ЈАС СУМ  ЗОРАН ЗАЕВ, ГРОБАРОТ НА МАКЕДОНИЈА

ХАН, ЗАЕВ, ЦИПРАС И ЦРВЕНАТА ВРАТОВРСКА.

Сотир Гроздановски-Македонски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВЛАДАТА НА ЗАЕВ УМИРА АМА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОСТАНУВААТ ЗА НЕКОЈА ДРУГА ДА ГИ САНИРА

 

27 октомври 2019  

Детско-аматерските игри со политиката, судбината на Македонците и  со  Република Македонија наскоро ќе бидат минато. Ќе бидат минато заедно со Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и редица "истакнати" квази академици, универзитетски професори, историчари, правници, судии од најниските до Врховниот и Уставниот суд на Република Македонија (Северна Македонија). Ќе си  заминат во македонската историја како кукавици и најгнасни суштества, изроди, велепредавници и злосторници на својот сопствен народ и Македонија.

Нив ќе ги снема и ќе бидат "наградени" секој  спрема своите заслуги, ама последиците од нивните нечесни и криминално-ганстерски злодела за долго ќе се чувствуваат во секое ќоше на Македонија. Ќе се чувствуваат и причинуваат горчина во душите на луѓето  во  Македонија и надвор од неа. Особено  кај нас македонското иселеништво, како најповредени!

Тоа е уводот во приказната за владеењето на велекриминалецот Зоран Заев од Муртино и неговите повеќе од 40-есет разбојници. Уводот го сознавме, ама крајот тек следува!

После првите медиумски извештаи за судбината на  Владата и политичката смрт на нејзиниот челник Зоран Заев, се појавија разни толкувања за причините што Европа конечно ги отвори картите и гласно и јасно на Заев му рече дека повеќе не им е потребен и дека треба да си оди таму каде му е местото. Да си оди во Муртино да сади марихуана, дури не му обезбедат ќоше во некое од македонските "летовалишта": Шутка, Идризово или некаде подалеку!

Две слични приказни, за два слична sвера со човечки лица: Санадер, поранешен премиер на Хрватска сместен со својот срам во Реметинец  и Заев прв премиер  на Северна Македонија кој се' уште чека пред вратите на пеколот,  да го проголта! За жалење, нели? Ич окото да не Ви трепне, драги мои! Тоа требаше порано да се случи, но Европа сакаше да го дотера во ситуација сам да се закопа. Да исчезне, но сепак  со надеж дека душата ќе му оди во Рајот. Во Рајот, но како гледаме и слушаме, патот ќе го однесе  таму, каде не се надеваше дека ќе стигне! Што се вели: како ќе си постелеш, така ќе си легнеш!

Но сега  прашањето е: -  ќе имаме ли  јунак, смел, да се впушти во борба за спас на Републиката, а со неа и на цела Македонија? Ќе си дозволиме, ли, да исчезнеме и ние со неа? 

Одговорот ќе го добиеме напролет, во Април 2020-та година, од вонредните и одлучувачки избори за нови народни претставници во македонското Собрание.

Христијан Мицкоски, челник на ВМРО-ДПМНЕ ни ветува Трета опција, која Македонците ја посакувале наместо сегашната ВМРО-ДПМНЕ и  СДСМ! Да, Трета опција, ама никој не го споменува  излитеното ДПМНЕ. Македонците размислуваат и се подготвуваат за Трета опција со луѓе некорумпирани, чесни и подготвени да им ја вратат Македонија на Македонците и без ЕУ и НАТО. Да им ја вратат како слободна суверена и независна заедничка држава на Македонскиот народ и националните малцинства  кои сакаат да живеат во неа како раноправни и слободни граѓани. 

Браво, Христијане! Се чудам, дали чувствувате  барем малку срам што продолжувате својот народ и вашите членови да ги замајувате со своите бабини и деветини за некоја нова ВМРО-ДПМНЕ, подруга од оваа, сегашнава или онаа поранешната на Груевски наречена како Влада која крадела ама барем и нешто давала. Му давала на народот толку, колку да им ги замачка очите со некоја лебена трошка. 

Вашиот таканаречен вистински патриотизам одамна е прочитан, господине Мицкоски! Од времињата кога бранителите со своите тела ја бранеа уставноста на Република Македонија, а вие ги пуштивте низ вода како душмани а душманите ги оставивте да си ја завршат својата работа:  да им го препуштат македонскиот  законодавен дом  на албанските терористи! Терористи од таканаречените ОНА и УЧК кои во 2001 година со оружје враце  тргнаа во отворена војна  против  македонскиот народ и Република Македонија со цел   да ја урнат и потоа да ја распарчат! 

Со право многумина велат, дека вашите предавства не се со ништо поразлични од оние на Зоран Заев. Дури и поопасни по нашите национални интереси. Ќе прашате зошто? Затоа што без ваша соработка, Зоран Заев во Собранието немаше да направи тоа што го направи: - да ја разнебити Република Македонија, го обезличи македонскиот народ и  го  сведе на ниво на граѓани на Северна Македонија! Потоа да се откаже од македонската национална историја, македонското културно наследство, македонскиот јазик, националните белези, вклучувајќи ги и многубројните споменици на хероите од сите времиња, но и од Македонците во соседните македонски окупирани териториии и нас, иселениците, од сите времиња! 

А знаете зошто нема повеќе да наседнат чесните Македонци и некои други од малцинствата кои си ја сакаат Македонија како своја татковина? - Затоа што никогаш не изјавивте дека сте против договорите за "добрососедство" со Грција, Бугарија и против се' поголемите барања на Албанците за превласт над нас, автохтоното население во сопствената земја! Затоа што молчевте кога се решаваше судбината на македонската држава: кога се менуваше Уставот на Република Македонија и  бришеше АСНОМ,   ТЕМЕЛОТ на македонската државност и неговото заменување со Тиранската платформа и Охридскиот капитулантски договор. Потоа  против промената на името; па губењето на идентитетот на Македонија; јазикот наш македонски; имињата на автопатот и аеродромот; нагрдување на спомениците и уривање на многу од нив почнувајќи со споменикот  на Ќосето, десната рака на ВМРО и Гоцета Делчев во борбата со внатрешните и надворешните предавници; потоа што  му овозможивте на Зоран Заев да го продаде македонското културно наследство,  македонската национална историја и потајно, но сепак пред очите на сите нас соработувавте и се' уште соработувате  со  македонскиот жгам и велепредавниците како Заев, Димитров, Шеќеринска и други знаени и незнаени криминалци со кои си го имавте и се' уште си го имате муабетот, за ка'ко после смртта на едниот, вториот да ја доврши работата и на крајот затоа, што никогаш не се изјаснивте пред народот, кој ве подржуваше, дека ако дојдете на власт во Македонија, прва задача ќе ви биде поништување на сите незаконски акти донесени од владата на Зоран Заев и враќање на  достоинството на Република Македонија и на Македонците! Има уште многу причини, ама нека биде, за сега, доста!

И сосема на крајот, господине Мицкоски, ДПМНЕ и себе немојте да се сметате за Трета Опција на идните предвремени или било кои избори, до колку дојдеме, некако до нив, зошто оној кој не бил до денес чесен и достоен  ТЕМЕЛ на Македонскиот народ и предводник на патот кон слободата и самостојноста, не го заслужува гласот ниту на еден Македонец кој има свое достоинство и ја љуби својата МАКЕДОНИЈА!

Оној, кој придонел да се урне ТЕМЕЛОТ на Македонија, нема морално право да вели: НЕМОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ НАПРЕД, АКО НЕМАТЕ ТЕМЕЛ! - господине Христијан Мицкоски! На кој темел мислевте кога тоа ни го порачувавте во вашето последно интервју за Македонско радио?

За секогаш Ваш, Сотир!

 

23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

******

ВМРО Е ИДЕОЛОГИЈА, ВМРО БЕШЕ И ОСТАНА НАРОДНО ДВИЖЕЊЕ!

"Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме, колку што можеме, за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи! Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатари, ако некому свесно или несвесно кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме, да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме". АМИН!

Изминаа 126 години откако основоположниците д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов ги поставија темелите на Македонската револуционерна организација која потоа ќе стане симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.

Државниот празник Денот на македонската револуционерна борба кој се слави по повод формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун, македонскиот народ го празнува со посебен пиетет. Формирањето на ВМРО на крајот на  19-от век значи почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушвската република, преку НОВ и АСНОМ, резултира со создавање на современа самостојна македонска држава.

Пред 126 години шестмина учители, лекари, книжари го поведоа народот на Македонија по патот на револуционерната борба, по патот до слобода. На тој пат се приклучија стотици, илјадници следбеници, се родија нови апостоли на македонската револуционерна борба. Многумина од нив паднаа, оставјќи ги своите коски на секоја педа на, со векови, напатената македонска земја. Но колку повеќе нивната крв ја напојуваше мајката земја, толку повеќе таа раѓаше нови македонски синови и ќерки кои уште посилно и пожестоко се бореа и одеа по зацртаниот пат за слобода на Македонија.

Водени од длабоката љубов кон својата земја и кон сопствениот народ, македонските синови и ќерки се спротивставуваа на пропагандите и многубројниот непријател. Иако исправена пред бројни предизвици, тие непоколебливо газеа напред, свесни дека само со сопствени сили можат да дојдат до посакуваната слобода. Ни измачувањата, ни гладта, ни болеста, ни смртта неможеше да го отргне македонскиот народ од патот кој еднаш веќе го исцрта Македонската револуционерна организација.

Организацијата со тек на времето го менуваше името, но секогаш таа остануваше македонска и револуционерна. Сепак, четирите букви на ВМРО и девизата "Слобода или смрт" беа длабоко врежани во свеста на македонскиот народ и беа главните sвезди водилки на македонските револуционери на патот до слободата. Со секој нов паднат борец тие сјаеа на небото уште посилно, посветло, се додека конечно не изгреа македонското сонце на слободата. Оттука, на 23 октомври го славиме Денот на македонската револуционерна борба.

На овој долг пат до слободата, македонскиот народ во револуционерната борба го предводеа храбри, чесни и образовани луѓе. Луѓе со добра мисла и чисто срце, луѓе кои сакаа да обезбедат иднина за сите Македонци, без разлика на верската или етничката припадност. Нивната доблест ги обединуваше македонскиот народ и другите припаднци на етничките заедници во заедничката борба за самостојност и за национална држава. За ова говорат документите во кои уште од самиот почеток се вели дека "Секој без разлика на пол, националност или лични уверувања може да стане член на организацијата".

Ваквиот став го наоѓааме во сите документи на македонската револуционерна борба, како во Крушевскиот манифест, така и во сите други манифести кои се појавени во текот на долготрајната револуционерна борба на македонскиот народ, од Илинден 1903, АСНОМ 1944 година и референдумот за самостојна Македонска држава на 08 септември 1991 година.

Во текот на македонската револуционерна борба во Организацијата се случуваа раздори и поделби заради правецот по кој треба да се дојде до целта. Едни одеа лево, други десно, но секогаш заедничко им беше слободна и независна Македонија. Македонскиот непокор, не дозволуваше друга опција. Сепак овие разидувања беа една од причините за поделба на Македонија во Балканските војни од 1912/1913 година.

Оваа поделба повторно ќе ги обедини политичките сили на Македонците од сите делови на Македонија во единствено македонско револуционерно движење по Првата светска војна. Но тие сили ќе бидат недоволни повторно да се обедини Македонија во нејзините природни етнографски и географски граници. Состојбите во поделената и окупирана Македонија ќе има рефлексии и на ова обединување, но народот никогаш не го заборави ВМРО и стремежот за создавање на слободна, обединета и независна македонска држава.

Овој стремеж дојде до израз во текот на Втората светска војна кога антифашистичката борба во најголем дел ги обедини  македонските револуционерни сили. Така, по Илинден 1903, се случи АСНОМ 1944 година, кога на еден дел од Македонија и македонскиот народ доби држава со ограничен суверенитет. Желбата за целосен суверенит се исполни дури во 1991 година кога Македонија прогласи независност.  

Затоа денес, кога го чествуваме 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба, како и 126 години од формирањето на ВМРО, се поклонуваме на делото на шестмината македонски револуционери кои ги поставија темелите на ВМРО, како и на сите потомци и следбеници на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Питу Гули, Тодор Александров, Чучков, Брашнаров, Методија Ченто и на сите знајни и незнајни херои кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија.

ДА Е ВЕЧНА  И ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА!

 

Александар Донски

 Александар Донски-историчар

АВТЕНТИЧНО БУГАРСКО СВЕДОШТВО ЗА НАСТАНИТЕ ВО ПРИЛЕП 

11 ОКТОМВРИ 1941 ГОДИНА

 

Познато е дека во 1941 година Хитлер го доделил вардарскиот дел на Македонија на своите фашистички сојузници: Бугарија и Италија. Во поголем дел од овој дел на Македонија упаднала бугарската војска, која набргу почнала со обиди за присилна денационализација и терор врз Накедонците. Поради тоа Македонците кренале масовно востание против бугарската окупаторска власт. На 11 октомври 1941 година македонските востаници во Прилеп ја нападнале бугарската полициска станица. Истиот ден бугарската полиција и војска жестоко се нафрлила врз мирното население. Граѓаните на Прилеп масовно биле претепувани и затворани, а бугарските полицајци и војници им ги краделе вредните предмети што ги наоѓале кај нив. Од ваквата постапка на полицијата и војската биле огорчени дури и некои службеници на бугарскиот фашистички режим. Еден од нив бил Коста Црнушанов, кој во тоа време работел како службеник во просветата во Прилеп. Практично Црнушанов бил жив сведок на она што се одиграло во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Иако бил во служба на бугарската власт, тој не останал рамнодушен од она што го видел и слушнал од очевидците, па недолго по тоа испратил протесно писмо до бугарскиот Министер за просвета во врска со овие настани. Во писмото јасно се гледа неговата огорченост од постапките на бугарските окупатори. Еве што, меѓу другото, напишал бугарскиот службеник Црнушанов до својот министер:

"Очевидците и настраданите ми раскажуваа низ плач: Ако некој има видено глутница од волци како напаѓа статдо, тогаш може да си претстави како изгледаше апсењето и претепувањето на прилепските граѓани. Љуѓето беа апсени каде и да се наоѓаа: дома, на кино, во кафеана и на други места. Беа водени во участакот, а од таму во затвор. По патот кон участакот тие беа тепани до бесвест и им беше пцуена "мајката македонска"! Кои беа тепачите? Тоа беа полицајците, војниците и некои од началството, вклучувајќи го и бившиот полициски началник на областа. Тепаа со стапови, маваа со цевките од пушките, удираа со греди и клоцаа со нозете. Удираа каде што ќе стигнат: по главата, по грбот, насекаде... Од околу 300 претепани граѓани, во затворот беа задржани 70... Претепаните се од најразлична возраст: од млади, па се до 70-годишни старци, каков што е случајот со Митре Мазарот... Прито не било вршено само малтретиеање и тепање на лицата, туку истите биле и ограбувани. Им биле крадени парите и другите вредности, пенкала, часовници и друго. Ограбувањето го вршеле полицајците и војниците". (Извор: Коста Црнушанов: "Принос к'м историјата на ММТРО", Софија, 1996 година).

Ова сведоштво е од исклучителна важност затоа што претставува автентичен бугарски документ (официјално писмо од официјален бугарски службеник) за теророт на бугарската окупаторска власт против македонското население во Прилеп.

Бугарскиот терор против Македонците, но и против припадниците на сите други народности во Македонија, продолжил така како што се засилувала вооружената борба за ослободување на Македонија.

По војната добар дел од бугарските воени и полициски функционери биле уапсени од новата македонска власт, по што биле судени и осудени на заслужени казни.

Добар дел од нивните сведоштва се собрани во книгата "Судењата како последен пораз" од авторот Јован Павловски (Скопје, 1984 година) каде се објавени повеќе десетици автентични признанија на уапсените бугарски агенти и полициски и воени функционери, кои во детали ги опишуваат убиствата, мачењата и другите тортури што ги правеле врз Македонците за време на бугарската окупација.

Би било добро потресните сведоштва од оваа книга да се прочитаат јавно пред членовите на Бугарската историска комисија, а воедно и да се испратат до бугарскиот политички врв.

https://mn.mk/komentari/

Професор д-р Горан Калоѓера

 Професор д-р Горан Калоѓера

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

27 октомври 2019

 

ЗБОР ДВА ЗА МИЛАДИНОВ 

Застранувањата на македонските просветители во 19-от век во поглед на националната припадност беа очигледни, но тоа може лесно да се објасни ако се земат предвид влијанијата на грчката, бугарската и српската пропаганда, но и моќта на црковните организации кои стоеја зад нив. Баш и затоа му се восхитувам на смелоста која ја искажа првиот човек меѓу Македонците во 19-от век што одлучно, јасно и недвосмислено  се изјасни за својата национална припадност.

Се работи за Константин Миладинов, мојата омилена личност од 19-от век,  чии живот и оставнина   сум ги  проучувал и за нив објавувал. Ево некои откритија за неговата  личност и неговата развиена национална свест:

* За време  престојот во царска Русија, неговите колеги и пријатели го ословувале со - Македонец!

* Кога го прашал клисарот (црковниот службеник) на киевската црква Св. Софија која нацоналност бил, му одговорил дека не е Грк, туку Македонец!

* Рускиот славист, ментор и пријател Рачински пишува дека рецензенти кои ги анализирале  материјалите на Константин од неговата збирка на народни песни "биле воодушевени со содржајот и хармоничноста на некои  од македонските песни".

* Соодветно на Рачински, Константин  разговарајќи со еден бугарски поет му ја открил желбата да отпечати Зборник велејќи му: "Имам многу македонски песни кои намеравам да ги објавам".

* Мислејќи на својот престој во Русија, Константин му напишал писмо на Рачински, започнувајќи го со зборовите: "Ние Македонците сме надарени, па имам чувство дека и јас ќе успеам во науката".

* Во врска со Константиновото совладување на рускиот јазик Рачински вели: "Неговото совладување на рускиот јазик, сроден со македонскиот, но сепак тежок за еден Македонец е извонредно". 

* Неговиот современик и пријател, поетот Рајко Жинзифов, во својата биографија за браќата Миладиновци пишува: "Со овај прекрасен Зборник на македонски песни, двајцата Миладиновци самите себеси си подигнаа најубав споменик".

*******************

РЕЗИМЕ: Подготвувајќи ги песните  за Зборникот, извонредно лингвистички образованиот Константин ги воочи специфичностите на македонските наречја, кои знатно се разликувале од материјалот кој му го продал Бугаринот Чолаков. Мислам дека Константин е еден меѓу првите Македонци од 19-от век кои научно и интуитивно почувствувал дека не е Грк, ни Бугарин, ни Србин, туку Македонец. Тој, по некоја среќа да поживеал подолго, можеби би бил и лидер на македонскиот препород, во правата смисла на зборот, а дека имал намера да напише  граматика на  македонскиот јазик докажуваат текстови пронајдени, од хрватски граматичари, во неговата книжевна оставнина.

Продолжува

Превод од хрватски: Сотир Гроздановски - Македонски

Душан Ристевски-Македон

 

 

Душан Ристевски-Македон

ДЕБАТА ЗА  ПРЕСПАНСКИОТ ПРЕДАВНИЧКИ ДОГОВОР

 

 

ДЕБАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО ТЕХНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ (УТС) - СИДНЕЈ 

На 2-ри октомври 2019 година во Техничкиот универзитет во Сиднеј, професорката Д-р Хелен Ватсикопоулос (која е од македонско потекло) организира средба со д-р Костис Карпозилос и Проф., Димитрис Кристопоулос, двајцата автори на книгата "10+1 прашања и одговори за македонското прашање! - (10+1 Questions and Answers on the Macedonian Question). Целта на средбата, како што најави д-р Ватсилопоулос, преку промовирање на оваа книга, е да се "корегира дезинформацијата од медијата од двете страни во однос позитивните и негативните страни на Договорот". На средбата можеа да присуствуваат само поканети лица од македонската и грчката заедница со цел да се одбегне конфлит и можен протест. На поканата пишуваше: ШТО Е ВО ИМЕТО? ЛАЖНИ ВЕСТИ И ДЕСИНФОРМАЦИИ НА БАЛКАНОТ-ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР. Пофесор Кристопоулос не присуствуваше на средбата.

Д-р Карпазилос, како историчар си го изнесе својот став и мислење, посебно се осврна на позитивните страни на договорот со кој се започнува еден "дијалог меѓу двете страни за подобра иднина". Потврди дека "отстапки имаше од двете страни" за да се оди напред, а не да се оди во "минатото кое само може да не врати назад во конфликт, војна и крвопролевање". За него, античката историја не била "битна" ниту пак она "после распаѓањето на Отоманската империја" дека сето тоа "ни го руши просперитетот за подобра иднина".

Само 24 часа после одлуката на македонската предавничка влада да се прифати уништувачкиот договор, против вољата на Македонците ки јасно го искажаа преку референдумот, Атињаните како бесни кучиња се пуштија во офанзива нашето исконско име да го сменат на интернет и во сите можни интернационални и државни установи не само во Европа туку во Америка и Австралија. Се покажа дека со Договорот, Македонците изгубија се', а Атињаните добија се'. Македонците направија отстапки за се' а Атињаните никакви. Тие си ја задржаа хелинската култура, ја украдоа и присвоија македонската античка историја, а за нас Македонците оставија - ништо. Дури и шахтите со македонското национално знаме  требаше да се отстранат, а да не зборуваме за натписите и менувањето на имињата на аеродромот и институциите. И сега, некој си историчар, пропагира дека не треба да ја бараме историјата оти таа е штетна за нашата иднинa (значи нас на Македонците, не ни е потребна) - каков апсурд, а за Атињаните и нивната егзистенција како нација е неопходна! А исто така треба да "заборавиме" за окупираната Македонија, за логорите, силувањата, sверствата и палењето на цели села и истребувањето на Македонците и на децата избркани, да заборавиме на нацистичкиот терор, за непризнавањето на човечките права на Македонците - сето тое треба да го заборавиме, "ама да одиме напред" - да одиме како некои слепци напред во бездната што ни се сервира од Атињаните со помош на Европа и празноглавите заевисти. Ете тоа ни го препорачуваше од трибината во Сиднеј д-р Карпозилос.

Заев и заевистите не можеа тоа да го разберат кога го потпишуваа договорот, ниту пак некогаш ќе го разберат (толку Господ им дарил) колкава голема штета е направена за нашиот идентитет со овој договор. Последиците и товарот на ваквите грешки ние треба да ги носиме, а и нашите следни генерации. Ние кои имаме гордост и некакво човечко чувство секојдневно сме соочени со понижување и малтретирање оти сме свесни дека некој сaка да не истреби - уништи. Историјата е стожерот на нацијата. Нацијата не може да се гради на стаклени нозе или пак на воздух.

Горенаведената книга како и средбата беше да се промовира грчката страна, дали поради тоа што се чувствуваат дека се криви што го држеа македонскиот народ три децении во заложништво и сега сакаат преку книгата да покажат дека се добри, хумани, демократи и далековиди - каков апсурд! Или да се оправдаат за приграбувањето на македонската историја, за крадењето на половина Македонија по распаѓањето на отоманската империј. Со соседите, а со помош на Англија, Франција и Германија, тие беа креатоrите на уништување уникатноста на Македонија. Се зароби и разграби духот на Македонците. Во тие балкански војни и првата светска војна повеќе од 250.000 Македонци го загубија животот, многу повеќе од што изгубија сите тие завојувачки држави заедно.

Средбата измина мирно, поставените прашања од присутните, како од Македонците така и од Грците, беа "политички коректни" (како што се наложуваше), а оние со кои се прашуваше окупацијата на Македонија и за можно обединување на Македонија како и сугерирањето срамниот и предавнички договоро кој само вреди да биде испечатен на тоалетна хартија, беа окарактеризирани како "иредентизам".

Нема потреба да се коментира повеќе за вредноста на ова еднострано дело - книгата е издадена преку канцеларијата во Атина на Rosa Luxemburg Stifturg во декември 2018 година. Преводот на англиски јазик е направен преку истата установа, на македонски преку Helsinki Citizens Assembly, а издавач е Polis Publications (Athens). Издавањето е финансирано од Германското министерство за надворешни работи. Горе над сето тоа авторите се Грци. Па што можеме ние Македонците да очекуваме и да бараме кога Македонците, оние што треба тоа да го прават и да го бранат македонскиот идентитет и страна, лежат во топла постела, спијат на перници полни со евра платени од Европа/ Грција и сонуваат како да си ги наполнат стомаците.

http://mn.mk/iselenici

Иван Трпоски

 

Иван Трпоски

"ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ"

Промоција во Сиднеј

Минатата сабота, 19 октомври 2019 година во просториите на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, успешно се промовира книгата "Последниот Македонец" од Душан Ристевски во издание на Литературното друштво "Григор Прличев" и со финансиска подршка на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Промоцијата беше како дел од овогодишната програма на Фестивалот за уметност Discovery.

Програмата ја водеше Лара Мабеи од Македонскиот театар која накратко даде слика за работата на двете македонски организации, за авторот Душан Ристевски кој зад себе има издадено повеќе книги поезија и напишано над 18 драмски дела сите ставени на сцена од АМТЦ.

Промоцијата ја направи познатиот македонски издавач и уредник Виктор Бивел кој направи содржајна анализа на дрмата која го отсликува животот на еден Македонец во овие турболетни денови за Македонија. Осврнувајќи се на историските факти и желбата на соседите да го уништат коренот на Македонецот како и на надворешните сили кои ги интересира профитот, а не националното и културното чувство на луѓето. Прашањето кое остана да лебди над присутните и на кое постојано ние сите треба да размислуваме: дали ние ќе бидеме последни Македонци поради коренот што сегашната предавничка влада ни го сечи? Или пак ќе се свестиме и се' ќе направиме за да опстоиме како нација во овој свет на турбулентност каде посилниот го уништува послабиот.

Од лево: Виктор Бивел, Душан Ристевски, Гордана Димовска и Иван Трпоски.

Авторот Ристевски накратко се осврна и им се заблагодари на издавачите, рецензентите и на сите актери  оние кои помогнаа да се издаде ова дело и на самите актери кои успешно  ја ставија драмата на сцена минатата година. Се прикажаа и повеќе клипови од драмата која е достапна и на ДВД.

Потоа следеше комичната изведба "Заев пред официјална посета на Австралија" со актерите Рубин Нешковски и Валентина Апостоловска.

На промоцијата присуствуваше и Гордана Димовска, претседател на Литературното друштво "Кочо Рацин" од Мелбурн. Гордана на минатогодишниот награден конкурс за Прличева награда доби пет награди, меѓу кои и првата награда за поезија за песната "Земја страдалница". На Гордана и' беа доделени наградите, а таа ја прочита наградената песна и накратко се осврна за важноста на соработката меѓу двете литературни друштва и нагласи дека борбата за Македонија треба да ја продолжиме со перото, негување на македонскиот јазик и издавање на книги.

На крајот следеше промоцијата на проектот, снимање на документарниот филм "Исус Христос и Македонците" од Александар Донски. За овој проект се бара донација од македонската заедница, а ќе биде од голема важност за осветлување уделот на Македонците пред и после воскреснувањето на нашиот Бог Исус Христос и проширувањето на христијанството во Европа и светот.

На крајот, следеше богата македонска закуска и дружење, а и промовирање на најновиот драмски проект на АМТ "Баба бегалка" што ќе се стави на сцена на 03 ноември о.г. во Сиднеј.

 27 октомври 2019 година

Гане Тодоровски

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

Гане Тодоровски на специфичен начин, на сосема свој јазик ја создава својата поезија. Дел од неа е урбана, современа, каде ја искажува својата загриженост за човековто секојдневие во светот во кој живееме.

Силната љубов кон татковината блика од секоја патриотска песна на Гане Тодоровски.Љубов чиста, искрена, едноставна, љубов  кон земјата, кон народот, кон историјата. Неговите песни кога и да се напишани, секогаш се актуелни, секогаш погодени, зашто кај нас иако многу се менува, ништо не е променето.

Секогаш актуелна ќе остане песната "Нашинска", (од стихозбирката "Снеубавен ден", 1974), зашто иако е мачно да се признае -се' е така, се' е вистина. Ние сме тука, на нашево парче земја, под небото, од Бистра и Кораб, едвај истрајуваме крај Вардар и Струма, и, да', малку сме, ама и тие малку на другите им пречиме, па сите на свој начин не' пребројуваат и прекројуваат. Но, и покрај се', иако сме малку, ние успеваме да опстанеме, да преживееме, да продолжиме...

Истата поента ја има и песната "Нашинска (!!!" (од стихзбирката "Скопјани", 1981).

 

НАШИНСКА 

Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине -

Да ни е да сме мерата
колку да се прелееме
од колено во колено до крај истрајвекот -

Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден не' пребројуваат

Но ние сме како што сте како што се
И покрај се' и покрај се'
колку сме, толку сме, токму сме!
*************
Гане

 

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards: 27 октомври 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 246