Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗАРЕМ СЕ' УШТЕ ИМА НЕКОИ КОИ ВЕРУВААТ ВО ЗАЕВИЗМОТ?

******** 

За чудо, но и за жал, ги има! До кога? Не знам ни јас, а ниту вие драги мои! Ако ги има  меѓу оние кои се сметаат просветени, високообразовани и разумни интелектуалци од кои Македонија очекува зрелост и лидерство, како да ги нема меѓу најобичните луѓе кои чекаат помош, ма каква и да била, од оние кои владеат со државата и имаат моќ?

Ќе ме праша некои зошто го започнав денешниов текст ете така како што го започнав? Па ме предизвика последниот "историски" говор на македонскиот Минхаузен, Зоран Заев, одржан во Прилеп, на таканаречената јавна дебата со граѓаните! Во градот на македонскиот непокор, градот на 11 октомври 1941 година, градот на величенствениот споменик на Александар Македонски, подарок од Ѓорѓија Џорџ Атанасоски прилепски иселеник во Америка потоа  градот на  Марковите Кули и градот на вредните и познати тутуноберачи. 

Иако за  неполни три години од неговото штуро владеење со македонската држава Зоран Заев направи штети и злостотрства незапамтени во македонската историја, сепак, присутните во салата го пречека како свој лидер и спасител. Со што ги задолжил прилепчани та со толку ракоплескања го поздравија неговото појавување во салата исполнета со импозантен број присутни, само организаторите можат да ни дадат одговор. Најверојатно, СДСМ е поарен организатор на вакви собири!  

Да се изначуди човек, ама ете тоа е Прилеп од минатото и нешто од сегашноста!

Прилепската таканаречена јавна  трибина со граѓаните, в'сушност беше организирана и одржана како предизборна кампања и со цел, во главно, промовирање на новата политичка творба Северна Македонија и барање реизбор за Зоран Заев  да си ја заврши започнатата работа и  ги доизбриши македонските имиња до каде ќе стигне а потоа да се скраси негде  под заштита на своите западни ментори. Ако успее!

Зоран Заев и скоро сите други говорници од градскиот СДСМ на Прилеп со голема возбуда и самоувереност зборуваа за големиот напредок  на македонското општество, а уште повеќе на стопанството. Напредок кој никогаш не би бил остварен без "мудроста" на лидерот од Муртино, неговата љубов и "патриотските" чувства спрема татковината. 

Се разбира, во сите негови успеси имале заслуга и неговите  нови пријатели и сојузници Грција, Бугарија и Албанците во Македонија, зошто ете тој, Зоран Заев, ги "средил" сите проблеми кои ги обременувале добрососедските  и етничките односи во минатото. 

Старата и "застарена" Република Македонија исчезнала зошто била закана за мирот на Балканот и закана за мирот во светот. Барем така мислат заевистите!  Меѓутоа ништо за Преспанскиот и Бугарскиот договор и за "придобивките" од нив. Само, ете биле WIN-WIN игра, односно сите биле победници, а Македонците  најмногу: ново име, оголена држава, губење на македонскот идентитет и понижување на Македонците во цел свет!

Ете така, па нека пукнат душманите!

Спрема рамнодушното реагирање на дел од присутните во салата, Зоран Заев и неговите  политики изгледаа како непознаница за нив, но сепак, со внимание и пристојност  ја ислушаа неговата лидерска "беседа". На неговиот слоган за правиот пат по кој се движела државата, никој и не му посвети некое    значително внимание, гледајќи ја вистинската состојба во земјата.

Уверувањата дека конечно заживеале правото и правдата во Северна Македонија и дека граѓаните тоа го чувствуваат и по тоа што нема веќе нетрпеливост меѓу етничките заедници, нема тепачки во автобусите...не дејствуваа така уверливо како што тој посакуваше. А најмалку дека одма од утре ќе следело зголемување на платите на сите во државата, на пензиите, социјалните давања за "несреќните и неспособните" граѓани во Северна Македонија, подобрување на здравството со зголемување на медицинските плати, потоа на армијата, полицијата, земјоделците, тутунарите... Има пари нашиот буџет, драги мои сограѓани, прилепчани. Има пари, зошто ние не ги трошиме на непотребни проекти по  примерот на ВМРО-ДПМНЕ!   Ние се грижиме за нашите граѓани. И ќе се грижиме и понатака! А што се однесува до опозицијата и Христијан Мицкоски, нека си бидат опозиција дури не им дошол паметот во главите! Појасна Зоран Заев, верувајќи дека со сето тоа   ќе успее да ги увери прилепчани во својата приказна и ќе добие зелено светло на идните вонредни парламентарни избори на 12 април 2020 година.

А кога би знаеле, колку незнаат, кој е лидерот Зоран Заев и што всушност работи зад својата слаткоречивост, за сигурно би го исплукале и истерале од нивниот испоганет и посрамен град! Се разбира, доколку им е гајле за своето и национално достоинство на македонскиот народ!

За жал, многу и незнаат кој е, колку вреди велепредавникот Зоран Заев и кои се' го придружува во неговите злосторства. Дека тој е однадвор поставен претседател на македонската Влада за да ја  уништи  македонската држава и го сотре својот сопствен народ; потоа дека тој е повеќекратен вистински помилуван криминалец; одгојувач на марихуана; хохштаплер и трчај лажи мангуп какви се ретки на дуњава; изрод и велепредавник на македонските национални интереси; суштество, кое немилосрдно се пресметува со својот сопствен народ продавајќи го идентитетот на државата и на  народот; потоа човек кој се одрекнал од Македонците  во егејскот, пиринскиот и албанскиот дел на Македонија, но и од оние во Австралија, Канада, Европа, Азија  и кој уште знае каде и колку не има, сите  откинати од својата сопствена држава и татковина од разни причини. Но најповеќе заради такви како Зоран Заев и други слични нему!

Но пред се', дека Зоран Заев е гробар на својата сопствена татковина и татковината на  семејство и децата свои. 

И сето тоа само за датум кој би му овозможил да ја втурне Македонија во НАТО и Европската Унија, од кои организации никој, до сега, аир не видел;  да ги избрише доказите за тешките злосторства на бугарските, грчките и албански фашистички банди врз Македонците; но и за да си ја сочува својата кожа од правдата која му виси над главата. Му виси заради многуте криминални дела нанесени за време на неговото владеење со Струмица како градоначалник над десет години и на секаде до каде што стапнала, неговата нога!

Тој е човек  кој бега од  сопствената нечиста совест и од раката на правдата, која ги следи неговите ганстерски чекори и од која нема никогаш да побегне.

Со разнебитувањето на  македонската држава и обезличувањето на Македонците, притоа создавајќи, против волјата на народот, своја политичка творба Северна Македонија, Зоран Заев постана велепредавник и криминалец, кој ќе биде гонет до  крајот на светот.

Своето лажно и криминално однесување, недоследно за одговорен државник, Зоран Заев го докажа и со крадење на сите национални и државни белези на Република Македонија и користење како  белези на неговата политичка творба, Северна Македонија.

Тоа значи, дека новата творба создадена против волјата на Македонците е нелегална и без право на било какво материјално и нематеријално наследство кое му припаѓа само на македонскиот народ од памтивека.

Северна Македонија е приватна творба  без минато и своја историја. Без нација како основоположник на државноста, без своја територија, ниту легално избрана Влада, од мнозинскиот македонски народ, зошто се смета за натрапник - агресор и окупатор на туѓ имот.

Од тоа произлегува, дека ниту еден национален белег на  Македонија во општо,  Северна Македонија нема право да го користи како свој. Сите манипулации на заевата клика со користењето на македонската национална историја и се' друго поврзано со неа, ги одобруваат и контролираат Грците, Бугарите и Албанците. Спрема тоа, Северна Македонија е новороденче со крсни лист,  на кое ништо не пишува.

Северна Македонија е вештачка творба без минато и без визија за иднина. Политичка криминална творба што се кити со туѓи перја. За  неа македонските борци од сите времиња не се бореа и не ги положија своите животи. Тие сите се бореа и гинеа за Македонија!

Спрема тоа, користењето на сите празници и белези на Република Македонија и Македонија во целина, не и' припаѓаат на никој друг, освен на Македонците. Не на северномакедонците како натрапници на овие простори или на било кои друг од соседи. Па затоа, античкото минато, Илинденското востание 1903 година, Крушевската Република, 11 октомври 1941 заедно со  антифашистичката борба и АСНОМ од Втората светска војна, немаат никаква врска со Северна Македонија и северните Македонци зошто таков народ и таква држава ја нема во историјата, исто како и Грција, се' до нивната револуција  од 1821  и Албанија од 1913 година.

Неговиот подолг говор, конфузен и содржајно плиток, за потенцијалните  гласачи во големата прилепска сала, но и за сите кои го следеа од надвор одекнуваше како глас на очајник уплашен од своите неуспеси и недовербата во сопствена иднина. Како глас на продавач на магла, насред бел и сончев пазарен ден.

Но сепак, главната порака му беше да го сфатат како светски лидер кој знае што сака и од кого да очекува разбирање за работата која ја извршува во нивна корист.

Во врска, пак, со недобивањето датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ и НАТО вината ја префрлува на лидерите на Европската Унија, специјално на францускиот претседател Емануел Макрон, бидејќи не си ги извршиле нивните обврски спрема Северна Македонија и него, иако ги задоволил сите нивни барања.  

Па сега мој народе, како да не му се верува на овој светски "лидер" дека државата ја водел по прав пат до среќна и светла иднина и дека со својата политичка мудрост го спасил не само својот осакатен народ, туку и поголемиот дел од светот?

Лидер, кој и покрај тоа што постанал "sвезда" на Балканот и во целиот свет се споменувало неговото име, а балканските лидери  сакале со него да разговараат и добијат совети како да си ги решаваат своите внатрешни и надворешни проблеми, Европската Унија ги игнорирала неговите заслуги и со тоа направила голема историска грешка! 

Дај Боже да е макар дел од тоа вистина, па, белким некој ќе ни завиди на среќата со која нашиот Зајко Кукурајко ни  ги разубавил животите!

За секогаш Ваш, Сотир!

Професор д-р Митко Б.Панов

 Професор д-р Митко Б. Панов

ЗА ТЕНДЕНЦИИТЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ИСТОРИСКИТЕ ПОГЛАВЈА НА МАКЕДОНИЗМОТ

 Дел 1 

 

 05 октомври 2019 

 Сведоци сме на крајно апсурдните  политички претензии за определување на "историската вистина", манифестирани преку неодамнешната одлука на Владата со која беа дефинирани среднвековните личности и настани како дел од "заедничката историја" со Бугарија.

Во владината одлука беше посебно нагласено задолжително означување на "заедничките" личности од средновековието во согласност со договорените препораки на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, преточени во политичката одлука.

Како реакција на ваквите неприфатливи тенденции за догматизирање на историјата, во колумна за Експрес од 11 септември 2019 година укажав дека примената на несвојствената политичка методологија за дебатирање во комисијата, всушност резултира со прифаќањето дека интерпретацијата на бугарската национална историографија за средновековното минато, да стане "историска вистина" за македонската нација.

Тоа го потврди претседателот на бугарскиот дел од комисијата проф. Ангел Димитров, во интервју за Бугарската национална телевизија од 01 октомври 2019 година кој укажа дека е постигнат голем чекор во однос на средновековието, конкретизирајќи дека тоа првенствено се однесува на "оценката за цар Самуил како владател на Бугарија, за заедничкото чествување на Св.Климент Охридски, Св. Наум Преславски и Охридски, значењето кое беше дадено на 24 мај како типичен бугарски национален празник, улогата на бугарските владатели во текот на 9-10 век за развојот не само на бугарската држава, туку и на културата во Источна Европа и во словенскиот свет".

Бугарскиот национален предзнак во контекст на идентификувањето на договорените "заеднички" средновековни личности и процеси, што го вклучува и празнувањето на сесловенските просветители, е повеќе од евидентен.

Идентитетот на Гоце Делчев и неговото идентитетско врамување во "заедничката" историја останува засега нерешен политичко-научен проблем на комисијата и на двете раководства.

Во таа смисла, очекувањата на бугарскиот државен врв беа јавно изразени на состаноците на 18 септември 2019 година во насока на добивање гаранции за разрешување на сите спорни прашања за личностите и настаните од "заедничката" историја, што треба да опфати корекции на учебниците, соодветна промена на натписите на музеите и спомен плочите, известувањето на медиумите.

Сето тоа како залог за отворањето на перспективите на земјата за членство во ЕУ. Тоа би значело дека, по примерот на Грција, интерпретацијата на бугарскиот национален наратив ќе треба да биде применет во македонските учебници, а спомениците и музеите ќе треба соодветно да ги одбележуваат прогласените "заеднички" (бугарски) личности.

И додека бугарскиот државен врв веќе ги исцрта црвените линии, условувајќи ги ЕУ интеграциите со прифаќањето на бугарската национална историографска интерпретација за личностите и настаните од "заедничката" историја, македонскиот премиер изрази задоволство на начинот на кој "досега се затворени четири сериозни историски поглавја", што конкретно опфаќа "шест или седум значајни личности кои заедно ги чествуваме".

Притиоа, беше повикана комисијата да преземе храбри чекори, "засновани на фактите и на вистината" бидејќи "фактите и вистината се јасни". Тоа би значело дека владината визија и политичка јасност за "историската вистина", претстои само да се преточи во формален и храбар комисиски договор кој би ги опфатил и преостанатите поглавја од "заедничката" историја.

Евидентно четирите поглавја од антиката, средновековието, османлискиот период се' до периодот на Гоце Делчев, се веќе "затворени" и прогласени за "заедничка" (бугарска) историја.

Низ призма на затварањето на историските поглавја, се поставува прашањето на кој начин ќе биде реализирано најавенто одбележување на највисоко ниво на 1005-годишнината од смртта на цар Самуил на 6 октомври 2019 година.

Дали ќе се земе предвид визијата на Крсте Петков Мисирков за историските поглавја, кој во книгата За Македонските работи (1903) го идентификува Самуил како централна историска фигура во легитимирањето на македонската посебност: "ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самстојната Охридска архиепископија со нејзиното работење  на полето на народното просветување.

Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература".

Дали ќе се игнорираат заложбите на Димитрија Чуповски, како и на македонската интелигенција во Русија, фокусирани кон докажувањето на македонската етничка посебност преку истакнувањето на "моќта на македонската држав за време на владеењето на цар Самуил", кога и "познатата Охридска архиепископија била основана од големиот македонски цар Самуил".

Што ќе биде со историското поимање на Чуповски рефлектирано во статијата За македонската нација каде се констатира дека "ние сме народ-потомци на славните предци, кои во лицето на великите Кирил и Методиј им дале светлина и вистина на целиот словенски свет. Ние-наследниците на великиот цар Самуил..."

Дали ќе се земат предвид другите студии на Чуповски кои ја содржат истоветната историска порака за "македонсиот цар Самуил, кој ги вклучил во неговата македонска држава Албанија, Србија, Босна, Бугарија".

Дали ќе се спомне говорот на Мисирков пред македонските претставници на сесловенскиот состанок во Одеса во предвечерието на Првата светска војна во 1914 година кој упатил на историското право на Македонија за државност заснована на обновата на Самуиловата држава: "Македонија, таа втора Полска, исто така има законско право на манифест за нејзиното обединување и за востановување на царството на царот Самуил". Или, на Мисирковата статија Противотров (1924) во која се акцентира македонската автентичност заснована на Самуиловото лидерство: "Дали да зборувам за херојската борба на Македонците против Византија под водство на царот Самуил" која според "иницијативата, манифестираната енергија и поставените цели, ја прават чисто македонска борба".

Дали ќе се игнорира Мисирковиот рецепт за противотровот за балканските национализми и оспорувања на македонската посебност, вклучително и на историската меморија за цар Самуил, со кој се препишува македонската интелигенција да се бори преку негувањето на "независна македонска научна мисла и македонска национална свест".

Дали ќе се пренебегне фактот дека македонските револуционери и интелектуалци во периодот меѓу двете светски војни, се зафатиле со кодифицирањето на независниот македонски национален наратив, во кој Самуил бил поставен во средиштето на слободата и државноста на Македонија.

Или, што го поттикнало Војдан Чернодрински при пишувањето на драмата Драгота (1930), во која централен мотив зазема Самуиловата борба против византискиот император Василиј Втори.

Дали ќе се даде одговор на прашањето на Васил Ивановски, членот на ВМРО (Обединета) кој  го поставил во написот Зошто ние Македонците сме посебна нација, констатирајќи дека "државата на богомилскиот цар Самуил не беше втора бугарска држава како што сакаат да ја претстават бугарските буржоаски историчари, туку таа беше држава на Македонските Словени што постоеше паралелно со бугарското  и српското царство. Таа македонска словенска држава, која дури подоцна  ги  завладеала   Бугарија и Србија".

Или, пак, ќе се исклучат ставовите на историчарот и публицист Ангел Динев во книгата Македонските словени (1936) кој констатира дека Самуиловото царство произлегло од напорите на македонските словени за обнова на "македонската држава", со што најмоќниот цар Самуил "ја олицетворил величината на македонскиот дух по Александар Велики".

Што со Диневиот заклучок дека Македонците како "народ кој му ја даде азбуката на целиот словенски свет, кои ги излачи од својата утроба великиот револуционер - реформатор Богомил и Пуританецот Самуил... тој народ никогаш, никогаш нема да го заборави своето историско минато". Или, констелацијата на македонскиот револуционер и поет Коста Рацин, содржана во книгата Драговитските Богомили (1938-1940), дека цар Самуил формирал своја држава, користејќи ги притоа богомилите за свои политички цели.

Професор д-р Митко Б. Панов Редовен професор во Институтот за национална историја-Скопје.

Продолжува 

Горан Момироски

 

 Горан Момироски

ПО ЕДРЕЊЕ НЕМА КАЕЊЕ

********

 

25 октомври 2019

Има надеж за изманипулираните грешни бедни извршителски души што речиси две години не убедуваа дека со сменето име како Северномакедонци ќе ни тргне подобро напред во светлата европаска иднинина.

Има надеж за тие што излажани и притиснати употребија сила, ги злоупотребија институците, ги силуваа  уставот и законите, уценуваа пратеници, испраќаа емисари со набрекнати мускули и наполнети пиштоли.

Надежта е во покајанието.

Сега и тука. Да клекнат и да се покајат. Да признаат дека оставени во своите чунови на немирното балканско море немале сила и храброст да се спротивстават на врховните богови на лагата и предавството.

И да побараат прошка за нивните грешки, злоба, слабост, лесно свиткани кичми и историски погрешни ставови и проценки.

Но прошката и амнестијата не се генерални. За некои нема спас. Затоа што не лажеа систематски и што за малку ќе го убедеа уплашеното македонче дека е прифатливо да се вика северномакедонче ако го смени името и започне преговори за влез во ЕУ.

За тие што се' уште одат по стапките на таканаречениот лидер, лажниот месија кој денот го почнува и завршува со северна, нема прошка. Нему само Господ може да му прости што и родителите и децата си ги стави на коцка кога тврдеше додека дише нема да го смени името и уставот.

И за тој што стави потпис на договорот во Нивици, што нудеше патлиџани за полесно да се подмачка предавството и се смееше задоволно додека луѓе плачеа од мака, исто така нема прошка од обичниот човек.

За него и за неговиот шеф со кого возеа мотори додека народот стравуваше дека ќе биде поништен нема надеж. Своите имиња веќе ги напишаа во дефтерот во кој се запишани Коте од Руља  и Петар Лигушев.

За срамот и понижувањето што ни го нанесоа двајцата има посебна процедура. И посебен дел во историјата од кој нема да ги спасат ниту нивните ментори со кои се закануваат.

И двајцата одамна знаеле дека нема датум за преговори со ЕУ а упорно продаваа лаги со надеж дека уморното и уплашено македонче ќе попушти и ќе се откаже да биде свое на своето.

Да, има и такви мали, никакви, несигурни во себе македончиња, залудени од лажните блесоци и лаги на кои малку им фалеше да го погазат сето тоа за кое се бореле Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, Мирче Ацев, генералот Михаил Апостолски и илјадници други.

Има и такви уплашени, понижени, обесхрабрени кои што на кантар ги ставаа лагите и желбата за подобра иднина на своите деца. Подготвени да направат компромис со своето битие. Да си ја продадат сенката за малку надеж.

Но најмногу од сите се тие кои никогаш не се посомневаа во себе и во капацитетот на Македонецот да истрае во битката против промената на идентитетот.

Токму тие и сега и лани и секогаш им порачуваат на двајцата погоре и на сите нивни слепи следбеници: Северна да си ја ставите во газот и да продолжите кон темната страна на историјата. И таму да останете, да не ни излегувате пред очи никогаш повеќе.

Најголем дел од Македонците и другите граѓани знаеа дека двајцата грешници и нивните соучесници грешат и тоа им го порачаа на референдумот, на изборите, во секоја можна прилика и неприлика.

А тие под плаштот на Европската иднина купуваа време и гледајќи не во очи не лажеа дека се ќе биде во ред додека со двете раце грабеа од златниците создадени од нивниот народ. И сега откако не сакаа да ја слушнат песната на своите граѓани ќе ја слушаат бурата што доаѓа.

Нивната мисија е веќе завршена, а битката изгубена. Не гледаат дека гилотината е тргната од највисоката точка кон дрвена основа на која се поставени нивните тела.

Нема да ги спаси ниту џелатот кој до вчера беше нивни најголем сојузник. Затоа што и тој знае дека луѓето што бараат крв во масата нема да се задоволат само со камшикување. 

Затоа што сите знаат дека во масата има и други грешници кои некогаш ги извикуваа нивните имиња, сега бараат нивна крв а немаат против да бидат на местата што до вчера ги имаа тие кон чии вратови се движи гилотината со се' поголема брзина.

И потем се од почеток, како во секоја етапа од камуфлираната патека во македонскиот дел од пеколот.

expres.mk 

Караманлис, грчки премиер

Костас Караманлис

ПОТПИС НА "ПРЕСПАНСКИОТ" НЕ ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕУ

********

28 октомври 2019

Потписот на Преспанскиот Договор не дава автоматски влез во ЕУ, порача денеска поранешниот грчки премиер Костас Караманлис, познат на овдешната јавност по "ветото" за приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година.

Караманлис кој повеќе од една деценија раководеше со владејачката Нова Демократија оценува дека Грција не го искористила соодветно преседанот што го поставил тој кога го блокирал влезот на Македонија во НАТО во 2008 година и дека настаните откриле "големи слабости" во Договорот од Преспа, пишува "Катимерини". "Можевме да бараме и да постигнеме многу повеќе. Неодамнешните настани потврдија дека 'другите' сакаат да се приклучат на НАТО и на ЕУ но дека се' уште мораат повеќе да докажуваат. После се', се чини дека имаат повеќе проблеми отколу оние со Грција", изјавил Караманлис.

"Никој не треба да претпоставува дека со потпишувањето на Преспанскиот договор автоматски добива билет за Европската Унија", порачал Караманлис.

Земјите кои имаат аспирации, порано или подоцна, да станат членки на Европската Унија мораат целосно да го применат и спроводат европското однесување, европските принципи и вредности, подучува поранешниот грчки премиер.

expres.mk

Петар Тодоров-историчар

Петар Тодоров-историчар

СПОРЕД БУГАРСКИТЕ УЧЕБНИЦИ МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА НЕОСЛОБОДЕНA ЗЕМЈА

**********

27 октомври 2019

Во бугарските учебници има многу проблематични делови во тоа како се градат претставите за соседните народи, вклучувајќи го тука и македонскиот народ, вели историчарот Петар Тодоров, член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

"Она што ние сметаме дека е најпроблематично, е тоа што во бугарските учебници се создава една претстава дека постојат бугарски неослободени земји надвор од територијата на денешна Република Бугарија и тоа е многу проблематично кога станува збор за современата настава по историја, бидејќи на тој начин учебниците им праќаат порака на децата дека се' уште има неослободени бугарски земји кои можеби утре ќе треба да се ослободат.

Тодоров потврдува дека во тие бугарски неослободени територии спаѓа и територијата на денешна Македонија:

"Да, тука спаѓа територијата на Република Северна Македонија, но и северна Грција, југоисточна Србија, делови од Косово и од европска Турција", вели Тодоров.

expres.mk 

Мариа Воденска

Мариа Воденска

ЛЕТО НА БЕЛОТО МОРЕ

********

Летово за мене беше најдолго очекуваниот ден, кога за прв пат нозете ги потопив во водите на Белото Море. Ова Господово лето се вратив во мојата постојбина да се искапам во Белото Море, кое пред стотина години му припаѓаше на Македонија. И се' уште ми е како сон додека размислувам каде се најдов по волја на Бога и силната вера да се исполни зареченото.

Лежерно му се препуштив и спокојно се нуркав во топлите, бистри и чисти води на Егејот. И сега сваќам зошто ова прекрасно море е именувано како Бело Море. И се' е бело, прозрачно, чисто и топло. На сонце помалку се изложував, си мислев, сонце има секаде и чинам секаде исто топли.  Но водата, оваа голема топла вода на нашето Бело Море никаде ја нема! Затоа скоро цело расположиво време се капев, восхитена од лелеавото бранување. Со часови не излегував од водата. Таа ме лулаше, ме земаше во прегратки, ми влеа мир во душата, а телото му го препуштав на брановите, кои ту заплиснуваа, ту ќе се смиреа, но разгалено милоста ми остана да ја чувствувам.

Крај брегот на Белото Море, во Неа Потидеа, на првиот крак од полуостровот Касандра е долгата и раскошна плажа, под мекото топло сонце, заносно му се препуштив на сегашноста и моментот, кога душата се разбранува како морските далги, од копнежи, спомени, и расположение кое го пружа ова поднебје.

Едно рано утро, пред изгрев на сонцето, решив да појдам крај брегот на Белото Море и да другарувам во самотија. Во напливот од свежина, во тишината се слуша тивкото заплускување на сонливите бранувања крај брегот на самотната плажа. Седната крај кротките еднакомерни заплискувања до песочните наслаги другарував со утринското стивнато беломорје. Ја посматрав прозрачноста во далечина и  будно сонував загледана кон видикот во недоглед. Од едниот до другиот крак Ситониа на полуостровот. Го чекав изгревот на Сонцето. Во душата ми воскликна гулаб со раширени крилја пред полетување. П'рна  и ме насочи кон најдалечната одмаглина со свежина која пиркаше од срцето на морето. Прозрачна топка со нежно-портокалови зраци изнурка од хоризонталната површина врз морската шир. Топка со светлосно јадро, од кое се ширеа зраците се' појако и полека почна да се крева над морската површина. Изгревот на Сонцето со поглед од крајбрежјето на Неа Потидеа е со чудесен отсјај врз рамното водено огледало на Белото Море. Од зажарената топка, морето започна да блеска со срмени пластовити зраци расплетени и пливнати над морската шир. Белото Море со целата своја привлечност ја исполни атмосферата со свежа топлина и мирис на морска алговина. Сонцето се искачи за цела "петлова нога" и сјајно заблеска врз огромниот воден диск, врз кој од зажареното јадро на Сонцето, зраците се распрскаа и се протегаа низ морската површина, мазна како огледало, од кое се рашири светлината која на моменти заслепува од привлечност. Ме замаја виделината и сонот стана стварност. Можев да се восхитувам на глетката и да се уверувам дека сум дојдена во мојот  роденн крај и дека после шеесетиседум години стапувам на земјата која му припаѓала на моите прадедовци и каде јас сум родена.

Граѓанската војна во Грција од 1946/49 година, беше предизвикана со помисла да се истераат Македонците од родните огништа и со тоа да се стави крај на македонското постоење во Грција. Војната ги раздели децата од родителите и ги распрчка низ светот, во беспат и со неврат. На македонскиот дел што остана под Грција, со поделбата на Македонија во 1913 година, настапи асимилација на Македонците, а во напуштените имоти се населуваа Маџирите дојдени од Мала Азија.

Имав само седум години кога со детската војска зачекорив во светот на непознатото и неизвесноста.

Сега, пак сум тука. Во Македонија, на почвата во мојата постојбина. Се' уште е под грчко владение, но со изменети услови за премин на границата. Сега кога Грција стана немоќна, ослабена и нестабилна европска држава, сега и ние Македонците можеме да ја поминиме границата и да влеземе, иако со посебен визен лист наместо со пасош. Но влегуваме. Се радуваме и ги посетуваме нашите родни места. Ги посетуваме постарите се' уште живи роднини и надолго и нашироко муабетиме за старите одминати тешки времиња. Во нашите воденско-мегленски села тука-там се' уште  стојат темелите и sидините на старите напуштени куќи. Сопствениците си ги препознаваат и во жалните слики тагата си ја излеваат. Во дворот на нашата куќа е изградена нова, но темелите без покрив стојат на местото кајшто баба ми и дедо ми со моите родители ја изградиле куќата пред војната. Во оваа куќа сме родени петте деца. На гробиштата на моето село Цакони (Хриса, на грчки) го посетивме гробот кајшто е закопан дедо ми и братчето постаро од мене. Роднините го оградиле и го заштитиле гробот и му поставиле мермерен крст, што од Република Македонија му го порача татко ми додека беше жив.

Спомените навираат, зборовите на баба ми, на мајка ми и татко ми, ме печат и горат во градите, околу срцето. Ах, барем да беа живи и да го дочекаа овој момент да можеа да се вратат и да се порадуваат...Или? Повеќе верувам дека во солзи ќе беше облеана и куќата и темелите на Македонија. Нивните приказни се вистински живи рани, кои засекуваат длабоко во сржта и крварат до незаборав. А враќање назад во нивниот ков, никој не дочека! Нејсе, тие, нашите родители и нивните родители, не дочекаа да се вратат барем на видување, но еве, ние се' уште живите, иако во доба на зајдисонцето, ние напати се враќаме наместо нив и си спомнуваме на нивните пораки, на нивните аманети.

Неа Потидеа е туристичко населено место. Селото е изградено понагоре и е оддалечено од морето. Во селото има современи продавници и ресторани, изградени улици и други ресурси. Продавниците се богато снабдени со свежи продукти, зеленчук и овошје, кои не ја надминуваат цената од македонските пазари.

Двокатните хотелски апартмани се изградени блиску до морето, а плажата се простира во должина на повеќе од три километри. Во летните месеци е тешко да се најде преноќевање.

Моето враќање после пет години во Македонија ме измори, но истовремено ме обнови, Водите на Белото Море ми вдахнаа сила и полет за работа. Истовремено желба за следната година пак да се вратам дома во Македонија. Ќерка ми Ирена се потруди да ни ја исполни желбата и ни приреди големо задоволство за да бидеме заедно со синот, брат ми, сестра ми и внуците. Имавме заеднички вечери и дружење за време на целиот престој во Неа Потидеа, а потоа во Скопје и Штип. Сите овие удобности придонесоа да се вратам во функција и да продолжам со творештво.

По дваесетина дена престој во Неа Потидеа, се збогувавме со топлото Бело Море и заминавме за Република Македонија. Разделбите се тажни и мачни, но исто така и надежни дека пак ќе има средби. Со синот ни Мишко кој живее со семејството во Скопје, се разделивме на Аеродромот во Солун, откаде мажот ми и јас полетавме и се вративме во Бостон. За подобноста околу превозот низ Македонија и до Солун му благодариме на Мице Ташев, бизнисмен и сопственик на фирмата ОЛИМП.

Градот Солун и врвот на Олимп останаа зад нас.

2015, Лето Господово

Професор д-р- Горан Калоѓера

 Професор д-р Горан Калоѓера

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

01 ноември 2019

 

 СТО ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДИМИТАР МИТРЕВ

Неодамна моите македонски колешки и колеги ја прославија стогодишнината од раѓањето на Димитар Митрев, на кои и јас им се придружувам со моите спомени на него. 

Меѓу втемелителите на  македонската историја  на  книжевноста, лингвистиката и критиката, покрај Харалампија Поленаковиќ и Блаже Конески спаѓа и Димитар Митрев. Искрено зборувајќи, сум бил и останувам приврзеник на Блаже Конески, но  и на Митрев, во никој случај, неможат да му се оспорат вредностите како критичар, естетичар, историчар на книжевноста и  како вонредно вешт полемичар.

Од  творештвото на Митрев најдрага ми е неговата расправа "По трагите на Миладиновци", комплексна, фактографски втемелена анализа за животот и делата на Константин и Димитар Миладинов.

За разлика од другите текстови на неговите колеги, за браќата Миладоновци, Димитар Митрев нуди нешто ново, а тоа е внимателна анализа на животниот престој на Константин Миладинов во Русија предводена од желбата да ги сознае причините зошто руските истакнати филолошки кругови му ја одбија финансиската помош за печатење на познатиот Зборник на македонските народни песни.

Со теоријата на Димитар Митрев можиме да се сложиме или не, јас на пример не се сложувам, но не треба да се потценува неговиот труд барајќи објаснување за тезата дека Русите биле доведени во ситуација да бираат измеѓу Грчката патријаршија, како претставница на православието и Зборникот на браќата Миладиновци. Сходно на "источната" политика, за Митрев   немало двоумење.

Во оваа расправа подобриот  е вториот дел, во кој Митрев ја докажува својата остроумност, познавање и применување на полемиката, оспорувајќи ја бугарската теза дека Зборникот е бугарски. Аналитичен во својата методологија, Митрев успева да ги расчисти и одвои битните елементи на Зборникот: неговата убавина, автентичноста, примената на естетските критериуми при изборот на песмите, нивната класификација, укажување на македонскиот етнички корпус и поетската надареност на Константин како подготвувач! Димитар Митрев за разлика  од другите македонски историчари на книжевноста не се плашел  да го изговори изворниот назив на Зборникот, при тоа објаснувајќи го што значел, во оние времиња, поимот Бугарин. Лично ме фасцинира неговата вештина во полемиките со бугарската страна, што сметам дека претставува високо осмислена и добро подготвена стратегија за одбрана на македонскиот национален идентитет.

Слава му!

 Продолжува

Превод од хрватски: Сотир Гроздановски-Македонски

Розита Христовска

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

************

 

 

 

 

 

БЕЛОМОРСКА ТАГА

Таму далеку крај Белото Море,
во едно парче македонска земја
откинато од мајка страдалничка,
таму се коските на моите предци,
таму се коските на моите дедовци,
коските на моите предци Беломорци.

Коските свети под урнатините,
во темелите на огништата згаснати,
коските на цел глас врескотат,
крикот нивен до бескрај се слуша,
со исконски пркос а не со покор,
аманет за правда праќаат до нас.

На гробот свеќа да им запалиме,
браздите ние да си ги доораме,
браздите заорани од дедовците,
нивите ние да си ги докопаме,
огништата стари да си ги обновиме,
заветот наш да го исполниме.

Корените не се корнат така со лесно,
најдлабоки жили низ камен протегнале,
на четири страни гранки рашириле,
цветовите нивни со бои божествени
низ цел свет семе наше расеале,
наши песни беломорски распеале.

Од кого сега правди да бараме,
правди за нашите болки и разделби,
за децата од мајчини пазуви одвоени
за браќа и сестри по светот расеани,
за ората наши сред село недоиграни,
за песните наши од тага испеани.

Оние ли сега за правда да ги молиме,
оние што сакаат да не сотрат за навек,
зборот наш македонски да ни го замрат,
светото име македонско да ни го грабнат?

Нека им суди нашата болка преголема,
и нашата чемерна тага беломорска.
************
Розита

 

ВИДЕОТЕКА

*****************

Kind regards: 01 ноември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 247