Војводата Гоце Дуковски

Сотир

  

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ И СО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 

 30 јануари 2020

Македонската православна црква се' уште се смета дека е црква на македонскиот народ, поточно речено, црква на православните Македонци. Меѓутоа, исто како што и македонската држава предводена од Зоран Заев, така и таа постана сопственост на поединци за изживување и покажување моќ  над македонскиот народ и македонските верници. А тоа е, Поглаварот г.г. Стефан и неколку негови велепредавници во светиот Синод!

Државата веќе ни е продадена од многу поодамна и со потпишани разни "документи" и "добрососедски" договори со Грција, Бугарија и Албанците  од неа создадена измислена политичка творба Република северна Македонија, а народот преку ноќ прекрстен од Македонци во северни Македонци. И сето тоа спрема сулудите империјалистички планови на странски мешетари  и домашни изроди  и малоумници.

Лидерите и дел од следбениците на СДС и ВМРО-ДПМНЕ  одамна се однародија, сметајќи не сите нас дома и надвор од земјата за нешто што не е вредно да се почитува, а и ниту да се прашува дури и за најчувствителните национални интереси и црвените линии кои кај секој народ се светиња и во кои нема право никој да се прчка, ако незнае како. Ја приватизираа македонската држава и се понашаа како пијаниот Јокица без одговорност без срам и без намуз. Слушаат или не слушаат што Македонците имаат да кажат и се однесуваат како спрема питачи кои им дојдоа пред нивните порти да молат за парче леб или чаша вода.  И згора на тоа, ја продадоа парче по парче Република Македонија, националниот идентитет, историјата со столетија пишувана и допишувана, македонскиот јазик го испоганија изедначувајќи го со албанскиот, како јазик на едно неблагородно и неблагодарно племе кое само бара а за возврат не уценува и ни се заканува со бунтови и  со  војни, се' дури не ја добијат под своја власт целата држава. А ги нема ниту 15% од населението во Република Македонија, ама затоа се тука  Зоран Заев и Христијан Мицкоски кои без нив не се во можност да состават Влада. И сето тоа  се случува пред нашите очи, а ние ниту да мрднеме или да речеме барем: ОФ, ШТО НИ НАПРАВИЈА МАНГУПИВЕ!

Пред странските амбасадори и најобични светски мешетари и пробисвети стојат СУС како пудлици пред својот газда. Распродаваат се' што ќе им дојде под рака за мали пари и привремена моќ, дури и самите не бидат фрлени на буниште како  неупотребливо ѓубре. Тие одамна  си ги покажаа роговите и ја докажаа својата странска сервилност и неверност кон суверенот во македонската држава,   Македонците. Но, и многу повеќе: докажаа дека се партии во служба на странци и нивните интереси и без никаков  слух за она што нивните членови го очекуваат. А тие очекуваат  сестран развој на Македонија, полна вработеност и развиено стопанство кое ќе ги задоволува внатрешните потреби на населението, но и голем дел од производството да го извезува, како би увозила производи кои ги нема во Македонија. Но и да си живеат гордо во својата Македонија, како и векови наназад, без измислени географски додавки.

Потоа, се очекува од властодршците  да се грижат за безбедноста на населението, почитување на уставниот поредок и законите од сите и од секого без исклучок. Се очекува народните финансиски средства да се трошат рационално и во согласност со виталните потреби на населението: образованието, здравството, внатрешната и надворешната безбедност.

НАТО и  Европската Унија  кои им служат исклучиво на светските џандари за уривање  општества  недоволно "демократизирани", спрема нивните "стандарди", исто така не би требало да ни бидат опција. Зошто? - па едноставно тие не се однесуваат спрема Македонците и македонската држава доволно чесно за да ги сметаме за пријатели и сојузници и ги вреднуваме нивните совети и намери.  Се однесуваат крајно нецивилизирано и понижувачки по принципот "ништо за тебе се' за мене, зошто сум посилен, војно, од тебе!" 

Но сепак најважно од се' е поништување на сите документи и штетни договори со соседите и  недавање шанса на Зоран Заев и Христијан Мицкоски да ја докусурат Македонија. Шанса, која ќе биде вистински фатална, бидејќи за идните четири години со двајцата спомнати "лидери" Македонија и нас како Македонци дома и надвор ќе не нема. Ќе постанеме маса на неидентификувани суштества без име, презиме, без свој македонски јазик, без историја, култура, книжевност, традиции и...

Цементирање на Северна Македонија како вонредно штетна креација на велепредавниците и изродите од СДС и ВМРО-ДПМНЕ не сме е да се дозволи, бидејќи тоа е самоистребување како народ и држава македонска. А тоа е недопустиво без војна и капитулација пред победникот.

Но сето тоа немора да биде така, доколку на одговорни места во Македонија поставиме  одговорни луѓе. И не само тоа туку и луѓе кои  си ја сакаат татковината, си ја знаат работата чесно да си ја вршат, луѓе  образовани и воспитани со љубов и почит кон државните институции и националните интереси на македонскиот народ. Луѓе кои ќе го почитуваат историскиот статус на Македонците како државотворен и уставотворен субјект и носител на државниот суверенитет. Но, се разбира и  луѓе кои подеднакво ќе ги почитуваат и бранат правата на  националните малцинства во Македонија, спрема меѓународните стандарди и цивилизирани однесувања. 

Соборна црква-Скопје

Зборувајќи за државата, "заборавивме" на Македонската православна црква: што  се случува  со неа, зошто, но и кои управува со неа. Како по некоја инерција си одат работите, но сепак  паралелно по некој добро испланиран ред од истите планери кои ни ја растурија македонската држава. Од време на време ќе се појави нешто од предавствата на највисоките црковни великодостојници и толку. И тие се однесуваат како сопственици на имотот создаван со потта и маките на македонскиот човек кој со столетија верувајќи во Бога, изнедри змии отровници, кои дури сега отворено ни се претставија како најобични арамии на нешто што не е нивно. Игнорирајќи ги сите историски вистини за Македонската православна црква-Охридска архиепископија, зад плеќите на својот сопствен народ преговараат со вековните негатори и на Македонците и на македонската држава, на македонскиот јазик и македонската православна црква, молејќи ги на колена да ги примат како ќерка во предгратките на бугарската Егзархија, нарекувајќи ја нивна "Мајка".

Не е ли тоа најголем ЕРЕС спрема својот сопствен народ кој секогаш беше заштитен од своите полуписмени свештеници ама затоа патриоти, дури и по цена на нивните животи? Не ли е голем срам за секој еден член на таканаречениот Свети архиерејски Синод да си ја обезвреднува и продава својата сопствена Македонска православна црква за прием во некоја заедничка организација како АФТОКЕФАЛНА, на начин како и велепредавникот Зоран Заев со своите криминалци што направија од македонската држава? Не ли е тоа заеднички и кукавички убод во плеќите и душите  на Македонците за нивно потполно физичко и душевно бришење од списокот на народите и црквите во светот сведувајќи ги во ранг на ништожен и непотребен створ на земјава? Па сигурно да е, и затоа треба сите заедно да сносат консеквенции кога ќе дојде време за тоа.

Зарем и нашите цркви по светот ќе им ги предадеме на оние со кои со децении се боревме за да си ги прибереме нашите браќа и сестри? Е тој филм нема да го видите зошто вие сте најобични предавници и изроди како Зоран Заев, Никола Димитров, Никола Груевски, Христијан Мицкоски и редица лигуши како нив недостојни за почит како луѓе а камо ли како суштества во улога на некои си свештени лица.

Ох, со мал исклучок! Еден од малубројните чесни и доследни македонски великодостојници на Македонската православна црква, вистински патриот и народен трибун е Високопреосвештениот Владика Агатангел. За таква личност, човек, со интегритет и вистинска љубов кон народот македонски и нашата Македонска православна црква, таква каква си е,  без колебање од срце би го прифатил да биде поглавар и заштитник на дигнитетот на Црквата и на Македонците дома и ширум светот. И тоа ќе биде, кога ќе ја спасиме Република Македонија и завладее вистински ред и мир меѓу луѓето, ама и меѓу свештениците!

И предшколските деца знаат од своите родители (ако се' уште не научиле, ќе научат кога ќе пододрастат)  дека Христијанските гранки раширени по Европа и подалеку дури и зад Сибирот, потекнуваат од светото дрво во Македонија  посадено од Христовите Апостоли негувано и  поено со чиста македонска вода, до денешни дни, за да не се исуши. Писмото, пак, кое им помогна на тогашните пагански народи за да го слушнат и разберат Божјето слово и неговите совети, го создадоа македонските свети браќа Кирил и Методија а го надоградија нивните следбеници, светите браќа Климент и Наум Охридски. 

Тоа се најглавните причини зошто соседите навалија да ја урнисаат македонската држава и нејзината апостолска православна црква-ОА (Охридска архиепископија), Мајка на сите православни цркви, вклучувајќи ја и  Руската, која за жал, повеќе пати во историјата застанала на спротивната страна, секогаш против клучните интереси на Македонија и Македонците, но и на Светата македонска светиклиментова црква. 

Тоа се случи и овој пат  кога Српската православна црква одби да ја признае самостојноста на Украинската црква, а Руската отворено се позиционира на страната на Српската православна црква против црквата во Македонија, нарекувајќи ја црква на Северна Македонија. Но и против  црквата на Црна Гора, зошто  користејќи го својот статус на суверена држава со право на суверена Црква, а спрема принципот во прасловието: Една национална држава, една национална црква,  одби да биде под јурисдикција на Српската  црква. Спрема тоа, можеме да заклучиме, колку вистински пријатели имаме и во соседството и таму каде би требало оберачки да сме признати како вистинска духовна Мајка на нивната црква.  Ама не сме! Зошто?-па затоа што седиме на повеќе столици, тргајќи по умот на еден аболициран криминалец, Зоран Заев!

Па така, кој владее со тој божји простор, владее и со целиот Христијански свет. Простор цврсто поврзан со македонскиот народ  и во кој се врти физичкиот и духовниот живот со столетија во континуитет со истото име и исти народни традици: Македонија!

И уште еднаш да нагласам: парламентарните избори на 12 април 2020 година нека бидат денот кога Македонците ќе речат големо и гласно НЕ за дивеењето на криминалците и злосторниците во Македонија, ако вистински си ја сакаме и државата и Црквата и самите себе. Ако не, нека ни е Господ на помош и за век и веков да бидеме посрамени и понижени!

За секогаш Ваш, Сотир! 

Светлана

 

 

 

 

 

Светлана Симоноска

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛЦИ

 

 

 

30 јануари  2020 

Сите оние кои се замешани и инволвирани во процесот за промена и бришење на националниот идентитет на Македонците, а воедно и во демонтирање на Македонија се криминалци, бидејќи го прекршуваат  основното загарантирано човеково право кое важи за сите луѓе во светот, вклучувајќи ги и Македонците, на етничко и национално самоопределување. Тоа значи дека сите македонски политичари, без разлика од било која етничка припадност, се заедно со  антимакедонските западни белосветски мешетари, политичари и партнери,  криминалци. Сите оние кои вршат притисок врз македонските политичари да го сменат името на земјата, сите тие кои оставиле потписи на било кои од документите и договорите кои се незаконски и направени со цел за разнебитување на Македонците и Македонија можат да одговараат и да бидат судени во било кој суд, во било која земја.

Не помагаат изговорите дека им се газат правата на Македонците на нивно етничко и национално самоопределување поради историјата која Македонците наводно ја краделе од Грција и Грците. Грчката држава може само да си ја спонзорира, пишува и пропагира својата историја како таа си ја замислува и гледа, што досега и го правеше. Македонија и Македонците можат да си ја спонзорираат, со печатење на книги и промоции, својата приказна и својата историја. Да си ја објавуваат, изучуваат  и промовираат!

Историјата е, всушност, причината поради која се прекршуваат основните човекови права на Македонците од страна на антимакедонските владатели на светот од САД и ЕУ. Целта е да не се дознае  лажната историја која овие владатели ја манифактураа со помош на државата Грција и хеленизмот (Дројзен/Droysen) што тие ги создадоа.

Тие мислат дека со бришење на Македонија и Македонството нивната лажна историја, која си ја напишаа во 19-от век во Германија и Англија, ќе остане и нема никогаш да се дознае дека таа историја е фиктивна историја измислена од нив. Значи целиот случај е од правен аспект со кој овие антимакедонски западни криминални газди на светот  им го загрозуваат основното човеково право на Македонците. Но причината и поводот зошто тие им ги прекршуваат основните човекови права на Македонците е од историска и лингвистичка природа поради македонскиот јазик и македонската историја.

Facebook: За МЗ прилагодил Сотир Гроздановски-Македонски

Гоце

 

 

Гоце Дуковски

МАКЕДОНИЈА Е ОКУПИРАНА ДРЖАВА

 и нема лесно да се ослободи од сегашното предавство!

 

 30 јануари 2020 

Жално и тажно е што Македонија се наоѓа во ваква трагична и катастрофалнa ситуација. Сето тоа се случува затоа што лицата на кои македонскиот народ им ја дал својата доверба да работат чесно, поштено и лојално за доброто на македонскиот народ и сите граѓани на Македонија, не си ја извршуваат својата работа лојално и достоинствено. Kорумпираните политичари во собранието на Македонија направија огромна штета за Македонија и македонскиот народ и сега се презагрижени за својот опстанок и имаат само една и единствена цел: како ќе се извлечат од целата нивна валкана игра!

Сите настани што досега се случија, пополека ја открија целата вистина за сите уцени и корумпирани политичари вмешани во валканите геноцидни игри во Македонија. Ги има уште многу кои сеуште тајно се кријат но после наредните парламентарни избори целата вистина ќе се дооткрие и ќе се научи уште кои и колку се замешани во целото предавство на македонскиот народ.

Македонија е окупирана држава, а македонскиот народ не е во ситуација да крене народна револуција или граѓанска војна за своја слобода затоа што македонската армија и полиција се под контрола на корумпираните политичари и странски институции а ние, немаме ниту една голема сила на наша страна да не брани.

ИМАМЕ ЛИ ДРУГИ ОПЦИИ?

Ако не се учествува на следните парламентарни избори самите ќе се доуништиме затоа што на предавниците и изродите им ја олеснуваме работата да изберат кого сакаат, да прават што сакаат и како сакаат.

За жал, за следните избори до сега не се појави нова македонска политичка коалиција создадена од многуте нови македонски политички партии. Со излегување посебно, новите политички партии ќе ги делат гласовите на верните македонски гласачи и така не ќе можат да добијат доволно парламентарни седишта за да имаат влијание во собранието.

ПРЕДЛОГ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СДС И ВМРО-ДПМНЕ ОД МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО ВЕРНИ И ЛОЈАЛНИ НА МАКЕДОНИЈА И НА САМИТЕ СЕБЕ:

Администратори на странски држави несвесно или свесно ве излагале вас, ги излагале и продале своите мајки и татковци. За нив ние, македонскиот народ сме никој и ништо и нема повеќе што од нив да се очекува. Време е да им сте стави крај.

Штетата што СДС ја направи за Македонија и македонскиот народ е катастрофална. Оваа политичка партија од корен е расипана и нема повеќе што да се очекува од изроди како нив. На следните парламентарни избори од голема важност е да не се гласа за ниеден пратеник на СДС, така ќе се активира масовно чистење на оваа корумпирана институција и нивно целосно откоренување за секогаш. Еднакво од голема  важност е и членството на ВМРО-ДПМНЕ да им се спротивстави на така наречените "лидери и администратори" на партијата, зошто сега е времто за целосно чистење на сите корумпирани и уценети пратеници и администратори од партијата-на било кој и каков начин.

Тоа не е лесна работа, ама време е да се стават интересите на Македонија пред интересите на политичката партија. Сега е времето, повеќе од секогаш, да се измогне храброст и да се стане во одбрана на Македонија и македонскиот народ.

ПОРАКА ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:

Не дозволувајте политичките партии да ве поткупуваат со субвенции или било какви ветувања за да го добијат и злоупотребат вашиот глас. Од голема важност е да се гласа само  за кандидати  со чисто македонско потекло кои се докажале дека се чесни, лојални и достоинствени на Македонија и на македонскиот народ.

НАПОМЕНА:

За следните парламентарни избори, како што изгледа ситуацијата, ВМРО-ДПМНЕ ќе добие доволно пратенички седишта во собранието и ќе формираат нова влада на Македонија. До колку и тие не се освестат и да ги поништат сите нелегално донесени геноцидни договори, не ни остануваат многу други опции освен заживување одново на правата "Внатрешна македонска револуционерна организација" (ВМРО) во која ќе учествуваат борци и бранители на Македонија-со единствена цел како и историското славно ВМРО: "СЛОБОДА ИЛИ СМРТ ЗА МАКЕДОНИЈА".

Ако тоа се случеше уште на самиот почеток од ова досега невидено предавство на македонскиот народ, Македонија немаше да биде во ваква трагична катастрофална ситуација. Македонија ќе остане како територија, ама други ќе се гордеат со македонските историски и природни богатства.

Прашањето е: дали ние Македонците ќе постоиме како држава и нација и народ македонски со својот идентитет, јазик, писмо и со својата историја, култура и територија?

Браќа и сестри Македонци во Македонија! Иднината на Македонија е во вашите раце. Затоа на 12 април 2020 година гласајте само за кандидати со чисто македонско потекло кои се докажале дека се чесни, лојални и достоини на Македонија и на македонскиот народ!

Fasebook:  прилагодил за МЗ  Сотир Гроздановски-Македонски.

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ

(1830 - 1862)

 

Костантин Миладинов (Струга, 1830 - Цариград - Истанбул, 1862) е еден од најзначајните македонски поети во 19 век. Жедта за наука го понела младиот поет кон Москва, средиште на словенската наука во тој период. Таму останал подолго време изучувајќи филологија.

Годините поминати во Москва се исполнети со неспокојство и тага по родниот крај. Единствено нешто што го задржувало таму била желбата на неговиот брат Димитар, Константин да се стекне со повисоко образование. На враќање од Москва Константин дознава дека неговиот брат е фатен од Турските власти и затворен. Со цел да го ослободи се упатил кон Цариград. Меѓутоа повторно под дејство на нивните непријатели, турската власт интервенира и го затвора сега и него. Во затворот непосредно еден до друг умираат заедно.

Интересна е приказната како се нашле во затворот. Кога биле распоредени во иста ќелија, двајцата толку изменети од затворскиот живот не се препознаваат и се обидуваат да комуницираат на неколку јазици. На крај кога ќе се препознаат се прегрнуваат и умираат.

Браќата Миладиновци одиграле мошне важва улога во Македонскиот преродбенички период во 19-от век. Едно од нивните најзначајни дела е Зборникот на народни песни во кој собрале народни песни, приказни, обичаи и традиции од цела Македонија. Константин во Москва ја создал "Т'га за Југ" во очајот кој го опкружувал таму. Таа денес е монумент во Македонската поезија и литература.

 

Т'ГА ЗА ЈУГ

Орелски крилја как да си метнех,
и в наши стрни да си прелетнех
на наши места ја да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам,
да видам дали с'нце и тамо
мрачно угревјат како и вамо.

Ако как овде с'нце ме сретит,
ако пак мрачно с'нцето светит,
на п'т далечни ја кје се стегнам,
и в други стр'ни кје си побегнам,
к'де с'нцето светло угревјат,
к'де небото дзвезди посевјат.

Овдје је мрачно и мрак м'обвива
и темна м'гла земја покрива,
мразој и снегои и пепелници,
силни ветришча и вијулиџи
околу м'гли и мразој земни,
а в гр'ди студој и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам,
не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
и в наши стр'ни да си прелетнам;
на наши места ја да си идам,
да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата,
и сн'це светло зајдвит в гората,
тамо дарбите природна сила
со с'та раскош ги растурила:
бистро езеро гледаш белеит,
и си од ветар сино темнеит:
поле погледниш, или планина,
сегде божева је хубавина.
Тамо по срце в кавал да свирам,
с'нце да зјдвит, ја да умирам.
************
Костантин Миладинов

 

ВИДЕОТЕКА-ВИДЕОТЕКА

Kind regards: Сотир Гроздановски-Македонски

број 265, 30 јануари 2020