Сотир

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

САМО ЗАЕДНО ЌЕ ПОБЕДИМЕ

 

24 февруари 2020

Време е, браќа и сестри Македонци, за единство и слога, бидејќи изборите се приближуваат, а Македонија е се' позагрозена од велепредавниците, во кои се вбројуваат најодговорните челници Зоран Заев  и Христијан Мицкоски. Ќе им дозволиме ли да ги довршат своите злосторничко-предавнички работи и вината да ја префрлат врз нас и нашата совест? Ќе можеме ли такво злосторство да преживееме? Ќе можеме ли да се погледнеме в' очи  кога ќе се сретнеме било каде и било кога? Јас и многу како мене, дома и надвор во светот, таа грижа на совеста никогаш не би можеле да ја поднесеме. Зошто?-затоа што во прашање е опстојот на македонската држава, нејзиниот идентитет и македонските национални интереси. Се работи за супер велепредавство на националните интереси и идентитетот не само за денес или утре, туку за секогаш и за секого кој доаѓа после нас. Нивната клетва и презир  што дозволивме една група  криминалци да не продадат за ситниш за сигурно нема да не избегне. Клетва,  што ги оставивме безимени и без татковина да скитаат по светот и нигде врталиште да немаат. Сакаме ли и во ова мало парче македонска земја да ни се повтори судбината на нашите браќа и сестри во егејскиот дел на Македонија? Сакаме ли истите злосторници, арамии на туѓи имоти   да продолжат со етничкото чистење  убивајќи невини мажи, жени, деца и немоќни Македонци? Ќе го преживееме ли срамот кој дозволивме да ни го нанесат Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Талат Џафери...без прст да мрднеме за да се одбраниме?  

Друга шанса нема да имаме за да ја спасиме Македонија и самите себе од предавници, изроди и криминалци на кои ништо не им е свето и поважно од парите кои ги зедоа и се' уште ги земаат за да ја урнисаaт државата и  го разнебитат својот сопствен народ. 

Се наоѓаме, драги мои, во ситуација кога невоспитаните  ни ги воспитуваат децата и од нив прават монструми наместо луѓе врз чија мудрост и знаење можи народот да се потпре и  мирно да спие. Се најдовме во ситуација кога шарените ѓаволи постанаа анѓели и јавно проповедаат право и правда. 

Тие, кои до вчера рака под рака разулавени уриваа се' и сешто, денес еден со друг се јадат, клеветат и очите си ги вадат за столче кое ги прави "силни и праведни". Луѓе кои во себе освен омраза не поседуваат ништо вредно. Зошто кој не се сака самиот себеси, нема капацитет да си го сака ближниот свој.  Нема капацитет да си ја почитува земјата која ја гази секој ден! Земјата која го храни!  Инаку како би човек можел да разбере однесување кое води до самоубиство и уништување се' што некој пред него го создал жртвувајќи се самиот себеси  за нас, кои дојдовме после нив, да ни биде поарно?

Спомените на шарените  револуцинери не се избришани од нашите сеќавања.Тие се се' уште свежи и болни за секој чесен човек во Република Македонија.  Мислејќи да прават дела кои ќе се паметат како врв на човечката мудрост, тие во сушност го покажаа својот длабок примитивизам и животински нагон.  

Што може човек да очекува од луѓе како Зоран Заев, Христијан Мицкоски и многу други како нив?   Само пустош во државата која ни беше драг дом и гордост што сме Македонци, без разлика на нашето етничко потекло или вероисповест!

Зоран Заев уличар, помилуван криминалец, претседател на СДСМ, па претседател на македонската Влада, со своите министри и доверливи "државници".

Мирјана Најчевска, универзитетска "добра" професорка горда на своето хулиганско дело (сквернавење на полициска станица) се враќа во своето дувло.

Што може да се очекува од "добар" професор  по право како Мирјана Најчевска која својата земја си ја нарекува ЌЕНЕФ?  Ништо друго, само  такви  каква е и самата: ЌЕНЕФСКИ СТАОРЦИ!

На 16  февруари следбениците на Зоран Заев под негово раководство се собраа пред Собранието на Северна Македонија скандирајќи: "Чекориме за правда"! Каков слоган, откако во таа куќа на срамот одново се изгласаа вреќа закони по негова мерка за лична заштита од правдата, која во Македонија одамна ја нема? Ајде да го разбереме него  кој незнае што прави, ама другите кои се сметаат за мудри  "градители" на "општество еднакво за сите"? Што да речем за нив? 

Ајде Зоран Заев знаеме дека еден ден за секогаш ќе го снема од пред нашите очи, така или вака, ама што ќе правиме со следбениците кои го следат зачуџувачки верно?  

Интересно е да споменеме што професорката Мирјана Најчевска има да каже за маршот пред Собранието организиран од СДСМ и Зоран Заев.

"Вчерашниот марш беше глуп, вели Мирјана, затоа што го иницираа и предводеа луѓето кои имаа шанса од позиција на власт да направат суштински промени во правосудниот систем, а не направија. Граѓанските организации маршираат за да може да се слушне гласот на граѓаните кога не се задоволни од политиките на оние кои што се на власт.

СДСМ фактички е политичка партија која во моментов ја држи власта во државата. Значи со овој марш СДСМ ни вели дека не знае што да прави со таа власт и не знае како да се справи со проблемот на владеење на неправото и повикува да дојде некој да го реши овој проблем.

Јас и понатаму тврдам дека СДСМ е подобра партија од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа СДСМ не покажа дека има капацитет (морален и интелектуален) да го деконструира груевизмот. И јас немам верба дека тоа може да го направи.

Вчерашниот марш само ми го потврди стравувањето. СДСМ пополека но сигурно станува ВМРО-ДПМНЕ". Завршува Најчевска  со својот текст за mkdpress.site.

Интересен контрадикторен текст,   типичен  за некој како Најчевска. Ги изнагрди фасадите низ Скопје  заедно со Зоран Заев и СДСМ, без да направи некоја анализа каде води сето "туа". Таа беше во неговата влада  дури и' импонираше, ама кога виде каде се наоѓа и дека не е тоа што го очекуваше,  му ја летна надвор! Или, можеби, беше маркирана за отстрел уште од порано како неподобна.  Но, беше доцкан да си го измије образот од шаренилото со кое се избрбешка за цел живот.

Потоа СДСМ, сепак, била поарна партија од ВМРО-ДПМНЕ и ако се' повеќе постанува како и ВМРО-ДПМНЕ. Констатира Мирјана! Зошто? Па  затоа што не знаела што да прави со власта. Но и затоа, што не покажала дека има капацитет (морален и интелектуален) да го деконструира груевизмот. И затоа јас немам верба дека тоа може да го направи. Вели професорката Мирјана Најчевска. И затоа е поарна од ВМРО-ДПМНЕ?

Па и покрај сето тоа што го рековте во својот текст, Мирјана, не чувме интелигентна критика на неговата политика и досегашната работа. Ниту збор за криминалните договори со Грција, Бугарија и Албанците. Значи ли тоа дека, сепак, Зоран Заев за вас е човекот со кој би соработувале на докрајчување на Република Македонија и одрекнување од  Македонците, како и од нас иселениците? Па ако останете само вие и такви како вас, на што земјата ќе личи, Мирјана?

И уште нешто, Мирјана! Ако за помали неправилности во владеењето на Груевски  тргнавте по умот на Зоран Заев и, нему слични, да го рушите "груевизмот", зошто сега не организирате вистинска револуција против "заевизмот" кој ја продаде државата и се' друго што го носи името македонско?  Зарем се одрековте од борбата  за правото и правдата? Или ги загубивте правничките способност за разликување на доброто од лошото? За правото и неправдата? За слободата и теророт над неа? Или вашата интелигенција исчезна со крајот на шарената мангупска револуција? 

Но, што е со водачот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски? Има ли уште некој кој не увидел дека тој ги замаглува умовите на членовите на својата партија ветувајќи им обнова со изградба на нови патишта, покачување на платите, пензиите и се' друго што му е потребно на неинформираниот македонски граѓанин?  Дека се борел за обнова на државата и поарен живот за народот, но не споменува за која држава се бори и за кој народ подготвува поарен живот. Дали за Република Македонија или пак за Северна Македонија, НАТО и ЕУ по секоја цена?

Христијан Мицкоски и неколку околу него се' уште се китат  со своите "верни" повеќе стотини илјади следбеници кои веќе му рекоа дека се за Македонија а не за Северна Македонија. Му рекоа, ама тој и понатака си ја пее истата песна на англиско-германско-француски јазик? Ќе има ли одговор од патриотите кои слепо го следат? Ќе видат ли каде ги води заедно со македонската држава? Или се занесуваат со неговите празни ветувања.

Почитувани и драги браќа и сестри, многу од нас сме врзани за спомените на Гоцевата ВМРО и веруваат во нејзината моќ. Меѓутоа, без прави луѓе на прави места, џабе ни е се'. Ние, македонскиот народ, сме изиграни од  луѓе кои немаат храброст да не поведат  во одбрана на слободата и нашите национални интереси. Луѓе кои ја злоупотребија нашата доверба и постанаа наши непријатели. 

Времето до 12 април 2020 година брзо ќе помине и ако не направиме нешто радикално, ќе добиеме тоа што заслужуваме: да бидеме безимени туѓинци во својата сопствена земја!  

Затоа, направете го  тоа во името на вашата совест, интересот на вашите семејства и обврската спрема земјата натопена со крвта на македонските најхрабри ќерки и синови од Филипа и Александра, до Делчева и Чента! Направете го тоа за Македонија! Иселениците биле и секогаш ќе бидат со Вас!

ЗОШТО СУДБИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗАВИСИ ОД ВАС И ОД СИТЕ НАС!

За секога Ваш, Сотир!

Проф.Далибор

Професор Далибор Јовановски

СОЗДАВАЊЕТО НА "ВИСТИНСКА" МАКЕДОНИЈА

 

20 мај 2018

Пред речиси три месеци напишав една колумна со цел јавноста да биде запозната со начинот на кој во Грција беше инкорпорирана античка Македонија во тамошната историја, култура, традиција и идентитет.

Веќе подолг временски период сме сведоци како ни се објаснува зошто Грција има големи забелешки на нашето уставно име, но уште поважно на името на нашата нација и јазик. Често ни беше укажувано дека Грција има 51% од регионот Македонија, но поретко, а исто така тоа е многу важно во понаташниот преговарачки процес, ни укажуваа дека само 10% од територијата на античка Македонија се наоѓа во рамките на нашата држава.

Со други зборови, ниту според процентот на територијата на регионот Македонија, ниту според традицијата не треба да го носиме тоа име. Сепак, науката дава одговор и на овие тврдења, особено, како настана термин од вистинска Македонија кај Грците.

За време на Големата источна криза (1875-1881) се појавиле карти кои биле составени со цел да се покаже етнографската состојба на Балканот. Тие биле далеку од вистинити, но имале свое влијание. Познатиот германски картограф Киперт во 1876 година објавил една етнографска карта на Балканот која во Грција била дочекана со негодување.

Кога е во прашање Македонија лесно може да се забележи причината за негативните реакции на Грците на кои ми бил доделен само мал појас покрај морето. Имено, на картата од 1876 година Киперт како територии со мнозинско грчко население во Македонија ги означил областите јужно од линијата Пинд-Хрупиште-Катраница-јужно од Ениџе Вардар-Солун-Серес-Драма-Кавала.

Под оваа линија имало и турски оази, но затоа имало грчка боја, навистина со мал обем, околу Мелник, Струмица, Битола. Тоа според грчките гледишта не било точно и не кореспондирало со ралните состојби и со историските факти. Картата на Киперт предизвикала мобилизација во Грција. На сцена стапил и Силогосот за ширење на грчката писменост. Ова здружение, со помош на грчките конзули и на патријаршиските митрополити, собрал податоци за состав на населението во Македонија.

Претседателот на здружението, Константинос Папаригопулос, овие податоци му ги приложил на Киперт, барајќи од германскиот картограф да изврши корекција на картата која ја објавил. Не треба да имаме никакво сомнение дека овие податоци, одговарале на грчките интереси и желби. Во крајна линија не биле собрани од некој кој не бил заинтересиран за Македонија, туку од претставници на земја која имала апетити кон територијата на османлиска Македонија. Тој заминал за Берлин со цел да се сретне со германскиот картограф и да се обиде да изврши влијание врз него за да бидат променети нештата кои не биле во грчки интерес.

Тогаш започнува неколкумесечната комуникација помеѓу двајцата научници околу границата која би ги одделувала Грците од останатите народи во регионот.

Тоа што нас не интересира за темата која е цел на нашето пишување е барањето на Папаригопулос областа околу Битола се до Крушево да биде означена со грчка боја. Во понатамошната коресподенција, во едно писмо од Атина, Папаригопулос прашува зошто веќе договорената линија Разлог-Неврокоп-Мелник-Струмица-Преспа која требала да биде обоена со грчка боја е спуштена појужно Киперт, Изненадувачки, попуштил и се согласил на измени кои биле блиску до тоа што го сакал Папаригопулос.

Така непосредно пред почетокот на Берлинскиот конгрес била издадена брошура со една карта во прилог на истата. Насловот на оваа брошура е: "Објаснувачка забелешка за етнографската карта на грчките, словенските, албанските и романските земји направена од Хенри Киперт", но текстот во неа бил напишан од Папаригопулос со согласност на Киперт.

Имено, на картата, кога е во прашање османлиска Македонија, може да забележиме дека поголемиот дел од неа е прикажан како грчки од Охридското езеро преку Крушево, Струмица линијата завршува кај Неврокоп. Линијата по која во иднина ќе се движат грчките аспирации била исцртана.

Картата на Папаригопулос не била ниту етнолошка, ниту се однесувала на земјите споменати во нејзиниот наслов. Исцртувањето на линијата на грчки интереси во Македонија не се појавила ниту случајно, ниту наеднаш. Ова особено се однесува на нејзиниот творец, Константинос Папаригопулос.

Најавата за поделба на Македонија, тој ја направил во својата книга Епилог на историјата на грчкиот народ, која ја завршил во декември 1876 година. Во неа, грчкиот историчар напишал дека, заради словенскиот притисок, грчкиот јазик останал доминантен во Македонија до Струмица, Мелник и Неврокоп.

Самиот Папаригопулос не тврдел дека границите кои биле исцртани од него имале научен карактер, туку дека тој го составил документот од исклучиво со политички мотив. Папаригопулос сметал дека Грција требала да присоедини големи континентални простори, бидејќи во спротивно би им останала државата со островски карактер. Следел период на промоција на оваа линија. Промовирањето на линијата за поделба на Македонија било правено во тогашните западни списанија.

Еден таков текст потпишан од грчки државник најдовме и во влијателното британско списание "The Contemporary review". Токму тука, авторот на статијата ја промовира идејата за поделба на Македонија на два дела, но и за намалување на границите на регионот во рамките на линијата за која станува збор.

Според авторот линијата која започнувала над Валона продолжувала кон Охридското езеро и : "Тоа не носи до северните граници на вистинска Македонија, која е, а ние тврдиме, целосно грчка земја".. Северните граници на Македонија, како што ги замислувал авторот, ги оставале Битола, Струмица, Мелник и Неврокоп во рамките на теритоијата која требала да и' припадне на грчката држава.

Во оваа статија го сретнуваме терминот "вистинска Македонија", кој бил прифатен од страна на грчките политичари и интелектуалци, со цел да се докажува дека античка Македонија немала врска со географскиот регион Македонија во 19 век. Во Грција се појавила и една тенденција за оправдување на оваа линија на грчки аспирацијии со историски аргументи.

Тука би сакал да се повикам на грчки историчар Евангелос Кофос. Тој забележал дека северниот дел од Македонија бил издвоен од националната програма на грчката Мегали Идеја. Грчките историчари и интелектуалци правеле се' за да ја обезбедат  оваа линија со "научни докази", кои би потврдиле дека исклучените северни области немаат историска основа да бидат сметани како дел од Македонија, бидејќи никогаш не биле дел од античкото македонско кралство.

Овие аргументи многу брзо станале непроменлив и неодвоив дел од грчката надворешна политика. Грција во сите преговори за поделба на османлиска Македонија како своја позиција ја бранеле линијата на Папаригопулос. За време на Балканските војни со оружје, најголемиот дел од "вистинска" Македонија бил заземен од страна на грчката војска.

Сепак, историјата нема само една страна или вистина. Папаригопулос бил националист, но и научник. Тој во еден мемоар испратен до грчкото министерство за надворешни работи нагласил дека линијата немала историска основа.

Грчкиот министер за надворешни работи, Кондоставлос побарал од Папаригопулос, кон крајот на 1884 година, да обезбеди историски факти со кое северните делови би се отстраниле од остатокот на Македонија и би се тврдело дека само деловите јужно од линијата за која тука говориме се вистинска Македонија, онаа од античко време.

Одговорот бил доста интересен Папаригопулос не сакал, иако тој бил еден од творците на линијата, да го потврди тоа што го барал од министерот. Според грчкиот историчар барањето не можело да биде поткрепено со историски докази.

Имено, деловите на Македонија каде, како што се изразил познатиот грчки историчар, делувале и Бугарите, биле границите на Македонија од времето на Филип Втори. Еден од креаторите на линијата го дал и одговорот.

Е сега, денес, според тоа што го читам во грчките медиуми Ципрас не добил подршка за предлогот Република Илинденска Македонија. Тоа особено јасно го кажал идниот грчки премиер Киријакос Мицотакис, но и поранешниот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. И двајцата предлогот го отфрлааат како иредентистички.

Зошто? Затоа што Илинденското востание, во голем дел, било на територијата на "вистинска" Македонија, која во најголем дел денес е во рамките на грчката држава. Но, и владата на Ципрас го отфрли предлогот. Ципрас го доби тоа што го сакаше-прво географска одредница, сега еrga omnes, а понатаму доколку е можно и јазикот и името на нацијата. Сето тоа без потпишан договор. Да не ги потценуваме Грците, имаат одличен тим за преговори.

expres.mk

А. Русјаков

Александар Русјаков

ИЗРОД, КУКАВИЦА, КОДОШ, ПОДАНИК

 

15 февруари 2020

Никола Димитров вели дека Рашела Мизрахи не може да ја разбере важноста на Преспанскиот договор. Секако дека не може. Еврејка е. Зошто би требало да разбира нечија потреба за холокауст? Само психопати сакаат и разбираат холокауст. Како творците, потписиниците и подржувачите на тој договор.

Избори не треба да има. Ниту да се распушта Собранието. Бесмислено е. Само треба да се оджи седница на која со двотретинско мнозинство ќе се изгласа нов мандат на Владата. Европската Унија ќе честита. Американската амбасада ќе изјави дека тоа е во корист на Преспанскиот договор. Нато ќе подари уште едно НАТО-знаме.

Во меѓувреме, тргнала Македонија во Холивуд да стане глумица. Влегла во канцеларијата на Харви Вајнштајн и не излегла од оттаму. По триесет години, се уморил Харви од нејзината сервилност, па и' дал да статира во Б-филм. Затоа денес нејзините внуци се горди со неа.

Како горди? Па, баба ви беше курветина.

Да, ама се појави три секунди и блескаше.

А во Собранието, откако со двотретинско мнозинаство изгласа нов мандат на Владата, пратениците гласаа и за ЗЈО, скратено од Заевото обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ се налути и го напушти Собранието. Отидоа надурени во кафуле во ГТЦ. Рекоа дека ќе се вратат за половина час, само да им помине лутината. Северното урбано граѓанство луѓенца жртвуваше неколку ирачки деца пред новиот олтар, знамето на НАТО. Македонските патриоти искршија тастатури од колнење. Потоа отидоа во кафеана. И ете, готова колумна. Се' е кажано.

Баш си гаден, Русјаков. Полн си завист. Затоа што конечно успеавме да станеме членка на Алијансата што ќе донесе вечен мир. И бесплатни телефонски разговори за секогаш. Ама и вечна благосостојба. Како што Југославија не се распадна. Тоа е нашиот македонски интелектуален и аналитички капацитет. За некој месец ќе станеме членка на клинички мртва алијанса. Ама и за десет-петнаесет години ќе се зачлениме во ЕУ. Кога во неа ќе останат само сиромашните членки.

"Идеите, кои на многумина им се чинат напредни, во суштина се многу заостанати идеи, кои не ја достигнуваат висината на современото мислење", вели рускиот мислител Николај Берџаев и уште додава: "Интелигентната и полуинтелигентната маса се храни и живее од стар идеен отпад, кој одамна веќе е ставен во архив". На крајот заклучува дека "интелигенцијата" верува во идеи што на Запад владееле пред повеќе од педесет години". Е, ама Берџаев зборува за Русија од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, а кај нас "интелигенцијата" е многу поназадна од осумнаесетвековната закрепостена Русија и феудална Европа. Она што денес го тресе светот на геополитички, научен и филозофски план, кај нас ќе стане меинстрим за педесетина години.

Сакаш да кажеш дека тука интелигенцијата и интелектуалците се заостанати?

Тешко дека може да се најде интелигенција кај политичката, експертската или урбана елита. А интелектуалците, како што вели Доминик Камингс, се најограничени. Па, кај нас не ни чуле за Мајкл Хастингс, Анри де Госувр или Виктор Пељевин. Затоа интелектуалната бижутерија секојдневно онанира на ликови како Јенс Столтенберг, Самоил Жбогар и Метју Палмер. Луѓе што ни во населбите каде што се родиле, поим немаат кои се. И како после да бидеме во чекор со светот? Светот создава артифициелна интелигенција, а кај нас се паѓа во несвест по воена алијанса што одамна ја изгуби смислата на сопственото постоење. Да те возбудува организација што продуцира војни и масакрира цивили за да приграби територија, нафта и опиум, мора нешто да не е во ред со твојата душевна состојба. Или си психопат или си слабоумен.

А ха, шириш говор на омраза.

Омраза? Спрема кого?

Спрема подржувачите и љубителите на НАТО.

Подржувачи и љубители? На воена алијанса? Нешто ненормално има во тоа тврдење. Да подржуваш и да се восхитуваш на воена алијанса, мора да ти е осакатена душата. Односно си психопат. Или како што вели етимологијата, кога душата (psycho) ти страда (pathos). На тие луѓе им страда душата, затоа што обожаваат милитаризам. А кога некој страда, ти не го мразиш, туку го сожалуваш. Или ако сакате поинаку, христијанството вели, не го мрази човекот, туку гревот. Јас никого не мразам лично, ама грев е да сакаш нешто што убива за материјална корист. Така што јас го мразам изопачениот грев наречен војна.

Последново изопачено идолопоклонство ме тера да извлечам еден крајно непријатен заклучок. Гоце Делчев рекол дека не познава народ што повеќе страда од своите изроди. Тоа го кажал за нас. За светот имал културен натпревар меѓу народите. Тука гледал изроди, во светот културен натпревар. Паралелно, народната симболика за криење на кубурот на крајно непријатно место ја дополнува сликата. Кај изроди, па кукавици. Тоа го потврдува и почетокот на песната "А бре Македонче". Народниот пејач го прашува Македончето каде се спрема. И уште му посочува, борба те чека. Значи бегало Македончето. Сепак, по илинденците се појавија партизаните и ја ослободија Македонија. Но Македончето не можеше околу себе да поднесе херои.

Па, ги испрати таквите по логори, уништувајќи ги, убивајќи ги. Изродот и кукавицата стана кодош. Ама таквата ситна душа, мора да се клања. И се редеа идолите. Сталин, Тито, Кумровец, Белград, Брисел, НАТО. Сеедно што секој идол е различен и спротивставен еден со друг. А секогаш кога се менува идолот, мора да се уништи и убие секој што не се преобратил на време. И така титовисти гонеа сталинисти, комуњари гонеа луѓе со прозападни сваќања, потоа комуњарите наеднаш станаа прозападни демократи, па сега бриселски и НАТО-пултрони сатанизираат евроскептици и антимилитаристи. Изрод, кукавица, кодош поданик.

За крај, една статистика покажува дека деведесет проценти од живите генијалци во моментов (математичари, филозофи, физичари, уметници, доктори и слично) се Евреи. Сега јасно е од каде толкавото количество омраза кај нас кон оваа етничка припадност.

media24.mk  

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

ПРОЗА-ПОЕЗИЈА

***

 

Марија Воденска

ПО ТРАГИТЕ НА НЕЗАБОРАВОТ

 

Патувањето за Детроит, Мичиген, беше од сосема друга природа. Станува збор за друго поглавје каде се запишани патеписните репортажи. Овој пат Божјата патека ме доведе во семејството на Енџи (Анѓелина) и Божо (Благој) Нешиќ од Битола. Тие со семејството и трите дечиња живеат во Дирбон, родниот град на Хенри Форд, во куќа како замок, кој sирка од густата шума, сред бујното зеленило, врз кое капат дождовни капки од распрскувачите, распоредени до кај што око стигнува.

Пред зајдисонце, наседнати крај масата на широкиот чардак и дрворез, од лакирани штици, бликаат боите од разноликоста на цвеќињата со опиум од мирисот на свежата приквечерина. Окото е таму кајшто  самото ја здогледува играта на палавите верверички, кои итро се надмудруваат кој прв ќе  зграби исечок од јаболката.

Песната на птиците скоро замира, што во ова есенско благо предвечерје, гласно е заменет од гуските со гласно гракање и ниското надлетување над Дирбон Хајц пред да слетаат во Езерото. Замаена во глетката наоколу бев глува за разговорите што се водеа меѓу домаќините и гостите, кои беа роднини и беа дошле да ме добросаат.  Така далдисана со умот на другоместо, во споменувањето на името Сотир Ничов, целата се претворив во едно големо уво. Чув што подначув и почнав да се распрашувам. Кои се тие луѓе, од каде се дојдени, кога и при кого се дојдени...

Од она што го разбрав како да ми се фати срцето за мамка. Со Енџи и Божо се договоривме за утрешната средба по работниот ден.

Кукајдрвчето остана будно во моето срце. Славејчето п'рнуваше, а енигмата ме остави пред железна порта за една сонувана или вистинска приказна од домскиот живот. Постелата врз мекиот и удобен широк кревет ми се стесни во душата од безбројните прашања и загатки во слики од детскиот дом во Стара Гора во Словенија.

Бевме војска од деца, од оние најмалечките, кои се' уште не се за училиште, издвоени од прегратките на своите постари браќа и сестри во Бела Црква во Војводина.

Виорот на Граѓанската војна во Егејска Македонија под Грција, на 25-ти март 1948-та година за нас најмалечките дечиња беше како слепило во кое сме  заталкале без враќање. Повикот "мамо" замрено во студенилото се провлекуваше згрчено низ капките одрони што се тркалаа безгласно до подотворените уснички, занемени од кошмарот во кој се' подлабоко чекоревме заштукани во калта.

Во тие маглини, со тие нејасни слики, пред мене како во бранови се препелка малечкото црномуресто чупенце, со кое задавени во солзи, една ноќ во болничката одаја, премалени од сипаници и заушки, си ги стискаме рацете подадени една кон друга.

Сабајлето, креветчињата ни ги затекнале зближени. Кога не' распрашуваа за недозволената постапка и' го запаметив името на чупенцето. Мара Ничова, и само толку.

Низ моето постоење и растење таа чекореше низ мене. Секогаш иста! Во книгата "Беломорка" љубоморно ја стискав да не ја изгубам како слика.

И сега, во Дирбон Хајц, во спалната на катот, со прозорец кон шумата испреплетена со бујното зеленило, ги расплетувам пожолтените плетенки од сеќавања и сомнежи: Дали е Таа, дали е сестрата на Сотир, дали е  истата таа Мара Ничова за која пишував во "Беломорка"? Можеби таа живее само во мојата фантазија? Каква ли ќе биде средбата? Таа можеби ниту ќе се сети на Милка (Мијка) со белегот на прстот од Воденско? А како ќе и' објаснам... Зошто...? Како...? Кога...? Прашања и само прашања.

Од Дирбон до Ливонија ниту слушав, ниту гледав, ниту мислев, а бев како во балон полн со неизвесност. Енџи и Божо раскомотени во "фордот" како да танцуваа врз моето расположение. Предвечерното sиркање на благото сонце во автомобилот, го означи пристигнувањето на најавената посета со гостинката дојдена од "Стари крај".

Разговорот започна спонтано. Возбудата кулминираше со секој нов збор и безброј, безброј прашања. Дури да се совземам, бликнаа емоциите, настана мешаница, прегратки со солзи, што никој во тој момент не можеше да го совлада. Се радувавме и плачевме. Се прашувавме и голтавме благодарност што еве, Господ е Голем и милостив, та не' удостои да се сретнеме тука, во државата Мичиген, во туѓина, ама барем се сретнавме, иако поминаа оттогаш четириесет и седум години. Навреа детските слики од домскиот живот. Навираа сеќавањата во мигови, деноноќија и години нанижани како ѓердан од лузни и закоравени болки. Навираа спомените како пороен дожд, по кој Божилакот ќе се надвиши како мамка за очите и недофатно за душата, а сепак восхитува и мислиш дека ќе го допреш ако зачекориш кон него. И како за утеха мислата пролетува: Можеби тоа е Божјата сила која не' привлекува да се движиме кон оние кои не' очекуваат...

Третиот ден од мојот престој во домот на тетка Цила Ничова, го склопив записот за животната врвица на мајката Цила, која, откако ќе загинат мажот и' Васил и синот Стефо на неполни шеснаесет години во Граѓанската војна, која се водеше само на територијата во Егејска Македонија под Грција, таа, завиткана во тага и болка ќе ја помине границата и ќе се даде во потрага по останатите три деца во Југословенските домови. Како многу други и нејзините деца беа разделени. Софија и Сотир беа во домовите во Бела Црква, а Мара во Стара Гора, Словенија, кајшто домскиот живот не' врза со сестрински нераскинлив синџир. Фтографиите што ги направивме ќе зборуваат и по моето заминување со заедничко доживување во Ливонија, Мичиген.

Марија Воденска

САД, септември 1995 година 

 

НА ЗАМИНУВАЊЕ
(На Марија Бундовска Рошова)

Запри го дождот во очите заскитан во времето на "48-та" прозорец отворен за болка и истекот на копнежот по Стожерот недопрен.

Запри го дождот во срцето Извор на љубовта недопрена
оттука истекува душата со немирот во ноќите исполнети со мечтаење и расткаена мисла.

Запри го дождот надојден и стиши го во прегратка натажена и немоќна
пред збогување и заминување.
**********
Марија Воденска
Торонто, 1992 година

деца бегалци од егејскиот дел на Македонија.

 

ВИДЕОТЕКА-ВИДЕОТЕКА

Kind regards: SOTIR GROZDANOVSKI-MAKEDONSKI

Broj 270, 24. II. 2020