Сотир Гроздановски-Македонски

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗА СИТЕ НЕУСПЕСИ И ЗЛОСТОРСТВА НА ЗОРАН ЗАЕВ

*************

 Сторил нијат Зајко, Зајко  да се жени. Си избрал Зајко стара убавица, баш магарица.

 22 октомври 2019

И дојде тоа што го спомнав во предходниот број на Македонски збор. И многу побрзо од она што го предвидував: Заев треба да си замине на било кој начин и да го снема од Македонија.   Да си замине, ама прво да си ги плати сметките  за сите свои злодела. 

Деновиве беа напорни за сите нас! Го чекавме благословот од властодршците на Европската Унија, кој би не ослободил од сиромаштијата. Сиромаштијата, злонамерно креирана како предуслов за конечното "решавање" на таканареченото македонското прашање со деструкција на Македонија и исчезнување на Македонците како нација. Го чекавме "спасоносниот"  Датум, како лисицата на бравот м.......! Датумот за преговори со нашите докажани непријатели како последна шанса  Зоран Заев да си ја спаси својата кожа од казната која го чека пред вратите на пеколот. Но и шанса во очите на цел свет да испаднe  херој и државник кој прв си ја продал својата сопствена држава и го обезличил својот сопствен народ. Да  го решел измислениот (од Западот) спор со името на македонската држава зошто, наводно, претставувал закана по мирот на Балканот и пошироко. Да го направи тој не чувен злостор и геноцид врз Македонија и Македонците, а да притоа со ништо да не му е загрозена главата!?

Ама и тоа не им ги задоволи апетитите  на нашите "сојузници и партнери", па од името на Грција, Бугарија и Албанците во Македонија побараа уште некои "ситни" отстапки, како услов за влез во нивниот ексклузивно-господски клуб. А како награда за досегашната работа,  нашиот Зајко  од Брисел и Париз доби голема шлаканица и нога во газот со еден голем поздрав до сите негови мудреци и порака, дека такви херои на Европа не и' се потребни.

И на заминување,  како благодарност за се' што за нив и за светот направил, му рекле   дека не е потребно повеќе да доаѓа во љубената Европа и да се расфрлува со пари  по скапи хотели, ручеци и разни поткупи, зошто тие пак ќе дојделе во неговата ЗЕМЈА, откога ќе си го прегледале тефтерот со желбите кои се' уште Зајко требал да им ги исполни. И така се случи!

Со  свиткана опашка Кокорајко ја изљубил својата убавица, му се поклонил на  "Макарони", им ги излигавил рацете на "пријателите" од Брисел и со целата своја угледна свита се вратил во Скопје; Во неговата оперушена и нагрдена престолнина носејќи полно грне со  магарешки солзи, со наведнати уши и искинати гаќи. Како подарок од ХАН и Столтенберг!?

Но што сега? Ќе чекаме ли да ни седне некој друг, како него, на рамена и да не убедува дека и ако ја изгубивме првата рунда, ќе ја продолжиме борбата за ЕУ и НАТО, до последниот споменик на нашите славни херои и името Македонија? На секаде  и во секоја книга и учебник каде што, до пред неговото од надвор устоличување за премиер, гордо зрачело ? Па тоа ни го порачува и претседателот на Република Северна Македонија Пендаровски. Да сме се обединеле под неговото предавничко знаме (?), и да си го чекаме  среќниот ден на нашето исчезнување во темнината на иднината.

Драги мои, Европа и нашите големи "пријатели" ни дадоа шут карта во една насока и јасно ни рекоа дека не сме посакувани во нивното друштво. И не затоа што Македонците не им се до колена, туку што немаат што повеќе да земат од нас.  Заев си ја доигра својата улога и е отфрлен како пачавра на буниште. За жал, тој се' уште не може да се отрезни и сфати, дека повеќе на никого не му е потребен. А најмалку на Маакедонија и на Македонците. Тој си ја изигра својата игра, оставајќи ја Македонија осакатена, безимена, осиромашена и посрамена самата да си ги решава своите проблеми. Но сепак, како и секој губитник и злосторник на заминување,  доуништува се' што останува зад него: спрема договорите потпишани за добрососедски односи со Грција, Бугарија и со домашните Албанци, како би имале "пријатели" и мир во куќата. 

Спрема мудрите зборови на  академикот Блаже Ристовски,   со промената на името на македонската држава, во која било форма, ние остануваме без свое упориште, без историја, без јазик, култура ... зошто таа нова држава со ново име нема да има минато, нема да има историја, ...таа ќе биде како сираче оставено да талка по светот обесчестено и понижено.  Впрочем, секој кој нема свое минато, е како дрво без корен.   Без свој сопствен корен на кој би се потпирало стеблото и неговите гранки за да даваат здрави плодови кои ќе ја носат иднината на своите рамена.

Ете тоа е денешна Северна Македонија:  грст предавници и намагарчени Заеви следбеници сите исплашени од неизвесната иднина, која ги очекува на патот кон пеколот! 

Но и за таа болест може да се најде чаре, ако уште нешто здраво и чесно останало во нив: да го напуштат бродот на Заев, кој тоне заедно со сите нив и нивните семејства. Да го напуштат, дури имаат време, колку толку да си ги измијат лицата од големиот срам кои ќе го носат дури се живи. Ќе биде тешко, ама барем главите ќе им останат  само со лузни.

Ова се однесува, ако не го знаеле до сега, и на нашите војници и полицаици, кои следејќи ги своите генерали ја осрамотија честа и традициите на славната македонска Фаланга од антиката, но и на онаа 100.000 војска која ја создала современата македонската држава во времињата на антифашистичката борба во Втората светска војна. Онаа војска, која ги истерала од македонската земја и албанските и бугарските и германските окупаторско-фашистички хорди. Хорди, кои со нивниот влез во ЕУ и НАТО, одново ги кренаа главите и сакаат да предизвикаат нова и уште покрвава војна за конечна меѓусебна пресметка, на бојното поле. 

Македонскиот народ не ја посакува, ама ако е стегнат во некој безизлезен ќош, ќе мора да ја прифати, по секоја цена!

Но, пред се' ќе мора да се пресмета, прво, со домашните изроди и велепредавници. 

Големите надежи во ВМРО-ДПМНЕ како потпирач на Македонците одамна исчезнаа. Нејзините водачи си ги покажаа, одамна, роговите и заедно со СДСМ и албанските уценувачи ја загрозија безбедноста на македонската држава и  на Македонците дома и надвор од неа.

Кој ја продава својата татковина со столетија создавана, губена и пак обновувана, своето минато, својот национален идентитет и се откажува од своите луѓе  надвор од неа како би ја ослабел одбранбената моќ на Македонците ако затреба, не ја заслужува нашата доверба.

Сега е времето за единство и слога на македонскиот народ било каде да е, зошто е тоа  предуслов за слободен живот  во својата сопствена земја.  За национално единство, без кое нема слобода и безбедност. И за крај,

не смееме да ја заборавиме и доктрината за уништување на славјанскиот православен свет, а и нашето, подготвена уште пред завршувањето на големата Втора светска војна од идеолошкиот наследник на Хитлер, Ален Далес, која одамна е во реализација.

 За секогаш Ваш Сотир! 

 

Билјана Ванковска

професор д-р Билјана Ванковска

ЗОШТО НЕ СМЕ С'ШТО

************

10 октомври 2019

 

Колумнава ја пишувам претпразнично; можеби е симболично тоа што денес (10 октомври 2019) е Меѓународниот ден на менталното здравје. Добро потсетување во време кога ни делат дијагнози за колективно лудило лица зрели за проверка, во кое психијатри промовираат стратегии за борба против корупцијата (со ум бум), но и во предвечерјето на 11 октомври, кога од нас Бугарија бара да се извиниме што постоиме. Ако Грците од нас побараа "историска" тапија дека Александар е нивен и тие се негови директни наследници, Бугарија е уште подрска и побезобразна. Во тукушто објавената рамка (услови) за преговорите пишува дека "ревизијата на делови од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на (бившиот) југословенски тоталиризам". Знаете што значи ова, нели? Не треба да цртам дека не нарекуваат креација на југословенскиот тоталитаризам, ние "деловите на бугарскиот народ", нели?!

Младите не се сеќаваат, но Југославија иако авторитарен систем, никогаш не била тоталитарен режим како што беа оние зад Железната завеса. Но сега тие ни ги кројат и судбината и иднината, ама и минатото! Кај нашата елита, молк: тие не можат толку да не понижат, колку што можеме да изджиме ние. Затоа, во пресрет на одлуката за "фамозниот Датум" (големата буква не е грешка, таква светост мора да се персонализира), а која е далеку од извесна, ако го прашате Париз, ние срамежливо ќе одбележиме востание против "неидентификуван фашистички окупатор" (Иљче Затаркоски на Фејсбук).

Ова е многу повеќе од обична уцена поврзана со македонскиот идентитет и нивните нескриени аспирации (подигнати на ниво на национална опсесија). Ова има врска со нечистата совест на Бугарија од времето кога ние бевме дел од антифашистичката коалиција, т.е. на вистинската страна на историјата, а тие на спротивната. Политиката на проширување на ЕУ никогаш не била благородна и криела тајни агенди и ниски нагони кај одделните држави, но во случајот на Македонија се покажа сета мизерија. Кога во 2007 година Бугарија влегуваше во ЕУ, сите во Брисел беа свесни дека државата е неспособна да си внесе ред дома. Слично беше и со Романија. Но превагна геополитиката. Сега од нас како услов се занемарува домашниот неред, ами се бара ново пишување на историјата на соседите на начин на кој ќе се избришат нивните црни петна од минатото.

Историско пазарење и обелување образ, наместо признавање на историската одговорност за сите злосторства - тоа не е рецепт за помирување! Ова што ни се случува е само уште една индикација дека процесот на проширување е девалвиран до степен во кој е киднапиран од партикуларистичките барања на одделни држави, кои го злоупотребуваат привилегираниот статус за да наметнат нечесни и потенцијално опасни услови врз аспирантите. За разлика од германскиот претседател, кој и' се извини на Полска за нацистичката инвазија, Бугарите бараат од Македонија да се извини што била предмет на окупација. Како што забележува пријател, редефинирањето на историјата ја почнавме самите во 1991-та, откога стана незгодно да се споменува водството на КПМ; пред портите на НАТО и ЕУ го бришеме името на окупаторот, а следниот чекор најверојатно ќе биде укинување на празникот како трага од "комунистичкиот тоталитаризам".

Веќе дваесетина години ЕУ гради нова верзија на европската историја во духот на "братство и единство": сите биле добри, сите се бореле против тоталитаризмот (без оглед кој бил тој), сите биле жртви и никој не бил злосторник. Германија е единствената земја што мина низ процесот на денацификација, уште многу одамна и со сопствени сили се соочи со тешкото минато и последиците. И научената лекција беше "никогаш повеќе" (иако Четвртиот рајх мнозина го наsираат во економскиот "тоталитаризам" и третманот на периферијата). Такво искуство нема ниту една друга нација, и покрај крвавити страници, особено од колонијализмот (неоколонијализмот е толку убаво спакуван за да не се забележи). Не е чудно што и Бугарија, која толку сака да биде "стара демократија", почнува намерно да страда од историска деменција.

За жал, ова не е нејзин оригинален изум. Идејата за изедначување на комунизмот и нацизмот, под ознаката "два исти тоталитаризми", воопшто не е нова. Уште во 1990-тите години триумфот на капитализмот се прикажа како победа на Доброто над Злото (социјализмот). На почетокот беше доволно тоа што постсоцијалистчките држави се посипуваа со пепел и се откажаа од "ѓаволот" на комунизмот, копајќи што подлабоко во историјата за да си ги откријат "западните гени". Во таа манихејска равенка, Западот е рамен на Доброто и Напредното, а Истокот е олицетворение на Злото и Назадното. Така, источните нации се "преселија" западно, иницирајќи резолуции за осуда на тоталитаризмот од кој страдале за да докажат дека биле жртви. (За волја на вистината, Грците барем за национален празник го имаат Охи-денот, денот кога му кажале "не" на германскиот ултиматум, а не се срамат и што имаат каква -таква левица). Диференцијацијата се засили со заострувањето на Студената војна 2.0, русофобијата и паранојата. Претставувањето на 9 Мај како Ден на ЕУ, наместо како Ден на победата над фашизмот, исто така, не е случајно. Кога Западот прави воени паради без да ја спомене судбинската улога на Црвената армија и милионските жртви што ги даде СССР, тоа е дел на глобалната политика на моќ. 

Деновиве читам анализа во магазинотJakobin, каде што Бугарката Цонева сведочи како бугарскиот празник (9 септември), на кој требало да се одбележи 75 годишнината од победата над нацизмот во Рускиот културен центар во Софија (под наслов "Патот кон победата") бил повод за остар демарш од бугарското МНР за "мешање на Русија во бугарските внатрешни работи". Фактот дека патот до таа "победа" го обезбедила Црвената армија е нешто што треба да се избрише. Цонева кратко заклучува: Реакцијата нема врска со Русија, ами со рехабилитацијата на бугарскиот фашизам и соучесништво во холокаустот.

Изедначувањето на "двата тоталитаризми", за жал, се одвива токму во Европскиот парламент. По резолуцијата за европската совест и тоталитаризмот (2009), оваа година следуваше нова. Ако на почетокот во центарот на настојувањето да се изгради "заедничко европско сеќавање" беше на холокаустот (фашизмот), сега таа е отворено антикомунистичка, поточно антилевичарска. Ова е култура на сеќавање што низ тезата за "двата тоталитаризми" ги шверцува исклучиво антикомунистичкото оргијање, омаловажување и исмевање (како и карикатурално первертирање) на антифашизмот, вели Срѓан Милошевиќ. Целта е создавање индиферентност кон се' поприсутните елементи на расизам, ксенофобија, шовинизам и се' што укажува на драматично свртување кон крајната десница. "Топката" се префрла на теренот на минатото, за да не се види сегашноста, и да се "докаже" дека опасноста од фашизмот е химера на анахроните левичари-сталинисти. 

Стигматизацијата на комунизмот е демонизација на сите левичарски и социјалистички идеи, но и рехабилитација на нацистичките колаборатори. Во ваквото фалсификување на историјата, на пример, се "заборава" дека оние што се спротивставија на советската интервенција во Унгарија (1956) и Чехоловачја (1968) беа комунисти, а дека СФРЈ никогаш не беше дел на Варшавскот договор, ниту беше тоталитарна држава. Целта на новата резолуција е екскулпирање на капитализмот како таков.

Репајиќ (ДиЕМ 25) тоа го сумира вака: "Единствената идеологија, покрај нацизмот/фашизмот, која во 19-от и најголемиотдел од 20-от век го користеше расизмот како начин за оправдување на своите злодела е капитализмот. Безброј злосторства - масовни убиства, геноцид и депортации - беа извршени врз основа на идеите на социјалниот дарвинизам и наводната инфериорност на популациите од Африка, Азија или домородците американси жители, а се' во име на прогресот и стекнувањето капитал во ера на империјализам"

Гледано и низ оваа призма, ние имаме многу причини да не дозволиме да ни го одземат и извалкаат споменот и симболот на 11 Октомври, бидејќи не сме с'што: ниту историски, ниту идеолошки.

https://www.novamakedonija.com.mk

 

Звонко Димоски (лево)

Звонко Димоски

ШТО НЕ Е ЈАСНО СО ЕУ..?

************

Секаде каде што живеат Албанци на Балканот, во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, Турција па и Босна и Херцеговина нема да добијат ни датум ни пак прием во ЕУ. Ниту една држава од наведениве нека не се надева и нека не сонува дека било кога ќе биде примена во ЕУ...ниту денес, ниту утре, ниту пак било кога...

Да ни е јасно на сите за балканските земји никогаш нема да се случи влез во ЕУ... Едноставно "господата" европјани НЕСАКААТ ниту православни, а уште помалку сакаат пак муслимани во свое друштво, за разлика од нас кои како така знаеме да живееме едни со други да не се политиките... А тоа што ние дозволуваме ретардирани идиоти и болни лажливци, како Зоран Заев и сите останати партии да не манипулираат со ЕУ и подобар живот таму само за да ги гласаме е' тоа е, веќе, прашање на нашата интелигенција.

Е, па мои Македонци и останати спремете се да си го туркаме животот во нашава Македонија на која Идиотиве и' го сменија, дури, и името за  датум за ЕУ кој никогаш нема да стигне до нас, зошто ние, признал некој или не, за нив сме пониска раса на луѓе.

Наредно што треба да мислиме е како да си ја вратиме Македонија онаква каква што беше пред да бидат инсталирани РЕТАРДИРАНИВЕ ИДИОТИ  со Заев на чело кои ни ја продадоа државата и нацијата за датум, нив да ги тргнеме од власт, што е можно побргу и да ја вратиме Македонија во рацете на луѓе за кои приоритет ќе биде таа и луѓе што сакаат да живеат во неа а не таму во некои здруженија кои не не' сакаат да постоиме, а ние пак, сироти, бараме да не примат да бидеме рамноправни во нивното друштво.

*****

НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЌЕ ИМА, КОГА ЌЕ ИМА....

Не знам дали ќе има, кога ќе има и дали се можни избори во упропастенава, опљачканава, презадолжена и окупирана држава Македонија!?

Се прашувам какви би биле тие избори и кој би учествувал на ннв? Се прашувам со кое лице ќе излезат сегашниве партии да го бараат гласот на илјадниците изневерени Македонци кои ги поминаа своите животи во сиромаштија верувајќи им на нивните лаги за подобар живот во Европската Унија, а кои лаги имаа за цел да го добијат нивниот глас за после тоа од позиција на власт легално да ги пљачкаат и да ги држат далеку од добар живот.

Е, токму поради тоа, не знам за вас драги мои пријатели и пријателки, но за себе сум сигурен дека, од мене овие и вакви какви што се, повеќе глас нема да добијат. Мој глас на било какви избори, ако се решам да излезам да гласам, никогаш во северниов протекторат нема да добие партија во чија агенда се ЕУ и НАТО. Мој глас никогаш нема да добие партија што ќе коалицира со партија чија цел е голема Албанија.. И на крај, мој глас никогаш нема да добие партија која ќе ги прифати, како нужно зло, сите договори кои се случија за време на тајфун наречен СДСМ и ДУИ кои ја распарчаа Македонија со амин на многу таканаречени опозиционери, а сите заедно благословени од Брисел и Вашингтон.

Македонија и нас Македонците сите овие не донесоа на работ на опстанок и доколку сакаме да се вратиме назад, на вистинскиот пат во иднина не треба да подржуваме партии во чии агенди се ЕУ и НАТО, двете фашистички здруженија чија агенда е Македонија и Македонците да исчезнат.

СТОП за ЕУ и НАТО кажано преку нашите гласови е шансата Македонија да се врати на вистинскиот пат. Стоп за про ЕУ и про НАТО партиите е шансата за враќање и на достоинството на Македонците кое благодарение на нив е одамна изгубено но со нивно не гласање, повторно ќе си го вратиме.

Не знам дали вреди, воопшто, повеќе да се трошат зборови од било кого во оваа напатена земја за ЕУ и НАТО кои благодарение на домашниве им слуги докажаа и на дело покажаа дека никогаш не биле пријатели на Македонија и на македонскиот народ.

И затоа им посакувам на Макрон и на сите останати кои не дозволија "датум" за конечно уништување на Македонија и на Македонскиот народ. Господ да им даде здравје и долг живот и на нив и на нивните семејства.

Текстовите  се преземени од Facebook

Димитар Димитровски-Такец, 1922-2015

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************

 

Димитар Димитровски-Такец роден е во Битола  на  01 септември 1922 година, а преминал на 01 мај 2015. Тој бил македонски новинар, писател и публицист, сликар и композитор. Најпознат е како доајен на битолското и македонско новинарство.

 

 

ТЕСТАМЕНТ 

На бога Божјата, се' по ред,
на земјата, данок снагата
(и сатанот нешто ќе скубне).
А вам духот ви го оставам
нека броди по Широк Сокак
и креативно ве насочува
за да станете похумани,
за да станете попољубовни.
Кога ќе бидам мртов и бел
сонцето и понатака ќе свети,
пролетта одново ќе цути,
а јужнит ветер немири ќе ткае,
на Велигден ќе кршите јајца,
летото по навика ќе жешти,
ладете се на диховскиот соп,
есента ќе зрее и дрочи,
а зимата ќе свежи и бели,
на Божиќ Ристос се роди.
Кога ќе бидам мртов и бел.

На последното целование,
не сакам цимулење и плач,
туку класичен евергрин песна,
а може "Мечтаење од Шуман",
за полесно да чекориме
со Арангел под мишка нагоре,
а вие ќе се чукнете со
Богородичната солза од
50 степени за душа.
Кога ќе бидам мртов и бел,
понекогаш спомнете си дека
вашиот сограѓанин Талец
како и вие одеше по
Широк Сокак битолски.

"Таму, каде што бев јас,
ти сега среќен одиш,
овде, каде вечно ќе сум
ти, бездруго, ќе дојдиш".
*************
Такец

 

 

 

Професор д-р Горан Калоѓера

Професор д-р Горан Калоѓера

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

22 октомври 2019

 

Д-р Горан Калоѓера, професор по македонистика на Универзитетот во Риека е роден на 20 март 1951 година во Дубровник, Република Хрватска.

Како дипломиран компаратист професор Калоѓера интензивно се занимава со проучувањето на хрватско-македонските книжевни допири, притоа се ориентира главно на XIX век и книжевноста помеѓу двете светски војни со посебен осврт и студии за Рациновиот престој во Хрватска. Исто така покажува посебен интерес за браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев и Григор Прличев. Има издадено 6 македонистички книги и повеќе од 32 македонистички прилога и над 82 книжевни критики за повеќе автори.

*****************

ЗА МАКЕДОНСКИОТ КНИЖЕВЕН ЈАЗИК

Читам и неможам да се изначудам што тоа се случува со јазикот во Македонија. Си поновувам по стоти пат: па македонскиот народ нема ниту еден пријател околу себе! Разбирам и можам да сватам и дури го подржувам  патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, но не под разни закани, притисоци и уцени од страна на "нејзините блиски пријатели и коалициски сојузници".

Македонскиот јазик си има свое службено име - македонски книжевен јазик - на кој имаат право да зборуваат и пишуваат сите Македонци и Македонки. Одново неговото сведување  на ниво "дијалект на бугарскиот јазик" не само што не е вистина, туку  загрижувачко и опасно. Одново се навраќам на текстови од македонски лингвисти и далекувидоста на Блаже Конески: "Развојот на македонскиот современ книжевен јазик", "За развојот на македонскиот книжевен јазик", "Афирмација на македонскиот јазик"...и никако неможам да ја разберам македонската политичка елита која не го разбира (поарно речено не го познаваат) трновитиот пат кој македонскиот јазик го поминал да би си го обезбедил своето заслужено место во заедницата на другите славјански народи.

И покрај сите тешкотии и конфузии на македонските просветители, учебникари и писатели, сепак, успеваат врз темелите на централните македонски дијалекти да го создадат (кодираат) македонскиот книжевен јазик. 

Во просветителскиот период Македонците создадоа три вонредно квалитетни филолошки образовани писатели, Андрија и Константин Петковиќ (родени во велешкото Башино село) и Константин Миладинов од Струга. Заради штедење на просторот, ќе се задржам на најбитното: во Зборникот на браќата Миладиновци, Константин посочува (писмото до Верковиќ) дека и пред Мисирков,  централните македонски говори беа најприфатливи како темел за создавање на македонскиот јазик. Па така, своите текстовви ги збогатува со зборови од велешкиот дијалект, со што прави свесна дистинкција од бугарскиот јазик.

Брат му Андрија Петковиќ, пак, во една своја кратка забелешка вели дека н, на, но, в, ва, во, како варијанти, нигде на друго место не се среќаваат, па ниту во бугарскиот јазик. Па затоа забелешката на Ванчо Тушевски дека било штета што Петковци не се позабавиле подолго со филологија, и денес е валидна.

Во наследството на Константин Миладинов пронајдени се и Мажураничевaта Slovnica hervacka и Боговичевата Slovnica ilirska, што би можело да се протолкува како негова желба да се позабави со пишување на македонската граматика. Да не го споменувам Пулевски и на крајот Мисирков, кој во својот текст го анализира дотогашното јазично искуство во македонската писменост.

Со свеста за  создавање на македонскиот јазик се раѓа и  националната свест, навистина споро (спрема историските околности) но сепак се движи напред. Да се зборува дека македонската нација и македонскиот јазик се создадени после 1945 година, е обична глупост и тотално непознавање на развојните етапи на македонската нација.

Превод од хрватски: Сотир Гроздановски-Македонски

Продолжува

Марија Воденска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

ПРОЗА

************

 

ФУРНАЏИЈА И МУШТЕРИЈА

Еден средовечен човек секое утро одел до фурната од каде си купувал по три лебови. Тој бил редовен муштерија и откако ќе му речел добро утро на фурнаџијата, тој ќе му одговори со: "Дал ти Бог добро, комшија", и ќе подаде три леба. И така секое утро, со "Добро утро и Дал ти Бог добро", ќе си ги кладе топлите лебови во торбата и си заминува.

На фурнаџијата му станало необично што комшијата купува со години по три лебови, а знае дека во неговото домаќинство живеат само тој и жената му.

Едно утро откако се добросале фурнаџијата го запрашал: - Абре комшија, секое утро купуваш по три лебови, а си мислам дали целиот леб го трошите вие двајцата...?

А домаќинот му одговорил:

- Имаш право фурнаџијо! За жената и мене еден леб ни е доста. Вториот го враќам, атретиот го давам на заем, одговорил човекот и си заминал.

Утредента, како и секое утро, дошол комшијата и пак купил три лебови. А фурнаџијата му рекол:

- А бре човеку, цела ноќ не сум спиел, во мисла ме кладе за она што вчераутро ми го кажа. Не можам да одгатнам, те молам објасни ми за трите лебови?

- Е па слушај пријателе фурнаџијо! Едниот леб, навистина ни е доста за нас двајцата. Вториот леб им го враќам заемот на родителите, бидејќи тие додека сум бил мал ме хранеле, а третиот им го давам на моите деца на заем, за кога ќе порастат да ни враќаат, како ние сега на родителите.

Така фурнаџијата сфатил што мудриот домаќин сакал да му каже.

*****************

Kind regards: 22 октомври 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 245

 

ВИДЕОТЕКА

***************