Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ВО ШТО СЕ РАЗЛИКУВА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ОД ЗОРАН ЗАЕВ?

************

26 декември 2019

Па, во ништо драги мои! И едниот и другиот играат исто оро: планот на Западот по секоја цена да се доврши, а крајните резултати да се зацементираат: северна Македонија да остане реалност!  Тоа не е моја злобна визија за иднината, туку само вистина од која е тешко да се избега или таа да се негира, без силен и масовен народен отпор! Во спротивно, ќе го јадеме апот и срамот за секогаш сите, колективно, ама вината, сепак, ќе падне врз совеста на оние  кои долго време го гледаа оганот како голта куќа по куќа, ама немаат храброст да се обидат да го изгаснат, или локализираат.   

Сакаме ли разврската на гордиевиот јазол да не биде во согласност  со онаа на Александар  Трети  Македонски? Во тој случај изборот е ваш, но  болката по Татковината ние заедничка и ако   не ни дадодвте шанса да помогнеме  и ние, колку можиме.  Дозволивте еден обичен злосторник и криминалец да не избриши од македонската нација, со очигледна намера да ја ослаби кохезивната моќ на Македонците! 

За нешто повеќе од четири месеци, 12 април 2020 година, граѓаните на северна Македонија ќе треба да одлучат кој правец ќе го изберат за својата иднина. Имаат два избора, за сега: СДСМ и Зоран Заев како премиер по втор пат и ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Трета опција, сега за сега нема, што може да биде фатално за Македонската држава. И едниот и другиот кандидат ни се познати: нивните особни карактеристики и нивните политики  во полза на странските фактори! Чекорејќи така, рака под рака,  кон последната фаза за ликвидирање на македонската држава и тоа многу побрзо од пред Преспанскиот договор со Грција, добрососедскиот со Бугарија и Тиранската платформа со Албанците, Зоран Заев и Христијан Мицкоски ќе си ја исплатат последната рата од безкаматниот кредит кој го добија од своите наредбодавци и странски газди. А што следи после тоа, господ нека им е на помош!

За разлика од Зоран Заев, кој  отворено и "искрено" зборува и според испробаната матрица  ја потврдува својата деструктивна политика, мислејќи дека е тој правиот пат за северна Македонија, Христијан Мицкоски, во улога на опозиција, игра перфидна игра со своите членови од ВМРО-ДПМНЕ и потенцијалните гласачи. Се бави со неважни проблеми во време кога самата држава, како последно уточиште за Македонците било каде да живеат, немилосрдно се уништува под притисок од Албанците, барајќи се' повеќе не заслужени права и привилегии. Алчноста на двете "македонски" политички партии, СДСМ и ДПМНЕ, и нивните лидери Заев и Мицкоски по албанските гласови за состав на некои си коалициски влади, придонесуваат крајот на Македонија да дојде побрзо, од очекуваниот , спрема  прогнозите на некои аналитичари и пророци.

Будно следејќи ги неслогите и неединството на Македонците, Албанците притискаат со своите закани и арогантни уцени, терајќи страв и трепет кај овие "наводно" ривали, како би добиле се' што и самите мислат дека е не чесно и против сите меѓународни закони за правата на малцинства. Во спротивно,  ќе се врателе назад во 2001 со своите злосторства и уништувања. Но не само тоа, туку и многу повеќе од тоа, верувајќи во своите надворешни сојузници и "пријатели".

По се' изгледа и тие нивни потези се дел од разнебитувањето на македонската држава и раселувањето на Македонците по пат на многу други народи и држави, слаби самите да се одбранат од внатрешни и надворешни непријатели.

Кандидатите за преземање власта во државата во следниот изборен период не седат дома. Се растрчаа по Македонија убедувајќи ги граѓаните на северна Македонија да гласаат за "најдобрите". А кои се тие, тек ќе мораме да видиме и да се увериме во она што го реков на почетокот на текстов. Се разбира, до колку на хоризонтот не се појави некоја Трета опција и да се обиде да ја сочува Република Македонија а политичката творба на Заевизмот да ја испрати во нејзината историја за секогаш. Зошто сложен и националноосвестен народ никој не победил, во никоја битка, на нивна територија! Каков народ сме ние, треба да им покажеме на "меѓународната" заедница која стои зад овие деструктивни планови за уништување на Македонија и разнебитување на Македонците како народ, нација и срцевина околу која идното македонско обединување, неминовно ќе се случи!

Зоран Заев ечи на секаде, величајќи ги своите  успеси како пример на Балканот, ако не и во светот, кои треба да се следи. Како пример за кој пристигнувале пофалби од сите европски лидери.

"Успеавме да ги решиме сите нерешени проблеми со соседите и сега можеме мирно да се свртиме кон развојот на северна Македонија и благосостојбата на граѓаните", одекнува мудроста на мудрецот од Муртино и поранешен трговец со пиперки, зелка, кромпир... особено во Србија, каде имал многу пријатели, а и првата негова  девојка била баш Србинка, на која и' го заборавил името.(од неговото интервју за ТВ Пинк од Белград). 

Растурањето на македонската држава, продавањето на националниот идентитет на Македонците и промена на името на државата прикажувајќи ги   како доброчинство, спас за граѓаните, и долговечност на Македонија биле неговите "заслуги" постигнати за време на неговото владеење со северна Македонија. Тоа не е за чудење со кои се гордее овој изрод и велепредавник без преседан во историјата на човештвото, ама  за чудење и не верување е фактот, што на секој негов предизборен говор, добива бурни ракоплескања и одобрувања!?   Можно ли е  нашиот обичен човек да не ги разбира неговите зборови со кои отворено им кажува дека ќе ги беси а тие му ракоплескаат?! Или се работи за нешто друго, извлечкано од старите архиви на СДСМ?

Зоран Заев навистина е  вистински жонглер и своеврстен Камелеон, без срам и основно човечко достоинство. Довчерашен најголем заговорник за ЕУ и НАТО, а сега најголем поборник за новата идеја на Макрон (кои неодамна  му даде одбиеница за прием во ЕУ) за посебен сојуз на дел од балканските бивши југословенски републики како едина алтернатива за опстанок и на северномакедонските граѓани.

Прифаќајки ја идејата за балкански сојуз на неколку поранешни југословенски републики и северна Македонија, како добра идеја за блиска соработка и размена на идеи и слободен проток на луѓе и стока, настојува да се прикаже како балкански лидер со визија за иднината на Балканот и просперитетот на северна Македонија и нејзините граѓани. 

Се прашувам: дали овој балкански "визионер" го заборави или го преспа   референдумот од 8 септември 1991 година кога македонскиот народ си ја искажа својата волја дека е за   суверена и независна Република Македонија како национална држава на Македонците и на малцинствата во неа? 

Неодамна имаше интервју за белградската ТВ Пинк. Начинот на кој ја прикажуваше "вистинската" состојба во северна Македонија, за неинформираните таа (северна Македонија) изгледаше како земја од бајките, во која граѓаните живеат сложно, братски, како што прилега во едно општество за сите. Сите внатрешни и надворешни проблеми биле решени и довчерашните непријатели преку ноќ му постанале пријатели. Моделот кој тој го применил е за пример како се решаваат горливите проблеми, избегавајќи ги, притоа, прашањата за импликациите на договорите кои ги потпиша со соседите во секојдневниот живот на Македонците дома и надвор од северна Македонија.

Се' на се, во стилот на недоветен и малоумен северџански премиер, изгубен во времето и светот во кои живее, само (по неговите зборови) да би бил познат во историјата како прв владател кој и' го сменил името на својата земја и им го продал националниот идентитет на Македонците!? 

Треба ли нешто поарно да се очекува од новопечен балкански Минхаузен и северџански хохштаплер и лажливец парекселант?

А што би рекле за претседателот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, после приказнава за Зоран Заев? Ништо поарно и поразлично од веќе реченото, ама сепак нема да го прескочиме како многу пати порано заради спомените на ВМРО, Гоце Делчев, Петре Поп Арсов, Даме Груев, Ѓорѓи Сугарв, Питу Гули, Јане Садански...но и нашите верувања дека е' со народот и дека се бори за исправање на своите лични и партиски грешки за време на донесувањето на погубните одлуки со кои се измена уставниот статус на македонската држава и поганењето на името  и достоинството македонско за ситни пари.

Интервјуто на Христијан Мицкоски за Радио Слободна Европа од минатата недела ги потврди моите ставови споменувани низ целиот текст, дека  Зоран Заев и Христијан Мицкоски го играат истото оро и не им паѓа на памет да ги менуваат одредбите во Преспанскиот, Бугарскиот и Албанскиот договор, а камо ли да покренат постапка за нивно поништување. И Точка!

На секое прашање на водителката Фросина Димеска, исто како и Заев на своите собири, одговара за економски прашања кога ќе ја преземеле власта во северна Македонија. Меѓутоа, Фросина беше упорна и бараше одговор за преименувањето на Армијата на Македонија во Армија на северна Македонија, како и чии премиер ќе биде ако ги добијат изборите на 12 април 2020 година.

Фросина: господине Мицкоски, зошто не го прифаќате Законот за Армијата на Македонија да се преименува во Армија на северна Македонија, кога вашите пратеници во Собранието не се спротивставија, туку се играат со амандмани, со кои ја кријат од јавноста вашата права политика која не се разликува од Заевата за не менување на одредбите во договорите со соседите?

Мицкоски: проблемот се крие во грешките на СДСМ и Зоран Заев и членот 2 од Законот за Армијата. Ако ја променат неговата содржина и значење, ќе го прифатиме!  

Фросина: ако победите на идните парламентарни избори и успеете да формирате влада, чии премиер ќе бидете, на Република Македонија или премиер на северна Македонија?

Мицкоски: ќе победиме! Ама ве прашувам ако не победите. Сум рекол стотина пати и пак ќе поновам. Нашите определби секогаш биле ЕУ и НАТО. Јас сум  универзитетски професор и работам за плата, која секој месец ја добивам од Владата на северна Македонија, па затоа и мојот одговор произлегува од мојата положба во општеството. Што значи, на северна Македонија! 

Па сега, драги мои, ја чувте вистината, долго криена во џебовите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!  За кого ќе гласате на парламентарните избори на 12 април 2020 година или не гласате, зависи од Вас!

За секогаш Ваш, Сотир!

Anica and Sotir Grozdanovski-Makedonski

 ***************************

MERRY CHRISTMAS TO EVERYONE FROM OUR TO YOUR FAMILY!

***********

Блаже Миневски

 

Блаже Миневски

КАКО СИСТЕМСКИ БИЛЕ УНИШТУВАНИ РАКОПИСИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НИЗ ВЕКОВИТЕ

 

 

 Објавен во "ФОКУС" - 13 јануари 2006

Македонија континуирано се ограбува. За жал, тоа одамна не е вест, зашто не се случува само денес, или вчера, туку со векови. Според д-р Илија Велев од Институтот за литература во Скопје, кој долги години го истражува македонското книжевно наследство низ вековите, огромен број наши скапоцени ракописни книги сега се во најрепрезентативните збирки на најугледните европски музеи, библиотеки и други културни институции.

За жал, досега не е покрената никаква иницијатива за евентуално нивно враќање во Македонија, како што направи, на пример Србија, која успеа да врати дел од своето книжевно културно наследство однесено од земјата. Секако, благодарејќи на личните залагања на неколкумина македонски истражувачи, досега се регистрирани дел од нашите стари ракописи, заедно со земјите и институциите каде што се наоѓаат. Одреден број од нив како копии веќе ги имаме и во Македонија.

За д-р Велев, кој досега има објавено повеќе од 200 книги, студии и статии од областа на македонската книжевна историја, сепак, најбитно е да се обезбеди континуиран фонд за истражувачки проекти, преку кои ќе се овозможи комплетирање барем на фотокопии или електронски изданија на сите македонски стари ракописи расеани низ Европа. Паралелно со тоа, се разбира, би продолжила стручната обработка на сите стари ракописи или збирки на македонски ракописни книги, што е многу важно за македонската историја.

Од друга страна, ќе се комплетира досието за тоа како и на кој начин од македонските манастири и скриптарници се крадени, носени, продавани и препродавани скапоцените ракописни книги со кои сега се гордеат голем број европски музеи, библиотеки и други врвни културни институции во странство.

И КОНЗУЛИТЕ ЈА ОГРАБУВАЛЕ МАКЕДОНИЈА

Така, во музејот на Српската Православна Црква во Белград се чува ракописен Пентокостар од 1493 година. Овој ракопис, како што тврди д-р Ѓорѓи Поп Атанасов, еден од врвните македонски авторитети од областа на ракописното и книжевно наследство, во Србија е однесен директно од манастирот "Свети Пантелејмон" во Нерези, Скопско. Со потекло од овој наш манастир е и Празничниот минеј, кој сега е во Народната библиотека во Софија.

Спрема она што досега е евидентирано, многу наши книги има и во Санкт-Петербургшката градска библиотека, потоа во библиотеката на Академијата на науките на Русија, во Државно-историскиот музеј во Москва, во народните библиотеки во Киев и во Одеса, потоа во Софиската народна библиотека, во библиотеката на  Бугарската академија на науките и уметностите, во Народната библиотека во Пловдив, како и во Софискиот црковен музеј.

Наши исклучително вредни ракописни книги има и во Националната библиотека во Париз, во Ватиканската библиотека, во Виенската државна библиотека, во Народниот музеј во Прага, во Нардната библиотека во Букурешт, во Романската патријаршија, во библиотеката на Јагелонскиот универзитет во Краков, но и во Атинската национална библиотека, како и во Британскиот музеј во Лондон и во уште десетина други институции на Балканот и во Европа, воопшто. Ова скапоцено богатство денес е гордост на оние што го имаат, но, се разбира, и обврска за Македонија да бара да и' се врати она што и' припаѓа. Впрочем, многу држави во светот си ги побараа, а дел од нив и ги добија назад културните богатства однесени од нивните земји за време на војните во минатиот век.

Престојувајќи во нашите манастири во 19-от и 20-от век, многумина истражувачи од оваа област, често без никаква надомест, изнесувале од Македонија цели товари стари книги, но и многу вредни икони. Така, Антон Миханович, кој бил австриски конзул во Солун, мошне често патувал низ Македонија и притоа успеал да собере исклучително вредна ракописна колекција од нашите манастири. Тие триесет и осум наши ракописни книги, кои Миханович ги собрал служејќи се со дипломатија, но и со други средства, сега се во репрезентативната збирка од вакви ретки книги во Хрватската академија на науките и уметностите во Загреб.

Речиси истовремено со австрискиот конзул Михановиќ, низ Македонија шетал и собирал стари ракописни книги и рускиот научник Виктор Григорович. Тие примероци сега се во Државната библиотака во Москва, потоа во Народната библиотека "Максим Горки" во Одеса, во библиотеката на Казанскиот универзитет, како и во Казанската духовна академија...

"НАУЧНИЦИ" - ТРГОВЦИ

Континуираните грабежи всушност никогаш не престанале. Нашите најбогати македонски манастири биле систематски ограбувани со векови, почнувајќи од најразличните авантуристи, па преку специјалните одреди и "офицери" за културно пљачкосување, до таканаречените истражувачи, но и домашни трговци и праматари, па дури и монаси кои за ситни пари продавале скапоцени книги и икони. Кон крајот на 18-от век, токму по такви канали, многу македонски ракописи биле однесени во повеќе белградски институции. На пример од скопскиот манастир во селото Бањани биле однесени десетина исклучително вредни ракописни книги. Тие ракописи денес се чуваат во Народната библиотека, во Српската академија на науките и уметностите, во Музрјот на СПЦ и други. Од овој манастир, на пример, потекнува ракописот "Октоих", со 45 листа, кој датира од 15-от век, а во Белград бил однесен во виорот на трагичната 1904 година.

Исто така, огромен ракописен фонд книги е однесен од Битолскиот, Прилепскиот и Демирхисарскиот регион, каде што "оперирале" повеќемина странски "истражувачи" и колекционери, како што биле Бугаринот Јордан Иванов, директорот на српската гимназија во Битола Светозар Томиќ, српскиот владика во Битола Јосиф Цвијовиќ и други. Со вакви активности подоцна се занимавале дури и некои офицери на српската војска за време на Првата светска војна.

Исто така постои документ дека еден "сојузнички" француски ифицер зел од разурнатата црква во село Загоричани, Прилепско, едно ракописно евангелие од 16-от век и подоцна го продал на Националната библиотека во Париз, каде што се чува и денес. За жал, кога не може поинаку, тогаш Македонија е присутна во културна Европа барем преку украдените книги од нашите манастири". Овој пат благодарејќи на "културниот француски офицер"!

Друг ракопис однел друг офицер, овој пат руски. Ракописот е од манастирот во селото Градиште, Прилепско, каде што монахот Спиридон, во 1600 година напишал обемен и многу вреден Минеј. Таа скапоцена книга денес се чува во Московската државна библиотека, во збирката на Севатјанов.

Грабежот на македонските манастири продолжил и во 19-от век. Така, од манастирот во село Орбеле, Дебарско, во 1873 година бил однесен таканаречениот Орбелски триод, пергаментен ракопис од 13-от век.

"ПАЗАРОТ" НА ПОП АВРАМ СО СРБИНОТ ВЕРКОВИЌ

Овој исклучително вреден ракопис снаодливиот Стефан Верковиќ во 1891 година и' го подарил на Публичната библиотека во Санкт Петербург, каде што е и денес. Нема податоци колку пари добил за оваа трговија со македонски стари книги! Главен "агент на теренот" кој му помагал во работата бил извесен Павле од село Баниште, но многу ракописи за ситни пари на Верковиќ му испорачал и поп Аврам од Орбеле. Зарем и попот?! Да. И поповите тргувале со македонското културно богатство. И тоа како!

Неколку пергаментни ракописи по потекло од дебарскиот крај, заминале и во Софиската народна библиотека. "Соработник" на софиската "трговска врска", меѓу другите, бил и Васил Икономов. Тој го "обезбедил" скапоценото четвороевангелие од 13-от век. Еден лист од оваа книга, според истражувањето на д-р Ѓорѓи Поп Атанасов, кооперативниот Икономов во 1892 година испратил до Министерството за просвета во Софија.

Еден ракописен пергамент октоих од 14-от век од дебарскиот крај, на Софиската народна библиотека во 1887 година и' подарил-што значи дека работел од љубов, а не за пари-Петар Сарафов, татко на македонскиот револуционер Борис Сарафов. Тој скапоцен пергамент, Сарафов го добил од познатиот "трговец со старини" Стефан Верковиќ, кој бил мошне активен "истражувач" на македонскиот терен.

Така, во 1853 година, одвоил време да го посети, меѓу другите и манастирот во Зрзе, но, како што вели и самиот, во него нашол само една вредна книга. Пред него "работата" веројатно ја завршил битолскиот професор Лазар Дума, кој ги собрал сите вредни ракописи од Трескавец, Слепче и Зрзе за потребите на Српското научно друштво од Белград!

Во меѓувреме, како што вели д-р Илија Велев, на другиот крај од Македонија, во манастирот Карпино, работеле некои други "трговци" со стари ракописи, книги, икони и слично. Во Државниот историски музеј во Москва, во збирката на Хлудов, се чува пергаментен ракопис од Карпинскиот манастир, познат како Карпинско евангелие и Карпински апостол. "Транспортот" на овој скапоцен примерок го извршил Александар Гилфердинг, кој во 1868 година престојувал во Карпинскиот манастир.

Од истиот манастир потекнува и пергаментниот ракопис "Посен триод", од 14-от век, кој содржи 250 листа. Податоци за тоа дава М.Карлова, која во овој манастир била заедно со Гилфердинг. Ракописи од овој манастир има и во Софија, а ниту еден ракопис денес нема во Македонија. Огромен список ракописни книги се однесени и од Лесновскиот манастир. Според истражувањето на д-р Велев, денес најголем дел од нив се наоѓаат во најрепрезентативните оддели на врвните  културни и научни институции во Загреб, Москва, Белград, Санкт Петерсбург и други. Се разбира скрипториумот на Лесновскиот манастир се бавел и со "бизнис", продавајќи одделни ракописи на други цркви и манастири во Македонија и во странство, но тоа е друга тема. И тоа не се книгите што биле однесени без пари.

АМАЈЛИИТЕ ОД МАНАСТИРОТ МАТЕЈЧЕ 

Интересна е и судбината на манастирот "Света Богородица" во Матејче, кој доживеа тешки денови за време на војната во 2001-та година, кога албанските терористи, како што констатираа експертите за реставрација и конзервација, им ги ископале очите на светците од фреските. Според податоци зачувани во записите на патеписците, манастирот во Матејче имал една од најбогатите, ако не и најбогата библиотека меѓу македонските манастири.

Постојат сведоштва дека во овој наш манастир се чувале полни ковчези со книги, кои биле разграбени од странски авантуристи, но и од месното муслиманско население. Извесно е дека книжевното богатство од Матејче било однесено далеку од Македонија, но познато е дека голем дел од пергаментните ракописи ги разнеле и локалните муслимани, кои ги чувале во своите домови како амајлии.

Жители од тој крај велат дека и ден денес можат да се најдат вакви пергаментни листови во некои од постарите локални албански семејства. Се разбира, тие не се чуваат како скапоцена културна вредност, туку како амајлии што ги штитат од неволји?! Доколку навистина е така, тогаш токму поради тие реликвии, локалните Албанци требаше да не дозволат сквернавење на манастирот во Матејче, кој албанските терористи во 2001 година го претворија во воен штаб. Грозотиите што ги правеа во манастирот, овој пат не ги споменуваме.

Инаку, во овој многу значаен македонски манастир, во 1885 година, при расчистувањето на кулата во дворот на манастирот, биле пронајдени два ракописа: едниот пишуван на пергамент, а другиот на хартија. Двата ракописи биле однесени во Народната библиотека во Белград. За грабежите на Матејче информира и Јордан Хаџи Константинов-Џинот, тврдејќи дека во 1848 година кога тој го посетил манастирот, таму имало "десет товари словенски ракописи, кои следните неколку години биле уништени од Арнаути".

Можеби не како Матејче, но огромно книжевно ракописно богатство поседувал и манастирот "Свети Јоаким Осоговски". Меѓу скапоцените ракописи од овој манастир е и Празничниот минеј од 23-от век, кој сега е во Софиската народна библиотека. Во ракописот е сочувана најстарата служба на Свети Јоаким Осоговски и едно оригинално поетско дело на Свети Климент Охридски. Ракописот има 114 листа, пишуван е на пергамент.

Кога Димитриј Маринов го посетил манастирот некаде околу 1890 година, во манастирската библиотека веќе немало ниту еден ракопис. Тој открива дека бил сведок само на тоа дека при расчистувањето на теренот за изградба на конак, била откриена голема фурна полна со изгорени книги од кожа. Кога се случило тоа и кој го изгорел тоа скапоцено богатство, за жал нема никакви податоци и сведоштва. Заедно со "Свети Јоаким Осоговски", меѓу најзначајните македонски книжевни центри во средниот век, но и подоцна, бил и манаститор во Тресковец.

Марков манастир- Кој ги изгорел десетте товари книги?

Во шеесеттите години на 18-от век, во овој манастир престојувал рускиот фолклорист Александар Гилфердинг, кој во тоа време бил конзул во Сараево. Тој од овој македонски манастир зел повеќе ракописи, меѓу кои и Трескавечкиот поменик од 17-от век. Овој ракопис е однесен во Санкт-Петерсбургшката народна библиотека, каде се чува и денес. Во 1865 година, рускиот истражувач Антонин Капустин нашол во Трескавец само 15 ракописи, а триесет години подоцна имало 11 словенски ракописи. Постојат податоци дека многу ракописи од библиотеката во Трескавец однел велешанецот Ј.Х.Џинот, кои им ги испраќал на разни институции во Србија. За ситна пара, се разбира. Згора на тоа голем дел од најстарите ракописи, повеќето пишувани на пергамент, биле изгорени по наредба на некојси владика Герасим. Тоа се случило во 1863 година, а владиката бил Грк. Две седмици манастирската фурна била потпалувана  со стари пергаментни ракописи! Чадот со денови го покривал Златоврв и Маркови кули. Преостанатите стари ракописни книги, меѓу кои имало и богомилски текстови, епитропот Мојсо Пазов и игуменот поп Никола ги зеле од манастирот и си ги однеле дома.

Каде завршиле тие скапоцени богомилски ракописни книги, не е познато. Доколку еден ден се случи чудо и бидат откриени, можеби дополнително ќе се разјаснат и некои многу битни факти за богомилското движење во Македонија. Можно ли е да се пронајдат во темелите на старите куќи на семејствата на Пазови и на поп Никола во Прилеп?

ГОЛЕМИТЕ РАСПРОДАЖБИ НА Ј.Х. ЏИНОТ

За наша среќа, голем дел од однесените ракописи нашите експерти од оваа област уредно ги имаат регистрирано, а од некои од ракописите имаат обезбедено дури и копии. Сепак, нашето културно богатство и натаму е во туѓи трезори. Така, над 130 ракописни книги денес се наоѓаат во Народната библиотека во Санкт Петерсбург, а 55 се во државниот музеј во Москва. Исто така, во Руската академија на науките и уметностите во Петроград има и скапоцена збирка од 84 ракописни книги донесени во Русија од македонските манастири.

Мошне вредна збирка од шест ракописни книги има во Јегелонската библиотека во Краков. Нив таму ги однел во 1863 година Рудолф Гутовски, кој како лекар престојувал во Македонија. Ако научниците-слависти од Русија во својата мисија за откривање стари словенски ракописи  се служела со таканаречени научни аргументи во полза на панславизмот, тогаш лекарот Гутовски книгите мора да ги добивал како противуслуга за неговите лекарски третмани. Еден преглед - една скапоцена книга!

Додуша, во нашите манастири имало и такви монаси кои и за ситни парички продавале скапоцени книги, чија вистинска вредност, всушност, не може да се утврди. Дури и еден Јордан Хаџи Константинов-Џинот продавал книги стари ракописи во Белград. Во списи од тоа време, еден патеписец кој патувал низ Македонија има забележано дека некои монаси од охридскиот манастир Света Богородица Перивлепта за две врчви вино ги продале дури и моштите на Свети Климент?!

За веме на Балканските и Првата светска војна во Македонија се однесени огромен број исклучително значајни и вредни  ракописни книги. Тој број во 1920 година, според тогашната евиденција, изнесувал 964, а три години подоцна во Софија веќе биле однесени ни повеќе, ни помалку туку дури 1090 стари македонски ракописи. Од друга страна, во Белград, во Народната библиотека, била однесена, и до денес е таму, комплетната збирка од 30 ракописни книги од Лесновскиот манастир, која наводно била "однесена" само на чување, со обврска по завршување на војната збирката да биде вратена во Македонија.

Се разбира, со истото образложение скапоцени ракописни книги се однесени и во Бугарија и тие никогаш не се вратени во нашата земја. Така, во документите за грабежите на македонските манастири и цркви за време на Првата светска војна, стои запишано дека во Народниот музеј во Софија на "чување" биле однесени, меѓу другото, плаштеницата на Андроник Палеолог, Златната митра на Свети Климент со бесценети камчиња и крвче, неговиот жезол, пронајден 1911 година на Плаошник, каде што Свети Климент бил погребан, потоа царските двери и бронзениот полилеј. Од друга страна, во Белград во тоа време се однесени многу ракописни книги од манастирот "Свети Прохор Пчињски", потоа од манастирот во Лешок, Крива Паланка, Куманово и многу други.

Се разбира, списокот на однесени скапоцени културни вредности, ракописни книги и предмети од Македонија е многу подолг од она што овде а спомнато. Притоа, воопшто не ги спомнавме археолошкие предмети, пари, накит и други вредности, кои дивите копачи со години ги продаваат на трговците што се занимаваат со ваков бизнис. Во државата, за жал, се уште нема ни приближна проценка што е однесено од нашите археолошки локалитети, како што нема ниту став околу тоа како и кога би можело да се покрене прашањето за враќање на барем дел од нашето културно наследство однесено од земјата на разни начини и по разни патишта. Некои други земји тоа веќе го направија, а некои од нив веќе успеаја дури и да си вратат дел од своето ограбено културно и национално богатство. Може ли и Македонија конечно да направи некаков обид во таа насока?

Значајно сведоштво за континуираниот грабеж на македонското книжевно богатство, меѓудругите, оставил и познатиот македонски преродбеник Кирил Пејчиновиќ. Тој бил јеромонах во  Марковиот манастир крај Скопје, каде што бил и игумен од 1801-та до 1818-та година. Во тоа време формирал училиште за описменување, но и богата манастирска библиотека, носејќи ракописи од повеќе македонски центри. Истовремено, се разбира, пишувал и свои оригинални, но и компилаторски дела.

За жал, во 1818-та година овој истакнат македонски преродбеник од почетокот на 19-от век бил принуден да го напушти манастирот, затоа што грчкот владика не можел да се помири со неговата словенска просветителска дејност, па го наклеветил кај злогласниот Али-бег. Дознавајќи за тоа навреме, игуменот Пејчиновиќ тајно го напуштил манастирот со десетина товари највредни книги и икони. Со карванот со скапоцениот товар тргнал кон родното Терце, но стигнал во Лешок, обновувајќи го за многу кусо време разурнатиот Лешочки манастир. За жал, по неговото заминување од Марков манастир, таму дошол за игумен Влав, Грк по душа и образование, кој, како што вели Пејчиновиќ, со сатанистичко уживање изгорел повеќе од 10 товари ракописни книги што останале во манастирот!

Пред 150 години нашиот преродбеник Јордан Хаџи Константинов-Џинот има запишано дека "во некои наши манастири во средината на осумнаесеттиот век имало дури и по триесет товари ракописни книги". На пример, во манастирот "Свети Пантелејмон" во Нерези, скопксо, според статија на Џинот објавена во цариградскиот весник од 1855 година, имало дури 30 товари ракописни книги, од кои повеќето биле пишувани на пергамент. Во тој манастир имало и книги пишувани на кожа. Само од овој манастир во странските трезори се однесени голем број скапоцени книги.

https://fokus.mk

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******

Наградена поезија на средбата на МЕМ, Витолиште, Мај 1988 година

Марија Воденска-Маре

ЈУЖНА ТАГОВИНА

Со три Светилника незгаснати
во раздиплите пепелта ја опејувам
пред бегство од себе, сонот ме прогонува
и пак сум во Тебе про'ртлива
Разделу мој!

Каде да те сместам, Југовино моја?
Во оваа градина виножитото класа
почвата набрекната семето го негува
и ромори шепотот, да не истине Стожерот
наквасен со аловина од вино непреточено.
А тука сун јас. Разделу мој!

Под овие гулабови крилја, спокојот го дебнам
и крадешкум болката ја стишувам
кога ноќе волчјо завивање од сонот ме буди
како најмила откината жилка
со таговина по Тебе, Југовино родна!

Кажи, како да ти дојдам, Планино езерска!
Во раздиплите на родното огниште
да sирнам, дали над татковите гробови
спомените певкаат или шумно пејат?
Зборни, Разделу мој, Татковино топла!
Реката од Вруток до Егеј, песнава што ја пее
Одsивот, и' се слуша ли?
**************
Марија Воденска-Маре

 

 

 ВИДЕОТЕКА

 

Kind regards: Сотир Гроздановски-Македонски

Број 258, 26 декември 2019