Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗА СИТЕ ПАРОДИИ И ЛАГИ НА ЗОРАН ЗАЕВ

***************

 

11 декември 2019

Пародиите Заевови не престануваат, ама и лагите, негови! Тоа може да го прави само  човек, кој нема ништо друго освен да се чепка таму каде не го апи.  Но за  чудо,  оние кои ги лажи  замаено го слушаат, му ракоплескаат и ништо повеќе од тоа. И не само обичните  платени војници од СДСМ кои редовно го следат својот Фирер, туку и многу високорангирани интелектуалци, кои само до пред некое време важеа за угледни и почитувани граѓани на Република Македонија.  До кога ќе одите по умот на еден болен човек кој не знае што прави, односно прави се' што надворешните нарачатели му советуваат да прави? - времето ќе ни каже, за сигурно! Но, што после тоа?

Зоран Заев и пред да го инсталираат за претседател на македонската Влада, раката на срце, беше искрен, ама ние не му верувавме дека и навистина ќе го направи тоа што ни го ветува. Ни рече дека кога ќе дојдел на власт, и дојде, "живи луѓе ќе јадел"! И јади на очиглед на цел свет и за чудо, дури и светот му верува дека е "државник" а не човекојадец! Ние знаеме и гледаме дека парче по парче не истребува, не продава како бело робје заедно со Македонија, се игра мајтап со нашето минато, македонската сегашност, нашата иднина за која не убедува дека ќе ни бидела светла, посветла дури и од Сонцето од Кутлеш (можеби и затоа го стружи дури и од канализациските шахти низ Македонија за да не ослепиме од неговата светлина), потоа ни го укина националниот идентитет, името македонско, спомениците ни ги украси со плочки на кои им пишува дека не се наши зошто им ги подарил на Грците и Бугарите (ние не сме знаеле да ги почитуваме и чуваме, па вака со туѓи плочки треба да се гордееме, но и со  мудроста и далекувидноста негова што на време не ослободи од грижата за нив, - за нашите претци), потоа јазикот и националноста ни ги укина како непотребни, зошто како граѓани на Северна Македонија светот ќе не почитувал повеќе од што со застарелото древно име со кое  сме биле смешни и заостанати. Плука по македонската историја, култура, го гази нашиот углед во светот  и нашето човечко достоинство,  па традициите, песните, ората, документите од родните листови до посмртните ќе ни биделе поарни без зборот македонски итнт. итнт. до недоглед. И гледаите за чудо, се' што ни вети и направи и ние си го прифативме како шега. Па уште се чудиме до каде, човеков, ќе оди и ич да не се умори.

Спрема сликите кои се појавуваат на јавните информативни мрежи, ги полни салите за да им соопошти на неговите граѓани што уште му останало да направи, ама во вториот мандат и тоа ќе го довршел. Ни ветува, крстејќи се со двете раце, дури верните му следбеници ракоплескаат и викаат: Зоки, Зоки, ронејќи солзи радосници што имаат таков лидер.  А за 500 евра за работниците имало време, не му се брза, имало време. Сега е важно да ги заврши имињата на таблите низ Македонија, за да би неговиот помошник, Бујар Османи, имал што да работи-да ги контролира дали се напишани и на албански јазик.

Ви набројав  ли се' што требаше да се наброи  од ветувањата со кои мудрецот и магионичар од Муртино Зоран Заев ја започна својата света задача ветена на Меркелка, Макрон, Столтенберг, Хан, Хун...дека на време и совесно ќе ја заврши?

Ах, не, не! Неговиот најнов изум, после политичката измислена творба Северна Македонија, му е креирањето на МУЛТИЕТНИЧКИ НАРОД во неговата северџанска држава. Народ, за кој досега никој не слушнал дека постои. Но како гледаме, има уште многу идеи во главата на Зоки од Муртино, кои планира да ни ги презентира, а можеби и да ги патентира за некоја висока меѓународна награда. Можеби и за Нобелова! Ако може Горбачов да ја добие што го урна моќниот СССР или Обама, како борец за човекови права со уништување повеќе медитерански просперитетни држави заедно со Бушевите претседатели, зошто не би и нашиот роден Нобеловец кој си го продаде својот сопствен народ ѓутуре со цела земја? 

Денес по се' изгледа, дека се' е можно макар човек и целата планета да ја запали, да биде  награден со највисоки ордени за зслуги за човештвото.

Драги мои, зарем и понатака мирно ќе го гледаме македонскиот џелат и див монструм како се изживува и срамно игра мајтап со своите лудории?  Зарем сите заедно сме послаби од еден умно болен човек или толку хипнотизирани и застрашени од некои си надворешни сили кои неможат и самите да си ги решат проблемите во своите земји? 

Со нашето масовно не чинење или чинење во полза на криминалните македонски властодршци постануваме и самите криминалци и непријатели на самите себеси и на нашата татковина Македонија! Само со песни, ора, и мирни протести не се брани татковината која е во смртна опасност од исчезнување, заедно со нас!

Ќе можеме ли мирно и со чиста совест да им објасниме на генерациите што доаѓаат какви луѓе сме биле кога сме си дозволиле да бидеме истерани од својата земја како овци? Јас неможам и затоа ќе се борам со пишани зборови кои ќе остават траги за нашата неодговорност  и неспособност да се одбраниме самите од себеси, а уште помалку својата татковина, за која катадневно пееме песни дека животот го даваме, ама неа не ја даваме!

 ДО СЛОБОДА И ЧЕСЕН ЖИВОТ, САМО  СО СИЛЕН ОТПОР!

 

За секогаш Ваш, Сотир!

Професорка Наташа Котлар

 

 

Професорка Наташа Котлар

  НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ДРУГО ОД ТИЕ ШТО СЕ ОТКАЖАА ОД АСНОМ

***********

 

03 декември 2019

Професорката Наташа Котлар од Институтот за национална историја не е изненадена од "навидум небрежната умнотија 'мултиетнички народ' на премиерот Зоран Заев, бидејќи "не ни може друго да се очекува од тие што први се откажаа од АСНОМ".

**************

"МУЛТИЕТНИЧКИ НАРОД"!?

Не изненадува што патрикот на 'северната идеологија' и неговата дружина, деновиве го промовираа поимот 'мултиетнички народ', се' уште неидентификуван, непознат, барем во современата научна мисла. Ова е резултат на две нешта - на необразованост на оние кои ја промовираат оваа навидум 'небрежна умнотија', но и на суптилна тенденција на оние (големите) кои ги користат првите, заради мистификација и олеснат инжинеринг во политичката намера. Не може ни да очекуваме нешто друго, од оние кои први се откажаа од АСНОМ-ските одредби, најпрвин во Уставот, а потоа и воопшто, односно од словото на Манифестот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, народностите во Македонија и до македонската емиграција. Сега е појасно зошто се откажаа од таа содржина бидејќи таму се зборува за МАКЕДОНСКИ НАРОД" (се спомнува преку десетина пати) како реален фактор со историска оправданост на суверенитет на својата земја и на политичкиот живот. Значи народот, во нашиот случај македонскиот, е тој што води борба и постигнува одредени успеси или неуспеси, создава идентитет на конкретниот простор. И за разлика од другите народи, единствено македонскиот народ во својот историски 'од и во услови на туѓа власт (политичка и духовна) се сообразил со митско-генеративната моќ на името Македонија, во однос на јазикот (македонски народен говор), црквата (Охридската архиепископија, како македонска), народноста - Македонец, државотворноста-македонска држава. При тоа, во тие борби тој го изодува патот од географското поврзување (со регионот): Македонија-македонски, преку политичкото издвојување: Македонија на Македонците, до народното зреење: Македонија-Македонец. Во ова смисла е и сведоштвото на високиот руски дипломат А.Петрјаев (1909), имено дека 'доколку бидат изделени од класификацијата наполно определените и самостојни типови: Турците, Евреите и Циганите... тогаш останатото (македонско, б.н.) население претставува самото по себе свој наполно посебен, смешан 'македонски' тип, кој што е неможно да биде подведен под ниту една од етнографските групи. Сите именувања, што му се даваат нему-Бугари, Грци, Срби, Албанци и Романци (Куцо-Власи) се јавуваат единствено како политички етикети, што му ги натрапуваат соседните со Македонија балкански држави, вака или онаку заинтересирани за нејзината судбина'. 

На оваа тема има уште многу, многу да се беседи...! Но во меѓувреме наша задача е да ги имаме пред  се' македонските интереси-развој  на политичката филозофија и култура, економскиот развој (без окупација, измами и проневери, стручност, а не партиска припадност), внатрешна стабилност и почитување на закони, развој на науката, културата и секако основното АСНОМ-ско настојување одделување на државата од партијата, за да се изгради здраво општество, со доследна и конзистентна внатрешна и надворешна политика", порача Котлар на Фејсбук.

ekspres.mk

Роберт Димитриевски

Роберт Димитриевски

ДРВЕНОТО ЖЕЛЕЗО НА ЗАЕВ И НА ОСМАНИ

 

05 декември 2019

И без да аплицираат, Зоран Заев и Бујар Османи заслужија лавовски дел од средствата за подршка на изумите од Фондот за иновации и технолошки развој. Првиот измисли "(македонски) мултиетнички народ", а вториот смисли создавање мултиетничка држава од Македонија со Законот за употреба на јазиците.

"Јас и мојот мултиетнички народ сме навистина среќни луѓе", ќе рече Заев во обраќањето при добивањето на наградата "Исабег Исхаковиќ" во Сараево. Обидувајќи се да докаже дека не треснал уште една "зелена", премиерот во заминување ќе ја реафирмира својата иновација и во изјава од самитот на НАТО во Лондон : "Бидете горди и среќни почитувани мои сограѓани. Македонскиот мултиетнички народ успеа".

Епохално откритие, нема што. Науката досега го поврзуваше поимот народ со еден етнос, па има(в)ме македонски народ, бугарски, грчки, албански, српски, германски, шпански итн. Но, благодарејќи на сестраниот креативец од Муртино, наскоро може да се очекува навала од научници од цел свет во Македонија за одблиску да се запознае со чудото невидено еден народ да е составен од повеќе етноси. Ќе пукнат од љубомора што прво ним не им текна тоа што го промовира Заев.

Штета што веќе ги прогласија добитниците на Нобеловата награда за годинава, која, сега се гледа, неоправдано го одмина, но за следната веќе е "печен" шампионот во иновативност меѓу мултиетничките Македонци. Што и да (му) значи тоа...

Засега, единствен што може да му го загрози приматот е Османи. За вицепремиерот за евроинтеграции, Законот за јазиците да ти бил "автентична рефлексија на Рамковниот договор, но и на потребата за создавање европска мултиетничка и функционална држава". Одлично. Значи, "ничим изазван", потпретседателот на Владата сака да каже дека е Македонија не е ни европска, ни мултиетничка, ни функционална држава, па и' беше потребен закон за двојазичност за да се "создаде" (како) таква?

Од друга страна, постои ли држава во светот што не е мултиетничка, односно барем двајца нејзини државјани да немаат различна етничка припадност меѓусебе и во однос на мнозинството? Ако е така, а така е, како може да се создава нешто што веќе е содадено, во случајов мултиетничноста, макар и на навидум функционална држава каква што е Македонија под власта на Зоќи и компанија, знае само Бујар.

Од железни опинци, кои вети дека ќе ги обуе ако просечната плата во државава не достигне 500 евра во неговиот мандат, Заев дотурка до државно железо, каква што му е теоријата за мултиетнички народ. Османи, пак, да не остане покус, верно го следи во чекор со мулти-култи мудролиите.

(Мултиетнички) народ со вакви иноватори не треба да се грижи за својата иднина. Не во НАТО, во НАСА ќе го примат.

П.С. Живо ме интересира како би си поминал Заев кога би пробал, на пример, Албанците да ги просветли со тоа што ќе им се обраќа како на "мултиетнички албански народ". Или Османи да се обиде на сонародниците во Албанија да им ја продаде тезата за двојазичноста (да речеме, македонскиот јазик да се употребува на целата територија на Албанија заедно со албанскиот) како автентична рефлексија на потребата за европска, мултиетничка и функционална држава...

expres.mk  

 МИСЛЕЊЕТО НА ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА "ПЕТ ПАРИ" НЕ ВРЕДИ ЗА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ

*****************

 

07 декември 2019

Три албански политички партии реагираа бурно на заклучоците на Венецијанската комисија која немаше позитивни оценки за законот протуркан со европско знаменце-без опозиција, неприменлив и со непримерно големи казни за неспроведување.

По вчерашниот Извештај од Венеција, реагираа Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива, кои имаат единствен став, односно дека Албанците не се малцинство и дека албанскиот јазик треба повторно уставно да се регулира, пренесува Алсат М.

Алијансата за Албанците смета дека од Венецијанската комисија не требало да  се бара мислење за целиот закон, туку само за одредбите кои ја регулираат употребата на албанскиот на банкнотите и во војската.

Од движењето Беса констатираат дека не треба да се создаде впечаток оти Законот за јазиците им дава на Албанците нешто повеќе од тоа што им следува.

Лидерот на Беса смета дека е реално албанскиот да се регулира со Устав и оти ќе се ангажира да ги обедини сите албански партии за реализирање на оваа цел.

За партијата Алтернатива решавањето на проблемот е во уставно решение кое ќе ги затвори внатрешните спорови.

"Албанскиот јазик не е официјализиран, туку е само унапреден. Исто така имаме кажано дека официјализирањето на албанскиот јазик не се врши со закони кои се изготвуваат преку ноќ и во рамките на две партии, затоа што потоа произлегуваат вакви последици. Ние сметаме дека во нашата земја треба суштински да се редефинира моделот на јазичната политика произведувајќи двојазична држава што би се регулирало и со Устав. Потоа, не би имало оспорувања од никого", велат од Алтернатива.

expres.mk

Професор Горан Калоѓера

Професор Горан Калоѓера

МУЛТИЕТНИЧКИ НАРОД? ИМА МАКЕДОНСКИ НАРОД И МАЛЦИНСТВА ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

**************

 

07 декември 2019

Донеодамнешниот почесен конзул на Македонија во Хрватска, Горан Калоѓера, кратко и јасно за оксиморонот "македонски мултиетнички народ" што го измисли и упорно го турка премиерот Зоран Заев:

"Каков мултиетнички народ? Постои македонски народ и национални малцнства во македонската држава", објави Калоѓера на Фејсбук пред да го цитира македонскиот писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач Ѓорѓија Пулевски: "Народ - тоа се луѓе што се од еден род и кои зборуваат на еден јазик, кои живеат и се дружат меѓусебно и имаат обичаи, песни и веселби. Тие луѓе ги викаат народ, а местото каде што живее народот се нарекува татковина. Така, Македонците се народ и нивното место е Македонија".

https://expres.mk   

Бранко Ѓорѓиевски

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************

 

Авторот на песната "Каде сте Македончиња" е од скопското село Драчево, а сега живее во Перт-Австралија. За првпат таа беше испеана на Првата светска средба на децата - бегалци, одржана во Скопје, во 1988 година.

 

 

КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА 

Илјада деветсточетириесет и осмата
Егеј наш македонски солзи пролеа,
од гради топли мајчински дечиња се откинаа,
по секаде распрснаа, детски игри си оставија.

Каде сте Македончиња,
каде сте, кај отидовте,
жално плаче мајка егејска,
за вас плаче Македонија.

Далечна е пролетта четириесет и осмата,
далечно е детството, детство минато,
спомен тажен остана за родна куќа таткова,
зборот плаче мајчински, мајка не заборавајте.

Европа, Канада, Америка, Австралија,
Гласови сложно кренаа Македонците,
И ние право имаме слободно да живееме,
Во земја наша таткова, мила Македонија.
**************
Бранко Ѓорѓиевски

 

ВИДЕОТЕКА

Kind regards: 11 декември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 255