата жена се пожалила на својата баба дека нејзиниот сопруг ја изневерил. Не знаеше како сето тоа ќе го преживее и сакаше да отстапи од се. Беше уморна од борбата. И се чинеше дека во нејзиниот живот секогаш се појавува нов проблем штом ќе реши некој стар.

Баба и' ја одведе во кујната. Наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на шпоретот. Во првото ставила моркови, во второто јајца, а во третото мелено кафе. Ги оставила да зовријат. По дваесетина минути го исклучила шпоретот. Ги извадила морковите, јајцата и кафето и ги послужила.

И се сврте на внуката и и' рече:  Кажи ми што гледаш? - моркови, јајца и кафе-одговорила внуката. Тогаш нејзината баба и рече да ги допре морковите. Го направила тоа и кажала дека се омекнати. Бабата и' кажа да земе јајце и да го скрши. Кога внуката ја извадила лушпата го гледала тврдо вареното јајце.

На крајот, бабата побарала да отпие голтка кафе. Внуката се насмеала кога ја почувствувала нејзината богата арома. Тогаш ја прашала бабата: Што значи ова се'? Бабата објасни дека секој од овие предмети се соочил со истата несреќа-со жешка вода. Секој реагираше поинаку.

Морковот влегол во вода силен, тврд и непопустлив,  но откако бил изложен на жешките води, тој омекнал и станал слаб. Јајцето беше кршливо, неговата тенка лушпа ја штитела внатрешноста, но после престојот во врелата вода внатрешноста станала тврда. Сепак, кафето се однесувало единствено. Во текот на варењето ја сменила водата.

Што си ти? Кога лоша ситуација ќе затропа на твојата врата, како реагираш? Дали си ти морков, кафе или јајце? Размислете за ова. Што сум јас? Дали сум морков кој е визуелно силен, но кога ќе се соочи со болка станува мек и ја губи својата сила?

Дали сум јајцето кое се менува поради топлината? Дали после смрт, загуби, раскинување или некој друг несакан настан, станува тврда, вкочанета, безживотна? Дали мојата лушпа од надвор изгледа исто, но одвнатре сум огорчена и имам тврдо срце?

Или сум како кафе? Кафето ја сменило водата, она што му предизвикала болка. Кога водата почнува да врие, кафето пушта мирис и вкус. Ако си кафе, кога работите се најтешки, ти стануваш подобра и ја менуваш ситуацијата околу себе. Дали си ти таа која, кога е најтешко и проблемот е најголем, се издига на повисоко ниво?

popara.mk

Катерина

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА

 

 

КАТЕРИНА ГОГОВА

е родена  1989 година во Дојран. Средно медицинско ушилиште завршила во "Д-р Панче Караѓозов. Студира на Медицинскиот факултет. Таа е добитничка на поетски награди меѓу кои втора награда на интернационалниот поетски фестивал "Литературни искри" 2015 година а прва награда на литературниот конкурс "Бдеење на Кокињски мугри 2016". Застапена е со поезија и кратка проза во алманахот "Есенски креативен мозаик" во издание на ЈУ Дом на култура "Кочо Рацин" Скопје. Има учествувано на повеќе поетски читања и е застапена во електронските изданија на глобалната манифестација "!00 Илјади поети за промена" за 2015 и 2016 година, како и во антологиската збирка "Метрички карван" за 2017 и 2018 година. Нејзина поезија и кратка проза е објавена во Современост - списание за литература, култура и уметност за 2018 година (број 1 и 3) и во 42-то издание на зборникот "Рукописи"-Панчево. Нејзина поезија е објавена и во зборникот "Креативни точки" за 2018 година. Нејзината дебитантска поетска збирка издадена 2018 година носи наслов "Актите се кастрирани". Нејзината втора поетска книга носи наслов "Пад во немирна вода" и е наградена со признанието "Бели Мугри" кое го доделува Дом на културата "Кочо Рацин" Скопје. Превод од нејзината поезија се најде во првиот број за 2019 година од хрватскиот Задарски книжевен весник и во осмиот број од словенечкото списание "Нови sвон". Катерина Гогова живее во Скопје. Активист е за човекови, здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници.

slobodenpecat.m

 

ОВОЈ СВЕТ ЗАОЃА

На хоризонтот се ткајат
последни остатоци вечна музика,
таму, со едно затворање на очите
може да се здогледаат
прашумите низ правековите,
тенки ластари лимонова трева
шепотат како да знаат
и овој свет до кога ќе биде тука
до кога бубалки и жерави ќе им прават друштво
во оклопните мечтаења за нови лета.
Пустинскиот ветар се лишува
од последните песочни дини,
така сонува само зелени заливи и баобаби.
И за неколку капки вода,
ледените карпи жртвуваат снегови,
мапите тонат во нова географија,
многу празни тела во ровката земја
и црви.
Гласни предвесници,
светот сонува приказни.
************
Катерина Гогова

 

 

ВИДЕОТЕКА-ВИДЕОТЕКА

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 272, 05 март 2020