СО ЉУБОВ КОН ТАТКОВИНАТА

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ!?

*************

По се' изгледа, драги мои, не било баш така. Овој пат Ѓаволот испадна покурназ дури и од нашиот мудрец  од Муртино. А тоа е доказ,  дека без ука, нема наука. Кој не си ја познава својата историја, а уште помалку историјата на оние кои сакаш да ги надмудриш, лошо ти се пише. Зборуваме за нашите соседи со кои Зоран Заев се фати оро да игра: Грците, Бугарите, ама и Албанците, без кои не е кадер ниту влада да состави! По секоја цена  другарот од СДСМ сака да стане и остане властодржец, ама фајде нема ако не клекне пред нив  да  ги моли да му бидат другари и "пријатели"! А за нивниот табиет и душите нивни, да не зборуваме. Ако во Албанците, кои го јадат лебот од македонското жито и го пијат виното од македонското грозје не можеш да имаш доверба, а каква игра ќе можеш да играш со "помудрите" и "посилните" од себе кои ти ја зедоа половината од земјата и сакаат уште, заедно со душата? На крај  со Грците можеше да излезе  само Филип и Александар Македонски, а со Бугарите и Албанците (Балистите) само оружјето на македонските партизани во Втората светска војна. Тоа значи, дека Македонците се кадри да се справат со секого од соседството, ако е потребно!

Никој  не смее да ги заборави овие факти кога ќе  муабети или тргува дури и со пиперки, а камо ли  со судбината на народот и  земјата македонска. На македонската земја на која  тие никогаш не стапнале, а  камо ли да е имале во посед до Балканските војни 1912/1913 година. Но со доаѓањето на Зоран Заев и неговата дружина, Никола Димитров и Радмила Шеќеринска! - да ги споменеме  само овие,  од целиот булук, недоветни изроди и велепредавници - Северно Македонци, и едните и другите и третите зедоа се' што побараа, без куршум да испукаат. Зошто? - затоа што имаа работа со аматери и неуки луѓе. А при тоа и со уценети криминалци, кои си ја бранат својата кожа! 

Иако и пилињата цврчат дека играта за влез во ЕУ и НАТО е изгубена, Зоран Заев, Стефче Пендаровски, па и албанските високи достоинственици, како Бујар Османи и слични нему, сепак, упорно трчаат по туѓите канцеларии  со надеж дека ќе најдат "пријатели" и рамено за плачење. Драги мои, во минатото на тие места и многу попаметни од вас  не нашле пријатели, туку само душмани. Тоа ни докажува дека сите  вие  кои тргнавте по умот на Зоран Заев и неговите лигуши не сте ништо друго, туку само забегани овци, кои постанаа лесен плен на европските волци кои ја изедоа, дури и половината македонска земја, а камо ли не вас!  Вие тврдоглаво и упорно тонете во пеколот (каде и припаѓате)  верувајќи дека летате кон рајот божји!  А такви како вас има многу!

Ве жалам господо, ама ниту јас не можам да ви помогнам. Ниту сакам тој грев  и злочин да и' го сторам на мојата татковина, Македонија! 

Деновиве нашиот голем "пријател" Емануел Макрон го отвори срцето и конечно го потврди тоа што сите околу него го мислат, а само тој отворено ги откри картите за нивната игра без граници! Игра без граници, за конечното решавање на таканареченото "македонско прашање" со лавовска помош на домашни изроди и ѓубриња, за  потоа да  исчезнат во своите дувла. За него, за Макрон, НАТО и ЕУ се свршена работа и ќе исчезнат, како никогаш и да не постоеле. 

Се прашуваме зошто? - па затоа што на светов каков го познаваме не им се потребни! Само соработка и натпревар меѓу народите можат да го сочуваат човештвото и ја истребат земјата од sверови како Сорос и нему слични.  Принципот купи и плати мора да се воспостави, а  предизвикување војна со послабите и кражба на нивните материјални и нематеријални богатства, да замине во историјата. 

Духот на Чарлс Де Гол излезе од Пандорината кутија и желбата да се биде свој на свое без тутор над главата постана пак актуелна. Разните ограничувања  од посилните во НАТО и ЕУ не се повеќе посакувани ниту за Французите, како и за време на големиот Чарлс Де Гол. За таа појава жив пример е и Англија, која се бори да си ја воспостави одново својата слобода на одлучивање и независност од ЕУ. 

Меѓутоа, таквата ситуација за многу  како Зоран Заев,  Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, ама и  претседателот на Северна Македонија Стефче Пендаровски, ќе биде офлеле мајко што не снајде! Зошто? - па затоа, што ќе мораат сметките да си ги платат, на било кој начин.

НАТО и Европската Унија  беа и се' уште се скривница за разни бирократи самопоставени да одлучуваат за судбината на милиони Европјани без изборен мандат од народот. Но и за  корумпирани политичари како нив. Беа и се' уште се'  опиум и фатаморгана и за жедните и уплашени македонски празноглавци. По се'  изгледа, парите и лажната слава беа многу посилни од љубовта спрема македонската држава и  сопствениот народ. Па така, откако нашите "пријатели" и "сојузници" ќе  ја напуштат  играта, ние пак ќе мораме да си ги решаваме нашите проблеми  како знаеме и умееме.

Без сомнение, ќе се изнајдат јунаци кои ќе станат на чело на колоната и ќе ја бранат и одбранат слободата и македонските национални интереси, но, и ќе ја исчистат Македонија од кодошите, изродите и велепредавниците. Ги има многу, ама се  е' можно, кога водата ќе дојде  до грло!

Ако пред тоа не се "искрадат" и му ја клизнат во Унгарија, како и нивниот пријател Никола! 

За секогаш, Ваш Сотир!

Венко Андоновски

Венко Андоновски

МАКЕДОНИЗАМ, МАКЕДОНСТВО И МАКЕДОНОЉУБИЕ - НЕ Е ИСТО!

****************

 

о5 ноември 2019

Го гледам оној ден лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на телевизија како упорно повторува дека ќе го врати македонизмот на политичка сцена. И воопшто не е свесен дека работи за некогашна СФРЈ, а богами и за Бугарите, за нивната шовинистичка кауза со која се бришат македонскиот народ, јазик и идентитет. Забележувам дека се' почесто именката "македонизам" ја користат и други видни македонски интелектуалци, новинари, политичари. И ја користат во позитивна конотација, што веќе е далечно минато на овој збор. Треба сепак, внимателно со зборовите. Треба да се знае нивното СЕГАШНО значење. Се случува некогаш да имале позитивна конотација, но со времето значењето им се излизгало, дури и до спротивност. И ако еднаш им дадеме погрешно значење, говорната заедница ги прифаќа и тоа погрешно значење се шири како вирус.

Најпрвин: нашиот врвен интелектуалец, писател, литературен критичар и теоретичар, Атанас Вангелов, во 1998 година публикуваше книга со наслов "Pro et Contra македонизми". По неа, не смее да не се знае што е "македонизам". Со својот темелен и ерудитски стил, Вангелов навести дека македонизмот има повеќе значења. Вообичаено беше, во онаа СФРЈ, под македонизам да се подразбира една национална програма, која на Македонците им дава сосема различен и независен културно-национален идентитет по однос на Србите и Бугарите. Дури и Крсте Мисирков и Блаже Конески во оваа смисла на зборот "македонизам", се вбројуваат во неговите први имиња.

Македонизмот, во таа смисла, за Македонците беше истото она што за Хрватите беше илиризмот од деветнаесеттиот век - културно-национална програма (и движење) за создавање независна држава, стандардизација на јазикот, создавање културни институции (атрибути) без кои не би можело да се говори за самостојна нација, култура, идентитет и држава (национален театар, МАНУ, универзитет, црква). Интересно е дека официјален Белград на тогашниот македонизам гледаше како нешто, ако не позитивно, тогаш барем прифатливо за една федерација, како впрочем и на другите "национални наративи" од тогашната заедничка држава: тоа беше ДОЗВОЛЕНА афирмација на еден народ. Тој "македонизам" бил идеолошки чист за Белград, зашто не инсистирал ниту на повеќе, ниту на помалку од јужнословенството. Но токму тоа прифаќање од Белград, направи од именката "македонизам" да добие и негативни конотации кај соседните држави, кои традиционално го оспоруваат македонското национално битие. Се мисли пред се' на Софија, а делумно и на Атина.

Најрпвин треба да се истакне дека бугарската филолошка наука, барем онаа што беше (а дел од неа и се' уште е) индоктринирана да не го признава македонскиот јазик (а и народ), ја преиначи семантички таа именка - "македонизам", која во множина доби уште попогрдно значење: македонизми. Тоа Бугарите го користат со значење: измислен јазик, измислена нација. Бесни глисти-македонисти. За жал, нашите врвни политичари не знаат дека бугарската политика, преку филологијата, го користи терминот "македонизам" во една сосема прецизна политичка смисла: "македонизам" е второ име за настојувањата за автономија на земјата, која, според нив, е вештачка творба на Тито, еден вид државно-културен експеримент, кој сака од една непостојна нација да направи и држава и култура.

Ако се направи лингвистичка паралела со другите балкански народи, според аналогија се добива: србизам, бугаризам, грцизам. Значењето на овие зборови е негативно: под "србизам" обично се подразбира српски збор што влегол во македонскиот. Но, исто така, се подразбира српска асимилаторска политика насочена кон некого. Истото важи и за "бугаризам" и за "грцизам". Тоа се или натрапници во морфолошка (зборовна) смисла, кои треба да се отстранат од мајчиниот јазик, или идеологии што сакаат да загосподарат со туѓ идентитет и да го избришат.

Но во нападите на македонскиот идентитет (особено од страна на Бугарите, бугарофилите Македонци, и особено во нападите врз Блаже Конески) именката "македонизам" многу често еволуираше и до "македонштина". Од искуство знаеме дека ваквите именки, кои завршуваат на -изам или на - штина лесно стануваат пејоративи: на пример, педеризам и педерштина (за духовни вредности на личноста). Едно време слушавме и за "ганетодоровизам" (израз на еден злорадосен новинар, кој тврдеше дека треба да се уништи се' што има патриотска димензија како што имаше мислата на Гане), а во седумдесеттите години на минатиот век, некои комунистички лидери ангажирани да се пресметаат со либерализмот, говореа и дека треба да се искорени "антепоповштината". Уште Блаже Конески чувствуваше дека упорните "бугарски шлагери" ја менуваат тактиката, па негацијата на МАКЕДОНСТВОТО ја ставаат под етикетата "македонизам". Македонизам за нив е нешто без автентичен корен, нешто измислено, вештачки произведено во лабориите на идеолошко-културолошкиот инжинеринг.

Затао, сите вие што не го знаете ова, не користете го зборот "македонизам" како замена за "македонство". Направете аналогија: Српство наспроти србизам и србинштина, хрватство, наспроти хрватизам и хрватштина. Или словенство, наспроти словенизам и словенштина.

Сепак, иако сум расположен кон зборот "македонство", со кој треба да се означи патриотското чувство кон се' што е македонско, морам да кажам дека најдобар збор за тоа чувство, според мене е МАКЕДОНОЉУБИЕ. Од таа именка, може за секој патриот што ја сака Македонија, да се изведе и именката МАКЕДОНОЉУБ. Тоа е значи човек Македонец, кој си ја сака својата македонса лоза. МАКЕДОНОФИЛ, пак, би бил човек странец што е вљубен во македонството, македонољубите и Македонија. Ова се само мои предлози, кои не мора да бидат прифатени од говорителите на нашиот јазик, од политичарите и општо, од говорната заедница, која обично ја именуваме како "народ".

Свесен сум дека зборовите многу тешко се прифаќаат од говорната заедница. Веќе имам пишувано дека Хрватите, во екот на лингвистичката војна со Србите, се обидоа да уфрлат маса стари хрватски зборови, кои требаше да му го вратат изворниот лик на хрватскиот јазик, наводно изложен на долготраен процес на србизација, преку идеолошкиот-лингвистички проект "српско-хрватски" јазик. Така, во Хрватска се пушти во оптек синтагмата "Круговална постаја Загреб", што значеше "Радиостаница Загреб" ("круговал" е стар хрватски збор за "радио"). Се разбира, говорната заедница го отфрли тоа политичко решение, и денес сите во Хрватска велат "радиостаница", а не "круговална постаја". Но она што мене ме збунува е: зар по неколку влади уште немаме регуларен, општоприфатен збор за македонски патриотизам.

Затоа, претпазливо со зборовите, особено со зборот "македонизам". Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе собереше многу повеќе поени ако зборуваше за "македонство", за "македонољубие" или, зошто да не, за македониумот, како единствен духовен (невпишан) елемент на Менделеевата табличка на хемиски елементи, од кој се состои само македонскиот народ, како што тврдеше и пееше во своите песни светскиот поет Анте Поповски.

Оваа колумна е само совет. Кој како ќе ја сфати-негова работа. Не би сакал зборот "македонизам" да се рашири во устите на сите, а да немаат поим дека станува збор за вирус. Некогаш југословенски, сега бугарски. Толку.

https://www.novamakedonija.com.mk

Македонски Манифест

ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ И НАРОДОТ

**************

 

30 отомври 2019

Македонски манифест навреме укажа дека Европа ниту имала ниту има намера да не' прими. Нејзините намери очигледно се поинакви, да го заокружат Букурешкиот договор и да ги избрише Македонија и Македонците од етничката карта. Навреме укажавме дека договорите со Бугарија и Грција се погубни, понижувачки, геноцидни и дека со нив не се отвораат портите на Европа, ниту се решаваат проблемите со соседите. Напротив, укажавме дека проблемите допрва доаѓаат. За жал, тоа и ни се случува. Студени тушеви, ниски удари и закани доаѓаат од сите страни. Денес мораме да кажеме и тоа дека не не' излажаа Макрон и Тимоние. Вистинските дипломати одамна ги разбраа пораките од Французите. Токму оваа сервилна и ненародна власт, заедно со нејзините недугави советници, аналитичари, бивши дипломати и новинари, упорно го  лажеше македонскиот народ дека со потпишувањето на погубните договори се отвораат портите кон ЕУ и сите проблеми со соседите се решени, а идентитетот и јазикот се заштитени. Кажаа и излажаа. Пораките што ни доаѓаат од соседството само го потврдуваат тоа: Бугарскиот парламент неодамна усвои декларација со која го негира македонскиот јазик и бара во ЕУ, наместо македонски, да се запише јазик што е предвиден со Уставот. Тие бараат да се запише безимен јазик. Нема сомнение дека тоа ќе го побараат и од ООН. Грчките водечки политичари јасно ни кажаа дека со преспанскиот договор не е признаена македонска нација, туку државјанство. За нив македонска нација и јазик не постојат. Тоа со дипломатска нота мораше да го потврди министерот за надворешни рабити Димитров.

Поранешниот вицепремиер на Грција Евангелос Венизелос неодамна ја предупреди грчката јавност дека со недавањето датум за преговори од ЕУ за Македонија, загрозен бил Прспанскиот договор, затоа што Македонија сега не ќе мора (во согласност со чл. 1 точка 10) да го користи за домашна употреба терминот Северна, се' до отворањето на поглавјата. Човеков не предупреди навреме. А што правиме ние?

Нашава власт, на чело со Заев и Димитров, наместо да ги отвори, ги затвори очите и ја става главата во песок. Згора на тоа, трча предвреме да го исполни договорот, уште пред неговото достигнување. Како некому да му се брза да наплати некое побарување. За сите овие фашизоидни и геноцидни барања од соседите, кај нас има тотален молк, во МАНУ, Владата и парламентот. Состојбата налага жесток одговор, но одговор нема. Народот е загрижен, не знае чии интереси застапуваат овие институции.

Опозицијата исто така не ја интересира геноцидната и фашизоидна декларација на бугарскиот парламент, ниту фашизоидните настапи на официјална Атина. Тргнал Мицко низ Македонија да види што мисли народот. Очигледно има слаба меморија. Заборавил дека народот своето мислење го кажа на 30 септември 2018 година, кога децидно кажа НЕ за ЕУ, НЕ за НАТО и НЕ за Преспанскиот договор. Со кое право и овластување денес и опозицијата не турка кон ЕУ и НАТО, не ни е јасно. Како да не  се во прашање опстанокот на македонската држава и народ, мислат само како да дојдат на власт. Очигледно се помирија со Преспанскиот договор и го прифатија како реалност. А македонскиот народ е измамен, обесчестен и напуштен од оние што ги гласаше. Народот е обезглавен, без вистински водач.

 

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ ЈАВНО ПОВИКУВА:

Господине Заев, извади ја главата од песок. Краен момент е да се покаеш за гревовите за македонскот народ конечно да си го врати достоинството. Тоа е можно само на еден начин.  На едностраните уцени и закани да одговориш со едностран раскин на погубните договори и враќање на нашето исконско Име што е образ и извор на нашето постоење.

Господине Мицкоски, лидер на опозиција може да биде само вистински маж - храбар и решителен. Вие не сте тоа. Трипати ветивте дека ќе го повикате народот пред Собрание и трипати излажавте. Со својата млитава политика станавте коалициски партнер на Заев и соучесник во злосторството кон македонскиот народ. Затоа препуштете му го местото на некој вистински маж. Такви има во ВМРО.

Македонски народе, земи си ги работите во свои раце. Со силни и енергични, но мирни и достоинствени протести, да си ги земеме работите во свои раце. Само на тој начин може да се спречат Вавилонските блудници и нивните домашни измеќари - одродените политички елити, кои посветено работаат на конечно бришење на македонската држава и народ. Само на овој начин може да се спречи враќање на сенките од минатото, од 1912/1913 година, кои ни донесоа толку многу зло и страдања.

Македонски манифест

Марија Воденска-Маре

 

 

Марија Воденска-Маре

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****

 

07 август 2019

 

 

 

ЕЈ, МАКЕДОНИЈО!

Дали постои ров кај што не сме стапнале
Дали постои рана од која крв наша не блика
Дали постои планина кај што не сме војувале
Дали постои утро во кое срцето наше не чука?

Сакам да си СТЕБЛО, да бидам ПЕСНА
Додека крвта моја во тебе се сели
Да сме ЦВЕТОВИ за убавина
Живот со коренита лозова биднина.

Низ моите години да чекориш Ти
Низ твојата крв да жуборам јас
Врз нашите маки и страдања
Трепетливо да се пласти времето.

Блескаво да се надвишуваме
Со време шт не знае за стареење
Да се израмнуваат годините
Да нема крај на изодување,
Низ тебе лична МАКЕДОНИЈО!

***

ЗА ТАА МАКЕДОНИЈА

Во часови сред полноќ
го слушам липањето на срцето
го стискам ридањето биз глас
за тааа моја Македонија.
Плачам за говорот нашински
за тој изгубен забранет извор
што како вино се точи низ порите.
Егеју мој!
Љубен, изгубен среде виножито
кај што крвта ми плиска со бранови
а душата ми тлее за Огражден,
Сокол, Ниџе, Воден...
Плачам, Егеју мој,
од плачот се гушам
и без болест боледувам
потоната во песна болката ја леам,
Со гнев кон себеси-
што не истраја Македонијо,
да ме запреш во својот крвоток
низ кој ничкосана ме уништуваш
со острица забодена во копнеж.
Македонијо! Одродена од родот,
уште колку разгнездено ќе корениш,
До заборав ли, Егеју Македонски?!
***********
Маре

 

Kind regards: 11 ноември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 249

 

ВИДЕОТЕКА

**************