СТРУЖЕТЕ ГО, ПОГАНЕТЕ ГО, ПАК ЌЕ БИДЕ НАШЕ НАЈМИЛО

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЌЕ ИМАМЕ ЛИ ИЗБОРИ И ПОПИС ВО ДРЖАВАТА?

24 мај 2020 

 

Корона вирусот постана алатка во рацете на меѓународниот жган за манипулација со народите кои  сакаат ништо друго, освен мир и пристоен живот во своите национални држави и соживот со соседите. Република Македонија е една од нив. Еднаква, но сепак  различна на некој друг начин, наметнат од надвор а експлоатиран од домашни велепредавници и крајно неспособни луѓе од црното подземје.

Стравот од вистинско заболување со фатални последици рапидно се шири од домашните  властодршци во служба на глобалистите од сортата на Сорош, Бил Гејт и многу други. Ги  поместуваат сите важни и витални национални интереси на македонското општество, создавајќи, притоа, привидно чувство кај неинформираните македонски граѓани дека сепак нешто  се случува и дека она најдоброто за Северна Македонија е на повидок и  ракофат.

Се создаваат соодветни  причини  за продолжување на теророт,  за "реформирање" на  општеството, завршување на процесот на откажување од македонскиот национален идентитет, а особено од  македонското иселеништво, потоа, приклучување на земјата кон наднационалната глобалистичка светска утописка творба на Сорош, Гејт, Малески, Заев, Мицкоски и таканаречената "длабока држава", за која во последно време многу се зборува.

Се зацврстува улогата на глобалистите и во македонската држава како крајна цел на група дегенерици за    создавање нов свет како простор на слободно забегани луѓе без идентитет и чувства за своето национално потекло но и лажни сознанија за своето минато. И сето тоа за полесно манипулирање и експлоатирање на народите и нивните национални богатства.

Одредување на датум за нелегални парламентарни избори и попис на населението се другите две големи и лажни вистини со кои македонскиот народ се држи во напнатост и постапно прифаќање на политичката творба Северна Македонија како неменлива категорија.  Стравот, пак, од македонското национално обединување, губење на изборите и власта во Македонија е посебна приказна и најчувствително прашање. Секој си има своја недовршена приказна но и партиски преземени обврски спрема надворешните фактори.   

Иако  Зоран Заев, СДС и неговата фашистичка банда, како најголеми виновници за положбата во Македонија настојуваат да ја задржат власта во своите раце, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, пак, и покрај сите, навидум, меѓупартиски непријателства не се одрекнува од "најважните" стратешки цели на Северна Македонија, ЕУ и НАТО и со тоа цврсто стои зад политиките на СДС и Зоран Заев.  

Статусот кво во државата е важен за сите политички антимакедонски партии, односно не гибање во Преспанскиот и Бугарскиот договор, бидејќи сите си ги измрсиле мустаќите со странските "стеикови" и сега немаат каде да бегаат. Играат на се' или ништо! 

Зоран Заев е особено загрижен од промената на власта во Македонија бидејќи се' е можно. Во политиката нема пријателства. Има само интереси по секоја цена! А најверојатно тој и неговите пајташи ќе завршат таму каде заслужуваат: во Идризово! 

Замајувањето на Македонците со некои си економски програми кои ги нагласуваат по десет и повеќе пати дневно "најголемите" политички партии во Македонија, СДС и ДПМНЕ, се само замаглување на хоризонтот и претставување на положбата во која е втурната Република Македонија како нормална. Дека општеството се стабилизира и дека со промената на името и влезот во НАТО половината од стратешките цели на македонскиот народ се реализирани, а за вториот дел, влез во ЕУ, Господ знае дали некогаш ќе имаме прилика да седнеме на иста маса со оние кои не обезглавија и тешко намагарчија.

Меѓутоа, ако ги видиме резултатите од влезот во НАТО, ќе се убедиме дека немилосрдно сме намагарчени, бидејќи на 183 телеконференција на редовното заседание на НАТО пред  македонскиот началник на АРМ генерал потполковник Васко Ѓурчиновски  наместо името на Македонија, па и со предзнакот "Северна", беше поставен некој код "МК-СКОПЈЕ МОД". Тоа е очигледен доказ, дека сета игра околу промената на името на Република Македонија беше само нечесна гангстерска предигра за нејзиното деградирање во некоја нова територија,  тек освоена, без испукан куршум.

Да имаше и малку национално и војничко достоинство, највисоката личност на АРМ, генералот Васко Ѓурчиновски, требаше да им се заблагодари на организаторите и да ја напушти средбата. Такво понижување не би си дозволил ни обичен македонски војник.

И за крај, што се однесува до лидерските прашини околу парламентарните избори и пописот на населението во Северна Македонија е илузорно да се каже некои охрабрувачки или државнички збор.  Избори од нелегална и криминална власт на вештачки создадена политичка творба значи потврдување на извршеното злосторство и легализирање, со избори, на Северна Македонија, што е недопустливо.   

За секогаш Ваш, Сотир!

 

ЧЕСТИТ 24 МАЈ ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

 

 24 мај 2020

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството, Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Во оваа прилика им го честитаме и именденот на сите наши сонародници со имињата КИРИЛ И МЕТОДИЈ и им посакуваме здравје и благосостојба на нивните семејства!

Македонски Збор

РОДИНА НЕ ПРИЗНАВА НИКАКВИ ИЗБОРИ И ДЕЈСТВИЈА ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД НЕЛЕГИТИМНАТА ВЛАСТ

**** 

08 мај 1919

Родина прашува:

Какви се тие избори организирани од власт која изврши државен удар, погази Устав, домашно и меѓународно право, воља на граѓани? Тоа се избори, во кои нема избор! Тоа се избори каде се остварува само еден интерес, западниот геостратешки интерес и интересот на нивните локални репрезенти и корумпираните политички елити. Тоа не се избори, туку државен удар врз вољата на македонскиот народ!

Ако Родина не е во право, тогаш вие како политички партии слободно покажете од каде го црпите легитимитетот за Северна? На кои избори народот ве изгласа за Северна за севкупна употреба и менување на идентитетот и историјата на македонскиот народ? На избори во просториите на Калето или некоја друга канцеларија на западните земји? Не постојат такви избори во демократскиот свет!

На последните квази избори организирани од нелегитимната власт, македонскиот народ постојано се манишулираше. Се водеше битка 24/7 преку медиумите за специјална војна, наречени национални медиуми, да се извади народот за да ја легитимира Северна. И покрај полнењето на кутии, косовски автобуси, бугарски возови и медиумско едноумие невидено уште од времето на комунизмот, мнозинството Македонци ги отфрлија така организираните избори од нелегитимната власт!

Што понатаму?

Промените во свето веќе се случуваат а почната е ерата на постзападниот свет. Африка, благодарение на новите светски сили, новиот начин на договарање и економски односи влегува во забрзан економски раст во тој свет. Новиот свет е свет на почитување на различностите, на рамноправни односи, на меѓусебно почитување. Свет во кој секој народ ќе може да си го најде своето место, без притоа некоја сила да му наметнува избор, решение, или во нашиот случај диво име, дива историја и дива власт!

Наша обврска е да креираме македонски партии и организации кои ќе ја внесат Македонија во тој свет и ќе ја вклучат на големите инфраструктурни проекти, во новите организации каде сме почитувани како Република Македонија, како Македонци.

Секогаш постој избор, само што за тој избор ние како народ ќе мора се избориме, заедно, обединети, ангажирајќи го севкупниот македонски стручен и  научен потенцијал од дијаспората и републиката.

Го повикуваме македонскиот народ да влезе во новите македонски организации, организации кои се верни на Р. Македонија, Уставот на Р. Македонија и организации кои се патоказ за новиот 21 век.

Ги повикуваме актуелните политички субјекти, партиципиенти во штетниот и корумпиран политички систем и нелегитимната власт, веднаш и без условно да престанат со неуставните дејствија неодобрени од народот и преминат кон процедура за формирање на експертска влада со цел демократизација на политичкиот систем и распишување на парламентарни избори по вистински демократски принципи и со набљудувачи од вистинската меѓународна заедница.

Родина е иницијатива од народот за народот, каде најдобрите ќе служат први во праведен ред во интерес на народот.

Нашиот план е Република Македонија во новиот свет да биде почитувана, суверена, стабилна, праведна, економски просперитетна.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА РОДИНА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Дарко Јаневски

ЗАЕВ, ШТО СО ЗАКЛАНИТЕ И РАСПОРЕНИ "БУГАРИ" ОД ЗАГОРИЧАНИ ВО 1905...? 

 

(Како ќе ги запише твојата Комисија што преговара со  Грците и како Грците го стекнуваат правото врз името Македонија?)

Текстот го објавив по повод 100-годишнината на масакрот. После објавувањето, ми се јавија луѓе кои потекнуваат од Загоричани, а кои сега се по светот. Ним кажете им дека се дел од грчката историја, дека Грците ги ослободиле, а дека по националност нивните татковци и мајки, баби дедовци биле Бугари.

***************

 КОЛЕЖОТ ВО ЗАГОРИЧАНИ ИТАЛИЈАНЦИТЕ НЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ МЕЃУ ДИВИТЕ АФРИКАНСКИ ПЛЕМИЊА

1905 година грчки масакар во Загоричани.

"Конзулите слегоа од коњите и тргнаа пеш. Пред очите им се појавија првите жртви: кметот на Загоричани и неговата ќерка. И на двајцата телата им беа обезличени. Понатаму лежеа другите убиени, до вечерта двајцата конзули со придружниците ги обиколија сите 62 убиени и 6-те ранети. Маѓу убиените беше и мојот стар татко, поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувство. Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор. Тука можеа да се видат лешеви на кои очите  им беа избодени, градите распорени, рацете и ноsете исечени, мозоците распрснати".

Ова сведоштво е запишано од непосреден сведок на масакрот во селото Загоричани во 1905 година, извршен од страна на Грците. Тоа е еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на Македонија, кој денес и' припаѓа на Грција. Две години пред тоа, при задушување на Илинденското востание, османлиската војска која имала наредба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди.

"Како офицер на италијанската армија, сум учествувал во многу борби со дивите африкански племиња. Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле".

Со овие зборови, според непосредниот сведок Наум Темчев, италијанскиот полковник Албер го опишал тоа што го видел по грчкиот масакар врз населението во македонското село Загоричани, костурско, на 25 март 1905 година. Во масакрот биле убиени 62 загоричани, некои од нив на таков начин што полковникот Албер и неговиот колега Манери, заедно со австрискиот конзул Прохаска и рускиот конзул Каљ, ги ставиле рацете на лицето не можејќи да поверуваат во тоа што го гледаат.

Наум Темчев од Загоричани, во тоа време бил во Битола. Успеал да стигне со европската делегација во селото, да го види својот убиен татко, да биде сведок на последиците од масакрот, но и на реакциите од страна на Европјаните:

"Конзулите слегоа од коњите и тргнаа пеш. Пред очите им се појавија првите жртви: кметот на Загоричани и неговата ќерка. И на двајцата телата им беа обезличени. Понатаму лежеа другите убиени, до вечерта двајцата конзули со придружниците ги обиколија сите 62 убиени и 6-те ранети. Меѓу убиените беше и мојот стар татко, поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувство.

Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор. Тука можеа да се видат лешеви на кои очите им беа избодени, градите распорени, рацете и ноsете исечени, мозоците распрснати", запишал Темчев на 1 април 1930 година во Пловдив, одбележувајќи ја на тој начин 25 годишнината од масакрот кој е межеби најсликовит приказ за тоа како Грците во 19-от век го стекнувале правото врз името Македонија со кое денес одново ни го загрозуваат животот.

И ТУРЦИТЕ НЕ МОЖЕЛЕ...

Пред Илинденското востание, Загоричани, село блиску до Костур, имало 600-тини куќи, многу од нив двокатни. При задушувањето на востанието, Турците имале наредба целосно да го разрушат и затоа го запалиле. Но, дури и тие, со сета своја суровост, не убиле повеќе од 26 луѓе.

До крајот на март 1905 година, селото одново било изградено. Најмалку 200 куќи биле целосно обновени. Загоричани почнало повторно нормално да живее. Но, не сакало да се потчини на грчкиот митрополит Каравангелис, и со тоа ја предизвикало судбината.

Ден пред колежот, во едно од блиските села, околискиот штаб на ВМРО имал состанок. По завршувањето на востанието, Дамјан Илиев бил испратен во Битола за да ги пренесе ставовите и да побара инструкции. Решил ноќта да ја преспие во Загоричани и кон градот на конзулите да тргне рано наутро. Бил примен во куќата на поп Стефан. Не ни претпоставувал дека таквата одлука од него ќе направи сведок на еден од најкрвавите колежи во Македонија извршен било кога.

"Одеднаш се слушна силен грмеж. По него и втор, па трет... Снаата која стоеше најблиску до прозорецот, страотно извика: "Станувајте, има пожар кај Големата чешма". Сите се кренавме и ги здогледавме големите облаци зад што се креваа високо... Селото гореше од сите страни. Пламенот беше страшен, гореа плевни и куќи и се уриваа со страшен тресок. Огнените јазици се сретнуваа високо над куќите и образуваа еден грамаден пламен, кој ја осветлуваше цела околина. Подоцна велее дека пламенот бил набљудуван од Каравангелис кој читајќи молитва, ги прашувал другите дали пламенот се намалува или зголемува и при секое намалување, клекнувал и се молел за успех на делото; се сеќавал Илиев.

Каравангелис е костурски митрополит во тоа време, Грк кој цел живот го посветил на освојувањето на Македонија од Грците и истребувањето на нејзините жители од тој простор. Работел по налог на грчките власти, и се смета за креатор на сите злосторства извршени во костурско од страна на грчките банди во тоа време. Само неколку месеци пред масакрот во Загоричани, на 13 ноември 1904 година било нападнато леринското село Зеленич, токму кога свештеникот Ѓоргија правел свадба. Во екот на веселбата, грчката банда убила 13 мажи, жени и деца, а едно девојче живо  изгорело. Неколку дена подоцна, во Македонија била испратена и бандата на Георгиос Вардес-Цонтос, која ќе земе централно учество во убиствата во Загоричани.

Според д-р Александар Трајановски од Институтот за национална историја на Македонија, кој е еден од најупорните истражувачи на масакрот во Загоричани (автор е на книгата 'Андартскиот колеж во Загоричани' објавена на 90-годишнината од настанот) и кој има истражувано во грчките, бугарските, македонските, англиските, српските и руските архиви, сосема јасно се гледа дека колежот во селото бил подолго време подготвуван. Во британските документи за овој настан, пишувало дека 'масакрот е внимателно планиран доста време и бил поддржан, барем индиректно од кајмакот и грчките митрополити во Костур и Лерин'.

Според д-р Трајановски, инспиратор на грчкиот колеж во Загоричани е митрополитот Каравангелис, кој бил информиран од бандитот Вардас за намерата и дури му дал список на луѓе во селото кои и' се верни на грчката црква и кои треба да бидат заштитени.

САМО ГРЧКИОТ ШОВИНИЗАМ

Димитрис Литоксоу, човек од чии дела на Грците им се крева косата на главата, автор на 'Грчка антимакедонска борба' бандитот Вардас, заедно со групата на потпоручникот Стефанос Дукас (Малиос), севкупно 180 до 200 луѓе, на разденување на 25 март 1905 година го опколите Загоричани.

Првата куќа се разниша во пламен од Макрис. Потоа една по една, по ред, ноќта стана посветла од ден. Никој никого не слушаше. Над сите бомби, над куршумите и над криковите, се издигна само гласот на Цонтас. Беше толку јак што го слушна пола Загоричани: "Над  16 години , никој жив да не остане"!, напишал Литоксоу, цитирајќи грчки документи за овој настан.

Така почнало дивеењето на Грците во Загоричани. Траело неколку часа, се додека не пристигнала турската единица која преноќувала во соседното село. Се претпоставува дека таа намерно задоцнила, оставајќи им време на Грците да завршат дел од работата.

Италијанскиот офицер Манери го предупредил турскиот командант за тој крај дека нешто се подготвува, а дека цел ќе биде Загоричани. Но, тој решил да се држи понастрана со својата војска и да интервенира покасно. За случувањата во меѓувреме, Дамјан Илиев запишал:

"Луѓето набрзо сфатија дека тоа не е војска, туку андарти. Тоа малку ги окуражи и почнаа да се бранат. Не можејќи да се справат со одбраната, кога сонцето веќе се беше кренало високо за да го осветли нивното подло и мизерно дело, со неколку товари пљачки и со заробените селани, андартите се повлекоа, гласно искажувајќи ја својата јад што не можат докрај да ја завршат наредбата. А, каква била таа? О, ужас! Само грчкиот шовинизам и злоба можат да скројат такво злодело. Кога селаните и мало и големо, собрани во црквата, чија побожност добро му беше позната на Каравангелис, ќе бидат исклани пред иконата на Св. Богородица, а селото ќе биде запалено, дали е тоа за да се осветли тржеството на елинизмот? Може ли во човечката душа да се јави посатанска мисла?...

Населението почна да излегува. Околу секој труп беа седнати блиски и далечни... И плачат, и се јадат од облеката од мака. Малку понатаму, иста сцена. На другата улица, на крајот од селото, пред куќата на Кузо Самарџијата се беше собрало цело маало да го оплакува и него и неговото семејство, сите маченички загинати во нерамноправна борба."

Кузо имал жена и три ќерки. Сите загинале од бомби фрлени во нивната куќа, освен најмалото девојче, кое било набодено на бајонет и фрлено кон sидот. Девојчето имало пет години. Се викало Олга. Според списокот на жртвите што го објавува д-р Трајановски, нејзините сестри, Ангелина и Катерина, имале 14, односно седум години.

СМАЧКАНИ ГЛАВИ

Во тие моменти, селаните се' уште не знаеле што се случило со заробените што Грците ги одвеле со нив. Претпоставувале црн крај, но, сепак, се надевале дека можеби ќе стигнат добри вести. Надежта им ја прекратил единствениот преживеан од 27-те заробени. Илиев запишал:

"Токму во тоа време, се зададе еден гологлав човек со исечено лице и искината облека. Се стрчавме кон него. Што да видиме. Тоа беше човек што не можевме да го препознаеме-по лицето, вратот, телото, рацете имаше рани од нож. На лицето немаше здраво место. Се' беа рани и засирена крв. Господин Манера си го покри лицето не можејќи да гледа... Оставете го да се одмори, исчистете му ги раните и преврзете го, па тогаш да ни каже што се случило, рече Италијанецот. Вечерта се прибравме во неговата куќа... Петар, така се викаше ранетиот, не виде и едвај чујно проговори: Не врзаа со јаже и не поведоа кон планините... Ние сфативме дека судбината ни е решена и се вртевме кон родните полиња за да видиме за последен пат. Тогаш отец Стефан им викна: Што сакате од нас? Ова е срамота! Тие приковани за момент од гневните зборови на дедо Стефан, ги дигнаа пушките и пред очите ни се јави блесок. Цела редица паднаа како карпа. За тие што останаа, погледнете ме мене и ќе ви биде јасно што им се случи. Со камења ни ги смачкаа главите. Јас лежев како и сите. Кога си отидоа, со џебно ноже го исеков јажето и полека станав. Почнав да одам од еден до друг, како да ги будам, како да заспале, но никој не стана. И еве ме, се довлеков до селото..."

Според Литоксоу, убиството на заробените се случило поинаку. "Во планината ги колат заробените", напишал Литоксоу и продолжил со цитата од делото "Македонска борба-мемоари", од Јоанис Караватис:

"Работата ја презема Павлос Патрос. Патрос ги држеше и ножот и штикот. И така, го постави штикот на пушката и започна да ги боде построените заробеници".

Дента на настанот, селанец од Загоричани кој успеал да побегне, стигнал до соседното село Бобишта. Им кажал на луѓето што се случило, а Атанас Колев од истото село, се преоблекол како Турчин и сам, на своја рака, тргнал за Битола. Во градот, за масакрот го известил бугарскиот претставник Тошев, а овој веднаш испратил конзуларна нота до конзулите на Русија и Австро-Унгарија. По дводневно натегање со турскиот валија во Битола, конзулите, придружени со италијанскиот офицер Албер, со воз заминале за Лерин, а оттаму со коњи за Загоричани.

Во меѓувреме, италијанскиот офицер Манери кој се наоѓал во селото, ги советувал селаните да не дозволат закопување на убиените додека не стигне комисијата. Така, било овозможено цела Европа да дознае за злосторствата извршени од грчките банди, а документи за овој настан да има во архивите и на Италија, Русија, Австрија и Велика Британија. Според Наум Темчев, конзулите, односно нивната придружба направиле и фотографии од убиените, но ако тие постојат, се' уште се негде во странските архиви. Но, и без нив, благодарение на меѓудругото и на ангажманот на Русинот Кал, Австриецот Прохаска, Италијанецот Албер и Манери, и Бугаринот Тошев, официјалните лица на сите европски земји, дознале како Грците на почетокот на минатиот век започнале да го стекнуваат историското право на името Македонија. И некои од нев не им го премолчуваат на Грците. Но, само некои. Мнозинството од Европјаните очигледно преминуваат преку тоа.

АВСТРИСКИ ДОКУМЕНТ

ГРЧКАТА БАНДА ГИ УБИВАЛА И ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА

На 12 април 1905 година во австрискиот конзулат во Битола, колежот во Загоричани е документиран со следните зборови: "Грчката банда до темел го уништи селото утрото на 7-ми во тековниот месец (нов календар), откако на разденување го нападна од повеќе страни истовремено... Кога жителите слушнале труби, помислиле дека некоја единица војска пристигнала во селото, па дури повеќемина излегле да ги пречекаат војниците, но веднаш биле застрелани. Грците извадиле колку што можеле повеќе луѓе од куќите, вклучително и жени и деца, и ги убиле на варварски начин. Оние куќи што не можеле да ги заземат, ги дигнале во воздух со динамит и ги запалиле. Освен тоа, околу 20 мажи биле одведени во планините каде што биле заклани. Истовремено извршиле пљачкосување и насилства заради пари. На овој начин бандата дејствувала цели три часа и нема никакво сомнение дека ќе биле убиени уште многумина, ако не беше пристигнал потпоручникот на жандармеријата Незир ефенди со 40 луѓе од соседното село Комаичево, па дури тогаш Грците се повлеке во планините."

АНГЛИСКИ ДОКУМЕНТИ

СОВРШЕНО ИЗВЕДЕНА КАСАПСКА РАБОТА ОД ГРЦИТЕ

Позната македонска песна која почнува со стиховите "Народе македонски, со какви идеи си ти, доста веќе разбуди се..." е инспирирана токму од колежот во Загоричани. Денес ова село се вика Василиас, што во слободен превод би значело "царско село". Ова име го добило во 1928 година. Во 1913 година во Загоричани имало 2370 луѓе, од кои најголем дел се иселиле во Бугарија и САД. Во 1945 година биле попишани само 720 лица. Тоа е всушност приказната која финалето го има на крајот од педесеттите години на минатиот век, по што Грција започнува да тврди дека на нејзина територија нема други малцинства освен малубројни муслимани. Инаку, во документот што конзулот Мек Грегор го испратил до англискиот амбасадор во Турција, во врска со настанот во Загоричани (објавен во споменатата книга на д-р Трајановски), меѓудругото, пишува:

"Комплетниот број на незакопани тела пронајдени од полковникот и двајцата конзули е 68, вклучително 6 жени и две деца, при што последните се прободени со бајонет, па распорени, а во еден случај е откриено дека едно цело семејство е уништено со динамитни бомби од примитивен тип, фрлени низ дупките направени во sидовите на нивната куќа. Покрај изгорувањето на 13 куќи и исто толку плевни, Грците намерно испоклале многу стока, а малиот број ранети, околу пола дузина, сведочи за совршениот метод по кој е изведена касапската работа за она кратко време од еден и половина час...

Треба исто така да ја изразам видливата разлика меѓу масакрот во Загоричани и убиствата извршени од егзархистите (припадници на Бугарската црква) против патријаршистите (припадници на Грчката црква), бидејќи додека првите речиси непогрешно ги избраа своите жртви меѓу лицата за кои знаеле или се сомневале дека се виновни за предавство, Грците, се чини, не биле заинтересирани од друг мотив освен да убијат што е можно повеќе егзархисти..."

https://denesen.mk

 

Страшо Ангеловски - претседател на МААК

ВИСТИНАТА ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОД ХИТЛЕР ДО ДЕНЕС

 

13 мај 2020

Последниве години, 9 мај, Денот на победата над фашизмот, се' поотворено се турка во заборав, а се' поагресивно се наметнува како прослава на Денот на Европа. Ден кога, според "новоговорот", Роберт Шуман, за кого во дел од историските читанки пишува дека бил нацистички колаборационалист, одржал говор во кој ја изнел идејата за евроединство и формирање Европска заедница за јаглен и челик. И, тој датум, денес, се прославува како официјален зачеток на она што денес го знаеме како Европска Унија.

Но, дали е навистина така? Дали навистина од тој ден датира идејата за Европска Унија како наддржавна заедница и каква е врската, доколку ја има, на Хитлеровата и европската наддржава?

За да одговориме на ова прашање, мораме да се навратиме во 1923-та, кога е формирано "Пан-европското движење". За негов зачеток се смета објавувањето на ЕУ-манифестот, познат како "Пан-Европа", од страна на Ричард Фон Куденхов-Калерги (Richard von Coudenhove-Kalergi). Заради безнадежната состојба после Првата светска војна, економската криза, појавата на фашизмот во Италија и заканата од брзоширечкиот комунизам, тој се залага сите народи и држави во Европа да се стопат во една унија за да се избегнат војни. Меѓу другото, она што е малку познато, е дека негов предлог е и "Одата на радоста" на Бетовен да биде европска химна, да се воспостави царинска унија и да се потпише Римскиот договор како основачки документ на модерната ЕУ. Во Манифестот уште стои дека треба да се создаде Европска Федерација во вид на Соединети Европски Држави.

Во својата автобиографија "Crusade of Pan-Europe-Autobiography of Man and a Movement", Калерги отворено пишува дека Соединетите Европски Држави би биле само меѓуфаза во создавањето светска влада, со приклучување на Северна и Јужна Америка и Турција (ова се должи на времето кога е пишуван Манифестот).

Интересно е што еден од неговите главни подржувачи и најголем финансијер со тогашни 60.00 златни марки е Макс Барбург. Макс е директор на германскиот "И. Г. Фарбен", конзорциум формиран во 1925 година од еден куп моќни корпорации меѓу кои и Баер и БАСФ. Неговиот брат Пол е член на одборот на директроите на филијалата на "И. Г. Фарбен" во Америка и творец на федералните резерви. Обајцата потоа учествуваат во создавањето на ЕУ.

Но, она што е двојно поинтересно е податокот дека токму "И. Г. Фарбен", заедно со американските Џенерал  Електрик, Хенри Форд, Прескот Буш, Стандард Оил на Рокфелер и, системот од 12 приватни банки, познат како Федерални резерви, се најголемите финансиери на Адолф Хитлер. "И. Г. Фарбен", на Макс и Пол Варбург е конзорциумот кој на Хитлер му овозможуваа да ги добие најновите научни достигнувања без кои не може ниту да ја започне Втората светска војна. Значи, тоа се луѓето без кои немаше да постојат ниту Хитлерова Германија, ниту Европската Унија.

Одиме понатаму. Во својата автобиографија, творецот на "Пан-Европа", Калерги, ги наведува луѓето активни или многу блиски до Национал-социјалистичката партија на Хитлер или нацистичката идеологија, а исклучително заслужни за ширење на идејата за обединета Европа како Наддржава. Еве ги на увид на јавност. Тоа се:

- Конрад Аденауер, прв канцелар на Западна Германија, кој во тогашното МНР на високи официјални функционери, вработува 66 проценти "поранешни нацисти" (Според негови искажувања).

- Алќиде де Гаспери  (Alcide de Gasperi), новинар и политичар кој го подржувал Мусолини. Премиер на Италија од декември 1945 година, кој издејствувал да не се гонат фашистите на Мусолини.

- Пол-Анти Спак (Paul/Henri Spaak) член на белгиската Социјалистичка партија и јавен и официјален подржувач на фашизмот на Франко и нацизмот на Хитлер. Од 1957 година, замислете, Генерален секретар на НАТО.

- Холандскиот принц Бернхард од Липе-Биестерфелд (Prince Bernhard of Lippe-Biesterfeld), член на Национал-Социјалистичаката партија и СС офицер, во 1954 година иницијатор и основач на групата Билдерберг, чија цел е уништување на националниот суверенитет и создавање европска наддржава.

- Валтер Функ (Walter Funk), човек за кого и порано сум пишувал, член на Национал-социјалистичката партија од 1931, од 1938 година министер за економија во Хитлерова Германија, а од 1939-1945 претседател на Германската централна банка (Reichsbank). Автор е на економскиот центар на обединета Европа од 1941 година, врз кој се гради структурата на Европската Унија.

- Валтер Холштајн (Walter Hallstein), човек за кој многупати сум пишувал и говорел, човекот кој во својот говор во Рошток повика на воена анексија на тогашна Чехословачка, кој како "правник на Хитлер" и член на Национал-социјалистичката партија ги предводеше преговорите на владата на Хитлер со владата на Мусолини. Од 1958 година, во два мандати, претседател на Европската Комисија, највисокиот орган на ЕУ.

меѓу другите нацисти, со огромен придонес во создавањето и развојот на ЕУ, Калерги ги наведува и Хјалмар Шахт (Hjalmar Schacht(, претседател на Германската центална банка од 1933-1939 година; Ханс Јозеф Глобка (Hans Josef Globke(, еден од авторите на "расниот закон" за Евреите од 1935 година; Дијана Мозли (Diana Mosley), сопруга на Освалд Мозли (Oswald Mosley), лидер на британските про-фашисти, која во интервју за ББЦ ги напаѓа евро-скептиците и дава безрезервна подршка за Европската Унија.

Одиме понатаму.

Од 1-3 јуни 1955 година, во Месина на Сицилија е одржана конференција со цел "воспоставување економска интеграција на Европа преку создавање заеднички пазар". Познат како "Комитет на Спак", ова е состанок на "сицилијанските шестмина", со претставници на шесте држави што ќе го потпишат договорот за формирање Европска Економска Заедница", позната како "Римски договор". На него учествуваат, веќе споменатиот подржувач на Франко и Хитлер, Пол Анри Спак, како претставник на Белгија; Гаетано Мартино, некогашен член на фашистичкото движење на Мусолини, како претставник на Италија; Антони Пинај, член на  "Националниот одбот на Франција", познат како Владата од Виши, про-нацистичка Влада која потпиша капитулација на Франција и веќе споменатиот Валтер Холштајн, "правникот на Хитлер", како претставник на Германија.

Како резултат на овој подготвителен состанок, на 5 март 1957 година е потпишан Римскиот договор, кој се смета за основачки акт на денешната ЕУ. Само колку за информација, договорот, во името на Холандија, го потпиша Јозеф Лунс, тивок член на Национал-социјалистичкото движење во Холандија, а, замислете, Генерален секретар на НАТО од 1971-1984 година.

И конечноо, од 1950 година се доделува наградата "Карло Велики" на личност која најмногу придонела во формирањето и ширењето на ЕУ. Меѓу добитниците се:

Веќе споменатите Ричард Фон Куденхов-Калерги во 1950 година; Алќиде де Гаспери во 1952; Пол Анри Спак во 1957; Валтер Холштајн во 1961 година, но, и на пример, Франсоа Митеран во 1988, член на Вишевската верзија на "Хитлерова младина", чиј член бил и Жак Делор, еден од претседателите на Европската Комисија; па, Битрикс Вилхемина Армгард во 1996, поранешна холандска кралица и ќерка на споменатиот Бернхард од Липе-Биестерфелд, СС офицер и основач на  групата Билдерберг поставен за претседател на Советот на Европа...

И сега, соберете сила и запрашајте се-Зошто Европската Унија не само што не бара укинување туку и соработува со фашистичките "Златна зора" во Грција и "Десен сектор" во Украина, а дури и ги потхранува големоалбанските апетити на Али Ахмети и фашизоидната реторика на Борисов, па, честитајте им го 9 мај, Ден на победата на фашизмот.

https://denesen.mk 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО

 

СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

 

 

 

28 јуни 2017

 На 16 јуни 1943 година, кај селото Ваташа, 12 младинци биле стрелани од страна на бугарската војска, под изговор дека им помагале на партизаните. Дванаесет млади луѓе го загубија својот живот и тие се само уште една страница во тажната македонска историја.

Во нивна чест, Славко Јаневски ја пишува песната "Цветови", која и мене лично ми е една од најдрагите и најтажни македонски песни. Затоа и денес изборот за македонска поезија, падна токму на "ЦВЕТОВИ". Имено, подолу можете да ја слушнете и песната "Цветови" од Зафир Хаџиманов. Тој ги претвора овие стихови во музичка композиција, чија музика е подеднакво тажна како и стиховите.

 

ЦВЕТОВИ

В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
- убија дете.
Последна солза од око капна...
кога на ридот есента стапна,
в крви се изми утрото бело.
И кога в зраци челикот светна
последна мисла ко птица летна:
"Мајка ми сама остана в село".
О, детски очи!
Криевте в себе небесно катче...
Румено крвје течеше в жили
в радост без почин...
Кај око детско натопи земја
гороцвет никна, разлиста пролет,
кај крвта врела растопи слана
црвена роза закити поле.
Мајската роза и цветот модер
в миризма молат:
"Закити, друже, огнена пушка
со цвеќа млади,
па напред појди и други деца
брани со гради".
В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
- убија дете.
************
Славко Јаневски

 

ВИДЕОТЕКА-VIDEOTEKA

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

број 288, 25 мај 2020