Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА

******

Титовите, често повторувани слоган и опомена:  "другари, да бидеме секогаш будни, зошто непријателот никогаш не спие!"- ни се исполнија, зошто со распаѓањето на СФРЈ и скоро едногласниот референдум за независност и самостојност на Македонија, го разбудивме sверот кој чекаше над 100 години да си ја исправи грешката од 1912/1913 година. Не распарча, тогаш, и половина  народ  изеде, ама  заборави само едно: македонската ПУЗА да ја изгасни. Заборави дека Македонците се библиски народ и неуништив, ама сепак ранлив. Ранлив, но,   како и Фениксот,  одново се раѓа и  уште посилен! И вистина тоа  се случи! Од дел на заедничката држава СФРЈ израсна во самостојна, суверена и независна Република Македонија. Но не за долго! Зошто европските непријатели и нејзините собраќа никогаш не спијат, кога се во прашање  интересите. Ма било какви и колкави да се. 

Слаткиот (на изглед) колач кој ни го нудеа ти бил замесен со пелин, кој сите наши големци од владата на Северна Македонија ќе мораат да го проголтаат и на крајот да се отрујат. Но сепак, ќе го почувствуваме и  ние и ако упорно верувавме и веруваме во вистината, која беше цело време на наша страна. Да, баш така! Волкот кожата ја менува, ама табиетот никогш. 

За да се уверевме во Титовите опомени, не требаше да одиме далеку. Тие ти биле со нас, зад нас, пред нас и на секаде околу нас.  Нешто како "вонземјани", чекајќи ја само командата од своите наредбодавци, за да ја почнат офанзивата за разнебитување на Македонија и обезличување на македонскиот народ. Посебно Македонците,  избрани за отстрел. И така се случи!

За чудо, наредбодавците си гледаа сеир, како да е целата работа театар со добро платени и извежбани глумци. Секогаш  на наша страна и дарежливи, дури за неверување: Не признаа; не помагаа со нешта на кои одамна им истекнал рокот на употребливост; не тапкаа "братски" по рамена; ни ветуваа мед и млеко кога ќе им се придружиме во нивниот "величенствен" и господски клуб ЕУ; дека НАТО ќе не чувал од сите, само не од самите себе; и одеднаш кога се разбудивме, видовме дека сме сонувале. И тоа долги години, верувајќи дека сме безбедни во нашата држава, зошто во неа "владее" правото и правдата.

Ако се вратиме малку наназад во скорешното минато, кога се полакомивме по медот и млекото на НАТО и Еверопската Унија, ќе видиме колку бевме наивни и невнимателни. Ќе видиме дека тие беа само стапица со мамец на кои наседнавме и од кои не ќе биде лесно да се ослободиме. 

Ја изгубивме Македонија каква сме ја познавале и љубеле, македонскиот идентитет го нема повеќе, се откажавме од иселениците  зошто биле товар  за некои политички празноглавци, ги нагрдивме сите споменици на минатите и сегашните славни предци, и од како сите работи беа при крај, како и секогаш, пријателите на Зоран Заев му дадоа одбиеница и датумот за преговори си остана само пуста желба, неисполеното ветување и најобична лага. Меѓутоа, Зоран Заев и понатака си игра победничка ролја, зошто толку му држи умот. 

Научил ли македонскиот Зајко Кукурајко барем нешто од сета оваа ујдурма со вештици или и понатака си остана каков од секогаш бил: обичен коцкар и слаткоречив криминалец? Зоран Заев научил ли нешто од сите злодела кои им ги направил на Македонија, и не само  на Република Македонија, туку на цела Македонија и цел македонски народ дома и на секаде во светот? Научил ли дека е пуштен низ вода од своите "пријатели" зошто такви како него на никого не му се потребни?

За чудење! - педа човек, ама затоа полош и од бесно куче кое лае, зошто до коски е уплашен од иднината која го чека. И ќе ја дочека, зошто вратите му се на секаде затворени! 

Макрон му испрати порака да се тргне од политиките со кои ја зацрни својата сопствена земја и народ, ама тој и понатака тера инает. Продолжува да ги имплементира ветувањата дадени на Грција, Бугарија и Албанците во Македонија, се' уште верувајќи во милоста на Европа и подготвеноста да му се извинат за одбиеницата од неодамна. Меѓутоа, намерите на Европа и другите сојузници се поинакви. И не само за нас, туку и за половината од балканските државички. А тоа би била некоја врста економска унија со која би не држeле доволно далеку од себе и доволно близу  под контрола за одбрана од емигрантите кои одлучиле да ја преплават Европа и секоја балканска земја поединечно. Мал Шенген, регион од помал интерес за Западот, но сепак користен за апсорбирање на  нивните мигранти и за разводнување на нашите народи. Разводнување со луѓе без национални чувства, за полесно експлоатирање на богатствата кои ги поседуваме. 

Тој "хуман" процес е во тек, а пробен полигон  стана Србија. Како ни наводи српскиот WEBTRIBUNE, амбасадорите на Германија и на САД на сред Белград отвориле модерна пицерија "PICA LAGANICA" како социјално претпријатие и "силна" инвестиција, за подобрување  на животот на новодојденците.

Па, Зоране! - веројатно и ти најде некој инвеститор да ни отвори барем некоја поголема пицерија или Burger King, за да им го подобриш животот на војните бегалци од Азија, Средниот исток и Африка.

А што е со животот на твојот народ, ветуван и одложувам за некои други времиња? Можеби во другиот мандат, за кој се подготвуваш, со помош на твоите домашни пријатели и оние кои треба да ги внесеш во земјата?

Ти си ја заврши својата неславна работа, наградата  веројатно си ја добил и затоа поарно е и за себе и за сите нас да си одиш дури се' уште имаш време. Бродот и така ти тоне а глувците ти избегаа. Ти остана сам на палуба и запенет сав,  извикуваш: 

- историјата сепак ќе ме памети како ГРОБАР И  ЧОВЕК КОЈ И' ГО СМЕНИЛ ИМЕТО,  ЈА ПОГРЕБAЛ  МАКЕДОНИЈА И ИМ ГО РАСПРОДАЛ ИДЕНТИТЕТОТ НА СВОЈОТ НАРОД! 

Па Зоране, тоа што е многу, многу е и ако е од тебе, но сепак, клопчето се одмотува!

За секогаш, Ваш Сотир!

*******************

 

ЗОШТО БУГАРИТЕ НЕМААТ ПРАВО НА ЗАЕДНИЧКА ПРОСЛАВА НА ИЛИНДЕН

*************

Јас, со чисто национално чувство како Македонец, ослободен од секакви соседни пропагандистички влијанија, без хипотеки и предрасуди од претходниот систем и без потреба да се додворувам на било која политичка опција, не можам да се воздржам, а да не им одговорам на нашите премиери зошто Бугарите немаат право на заедничка прослава на Илинденското востание, потенцирам Илинденското, а не Илинденско-преображенско востание.

Ќе почнам по ред и ќе се осврнам само на ставовите на г-динотГеоргиевски во однос на историјата, објавени на неговиот Фејсбук профил без да навлегувам во анализа за исправноста на досегашната политика на ДПМНЕ кон Бугарија, или сегашната на СДСМ.

Прво, тврдењето дека првото име на МПО всушност било БМОРК, се заснова на  манипулирање поради сиромашната историографиска документација. Всушност, можеби и не е толку сиромашна и се крие некаде по бугарските архиви, но за жал е недостапна за пошироката јавност и историчарите, како што впрочем се кријат од почироката јавност и многу други личности и документи кои не одат во прилог на великобугарските тези на Софија. БМОРК (Б'лгаро-македоно.одрински револуционерен комитет) е еден безочен фалсификат кој многу лесно е прифатен од страна на некои историчари од соседството. Ниту еден од македонските дејци и основачи на МПО не споменува такво име на организацијата во нивните спомени запишувани и објавувани токму во Софија. Не пости ниту еден документ со печат со такво име на организацијата. Едноставно, фалсификаторите го превиделе овој момент и заборавиле да креираат барем еден таков документ.

Во врска со Егзархијата и односите на МПО кон неа, доволно е само да се погледне во спомените на Ѓорче Петров објавени во Софија. Имено, Ѓорче го определи антиегзархиското движење меѓу македонската младина како прв чекор кон извојување на самостојност во делувањето во внатрешноста.

Дека најголемата финансиска помош доаѓала од Бугарија се согласувам, но од македонската емиграција која таму била најбројна. Во истите спомени на Петров може добро да се прочита дали и колкава помош дошла конкретно од бугарската држава?

Зошто на некои македонски дејци не им пречело да бидат ословувани како македонски Бугари, зошто Гоце предавал на литературен бугарски јазик, зошто преписките и сите официјални документи на организацијата  се на литературен бугарски јазик како што вели г.динот Георгиевски и како суштинско значење има сето тоа, во некоја друга прилика.

Исто така, во некоја друга прилика можеме да дискутираме дали еден, барем еден од македонските револуционерни дејци се идентификувал со бугарскиот хан Аспарух. Од друга страна пак, колку од највидните македонски дејци себе си се сметале за директни потомци на Александар и Филип Македонски, нешто за кое Георгиевски со своите пријатели од Бугарија иронично се потсмеваат, заборавајќи протиа дека самиот тој на митинг во Скопје на ноември 1990 година ги величеше и се восхитуваше со античките Македонци како наши директни предци.

Го споменува и Борис Сарафов како бугарски офицер-командант во Илинденското востание. Веројатно дека г-динот Георгиевски знае дека на Рилскиот конгрес  1905 Сарафов, според уставот и правилникот на организацијата, требало да биде осуден на смрт токму затоа што дозволил мешање, односно прифатл помош од туѓи влади (се мисли на српската и бугарската). Зошто е донесена и одлука за испраќање на одлучно писмо до бугарскиот генерал Цончев за распуштање на Врховниот комитет. Истиот тој Сарафов, пред да се стави во служба на софискиот двор, на крајот на 19-от век изјавуваше: "Ние не сме ниту Бугари, ниту Срби, ами просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од српскиот и бугарскиот... Но, Бугарите и Србите треба да знаат дека Македонија е само за Македонците".

Но, за сите овие тези во некоја друга прилика.

Но, да се вратам на основната идеја-зошто Бугарите немаат право на заедничко слвење на Илинденското востание.

Имено, треба на сите да им биде кристално јасно дека ВНАТРЕШНИОТ КАРАКТЕР, независноста и самостојноста на организацијата, на делото и на Илинденското востание, никогаш и во ниту еден момент не биле доведени во прашање. Напротив, биле бранети со сите можни средства. Ако се погледне и самиот нашин на делување на македонските револуционери, многу лесно може да се заклучи дали треба или не треба да се дозволи заедничка прослава на Илинден со Бугарија.

Уште пред формирањето на МПО, во 1889 година, Коста Шахов ќе рече: "Ние не мпжеме да го бараме своето спасување со успех ниту како Грци, ниту како Срби, ниту како Бугари, тику како Македонци, на кое веруваме сите ќе погледнете со добро око..."

Еден од основачите на МПО, Петар Поп Арсов го заштитувал правото на Македонија за самоуправа како старо автохтоно право.

Делчев често пати говорел: "Ќе го наговорувате народот да смета само на себе и да ја чува независноста на Внатрашната организација... Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која и да било друга сила, туку треба да се подготвиме одвнатре...".

Посебно енергичен во одбраната на самостојноста и самобитноста на македонското дело, Делчев бил во разговорот од 1896 година со бугарскиот генерал Николаев, кому му рекол: "Ние -знаете кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа за нас е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога да се прави востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да командувате оттука., за да не внесете, како што се обидовте лани во игра на востание... Ние сметаме дека од вас, од комитетот (врховниот) и од емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари...".

Доследноста во однос на самостојноста и противењето на секакви обиди за инфилтрирање однадвор, Гоце ќе ја потврди и со зборовите: "Додека моето раме крепи пушка, Македонија е недостижна за бугарски офицер".

Сандански, чии можеби најголеми непријатели биле токму врховистичките чети со кои често доаѓал и во вооружени крвави конфликти, недосмислено изјавувал: "Ние не сакаме да ја замениме османската тиранија, османските султани со други такви, па дури и со бугарската тиранија и со бугарскиот кнез... Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна! Македонија на Македонците".

За крај, само ќе наведам една колумна на буарскиот премиер Рачо Петров од 16 август 1903 година, од арфивата на Њујорк тајмс (New York Times) во која недвосмислено изјавува дека Илинденското востание е целосно македонско движење организирано од ВМРО.

Зарем кога организаторите на востанието и неговите учесници не дозволиле мешање од страна, ние денешниве генерации ќе го дозволиме тоа при неговото одбележување=! Ќе ги затвориме очите пред сите историски факти!? Никој не ни дава право да направиме такво злодело кон сите наши македонски дејци, кои своите животи ги положија за слободна и автономна Македонија. Уште повеќе поради фактот дека највидните македонски дејци беа убиени токму по наредба на софискиот двор. Македонскиот народ не им даваше мандати ниту на новиот, ниту на некогашниот премиер за пропагирање на такви идеи.

https://www.mkd.mk

Илија Колев - економист од Штип

Бил Николов

Бил Николов

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, А НЕ НЕШТО НОВОСОЗДАДЕНО

****************

Доколку анти-македонските аргументи на Западот се променат насекаде, тогаш сите држави кои прогласија независност по падот на Железната завеса-нивните народи-би требало да се прогласат за "новосоздадени". Би требало да се каже дека и тие  немаат историја пред 1991 година. Ерменскиот геноцид не се случи бидејќи тогаш немало Ерменци. Безимени, непостоечки нелуѓе биле масакрирани од страна на Турците. Украинците имале најмногу шест години кога се емитуваше познатата епизода "Украина е игра за тебе" на серијата Сајнфелд. Голем успех за нив, да бидат спомнати во најпознатата телевизиска серија на сите времиња, и тоа само неколку години откако беа измислени како народ.

Па оттаму, кажете ми зошто овие смешни аргументи се' уште се употребуваат против Македонија? Вештачкото "шрашање за името", кое Грција го создаде за да го негира нашето постоење, како и да го негира нејзиниот прогон (и најпосле елиминирањето) на Македонците, беше прогласено за "дипломатски спор" меѓу "новосоздадената" Република Македонија и Грција, најголемиот негатор на човековите права во Европа. Грција сака светот да мисли дека нејзиното право на сопственост врз Македонија е "старо", додека македонското право на МАКЕДОНИЈА  е нешто "ново". Тие сакаат да поверувате дека независноста на една држава значи дека тогаш се создава нејзиниот народ.

Со самото тоа што сериозно размислуваме за грчките ставови значи дека одиме по умот на нашиот угнетувач. Дали би разговарале со некој кој негира дека при колонизирањето на Северна Америка брутално биле уништувани културите на домородните народи?Дали мирно би седеле кога некој го негира Холокаустот? Ако не, зошто тогаш Западот си дозволува да и' верува на Грција?

Една од причините е незнаењето. Намерното незнаење, е втората причина. Грција вети дека дека ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО и ЕУ доколку не си го смени името, па оттаму САД и Западна Европа решија да ги напуштат сите вредности за кои велеа дека им се свети-демократските принципи, почитувањето на човековите права, меѓународното право-и со сила ја принудија Македонија да влезе во НАТО.

Да не заборавиме дека и Бугарија, Албанија и Србија исто така полагаат право врз Македонија. Како може Македонија одеднаш да биде грчка, бугарска, албанска и српска? Вистината е лесна за паметење-Македонија е МАКЕДОНСКА!

Не би требало да морам да го правам ова, но дозволете ми да елаборирам понатаму. Светот, вклучително и нашите угнетувачи, признава дека Македонија била поделена во Балканските војни во 1912/1913 година меѓу овие погоре наведени држави. Секоја од нив почна со притисоци за да се избрише секоја трага од Македонија и на Македонците. Иронично, Грција, која беше најгласниот негатор на Македонија, во 1988 направи шокантен потег и ја сврте својата пропаганда наопаку, и по децениии негирање одеднаш почна да го присвојува македонското име. Секако, таа се' уште тврдеше дека нашиот народ не постои, и се' уште работи за тоа да се оствари.

Оттаму, ова не е "спор" меѓу Република и Грција. Ова е културолошки геноцид против целата Македонија и сите Македонци. Преку "Преспанскиот договор", кој ни беше наметнат од западот (договор кој не е прифатен од никого), името на Македонија се менува во "Северна Македонија", а на Македонците им се негира правото на сопствен идентитет. Член 7 (2) им го отстапува името Македонија на Грците. Членот 8 (2) наложува дека група грчки дипломати ќе можат да ја изменат македонската историја и да ги променат македонските учебници. Ставете се на наше место. Обдете се, ако можете, да ми кажете дека преку ноќ јас станав "северномакедонец". А потоа престанете да се преправате дека една нација се раѓа само со создавањето на нејзината национална држава.

Каде беа тврдењата дека Македонија е грчка ред 1988 година? Грција го избриша секој спомен на Македонија откако ја анектираше македонската земја. Новоосвоената земја првично беше нарекувана "Северна Грција" и никој таму не смееше да спомене ни "М" од Македонија без сериозни последици-вклучително и смрт.

Размислете за ова на момент: македонските народни песни се полни со спомени за трагичната поделба и распарчувањето на нашата земја и нашиот народ. На мојата свадба, пријателите се егуваа со мене дека во секоја песна што се пее се споменува зборот "Македонија", А сепак, во ниту една грчка песна не се пее за Македонија. Ако Македонија навистина беше "отсекогаш грчка", тогаш секако грчкиот комплекс на повисока вредност ќе доведеше до тоа да се погрижат целиот свет да разбере дека е така. Но, напротив, додека растев во Торонто со сите други Македонџи таму, Грците постојано ни велеа дека "Македонија не постои". Новосоздадено е грчкото полагање право врз Македонија, а не правото на Македонците да го користат своето сопствено име.

МИслам дека ме разбравте, но сепак, дозволете да наведам уште неколку трагични податоци:

_ По анектирањето на македонската земја, Грција ги смени имињата на Македонците, на нивните села и градови и им даде грчки имиња. Ова беше направено со Декретот 332/1926 и со законот 85/1936 година. Целата Македонија беше под брутална странска окупација со векови наназад, но сепак имињата останаа македонски. Ако Македонија навистина била "отсекогаш грчка", тогаш сигурно имињата ќе беа грчки.

_ Когамакедонските имигранти пристигнуваа во Северна Америка во доцните години на 19-от век, на нивните документи издадени на островот Елис и на Кејот 21 под националниот опис пишуваше МАКЕДОНЕЦ, и покрај тоа шт земјата се' уште беше под Отоманска окупација. Со "Преспанскиот договор" нивните потомци треба да потрчаат во тукашната верзија на Офис плус, да купат коректор за да го избришат зборот "Македонец" од овие стари документи. 

_ Мојот прадедо се родил во 1903 година, под турска окупација. Тој остана Македонец и под грчката окупација. Остана Македонец и кога се пресели во Канада. Никакви притисоци од Грција (иод Бугарија) подржани од Западот не можат и не би смееле да ја изменат неговата изторија и да го прогласат за нешто што никогаш не бил.

неодамна ја посетив мојата 96 годишна баба во болница, каде заздравува по нејзиното боледување. Им зборуваше на англиски на лекарите и сестрите, како што секогаш го зборуваше, шармантно и со грешк. Му рече на докторот дека е "добро момци" (во множина), а една од сестрите ја прогласи за "добра девојка", додека на другата сестра и' рече "многу ќе ми недостигаш". Сите ја викаа по македонски "бабо". Акако што мојата баба секогаш вели, "сите ме милве" (сите ме сакаат-на желевски). Од неа го наследив мојот мал проблем со прекумерната самоувереност (ако тоа воопшто е проблем). И сега, по сите маки што ги има претргано од грчките окупатори-само затоа што е Македонка-дали би сакала да и' кажете дека треба да го избрише нејзиниот идентитет и да и' одредиме нов? Ако сакате, пишете ми на Твитер, па ќе ве поврзам.

Мојата гордост во македонството ја наследив од мојата баба, од моите родители и од моите предци. Жарот да се борам за мојата етничка група потекнува од... всушност, и вие сигурно би го имале истиот жар ако на вашата етничка група и' се заканува уништување. Помогнете ни. Јас би ви помогнал-и сум ви помагал.

НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА. ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ДА ГО ОДБРАНИМЕ.

Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права.

(Колумната е објавена во Foreign Policy Journal)

 

Петре М. Андреевски

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************

 

 

ПЕСНА ЗА МОЈАТА ПЕСНА 

Отспрегни се машки ветру, мој личен телалу,
надлетај го својот глас птицо и грмотевицо,
бидете редачки мои мачни посестрими
и искрај в краја пренесете ја песната за мојата песна:
За таа топола меѓу две пустини, меѓу две планини.
за тој постојан бакнеж меѓу две пречисти усти,
за тоа виножито меѓу две возбудени шуми,
за таа неизодлива ноќ меѓу две преноќишта,
за таа потпалена свеќа меѓу два непријателски черепа,
за таа мировна труба меѓу две завојувани земји,
за таа воздушна коњица меѓу два села,
меѓу две стомни вода,
за тој преотворен чадор на печурката,
за таа препрочитана телеграма меѓу два братска дожда,
за таа непомрдната Деница меѓу две оддалечени утра,
за тоа растојание меѓу два одsива,
за тие речни слабини меѓу две скарани перачки,
за тој задскриен студ меѓу две топли соби,
за тој буквар, за таа сметалка меѓу два ближни града,
за тоа засолниште меѓу две селски горештини,
за тој пејзаж, меѓу две писма, меѓу две боишта,
меѓу две Крушевски Републики,
за таа пот, за тој дијамант меѓу две стушени чела,
за таа грутка снег меѓу две детски дланки,
за тој сончев прстен, за таа рамноденица,
за таа расонета струја меѓу две растителни ноќи,
за тоа запечатено пладне меѓу две речни промаи,
за таа капка вода меѓу две суви непца,
за таа камбанарија меѓу два sидара, меѓу два sвонара,
за тоа нескротливо животно, за тоа милозливо Невреме,
за тој водопад меѓу моиве две раце,
ЗА ДЕНИЦИЈА.
**************
Петре М.Андреевски

 

 

Kind regards: 16 ноември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 250

ВИДЕОТЕКА

**********