ЧЕСТИТ БОЖИЌ НА СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ВЕРНИЦИ

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

НОВА ГОДИНА - НОВА НАФАКА

 

05 јануари 2020

Дочекавме уште една нова година и уште еден Божиќ а се' уште сме гневни на изминатата, која не ни донесе ништо  добро ни за нас, ниту за нашата татковина, Република Македонија. Но сепак, 2020 година и нашиот православен македонски Божиќ не прават радосни и исполнети со надеж дека и во нашата земја еден ден ќе дојде слободата и правдата. Што се вели, нова година, нова нафака! Надата последна умира, зошто ги чека плодовите од својата работа!

Изминатата година беше навистина бурна и не би сакале да ни се повтори.  Сакаме оваа 2020-та да биде поинаква. Да им дојде разумот на властодршците и да се насочат кон својот народ, од кои живеат. Нечесните да ги стигне моќта на правдата и да бидат сместени таму, каде припаѓаат. Да изминатите лаги и недоверби меѓу Македонците прераснат во мудрост и освестување, ако сакаме да преживееме и надживееме се' што ни го приреде Зоран Заев со своите неразумни и кусогледни следбеници. Секој да си го добие заслуженото   место во македонската историја, а вештачката политичка творба   Северна Македонија  да ја снема како што и настана.  Потоа од стечените искуства во последните 3 години да  научиме како се сака Татковината и дека ништо не е поважно од Македонија и сплотеноста на македонскиот народ. Но исто така не е ништо помалку важно и  чувањето на нашите национални вредности и интереси. 

Нека сите криминалци, изроди и велепредавници бидат со големи и црни букви запишани во македонската национална историја за да служат   како поука за идните македонски поколенија, а мир за  борците за слобода, гордост и национално достоинство. 

На последниот минатогодишен собир (22 декември 2019) во организација на ВМРО-ДПМНЕ каде Христијан Мицкоски одржа подолг и недоречен говор за иднината на Македонија под негово раковдство, членовите на ВМРО и неговите следбеници со своите громогласни скандирања: НИКОГАШ СЕВЕРНА - САМО МАКЕДОНИЈА!-му дадоа на знаење на својот лидер што очекуваат од него, до колку тој, како мандатар добие прилика да состави Влада. 

Новогодишниот интервју, Христијан Мицкоски, пак,  го искористи на македонскиот народ и на  своите многубројни и верни членови на ВМРО  да им  даде на знаење дека ги слушнал скандирањата: НИКОГАШ СЕВЕРНА - САМО МАКЕДОНИЈА! Нивните пораки ги слушнал  и им ветува, до колку  добиел доволен број  Пратеници во Собранието дека ќе пробал да ја промени ситуацијата во земјата. Во случај да не успее во тоа, ќе го снемало од политичката сцена за секогаш и ќе се посветел на својата професорска работа за која земал плата од оваа Влада. А што ќе биде со народот кои нема каде да се скрие, господине професоре? Зошто сега не се откажете од "лидерството" и му дадете можност на некој друг да ја извлеча Македонија од таму каде вие заедно со Заев ја турнавте? Многу поарно би било и за вас и за сите нас. А можеби и вашето лице би останало почисто или главата се' уште на рамена. Но за сигурно ВМРО одново би постанало тоа што некогаш и било, кога немавме своја држава. Би  било темелот на македонското народно единство и чуварот на обновената Македонска Држава, Република Македонија!

Тоа му беше прва таква смела и "одлучна" изјава со која се обиде да не увери дека одеднаш Мицкоски станал Патриот и дека се' ќе сторел да ги исправел грешките на Зоран Заев и да кренел во обнова на земјата. Ама не се произнесе за која  земја се работи!

Но сепак, мала е веројатноста  неговите штури изјави со кои се обиде да не увери дека со подршката на своето членство и на граѓаните во Северна Македонија ќе направел нешто повеќе од она што смее да го направи. Неговите и обврските на Зоран Заев спрема надворешните наредбодавци се преголеми за да би им било овозможено нешто повеќе да направат за  да ја извлечкаат Македонија од калта, во која ја закопаа.  Недовербата кај Македонците  стекната низ сите минатогодишни настани во Македонија не ни дава за право да со една мала изјава за еден чекор назад, да го рехабилитираме без лузни на образот.

Еден чекор назад кои би му овозможил да ги ревидира договорите со соседите не е доволен да ги избрише километрите кои не доведоа до ова тереџе во кое сме сите заедно заглавени до гуша.

Луѓето кои на Македонија и на Македонците им го извалкаа образот, достоинството и честа и ги направија предмет за потсмев и од Албанците и многу други во светот, не можат да бидат фактор за решавање на проблемот. Можат само да се тргнат, дури имаат време. Ако имаат воопшто!

Штетните договори со Грците, Бугарите и Албанците, можат да ги стават ад акта само нови, здрави, чесни и способни луѓе. Луѓе не извалкани и без криминални досиеа зад себе. Луѓе, кои ќе успеат да го држат  кормилото цврсто во своите раце и го насочат македонскиот кораб кон слободата, независноста и националниот просперитет.

Ах, ќе забораев уште нешто. Луѓе како Заев, Пендаровски и Мицкоски на Македонија не и' се потребни. Луѓе кои за своите лични интереси  би  ги продале и своите семејства. Луѓе кои заради свои лични интереси се здружуваат и со црниот ѓавол само да се глава повисоки од поарните. Луѓе како нив кои немаат храброст да ги заштитат националните интереси и ако ги имаат сите алатки кои им ги обезбедил народот: армијата, полицијата и срцата јуначки кај нахрабрите! И луѓе кои велат дека ако ги спроведат законите во државата за која се избрани да ја бранат се плашат да не ги навредат и налутат Албанците, од кои зависат нивните неприродни коалиции.

Нека оставката од премиерската должност на Зоран Заев и формирањето на преодната Влада за подготовка на претстојните парламентарни избори за 12 април 2020 година бидат почеток во новите настани кои би можеле да ни донесат мир, правда и благосостојба за сите!

НЕКА ХРАБРОСТА НА ИЛИЈА ДИМОВСКИ БИДЕ ПРИМЕР КАКО СЕ САКА ТАТКОВИНАТА. НЕКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДНОВО  ЗАЖИВЕЕ ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ И НЕКА ЏАФЕРИ ГО НАУЧИ ОФИЦИЈАЛНИОТ ЈАЗИК ВО ДРЖАВАТА - МАКЕДОНСКИОТ!

За секогаш Ваш, Сотир!

 

ШТО ЗНАЕМЕ ЗА РАЃАЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС

 

 

Божиќ или денот на Христовото раѓање според христијанската традиција е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

 

Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги  сите католички, протестантски, и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100, а по тоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200, а пак 9 јануари до 2300-година и така натака. Но, и едните и другите се убедени дека знаат се' за овој празник. Сепак, шансите за многу од работите во кои веруваат да се погрешни се големи. Еве неколку  научно втемелени факти кои можат да послужат како докази во прилог на тоа.

ИСУС ВООПШТО НЕ СЕ РОДИЛ ВО ЈАНУАРИ (ДЕКЕМВРИ ПО ГРЕГОРИЈАНСКИ)

Библијата споменува овчари кои ги чувале стадата во полињата, што укажува на фактот дека тоа бил топол период од годината. Периодот во кој се чествува Божиќ во Израел би бил ладен, полињата опустошени од студот, а овците би биле прибрани во трлата. Пастирите овците ги чувале надвор на полињата главно во пролет. Пишува Listverse. 

Најраните проценки за Исусовото раѓање се наоѓаат во времето на Климент од Александрија, кога се споменувале датумите 21 март, 15 април или 20 мај. 25-ти декември се споменува прв пат дури во средината на четвртиот век. Популарната теорија  нагаѓа дека  тој датум е преземен од Римјаните, односно нивниот древен фестивал на кој го славеле  раѓањето  на Сонцето, а кој се случувал на крајот од декември. Сепак, многу ранохристијански писатели не го споменуваат тој фестивал, а некои отворено ја исмеваат римската прослава од тој тип, па и денес има могумина кои се сомневаат во оваа теорија.

Ранохристијанскиот писател Тертулијан пресметал дека Исус е роден на 25 март, но тој датум подоцна бил земен како датум на Исусовото зачнување. Токму девет месеци од тој датум е 25 декември, па тој датум е земен како дадум на неговото раѓање. Така, во суштина датумот на Исусовото раѓање е "создаден" од новата Црква, а не од паганските обичаи. Сепак, многу научници ја отфрлаат теоријата дека Исус е роден во декември. 

Раѓањето на Исус Христос

 НЕМАЛО НИТУ ШТАЛА ИЛИ ПЕШТЕРА, НИТУ ЈАСЛИ.

Приказната вели дека Марија и Јосиф стигнале во Витлеем, но за нив немало соба во градот, па морале да преспија во штала каде што е роден Исус. Меѓутоа, шансите за тоа се мали, најмногу заради тоа што двајцата биле од "родот на кралот Давид", што значи дека имале многу роднини во самиот град. Во тоа време било голем срам да се одбие роднина за гостопримство (особено бремена жена), па оттука шансите Јосиф и Марија да завршат во некоја штала се претерано мали.

Меѓутоа многу семејства во тоа време, во своите домови имале и дел за животните, јасли, каде го сместувале своето богатство на безбедно. Често пати била соба и на главниот кат па можно е на Марија и  Јосиф, ако немало место во гостинската соба, да им било понудено место во таа соба, со животните, па Исус да се родил на топло и опкружен од роднини, а не негде во неоја валкана штала.

ТРОЈЦАТА МУДРЕЦИ СО ПОДАРОЦИТЕ СТИГНАЛЕ МНОГУ ПОДОЦНА ОД КОЛКУ ШТО СЕ ВЕРУВА.

Во претставата на Исусовото раѓање секогаш можат да се видат тројца мудреци (или кралеви) кои први му донеле дарови на новороденчето, меѓуто, во Библијата јасно може да се прочита дека тие три лика во посета на новородениот Исус стигнале многу подоцна."И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка му Марија и паднаа на колена, па Му се поклонија", стои во Библијата што упатува на две нешта.

Прво, Исус Марија и Јосиф биле во куќа, а не во штала, и второ- станува збор за дете, а не за новороденче. Научниците тврдат дека тројцата мудреци го посетиле Исус после две години од неговото раѓање. Исто така постој теорија која вели дека воопшто немало ниту тројца мудреци, бидејќи нивните имиња се споменуваат дури во седмиот век. Раните записи споменуваат само три дарови,  темјанот, златото и смирната. Но можно е во посета да му дошле и повеќе луѓе.

ЈОСИФ И МАРИЈА ВЕРОЈАТНО БИЛЕ ВО БРАК

"Скандалозниот" дел од приказната за Исусовото раѓање е оној за безгрешното зачнување на Марија. Во тоа време доколку Марија, останала трудна и невенчана, огромна била веројатноста да биде каменувана заради законот кој го пропишувал тоа за таквата ситуација. Оттука, да биде Марија трудна, невенчана жена во верска заедница во прв век, ќе се сложиме, е доста зезната ситуација.

Но, бидејќи шансите за такво нешто да и' се случи на жена во тоа време, односно да "добие прошка" беа многу мали, научниците тврдат дека многупоголеми се шансите Марија и Јосиф да биле во некој вид на брачна заедница. Се споменува некој вид еврејски "венчален договор" - ketubbah, кој партнерите ги обврзувал, речиси дури и повеќе од денешното склучување на брачна заедница, кој можел да се раскине само со развод.

А во Библијата се наведува дека ангелот кој му се јавил на Јосиф во сон, му рекол: "Јосифе, сине Давидов не се плаши да ја земеш крај себе Марија, жената своја..."

Значи Марија била жена Јосифова, така да технички гледано, биле во брак, иако дотогаш не го "конзумирале" истиот.

Taratur

 

СИМБОЛИЧНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА БАДНИКОВОТО ГРАНЧЕ

 

Православните христијани на Бадник, вечерта наспроти Божиќ, во домот внесуваат бадниково гранче односно го украсуваат домот со бадникови гранки, кои во сушност се дабови гранчиња. Традицијата на украсување на домот со бадниковото гранче се забележува уште од 4 -от век.

Неизбежниот симбол на Бадник е бадниковото гранче кое го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа. Бадниковото гранче е токму гранче од дабово дрво бидејќи уште од дамнина овие дрва се сметаат за најиздржливи и највековии.

За разлика од другите листопадни дрва, со почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат својата боја но повеќето од нив се задржуваат на гранките во текот на зимата.

Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта.

Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот, неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе кои што живеат во тој дом.

https://srekja.mk

Пијан Шаран

 НА ПОЛНОЌ ЗАПОЧНУВА ХРИСТИЈАНСКИОТ ПРАЗНИК БАДНИК. ШТО ТРЕБА ДА ИМАТЕ НА ВАШАТА ТРПЕЗА?

 

 

Името Бадник значи да бдееш, да бидеш буден и да го дочекаш Христовото раѓање.

Бадник се слави во кругот на семејството, со посна трпеза која се остава цела ноќ, за да може Бог да дојде на вечера. Ритуалот на отворање на прозорецот и канење на Бога да вечера со семејството крие посебна магија која го топли срцето и внесува мир и блаженство во душата. Со мир во душата, со радост и спокојство се празнува денот пред Божиќ.

Бадник името го добил по тоа што на тој ден во домот се внесува Бадниково гранче, кое потоа на Божиќ ќе се запали. Бадниковото гранче е важен симбол во христијанството затоа што се смета дека Јосиф го запалил во пештерата во која е роден Исус како би ја загреал за да му биде топло на роденото бебе на Марија (Богородица).

На посната трпеза ви предлагаме да ги приготвите следните јадења:

 

ПЕЧЕНА ТИКВА

Исечете ја тиквата и ставете ја во тепсија. Печете ја на 200*С, околу 40 минути. По желба можете да ја прелиете со мед или шеќер одозгора.

КОМПОТ ОД ЈАБОЛКА И СУВИ СЛИВИ

Во 1,5 литар вода ставете 2-3 исечени јаболки, 100 грама суви сливи, исцедете половина лимон, 2-3 големи лажици шеќер. Оваа смеса варете ја 20-сетина минути додека овошјето не омекне и послужете додека сеуште е топло на крајот на вечерата.

СУВО ОВОШЈЕ И МЕД

Ставете разни видови на суво овошје и јаткасти плодови во една чинија. Потоа одозгора прелијте со мед. Ова е едноставно, но неверојатно вкусно. 

ПРЕДЛОГ ЗА ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ- ПИЈАН ШАРАН

Потребни состојки: Еден шаран, 2 лимони, 2 моркови, неколку гранчиња магданос, 2 чешниња лук, 150 мили литри бело вино, сол, бибер, масло за јадење.

ПОДГОТОВКА:

Рибата добро исчистетеја и посолете ја и од внатре и од надвор со сол и црн пипер. Потоа во еден сад исецкајте го лукот, морковот и магдоносот. Посолете ја оваа смеса и ставете ја внатре во рибата. Ставете ја рибата во длабока тепсија. Потоа направете резови врз самата риба, а во резовите ставете тенки парчиња лимон. Прелијте ја рибата со 150 мл вино и исто толку вода. Ставете фолија одозгора и печете ја 45 минути на 200*С.

Ви посакуваме пријатен апетит...

https://srekja.mk

 

ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА ШТО ЈА ПРАВИМЕ ПРИ ВНЕС НА ПРОТЕИНСКИ ОБРОЦИ

 

 

Знаете дека доволната количина на протеини во исхраната е многу важна, но знаете ли дека и времето кога ги конзумирате е многу битно?

 

Протеините со сигурност се една од најважните копоненти на здрава исхрана. Но многумина ги конзумираат повеќе од што е препорачано. На пример жените од 20-30 години конзумираат просечно 75 грама протеин на ден додека, пак, е препорачано 46 грама дневно.

Факторите за погршно конзумирање се енергетските плочки, палео-диетите и слично. Нашиот организам не функционира на начин, да изедеме цело пиле и потоа да ги користиме протеините постепено во текот на денот. Генерално гледано, телото може да прими 20-30 грама на неколку часа. А сето останатото оди во маснотии.

Во идеален случај протеините би требало да се расподелат во текот на целиот ден, а целта би требало да биде 20-30 грама во текот на секој оброк и 10 грама во меѓуоброците. 

Секако овде главна улога има да се прилагодите на вашето тело. Не им е потребна на сите иста количина, па спрема активноста и градбата треба да одредите колку ви е потребно. Секако тука игра улога и животниот стил, затоа испитајте колку требате да внесете.

Taratur 

Блаже Конески

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

***

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

 

 

 

ЖИТИЕ НА ТАСА БОЈАНОСКА  

Зошто не верувам, Господи?
Зошто не молитвам, Боже?

Триесет години зар не бев постела
зиме лете?
Триесет тримири сум ти држела,
а ти не ми даде дете.

Прибрав да изгледам и јас, сирота, еден сирак-
да тивне тагава.
Сум ти го чувала,
од мајка повише,
како поник од снагава.

Кога го изгледав и го оженив,
и реков радост да сетам-
не само детенце што не му даде,
нему барем,
ами и него ми го зеде,
предвреме,
ме урна сета.

Како да верувам, Господи?
Како да пустам, јас клета?
***********
Блаже Конески

 

 

ВИДЕОТЕКА-ВИДЕОТЕКА

Kind regards: Сотир Гроздановски-Македонски

о5 јануари 2020,број 260