НИЕ НЕ СМЕ СЕВЕРНИ! НИЕ СМЕ МАКЕДОНЧИЊА!

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВЧЕРА ШАРЕНИ ВАРВАРИ, ДЕНЕС ЕКОЛОШКИ ПРОМОТОРИ 

 

09 февруари 2020 година

Се' уште ни се свежи спомените на 2014 година и дивеењето низ Македонија против "режимот" на Груевски. Се' уште ни се пред очите сквернавањата на спомениците и убавите државни објекти во кои денес уживаат и се богатат властодржците на Зоран Заев. Ама и лицата кои ги водеа тие варварски настани. И тоа не само како обични и неуки граѓани, туку граѓани кои требаа да ги воспитуваат  младите Македонци, како да си ја сакаат својата Татковина и да работаат на нејзиниот подем.

Познато ни е исто така, дека  повеќепартискиот систем преку  ноќ постана тема на секојдешниот живот: - за повеќето ноќна мора а за властодршците прилика за рапидно богатење и моќ...

Бруталниот капитализам на широка врата влезе и во Македонија и донесе невработеност, сиромаштија, корупција и масовно иселување на младите Македонци за никогаш повеќе да не се вратат назад. Република Македонија постана место во кое најугодно се чувствуваат криминалците, подземната мафија, големите и малите играчи со опојни и разорнувачки дроги, со блудот, трговијата со марихуана и тнт. И сето тоа не би било необично, да  владата на Зоран Заев заедно со него не се длабоко замешани, а да при тоа се' уште  проповедаат лажна слобода, правда и угоден живот за сите!? 

Полните излози со различни и убави артикли  на минувачите им создаваат лажни чувства дека конечно ни тргна работата. Ќе биде нешто и од нас. Но, сепак не за секого, зошто "Господ" си ја создал брадата прво за себе, а тоа што му останало, му го фрлил на сиромасите.

Промовирање на илузии дека   еден повампирен систем од минатото  ќе биде алатка за поарен живот, беше однапред осуден на неуспех. Тој што ни го продаваше, си имаше свои сопствени интереси, кои не беа во согласност со интересите и очекувањата на обичните македонски граѓани. Македонскиот жган излезе на површина и брзо ја презеде  македонската држава, што  беше главна цел на надворешните креатори на Глобализмот. Но дури и за тоа беше одбрана права личност за промовирање на тој политичко-економски неред во светот.

Џорџ Сорос, Унгарец од еврејско потекло,  со трговија на одземеното богатство од своите сонародници за време на Втората светска војна, се стекна со доволен капитал за преземање на улогата која денес ја има во делови од светот. Таму каде успеа да создаде услови за  "инвестирање", се врши преврат на режимите кои му стојат на неговиот пат.

Џорџ Сорос, американски инвеститор, филантроп-мизантроп дури и од британскиот "Financial Times" неодамна беше прогласен за личност на годината, поради неговата улога "стандарден носител на либералната демократија и отвореното општество". Меѓутоа, истиот тој "Financial Times" признава дека тие и таквите монструозни идеи беа измислени за време на Студената војна, а денес се критикувани од сите страни: од Русија и Владимир Путин, до САД и Доналд Трамп, се вели во образложението на признанието!

Понатака, Сорос бил прогласен за човек на годината затоа што користејќи ја филантропијата, тој впрочем, се борел против авторитарноста, расизмот и нетолеранцијата. Тој се залагал уште и за отворени општества, медиумска слобода и човекови права. Ама, сите баш во светот не прифаќаат такви методи за симнување од власта на легално избрани државни органи, денационализација на населението, и елиминирање на општествено-економските системи кои не се во согласност со неговите видувања на светот. Тоа беа и причините, што врз својот себичен грб ги навлекол сите "авторитарни режими" а посебно  "народните популисти" кои продолжувале да се зајакнуваат, посебно во Европа ! - пишува "Financial Times". 

Но за љубов на вистината, сите тие "заслуги за човештвото" всушност не беа во полза на народите чии држави и легално избрани водачи беа елиминирани.

Се разбира, своите филантропски залагања ширум светот не ги реализира сам и однадвор, туку од внатре, со ангажирање на  агресивни  "невладини" организации од неранимајковци и незадоволници кои всушност за пари и душите би си  ги продале. Водачите биле секогаш внимателно избрани и извежбани за терористички акции кои би предизвикувале, за случај на потреба, дури и крвави граѓански немири. Тоа биле таканаречени "шарени револуции" препознатливи по уништувањето на јавни и државни објекти, споменици,  разни инфраструктурни инсталации и сл. "Шарени револуции" кои работеле стриктно спрема упатствата на човекот на годината, со "племенити" намери. 

Таканаречената претворба на општествениот во државен имот и потоа приватизацијата за мали пари различно се манифестира во македонското општество: - за македонскиот народ донесе сиромаштија и невработеност, а големи богатства за одреден број поранешни директори и високи партиски раководители на (СКМ) Сојуз на Комунистите на Македонија, предходник на денешниот СДСМ.

Соросовата шарена револуција на СДСМ и Зоран Заев беше првиот чекор во преземањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ и почеток со растурање на македонската држава и разнебитување на македонскиот народ. Во сета оваа "хумана" ујдурма во Македонија, прстите и парите на Сорос беа секогаш присутни. Фондациите за отворено општество и глобализација на стопанствата работеа со полна пареа како би зафатиле што повеќе алчни луѓе кои ќе соработуваат за реализирање на неговите планови насочени кон растурање на Македонија. Повеќето од нив сметајќи дека е тоа безплатен ручек од Џорџ Сорос без икакви обврски, се сплеткаа во неговата мрежа. Неговите "невладини" организации и нивните следбеници мораа да одработаат нешто за него: - затворање на таканареченото "македонско прашање",  што следеше со потпишувањето на катастрофалните договори со соседите! 

Се започна со проектот Скопје 2014 и нагрдување на државните објекти и спомениците  одкако "експерти" од СДСМ на Зоран Заев, предводени од Мирослав Грчев (него никаде го нема)  ги обележија  како "кич" за уривање. 

Така наречената "Шарена револуција" иницирана и спроведена под будното око на Џорџ Сорос и домашните квислинзи и' нанесе срам на Македонија, кој никогаш нема да се избрише од меморијата на Македонците. Но нема никогаш, па дури и откако ќе ги снема меѓу живите и нејзините водачи од "првиот борбен ешалон".

Тоа беше времето, кога се подготвуваше потпишување на договорите со Грција, Бугарија и Тиранската спогодба со Албанците во Македонија. Времето кога се обезличи Македонија, а Македонците останаа без својот национален идентитет. Кога  велепредавниците и тешки злосторници Зоран Заев и Никола Димитров во договор со своите странски наредбодавци и' го сменија вековното име на Македонија и на Македонците, вклучувајќе  не и нас во странските земји. И сето тоа, како предуслов за влез во НАТО и Европската Унија, од кои  никој не видел аир. Тоа го докажаа Англичаните со нивното напуштање и враќање на својот животен простор избегнувајќи ги наредбите од бриселските бирократи.

Не смееме да заборавиме дека во сите овие  етапи за растурање на македонската држава и разнебитување на Македонците, беа вклучени многу актери од македонската универзитетска "фела", но и од сите други "еснафи" на македонското општество. А ако ме прашате зошто тоа го правеа, особено оние кои и така беа добро платени од македонскиот народ, па за  пари, а  моќ, за уште повеќе пари!

Ќе споменам само неколку од нив:  Зоран Заев претседател на СДСМ и неговите идни министри и разни советници, Радмила Шеќеринска сегашна министерка за одбрана, Мирјана Најчевска правник, професорка на правниот факултет Скопје и тогашен член на владата на Зоран Заев истерана заради нелојалност и не подобност, Горан Калајџиев професор по казнено право на истиот факултет, Ирена Стерјовска уметничка, Павле Богоевски член на владата на Зоран Заев за безбедност подоцна фатен со дрога во џебот и истеран како криминалец итн.

Сите тие, заведувајќи и голем број од своите студенти како диви животни со канти разни бои се нафрлија како деца уништувајќи ги прекрасните фасади и спомениците на македонските херои и преродбеници. Баш нив, кои беа во нивна национална должност да ги бранат од други вандали.

Почетокот на нивната "одмазда" спрема стариот естаблишмент беше скоро како и поговорката: кој неможе на магарето, удира по  самарот! Така и бидна!

Рушењето на споменикот на Андон Лазов Јанов-Ќосето, беше акт на страв и кукавичлук!  Патриотскиот здив на револуционерот и близок соработник на Гоце Делчев чија света должност му беше борба против изродите, предавниците, кодошите и ден денес Зоран Заев, но и "водачи" од типот на Христијан Мицкоски го чувствуваат како ги следи и во сонот. Духот на Ќосето е вечен. Еден ден ќе се врати и ќе си ја собере вересијата. 

Драги мои, насловот на овој текст сепак има смисла и држи вода! Зошто? Па дел од вчерашните шарени стаорци скрасени во канализацијата на Скопје и другите населени места во Македонија, одново се појавуваат во политичките води со "хумани" и еколошки идеи. Другарката Мирјана Најчевска и адвокатот Александар Тортевски покренаа иницијатива за основање на политичка партија под името ТВОЈА-зелена опција. Содржината на нивната програма  од 17 точки не се разликува од програмата на СДСМ и Зоран Заев. Вчерашни шарени криминалци ниту имале, а ниту имаат капацитет да создадат нешто поарно од она што заедно со сегашните властодршци и "соборци" за "право и правда" веќе ни донесоа во Македонија.

Нивната таканаречена програма не е ништо друго, туку набројување желби да се вратат таму, откаде беа исфрлени како непогодни,  нелојални и пред се' неспособни следбеници на Заевата клика. Затоа, само Влада составена од храбри, чесни патриоти и пред се праведни и способни луѓе   ќе можат да ги исправат сите неправди кои Зоран Заев со својата криминална клика му ги нанесе на македонскиот народ, особено на Македонците, како автохтон и државотворен народ. Само такви луѓе ќе можат да ја придобијат довербата на Македонците! 

"Зелените" предводени од Мирјана Најчевска и адвокатот Тортевски не се ништо друго, до резервни раце  на СДСМ за  продолжување на нивното криминално владеење со цел да ја докусурат Македонија и ги раселат Македонците на секаде по светот, за никогаш да немаат каде да се вратат. Што беше и се' уште  е најважна идеја водилка во делувањето на Мирјана Најчевска и некои нејзини обожаватели. Делување меѓу младите луѓе кои и' се доверени да ги воспитува да бидат лојални на Татковина, а не на Џорџ Сорос.

Другарката професорка по право и адвокатот Александар Тортевски, за оние кои не се сеќаваат, беа вонредно активни за време на "Шарената револуција". Па како би биле приметени во јавноста и тие ги бојадисуваа зградите и спомениците до непрепознавање дали се институции во кои другиот ден и самите ќе седнат во некоја удобна фотелја  или напуштени складишта во кои 50 години македонските работни луѓе произведуваа, продаваа и ја градеа Македонија, зошто друга татковина немаа. Но, за Мирјана Најчевска  сето тоа не било ништо друго, туку  најобичен ЌЕНЕФ!

Нивната темелна идеа, зошто се одлучиле да основаат и тие политичка партија била да, кога ќе ја освојат власта во Македонија, воспостават ред, мир, заштита на екологијата, ама и правната држава еднаш да заживеела на македонскиот животен простор. Се е убаво замислено, ама луѓе кои до вчера ја уриваа и продаваа македонската држава во чии темели се вградени телата на илјадници храбри македонски патриоти, неможно е дека преку ноќ ќе постанат ангели. Ѓаволи биле и такви ќе си умрат. И нека, така е поарно за сите!

Северна Македонија  колку на Заев, толку  е и нивно, од чесните Македонци несакано дете. Или пак сета работа се состој во нивната злосторничка идеја да го расцепкаат македонското национално ткиво уште повеќе и откако ќе успеат во изборниот циклус, да коалицираат со Зоран Заев во случај Албанците да му дадат едносмерна  карта за Идризово.

Интересна е Програмата на ТВОЈА-Зелена опција врз која ќе градат ново и "чесно" општество со многу зеленила и малку увезено ѓубре. 

Ама не е ли поарно и за нив и за сите нас дома и надвор од татковината тие да си одат од сеќавањата на Македонците таму каде и припаѓаат? Да си одат заедно со своите поранешни водачи на ѓубриште кое ни го донесоа со своето доаѓање на власт во Република Македонија?

За секогаш Ваш, Сотир 

Зарем Македонија е дојдена до тој степен вакви "добри" професори да владеат со македонската држава и народ? Ваков ЖГАН?

Денешен.мк

ПРЕД 148 ГОДИНИ ВО КУКУШ Е РОДЕН МАКЕДОНСКИОТ АПОСТОЛ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

4 ФЕВРУАРИ 1872 - 4 ФЕВРУАРИ 2020

 

Македонците денеска одбележуваат 148 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кој ослободувањето на Македонија го гледал само од самите Македонци:

"Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да ја ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите", гласи една од пораките на великанот.

****************

Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви.

Тој бил визионер, кој пред повеќе од еден век го разбра светот "како поле за културен натпревар меѓу народите".

Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на ЦК на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

- Гоцевата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на македонската цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, се вели во пораката од Светскиот македонски конгрес, по повод роденденот на великанот.

Св. Спас - Скопје, гробот на Гоце Делчев

Гоце Делчев учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Убиен е на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание.

Тој бил против прераното започнување на востанието.

Годинава, вторпат, Македонците ќе го одбележат роденденот на Делчев со придавката "северна" пред името на Македонија. Македонија, за која апостолот се жртвувал а сега со одвратни политички пазарења се бара да се докаже колку Македонецот Гоце Делчев бил Македонец и колку проценти треба да  му припаѓа на бугарската историја.

Денешен.мк

Дуњи

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

РАСКАЗИ

*** 

Марија Воденска

САМОНИКОВО ЛОЗЈЕ

По долгото боледување од кашлица, која ми зададе потешкотии, денес решив да одвојам време и да го напишам денот, кој често ми се враќа во сеќавање. Ќе напишам за самониковото лозје, кое беше на угорнината и оддалечено околу три километри од градот Штип до Станицата.

***

Во 1956 година во месец октомври со Катерина Штерјова се враќавме пешки од училиште до селото три Чешми тогаш познато како "Sвезда". Денот беше на заминување, а октомвриското сонце се' уште ги огреваше созреаните есенски овошки. Лозјата беа обрани, а во нив со жолто-лимонов сјај висеа  дуњите под листовите некапнати меѓу свенатиот имот и шушкав лист од лозјето,  под чии ќутуци беа собрани сочните гроздови за вино и комивица за зимата која престоеше.

Марија Воденска, поетеса и романописец.

Дуњите оддалеку секојдневно попатно ги загледував при враќањето од училиштето. Самониковото лозје беше погоре од зградичката, и таа есен 1956 година  со Катерина Штерјова учевме Осмо одделение.

Во едно тивко и сончево есенско попладне, враќајќи се од училиште од Штип, решивме и по вторпат се поткачивме до Самониковото лозје. Киневме од дуњата и ги полневме скутовите, кога во мигот несуден се провикна Самониката. Ние со Катерина се зададовме во бегање со полни скутови од дуњите, а бевме гладни. Стариот Самоников не спазил и почна да не гони до преку ниската зграда, па преку пругата, а пред нас беше само гола пустелија. Самониката трчаше оддалечен по нас, но тој имаше решено да не фати со се' дуњи. Со трчање во бегство решивме да се разделиме со Катерина. Таа го фати правецот кон селото, така се викаше и стопанството "Црвена Sвезда", а јас продолжив во правецот на фабриката "Македонка". Катерина се спаси. Мене ме фати и ме однесе во сегашната железничка станица кај милиционер и му рече дека сме му ги краделе дуњите од лозјето и дека не е прв пат... Бев како фатена птичка и силно срцето ми тупкаше. Фатена во канџите на некој злосторник кој очекував да ме задави...Милиционерот кој беше дежурен на Станицата во ова време, откако го ислуша со сите клеветења, ми се обрати мене и ме праша зошто сме влегле во туѓо лозје со мојата другарка и сме краделе...Тогаш се осмелив да ја кажам вистината и зошто сакав да му ја обереме дуњата. Полека но сигурно гледајќи само во милиционерот му раскажав за летото кога со моите другарки од "Црвена Sвезда, на овој Самоников, му жнеевме и снопјата му ги собравме во ставини, а ни рече оти ќе ни плати надница за работата. Не ни даде ни динар, само ја расклати црницата во нивата, под која имаше само сува земја, и ни рече да си собереме од црничките и дека со тоа ни плаќа...А јас им бев ветила на моите другарки Тоша Кудева, Пенка Велигденова, Пена Белташева, Марија Думчева и на Марија Јолева дека ќе ни платат за работата.. Тој не ни плати никакви пари за надница и затоа сакав да му ја оберам дунката и да им однесам на моите другарки во "Црвена Sвезда". 

Милиционерот ја ислуша мојата  вистинска приказна и го праша Ристо Самоников со зборовите:

Зошто не си им платил на девојчињата од Три Чешми? Остави ги дуњите тука и фаќај пат кон лозјето твое! Нели го гледаш девојчето потресено и уплашено што го доведе кај мене со срце како на птичка ќе му излета од градите? Ти си стар волк од градот и не ти личи да ги лажеш дојденците во Три Чешми... Милицаецот грубо го прекори Самониката но  не му ги даде дуњите, што Самоников ги собра од земјата пред да ме фати и да ме донесе во полициската станица. Милицаецот ми ги даде дуњите и ме пушти да си го продолжам патот до Три Чешми и ми рече за друг пат да не се одвојуваме од патот за селото.

Ете, штом стигнав до ниската долга зградичка, се свртив накај стреата кајшто ме сретна Господ, се прекрстив како што ме научи баба ми и го продолжив патот до Три Чешми. Таму ме чекаше Катерина. Од дуњите им разделивме на моите другарки. Тие знаеја од каде им ги носам, но не дознаа никош за украдените дунки од Самониковото лозје.

По многу изминати години ја сретнав  внуката на Ристо Самоников во Скопје. И и' ја раскажав приказната за дедо и'. Таа насмевната ме ислуша и вели: Да! Таков беше дедо ми, скржавец до коски...

Во истата зградичка летото 1956 година нижевме тутун, им помагавме на мајка ни која работеше во Тутунскиот комбинат. Следната година во месец октомври со брат ми Кољо се вработивме во фабриката за памук и текстил "Македонка" Штип.

Ете, тоа се моите размислувања што ме водат и се трудам да ги забележам додека ми работи умот при сеќавање од моите рани години, од мојата младост поминати во Штип.

Марија Воденска, Бостон "Св. Атанасиј Велики", 2020 година

****

ТЕ БАРАМ

Те барам во пролетно лисје зашумено,
штотуку залеано со мовта од мирисот на липите.
Газам по кадифето меко и се плашам да не те повредам.
Ја запирам ветрушката крај реката да не те разбуди
и те разнесе на свиок како откинат есенски лист.

Кај ли би те барала во ова непробивност?
На дофат си ми, а така лесно те губам!
Во кој ли цвет би те пронашла?
Во чии очи над планината да заскитам?
И со кој товар на душата да те премостам?

Сонот толку заносно ти го сакам, грст виделина
пред себе љубоморно чувам и треперам
во ноќите будни од мојот страв да не изгасне.
Таговно море во гради ми тежи, и кажи,
каде со тоа море да прелетам и каде да те барам?

Те барам во лудото предвечерје
стуткан меѓу грмушките оросени.
Те барам во речните бранови
заробен меѓу сребрените капки, во недотек
со немуштиот јазик на дојденците.

Те барам тебе во мовта крајбрежна
во пенучка здробена, во скришните дувла
на спасувачите, на гробарите, на зајадливите,
на лакомите, на водачите и метачите,
те барам тебе, но тебе не те наоѓам!

Ја наоѓам твојата нескротливост за правдина
распната меѓу едната и другата страна на Вардар
меѓу sвездени простори и немушти говори.
Те препознавам меѓу светулките, заскитан во мракот
горд што бисер нудиш за битката што миросон губи.
************
Марија Воденска
Скопје, јуни 2019 година.

 

ВИДЕОТЕКА-ВИДЕОТЕКА

Kind regards: Сотир Гроздановски-Македонски

Број 267, 09 февруари 2020 година