СО ЉУБОВ ОД АВСТРАЛИЈА

Сотир Гроздановски-Македонски

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

И ТАНЕЦ ВОВЛЕЧЕН ВО ИГРАТА НА ЗАЕВИЗМОТ

**********

 

Заевизмот својата отровна стрела ја впери и кон Македонскиот фолклорен ансамбал Танец, вистинскиот преостанат дијамант на македонската култура! Зарем беше потребно во овие игри на денешните властодршци да се вовлече  фолклорот и песната, македонските бисери прочуени и високо вреднувани од светската културна заедница? Зарем покрај  културните установи кои доживееа слом од  игрите на Заев требаше во политичката ујдурма да се вовлече и македонската песна и македонското оро, од Тешкото и Елено моме до Македонско девојче? Зарем се' што и' е нанесено на Македонија не им е доста, туку сега треба да ни ја извадат и душата? По мое мислење, овој очајнички удар на се' што е одамна всадено во душите и срцата на Македонците нема да успее. Нема да успее, затоа што неговата цел одамна е прочитана: да се уништи кохезијата на македонскиот народ! Да се продлабочи јазот меѓу Македонците во земјата и Македонците надвор од неа. Зошто, само на тој начин би можеле да ја докусурат и нивната и нашата Татковина. Но во стравот од иднината која не се подготвени да ја дочекаат, се' подлабоко тонат во калта заедно и Заев и многу како него! Инаку, на кого му се потребни "мудрите" зборови на "правиот" новинар со црни наочари шарена пиџама и намуртени муцки кои велат:

"ДО КОГА ЌЕ ТРПИМЕ ЛАГИ, ИНТРИГИ И ЛИГУШИ ЛАЖНИ ПАТРИОТИ? ТОА Е ГОЛЕМ ТОВАР И БОЛЕСТ КОЈ ТРЕБА МАЈКА МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ИСКОРЕНИ!" Ете тоа е "правиот" новинар на "Македонска Нација", Александар Џеповски, како Македонија да е негова мајка, а за сите нас, маштеа!

Овај ме потсетува и на професорката Мирјана Најчевска која со многу недолични зборови за една универзитетска професорка го наговараше Зоран Заев, својот водач и содругар во шарената револуција, да се "отарасел" од мекедонските иселеници, бидејќи  му биле само товар на плеќите. Но не само тоа,  туку  бесрамно и неодговорно својата сопствена земја, пред домашната и светската јавност, ја нарекуваше како  ЌЕНЕФ држава во која живеела обесправена и понижена од Груевизмот  префрлувајќи ги, притоа, своите лични фрустрации врз некој чии леб јади и чија вода пие. И како гледаме, ништо добро не ни донесоа ни Груевизмот ни Заевизмот, ниту пак било која од сите други мешани  Влади през изминатите триесетина изгубени и не славни години, од распадот на заедничката држава СФРЈ, наваму! Но затоа пак, во играта на Заев беа  вовлечени многу лакоми и наивни нејзини колеги и колешки, кои денес заедно со неа, служат  за  срам и потсмев!

Наизглед "душмани", а в' сушност политички партнери, СДСМ и ДПМНЕ, кои работаат во спрега за да ја зацврстат постоејќата капитулантска ситуација во земјата, односно  Северна Македонија да ја проголта Република Македонија, неминовно треба да се заменат со Влада од вистински патриоти, луѓе способни да ја извлечкаат од хаосот досегашен и да ја поведат  државата напред за да го сочуваат достоинството и честа на Македонија и  на македонскиот народ! - дали тоа било дома или  во Грција, Бугарија, Албанија, Европа, Америка, Канада, Австралија или...  Луѓе кои својата благосостојба ќе ја бараат и најдат во благосостојбата на народот, од кој потекнуваат! Луѓе а не кодоши и неверници како Заев во служба на Грците и ДПМНЕ на Бугарите, претежно! И тоа зад грбот на Македонците, зошто немаат смелост своите намери да ги изнесат јавно и пред народот кои ги храни и пои!

Но да се вратиме на играта со Танец, кој наводно бил игнориран од иселеништвото во Австралија, а в' сушност беше искористен како фитил за понатамошно заострување на  братските односи меѓу Татковината и Македонците во светот.

Танец како Танец, секогаш ќе биде во нашите души и срца, ама тие кои сакаат да нестане како последен светол симбол на МАКЕДОНСТВОТО и долгогодишен претставник на Македонија преку играта и песната, народните обичаи и традициите на Македонците, не се и нема никогаш да бидат добредојдени! Делата на Танец  и угледот негов во светот секогаш ќе бидат сместени во културната ризница на Македонија. Тие во никој случај не и' припаѓаат на новата политичка творба на Заев, Република северна Македонија, и срам е со туѓи перја  да се китат пред надворешниот свет, а домашниот да се замаглува со арамилакот, дури и на културните вредности создавани со децении, а некои со векови, во пропагандни цели! Демек се' е во ред, ајде да играме, а куќата гори! Ако буквата "С" на Џеповски не му смета, на многу од македонскиот народ, особено на Македонците во странските земји, ите како! Да му сметаше, како што и самиот вели, тогаш ќе го видевме некаде на протестите пред Собранието, меѓу најхрабрите Македонки и пензионерите.

Ох! Немоите да бидете увредени што баш вас, Мирјана Најчевска и Александар Џеповски ве споменувам овој пат како црни овци. Не сте сами. Има и други како вас,  кои во некоја друга прилика ќе го красат, заедно со вас,  столбот на срамот!

А што се однесува до новиот директор на Танец, Мартин Вучиќ, музички уметник со семејно педигре преку татко му Драган и дедо му Миле и неговото "невино" но срамотно однесување, немам  што да додавам. Имавме  случај  со уште еден таков "чесен" и образован човек од угледно македонско семејство, ама му плукна на својот татко право во неговото лице и со потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција ја продаде и татковата и својата Македонија, за грст какарешки! Тој е, со име и презиме, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, НИКОЛА ДИМИТРОВ!

А пак што се однесува до "фантом новинарот"  чие име не било вредно да се споменува од новинарот на Македонска Нација, Александар Џеповски, можам само да изразам жалење што такви луѓе го валкаат името на весникот чии почетоци и неговата цел добро ја познавам. Македонска Нација би требало да им значи барем нешто на сите оние, кои се чувствуваат Македонци.

Во овој случај, драги мој, оганот не го пали газдата на 3 ZZZ радиостаницата  во Мелбурн, која ги застапува интересите на македонската заедница, туку луѓе како вас, Александре Џеповски, кои ги застапувате интересите на своите газди, со нечесни цели, а Македонска Нација ви служи само како параван за вашите вистински намери!

******************

ПОСЛЕДНА ВЕСТ ОД СИДНЕЈ, 24 ноември 2019.

Свеста проработи! Крвта не е вода! ТАНЕЦ им ја врати надежта на Македонците дека ништо не е готово дури не е готово. Им се врати на Македонците каде му е местото во добро и лошо! Македонските национални симболи се рефлектираа на огромното платно на сцената, посетителите и играорците  заедно ја пееа убавата македонска песна ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА, знак дека и на Заевизмот му дојде крајот. Но и солзите радосници и во моите очи!

За секогаш Ваш, Сотир!

ТАНЕЦ ВО СИДНЕЈ, 24 ноември 2019.

ИЛИНДЕНСКИ ФЕСТИВАЛ 2019-МЕЛБУРН, АВСТРАЛИЈА

**************

И оваа,  како и многу години пред тоа, во Мелбурн се одржа Илинденскиот фестивал на македонски народни песни и ора на кој учествуваа играорните друштва од Викторија и тоа: КУД Тоше Проески, КУД Танец, КУД Светлост, КУД Јане Сандански, КУД Илинден, КУД Александар Македонски и КУД Никола Карев.

Ова беше 33 годишнина на оваа заедничка прослава на играорните друштва од Викторија во која на најубав начин се прикажуваат нашите млади и прекрасни амбасадори на културата вклучени во македонските културно уметнички друштва.

Илинденскиот фестивал има долга традиција во Австралија и непрекинато се одржува уште од далечната 1988 година. Се надеваме дека овие важни културни настани на кои се собираат сите македонски културно уметнички друштва на едно место и ја прикажуваат убавината на македонскиот фолклор и песната македонска, но и љубовта спрема Македонија ќе продолжат се' дури има Македонци и во овие краеви на светот.

Извор за текстот:

http://www.australianmacedonian.com.au/mk/zaednica/

Игор Јанев

НИ ТРЕБА РАСКИНУВАЊЕ, А НЕ ПОНИШТУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

******************

РАСКИНУВАЊЕ А НЕ ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

Грција ни наметна лажна перцепција дека ние со Грција имаме (некаков) СПОР или РАЗЛИКА, а оваа перцепција и лажна парадигма е прифатена не-критички и во меѓународната заедница односно во ООН.

Ние немаме спор или разлика, ниту можеме за вакво узтавно прашање и УСТАВНА КАТЕГОРИЈА во строга домашна надлежност да имаме спор, туку една држава нас не не признава под уставното име и ова го издига на ниво на меѓународен спор или разлика, со стратегијата УНИВЕРЗАЛНО НЕПРИЗНАВАЊЕ (преку наводен, односно измислен таканаречен спор или разлика).

Сега, нашата стратегија мора да биде спротивна т.е. УНИВЕРЗАЛНО ПРИЗНАВАЊЕ на Република Македонија во ООН, покажувајќи и докажувајќи дека грчкиот т.н. спор/разлика е беспредметен, бидејќи споровите за државни имиња не постојат, а референцата е нелегална, посебно и со еден ООН механизам за уценување една суверена земја во правец само-откажување на сопствениот идентитет.

Со над 130 државни признанија ние можеме да ја ставиме на гласање Резолуцијата на ООН (во Генералното собрание на ООН) со која го продолжуваме членството во ООН како Република Македонија.

Со тоа се елиминира референцата (ДЕНОМИНАЦИЈА или на македонското прекрстување) и неосновани се преговорите за уставното име и по воспоставување на името во ОН ние стануваме универзално признати како Република Македонија, односно фактички како Македонија.

При која било идна промена на нашето уставно име, пример во Македонија или пример во Држава Македонија, ние ќе го задржиме правото и во ООН да се нарекуваме според нашиот избор содржан во Уставот на Македонија.

(Ако во Уставот е пример државното име Македонија и во ООН ќе бидеме само Македонија).

Одлуките на Генералното собрание на ООН за несушествени прашања, каде отпаѓа и гласање за продолжување членството во ООН се носат со просто мнозинство од членките присутни и кои гласаат во Генералното собрание. Со други зборови ни треба сигурна подршка од само 100 држави за ваква акција во ООН.

Натаму, кога станува збор за членските права на држава во ОН, одлуката на Генералното собрание на ООН ги обврзува сите органи на ООН и Организацијата на Обединетите нации. Генералното собрание на ООН има примарна задача и одговорност да се грижи за членските права на државите-членки на Организацијата на ОН.

Предлог Резолуција на Генералното собрание на ООН во нашиот случај содржи Одлука за продолжување членството.

Ова Нацрт резолуција може со интензивно лобирање да помине и со помал број сигурни држави кои би гласале за ваквата Резолуција од бројката 100 членки (пример ако е во сала на Генералното собрание 80 членки, ни треба само 41 држава членка, или пример ако се во сала на Генералното собрание 100 членки ни треба само 51 членка). Во случај да не успее гласањето, пример оваа година, следната година на Генералното собрание можеме пак да бараме гласање за истата (како и секоја следна година, се додека Резолуцијата не помине и продолжиме членството под Република Македонија во ООН).

http://mn.mk/komentari/ 

23 ноември 2019

Викиликс

ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА

****************

Имено, "нашите сојузници" што ни се сега "сојузници" и порано, исто така, ни биле "сојузници"!

Генералот Флит заедно со атинските офицери некаде во Костурско а во подножјето лежат мртви македонски борци!

Скопје после бомбардирањето на НАТО 1943.

На 16-ти ноември 1943 година во раните утрински часови 12-тата воена ескадрила на јужното крило на сојузните сили, подоцна трансформирано во јужно крило, на НАТО стационирани во Тунис и на Сицилија под команда на извесен мајор Томпсон, вршат воздушни напади врз Македонија!? Имено, со 36 авиони бомбардери Б-25s, Скопје-Македонија го бомбардираат со 35.5 тона бомби од по 250 кг и околу 3 тона бомби од по 500 кг од 10,500 стапки (Фита) висина!?

Подоцна, по неколку години, овие исти наши "сојузници" учествуваа директно во геноцидот и етноцидот врз македонското население во егејскиот дел на Македонија !? Имено, 250 американски воени советници предводени директно од генерал потполковник Џејмс Флит (главен американски воен претставник во јужното крило на сојузните сили).

Во акциите "со кои советувале советниците на Флит" се убиени над 21.000 етнички Македонци, од егејскиот дел на Македонија, борци за самостојна Македонија! Подоцна, во поробен Костур, за заслуга му е подигнат споменик на американскиот генерал Флит!

http://mn.mk/istorija/

Алексанар Џеповски

 

 

Александар Џеповски

ЗА ТАНЕЦ, МАРТИН И ТАКАНАРЕЧЕНИОТ НОВИНАР ОД АВСТРАЛИЈА

************

 

20 ноември 2019 

Најпрво ќе го одвоиме Танец, затоа што е Македонска икона и горд Македонски Амбасадор на орото, песната и творечкиот непокор на Македонштината последниве 70 години.

Кога се промени името на државата со додавка "С", тогаш и вакви национални богатства како што е Танец стануваат мета и се' на удар на "кумовите". Не сме изненадени што некој му додава "С", но како дошло така и ќе бега "С" од Танец и името на државата. Секогаш сме го враќале дури и тогаш кога и "М" буквата не сме ја имале од Македонија.

Мартин Вучиќ е музички уметник со фамилијарно педигре преку татко му Драган и дедо му Миле. Поставен е за Директор на Танец од оваа власт, но тоа не значи дека е политички инволвиран или дека тој му додаде "С" на Танец.

Ако народот бара патриот да биде главен на Ансамбли, КУД и национални икони, дозволете да ве потсетам нешто. Лично јас имам напишано над 200 пародии против Заев, СДСМ и светската елита што ни го менува името и ни едно благодарам или зборче за сиот мој труд, да не споменувам дури и 1 евро за во клозет да не ми притреба. Ако јас го наплаќав трудот или да работев за изродите, сигурен сум дека ќе кркнев над милион евра. Но едно сум сигурен за Мартин, дека си ја гледа работата и уметноста да ги остварува колку што може и колку што треба на професионално ниво.

За таканаречениот новинар на кого името не вреди да му го споменувам, има свој ментор-изрод од македонската заедница кој работи за 3 333 радио станица во Мелбурн каде газдите се Грци и знаат како да палат огин.

Спомнување Грци и Бугари на Танец и Мартин во која изјавата дека новинарот е застанат со времето па да се преинакува дека Македонците се заостанати со времето е многу ниска и болна тактика познати  на Австралиските простори од приватните компаниски црквени Директори.

Танец од нив беше рекетиран во 2003 (за 100 години од Илинден во Опера Хаус Сиднеј и Мелбурн) да биде донесен на трошок на Македонската тогашна влада, сместени играорците во најефтини мотели и само платени 50 долари на ден да јадат или ако не јадат да земат понижувачки трошки што ќе им остане... аорганизаторот добро познат кој имаше долг на Американ експрес картата од преку 15,000 долари, преку ноќ си лапна преку 500.000 на сметка на Танец кои ги наполнија салите.

До кога ќе трпиме лаги, интриги и лигуши лажни патриоти? Тоа е голем товар и болест кој треба Мајка Македонија да ги искорени.

http://mn.mk/komentari/

Розита

 

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*********

РОЗИТА ХРИСТОВСКА

 

 

 

 

 

 

ЕЛАТЕ  

Се' уште ве чекам вас
мои сопатници низ мракот
во потрага по светлината.
Се загубивме скршнувајќи
кој натаму кој наваму
по безпаќата без патокази.
Елате овде вистинољупци
да се собереме на едно место
ние клетниците на веков,
оти сте мои а јас ваша,
сите родени од иста мајка
благословена од творецот
да биде вечна светлина.
Дојдете овде со остри копја
да ја пресечеме тишината
што ни го заробила гласот
та како привиденија без лица
талкаме босоноги низ трње
а крстот го загубивме негде
во сопственото проклетие.
Елате со крик и со писок
да го срушиме sидот на молкот
што ја крие беседата
заsидана низ тулите
од туѓи sидари со маски.
Sидот исправен на брегот
крај реката на вистината.
Само вдишете длабоко
оти пред нас е голема вода
со лизгави стапици на дното.
Ќе ја минеме или ќе умреме
со недоречена вистина.
Со украдена светлина
блесната на туѓо небо.
А наша е светлината
и само една е вистината.
Елате!
Тука сум.
Ве чекам.
**************
Автор: Розита Христовска, поетеса

 

 

 

ВИДЕОТЕКА

 

Kind regards: 26 ноември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 252