Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЧИЈА Е МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА? 

**************

 

21 ноември 2019

Последната сламка за спас, пред да се удави, Зоран Заев ја гледаше во НАТО. Но која полза од таква врска со воен сојуз чии пушки и топови, а особено големите "небески птици" се' уште мирисаат на македонска крв? На крвта од стотици и илјадници невини македонски жртви од времето на таканаречената граѓанска војна во Грција кои беа живи и полуживи закопувани по Грамос и Вичо планина, само затоа што беа Македонци, одредени за отстрел! Но и од времето на Втората светска војна, на секаде и по вардарскиот дел на Македонија, тогашна територија под окупација на кралството на Србите, Хрватите и Словенците. 

Зарем како членка на НАТО ќе дозволевме  нашите војници да учествуваат во следниот масакар кој ни го подготвуваат, во случај на некој граѓански немир во земјата или во некоја друга земја ставена на злосторничкиот список за ликвидирање и однародување?

Зарем со такво сценарио Зоран Заев се радуваше, та што упорно и против волјата на својот народ работеше да до тоа и дојде, само да си ја спаси својата шугава кожа од раката на македонската правда?

Зарем таква голема жртва може да се поднесе за еден злосторник и криминалец без збор и достоинство само да си ја спаси главата која, веќе, си ја ставил в' торба?

Народе мој, зарем навистина немаме никој способен и  паметен  да ја спречи катастрофата која ни ја подготвува СДСМ, Албанците но и ДПМНЕ? Зарем сите македонски безбедносни сили се' уште се под контрола на налудничави и корумпирани квази политичари?

Весниците, домашни и странски, известуваат дека францускиот NON-PAPER за владата и за Зоран Заев  бил за поздравување.  Во него се велело дека секоја добра идеја  би можела  почетокот на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ   да ги направи поефикасни, посуштински и покредибилни. Па може ли поарна идеја од исполнување на сите нивни желби како би се уништила македонската држава? Идеја со која веќе ја снема македонската држава како национална држава на Македонците и татковина на сите национални малцинства лојални на Република Македонија? Идеја за: одрекнување од националниот идентитет, од јазикот, културата, традициите, историјата, фолклорот, за менувањето на вековното национално име на земјата и народот, потоа на сите белези кои ја означуваат неговата македонска етничка припадност, бришење  на се' што потсетува на името МАКЕДОНИЈА, МАКОДОНСКИ, МАКЕДОНСКО, одрекнување од еден огромен дел од македонскиот народ кои живее надвор од Татковината,  книжевноста, уметноста,  истакнатите личности и херои од сите времиња заедно со нагрдување на нивните споменици со обележја дека им припаѓаат на Грците, Бугарите, Албанците и тнт. Треба ли уште нешто да набројувам?

Но, од сите идеи над идеите,  деградирањето на Македонците од конститутивен народ,  во граѓани на Северна Македонија е доволно Зоран Заев да оди сургун, заедно со својот СДСМ и неговата коалиција!

Може ли пониско да се оди тоа? До кога ќе ја поднесуваме неговата тиранија и јавашлук? Има ли некоја црвена линија или сме народ без достоинство, па може секој да не гази и понижува?

Во Јануари 2020 година, Северна Македонија станувала полноправна членка на НАТО. Вели со гордост Зоран Заев, сигурен дека Македонците му веруваат! Зарем тоа ќе не сочува од нешто и некого, кога не остана повеќе ништо за продавање или дарување?! НАТО може само да ги сврти  сопствените ни топови   за да не  докрајчи еднаш за секогаш без "А" да речеме! Тоа ли го очекуваме од поранешниот непријател, претворен во миротворец, со топови и атомски бомби да ни донесе благосостојба и живот за сите?!

Но, деновиве дојде вест и од царот на оружјето, Јенс Столтеберг, дека сепак нема ништо од влегување и во НАТО. Зошто? Затоа што Северна Македонија би требала да исполни уште нешто, па после тоа ќе виделе каква ќе била одлуката. Тој вели во една изјава во странски медиј вака: "Нашите воени операции и сили зависат од цивилната инфраструктура, од патишта, мостови, аеродроми и подводни телекомуникациски мрежи кои ги поврзуваат двете страни на Атлантикот. Неодамна ги обновивме основните барања за цивилна инфраструктура, кои опфаќаат и  5Г технологија". 

Спрема неговите мудри замисли, Зоран Заев би требало да земе милијарди евра кредити, за  да ги задоволи таквите стандарди на монструмот НАТО.  И сето тоа со цел побрзо да се интервенира во внатрешните работи на балканските државички, но и подалеку, како и самиот нагласува од истокот до западот.

Интересно нели? Со други зборови, зошто би не примиле во НАТО со право да  речеме и НЕ кога одлуките кои ги донесуваат не се во интерес на Република Македонија и Македонците? Кога и така македонската армија веќе подолго време е под контрола на НАТО и ги извршува нивните наредби во полза на "интернационалните" интереси: Мирот и демократијата?!

И така, уште еден  "пријател" му удри клоца  на Зоран Заев и го испушти да плива во некое мочуриште, каде му е и местото како истрошен квази политичар и како персона-нон-грата во нивното "големо" друштво!  

Следејќи ги информациите, од нашите и туѓите извори, наидов и на едно размислување, односно констатација за положбата во која Македонија е втурната од сегашните (но и од сите поранешни) македонски властодршци. 

Ганка Самоиловска Цветанова, поранешна министерка за култура  на својот Tweeter профилот  констатира дека  немало разлика меѓу Голема Албанија, Голема Србија и 'Macedonia the GReat'.

Па се разбира дека нема. Ако тоа досега не сме го знаеле, ете, Грците ни дадоа на знаење дека Македонци нема и дека  Македонија е нивна прчија,  да си играат како што сакаат! И тоа со подршка на нашите "сојузници и партнери", во чие друштво не туркаат властодршците на новата политичка творба (Република северна Македонија)  Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и цел буљук изветреани "патриоти", дури и од времињата на големата пљачка на народниот имот. Па така, Европската Унија и НАТО останаа  неостварени желби на Заев и неговите малоумни следбеници. Тоа што го бараа неговите "пријатели", одамна си го добија. Играта е завршена, сега остана на нас да си ги решаваме проблемите како знаеме и умееме. Нема џабе ниту мед, ниту млеко, драги мои!

НАТО, како наш "пријател", би можел само да ни помогне полесно и безболно Грција да не абсорбира и така конечно да се роди "Macedonia the GReat", без Македонци! 

Ќе чекаме ли за да дочекаме и тоа да се случи? Како ни одат работиве,  не сме далеку од тоа!

Веќе почна Европа да се однесува со македонските патници како со Марсовци. Ги малтретира, понижува и им се заканува со оружје, обвинувајќи ги за влегување во нејзините простори со "неисправни" патни исправи. Нивните патни исправи не им ги признаваат дека таква држава, Република Македонија, не постоела во светот.

Вистинските нелегални  емигранти од другите земји, кои навлегуваат во сите европски земји како пчели, им се добродојдени. Ним им градат куќи, им даваат работа, им даваат легални документи без да исполнат било какви критериуми, ама затоа им се погодни како гласачка машина и евтина работна сила! 

Ете, браќа и сестри, до каде дотуркавме со молчење и слепа послушност. До каде дотуркавме како ни еден народ на светов. Дотуркавме да се срамиме што сме Македонци, неидентификувана маса на суштества во сопствената земја.

И да завршам со последниот параграф на Ганка Самоилова Цветанова:

- Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган 'Macedonia the GReat'? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија! Но, што е со концептот на Бугарија, почитувана Ганка Самоиловска?

  За секогаш Ваш, Сотир!

ЖЕЛЕЗНА ЦРКВА "СВЕТИ СТЕФАН" ВО ИСТАНБУЛ ИЗГРАДЕНА ОД МАКЕДОНЦИ

********************

21 ноември 2019

Православната црква "Свети Стефан" во Цариград, позната како Железна црква, која пред 1912 година била изградена со парите на охриѓани, ресенчани, велешани и Македонци од Егејскиот дел на Македонија, на малку мина им е позната. Исто така, малкумина знаат дека во дворот на црквата се погребени многумина познати историски личности меѓу кои и Партеније Зографски, кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најстарите културни и црковни дејци од 19 век во Македонија и прв македонски митрополит. Нашето слепило, нашето омаловажување посебно на нашето градителско наследство и нашата негрижа кон нашите дејци, остава простор некој друг да ја препишува историјата и таа да ја презентира како своја.

Црквата "Свети Стефан" е изградена во 1896 година, по добивањето на султански ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црквичка. Архитектот, Ерменецот Хофсет Азнавур, предложил црквата целосно да се изгради од железни елементи, заради лошиот терен кој не бил безбеден за изградба со класичен материјал. Интересно е што македонските инвеститори од 19 век веднаш биле подготвени да инвестираат во примена на најнови светски технологии во тоа време, како што се префабрикувани лиени железни делови!?

Проектот за црквата "Свети Стефан" бил готов 1893, а потоа на тендерот за реализација работата ја добива австриската фирма "Вагнер". Тоа е иста фирма која ги има реализирано градежните проекти: покривот на дворот на Британскиот музеј во Лондон и куполата над берлинскиот Рајхстаг. Железните елементи за црквата биле пренесени со стотина бродови од Виена по Дунав и Црното Море во Цариград, а склопувањето траело три години. Архитектонскиот стил на црквата е барокни и е сличен на некои реализации на Андреа Дамјанов. Денес само неколку цркви во Австралија и македонската инвестиција во Цариград го чуваат споменот на црковното градителство во лиено железо во светот! Самата црква е посветена на кнезот Стефан Богориди, а неговите мошти се наоѓаат во олтарот иако тој бил висок и влијателен офицер на отоманската империја. Богориди е роден 1775 година во Котон, денешна Бугарија, а умира 1859 година во Цариград. Го подржувал Ѓорѓи Раковски, пријател и соработник на Константин Миладинов и организатор на тајното македонски друштво во Атина.

Во дворот на црквата се погребани многу познати личности како црковни дејци: Илирион Макариополски, Авксентиј Велешки, Паисиј Пловдивски, како и Партенија Зографски, кој е првиот македонски архимандрит произведен од страна на цариградскиот патријарх, за потоа да биде поставен за епископ на Полјанската епархија. Прво околу што се заложил новиот владика било воведување на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонските верници, со што го намалил влјанието на грчката црква. Тој е автор на многу дела со кои се создадени темелите на граматиката на македонскиот јазик. Партенија Зографски ги систематизира разликите помеѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа.

Иако црквата "Свети Стефан" е изградена од македонскиот верски и градежен занес, иако во нејзиниот двор е погребан првиот македонски владика, сепак како да е изоставена од македонската културна оставина. Добро е барем што вредностите кои ги остави македонскиот занес се со такво ниво што светското културно наследство не може, а да не се погрижи за нив.

Колку ли има македонски дејци, сјајни автори и споменици на македонската историја кои остануваат невидени и непознати за нас наследниците во оваа денешница? Македонија не ќе може да биде Македонија ако сите сјајни делови од нејзиното културно наследство им ги препушти на чување на другите. Македонија мора да ги знае и да ги чува. Затоа почит кон сите оние кои дале свој придонес во градењето на македонската културна оставштина насекаде во светот и на сите оние кои се грижат за неа.

https://vesnik-ilinden.com

Марија Конеска

Марија Конеска

ЕДНАШ ВИ НАПИШАВ И ПОТВРДУВАМ

*************

Еднаш ви напишав и потврдувам: нашиот главен проблем е што ние немаме традиција кон негување на македонските вредности! Не оставија неосознаени, слепи, боси и голи. Не се негува традицијата само преку песната, туку и во негување на спомените за големите дејци и нивните дела. Јас бев во Истанбул и ги видов сите знаменитости со кој е познат овој град. Но, признавам, ова црква не ја видов за тоа што не знаев за неа! Никој не ме подучи дека Партенија Зографски бил таму! Ретки се тие кои знаат. Србите специјално одат на Крф за да оддадат почит кон нивната војска која ги остави таму животите. Ние немаме култ кон нештата! Ние немаме ништо. Многу сум лута и на самата себе и на сите нас што дозволивме неосознаени да не водат сиве овие години.

Вчера ја исплакав мојата земја! Вчера ги закопав спомените за неа! Премногу боли сето тоа! Ве гледам како сирачиња, се гледам така и себеси! Зошто дозволивме ова да ни го направат? Зошто?!!!

Никому не простувам што ми го украдоа сонот!...Прошка не постои, само освета!!!...Бојкот на секој морон што ќе се обиде да организира избори во украдена држава!...

https://www.facebook.com/marija.koneska

Академик Блаже Конески

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА 

 

ВЕЗИЛКА

Везилке, кажи како да се роди
проста и строга македонска песна
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?

-Два конца парај од срцето, драги,
едниот црн е, а другиот црвен,
едниот буди морничави таги,
другиот копнеж и светол и стрвен.

Па со нив вези еднолична низа,
песна од копнеж и песна од мака,
ко јас што везам на ленена риза
ракав за бела невестинска рака.

Судбинско нешто се плело за века
од двете нишки, два созвучни збора,
едната буди темница што штрека,
другата буди вкрвавена зора.

Везилке, крени наведена лика,
погледај в небо во претпладне златно:
се шари таму и чудесно блика
твојата везба на синото платно.

За тебе нема ни вечерен запад,
ти - морно око на трепетна срна.
Две бои таму ти горат и капат,
две шарки твои - црвена и црна.

Зар не се плашиш од јаркоста нивна,
и најмил спомен дека ќе ти згасат?
Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
дните ти минат, прокоби се гласат.

- И најмал спомен што в душа ми блесна
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
Но ти што ловиш звук на чудна песна,
ти си ја кажа судбината своја.
**************
Блаже Конески

 **************

 

ЗБОР ДВА ЗА ЉУБЕН ТАШКОВСКИ, поет

Јосип Бродски ќе рече: "Навредите и страдањата на поетот се сосем поинакви од навредите и страдањата на сите други".

***

Љубен Ташковски е роден 1931-1994 година во Струмица. Ако зборуваме за поет кој целото негово творештво го бележи со носталгични ноти кон родниот крај на родителите и го воспева ЈУГОТ како своевидна страотна приказна за животот, тогаш ќе го препознаеме по неговата поезија која се вклопува во насловот: ЗА НАС НЕМА ЗБОГУМ. Препознатлив по својот опус и пишување, Љубен Ташковски ни остава простор да се продолжи она, за кое тој пее во својата поезија. Со таговна мисла за Егејот, кој му недостига во разулавените мигови кога и самиот се чувствува опкружен со "шушкачи" и клеветења во ограничениот простор, пишува за песната која има режимски услови, но негова е победата. Ја чувствува својата нарација и љубов, кај што во своите стихови со молба, истовремено се обраќа кон својата љубена КАТЕРИНА со непокор оддалечен од себе се обидува да ја удостој со љубов, како љубов со југовина за која мечтае до бунило. Боледува по отвореното море, кога бара широко море да се излее таа болка, таа неуништива спрега, која го повикува да се искачи на Беаз Куле и од таму да пее и да пие до бескрај...

Да повикува за отвореност на беспокојот, за мислата која го измачува, истовремено умее да го насочува своето сетило кон поезијата, која нема ниту почеток, ниту крај на воспевање.

Љубен Ташковски е поет на своето време, кога поезијата се величи и се насетува говорејќи поетично на самите поседенки. Секогаш расположен поетски да се надмудрува со собеседите и со времето. Времето кое го негира постоењето на ЕГЕЈОТ, на Кукуш, на Воден...

Копнежот се воспева во стихови а на политичката гарнитура му дава можност за создавање фамозни прекршувања на Југо-системот. Поетот, независен од опкружувањето пее за неисполнетата желба, за недостижен Беломорски оган кој може да се натопи со вино и РУМЕНЛИИ. Девојките од Кукуш ќе го носат на грб, од лејки вино да пие, ќе му купат од Солун нараквици, од Кавала шал, а од Драма свеќи да го осветли гробот на дедо му.

Стиховите за татко му се испеани во мигот кога е Љубен покрај одарот и носат завет во неговата искреност. Сепак стиховите испеани за мајка му се тажни, полни со болка и љубов. И пак во своите стихови ќе повика на здружување:

О, ЗА ТАА ЗЕМЈА
ТРЕБА ДА СЕ УМИРА
ДОДЕКА Е ВРЕМЕ
ДОДЕКА СМЕ СИТЕ СЕ' УШТЕ ЖИВИ!

И во еден миг, во еден посебен очај ќе воскликне:

О, НЕСРЕЌО, САМО ТИ СИ МИ ВЕРНА,
САМО ТИ СИ МИ - ВЕРНА!

Љубен Ташковски е поет кој во себе ја понесе болката и љубовта за Егејот именуван со прекар на мајка му. Македонија роди голем поет, каков што е нашиот современик Љубен Ташковски со наследени генетички особини кај својот син Братислав, кој му се оддолжува што го продолжува неговиот глас, гласот на Македонија.

Пишува: Марија Воденска-Маре

Од шестата средба ( 25 јули 1986) на писатели од егејскиот дел на Македонија од лево: Ката Мисиркова, Иван Чаповски, Марија Воденска, Коле Мангов, Анте Поповски, (?) и Љубен Ташковски.

ВЕЧЕРВА БИ СЕ НАПИЛ КАКО ЗЕМЈА

Вечерва би отпатувал во Солун
и би се напил како земја
и би се качил на Беаз Куле
и би запеал една таткова песна
и би влегол во ветерот
и би влегол во морето
и би гледал како се слева
Вардар во Егеј
и би се претворил во Галеб
и би отпатувал во Кавала
и таму би пиел
и таму би пеел
се' дури срцето да ми стане пламен
а грлото ГРОМ.
"О, за таа земја
треба да се умира
додека е време
додека сме сите се' уште живи...
О, несреќо, само ти си ми верна,
Само ти си ми верна..."
***************
Автор, Љубен Ташковски

Kind regards: 21 ноември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 251

 

ВИДЕОТЕКА