ЌЕ ВОСКРЕСНЕМЕ САМО СО НОВИ И ЧЕСНИ ЛУЃЕ

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ПАРТИСКИТЕ ЧЕЛНИЦИ НАД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: ТОА ЛИ Е ДЕМОКРАТИЈА? 

 

16 декември 2019

 "Без национален суверенитет ќе се вратиме во средниот век" (Тери Боде)

Успешниот 'од кон иднината, слободата и благосостојбата зависи, во секој случај драги мои, од нас самите, од нашата борба за одбрана на нашите национални интереси, користејќи ги, притоа, сите средства кои ни стојат на располагање!  Македонскиот национален херој, творец на Првиот Устав на ВМРО 1983, филолог, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ (1868-1941) Петар Поп Арсов,  во една прилика уште на почетокот од 20 век чисто и јасно рече: "Секој што од надвор ќе ни ја подари слободата, ќе ни ја земи земјата"!

Со насилното туркање на Македонија во некои си големи меѓународни организации, како на пример Европската Унија и НАТО, македонските квази политичари и гангстери направија баш тоа, од што се плашеа  Петар Поп Арсов, Гоце Делчев, Блаже Конески и плејада паметни и вистински македонски патриоти. 

Тоа е сосема очигледно и застрашувачко за Македонците кои покрај губењето на својата земја, постанаа  безимена етничка заедница во, до вчера, својата национална држава Република Македонија. Постанаа неидентификувано и обесправено малцинство, со кое суверено владеат терористи, арамии, арогантни и агресивни непријатели, племенски поглавици, натрапници! 

Кога зборуваме за демократија, имаме визија за општество во кое народот е суверен и слободно одлучува за својата судбина. Си создава услови за добар живот и безбедност на својот животен простор. Дали е тоа случај со Македонија денес кога со државата управуваат разни странски дипломати во спрега со домашни гангстери и квази политичари? Дали е тоа демократија кога политичките челници на  таканаречените "македонски" партии се играат мајтап со Македонците и против волјата нивна ги туркаат во трло да блеат а никои да не ги чуе? Дали е тоа демократија кога криминалци ти влегуваат во твојот дом и излегуваат не санкционирани? Дали е тоа демократија кога на своите  непријатели им дозволуваш да ти го сквернуваат твоето семејство и да те плукаат и понижуваат насред Скопје а да ти немаш ни трунка храброст  да им речеш: СИКТЕР НЕРАНИМАЈКОВЦИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА?

Европската Унија и НАТО  не се местата во кои ние, како мала земја, ќе можеме да ги оствариме нашите права, туку да ги почитуваме директивите од европските бирократи и НАТО. Таму се  постанува доброволна жртва.Таа не е место каде сиромасите седат со своите господари. Барем не, дури со нас владеат луѓе како Зоран Заев, Бујар Османи, Али Ахмети, Христијан Мицкоски, паунот Никола Димитров и многу други ситни души кои на "големите" им служат за поткусурување!

Европската Унија не е демократска институција создадена за задоволување на животните потреби на луѓето или пак НАТО за одбрана  од конфликти меѓу членките. За тоа има многу примери и не е потребно поединечно да ги споменуваме. Не е демократска, зошто непостој европски народ или нација за чии потреби се грижи. Европската комисија која се претставува за Влада не е избрана од народот, туку нејзините бирократи се апоинтирани од посебни центри на моќта, за кои ние незнаеме ништо, а сме должни да ги почитуваме нивните одлуки.

Унијата на Европа има сосема други цели: експлоатација на се' што е под и над земјата, кое се освојуваше со пушка и топ до вчера, а денес со морков и стап. Европската Унија е дел од злосторничките антицивилизациски планови на Џорџ Сорос за создавање на светска наднацонална држава.  Наддржава, општество "еднакво" за сите, кое  постојано го промовира  Зоран Заев, заедно со неговата политичка измислица, Република северна Македонија. Наддржава, во која суверенитетите на земјите членки  си одат во историјата. 

Европската Унија и НАТО, во кои се изнапикани држави и народи како рогови во вреќа, немаат иднина. Немаат иднина, зошто немаат исти цели и интереси, а при тоа имаат сосема ограничен суверенитет и никаков маневарски простор за самостојно управување со своите општества и животни ресурси!

Зарем типови како Заев со ограничена интелигенција треба да се следат? Неговото општество за сите не е ли измислица на омразениот фашист Џорџ Сорос? Не е ли тој човекот кои со своите шарени револуции до каде  стигна секаде остави пустош и немир? Не е ли тој човекот чии крвави пари им ги отруја умовите и на "најелитните" македонски образовани луѓе од кои зависи развојот на македонската држава? Не е ли тој човекот што со своите крвави пари ги испогани спомениците низ Македонија подигнати во чест и почит на нашите претци кои гинеа и крвареа за ова последно  слободно парче од македонската земја?

Да, драги мои! Сето тоа е вистина, ама многу од нас не се кадри да се соочат со последиците, се' дури им фрла трошки од својата богата трпеза.

Целта на "меѓународната" заедница и нејзината валкана игра против Македонија и Македонците беше и се' уште е, уништување на Република Македонија како национална држава на Македонците и нив како непосакуван етникум  на Балканот! Зошто? Па затоа што се плаши од идното македонско обединување, со што ќе се сочува и зацврсти лулката на словенската цивилизација, духовноста, писменоста и културата! Страв од моќта на Охридската архиепископија како извор од кој православните Христијаните  се напојуваат со божја љубов и духовна моќ! 

Но, сепак, најважно од се' е да се заборават сите злосторства  врз Македонците во окупираните делови на Македонија: Грција, Бугарија и Албанија! Да се избришат  крвавите стапалки и злосторнички нагони на еден од најфашизоидните челници на ЦИА, Ален Далас, и неговата патолошка омраза спрема Словените во светот.

Мораме да признаеме, дека Грција беше и остана најбрутална во овие насилни процеси. Таа одма после крвавите Балкански и Првата светска војна започна со асимилација, грцизирање на топонимите на реките, планините, езерата, селата, градовите, потоа  имињата и презимињата на македонското население и на крај чистење на окупираната територија и населување со луѓе од Мала Азија, кои никогаш не стапнале на македонско тло, ниту го познавале грчкиот, а најмалку  јазикот на автохтоното македонско население.

Втората терористичко-фашистичка фаза со екстремно брутално однесување на Грција спрема Македонците и нивните вековни животни простори беше планското  иницирање на Граѓанската војна, во која настрадаа илјадници Македонци, верувајќи и' на КПГ дека после ослободувањето на земјата од монархофашистите,  ќе добијат автономија  во составот на грчката држава. Меѓутоа, тоа беше стапица како повод за брутално и масовно физичко ликвидирање на македонското население и денационализација на нивната земја. 

Ѓаволот никогаш не е заситен со она што го добива бесплатно, бара да грабне се' што може и ако може. Тој фрли око и на Република Македонија, која што тек излезе од составот на СФРЈ и на 08 септември 1991 година се прогласи за самостојна независна и суверена држава на Македонците.  Но, бидејќи времињата се изменија, па и средствата за експанзии и колонизирање на туѓи простори одамна помина, требаше да се изнајдат нови средства  кои ќе бидат доволно уверливи и атрактивни за гладните и жедните  да загризат и сами да се предадат без куршум да се испука, или крв да потече од мирното население. Требаше да се изнајде начин со кој ќе го затворат обрачот започнат 1912, 1913 и 1919 по завршување на Првата светска војна.

И небеше тешко да го најдат лидерот на СДСМ Зоран Заев,  човекот кој многу зборува, а ништо не кажува. Но и човекот од  новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој како сигурен резервен играч во целата оваа деструктивна игра на странците, на Зоран Заев му служи како десна рака, секаде каде му треба помош.

И така Зоран Заев и Никола Димитров во првиот предавнички ешалон, а Мицкоски перфидно во вториот, заедно работаат зад грбот на своето членство, од кое очекуваат подршка на изборите од 12 април 2020 година. Во спрега, тројцата, а најверојатно и уште по некои од нивните соработници ги потпишаа предавничките договори со Грција, Бугарија и Албанците и така се изврши велепредавството со укинување на Република Македонија и создавање на Република северна Македонија. Држава без легитимитет и без поткрепа од Македонците.  

Македонија е покусно стаорче за она што следи: Уништување на светот каков го знаеме и довршување на идеата за една планета едно општество за сите.  

Нашите две таканаречени "големи" политички партии кои се' уште играат улога на политички противници,  в сушност работаат заедно за крајната цел на ЕУ и НАТО. Работаат за укинување на македонскиот суверенитет и улогата на Македонците како мнозински народ во својата национална држава. 

Прашањето е, дали сакаме вакво сценарио со кое Македонија постанува само уште еден број меѓу другите членки под контрола на странци или ќе си останеме свои на свое, суверени во својата држава, Република Македонија? Незнам дали нашите властодршци знаат што прават и каде ја влечкаат Македонија, ама за сигурно се' што прават не е во полза на Македонците! 

Јас мислам како и многу други, вклучувајќи го иселеништвото, дека Македонија има алтернатива! Алтернатива да си го сочува својот суверенитет  како и   земјите кои не се лакоми на она што не го сработиле. Како народ кој веќе бил во една слична заедница и е способен сам да си управува со својата држава, без директиви од надворешни интересни сфери.

Повеќе европски држави си останаа надвор од оваа неприродна и експериментална заедница во која големите го имаат последниот збор. Зошто не би била  и Република Македонија? 

"Секој што од надвор ќе ни ја даде слободата и "благосостојбата", ќе ни ја земи Земјата".

За секогаш Ваш, Сотир

Васко Ефтов

 

Васко Ефтов

ТАЈНИОТ ПЛАН НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

 

16 декември 2019 

Тајниот план на Христијан Мицкоски е (да се обиде) да го репризира моделот на Матео Салвини во Македонија! Тоа подразбира ( ако нема пролонгирање на изборите на 12 април 2020) тој да биде министер за внатрешни работи во новата пржинска влада која треба да ги спроведе изборите.

Во изминатите месеци на многу луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски им ветуваше дека ќе бидат министри на полицијата и како по правило не им ја говореше вистината. Очигледно Мицкоски реши да се "коцка" на се или ништо. Функцијата министер за внатрешни работи ќе му овозможи да има алатки во рацете за "поуспешно убедување" на сопартијците и во тие операции да не зависи (како сега) од Сашо Мијалков, Никола Груевски и удбашката екипа на Ѓорѓе Иванов. Како второ, преку функцијата министер за полиција да може да води кампања дека СДСМ планира да ги лажира или да ги фалсификува следните избори. Бидејќи (нели) нема Хунта во светот која не лажирала избори. Затоа Мицкоски и ВМРО упорно спинуваат и повторуваат дека убедливо водат на анкетите за во случај на повторување на "Гордана Сиљановска" сценариото да водат кампања дека им ги украле гласовите. И како трето, како некоја верзија, (испратена по Али експрес) на Салвини, Мицкоски да води "мачо" MAN популистичка политика" и да се обиде да ги врати незадоволните во ВМРО од неговата ни риба ни девојка политика: кога пред Бојко гувее како млада невеста, а во Скопје глуми комита на батерии!

Во наредните недели (ако не се пролонгираат изборите) ќе видиме дали Мицкоски ја има контролата врз ВМРО и ќе може да го реализира своето сценарио кое може да му обезбеди лидерски континуитет во партијата и во случај на победа и во случај на пораз на изборите!

Извор : "Во Центар"

 

Давче Насевски

Давче Насевски

ОФИЦЕР ИЛИ ЏЕНТЛМЕН

**********

Кога размислувам на "сврзникот" што го изгубивме во долгата транзиција, помислувам на некои парови (и пароли) што се изгубија неповратно во времето зад нас сосе сврзниците, како "братство и единство" или "Станлио и Олио". Со нив можеби заминаа некои илузии, но бездруго и она чувство на безбедност (со првите) и чувство на хумор (со вторите), Други парови го изгубија или го губат само вториот дел, како "војна и мит" или "каубојци и Индијанци", па добиваат смисла кога преостанатите делови ќе се поврзат во пар што се' уште победува во светот - "каубојци и војна" или пар што и понатаму губи -"Индијанци и мир".

Еден од паровите што издржа долго време заедно беше "офицер и џентлмен". Не знам како е денес да се биде едното и другото одделно или едновремено, но во "она" време, велат, можело (и морало) да се биде и двете - иофицер и џентлмен. Или обратно. Редоследот веројатно е важаен, но сврзникот е неприкосновен.  Легура на големи одговорности и убави манири, на ригидна војничка дисциплина и галантна умешност да се говори и слуша.

Офицер (оној почетен чин) во школата за резервни офицери се станува(ше) релативно брзо. Обуката за џентлмен трае доживотно. Никогаш доволно, ниту премногу од чест, карактер и пристојност. Постојано на надворешен тест, секогашна внатрешна стража. Расчинивањето доаѓа брзо, со еден погрешен чекор или збор. Не е бројот на sвезди што ќе ве одбрани, но она под клучната коска и рамото што ги носи еполетите, со sвезди или без нив. Можеби и некаква sвезда на челото, највидлива откако ќе згасне. Уште и некакво чувство на срам, не нужно свое, а почувствувано врз себе, како сопствен дел. Членството во едно такво друштво се чини како привилегија што обврзува. Можеби. Можеби она што обврзува е единствената привилегија, особено во време кога и зградите се именуваат според своите станари - офицерски.

Некаде во та време (во почетокот на 1980-тите) на Запад излегува она стара класика "Офицер и џентлмен". Херојот не е ниту едно од двете на почетокот на филмот, но станува обете на крајот. "Њујорк тајмс" го нагласува контекстот каде што ликовите се познаваат себеси и она за кое тие се залагаат (но и она за кое не се залагаат), пред романтичната приказна. Контекстот е важен, како и кога ликовите стануваат карактери. Тешката обука полесно го "бруси" добриот карактер. Мојата генерација помина многу полесно. Би додал, доколку полошо за добриот карактер. Веројатно за тоа, сега (и') е потешко. Можеби затоа во Македонија, романтичната приказна за ЕУ и НАТО е пред контекстот внатре во земјата (но и околу неа) и, ако во секоја романтична приказна, се нагласува сврзникот таму каде што и не постои или е во исчезнување, сосе добар дел од приказната. Како во "ЕУ и НАТО". Или обратно.

За Македонија, засега е извесно само "денот Д" за влезот  во НАТО. "Денот Д" го означува истоварувањето на сојузниците на плажите во Нормандија (во битката што ќе го означи почетокот на крајот на Втората светска војна, на Западниот фронт), но овде го користам поради симболиката на утоварот на војниците како топовско место. На бродот на НАТО нема да се качиме - таму сме веќе натоварени. Не мора да сме на палубата, за да видиме како не' истоваруваат од некои нови бродови и во нови двојазични униформи како топовско месо на некои плажи далеку одовде, кои немаат врска со одбраната и безбедноста на татковината, а под изговор на последните. Додека сојузниците и некогашните воени непријатели, во улога на нови сојузници, ги слават годишнините од "Денот Д" во духот на помирување, крвавите плажи овој пат се далеку од Европа и САД. До европските плажи стигнуваат (живи или мртви) само бегалците од земјите "демократизирани" од "најдемократските" земји во светот.

Во име на "досега најдобрата алијанса" и нејзината "демократија", во Лондон неодамна беше одбележана и прославата од 70-годишното постоење на НАТО и речиси се совпадна со роденденот на Ноам Чомски (7 декември) - еден од водечките и гласни критичари на НАТО како глобална сила за интервенции предводени од САД.

Во коментар за улогата на НАТО по Студената војна, Чомски ќе рече дека "НАТО е формирано да ја заштити, теоретски, Западна Европа од руските орди. Ги нема руските орди, но што се случува со НАТО? Дали се растура? Не, се проширува кон Исток, до руските граници..." Горбачов направо сериозна грешка: доби само усно ветување (за непроширувањето на НАТО кон Исток, или буквално "ниту еден инч"). Мислеше дека е џентлменски договор. Не се прават џентлменски договори со диви, насилни сили..."

Се чини соодветно да се потсетиме и на текстот од Чомски од мај 1999, по повод војната на Балканот, објавен во списанието "Ле монд дипломатик", каде што (парафразирам), на средбата на 50-годишен јубилеј на НАТО во Вашингтон, членките го ратификуваат новиот стратегиски концепт предложен од САД, кој му овозможува на НАТО да ја надмине одбранбената улога и да интервенира воено, без мандат од Обединетите нации, против суверена држава. Војната на Балканот, водена без одобрение на Советот за безбедност, во име на хуманитарната интервенција и новиот стратегиски концепт, ја обележи пресвртната точка во глобалниот поредок. Првпат од 1945 година, вели Чомски, победниците од втората светска војна (без Русија) го игнорираа единствениот извор на меѓународното право, ООН-без да го заменат. Ова им овозможи на Кина, Индија или Русија, на пример, да предводат слични интервенции во своите сфери на влијание и да го зголемат ризикот од конфликти во целиот свет...

НАТО го преживеа својот 70-ти јубилеј, додека Чомски го прослави својот 91 роденден. Се надевам Чомски ќе надживее, иако ретко пророците ги доживуваат своите пророштва. Самиот ќе напише дека "поголем дел од Библијата им е посветен на луѓето што ги осудија злоделата на државата и неморалните дејства. Тие се нарекуваат 'пророци', сомнителен збор на еден опскурен збор. Според современите термини, тие се 'дисидентски интелектуалци'". Не знам како е денес да се биде и офицер и џентлмен, но "утре" ќе биде уште потешко. Можеби оној што бил и офицер и џентлмен ќе треба да избере помеѓу двете: офицер или џентлмен? Џентлменот и во костим за капење повторно е џентлмен, но во униформа на агресор на нечии плажи може да биде само офицер.Без многу причини за гордеење. Без оглед на јазикот на неговата униформа, ќе го разбере веројатно само јазикот на бедноста. Можеби дисидентите неизбежно се третираат бедно, но таа бедност е само потврда на  нивната вредност.

Овој 7-ми декември е потсетник и на денот кога (пред 26 години) светот го напушти "пророкот" на "лажните пророци" - Блаже Конески. Со пасус од неговата истоимена песна ја завршувам и оваа колумна: "Ќе дојде време на лажни пророци што божем во мое име ќе ве збираат по плоштадите, ќе  креваат врева до небеси, ќе се бувтаат во градите. Немојте да им верувате! Тие мислат само на себеси. Што дека прогласуваат дека ве спасуваат!... Не да им станете робови!"

https://wwwnovamakedonija. com.mk 

Иван Трпоски

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 

 

ВРАЌАЊЕ НА ЗАГУБЕНОТО ЕГЕЈЧЕ

Некаде в светов
в непозната земја,
каде жица бодликава
граница и' сплете,
таму пред празна
напуштена куќа -
тропаше дете.

Татко, мајко,
брате, сестро!
Отворете ми стара
дрвена врата.
Синот ви дојде -
пречекајте го брата!

Тропаше со денови,
викаше со ноќи
на дрвена врата,
во празна куќа.
Но немаше никој
да покаже глава
и да слушне викој.

Заплака дете,
пролеа солзи,
пред напуштен праг
од куќата стара.
Се запраша в мисли
за своите мили:
Каде се тие
и кај да ги барам!?
************
Иван Трпоски

 

ВИДЕОТЕКА

 

Миленко Неделковски

Васко Ефтов

Kind regards: Sotir Grozdanovski-Makedonski

Број 256 (16 декември 2019)