СРЕЌНА ПРАВОСЛАВНА НОВА 2020-та ГОДИНА

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ИСТОРИЈАТА НИ СЕ ПОВТОРУВА, БЛАГОДАРЕЈЌИ МУ НА СДСМ И ЗОРАН ЗАЕВ

Но и на перфидната игра на ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски и неговата дружина 

 

Повеќе пати сме пишувале дека кој не си ја знае својата историја, ги повторува грешките на своите предци. Меѓутоа денес Македонија и Македонците се пред еден подруг предизвик: Се сакаме ли самите себе си и Татковината? Сакаме да имаме своја национална држава како и сите, па и оние народи кои од неодамна се осознале како народи и си создале свои какви такви држави и љубоморно си ги чуваат и покрај внатрешните недоразбирања за патот по кој сакаат да продолжат? Во тој случај нека ни послужи нивниот патротизам за пример! 

На никои од тие вистински новосоздадени нации и држави не им паѓа на памет да се вратат таму од каде со реки крв излегле, борејќи се со своите окупатори, Англичаните, Германците, Французите, Белгијанците, Низоземците и други империјалистички сили и излегле како победници! Да им се предадат и капитулираат пред барањата на своите окупатори од минатото? Нема збор!

Каде сме ние во оваа игра на "посилните со послабите во светот"?  По се' изгледа, дека се' едно ние кој владее со нас.  Грк, Бугарин, Србин или Албанец!  Се одрекнуваме од самите себеси, од нашите предци, од нашата историја, нашите традиции, јазик, име, и само затоа, што тоа го бараат нашите соседи, кои до вчера не можевме да ги препознаеме  на географските карти како држави. Се одрекнуваме зошто не сме сигурни кои сме и од каде сме дојдени. Зошто не си ја познаваме нашата историја! Но и затоа, што еден импозантен број  наши високообразовани кадри не се воспитани да бидат Македонци,  да си го чуваат и почитуваат своето наследство, своето и националното достоинство! Ама најсрамотно е што си дозволуваат и тие и ние  еден неук и не одгоен изрод и велепредавник да не влечка за нос и продавајќи не сите топтан да не убедува дека сето тоа што го правел е за доброто на  граѓаните во Северна Македонија. Во неговото општество еднакво за сите, освен за Македонците, кои ги избриша од листата на народите, без око да му трепне и влакно од главата да му падне. Во Државата, каде неговиот мултиетнички народ среќно и  слободно живеел.

Не' да сме малку или вчера родени, како не убедуваат сите набројани кои кога Македонците биле нешто тие ниту постоеле, туку проблемот е во сосема нешто подруго: постанавме меки, наивни, неодговорни спрема самите себеси и нашите семејства, ама уште посрамно што не научивме како се избираат достоини владатели со македонската држава. Владатели, кои имаат доблес  македонското знаме да го понесат и кога се погодени од туѓ куршум! 

Не заслепија убавите зборови за демократијата која никогаш и не постоела. Сме учеле дека се' што е античко му припаѓало на Грците, Бугарите и на црниот Ѓавол! Дека целата наука е дело на Грците! Дека се' што не го разбираме било дело на Грците  итнт. во недоглед. Дека  Грците ја измислиле демократијата во која човекот бил на прво место пред се' друго. Меѓутоа, ако почепкаме по светската историја и  ги прочитаме исповедите на познати странски творци на грчката историја, ќе видиме дека сето тоа е голема лага и не вистина и дека се' што се зборува за грчката демократија е само измислица и најобична фикција. Дури и нивниот официјален јазик. Ќе видиме дека  се работи за едно робовладателно општество распрчкано во повеќе градови - државички кои меѓу себе очите си ги ваделе и  уништувале. И тоа до денешни дни би го правеле, да не беше нашиот Филип Втори Македонски да ги заузда, обедини и создаде луѓе од нив!

Познато е и тоа, што покрај фактот  тие да не ја измислиле демократијата како политички поредок во кој последниот збор бил на народот, туку на робовладателите. Дека физичките работи биле за обесправените робови, а интелектуалните за робовладателите. Но познато е и тоа, дека, заради таквиот однос меѓу нив и зголемување на  нивните животни потреби, рапидно се зголемувал бројот на обесправените робови, преземање на власта и исчезнување на таканаречената старогрчка цивилизација и култура. Останале само бледите спомени за тие времиња и љубовта на  Лудвиг Први Баварски. 

Таквата ситуација траела се' до Револуцијата од 1821 година, кога населението на тогашните грчки простори се ослободило од турската доминација, те со помош на Баварците и Англичаните се извршила вештачка реинкарнација на старограчката култура, се воспоставил повеќевековниот прекинат континуитет, обновена е историјата, јазикот и на крајот ја воскреснаа исчезнатата грчка "нација". Целата таа операција се заврши во релативно кратко време, во што голема улога одигра образованието, Црквата и љубовта кон исчезнатата старогрчка култура, врз чија пепел западниот свет си ја втемелил својата  цивилизација. Што значи, Западната цивилизација лежи на гнили темели, лаги и фалсификати. И така, потоа, со нивна помош и насилно окупирање на туѓи територии, меѓу кои и над 50% од територијата на Македонија, Грција за прв пат во историјата постана тоа што е денес: вештачка нација, која никој не би посакал да ја има за свои сосед!

Какви такви, соседите не ги бираме. Тие се тука и со нив треба да кохабитуваме. Ако се добри, ќе имаме мир и добрсоседски односи а ако не, ќе мораме да се чуваме како што знаеле Филип Втори и Александар Трети Македонски, во нивните времиња. Но и Илинденците и Партизаните во Втората светска војна.

Драги мои, ние навистина сме во опасност да исчезнеме, ако и понатака веруваме дека нашата едина алтернатива за опстој ни е НАТО и Европската Унија под услови кои ги прифатија СДСМ и Зоран Заев. Но и ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Северна Македонија не смее да опстане уште долго, зошто секоја невистина ако долго трае, се претвора во вистина. Во тоа е суштината на  западната филозофија: да те дотераат до  амбисот за сам да скокнеш и да те снема. Да те снема, а тие и понатака да се ангели пред историјата, невини и со чист образ!

Спасот ни е само во здружување на македонските сили во една тупаница, та биле тие во СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или другите помали партии кои имаат толку членови, колку да ги има, за да им служат на големите за поткусурување. Сега е времето да се извлечкаме од калта во која се прпелкаме зошто после парламентарните избори на 12 април 2020 година, можеби, ќе немаме  друга шанса. Сите здрави членови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ здружени до победа и слобода на Македонија, е решението. Лагите и предавствата на Зоран Заев нека бидат крај на неговото политичко делување и почеток на неговата одговорност за се' што им  направи на Македонците и на Република Македонија.

Ако сакаме да си ја вратиме честа и достоинството, можно ќе биде само со силата и единството на Македонците здружени во еден национален фронт и без коалиции со Албанците, кои не заслужуваат таква чест и доверба. Тоа што го правеа во минатото, го прават и денес, а ние им ја доверивме државата, армијата, полицијата,  верувајќи во иднината и заедничкиот соживот! Меѓутоа историјата ни потврдува, дека вчерашниот непријател неможе да ни биде пријател, денес!

Историјата ни се повторува благодарејќи му на Зоран Заев, Христијан Мицкоски, ама и заради нашата неодговорност за своето и македонското битисување. Тоа не мора така и да биде!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА!

За секогаш Ваш, Сотир!

Блаже Миневски

 

Блаже Миневски

АЛБАНСКИОТ ТЕРОР ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ОД 1900 ДО 1904 ГОДИНА

УБИСТВА, ГРАБЕЖИ И ЗУЛУМИ ЗА ДА СЕ ПРОТЕРААТ МАКЕДОНЦИТЕ ОД СВОИТЕ СЕЛА!

 

Во Архивот за надворешни политики на Русија пред пеесетина години, за време на своето истражување во руското Министерство за надворешни работи, Историчарот проф. д-р Александар Трајановски пронашол ексклузивен, мошне интересен, автентичен архивски материјал од прва рака под наслов: "Список на убиства, грабежи и кражби во селата Галичник, Лазарополе, Тресонче и Росоки во Реканската каза, Дебарски мутесарафлак, 1902, 1903 година".

Убиства, грабежи и зулуми за да се протераат Македонците од своите села!

Покрај списокот за споменатите села, во документот постојат податоци и за за селото Сушица за 1903 одина, иако тоа не е споменато во насловот. Во документот исто така се споменуваат грабежи, кражби и убиства во селата Селце, Маврово, Жировница, С'лп во Кучевско, Радиовце-Тетовско и Сарај-Скопско.

Притоа, иако во насловот се наведени годините 1902-1903, во списокот се дадени автентични податоци за крвавиот "арнаутски терор врз македонското население од периодот 1900 до 1904 година".

Освен убиства без никаков повод, качачките банди вршеле и бројни киднапирања, особено на мали деца и овчарчиња, за кои потоа се барал голем откуп. Доколку родителите немале пари да платат за откуп на детето се случувало да бидат егзекутирани а доказ за тоа да биде главата на детето.

"Браќата Бундалевци се преселија во Битола поради зулумите!" 

Во документот кој е доставен до Генералниот конзул во Солун, а се чува во архивата што ја покрива работата на ова руско дипломатско претставништво во Османлиската империја од 1800 до 1917 година, по дати и години се забележани сите убиства, грабежи и зулуми направени само во првите неколку години од минатиот век од страна на качачките банди во Западна Македонија.

Списокот стартува со трагичните настани во Галичник, почнувајќи со записот од 24 јули 1902 година и завршувајќи со оној за 14 јули 1904 година. Меѓу белешките за злосторствата што ги правеле Албанците во ова македонско село, кое речиси секојдневно било на удар на качаците, треба да се издвојат неколку крвави настани забележани во дописката до рускиот конзул во Солун.

Така, на 6 абгуст 1902 година, "на бачилото на Присоечка Планина, Таир Шаља го уби Иљо Србинов, а ги рани Трајко Василев и Кузман Гогов". Потоа, во продолжение на списокот, во записот за 9 август, значи за третиот ден по убиството, пишува: "Таир Шаља, незадоволен од убиствата на овчарите, го киднапира Пане Грандзев од истото бачило и го ослободи по добивањето 60 турски лири".

Но со тоа, се разбира, не завршил теророт врз Македонците во овој дел на Македонија. Следните денови биле нападнати и другите села, а од многу домаќинства била однесена сета стока и пари кои ги изнудувале со крвничко тепање и малтретирање. Еден месец по убиството на Присоечка Планина, друга злосторничка банда "од бачилото на Трпко Гиновски одзеле 200 овци!, а на 18 септември, иста таа 1902 година, "две семејства Бундалевци, браќата Павле и Иван, се преселија во Битола поради зулумите... Куќата им беше ограбена од "јузбашиските заптии" на сали Дема од Грика." На дваесетти септември, злогласниот "Џеладин Сефер ја ограби до шајка  куќата на Дамјаница Бошкоска и зеде едно петгодишно девојче за откуп..."

Четири дена подоцна, веќе спомнатиот Таир Шаља го киндапира во црквата Св. Петка Марко Михаилов, кој што по два месеца беше пуштен со откуп од 30 турски лири". Теророт што се правел во Западна Македонија, односно во мијачкиот крај на Македонија, не стивнувал ниту кога ваквите писма ќе стигнеле до конзулите во Битола и Солун.

Според истражувањето на д-р Александар Трајановски, по секој напад и пустошење, по секое убиство и малтретирање на Македонците од страна на Албанците, жителите на Река се жалеле до турските власти во Жировница, во Дебар или во Битола, кај дебарскиот мутесараф,, дебарскиот и битолскиот владика, до рускиот конзул и до валијата во Битола.

Сите жалби за помош биле испраќани со селски печат, но нема податоци дали ваквите барања на Македонците биле позитивно решавани. Можеби поради тоа во Солун, до генералниот руски конзул бил испратен збирен список на најголемите и најжестоки зулуми што ги правеле албанските качаци во овј крај на Македонија. А разбојниците продолжувале да плачкаат и убиваат без оглед на жалбите, што значи дека турската власт не го заштитувала населението, односно во многу случаи соработувале со бандите или пак некои од нив ги ангажирале во своите редови. Затоа и веќе споменатиот Џељадин Сефер, кој го грабнал петогодишното дете на Дамјаница Бошкоска од Галичник, пет дена по тој настан можел слободно да продолжи да се изживува врз Македонците:

"На 25 декември 1902 година Џељадин Сефер со 15 души дружина ја сруши куќата на Вељо Жантев, искрши три врати и ја зграби сета покуќнина, при што ги уби и двете жени, затоа што го сокриле поголемото дете за да не биде земено во плен."

И следната година, од мај до октомври, албанските банди во соработка со власта преку разни притисоци продолжиле да работат на проектот за етничко чистење на Македонците од овој дел на Македонија. Меѓудругото ги тепале и ограбувале печалбарите што се враќале во Галичник, како нападот во месноста "Суво Поле" каде што биле грабнати Ицо Гечов, Ристо Јанов и Ристо Каржов за кои зеле откуп од 60 турски лири и 13 коња! Не ги штеделе ни затворениците, како што се случило на 7 јули 1903 година кога Гаврил Аврамов, Томе Арсов, Јаким Јевесторов, Глигор Трпков, Крсто Лазаров и Кипро Аврамов, враќајќи се од затвор во Битола, биле фатени од бандата на Сеадин Арслан од село Бочишта и Имер од Дарда со 20 души арнаутски бандити, а ги пуштиле претепани и измачени до мала душа дури кога по петнаесет дена им бил донесен "откуп од 250 турски лири и десет ката алишта"!

Дека албанските качаци слободно оперирале и ги тероризирале македонските села дури и за време на Илинденското востание, може да се види од записот за 26 септември 1903 година, на пример, кога во атарот на Галичник од бачилото на Михаил Деспотов и Михаил Глигоров зеле 250 овци, а од браќата Филипови четири коња.

Во документот не се спомнува дека е претепан или киднапиран некој Албанец, односно дека е украдена макар и една овца од бачило чиј газда бил Албанец. Затоа пак има многу примери кога биле одземени цели стада овци од македонски сточари, како што се случило со стадото на Трпко кое било собрано од банда албански злосторници предводена од Бајрам Бачишта, Кашир од Велебрдо и Сеадин Арслан. 

Потеклото на Албанците (Арнаутите)

Истите качаци неколку месеци подоцна, на 28 јуни 1904 година "го зеле во плен Тофе Крстев Кукоски од бачилото на Јован Стефан Гуржовски". Грабнатиот Кокоски бил ослободен дури по добивањето на 39 турски лири откуп! Ваквите акции на албанските качаци продолжиле и во следните месеци, кога бил исплатен откуп од неколку стотици турски лири за грабнати Македонци, како деветнаесетгодишниот Стефан Настев, за кого биле барани 100 турски лири, и други.

Во месец јули, или поточно на 16 јули 1904 година, значи една година по Илинденското востание, страотно засилените и дрски албански злосторници што оперирале низ Западна Македонија "го нападнале бачилото на Михаил Деспотов, при што го убиле Дамјан Јосифов, а на останатите во бачилото им заповедале да ги остават овците и да бегаат".

Ужасот што ни го прават е неопислив!

И во Лазарополе качаците се изживувале врз македонското население. На 15 август 1901 година, "кметот Јосиф Дичов тргнал со двајца придружници и со турски лири за таксим во Жерноница, но Али Ука од Мажишта и Мурат Манјан од Омеже го убиле кај месноста "Вртешка".

Истиот ден вечерта, половина час по полноќ, убијците се вратиле придружени со четворица други Арнаути и заедно со селските заптии Адем Лека и Ази Даци од село Зогве, Дан Колец и Суљо Кодра од село Стушан, влегле во Лазарополе, отвориле оган и го убиле Арсо Трпков, а потоа собрале многу стока од селото".

Масеците што следувале биле вистински пекол за Македонците во тој дел од Македонија. И следната година злосторниците не мирувале. Постојано го напаѓале Лазарополе, па на 17 јули 1902 година, во гората на селото ги убиле дваесетипетгодишниот Дојчин Мицков, заедно со Димко Јосифов, Васил Серафимов и Димитрија Сотиров, а го раниле Рафаел Данаилов:

"По два дена бандата на Али Ука, Мурат Манјак, Адем Лека, Дан Колец, Суљо Кожа и Азис Даци запалиле една од куќите за да излезат селаните и да извршат и други убиства. Кога не излезе никој, застанаа наспротив, зедоа да пукаат преку прозорецот и многу мали деца, кои спиеја, станаа жртви на крвавата драма."

Во септември истата година "гореспоменатите злосторници ги убија Серафим Симонов и Петар Попов во месноста "Барбарос", кои оделе за мелење жито во прилеп. Освен тоа, през цела 1903 година, арнаутските злосторници се хранеа на наш грб: сирење, масло, леб и друго, се што сакаа беше на нивно расположение, а ужасот што ни го нанесоа преку целата година е неопислив. Тие се гоштеваа а ние умиравме од глад! Особено за забележување во овој запис е злосторникот Кадри Касап, којшто немилосрдно и безбожно не тепаше и глобеше. Покрај тоа правеше конаци за Рам Дука и Таир Тоља и сите други злодејци и разбојници, на наш грб и врз нашата мака. Таа банда за нецели две години немилосрдно ни истепа 12 луѓе, зрно жито не ни оставаше во куќа и ништо друго за во куќа."

Во 1904 година, на десетти мај, тогашниот кмет на Лазарополе, Јосиф Патков, одејќи во Дебар за да однесе такса за царските даноци, повторно кај месноста Вртешка", како во случајот со кметот Јосиф Дичов пред три години, бил ранет со 3-4 куршуми, а потоа му зеле 110 турски лири. Кметот Патков подоцна најверојатно им подлегнал на повредите:

"Убијци се оние коишто се пишани во жалбата подадена на Негово Преосвештенство."

Во селото Тресонче, пак, албанските злосторници Адем Ела и Рам Леши од Блаца ги киднапирале овчарите Глигор Саржов и Исијан Шетров на 25 мај 1902 година, а ги ослободиле откако нивните најблиски со судни маки собрале 50 турски лири. Разбојникот Абди Думан од село Стушан го грабнал детето Стале Арсов, а го ослободил дури откако му дале 35 турски лири.

Друг злосторник, извесниот Осман Леши со 16 души арнаутски бандити го собрал од куќата и го зел за уцена протуѓерот Јован Донев. По две недели, откако се собрале 35 турски лири за откуп, Донев бил пуштен со тешки повреди од долгото малтретирање. Во слична состојба биле и Македонците од село Сушица, кои, во записот до рускиот конзул, до Генералниот конзулат во Солун, под датумот 25 ноември 1903 година, пријавиле дека "убиствата, грабежите и зулумите што го прават Арнаутите не ни даваат можност да одиме на работа за да ја извадиме својата прехрана, поради коишто причини селото е сосема намалено и економски сосипано".

И Македонците од Росоки, исто како и во другите села, но и во градот Дебар, биле принудувани на секој начин да ги напуштаат своите куќи а потоа нивниот имот да го преземат злосторниците што го спроведувале теророт, најчесто во соработка со турските власти. Многумина од селаните не смееле да се вратат во селото дури не ги исплатат сумите што злосторниците им ги доставувале како божемно побарување за заштита, односно чување на селата. И во Родоки, како и во другите села, секојдневни биле грабежите, зулумите и убиствата на македонското население.

Така, на пример, на 18 јануари 1904 година, злосторникот Шакир од Велебрдо ја собрал сета крупна стока од Росоки и заедно со момчето на говедарот ги отерал во Малесија, каде што момчето по десет дена било убиено.

Документот што проф. д-р Александар Трајановски го пронашол во Архивот за надворешна политика на Русија, додека истражувал во руското Министерство за надворешни работи, завршува со записот за 28 јуни 1904 година кога Баше Бачишта зел откуп за овчарчето Иван Гуружов од 39 турски лири, а еден месец подоцна, на 23 јули 1904 година, арнаутските бандити повторно го нападнале истото бачило, кога биле заробени тројцата овчари, при што едниот од нив бил тешко ранет.

Документ стар 115 години:

Албанскиот терор го испразни селото Росоки!

"Нашето село од 100 куќи со 150 мажи од 10 години наваму е смалено на 50 куќи и 30 мажи од следние причини:

Бекир Тршан од Дебар, којшто, демек, имал за земање 35 турски лири од селото, во продолжение на 15 години не јавил никому дека има за земање таква сума. По 15 години се појавува во селото со некаков запис од 35 турски лири и, како си пресметал една безаконска лихва, ни побара 1000 турски лири, а за да неможеме да јавиме на Владата за неговите барања, зел со себе 15 души Арнаути, сите вооружени и, по негова заповед, дружината бараше секој селанец да им даде по 10 лири а тој што ќе нема да плати му правеа запис; од сто куќи можеа да дадат само пет, а 95-те ги натераа со тепање да му дадат 95 записи по 10 турски лири и секој со годишна камата од 45 отсто. Жалосните селани-сите на печалба во туѓина заминаа, по 4-5 години да седат таму, да работат, да гладуваат, за да се исплатат на Бекир.

Кој можеше да спечали, се исплати во продолжение од 5-6 години, а кој не можеше остана, кој каде се наоѓаше, така што ги оставија и куќите и фамилиите. Ако некој селанец дојде во својот дом треба да плати за 10-те лири 60-70 лири. А сега колку селани што сме останале злосторникот сака секој од нас да му плати и за побегнатите; кога ги гледа во селото мажите, не заплашува и јаде бесплатно со 10-15 души разбојници; собира по некоја лира по најбезбожен начин и се враќа дома, а по неколку недели пак доаѓа.

И не е само тој. Алмил Даџ од Дебар, собрал по истиот начин 50 лири. Досега има собрано повеќе од 900 лири и бара повеќе од 500 лири. И Оломан Тузлук, исто така од Дебар, собрал по истиот начин повеќе од 300 турски лири и бара уште 300 лири. И Мурат Мула-Бекир од истиот град собрал 200 турски лири и бара повеќе од 150 лири. Сите доаѓаат во селото со 10-15 Арнаути да ги собираат по безбожен начин безаконските свои барања, поради која што причина селаните се разбегаа повеќе од половината и селото наше е речиси испадено; по истите причини не е можно да ги исплаќаат на време царските даноци и повеќе од 400 турски лири се останати досега неплатени на Реканскиот санџак. Кога го јавуваме горното, молиме да се уништат безаконските записи кај гореспоменатите лица та да можат разбеганите селани да се приберат во своите куќи", пишува во записот на селаните од Росоки до рускиот Генерален конзул во Солун.

https://denesen.mk/ekskluziven-dokument-za-albanskiot-teror- od-1900-do-1904-godina/

Бил Николов

Бил Николов

НАПАДОТ Е НАЈДОБРА ОДБРАНА

 Нападот е најдобра одбрана - штета што македонските политичари не знаат за ова.

 

Претставете си: Македонија. 1991 година до денес. Македонски политичари играат фудбал против некоја земја (не е важно која) и притоа-несакајќи да го павредат противникот-целото време играат само одбрана. Кога ќе одбранат напад, слават како да се најдобриот фудбалски тим што било кога постоел. Кога случајно ќе минат преку средината на теренот, веднаш ја предаваат топката и трчаат назад на своите одбранбени позиции. На терен втрчуваат разни играчи, но нивната главна задача не е да  дадат гол. Место да се фокусираат на играта, тие плачат и молат да бидат ставени во првиот тим. Навивачите скандираат : "Напред Македонија! Шутирајте!! Барем ПРОБАЈТЕ ДА ДАДЕТЕ ГОЛ!" И ете чудо! Еден играч ги послуша навивачите, ја зема топката, го дрибла противничкиот тим, шутира и гол! Го слават како единствениот македонски политичар кој го ставил својот тим и својата земја на прво место, но набргу потоа и тој се повлекува и ги става Македонија и Македонците на цедило.

Еве како македонските политичари, од двете најголеми партии, владееа со Република Македонија-без "топки". Јасно е до болка дека вооошто не требаше да бидат пуштени да ја играат играта. Не можете да победите ако постојано играте само одбрана-кога тогаш противничкиот тим ќе даде гол и потоа ќе ви ја наполни мрежата. Но македонските политичари толку лошо ја играат играта што не само што нивниот тим (Република Македонија) губи, туку со себе ги повлекоа и сите други делови од распарчената Македонија-и сите Македонци, од минатото, сегашноста и иднината.

Сум сретнал многу македонски водачи и политичари. Сега го читаат ова и се навредени. Им велам тука отворено, како што сум им кажал и во доверба: погледнете се во огледалото и видете како вашите постапки-и отстапки-се одразија на нашиот народ.

Сум им кажал и дека не е ништо страшно или навредливо ако некогаш тргнат во напад, особено кога вистината е на наша страна. Македонските политичари треба да се залагаат за нашиот цел народ и да го бранат од постојаните, јавни и бескрупулозни напади од страна на нашите противници-кои бараат да се редефинира и избрише се' што значи да се биде Македонец. Ова е вистинската причина, raison d'etre, за постоењето на иронично наречениот "Преспански договор" кој ни го натурија од Запад-со овој илегален документ се менува македонското име, идентитетот и историјата на СИТЕ МАКЕДОНЦИ! Патем, македонските политичари би се извиниле и за тоа што употребив француски израз. да не им се налутат нивните американски газди. Истите тие кои ни го подметнаа "Преспанскиот договор". 

Зошто САД ни го прават ова? Империјализам. Тие сакаат Македонија да биде во НАТО, што Грција реши да го блокира (а подоцна и Бугарија се придружи) доколку не се откаже од своето име, идентитет и историја и доколку не станеме "Северномакедонци" од "Северна Македонија" со историја која почнува со независноста на Република Македонија од Југославија во 1991 година. Зборовите "Македонија" и "Македонци" им се даваат на Грците и на Бугарите, во зависност од нвниот контекст. Сето ова е детално опишано во членовите на овој договор во кој на 19 страници ми се кажува на мене што сум јас и што е мојот народ.

Откако Македонија беше поделена во 1913 година меѓу Србија (Југославија), Бугарија, Грција и подоцна Албанија, овие четири земји почнаа брутално да го потиснуваат името Македонија и вршеа кампањи за етничко чистење на автохтоното македонско население. Со Преспанскиот указ формално се потврдуваат ваквите кампањи на Грција и Бугарија и директно се негира постоењето на Македонците во овие држави. Западот изработи прирачник за бришење на еден цел народ од лицето на земјата.

Понатаму, иронично, во 1988 година Грција направи ненадеен и драматичен пресврт во својата пропаганда и почна да тврди дека името Македонија им припаѓа на нив, но дека македонскиот народ "не постои". Ако е така, кој го пишува овој коментар? Грција реши да тргне во офанзива со расистички лаги, додека македонските пролитичари се кријат во ќошот иако ја имаа вистината на своја страна. Бидејќи е Македонија како играчка за која се тепаат разни окупатори, да почнеме една игра-што би направиле вие? Првин одберете со кој лик е играте, дали сакате да бидете македонски политичар или нормален човек.

Прашање 1: Кога некој окупатор тврди дека вашата древна историја му припаѓа нему, дали ќе ги разоткриете неговите обиди за да избрише цел народ? Ако сте македонски политичар, може да се случи да му ја предадете цлата своја историја на окупаторот и да не сторите ништо за да го спречите (во зависност од тоа на која политичка партија и' припаѓате).

Прашање 2: Кога друг окупатор ќе прогласи дека вашата современа историја е негова, дали ќе му ја предаде и дали ќе почнете преговори со него за да дојдете до "заеднички терен"? 

Нормален човек би тргнал во напад и би посочил дека со вакво однесување се кршат НАЈОСНОВНИТЕ човекови права. Би укажал на дволичноста на Западот-кој ТВРДИ дека ги брани човековите права, демократијата и владеењето на правото, но всушност им помага на нашите угнетувачи да не избришат со тоа што ни го наметнуваат Преспанскиот указ (инаку, во оваа игра, зад вратата број 1 се крие Грција а Бугарија е зад вратата број 2- ова би требало да ни е доволно да одбиеме да играме).

Било кој нормален човек би рекол дека НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА и работата би завршила на тоа. Многу пати ги советував македонските политичари да постапат вака. Им реков дека не смеат да преговараат за нешто за што не се преговара. Ние веќе имаме име и тие немаат право да го дадат на друг. Единствената причина зашто Западот се' уште не притискаше е што нашите политичари се согласија да преговараат.

Исто така упорно им велев дека принудната промена на името може лесно да се поништи. Едноставно-илегално наметнат закон не е дел од правото. Преспанскиот указ и' беше наметнат на Македонија без согласност на Македонците и спротивно на македонскиот Устав, собранискиот деловник, со кршење на сите можни конвенции за заштита на човековите права и на загарантираното право на самоопределување. Им реков на македонските политичари дека со своите смешни тврдења дека "враќањето на името ќе биде тешко" само покажуваат дека се или неспособни или соучесници.

Иронијата е во тоа што Македонија ќе извојеваше ПОБЕДА, да не беа македонските политичари кои решија да играат игри со нашето име, идентитет и историја, и изгубија. Огромно мнозинство од светот веќе ја признаваше Република Македонија под нејзиното вистинско име. Обединетите нации ги осудија Грција и Бугарија за нивниот прогон врз Македонците и бараа од нив итно да го признаат големото македонско малцинство во нивните земји. Европскиот суд за човекови права пресуди во полза на Македонците во безброј спорови против Грција и Бугарија.  Но, ова е резултатот кога не покажувате самопочитување, не се борите за своите права и не барате подршка од други-како што македонските малцинства прават низ Балканот. Што сторија политичарите од Република Македонија кога имаа шанса со само еден гол конечно да стават крај на анти-македонскиот спор за името? Наместо да шутираат (да ги прекинат преговорите за името кои не требаше никогаш ни да почнат) тие се свртија и си дадоа автогол.

Да се вратиме на аналогиите. Мислам дека беа јасни (освен можеби при почетокот, кога потсетив на серијата Златните Девојки, која можеби е помалку позната во Македонија), но ќе цитирам уште една стара дама и ќе ги појаснам во секој случај (мојата ташта така вели за "за секој случај"). Поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов беше единствениот од играчите кој даде гол-кога на Генералното Собрание на ОН во 2018 година го осуди принудното преименување на Македонија и посочи на расизмот и дволичноста на Западот кои го наметнува тоа. Клучно беше да се почитува самоопределувањето, а Македонците отсекогаш постоеле како Македонци. Но дали Иванов презема нешто по оваа изјава? Ништо. Имаше многу можности да го запре илегалното и наметнато преименување, а можеше и даги помилува македонските политички затвореници (кои се осмелија да му се спротивстават на Западот и се бореа против промената на името), но одбра да не го стори тоа. Одбра да го слуша Западот и ги остави Македонците кои се бореа за западните вредности (со тоа што ги бранеа своите човекови права) да гнијат во затвор.

Неспортските играчи се македонските политичари од СДС и ДМНЕ ("СДСМ" се најголемите предавници во македонската историја, американски марионети кои го спроведоа Преспанскиот указ, а "ВМРО-ДПМНЕ" се лажните патриоти кои не сторија ништо да го спречат присилното преименување-ниту една од овие партии не заслужува да ја има буквата М - Македонија - во своето име. Македонски политичари, дали сте навредени од ова? Време е да се РАЗБУДИТЕ и да ја одбраните Македонија). Резервните играчи се партијата која е во опозиција. Златните девојки се однесува на телевизиската серија со Софија Петрило, која знаеше да раскажува крајно извртени приказни од своето детство (Претставете си: Сицилија, 1922 година...). Но, ако анти-македонските политики на Западот се однесуваа на неа, ако од неа се бараше да ги смени сите свои приказни, својата припадност и своите спомени, таа секако ќе кажеше "Претставете си: Вашингтон 2020, годината кога се' што некогаш било беше избришано". Добредојдовте во нашиот свет.

Бил Николов, Претседател на Македонското Меѓународно Движење за човекови Права.

https://mn.mk/iselenici 

Панде Манојлов

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

 

 

 

 

РАЃАЊЕ НА СРЕЌАТА

Кога сонцето изгрева
зад облаци темни
и кога громови трештат,
застани како воин
во став мирно
и поздрави го денот
со глас в далечини
како ехо што ќе се чуе:
"Животот во мене се раѓа!"
Кога злобни луѓе
истураат куп злоба
и навреди на твојата
човечка скромност,
кога како цвет те газат,
спокојно стави рака
на срцето што в гради чука
и викни гласно:
"Душата во мене цути!"
************
Панде Манојлов

 

 

 

ВИДЕОТЕКА - ВИДЕОТЕКА

Kind regards: Сотир Гроздановски-Македонски

број 262, 15 јануари 2020 година